![]() |
![]() |
![]() |
ЗСФ КОМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 42> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе никне ли висококатница кај поликлиниката „Букурешт“?
![]() Со тоа што градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски оневозможува да се одржи седница на Советот, има план да потпише дозвола за изградба на 28-катница кај поликлиниката „Букурешт“. Ова го тврди претседателот на Советот, Бранко Ристов, наспроти изјавата на Јакимовски дека тоа нема да се случи. Ристов веќе поднел решение за свикување седница на 18 овој месец, со единствена точка на дневен ред „Предлог- Одлука за задолжување на градоначалникот и општината да стопираат издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 08. Сметаме дека има ургентна потреба да се спроведе ова, за до крајот на месецот да почне процедура за ревизија на тој блок. Градоначалникот намерно ја одложи претходната седница. Мене ме загрижува тоа што градоначалникот преку службите намерно работи да се донесе ДУП таков каков штој си замислува. Моја обврска е да го спроведам тоа што сум го ветил. Има грешки во процедурата, не би требало да се дозволи овде да се гради 28-катница. Со ревизијата ќе можат да се отстранат сите недостатоци од минатото носење на овој ДУП – изјави Ристов за весникот ВЕЧЕР. Претходно, Јакимовски јавно кажа дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и оти тоа е негов став кој нема намера да го менува, а, впрочем, како што нагласи, тоа им го ветил и на граѓаните. https://www.vecer.press/ќе-никне-ли-висококатница-кај-поликл/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Комплексов е во прилично напредна фаза ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/Nuni-Bau-142175805843529 ![]() https://www.facebook.com/100011593716099/videos/375943141353782 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Бутел, кај поранешното кино:
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изгледа објектот во Шутка е веќе започнат
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали Јакимовски има друг фаворит за висококатница во Карпош, прашува сопственикот на земјиштето
Откако го објавивме текстот „Чии интереси попречи високатницата во Карпош, која веќе предизвика и политички земјотрес“, се огласи Кочо Стојчески, сопственик на градежната компанија „Специјал Градба“, која го поседува земјиштето покрај Партизанска, каде всушност градоначалникот Стевчо Јакимовски најавува дека нема да дозволи изградба на висококатница, иако таа е предвидена со важечки Детален урбанистички план. Како што открива Стојчески за Фокус, тој остварил неколку средби со градоначалникот Јакимовски, кои, тврди тој, завршуваат со согласност за градба на истата локација од страна на градоначалникот, како и учество на претставници од Општина Карпош во изработката на идејното решение за објектот. Меѓутоа, посочува Стојчевски, после овие средби Јакимовски во неговите јавни настапи споменува имиња на лица и фирми кои немаат никаква врска со локацијата, без притоа да ја спомене неговата “Специјал Градба“, иако, како што нагласува сопственикот на фирмата, градоначалникот знае дека договорот е потпишан со нив и знае дека тие се носители на проектот. „Градоначалникот на Општина Карпош во неговиот јавен настап на подкаст на веб порталот “Инфомакс” сигурен во себе и одлучен потенцира дека, цитирам: „Јас нема да дозволам, додека сум јас градоначалник на тоа место, да се изгради таква зграда, 28 ката, мој потпис на тоа нема да ставам“. Но, малку подоцна во неговото излагање потенцираше и произнесе различен став и рече: „Таа зграда ќе биде во деминутив, односно зградичка“, со што изрази нејасни ставови и ја збуни јавноста. Целото излагање на градоначалникот Јакимовски во подкастот, заедно со водителот, споменуваа имиња на лица и фирми кои немаат никаква врска со локацијата, но никако не ја споменуваат “Специјал Градба”, иако градоначалникот знае дека Договорот е потпишан со нас и знае дека ние сме носители на проектот. Кога велам дека со сигурност знае дека Договорот е потпишан со нас, тоа и го тврдам, од едноставна причина што јас, како сопственик на “Специјал Градба” во периодот пред да ги изнесе овие ставови јавно, најмалку 3 пати имам остварено средба со градоначалникот Јакимовски и тоа со точка на дневен ред токму на оваа тема. Сите разговори завршуваа со согласност за градба на истата локација од страна на градоначалникот, како и учество на претставници од Општина Карпош во изработката на идејното решение за објектот. Се со цел да направиме објект кој ќе биде урбанистички и естетски пример за Карпош, што всушност е и наша мисија како компанија која има цел да гради проекти кои се вклопуваат во хуманиот развој на живеење во општината“, вели Стојчески. Притоа, тој додава дека не може да најде ниту едно логично и законско образложение на ваквите ставови на Јакимовски, па затоа, како што нагласува, сака јавно да изнесе неколку заклучоци и воедно да постави неколку прашања, меѓу кои е и дали Јакимовски, како што вели Стојчески, има друг фаворит кому сака да му овозможи да гради на споменатата локација? ШТО ПРЕДВИДУВА ПЛАНОТ? Инаку, овој објект е предвиден со ДУП-от за Градска четврт 305 помеѓу бул. Илинден, 8-ми Септември, Партизански одреди и Љубљанска, во кој стои дека две катастарски парцели вцртана е една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри. Овој план е донесен во 2013 година, кога градоначалник беше токму Јакимовски, кој сега најавува дека нема да потпише одобрение за градба на објект вцртан токму со овој план. Тоа е спротивно на неговите досега прокламирани ставови дека треба да се носат планови за да се решаваат проблеми, додека донесените планови мора да се реализираат и почитуваат, бидејќи во спротивно општината се соочува со тужби. https://fokus.mk/dali-jakimovski-ima-drug-favorit-za-visokokatnitsa-vo-karposh-prashuva-sopstvenikot-na-zemjishteto/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Станбената зграда се наоѓа на ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари Скопје.
Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 966 м2, додека површината за градење изнесува 526 м2. Објектот се состои од Висината на објектот е П+6+Пк , како и три подрумски нивоа во кои е решено паркирањето. Влезот во зградата е од ул.” Шуто Оризари ”. На приземјето се проектирани 10 деловни простории со различна квадратура . Влезовите за деловните простории се исто од ул.” Шуто Оризари ”. На катовите од 1 до 6 и поткровје се проектирани станови со различна структура и тоа од: двособни, трособни и станови за лица со посебни потреби. Пристапот до подрумскиот дел е преку Новопланирана улица, каде што се сместени паркинг местата. Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. Станбената зграда се наоѓа во Општина Бутел, на ул.”Новопланирана” бб. Станбената зграда преку оваа улица се поврзуваа со бул. Словенија, со што директно се поврзува со централното градско подрачје. Во потесното опкружување на станбената зграда, во непосредна близина се наоѓаат: Општина Шуто Оризари , Пазар Шутка, Амбуланта, основни училишта, средни училишта, итн. Самата местоположба на станбената зграда ви дава директна поврзаност со сето она што е потребно за одвивање на вашиот современ живот. ![]() http://www.zsf.com.mk/објект-шуто-оризари/ Edited by stef4o - 17-Jun-2022 at 17:05 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чии интереси попречи високатницата во Карпош, која веќе предизвика и политички земјотрес?
![]() Пред да ја раскине коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски најави дека нема да дозволи изградба на 26-катница, која всушност е предвидена со ДУП донесен за време на неговиот претходен мандат. Според податоците што ги обезбеди Фокус, парцелите каде треба да се гради овој објект беа во сопственост на „Орка Холдинг“. Но, минатиот месец земјиштето го купила „Специјал Градба“ за 13 милиони евра. ШТО СЕ КРИЕ ВО ПОЗАДИНА? Според податоците од Катастарот на недвижности, се работи за земјиште опфатено со две катастарски парцели во рамки на катастарска општина Карпош со број 1801/3 и 1801/5. Инаку, вкупната површина на ова градежно неизградено земјиште изнесува околу 3.500 квадратни метри. ![]() Проверките што ги извршивме покажуваат дека овие парцели во електронската евиденција на катастарот се уште се водат во сопственост на компанијата „Делта 2015 Констракшн“. Според податоците од Централниот регистар, оваа компанија, формирана во 2015 година со основачки влог од 3,5 милиони евра, е во сопственост на „Орка Холдинг“ на семејството на Орце Камчев. Но, податоците што ги обезбедивме покажуваат дека оваа компанија неодамна, односно на крајот на минатиот месец мај, ја продала фирмата што го поседува земјиштето на друга компанија, која не е поврзана со ниту едно од лицата што беа споменати во јавноста. Се работи за друштвото „Специјал Градба“ во сопственост на бизнисменот Кочо Стојчевски, кое, според договорот со кој располагаме, за целиот уддел на „Делта 2015 Констракшн“ се обрзува на „Орка Холдинг“ да и исплати 5 милиони евра и дополнително да и отстапи недвижен имот во вредност од 8 милиони евра, што претставува 25 отсто од објектот што треба да се изгради до 2025 година. Според нашите информации, „Специјал Градба“ планирала да го гради станбено-деловниот објект во соинвеститорство со реномираната градежна компанија „Гранит“, меѓутоа оваа компанија се откажала од таквата намера токму по последните случувања на политички план. Неофицијално, како причини за излегување од преговорите за партнерството со „Специјал-Градба“, од „Гранит“ ги навеле и изјавите на Јакимовски дека нема да дозволи да се гради објект со предвидената големина, како и барањата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за бришење на маркици. ШТО ПРЕДВИДУВА ПЛАНОТ? Инаку, овој објект е предвиден со ДУП-от за Градска четврт 305 помеѓу бул. Илинден, 8-ми Септември, Партизански одреди и Љубљанска, кој е донесен во 2013 година, кога градоначалник беше токму Јакимовски, кој сега најавува дека нема да потпише одобрение за градба. Во изводот од урбанистчкиот план стои дека на споменатите две катастарски парцели вцртана е една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри. Фокус се обрати и до градоначалникот Јакимовски и до Општина Карпош, со прашање дали е поднесено барање за издавање на одобрение за градба, како и кои се причините поради кои најавува дека нема да потпише таква дозвола, доколку барањето се однесува за вцртана маркица во важечки ДУП? Исто така, прашавме зошто тој во овој случај зазема сосема спротивен пристап и став од оној со изградбата на бензиска пумпа близу салата Борис Трајковски од страна на нафтената компанија „Пуцко Петрол“ на семејството на пратеникот Исмаил Јахоски? За потсетување, Јакимовски апелираше да се донесе ДУП-от за делот каде требаше да се гради бензиска, со цел општината да не плаќа оштета од 15 милиони евра кон инвеститорот, кој тужеше бидејќи кога го купувал земјиштето на него била вцратана маркица, но потоа планот беше поништен од страна на Уставниот суд. Како што е познато, по апелите на градоначалникот и на Државното правобранителство, сите советници освен оние од Левица и „зелените“, го изгласаа планот, што се случи на ист ден кога судот донесе пресуда во корист на компанијата, по што сега случајот во жалбена постапка. Имајќи во предвид дека планот за висококатниците не беше еден од поништените планови и активен е до ден денес, дали Јакимовски со најавите дека нема да додели одобрение за градба сега самиот ризикува тужба од инвеститорот? Во однос на овие и други прашања, досега не добивме одговори од Општина Карпош, чиј градоначалник Јакимовски деновиве обелодени дека се соочуваат со тужби и опомена пред тужба од повеќе компании. https://fokus.mk/chii-interesi-poprechi-visokatnitsata-vo-karposh-koja-veke-predizvika-i-politichki-zemjotres/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе никне ли облакодер кај поликлиниката „Букурешт“?!
![]() ![]() Изјавата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, при гостување во еден од медиумите, дека зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај поликлиниката „Букурешт“, според важечкиот ДУП, е предвидено да се гради зграда на 28 ката, предизвика револт и загриженост кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Карпош. Оттаму бараат веќе на следната најавена седница, која треба да се одржи на 8 јуни, да се предложи точка на дневниот ред со овој ДУП, за Советот на Општината да може да расправа за носење предлог-одлука за бришење на градежната маркичка за предметната висококатница или поништување на ДУП-от во целина. Нема да дозволиме да се гради 28-катница. На Советот на Општина Карпош ќе му предложиме точка на дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање градежна дозвола за објектот за колективно домување (висококатница) – изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ Роберт Велјановски. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, не негира дека со ДУП-от е предвидена зграда на 28 ката, но потенцира дека нема да дозволи да се гради. – Не ја разбирам вознемиреноста на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која преку прес-конференција ми се обрати со барање за укинување маркица за градење на 28-катница. Имено, јас јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис на таков објект – истакна Јакимовски, потенцирајќи дека за да ги смири советниците, но и јавноста, уште еднаш јавно потврдува дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и оти тоа е негов став кој нема намера да го менува, а, впрочем, како што нагласи, тоа им го ветил и на граѓаните. https://www.vecer.press/ќе-никне-ли-облакодер-кај-поликлиника/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Станбена зграда се наоѓа на ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари, Скопје
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/ZSFKom/videos/1139643220150196 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Потврда,се работи за нов проект на ЗСФ во Шуто Оризари не знам која локација поточно ![]() Se prodavaat stanovi vo pocetna faza na gradba vo nas. Suto Orizari. Moderna zgrada so 48 stanbeni ednici Slobodni stanovi od 1vi do 6ti kat . Kvadraturi na dvosobni stanovi- 45m2, kvadraturi na trosobni stanovi 63m2, 67m2, 69m2 i 70m2. Stanovite po proekt se so 1 i 2 spalni sobi so kupatilo ili kupatilo i gostinsko wc plus terasa. Zgradata ima lift i podzemni garazi. https://www.pazar3.mk/ Edited by stef4o - 10-May-2022 at 17:29 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бутел
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градежникот што го вознемири Скопје
Фатмир Етеми е еден од најмоќните градежници во земјава со милионски профити во евра на годишно ниво. Како бизнисмен растеше под радарот на медиумите. Новинарските истражувања се фокусираа на сосема други ликови што црпеа привилегии од сите нивоа на власта и градеа узурпирајќи го заедничкиот простор. Меѓутоа, јавноста го смести Етеми меѓу озлогласените профитери во истиот момент кога почна да гради во централното градско подрачје, каде што луѓето со право алергично реагираат на секој следен ДУП. Ја подигна зградата врз зелена површина кај Мајчин дом во Аеродром и соседите бурно реагираа и протестираа. „Поарно да ги вложев парите во акции, отколку вака да се карам со цело Скопје“, вели Етеми со кого разговаравме во неговата канцеларија во Карпош 3. На нашата забелешка дека, сепак, реакциите биле очекувани, тој го изрецитира познатото „сè беше според законите“. „Сега, вие, новинарите пишувате дека кај Мајчин дом сум ѝ продал паркинг на општината за 300.000 евра, ама не кажувате дека тоа парче земја претходно го платив 800.000 евра. Значи, сум го дал на граѓаните со попуст од половина милион“, прекорно ни се обрати. Легалноста му е аргумент и кога станува збор за парцелата спроти НИП-от, која во очи Нова година ја приватизираше за само седум евра по квадрат. И овој случај ја скандализираше јавноста, меѓутоа Етеми смета дека не сме го препознале неговиот фер плеј. Ќе го разубавел просторот и нема да го „чепка“ паркот. „Таму има маркичка за хотел и затоа земјата можев да ја приватизирам за едно евро, а не за седум. Таков е правилникот. Ама јас бев коректен и платив седум евра зашто сакам таму да градам деловен објект.“ „Ќе ме растргнеа ако платев едно евро.“ Градежно земјиште се приватизира преку Министерството за финансии. Етеми одмавнува со главата и вели дека нема комуникација со неговиот истоименик Фатмир Бесими. За него министерот е добар човек, ама, сепак, припаѓале на две спротивставени политички опции. Јас бев пратеник на ДПА, потсетува Етеми. „Министерот и не се занимава со приватизацијата на земјата, тоа го прави друг орган под него.“ Контроверзии околу градежните потфати ![]() Фатмир Етеми одамна не се занимава со политика, меѓутоа низ неговите градежни потфати на атрактивни локации провејуваат интересите на политичкиот естаблишмент. Медиумите известуваа за неколку вакви случаи. Триста и дванаесет квадрати деловен простор на приземјето од зградата кај Мајчин дом сега се во сопственост на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, во чиј мандат се впиша градежната маркичка. Според Радио слободна Европа, Коневски, деловниот простор вреден стотици илјади евра, ќе го исплаќа преку парите што ќе ги добива од закуп, а не од свој џеб. Спротивно на тоа, Етеми тврди дека Коневски веднаш го платил просторот. „Не давам никому вересија, ни на св.Петар“, вели тој. Поранешниот градоначалник, според неговите зборови, првпат го сретнал кога овој дошол да го купи деловниот простор. На нешто поголема надморска височина, на Водно, преку градежниот бизнис повторно се споил со Љубчо Георгиевски, со кого до 2002 беа во власта предводена токму од некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Етеми, всушност, градел врз парцела на Георгиевски, меѓутоа тој инсистира дека партнер му била фирма и дека „не знае кој бил сопственикот“. „Кај нас на Балканот луѓето уживаат да прават филмови.“ „Се договарав со директорот Гоце или како и да се викаше, сега веќе не се сеќавам. Љубчо Георгиевски не сум го видел едно седум-осум години.“ Контроверзии ја следеа изградбата на објектот на Партизанска, во кој денес е седиштето на градежната компанија на Фатмир Етеми – ЗСФ КОМ. Уште во 2013 година, пред да се гради објектот, урната е семејна куќа. Сопствениците на куќата се противеа и тврдеа дека Етеми во тој момент немал право да ја урива. За случајот реагираше и локалната канцеларија на Транспаренси интернешнел. Граѓанските активисти веднаш би се мобилизирале да знаат дека Етеми заедно со бизнис-партнери поседува дел од парк зад трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром, во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“. Изгорен од досегашното искуство, тој, вели, нема намера да гради таму, иако реално не може и да сака. Го купил земјиштето пред петнаесетина години од приватници за да гради хотел, меѓутоа општината бргу му ја избришала градежната маркичка. „Очекувам да ни се понуди некоја друга локација или да бидеме обесштетени“, вели Етеми, иако не изгледаше дека е баш убеден оти тоа ќе се случи. Електронскиот портал на Катастарот покажува дека овој бизнисмен ги поседува земјиштето и објектите на кафеаната „Опатија“, во градскиот парк. Според ДУП-от, таму е предвиден старски дом, меѓутоа ниту оваа локација за сега не е во градежните планови на Етеми. „Нема врска тоа“, вели Етеми на нашето прашање дали евентуално за старскиот дом го контактирал Бојан Јовановски, попознат како Боки 13. Фатмир Етеми, во последнава деценија градел низ цело Скопје. Покрај во Аеродром, изградил станбени комплекси во Чаир, Карпош и во Тафталиџе, а моментално ѕида голема зграда на некогашното Кино Бутел. https://prizma.mk/gradezhnikot-shto-go-voznemiri-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
Vo Shutka
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нешто ново од Еуровиа не знам локациски каде поточно кога ќе има инфо ќе префрлиме ако треба во друга тема
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/eurovia.mk/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фасадирање на објектот во Бутел(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |