![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 29> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Panama Retirement Information
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Шо ќе беше да сме се оттргнеле од комунизмот уште 1980-та... Штета што не била прифатена понудата за членство во НАТО. Сарај, Зелениково, Сопиште, Чучер Сандево, Струга, Дебарца, Охрид, Ресен, Гевгелија и Дојран се супер за привлекување пензионери. Панама им дава еден куп бенефиции на пензионерите да се преселат таму и доста Американци тоа го прават. Треба да се трудиме и старт-апџии, ИТ-џии, иновацџии (покрај остали од примарен, секундарен и терциерен сектор) да привлечеме, а тоа може со динамична економија, привлекување на странски инвестиции, огромни инвестиции во образование и R&D, рекламирање на земјава, одредени напредни поволности (трева, ЛГБТ права), олеснет пат до државјанство (секој кој има барем еден чукундедо/баба кој е етнички Македонец или роден во Македонија да може побрзо да добие државјанство, потоа секој образован човек, сите што имаат најдено работа тука итн.) со услов знаење или активно учење на македонски јазик и основно почитување на европскиот либерално-демократски поредок, субвенционирање курсеви за англиски јазик за сите кои веќе не го знаат, добра инфраструктура (итно мора да се работи на брза железница Будимпешта-Атина, воз Драч-Варна, поттикнување летови до поглавните аеродроми), целосна реформа на даночниот систем, итн, итн, итн...
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Сите тие залажовки дека Македонија може којзнае колку пари од туризам да натрупа се само приказни за залажување гласачи во Македонија, зашто просечниот Македонец облеан во сељачизам и глупоќа, кога иде на одмор гледа и мисли дека државите кои имаат развиен туризам така им доаѓаат парите без работа, на дрво ги берат, и сака и он и дома политичарите го лажат дека и во Македонија еден ден ќе ти врнат пари само ако имаш магаре и ајвар, на магарето сите ќе се возат за 10 евра минута, а ајварот ќе го продаваш како кавијар од белуга. Тоа е идеалниот концепт за бизнис на македончето, да дојдеш до ниво во кое нема да треба да работиш. Тоа очекуваш, тоа те лажат, гласаш за намери, а не за резултати како цел нормален свет, и тоа е зачараниот круг.
За Македонија постои еден и единствен избор во економија и никако инаку, а тоа е: Freedom of doing business пропратен со единствен параметар за евалуација Job creation. Мора да престанат партиите во Македонија да се тркаат во левичарење и "солидарност" со јавен буџет. Да престанат да делат туку-така пари пред избори под разно-разни ставки како субвенции за земјоделство, кои завршуваат во купување нова кола, нов телевизор, најмалку се трошат за развој на земјоделството. И сите тие такви олеснувања кои наместо да се потрошат од стрна на држава во нов тендер за изградба на нешто и отворање на работни места, завршуваат за купување гласови. Во Македонија со години стои празен десничарскиот политички простор, додека разноразни мајмуни ни објаснуваат дека се грижат за сиромаштијата со глупи стопати пропаднати методи, со симулирање на Југославија пошто народ тоа очекува додека на страна за себе ги уживаат комодитетите на приватно здравство, приватно школство. Мора да разбереме во Македонија дека кога ќе се каже десничарска политика нема врска со гракање патриотски песни во кафана во амбиент на воденичарско тркало и ќупци, туку дека тоа е суровиот економски модел што Америка, Канада, Австралија ги направи да бидат правосмукалка за се што е паметно/убаво/вредно/работливо од цел свет да доаѓа кај нив и тоа веќе три века по ред. Мора да понуди некој тука приватизација на све што е останато државно што може да функционира на економска логика да се најде инвестирот. Концесионирање на све што може да се даде под концесија на јавно наддавање. Максимално олеснети услови за влез на инвестиции. Секоја компанија од домашен капитал која е извозно ориентирана мора да биде ставена на пиедестал. Се друго надвор од ова се само приказни за мали деца. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Номиналниот БДП е поголем од 7000 евриња, ако се земе во обзир сивата економија и население од околу 1,8 милиони. Меѓутоа, потребен е многу поголем раст, а не се трудиме баш. На државоводциве изгледа уште не им текнало дека има и други начини за прилив на девизни средства, освен тие нивни многуспоменувани СДИ (FDI).
Еве на пример, промовирање на државичево како гостопримливо, со добра храна, удобно и ценовно привлечно место за живот на странски експати и пензионери. Костарика привлекува преку 2 милијарди долари годишно од странство само на овој начин. Без да се сметаат привремените туристи и странци кои работат таму. Такви луѓе ни се потребни и нам, не само што ќе донесат некоја пара, но и некои фини манири и култура кои се многу потребни тука. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб анализа: Поскапуваат храната и нафтата – дали ценовниот бран се ближи кон Македонија?
![]() ![]() Цените на горивата во земјава веќе се враќаат на ниво од пред почетокот на корона кризата, храната, односно пченката и пченицата веќе се со повисоки цени на светските пазари, поскапуваат и железото и другите метали. Трендовите на светските пазари укажуваат на тоа дека посткризно-следува ценовен бран, пишува Порталб.мк. Домашната статистика веќе регистрираше раст на цените на мало за 1,6 отсто. Во јануари живеачката станала поскапа – регистрирани се повисоки трошоци за храна, горива, струја, алкохол, пијалаци. Првиот месец од годинава во знакот на ценовен раст – повисоки цени на земјоделските и индустриските производи, на прехранбените, на пијалоците, на услугите, регистрираа новите статистички мерења. Во јануари годинава во споредба со истиот месец лани цените на мало се зголемени за 1,6 отсто. Граѓаните велат дека иако не на „голема врата“, сепак цените на одредени производи „тивко“ се зголемуваат. „Да, цените се зголемени. Еве во аптеките бедоксинот чинеше 40 – на денари, а сега е околу 150 денари. Купив капки за очи, ги платив 215 денари, а преходно чинеа околу 100 до 120 денари“ – вели една скопјанка. Мерењата во првиот месец од годинава освен што измерија инфлација од 1,6 отсто, очекувано покажаа раст на трошоците на живот – за 1,9 отсто поголем во однос на јануари 2020 година. Најмногу, за дури 8 отсто се зголемени трошоците за алкохол и тутун, а за 4,4 отсто се зголемени за сметки, домување, горива. Но, позначајно зголемување е регистрано и кај храната за 2,3 отсто – ставка која најмногу го „тенчи“ семејниот буџет. За дури 13 проценти се зголемени трошоците за масла и масти, за 3,5 проценти за овошје, а 3,3 проценти за зеленчук додека за електрична енергија, гас и горива трошоците се со пораст од 5,3 отсто. Анализите на светските пазари упатуваат на тоа дека оваа 2021, која треба да биде година на економско заздравување, е под „закана“ од ценовен бран. Така, нафтата на светските пазари веќе е со нагорен ценовен тренд, а очекувањата се дека ќе расте и цената на стратешките земјоделски производи – пченката и пченицата. „Последните оценки за цените на примарните прехранбени производи упатуваат на нагорна ревизија за 2020 и 2021 година. Поголемиот раст на цената на пченицата во двете години во најголема мера се должи на очекувањата за пониско производство на пченица на глобално ниво, како и на најавите за воведување на данок на извоз од страна на Русија (во периодот 15.2 ‒ 30.6.2021 година) – се наведува во еден од најновите извештаи на Народната банка и се додава: „Кај цената на пченката е проектиран поголем раст во 2021 година од предвидениот во октомври. Ваквите ревизии кај пченката се резултат на загриженоста околу понудата од Јужна Америка, заради подолготрајната суша, како и очекувањата за поголема побарувачка, во најголем дел од Кина. Воедно, проекциите за пониски залихи и слабиот долар се дополнителни фактори за раст на цените на житарките“ Прогнозите навестуваа тренд на ценовен раст кој веќе се прелева и кај нас и се рефлектира во секојдневната живеачка. Според податоците од ССМ – растат трошоците за живот. Во декември биле потребни 548 евра за да се подмират основните месечни трошоци што е за скоро 1.000 денари повеќе во споредба со истиот месец 2019 година. Сумирано, дури 74 проценти од трошоците се само за храна и за сметки, по околу 7 отсто се за хигиена и превоз додека 2 отсто се за одржување на здравјето. Просечната нето плата во земјава изнесува 448 евра со тенденција на пораст во изминатата година. https://meta.mk/portalb-analiza-poskapuvaat-hranata-i-naftata-dali-czenovniot-bran-se-blizhi-kon-makedonija/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Сите per capita бројки ни се за 20% поголеми во реалноста. БДП (ППП) пгж формално ни е $16.253, а со 1,68 милиони жители е $20.132. Номиналниот формално е $6.143, реално $7.371. Ни треба целосен рестарт на економијата, за што треба волја и знаење. И во сегашниве услови имаме можност да одиме напред, еве тревава е некој обид да направиме нешто поинаку, ни треба и рурален туризам, ре/имиграција на високообразовани лица, инвестиции во обновлива енергија, вистинска реформа на образованието, поголема визија за инфраструктурата, ниски давачки за привлекување одредени бизниси...
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Да не се лажиме дечки, и нашите малцинства ни се криви до некаде, ама па држава со 2 милиона народ, и да ти се соседи Албанија, Косово, Србија и Бугарија, да немаш излез на море и да немаш никаков природен ресурс не е исто како да си Луксембург, Катар или Сингапур. Дека можеме многу повеќе, факт е, ама па можеше да сме како Ерменија, Грузија или Молдавија. Колку толку, арни сме.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Тоа се тие „успешни“ балкански приказни, потонати во етно национализмот. Како сме тргнале, и тие ќе нè престигнат.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Мртва трка со Босна
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ex-Yugoslavia countries GDP per capita from 1990 to 2020 animation
https://nezavisen.mk/video-zhivotniot-standard-vo-zemjite-od-poraneshna-jugoslavija-od-90-tite-godini-do-denes/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Економските аналитичари очекуваат пораст на инфлацијата
Економските аналитичари очекуваат зголемување на инфлацијата и незначителни промени на бруто домашниот производ оваа и следната година, покажува новата анкета на Народната банка спроведена во декември. „Економските аналитичари ги објаснуваат ваквите движења кај инфлацијата и БДП главно со ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19 и од мерките за справување со неа. Во однос на инфлацијата, малку се повисоки очекувањата за 2021 и 2022 година, при што испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 1,5 отсто во 2021 (1,3 отсто во претходната анкета) и 1,8 отсто во 2022 година (1,6 отсто во претходната анкета)“, соопшти Народната банка. Испитаниците сметаат дека за повисока стапка на инфлација главно би придонесле следниве фактори: досегашните остварувања на стапката на инфлација, неизвесноста предизвикана од пандемијата на ковид-19 и преземените досегашни, но и можни нови рестриктивни мерки за справување со неа коишто би можеле да предизвикаат повторни ограничувања во синџирите на производство и снабдување, а со тоа и повисоки цени на храната, енергијата и на увезените добра. „Според анкетните испитаници, постепеното надминување на кризата и закрепнувањето на потрошувачката, поддржано и од економските мерки, би придонесле за повисока инфлација во наредниот период. Од друга страна, евентуалното продолжување на кризата и побавното закрепнување на глобалната економија, а со тоа и помалата побарувачка за примарни производи, би довеле до пониски увозни цени и би можеле да предизвикаат остварување пониска стапка на инфлација“, велат од Народната банка. Во поглед на економската активност, во оваа анкета не се забележуваат некои поголеми промени во очекувањата на аналитичарите во споредба со претходната анкета. „За следните две години се очекува постепено стабилизирање, при малку повисока стапка на раст од 3 отсто за 2021 година и раст од 3,3 отсто за 2022 година. Испитаниците ги посочуваат следниве фактори коишто влијаат врз нивните очекувања: неизвесноста и негативните ефекти од ковид-19, неизвесноста околу побарувачката за нашите извозни производи и влијанието врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка пред сѐ како резултат на поголема воздржаност на домаќинствата од потрошувачка во услови на намален доход и приватни трансфери од странство, воздржаноста на странските и домашните инвеститори, пониската кредитна активност, како и висината на јавниот долг којшто би се одразил негативно врз капиталните инвестиции“, укажуваат од Народната банка. Од друга страна, аналитичарите истакнуваат дека одобрувањето на вакцината, како и побрзото справување со ковид-19 во глобални рамки, преземените монетарни и фискални мерки, прогресот во евроатлантските интеграции, како и враќањето на оптимизмот кај субјектите во економијата (како кај потрошувачите, така и кај деловните субјекти) и зголеменото остварување на капиталните проекти може да имаат позитивно влијание врз растот во наредниот период и да придонесат за посткризно забрзување на растот на економијата. ![]() ![]() https://meta.mk/ekonomskite-analitichari-ochekuvaat-porast-na-inflaczijata/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Што мислите за безусловен/универзален основен приход? Во последно време се популаризира идејата за директни парични трансфери од буџетот кон граѓаните, што би можело да ја намали нееднаквоста помеѓу луѓето и регионите и подобри квалитетот на живот. Колкав месечен приход би бил прикладен за македонски услови? Доколку претпоставиме дека во Македонија има 1.8 милиони жители кои би добивале трансфер, 20 евра (~1200 денари месечно) би го чинеле буџетот 432 милиони евра или 11.05% од првичниот буџет за 2020. 300 денари месечно би биле 108 милиони евра годишно, или 2.76%. Дел од тие пари ќе се вратат преку ДДВ и развој на економијата, но 11 проценти од буџет се премногу за државата, а 300 денари месечно (3600 годишно) премалку за индивидуата. Може да се почне како пилот во одредени општини и да се види неговото влијание. Годинава имаше некој обид кај нас преку платежните и туристичките картички од 50/100 евра, кои се издадоа еднаш на одредени категории граѓани, има анализа како тие пари ја помогнаа економијата и благосостојбата? “Start Unconditional Basic Incomes throughout the EU”
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КАКО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО 126 ДЕНАРИ НА ДЕН - короната ќе втурне уште 100 илјади луѓе во апсолутна сиромаштија
![]() Ковид кризата ќе ја зголеми сиромаштијата во земјава. Денес, FINANCE THINK - Институтот за економско истражување и политики - Скопје, на брифинг за новинарите насловен „Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата во Северна Македонија?“ ги претстави резултатите од истоименото истражување. „Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. Нашата анализа покажа дека заради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на Ковид кризата. Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден“, се вели во соопштението. Една од Владините мерки насочени кон зачувување на животниот стандард на најранливото население беше олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, што според истражувањето има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65 отсто, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија, сметаат од Институтот. „За таа цел, потребен е понатамошен напор од Владата за соодветно информирање на населението за новите критериуми за стекнување право на оваа помош. Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението“, се вели во извештајот. https://faktor.mk/kako-e-da-se-zivee-so-126-denari-na-den---koronata-kje-vturne-ushte-100-iljadi-lugje-vo-apsolutna-siromashtija |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Повеќе моќ на ДУИ, работење против проектот за едно општество на сите
> Институционализирање на национализам и сегрегација >> ДУИ ќе вработува свои потрчковци и во приватниот сектор, откако го уништија државниот >>> Потрчковците нема да работат, економијата губи >>>> Газдите се бунат, ДУИ квичи за национализам >>>>> Политички револт, криза >>>>>> Избори, СДСМ губи уште 50.000 гласа поради слугувањето на ДУИ >>>>>>> Коалиција на ДУИ со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ е единствена опција во Собранието >>>>>>>> ВМРО-ДПМНЕ сè уште е жмронска, антизападна и антинародна партија >>>>>>>>> Влада на ДУИ со СДСМ >>>>>>>>>> Повторно повеќе моќ на ДУИ, работење против проектот за едно општество на сите ГРУБИ: ВРАБОТУВАЊАТА НА ПРИПАДНИЦИ ОД ДРУГИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ Е ОД ПОЛЗА ЗА ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ
24.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Ја знам таа публикација, ама ме интересираа општините... знам некаде имаше по некоја бројка за рандом општини, ама никакво наменско и редовно соопштение.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Има само годишници по региони не по општини. За 2019 сеуште не е излезен. Последно што има е за 2018, но одтогаш наваму сигурно многу е променето. Пубилкацијата се вика Регионите во Македонија во 2019 година но се однесува на крајот на 2018 почеток на 2019. Најдоле на последните страници имаш статистика по региони. Тука е и просечната плата како и невработеноста т.е. вработеноста. Треба да се има во предвид дека и овие податоци се нецелосни бидејќи се пресметани врз население од безмалку 2.08 Милиони жители, додека реално во Македонија има околу 300.000 помалку или околу 1.75 - 1.80 милиони.
http://www.stat.gov.mk/publikacii/2019/RegioniteVoRM.2019.pdf |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Има податоци за просечни плати и невработеност по општини?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Охрид, Преспа, Дојран, Сарај, Чучер Сандево, Маврово... имаат потенцијал кај нас.
Грција ги привлекува странските пензионери да се преселат во земјата
plusinfo.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тенка линија меѓу песимистичките економски прогнози и реалноста
Веќе само оптимистите прогнозираат рецесија, сите останати очекуваат многу поголема економска криза годинава, од размери на Големата депресија од триесеттите години на минатиот век. Оваа економска криза што настана како последица на рестриктивните мерки што ги воведоа државите за спречување на ширењето на корона вирусот, редефинираше што е оптимизам, а што песимизам, па така рецесијата која е веќе факт, е одлика на економистите со поумерени предвидувања. Песимистите, уште од сега сметаат дека дури и 2021 година ќе биде загубена. Прогнозите за македонската економија се движат од намалување на бруто домашниот производ (БДП) од -0,4%, што е најоптимистичкото сценарио на Светска банка, потоа пад на економската активност од -2%, според попесимистичкото сценарио на оваа меѓународна финансиска институција, па до -4%, што засега е најнегативната прогноза од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Меѓутоа, и ММФ има попесимистички сценарија од овие, според кои, Големото затворање, како што го нарече овој период додека се во сила мерките за ограничување на движењето, може да ѝ стане конкуренција на Големата депресија, феномен кој служеше како пример за економска криза од огромни размери, кога се забележани стапки на пад на БДП и до -15%. Во просторот меѓу прогнозите и реалноста остануваат неколку непознати, меѓу кои, рокот на траење на рестриктивните мерки, кои буквално ги замрзнаа општествата и можноста за пронаоѓање вакцина или ефикасна терапија подоцна годинава. Како што посочи извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, „за првпат во историјата на Фондот, макроекономските прогнози целосно зависат од проценките на епидемиолозите, а не на економистите“. Во отсуство на официјални статистички податоци за обемот на економската активност во последните два месеца, некои индикатори, како на пример, фактите дека 70 проценти од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, или, пак, намалување на движењата на луѓето до работните места за дури 82 проценти, упатуваат на сериозни последици врз економијата. Освен тоа, податоците од Центрите за вработување покажуваат зголемување на бројот на граѓани кои активно барале работа во март, што упатува на заклучок дека пораснал бројот на отпуштени работници. Најновата анкета на Стопанската комора спроведена меѓу компаниите со вкупен обрт од 1,5 милијарди евра покажа дека речиси половина од нив пријавиле прекин на доставата на суровини од ЕУ, од земјите надвор од ЕУ, па и внатре во државава. Секоја четврта компанија очекува целосен прекин на производството во април, а 23 проценти од нив преполовување. Слични се трендовите и кај извозот и остварениот промет. Имајќи предвид дека ММФ ја ревидираше својата прогноза за движењето на македонската економија за 7,4 процентни поени надолу, односно од првичната проценка за раст од 3,4% до последната, според која, ќе има пад од -4%, произлегува дека во апсолутен износ, домашниот бруто домашен производ ќе загуби околу 890 милиони евра од својата вредност годинава, како последица на кризата од корона вирусот. Доколку се оствари, ова би бил најостар пад на домашната економија во последните 20 години. Податоците за движењето на БДП по години покажува дека во екот на големата светска криза во 2009 година, ние поминавме солидно со мал пад од само -0,4%, потоа во текот на 2012 година, кога Европа се соочи со должничката криза, нашата економија падна за -0,5%, а најголем пад од -3,1% е евидентиран во 2001 година, како последица на воениот конфликт. Од домашните институции, засега само Институтот за економски истражувања и политики Finance Think објави своја проценка дека економијата годинава ќе падне за -3,8%, споредено со лани. Според проценката на овој Институт, најголем интензитет на економската контракција се очекува во вториот квартал, за кога се проектира намалување на БДП од -12,7%, а следните квартали да забележат економска консолидација. „Фирмите во секторите угостителство, хотелиерство и трговија на мало, кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или кон крајот на мај. Фирмите, пак, што се дел од меѓународните синџири на снабдување, постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина на јуни“, проценуваат од Finance Think. Народна банка, која сè уште ги калкулира идните негативни ефекти и најави дека ќе излезе со своја прогноза до крајот на овој месец, исто така потврди дека рецесијата е неизбежна. „Извесно е дека на краток рок, економските остварувања ќе бидат пониски од досега очекуваните“, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Министерството за финансии, исто така, сè уште нема официјална проценка за движењето на домашната економија, иако во неколку наврати лицитираше со различни бројки. Министерката Нина Ангеловска, пред неколку дена изјави дека веројатно и нивните прогнози ќе бидат на иста линија со оние на меѓународните финансиски институции, без да прецизира поконкретно. А за вториот квартал, кога се претпоставува дека ударот од пандемијата ќе биде најсилен врз економијата, Ангеловска рече дека падот на БДП ќе достигне околу -15%. „Добро е што оваа економска криза не е од економска причина, што значи дека штом пандемијата ќе почне да се смирува, очекуваме економијата многу бргу да закрепнува“, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска. Па така, ММФ за следната година прогнозира раст на македонската економија од дури 7%, што е, исто така, своевиден екстрем во услови кога просекот кај нас се движи меѓу 3% и 4%. Даночните приходи секнуваат, задолжувањата надоместуваат ![]() За финансиската кондиција на државата веќе информираше Управата за јавни приходи (УЈП), која обелодени дека приливите од даноци и придонеси се драстично намалени. Во март, кога стапија во сила рестриктивните мерки, со кои и се затворија голем дел објекти, во државната каса се слеале 12,3% помалку пари, додека, пак, во првите две недели од април, евидентиран е уште поголем кусок од дури 38,2%. Меѓутоа, државната каса, во меѓувреме, се надополнува со пари од задолжувања. Иако финансирањето во време на светска пандемија и зголемена побарувачка за пари е огромен предизвик, особено за мала земја како Македонија со шпекулативен кредитен рејтинг ББ+ според Fitch, сепак, засега државата успева да ги надомести загубените јавни приходи на пазарот на капиталот. Прво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. И Европската комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност. Кога ќе се собере вкупната помош, доаѓаме до сума од околу 726 милиони евра, а откако овие пари од концесионалните кредитори станаа извесни, власта го измени планот за задолжување со таканаречениот инструмент bridge to bond, со кој требаше да позајми околу 400 милиони евра од странски банки за да се премости овој период, па ќе оди директно на издавање еврообврзница. Министерката Ангеловска ја објасни промената во стратегијата со очекувањето да се стабилизираат пазарите на капитал. „Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Целиот процес трае од 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се задолжиме на тој пазар“, изјави министерката за финансии, Ангеловска, без да прецизира колку пари ќе позајмиме. Освен на странскиот пазар, државата пред една недела се задолжи и кај домашните банки, со издавање шестмесечни и едногодишни записи во вредност од 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаја државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса останаа околу 70 милиони евра. Операцијата за задолжување кај домашните банки се случи и откако Народна банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, со што се ослободи дополнителна ликвидност кај банките, пари што очигледно се префрлаат од трезорот во буџетот. Сè на сè, пресметките на ММФ покажуваат дека во буџетот ќе фалат 727 милиони евра годинава, што значи дека буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП. Според ММФ, јавните приходи ќе се намалат за 14,8% во однос на првично планираниот буџет, со што паѓаат во вода сите претходни несмасни пресметки дека во државната каса ќе недостигаат над две милијарди евра, односно и до 60% од приходите. Колку пари, толку мерки ![]() Обемот на фискалните мерки што ги презема државата во насока да им помогне на најпогодените компании од оваа криза директно ќе зависи од можноста за обезбедување пари. Во услови кога јавните приходи паѓаат, задолжувањето ќе биде клучно, за да може државата да ги финансира сите основни потреби и дополнително да финансира помош за бизнисите и граѓаните преку посебни антикризни мерки. Досега владата има усвоено два пакет-мерки, што се проценуваат на околу 200 милиони евра. Главната мерка е со државни пари да се покрие износ од 14.500 денари, односно колку што изнесува минималната плата во земјава, за сите работници од фирми погодени од оваа криза. Дополнително, истата сума се обезбедува и за спортистите, уметниците и за сите самостојни вршители на дејност, како фризери, козметичари, занаетчии, земјоделци и сл. Освен тоа, преку Развојната банка одобрени се две бескаматни кредитни линии за компаниите, во вкупна вредност од 13,7 милиони евра. Гувернерката Ангеловска-Бежоска оценува дека нашите мерки не се разликуваат многу во споредба со останатите земји, освен според бројот на нули во сумите. „Речиси стандарден пристап во овие неколку недели е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Досега, владата усвои два пакети на фискални мерки, а најави и нови, кои секако се неопходни, имајќи ја предвид силината на шокот. Обемот на фискалните мерки ќе зависи од можноста за обезбедување на финансирање. Оттука, многу ќе биде важно да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка преку задолжување“, посочи Ангеловска-Бежоска. Колкав ќе биде навистина ефектот од овие мерки, допрва ќе треба да се види, откако ќе почне да се користат по завршувањето на овој месец. https://prizma.mk/tenka-linija-megu-pesimistichkite-ekonomski-prognozi-i-realnosta/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |