![]() |
![]() |
![]() |
Клинички центар Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 18> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Од 32-та седница на Владата: Се пренаменуваат средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19
https://vlada.mk/node/20827 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За неполни 7 дена, меѓуинституционалната соработка вроди со плод. Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност.
На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АДИНГ СО ДОНАЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛИ И ИЗВЕДБА УЧЕСТВУВА ВО ИЗГРАДБАТА НА МОБИЛНА ВОЕНА БОЛНИЦА „РОЛ-2“ ВО БЛИЗИНА НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА-СКОПЈЕ
Заради итноста на ситуацијата, на вонредна седница на УО на АДИНГ одржана на 27.Март, донесена е одлука за донација за комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница“ на Министерството за Здравство во вредност од 15.000 евра. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/ADINGmk/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денеска заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, извршивме увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Претходно, овој простор со одлична меѓуинституционална соработка беше расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.
Со ослободување на просторот од околу 4000 м2 создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза. Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до Инфективната клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон Инфективната клиника. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov/ Edited by stef4o - 28-Mar-2020 at 13:42 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МОБИЛНА БОЛНИЦА СО 130 КРЕВЕТИ ЌЕ СЕ ПОСТАВИ ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ДО ВЧЕРА ТЕСТИРАНИ 1.800 ГРАЃАНИ
На просторот до Инфективната клиника ќе се постави мобилна болница со капацитет за 130 пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека болницата ќе почне да се поставува наредната недела, ќе биде комплетно опрема, со тоалети, ходници и лекарски тимови. Таа ќе се наоѓа на просторот каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“. „Во овој момент имаме линеарно зголемување на бројот на заразени пацинети, што е добро, но во секој случај ние сме подготвени доколку дојде до зголемување на бројот на лица со КОВИД-19. За да обезбедиме дополнителни капацитети од наредната недела ќе почне поставувањето на мобилната болница, која ќе биде веднаш до Инфективната клиника бидејќи тука е експертизата“, рече Филипче. До вчера, во земјава како што кажа Филипче се тестирани 1.800 граѓани. Оние граѓани кои се вратени од странство и се наоѓаат две недели во карантин, нема да се тестираат доколку немаат симптоми, туку уште 14 дена треба да бидат во самоизолација. Филипче кажа дека добиле 6.000 маски од Град Скопје кои ќе бидат распределени на матичните лекари. https://sdk.mk/index.php/makedonija/mobilna-bolnitsa-so-130-kreveti-ke-se-postavi-do-infektivnata-klinika-do-vchera-testirani-1-800-gragani/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Da,včera najavija deka tuka ke bide postavena. |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Тука ќе биде мобилната болница?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/petreshilegov |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Привршуваме во Клинички центар кај Инфективна клиника. Реализирано за помалку од 24 часа.
Просторот е уреден по барање на Министерството за здравство. Благодарност до Улици и патишта - Скопје.... ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од фб...
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ - СЕ ЧИСТИ ПРОСТОРОТ КАЈ БАРАКИТЕ „МЕДИЦИНАР“
![]() ![]() Како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“. Покрај тоа, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје деновиве асистираше и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
На новите фотки се гледаат и срушени бараки, мислам дека е баш директно преку Медицинар до Инфективна клиника, без кружење како на скицата. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Ги исекле и дрвјата кај Тинексот; на Твитер некој прашал за машината за пресадување... ќе му текне на некој новинар да се распраша за неа? Ако не ја користат властите нека ја изнајмуваат на приватни граѓани и компании.
Инаку, новата улица е црвената линија од Белградска преку студентскиот Медицинар? ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВА УЛИЦА ЗА ВЛЕЗ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pravi-nova-ulitsa-za-vlez-na-infektivna-klinika/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Виси“ли кредитирањето на новиот Клинички центар
Новиот Клинички центар нема да се гради со кредит од конзорциумот од трите банки, Ерсте груп, Раифазен банк и Уникредит како што беше одлучено во јули минатата година. Но, се отвора прашањето дали „виси“ и втората можност – заем да се земе од развојните банки при Совет на Европа (ЦЕБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ), кои по барање на Министерството за финансии, пројавиле интерес за кредитирање на оваа најголема инвестиција во државата. Иако министерот за здравство Венко Филипче тогаш јавно соопшти дека ќе биде земен кредит од 500 милиони евра од конзорциум на три банки („Ерсте груп“, „Раифазен банк“ и „Уникредит“), работата очигледно се изјалови. Шест месеци подоцна, на 16 декември минатата година, Владата ја прифатила информацијата кредит да се побара од двете развојни Банки и оваа одлука во јавноста помина незабележано. ![]() Во Министерството за финансии за НОВА потврдија дека во тек е постапка за можноста за кредитирање на новиот Клинички центар преку Банката за развој при Совет на Европа (ЦЕБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Нема детали дали е дојдено до фаза за да биде прецизирано под кои услови би се земал заемот, какви се каматните стапки и на колку години ќе се исплаќа кредитот. Банката при Советот на Европа (ЦЕБ) е истата која што требаше да го гради Клиничкиот центар на местото на старата Гинекологија, но власта се откажа од оваа локација и од кредитот (за кој требаше да се плаќаат и пенали) и одлучи објектот да се гради во населбата Ѓорче Петров во месноста Веле Поле, простор кој беше одбран како најдостапен за да се стигне од сите делови на државата. Од оваа Банка се кредитира и реновирањето и изградбата и на останатите јавни здравствени установи во државата, за што постои и Проектната едница на Банката (ЦЕБ) во Министерството за здравство. Од друга страна, во Министерството за здравство посочуваат дека како крајна опција постои можност за кредит од комерцијални банки. Нема објаснување зошто се спомнува опцијата за земање на кредит од комерцијални банки кога во игра се ЦЕБ и ЕИБ и дали ова значи дека не е сигурен заемот од овие две развојни банки за изградба на новиот Клинички центар. Во однос на постапката за обезбедување финансии за овој проект, задолжено и надлежно е Министерството за финансии каде веруваме дека работите се одвиваат според планираното. Го започнавме овој проект затоа што обезбедувањето на функционален Клинички центар е неопходен и ќе биде изграден. Затоа, како некоја крајна опција, постои и можност за кредит од комерцијални банки“, се вели во одговорот за НОВА, од Министерството за здравство. Почетокот на изградба на новиот Клинички центар тапка во место. Иако според најавите темелите на грандиозниот објект во населбата Ѓорче Петров требаше да бидат ставени на почетокот на годината од тоа се уште нема ништо. Доцни процедура за реализација, се поместуваат или развлекуваат постапките. Во работната група која е задолжена за Клиничкиот центар за НОВА потврдија дека се уште не е распишан ниту тендерот за инфраструктура за што Владата во декември одобри 243 000 евра. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски тврди дека тендерот ќе биде распишан наскоро, во текот на наредните денови. „Тендерот ќе биде распишан следната недела и тој ќе биде за инфраструктурата, за просторот да се оспособи и на него да се гради Клиничкиот центар“, изјави за НОВА Наумовски, кој е воедно и претседател на работната група составена од стручњаци од повеќе институции. Во Министерството за здравство пак, се уште не е завршена постапката од тендерот за избор на компанија која ќе го гради објектот, шест месеци по неговото распишување. Од таму велат дека се познати кандидатите кои би можеле да ги исполнат потребните квалификации во смисла на лична, економска и финансиска состојба, техничката и професионалната способност и исполнување на стандарди за системи за квалитет. „Како задолжение од Владата на РСМ, во рамките на Министерството за здравство се одвива постапка за избор на економски оператор кој би можел да обезбеди изградба на еден комплексен капитален проект како што е изградбата на новиот Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација, по моделот “клуч на рака” со вклучена поддршка при менаџирање на проектот (паралелната работа на стариот клинички и новиот објект, потребните фазни трансфери на доктори и пациенти по потреба и слично)“, велат за НОВА од Министерството за здравство. Засега, неофицијално се знае дека во потесниот круг се влезени две фирми германската „Вамед“ и француската „Бујгес констракшн“ како најсериозни кандидати за изградба на новиот Клинички центар. По објавувањето на тендерот, македонските фирми се жалеа дека со условите кои ги дава Министерството за здравство, се дава можност само на странските компании да конкурираат, бидејќи еден од условите беше фирмата и претходно да има градено ваков или сличен објект. Од Министерството за здравство велат дека станува збор за сложени постапки кои се одвиваат непречено. Од таму тврдат дека изборите во април нема да ја стопираат или попречат нивната реализација бидејќи процедурите се отпочнати пред актуелизирање на изборите. https://novatv.mk/visi-li-kreditiraneto-na-noviot-klinichki-tsentar/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички
Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар – Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека за неколку месеци ќе се одложи изградбата на монтажните гаражи што требаше да обезбедат дополнителни места за паркирање на оваа локација. – Министерството за здравство, како договорен орган е во фаза на поништување на постапката и согласно законските рокови постапката ќе ја обновиме. Тоа значи дека и понатаму Градот Скопје е надлежен и стопанисува со паркингот во Клинички центар – велат од Министерството за здравство. Двете монтажни катни гаражи треба да се градат на местото на поранешната зграда на Клиниката за гинекологија. Инвестицијата во овие инфраструктурни објекти би чинела 30 милиони денари, а со обезбедувањето на дополнителни паркинг места треба да се реши акутниот метеж во рамките на Клиничкиот центар – Скопје. Од министерството засега не соопштуваат дали ќе има промени кај критериумите во вториот по ред јавен оглас за пронаоѓање приватен партнер за изградба на монтажните гаражи. Приватната компанија во иднина би стопанисувала со паркинг просторот, но цената за паркирање за пациентите и за вработените на Клинички центар ќе треба да ја договорат однапред со министерството во договорот за јавно – приватно партнерство. https://meta.mk/propadna-prviot-ќe-se-raspishuva-vtor-tender-za-izgradba-na-montazhni-garazhi-na-klinichki/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од 500 МИЛИОНИ ЕВРА за градба на клинички центар за домашните фирми ќе остане - НИШТО
Домашните градежни компании не се наоѓаат во јавниот оглас за изградба на новиот Клинички центар на влезот во Скопје. Не можат да ги исполнат критериумите што ги бара Министерството за здравство,а не ни можеле да се покажат на вакви големи објекти, оти измината декада во Македонија такви не се ни граделе. „Компаниите членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија имаат капацитет, знаење и искуство и се докажани во реализацијата на сериозни проекти во земјата, земјите од регионот и пошироко. Оттука, домашните градежни компании имаат капацитет да учествуваат во изградба на овој проект. Но, се поставува прашањето во однос на исполнувањето на бараните услови во распишаниот јавен оглас на Министерството за здравство, да имаат реализирано вакви или слични проекти во текот на последните 10 години, имајќи предвид дека во последните децении во Република Северна Македонија не се градеа објекти од ваков тип. Воедно, се поставува прашањето и во однос на исполнувањето на бараните критериуми за економската и финансиската состојба на економските оператори, со оглед дека домашните компании не го исполнуваат предвидениот финансиски услов во однос на минимумот годишен вкупен приход“, велат од коморското здружение, во кое членки се големите градежни компании, меѓу кои „Гранит“ и „Бетон“. Јавната набавка за изградба на нов универзитетски клинички центар на гринфилд-локација по модел „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проект, Министерството за здравство ја распиша на 7 август. Компаниите што сакаат да учествуваат треба да имаат минимум годишен приход од 250 милиони евра и да има успешно реализирано во текот на последните 10 години одреден минимум објекти, во зависност од површината. Поради сложеноста на проектот, Министерството за здравство предвидува постапка на конкурентен дијалог. Герман Филков од „Центарот за граѓански комуникации“ објаснува дека ваква постапка се користи во сложени проекти кога договорниот орган сака да прави нешто, но не нуди проект туку низ три фази доаѓа до целта. „Првата фаза е претквалификација, во која секоја заинтересирана компанија што исполнува услови може да поднесе пријава за учество на тендерот. Законот одредил дека минималниот рок за пријавување е 30 дена, а во огласот рокот за пријава за учество е одреден на 45 дена и трае до 20 септември. По завршување на првата фаза, комисијата изготвува извештај во кој е оценета способноста на кандидатите и се дава листа на квалификувани кандидати. Тие ги поканува на дијалог, како втора фаза на јавната набавка. Во оваа фаза договорниот орган започнува дијалог во кој се дискутира за сите аспекти на јавната набавка, заради утврдување и дефинирање на најсоодветните начини на задоволување на потребите. Рок колку трае оваа фаза – нема“, објаснува Филков додавајќи дека како ќе изгледа Клиничкиот центар ќе се знае кога ќе заврши дијалогот со одбраните фирми што би го граделе. Кога договорниот орган ќе го заврши дијалогот, и за тоа ќе ги информира учесниците кои учествувале во последниот дел од дијалогот, секој од нив го поканува да поднесе конечна понуда врз основа на договореното решение. „Критериумот врз основа кој ќе се избере една понуда ќе биде најдобар однос меѓу цената и квалитетот, како што утврдува новиот Закон за јавни набавки. Со стариот закон не можеше да се оценува врз основа на квалитет, туку само според цена. Новиот закон е усогласен со директивите на ЕУ. Најниската цена не е веќе единствен критериум. Односот меѓу цената и квалитетот е еднаков на најисплатлива понуда. Не може ниту само квалитетот да биде критериум. Конкретно за оваа постапка бидејќи е сложена, законот наметнува критериум за избор на понуда да биде најдобриот однос меѓу цената и квалитетот“, укажува Филков. Цената на понудата ќе носи 30 бода, а квалитетот – 70. Избраниот модел по кој ќе се гради Клиничкиот центар „проектирај, изгради и опреми“ за градежниците е прифатлив. „Овој модел се применува во развиените европски и други земји и домашните градежни компании изразуваат поддршка на примена на овој модел и во нашата земја. Сепак, сметаат дека за примена на овој модел од страна на домашните компании потребно е соодветно допрецизирање на законската регулатива од областа на градежништвото. Имено, регулативата во минатите години ги насочи компаниите на раздвојување на работењето на посебни делови за проектирање, изведба и ревизија согласно условите на пазарот, а продуцирани од Законот за јавните набавки и Законот за градење. Примена на критериумот најниска цена во тендерските постапки, доведе во пракса цената да биде одлучувачка при изборот на главен изведувач. Тоа е спротивно со начинот на работа пропишан во огласот за изградба на универзитетски клинички центар и се надеваме дека во иднина ќе се оствари долгогодишната заложба на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората оваа пракса да се надмине, а со тоа сите аномалии кои го рушеа системот претходните години би се елиминирале, со што предност ќе се даде на квалитетот, искуството и брзата градба“, велат од Стопанската комора на Македонија. Со тендерот што го распиша последната влада на ВМРО-ДПМНЕ во октомври 2016 година, изградбата на новиот универзитетски клинички центар беше проценета на 128 милиони евра, од кои само за изградба, како што кажа тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, околу 68 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот беше најавена со вкупна вредност од 128 милиони евра. Беше предвидено новиот Клинички да се гради од март 2017 година до крајот на 2021 година. Новиот Клинички 500 милиони евра Новиот Клинички центар ќе се гради на локацијата Веле Поле во Општината Ѓорче Петров. Предвидено е да чини околу 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од Рајфајзен банк, Ерсте груп и Уни кредит банка. Изградбата е најавено да почне од 2020 година. Првата фаза треба да биде готова за 3,5 години, кога би се префрлиле некои оддели. Најпрво ќе профункционираат хируршките клиники, операционите сали и Ургентниот центар. Потоа ќе се префрлат клиниките за гинекологија, за педијатрија и онкологија. Инфраструктурата ќе се плати со пари од буџетот. (Nezavisen) https://vecer.mk/node/29772?fbclid=IwAR183z-RLxmjdIMzomREjrM5jJXhEN3rNb02bHjZBBuGw4p-TIDdn-o_63g |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Постапката отворена, се бара компанија која од јануари ќе го гради новиот Клинички центар
Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар. Комплексот клиники ќе се гради на локацијата „Веле Поле“ во Ѓорче Петров. Рокот за реализација е 90 месеци. Министерот Венко Филипче, пред неколку дена информира дека иако рокот за изградба на новиот Клинички центар е определан да трае седум години, првата фаза ќе биде готова за 3,5 години. Тогаш, според него, во новиот комплекс ќе се преселат хируршките клиники, операционите сали и Ургентниот центар, а потоа и останатите оддели. Во огласот не е наведена проценета вредност на проектот, туку се наведува дека новиот универзитетски клинички центар ќе се гради на greenfield локација по модел “клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проект. Според предвидувањата, изградбата на овој капитален проект треба да стартува на почетокот на идната година. Тој ќе чини 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од „Рајфајзен банк“, „Ерсте груп“ и „Уни кредит банка“. Како критериум за доделување на договорот не е најниска цена, туку најдобар сооднос меѓу квалитетот и цената, со тоа што квалитетот носи 70, а цената 30 бода. Еден од условите при евалуација на кандидатите предвидува минимум годишен вкупен приход во висина од најмалку 250 милиони евра за секоја година поединечно во последните 3 фискални години. https://360stepeni.mk/postapkata-otvorena-se-bara-kompanija-koja-od-januari-ke-go-gradi-noviot-klinichki-tsentar/?fbclid=IwAR1OrETNPmIqamHboyPeDpXII6MR-APXAKfxxOTi47vP96Gp80huw6n6VkU |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |