![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 329> |
Author | |
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Најголемо злодело на проектов е квалитетот на материјалите кои се користеа,тие пластики,стиропори,"нешто што личи на мермер.."(фасадите). Имаше расположение во јавноста за нешто европско,за нешто убаво конечно да се направи во градов,да заличи на главен град,а тие ја прокоцкаа таа шанса за да пикнат пари в џеб и да продаваат патриотизам. Сега кој и да спомне некакво европеизирање на Скопје ќе се асоцира и поврзе со чкарт квалитет и трошење пари без врска,а во реалноста градов денес тоне во уште полоша архитектура,во уште полошо урабно планирање и користење на простор,заглавени сме во сплет на комунистички згради што никој нема кохонес да ги чепне затоа што ќе наиде на критики(зошто ?)дека го уништува Скупјенце,и нови буквално голи исфарбани чкарт згради што "провинцијалците" ги купуваат ко алва,со еден едниствен изговор да се има стан во Скопје,а дали тоа го нагрдува и уништува граадот,не им е гајле.
За тргањето на галиите,врбите и такви дневно политички мерења ... нема ни да коментирам,партизански приказни во отсуство на конкретен план и проекти за развивање на градов и привлекување туристи па макар и домашни,макар и само скопјани да останат во градов,жално е да се живее овде во вакво време на безидејност и незаинтересираност за нешто подобро и поубаво. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Восочните фигури ги трошат парите за музеите
Музејот на Македонија е нашиот Лувр и Прадо, и неговите потреби треба да бидат приоритет, вели за БИРН, професорот по етнологија на ПМФ и претседател на македонскиот огранок на организацијата Син штит за заштита на културното наследство, Даворин Трпески. Музејот е објект со најголема збирка предмети што се меѓу највредните и најзначајни во земјава. За Лувр и Прадо, сепак, би било незамисливо да имаат затворена галерија поради падната таваница, половина кат испразнет поради влага, траги од протекување на покривот и стар необновен под. Сместена во срцето на Старата скопска чаршија меѓу Мустафапашината џамија и Куршумли ан, оваа градба изградена во 1970-тите години некогаш беше гордост на градот. И денес таа е мошне ценета меѓу архитектите поради својот модерен стил и современите решенија за музејско изложување. Бетонски призми доминираат над музејското плато, но архитектите Мимоза Томиќ и Кирил Муратовски се погрижиле тие да не го нарушат чаршискиот амбиент. Овој музеј нема апарат што ќе троши струја од неколку стотици илјади денари месечно за постојано да одржува соодветна температура и влажност во него што го нарекуваат „чилер“. Таква опрема имаат објектите на кејот на Вардар, како Музејот на македонската борба и Археолошкиот музеј, нови објекти од проектот „Скопје 2014“. Во Музејот на македонската борба, таа машина не служи за да заштити стари предмети од минатото, туку за да ги одржува восочните фигури специјално направени за Музејот. За сето тоа време, во Музејот на Македонија огромни ѕидови стојат празни. Управата морала да ги извади големите стари килими што стоеле таму, предмети зачувани од народното творештво, за влагата да не ги оштети. Ткаенината е мошне чувствителна на неповолни услови. Галеријата на икони, со една од највредните колекции во државата, е затворена веќе две години поради паднатиот таван. Мали, ама трошаџии ![]() Дотраеноста на зградата веќе предизвикува значителни трошоци за поправки, тековно одржување, комунални услуги и греење. Меѓу 100 и 200 илјади евра годишно од буџетот се плаќаат за одржување зграда, која во добар дел не се користи. Тие пари не се доволни за да се подобрат условите, туку само за да се спречи значително влошување од сегашната состојба. „Имаме одобрено три милиони денари за изработка на 19 основни проекти за сите позиции коишто ќе покажат во кој обем, со која динамика и со колкав буџет ќе се реновира објектот. Но не знам кога ќе ни бидат префрлени и кога ќе започнеме со таа сложена постапка“, вели Јован Шурбановски, в.д. директорот на оваа институција. Шурбановски се зачуди од информациите дека трошоците за тековно одржување и за комунални услуги на Музејот на македонската борба и на Археолошкиот музеј во некои години се поголеми од тие во неговата институција. Иако редовно функционираат само седум-осум години, тие трошат и по девет милиони денари (150.000 евра) за одржување годишно. Разликата во сумите е уште поголема ако се знаат димензиите на објектите. Музејот на Македонија има изложбен простор од над 6.500 квадратни метри, а другите два музеи се трипати помали, со поставки на две до две ипол илјади квадрати. И покрај тоа што се нови и мали, тие годишно трошат исто или повеќе пари од централниот музеј. „Во принцип нема логика нова зграда да троши повеќе пари од стара, но тоа не мора да значи дека објектот е неквалитетен. Можеби е инсталирана скапа и софистицирана опрема што предизвикува големи трошоци. Доколку и ние имаме таква опрема, веројатно трошоците за одржување би ни биле значително поголеми“, додава тој. Маслото на платно во влага, восокот на суво ![]() Никој не сака да отвори војна меѓу музеите. Тие, сепак, се културни институции. Но, сите се свесни за фактот дека државата отвори нови установи што се скапи за одржување, притоа целосно занемарувајќи ги проблемите и потребите на старите. „Очигледно дека тука станува збор за луксузирање на едни на сметка на основните потреби на други“, вели поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, денес национален координатор за култура во Владата. Восочните фигури во Музејот на македонската борба, додава тој, немаат никаква музејска и уметничка вредност или историска функција, а задржуваат пари. „Петстотини илјади денари за струја месечно можеби треба да се потрошат за да се заштити некое уметничко богатство, но не за нив. Има вредни слики што се чуваат без соодветни микроклиматски услови, а ние ладиме восочни фигури. Па, дури и да била комерцијална целта на нивното поставување, приходот не ја оправдува инвестицијата“, смета Алаѓозовски. Директорката на музејот, Даниела Николова вели дека нема избор. „Тие восочни фигури се сопственост на државата и се оставени на моја одговорност. Јас не можам да дозволам да се оштетат“, додава таа. За Археолошкиот музеј, Алаѓозовски вели дека се употребени 12 видеобима за да создаваат некакви ефекти, а многу институции немаат видеобим за основните потреби, да одржат презентација. Како министер, Алаѓозовски вели дека се обидел да ги реши овие проблеми со рационализација, но како национален координатор можностите му се ограничени. Ќе се даваат ли пари за корекции во нова зграда? ![]() Поголем број музеи во земјава не ги задоволуваат ниту основните европски стандарди за чување културни добра, а исклучоците се ретки, вели Даворин Трпески. Еден од клучните проблеми е што предмети се чуваат во згради што не биле изградени за да бидат музеи, туку биле преадаптирани. „Меѓу тие што се направени наменски се Природонаучниот музеј и Музејот на Македонија, како и новите музеи во центарот – Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј и Музејот на холокаустот. Па, и покрај тоа, и таму се јавуваат проблеми, особено видовме што се случува во музеите покрај Вардар поради локацијата и водите таму, имаат депоа што не можат да ги употребуваат поради влагата“, додава Трпески. За зградата на Археолошкиот музеј, во која се сместени и Уставниот суд и Државниот архив, се потрошија речиси 43 милиони евра и таа беше најскапа од проектот „Скопје 2014“. Во просек по четири милиони евра за секој од десетте ката, осум надземни и два подземни. Дел од овие пари се дадени за подземно ниво, кое не може да се користи поради влагата и непристапноста. Товарниот лифт е расипан, и со тоа пристапот е ограничен. „Власта не можела да ја лоцира фирмата што го поставила за да го поправи“, вели Алаѓозовски. Второто подземно ниво требало да биде депо, но било незамисливо да се користи за тоа, бидејќи ќе ги уништело предметите. Директорката на музејот, Славица Бабамова вели дека таму ги чувале само алатите, па ниту за нив не биле соодветни условите. За Бабамова, тоа што музејот е сместен заедно со две други институции над него е хендикеп, бидејќи сите тие имаат сосема различни потреби. Но, барем во еден случај тоа се покажало како предност. Кога во 2015 протекол покривот, водата пробила во канцелариите на Архивот, кои се најгоре (вредниот архивски материјал е два ката подолу). Државниот архив платил околу 30.000 евра за да го поправи, според податоците што ги добивме оттаму. И Археолошкиот музеј има апарат чилер, кој функционира со многу мал капацитет. Восочните фигури биле преместени во едукативно катче во првото подземно ниво каде што се позаштитени од температурните разлики. Бабамова објаснува дека ако треба да се смени чилерот, тоа би бил трошок од околу 100.000 евра. За да се преуреди музејот и да се отстранат сите вградени недостатоци, исто така би им биле потребни многу пари, на пример за да се подобри противпожарната заштита. Има многу дрвени елементи во музејот што го зголемуваат ризикот од пожари зашто се лесно запалив материјал. Згора на сѐ, мермерните плочи во холот се одлепувале и паѓале бидејќи биле залепени врз гипс картон. Вработените во музејот ги залепиле со поцврст лепак, но за трајно решение треба проект и пари. „Во нов објект, ние крпиме. Не можеме да ги решиме проблемите. А не верувам дека државата би била расположена да дава пари за зграда што е стара пет години, знаејќи во каква состојба се другите музеи. Но, проблемите може да се наталожат и за 10-15 години да имаме многу неповолна состојба“, вели Бабамова. Во археологијата секогаш има потреба од поголеми вложувања, особено во земја со голем број наоѓалишта како Македонија. Затоа Бабамова вели дека е штета што се трошат пари за тековните потреби и за недостатоците на зградата, наместо тие да се вложат во дополнителни истражувања, публикации или зголемување на едукативната функција на музејот. Без одржување, ризиците се големи Како се дозволи да се направат музеи што на културата ѝ враќаат помалку отколку што се вложува во нив? Според Трпески, клучни биле процедурите во стартот, за основање на новите институции. „Факт е дека релативно мал број луѓе носеа одлуки во врска со тие музеи. Да се правеше тоа во рамки на една постапка, во која јавноста, особено стручната, ќе беше повеќе вклучена, ќе избегневме голем број од проблемите“, додава Трпески. Според Шурбановски, не треба да се дозволи музеите да западнат во толку лоша состојба за да им биде потребна комплетна реновација, бидејќи тоа е сложен и ризичен процес. „Не е исто да се одржува или реновира театар и музеј. Театарот е пред се ансамблот, не е објектот. Ако објектот во кој е сместен театарот поради некои причини нема услови за работа, театарот може да продолжи да функционира, во други објекти, дури и со претстави на отворено, додека не се решат проблемите. Но музејот е самата зграда. Секој објект во кој се сместени предмети кои се заштитени како културно наследство и самиот објет е заштитен со закон. И ако овие објекти не се третираат на тој начин, настануваат проблеми“, објаснува тој. Како што додава, целосното реновирање на музејскиот објект, подразбира и дислокација на предметите во објекти што имаат соодветни услови за чување, што е дополнителен трошок и практично неизводливо. Непрофесионално е кога предметите како заштитено добро и во фрагилна состојба, заради нивната старост, се предмет на чести дислокации. Најголем ризик може да биде несигурноста во финансирањето. Таков пример е Народниот музеј во Србија, кој се реновираше повеќе од десет години бидејќи со менувањето на властите во Србија се кратеа и финансиите. Цела деценија тој беше затворен за јавноста, што, според Шурбановски, е недозволиво за една музејска институција. Меѓу објектите што се запоставуваа додека се градеа новите музеи од Скопје 2014 беше и Музејот на град Скопје. Овој музеј има петпати помали тековни трошоци од Археолошкиот и од Музејот на македонската борба, иако има приближно еднаква изложбена површина како нив, од 2.283 квадрати. Но, тој практично останал без депоа затоа што техничката опрема станала стара и неупотреблива. За тоа време се граделе депоа на двата музеја до Вардар, кои се под нивото на водата и до денес не се искористени. „Музејот (на Град Скопје) има неупотребен простор, кој е во девастирана состојба, а нема доволно галериски простор. Недостигот од галериски простор и неговата несоодветност од архитектонски и технички аспект оневозможува да се поставуваат во тој простор големи и атрактивни изложби што ни се нудат или кои самите би можеле да ги подготвиме“, вели Емил Алексиев, куратор во музејот. Тој се надева дека реновирањето што го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов вредно еден милион евра ќе реши некои проблеми со изложбениот и со јавниот простор во музејот, но депоата и натаму ќе останат проблем. Тој нагласува дека оваа најава од градот доаѓа откако и градските и државните власти дозволија музејот да биде „сардисан“ од градилишта и да загуби дел од својот надворешен простор и старите перони како составен дел на Старата железничка станица. „Тој проект речито говори за општествениот недостиг од култура, грижа за традицијата и свест за сопственото минато. Говори и за алчноста и за човечката глупост. Наместо тој огромен простор врзан за објектот на Старата железничка станица да биде реновиран и ставен во јавна употреба со културни содржини, како што е одамна планирано, старите перони и најголемиот дел од Старата железничка станица, кои беа во урнатини (чекајќи подобри времиња и некое поколение подобро од нас за да биде обновена станицата) е израмнет со земја и избришан од колективната меморија на граѓаните на Скопје“, заклучува Алексиев. https://prizma.mk/vosochnite-figuri-gi-troshat-parite-za-muzeite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Ќе има одговорност за ова лудило
![]() Деновиве, скопскиот градоначалник Петре Шилегов најавува дека сериозно ќе се зафати со решавање на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Тој денеска и на својата фејбук-страница напиша дека штетите од невремето од кое настрадаа повеќе фасади на згради од проектот „Скопје 2014“, се причина повеќе за оние кои се сомневалe дали треба да се реши „Скопје 2014“. – Да се разбереме. „Скопје 2014“ мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да, конечно ќе има одговорност за ова лудило – пишува Шилегов. Запрашан зошто токму сега тоа го прави, Шилегов одговори дека има моменти врзани со проектот „Скопје 2014“ кои во последно време ги става во фокусот на јавноста. Според него, првиот момент е исклучиво правно-политички. – Со носењето на Законот за Јавно обвинителство конечно во државата се обезбедија услови да се продолжи истрагата за проектот „Скопје 2014“ од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Тоа беше стопирано и знаете дека повеќе од две години имавме сериозна битка и во Собранието да биде обезбедена правдата. Сега се создадени правни услови за прогон на сторителите на овој брутален чин врз нашиот град, но и со сериозни индиции за криминален чин. Очекувам дека ќе продолжи правната разврска и решавање на проблемот со „Скопје 2014“ и од друга страна конечно да се разрешат некои дилеми што ги имаше за носење на политичка одлука како да се постапува – објасни Шилегов. Моите очекувања се дека новата Влада ќе се врати кон оригиналните начини на решавање на овој проект, а тоа е да се послушаат советите од работното тело што беше формирано од страна на Владата и оваа дивоградба, бруталното силување на Скопје конечно ќе се санира на соодветен начин – уверен е Шилегов. Тој додаде дека природата во средата вечер на чуден начин покажала колку малку е потребно да се уништат материјални добра и да се загрози здравјето на луѓето при ветер од времетраење од 4 до 5 часа со брзина од над 70 километри на час. Шилегов се надева дека новата Влада ќе изнајде материјални средства да ги извади и бродовите од коритото на Вардар. https://www.vecer.press/шилегов-ќе-има-одговорност-за-ова-луди/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() Trump’s Bizarre Plan to Make Architecture Classical Again
https://www.theatlantic.com/ideas/archive/2020/02/trumps-plan-make-architecture-classical-again/606286/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје 2014 под мраз од 2017
![]() Во строгиот центар на главниот град, во периметар помал од километар сѐ уште „зјаат“ карабините на неколку објекти што требало или да се подигнат или да се реновираат во она што народски се нарекува барок како дел од проектот „Скопје 2014“. И покрај големите очекувања и скромните ветувања дека новата власт ќе се справи со контроверзниот проект и по заклучоците на Работната група за „Скопје 2014“, која, само за пример, ги прогласи речиси сите споменици за дивоградби, се чини дека власта „закочи“ по пресметките дека поевтино е ништо да не се прави, отколку да се руши или да се пренаменува. Објектите од „Скопје 2014“ што ги градат приватници се соочуваат со други проблеми, меѓутоа и нивниот перформанс заедно со безидејноста и неодлучноста на власта придонесуваат центарот на градот и понатаму, години со ред да изгледа како градилиште, кое не се знае „на каде тера“. Несудената „барокница“ пред ГТЦ ![]() Неколку години, градежен работник не се качил по скелињата што сѐ уште се зацврстени за зградата на ЕВН, една од најрепрезентативните точки во центарот на Скопје. Ја извадија старата стаклена фасада, по која беше препознатлива кулата, и тука застанаа со работата оставајќи ја заштитната метална ограда долу на земјата. Австриската ЕВН ја дели зградата со државното ЕЛЕМ – денес преименувано во препознатливото ЕСМ, Електрани на Северна Македонија. Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја замисли кулата како највисока барокна атракција и, согласно нејзината желба, тогашното ЕЛЕМ и австриската ЕВН најдоа изведувач. Фирмата што го изгради најголемиот дел од „Скопје 2014“, „Бетон“ требаше да ја преслече и оваа зграда во барокно-бело. Интервенцијата почна во 2013 и новата фасада требаше да биде готова некаде во 2015 година, меѓутоа рокот се проби. По пожарот следната година и по промената на власта, се стопираше реновирањето и сопствениците на објектот, тогашното ЕЛЕМ и ЕВН, решија дека веќе не сакаат барок и се откажаа од кулата. При крајот на 2018 ја дадоа на продажба, меѓутоа никој не сакаше да ја купи. Цената не се дозна, а од ЕВН денес тврдат дека една од причините зошто имало оглас е и „испитување на реалната цена “. Оттаму за БИРН велат дека нов оглас сѐ уште нема. Иако зградата е половина на ЕВН и половина на поранешното ЕЛЕМ – а сега ЕСМ, австриската компанија таму користи само дел од приземјето како архива, додека ЕСМ сѐ уште е во објектот. Таму е дирекцијата на оваа државна компанија, и покрај тоа што ЕСМ има цела нова барокна зграда, изградена како дел од „Скопје 2014“ лоцирана спроти Старата железничка станица. Од ЕСМ велат дека новиот објект нема соодветна документација зашто за време на градбата се правеле измени што не се внесувале во проектот. „Зградата е градежно комплетирана, но не може да се употребува. Не може да се изврши технички прием“. Новиот сѐ уште нефункционален објект, според потпишаните договори, ја чинеше државата околу 17 милиони евра. Иако зградата е половина на ЕВН и половина на поранешното ЕЛЕМ – а сега ЕСМ, австриската компанија таму користи само дел од приземјето како архива, додека ЕСМ сѐ уште е во објектот. Таму е дирекцијата на оваа државна компанија, и покрај тоа што ЕСМ има цела нова барокна зграда, изградена како дел од „Скопје 2014“ лоцирана спроти Старата железничка станица. „Зградата е градежно комплетирана, но не може да се употребува. Не може да се изврши технички прием“. Преговори за излупената „Пелагонија“ Триумфалната порта на скопскиот плоштад ја дели кулата на ЕВН од уште една „излупена“ зграда, на која, исто така, не се работи со години. Зградата на „Пелагонија“ е речиси во истата состојба како онаа на ЕВН. И околу неа сѐ уште стои металната ограда и веќе подолго време се гледаат белите градежни блокови што биле под оригиналната фасада. Градот Скопје под капата на Коце Трајановски ја извади старата фасада со идеја да ја замени со барокна, како и повеќето згради на потегот по улицата кон Рекорд. Се најде изведувач, меѓутоа договорот беше раскинат зашто рефасадирањето не се одвиваше според договорената динамика. Трајановски распиша нов тендер, меѓутоа неговиот наследник Петре Шилегов не го потпиша договорот. „Раката да ми се исуши ако го потпишам“, рече Шилегов на стартот од мандатот и најави враќање на автентичниот изглед на зградата. Со оглед дека сѐ уште нема решение, БИРН се обрати до градските власти. „Градот разговара со сопствениците на објектот, со цел заемно надминување на состојбата“, велат од кабинетот на Шилегов. Покрај фасадата на „Пелагонија“, Шилегов во наследство го доби и Панорамското тркало, кое го сведе на пешачки мост, кој, исто така, сѐ уште се гради. ![]() Она што требаше да биде тркало од речиси 20 милиони евра, сега ќе биде висечки мост за пешаци. Сите четири бетонски столбови ќе се урнат и со тоа коритото на реката Вардар ќе биде ослободено. „Градежните работи се во завршна фаза“, тврдат од градот. На терен може да се види дека столбовите сѐ уште се во Вардар и проѕирната оградата не е поставена. Крајната цена на мостот би била околу 13 милиони евра, од кои 10 ги исплатила претходната гарнитура на Коце Трајановски. „Мериот 2“ тоне во судските лавиринти ![]() На самиот плоштад, во линија со белиот хотел „Мериот“, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко сѐ уште ги гради Офицерскиот дом и деловната зграда, комплекс познат како „Мериот 2“ зашто и во него ќе има хотел од оваа позната светска франшиза. Офицерскиот дом е доведен до карабина со поставени прозорци, а другиот сѐ уште не е подигнат до дозволената висина од 29 метри, таму штрчат челичните конструкции во висина. Сега нема работници и градежни активности и меѓу двата објекта надвиснува кран. Се гледа дека работата престанала при поставување на стиропорните фасадни блокови. Двете згради, всушност, се последните од проектот „Скопје 2014“ што не се подигнати и, за разлика од другите објекти од овој потфат, тие уште на стартот беа замислени како инвестиција на приватници. Според првичните најави, на Градот Скопје ќе му припадне делот од Офицерскиот што се наоѓа на вториот кат и официјално сопственик на тој простор ќе биде државата. Таму треба да има влезен хол, матичар со архива и со служба, просторија за подготовка на младенците, голема сала за состаноци, три работни кабинети, од кои едниот за градоначалникот на Скопје, и сала за свечени приеми. Од фирмата на Самсоненко „СИС-инвест“ за БИРН велат дека привремено е попречена градбата поради стечај, кој, како што тврдат тие, бил предизвикан од непостоечко побарување и чија цел била само да се нанесе штета. Адвокатот на Самсоненко поднел кривична пријава за овој случај. „Оставаме судот и обвинителството да ги завршат овие постапки, кои, за жал, се одвиваат со низа пропратни небулози и одолжувања“, тврди фирмата инвеститор. Поради стечајот, Самсоненко не успеал да добие и кредит од Бугарија. Офицерскиот дом е со рок за изградба до 2022, додека соседниот деловен комплекс до 2023 година. Мајка Тереза“ чека идеи ![]() Уште едно градежно плашило оковано со скелиња и обраснато со треви и со грмушки е недоградената скулптурална композиција „Мајка Тереза“, која ја блокира самата улица меѓу „Мериот“ и градбите на Самсоненко. Подигната е само портата, на која зад скелињата може да се видат релјефи врз бела фасада. Работната група за „Скопје 2014“, формирана од актуелната власт, заклучи дека и споменикот на „Мајка Тереза“ е дивоградба, меѓутоа владата одлучи да не се руши. Поевтино било да се пренамени. Последната информација за неговата судбина е дека во февруари, Министерството за култура добило задача да објави конкурс на кој би се нашла идеја за пренамена. Меѓутоа, конкурсот сѐ уште не е распишан. Од Министерството за култура, за БИРН велат дека тоа ќе го направат на почетокот од следната година. Споменикот требаше да го гради Субрата Рој, меѓутоа откако пропаднаа неговите инвестиции во Македонија, објектот вреден околу пет милиони евра падна врз грбот на Министерството за култура. Министерството за БИРН открива дека потрошило 2,9 милиони евра за она што досега е изградено. https://prizma.mk/skopje-2014-pod-mraz-od-2017/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Нека изградат нешто, па ако сакаат нека рушат после...
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Што стана со работнава група, извештајот итн. итн? Или кусогледоста, мрзата и неправото се полесни од долготрајното планирање, активноста и воспоставувањето правда?
ИЗВЕШТАЈОТ ЗА „СКОПЈЕ 2014“ СОДДРЖИ ТЕШКИ ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОНИТЕ, ВЛАДАТА СЕ ВАДИ НА СЛОЖЕНОСТА НА ПРОЕКТОТ Jan 4, 2019
http://inbox7.mk/archives/5875 Edited by Staro Skopje - 05-Aug-2019 at 19:38 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Нешто поради папата или трип на Шилегов?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се демонтираат канделабрите од центарот на Скопје (ФОТО)
![]() Корисник на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледаат возила со натоварени канделабри за кои се тврди дека се демонтирани од центарот во Скопје. Коментарите на граѓаните се чудење за ваквиот однос на актуелната власт кон урбаната опрема за улично осветлување. https://skopjeinfo.mk/se-demontiraat-kandelabrite-od-centarot-na-skopje-foto Edited by stef4o - 25-Apr-2019 at 13:19 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
дечки, 2019 година е, сериозно уште ги правите муабетиве за туристите?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
ironm, ниту ме интересира Груевски, ниту ДПМНЕ, а ни малку сакам да имам портрет од Груевски во дневна соба, но ти можеш слободно да си правиш сценарија за филмови, гледам те бива.
Edited by skopskodete - 14-Mar-2019 at 13:51 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
![]() Наместо аргументи, ги нападна ад хоминем, па и прича со Груевски си направи. Во меѓувреме, Народна банка и Мајка Тереза се градат. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Си ја промашил поентата - зборувам за воздигнувањето на Скопје 2014 на
ниво на најголемо достигнување во македонската култура и историја (од
секаков тип). Ако сметаш дека единствен проблем на Скопје 2014 е
начичканите објекти, тогаш веројатно си ја промашил и улогата на
проектот. Сарказам не е за секого.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Ќе беше ова мислење на место да беше напишано пред две години. Денес изгледа по малку тажно. Знаеме дека најголем проблем со СК2014 се начичканите објектите на места на кои не треба да има објекти. Фасадите можат да се сменат, а ако се земе предвид квалитетот и самите ќе паднат за 5-10 години. Ќе биде крајно лицемерно после оправдувањето дека бетонот што требаше да биде споменик на Мајка Тереза е прескапо да се отстранува, да се зборува за отстранување на други споменици. Но од друга страна, хипокризијата е најголема одлика на сегашната влада.
Edited by Théoden - 13-Mar-2019 at 11:44 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() WIN!!!! ![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Kid_A и skopskodete релаксирано отвораат build.mk да ги прочитаат сопствените пофалби за проектот Скопје 2014 и да го отпочнат денот патриотски - онака како што прават вистинските Македонци. Наеднаш здогледуваат пост од BOJAN којшто тврди дека спомениците на нашите предци, чии гени гордо ги носиме преку 2.000 години, се грдосии и дека би биле во позитива ако ги размениме со ... не сакам ни да ги спомнам.
skopskodete не можејќи да го издржи соочувањето со реалноста чувствува како притисокот му достигнува 180 со 130 и полека почнува да се расплакува гледајќи го портретот на Груевски кој стои обесен во дневната соба, веднаш до Тајната вечера. Му навираат солзи додека помислува на сите милионски тендери за Скопје 2014 и сите тендери за непредвидени работи, а не можејќи да ги преболи тендерите за фарбање ограда од моменталната влада. Се обидува да се смири барајќи парче леб, но... нема никаде. Зарем е можно си вели после толку тендери. Наеднаш му текнува на чоколадите што Груевски му ги подари неодамна пред да замине за Будимпешта на кампување. Во меѓувреме Kid_A не верувајќи во прочитаното започнува да се тресе од нервоза. Се чини му падна шеќерот. Не може да сфати како е можно најголемото културолошко достигнување во оваа бруталистичка отоманска вукојебина да биде растргнато и распродадено од предавниците. Се прашува себеси: како ќе дојде сега некој турист воопшто во Македонија? Зарем некој би бил доволно ненормален да ги посети Шар Планина, Галичник, Струга, Охрид, Хераклеја, Стоби, Кокино, и многу други? Не... сигурен сум дека не е можно некој да ги посети, бидејќи пред Скопје 2014 само кучиња скитници одеа таму. Тресењето на телото е неиздржливо, мора да внесе шеќер што е можно побрзо. Бара од чоколадите на Груевски, но не може никаде да најде. Дури ни во кенефот. Се потсетува дека чоколадите беа делени само на тие со повисок ранг во партијата, а тој ... тој сеуште не го положил испитот за борба со пацерите! Чекај... се потсетува дека во долното шкафче под телевизорот имаше нешто благо. Трча дотаму и задишено го отвора, претурајќи низ содржината како зависник, не можејќи да го издржи притисокот. Наеднаш го здогледува таблетот и забележува дека во прелистувачот му се отворени Курир и Република. Прави рифреш. Шеќерот полека започнува да му се враќа во нормала. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Менувањето на споменици меѓу Скопје и Атина е најдоброто нешто што може да му се случи на македонскиот главен град од целокупниот процес на помирување меѓу двете земји. Такви грдосии од споменици, од типот на Филип, Александар и Олимпија, ретко кој би можел да ги земе во свои раце, а пак ако добиеме врвни дела од познати уметници, тогаш ние сме само во позитива!
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Точно. |
|
![]() |
|
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Јас знам многу туристи кои не се потсмевале на Скопје 2014. На туристите повеќе им смета ѓубрето по улиците, хаосот во сообраќајот отколку Скопје 2014.
Пред некој ден го шетав градот. Нема ниту еден проект кој моментално се работи. Најнеспособната локална власт до сега. Edited by Kid_A - 12-Mar-2019 at 21:51 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Да сакаше, Дрисла ќе беше полна со градежен* отпад. Мислењето на Пановски, со кое целосно се согласувам, е само една страница наназад. Предметот на СЈО сѐ уште е во предистрага, работната група на Владата исчезна, градоначалниците не го спомнуваат Скопје 2014. Во нормална држава овој расипнички и противуставен проект немаше да постои, во полунормална ќе беше срушен. Во ненормална си стои сред град и цел свет му се исмева.
* отстранети згради, не остатоци при градба. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |