![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5152535455 84> |
Author | |
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
секоја ден го минам тој пат и да тој е, изгледа како во австрија ама не е, од витачево е, имам постирано слики некоја страна поназад, се мислам деновиве да го ажурирам така да ке се видиме
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Ultimate варијанта ќе беше да го пре-трасираат патот, кој има премногу непотребни кривини за една ненаселена висорамнина од претежно државно земјиште.Но сепак вака се барем задоволени сите нормални услови
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Асфалтиран мостот и дел од улицата што водат кон новата населба Јака во општина Илинден
![]() Паралелно со објавите на електронските јавни наддавања за градежните парцели за изградба на семејни куќи, Општина Илинден работи на изградбата на комплетната инфраструктура за новата населба Јака. Извршено е асфалтирање на новиот мост на улица „406“ во населено место Марино, што е дел од Проектот Изградба и реконструкција на 10 Мостови во Општина Илинден. Новиот мост што ја поврзува Општината со новата населба е изграден на местото на стариот мост што беше широк нецели 4 метри и беше пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Новиот мост е со должина од 21 метар и повеќе од двојно поширок од стариот, односно, заедно со пешачките патеки неговата широчина изнесува 9 метри. Покрај мостот, како дел од реконструкцијата на улицата „406“ асфалтирани се 200 метри од оваа улица. Со реконструкцијата на оваа прометна улица чија што широчина сега изнесува 6 метри, се обезбедува подобра комуникација, и се придонесува за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот што се движат кон и од новата населба за домување Јака. Досега во локалитетот Јака се отуѓени 233 градежни парцели. Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, а се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир. ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе бидам искрен и ќе кажам дека изгледа премногу добро за да биде вистинито. Но, од друга страна, мило ми е што и кај нас некои патишта можат да изгледаат како во нормалниот свет.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Да да, сликата е од таму
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Некако, тешко ми е да поверувам дека сликата е од вистинскиот пат
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Асфалтиран регионалниот пат кон Алшар
![]() Асфалтиран е регионалниот пат Kавадарци - Мушов Гроб, кој води кон познатиот македонски рудник во пазувите на планината Kожув, Алшар. Од локалната самоуправа на Kавадарци велат дека со реконструкцијата на патот сега е полесно за жителите од десетина села од поткожувјето, кои гравитираат во тој дел на Тиквешијата, но и за работниците од неколку компании што работат во тој дел. - Заврши асфалтирањето на патот во должина од 17-ина километри, во моментов се обележува хоризонталната сигнализација. Сега сите оние што гравитираат во овој дел на Тиквешијата може да здивнат оти ги нема повеќе дупките на патот - рече Петар Емшов, раководител на подружницата на „Македонијапат“ во Неготино. Емшов кажа дека работниците во подружницата сега се ангажирани за припрема за зимски услови на патиштата што ги одржуваат во пет општини во Тиквешијата. (С.Д.) извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=90EB101FFDE03546A780721395FBE29E |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
обично селските ги прават 3.5 метри,тие што се понаселени села одат и до 4
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Kolku e sirok ovoj pat, 3m?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Пуштен во употреба патот Алинци – Шелеверци
![]() Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески и голем број граѓани присуствуваа на пуштањето во употреба на патот во Шелеверци. Станува збор за нов асфалтиран пат кој ги поврзува населените места Алинци и Шелеверци, и иситот е во должина од 2,5 километри. Со подобрувањето на патната инфраструктура ќе се подобри комуникацијата на овие населени места со градот. Вредноста на овој проект изнесува 15.000.000 ден, а средствата се обезбедени од Владата на Република Македонија. http://lokalno.mk/pushten-vo-upotreba-patot-alinci-sheleverci-2/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Заврши асфалтирањето на патот до с. Ораовец
Денес (30.09.2013) завршија градежните активности за асфалтирање на патот кој води до с. Ораовец. Механизацијата на фирмата избрана за реконструкција на патот до ова велешко село, Изолација ДС од Скопје, заврши со асфалтирање на планираните 1.500 метри (5.686 м2) од делницата. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и неговиот заменик д-р Горан Јовиќ лично присустуваа на крајот од реализацијата на овој долго очекуван проект. Тој беше финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, врз база на претходно одобрен проект на Општина Велес. Неговата вкупна вредност изнесува 10.974.007 денари (со ДДВ), од кои 85 % се обезбедени од Агенцијата, а останатите 15 % од средствата ги обезбеди општината. ![]() Градежните работи за асфалтирање на патот до селото Ораовец, кое се наоѓа на надморска височина од околу 460 метри, траеја 30-тина дена, а комплетното завршување на целосниот проект се очекува да финишира во наредните 15. Во наредниот период, Општина Велес ќе превземе и активности за изградба на канал за наводнување во должина од 250 метри кој ќе ја собира изворската вода што минува низ селото. На овој начин се отвора можноста за развој на планинскиот и етно туризам. Климата и географската местоположба, богатството на растителен и животински свет, но и добрата инфраструктура се одлична основа за развој на овој вид алтернативен туризам кој е доста значаен за нашата општина и држава воопшто. ![]() Инаку, селото Оравец има и славно револуционерно минато. Во него се наоѓаат и вечните почивалишта на двајцата велешки илинденци, гемиџијата Милан Арсов и војводата Јован Наумов-Алабакот. ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и реална е бројката-ако се земи фактот дека на секои две метра има дупка на магистралите,тогаш неможи да се вози брзо,резултат-помалку сообраќајки.недај боже да имаме рамни патишта,ќе летаат коли на сите страни.
![]() |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Nelocno e da se meri stapka na smrtnost po odreden broj na ziteli, vo primerov 100.000. Bi trebalo toa da se pravi spored brojot na votila, t.e. ucesnici vo soobrakajot.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Македонија со најбезбедни патишта во регионот
Според ЕуроРАП, сигурноста на македонските патишта е нешто над просекот во ЕУ, но пешаците се небезбедни Автопат (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски) Годишно на улиците низ светот гинат по 1,24 милион луѓе, а се проценува дека бројот двојно ќе се зголеми до 2030 година. Светската здравствена организација посочи дека погинувањето на патиштата ќе стане петтиот водечки фактор за смртност на планетата, престигнувајќи ги ХИВ/СИДА, маларија, турберкулоза и другите слични убијци. Интернет-страницата „Роуд кил“ објави интерактивна мапа на која е прикажана стапката на смртност на улиците во светот за 2010 година. Во европски, но и во светски рамки, Шведска се посочува како земја со совршени патишта. Доказ за тоа се и статистичките податоци, кои посочуваат дека во 2010 година имало вкупно 266 смртни случаи на улиците, поточно три смртни случаи на 100.000 жители. Ова е најниска стапка на смртност во индустриските земји. Во споредба со Шведска, која има 9,5 милиони жители, Македонија има значително висока стапка на смртност. Според податоците на „Роуд кил“, стапката на смртност изнесува 7,9 отсто на 100.000 жители. Педесет и осум отсто од загинатите се во автомобилски несреќи, 19,8 отсто се пешаци, 11 отсто се мотоциклисти, 4,3 отсто се велосипедисти и 6,9 отсто при други транспортни несреќи. Истражувањето на Европската програма за проценка на патиштата (ЕуроРАП) посочува дека Македонија има висока стапка на смртност на улиците. На страницата се посочува дека стапката од 7,9 отсто на 100.000 лица е релативно висока ако се земе предвид дека во развиените земји таа изнесува пет отсто. Според процените на страницата, безбедноста на патиштата е нешто над просекот на ЕУ. Сепак, се посочува дека останува предизвикот да се задржи овој степен на безбедност, особено ако се има предвид дека расте бројот на автомобилите на улиците. Страницата, исто така, посочува дека безбедноста на пешаците на улиците е на ниско ниво. Во последните пет години на патиштата на Македонија починале 1.000 лица, а над 30.000 се сериозно повредени. Во споредба со другите земји од Балканот, Македонија има ниска стапка на смртност на патиштата – Грција (12,2), Бугарија (10,4), Албанија (12,9) Босна и Херцеговина (15,5) Црна Гора (15), Србија (8,6), Турција (10,4) Романија (13,9) и Турција (12). Единствено Словенија има пониска стапка на смртност (7,2). Најлоша е ситуацијата во Тајланд, каде што стапката изнесува 38,1 отсто, што е највисока стапка на смртност на улиците во светот. (Телеграф.мк) http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/40426-makedonija-so-najbezbedni-patista-vo-regionot |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во употреба патот Струмица - село Попчево
![]() Пуштен во употреба е новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино. Во изградбата на патот кој е во должина од 6 километри се инвестирани околу 615 илјади евра. Според премиерот Никола Груевски се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци, со што во целост ќе биде изградена патната инфраструктура, а регионот ќе добие и дополнителна туристичка вредност. - Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето - вели Груевски. Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, истакна дека во периодот од 2009 до крајот на 2012 година се изградени вкупно 441 километар локални патишта во вредност од 32 милиони евра. - Во општина Струмица се изградени локалните патишта од Муртино за Свидовица во должина од 2,1 километар, Добрејци - Индустриска Зона во должина од околу еден километар и локалниот пат М-6 за селото Сачево во должина од 2,2 километри - вели Георгиевски. http://vecer.mk/?ItemID=DF16CAC30083F1459CD5CA117FE464D7 _______________________________ Премиер на една земја пушта во употреба селски пат од 6 км, и од тоа создава фама небаре пуштил во употреба автопат од 600 км - само во мојата чудесна Македонија. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Регионалните патни правци кои требаше да ги гради банкротираната Алпине бау ќе бидат готови до крајот на годината. Се работи за четири делници со вкупна должина од околу 72,5 километри на кои градежните активности течат интензивно. Првиот кој ќе биде завршен веќе во септември е патот Ангелци – Вељуса – Водоча - Баница со должина од 7,5 километри, а за кратко време потоа од агенцијата за државни патишта најавуваат финиширање на изградбата и на останатите три. ,, Регионалниот пат Радовиш – Конче – Лубница со должина од неполни 22 километри интензивно се работи исто така, таму работи друга градежна оператива и таа треба да биде готова некаде до крајот на годината. Останатите два патни правци, тоа е Струга – Дебар и Кавадарци – Мушов гроб исто така брзо се работат. ,, рече Љупчо Георгиевски – директор на Агенција за државни патишта И покрај банкротот на австриската компанија, од агенцијата за државни патишта велат дека успеале максимално да се заштитат и да ги наплатат сите банкарски гаранции . ,, Освен по основ на она што дадовме како аванс 10% кои што си ги повративме, ги активиравме и оние 10% за ненавремено и неквалитетно завршување, така да јавното претпријатие во делот за регионалните патишта ги активираше сите гаранции и си се заштити согласно онака како обврска што ја имаме.,, додаде Георгиевски Освен регинални, австриската команија Алпине требаше да гради и повеќе локални патишта ширум државата. И за нив гаранциите од околу 4,1 милиони евра се веќе активирани. Деновиве е завршен тендерот за избор на изведувачи, а според најавите за оклолу еден месец по завршувањето на изборот и добивањето на согласноста од Европската банка за обнова и развој на терен ќе започне и градежната оператива за довршување на локаните патишта. Зоран Ѓорѓиев http://www.sitel.com.mk/mk/regionalnite-patishta-go-zasilija-patniot-krvotok |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Обиколницата околу Ново Село во Штип започна да се асфалтира
Денес започна асфалтирањето на улицата „Димитар Влахов“ во Ново Село. ![]() Во изминатиот период екипи на ЈП „Штип проект“ реализираа подготвителни активности за поставување на новиот асфалт, а тоа подразбираше отстранување на асфалтот и поддршка за понатамошни зафати. Асфалтирањето започна кај улицата „Димитар Влахов“ која потоа се спојува со булеварот „Гоце Делчев“ кон излезот на Штип. - Ова е мошне важна сообраќајница за Штип и за Ново Село. Тоа е практично дел од регионалниот пат Р-601, кој поминува околу Ново Село и се поврзува на едниот крај со автопатот кон Радовиш а на спротивниот крај излегува на булеварот кој води на излезот од Штип кон Скопје. Вредноста на инвестицијата е околу 12 милиона денари, обезбедени од Владата на Македонија. Ова сообраќајница е над 2 километри а со самото тоа што е регионален пат, претставува важен влез и излез за Штип, односно своевидно лице на градот – изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој направи увид во зафатот. ![]() Оваа сообраќајница на потегот околу Ново Село, близу реката Брегалница беше и оштетена со излевањето на реката во поплавите од февруари. Градоначалникот Захариев најави дека уште најмалку 5 улици ќе бидат асфалтирани во слендиот период, вклучително патот кој води до градската крепост Исар, потоа улицата Џемал Бједиќ кај ОУ „Димитар Влахов“ и уште неколку улици во населбите Баби и Три Чешми. http://regioni.mk/foto-obikolnicata-okolu-novo-selo-vo-stip-zapocna-da-se-asfaltira/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
aleksandar111 ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Aug-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Започна асфалтирањето на улицата „Димитар Влахов“ во штипско Ново
Село. Нов асфалтен слој ќе добие и Булеварот „Гоце Делчев“, каде
деновиве се врши отстранување на оштетениот асфалт. Увид во активностите
во Ново Село денес изврши градоначалникот Илчо Захариев.
Тој истакна дека ова е почеток на реализација на проектот за средување на сите влезни сообраќајници во Штип. Дванаесет милиони денари чини реконструкцијата на улицата „Димитар Влахов“ и Булеварот „Гоце Делчев“, како транзитна линија. Средствата се обезбедени од Републичкиот буџет. По завршувањето на овие инфраструктурни зафати, наредни активности на овој план е реновирање на улицата која води до Исарот, односно до споменикот на револуцијата, што треба да започне на 2 септември. Комплетно ќе се реконструираат улиците во населбите Три Чешми и Баби, ќе се обновува делницата меѓу Чардаклија и кружниот тек, а напролет се планира да стартува реконструкцијата на улицата „Партизанска“ до Стар Караорман и патот од Три Чешми до кружниот тек. Паралелно ќе се работи на реновирање на улиците „Борис Кидрич“ и „Џемал Биједиќ“. Освен новиот асфалтен слој, на улицата „Димитар Влахов“ се средува и атмосферската канализација. http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8112-2013-08-22-11-40-29 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Дополнување на горната вест: Ќе се бришат црните точки од патиштата низ истокот http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8122-2013-08-23-12-55-58 Има и видео на линкот особено радува: За најблиската до Штип ризична дестинација, патот кон Радовиш, Георгиевски вели дека е избран изведувач за реконструкција на оваа делница и нејзино проширување од 6 на 12 метри, а работите на неа треба да бидат завршени за 11 месеци. Ова е таканаречениот експресен пат со профил 2,5 и 3,5 метри. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5152535455 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |