Author |
Topic Search Topic Options
|
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#1061 Posted: 08-Jan-2010 at 18:54 |
Дали некој слушнал за проширување на пешачката зона во насока од плоштад кон стара железничка, со премостување на улицата кај рекорд (односно нејзино вкопување во земја) и улиците кај старо кино Вардар и пред самата С. Железничка?
Мислам ова би било одлично да се спои еден појас од бит пазар-старачаршија-камени-плоштад(кеј)-улицамакедонија-старажелезничка-рамстор.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1062 Posted: 05-Jan-2010 at 18:05 |
Уште еден „грандиозен проект“ кој се завлечка со години. Нашите градски власти не се способни да инсталираат ни хидраулични столпчиња за заштита на плоштадот
 а останатите служби не се способни ни да се справат со оние кои возат и се паркираат таму
Плоштадот стана паркинг
Откако
пред еден месец во ТЦ"Лумикс" се отвори диско-клубот "69", скопјани
своите возила ги паркираат буквално на Плоштадот, веднаш до
новогодишната елка
Плоштадот Македонија секоја вечер
е претворен во паркинг. Откако пред еден месец во ТЦ"Лумикс" се отвори
диско-клубот "69", скопјани своите возила ги паркираат буквално на
Плоштадот, веднаш до новогодишната елка. Блокирани со возила се и
уличките околу трговскиот, односно делот кај ТЦ"Сити галери" и кај "Дел
мет фу" каде што возилата се испаркирани пред излозите на дуќаните.
Младите луѓе што излегуваат во диското, за да не плаќаат паркинг и
да не одат пеш, автомобилите ги оставаат пред влезот на зградата. Граѓаните
слободно можат да си паркираат на Плоштадот бидејќи влезот од
уличката кај поранешно "Блу кафе" сe уште не е затворен со
хидраулични столпчиња. Од Градот години наназад најавуваат дека ќе ги
затворат двата влеза на Плоштадот со хидраулични столпчиња, но тоа
никако да се случи. Скопјани слободно паркираат и затоа што никаде
ја нема ниту полицијата ниту пајак-службата. "Цел месец откако е
отворено диското, Плоштадот навечер изгледа како да има изложба на
најнови модели на автомобили. Ниту еднаш досега дошла полиција ниту
пајакот подигнал некоја кола", велат скопјани. Од ЈП"Градски
паркинг" велат дека тие не можат сами да интервенираат туку мораат
прво да добијат налог од полицијата, па да излезат на терен. За нив
најдобар начин да се реши проблемот со паркирањето во овој дел е да се
постават хидраулични столпчиња. Од Град Скопје, пак, велат дека
тие веќе ги поставиле столпчињата, но сe уште не функционираат
бидејќи чекале да поминат новогодишните празници. "Хидрауличните
столпчиња ќе почнат да функционираат по божикните празници, односно
од наредната недела. Откако ќе почнат да функционираат, колите ќе
влегуваат само со помош на далечински управувачи со кои ќе се
спуштаат столпчињата. Вакви апарати ќе им се поделат на полицијата,
брза помош, на противпожарната бригада и на ЈП"Комунална хигиена",
чии возила единствено можат да поминуваат по Плоштадот. Далечински
управувачи ќе добијат и кафеанџиите и дуќанџиите, на кои им е
дозволено од 5 до 9 часот наутро да вршат дотур на стока", велат од
Град Скопје. (А.А.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=C642B78195FF174082FAC97C818943B7
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1063 Posted: 06-Nov-2009 at 04:39 |
Се реновираат варошките сокаци во Охрид Нов
лик наскоро ќе добијат уличките во стариот дел на Охрид. Во изминатиот
месец интензивно се работеше на обновување на сокачињата кон улиците
Кузман Капидан и Браќа Миладиновци, кои се во непосредна близина на
Амфитеатарот.
Според најавите од локалната самоуправа, во
наредниот период планирано е поплочување и на останатите оштетени
патеки во стариот град.
- Реновирањата на уличките ќе ги
подобрат условите за живеење за граѓаните од овој дел на градот. Исто
така, ќе биде подобрена и сликата за стариот дел на Охрид, кој е многу
често посетуван од туристите - велат од Општина Охрид.
Обновувањето
на уличките е дел од проектот за изградба на пешачката патека за
поврзување на населбите Варош и Кошишта, која беше отворена во
септември. Средствата за овие активности се планирани во Општинскиот
буџет за уредување на градежното земјиште.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F685BE558772AF469DCCF70C97751DFA |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1064 Posted: 31-Oct-2009 at 16:06 |
се што треба да се направи е да се доврши Максим Горки онака како што се почна, зошто со вакви непотребни работи повторно  за се се согласувам со Dave Gahan
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#1065 Posted: 28-Oct-2009 at 16:24 |
Какви дебилни идеи се ова...а улиците и тротоарите за нас „неславните“!?
што кршиме нозе и коли секојдневно низ градов...тротоарот пред собрание (сред град) е со кратери како после војна, ама затоа мора ова да се напраи...морони сме, барем глупоста да е оригинални и невидена, ова се што се виде се преслика во Скопје, како Вегас е Скопје...само прљав и офуцан...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1066 Posted: 28-Oct-2009 at 15:45 |
„АПРИОРИ“ ЌЕ ГО ПОНУДИ ПРОЕКТОТ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР „Улица на славните“ се сели на Максим Горки?Прилеп ќе добие улица на славните пред Скопје иако проектот во метрополата се најавува речиси две години. Таму веќе е поставен камен-темелник за изведба на улицата, а во Скопје неколку градоначалници по ред не успеаја да постават ниту една плочка за познатите личности. Идејата првично беше најавена во општина Карпош, а потоа сличен проект презентираше и агенцијата „Априори комуникации“. Карпош во последните две години смени дури четири градоначалници, кои одново го најавуваа проектот и никогаш не го реализираа. Константин Икономов, еден од директорите на „Априори комуникации“, вели дека наместо во Карпош, ќе се обидат идејата да ја спроведат во Центар затоа што таму било пологично да се изведе. Иако уште пред четири месеци тој најави дека ќе побараат соработка за улицата со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, оттогаш нема ништо ново во врска со проектот. - Во најскоро време ќе се договориме да одржиме состанок со градоначалникот на Центар и да му ги презентираме сите детали за проектот „Улица на славните“. Досега бевме ангажирани со други обврски и затоа работите се пролонгираа, но проектот е активен и не сме се откажале од него. Знаците и ѕвездите кои ќе се поставуваат на улицата се авторски заштитени и напролет треба да почне реализацијата - вели Икономов. Тој додава дека и Министерството за култура било заинтересирано за проектот, но поради правни пречки не можеле да го изведат тие, па затоа предложиле инвеститори да бидат општините. „Улицата на славните“ не е новост ниту за општина Центар затоа што лани нејзиниот Совет усвои програма за култура во која се спомнуваше дека во основата на улицата Македонија ќе се вградат спомен-плочи на најистакнати македонски личности од областа на науката, уметноста и на културата. Според луѓето од „Априори“, оваа улица не одговара за проектот затоа што била преоптоварена, па затоа идејата ќе се пресели на Максим Горки, што, всушност, се совпаѓа со предизборното ветување на Тодоровиќ дека на истата локација ќе прави улица на уметноста. Од општините Карпош и Центар вчера не одговорија што се случува со најавените идеи за „Улица на славните“ и дали сегашните градоначалници воопшто планираат да ги спроведат. За овој долгонајавуван проект прв се огласи поранешниот градоначалник на Карпош, Андреј Петров, и го привлече вниманието на јавноста со најавата дека пред Драмскиот театар ќе се редат плочки со имињата на македонски музичари, актери, спортисти и други познати личности. Тогаш општинарите велеа дека веќе имаат изработен проект, кој го правеле нивните архитекти и бараат изведувач. Со заминувањето на Петров, згаснаа и сите информации за проектот. Советот на Центар, пак, најавуваше дека во изборот на славните што ќе добијат место на улицата Македонија предност ќе имаат починатите личности кои оставиле трага на ова поднебје. Свое место требаше да имаат актуелни познати македонски сликари, музичари, артисти, уметници. „Априори комуникации“ на својата презентација одржана лани ја најави „Улицата на славните“ како проект кој веќе е познат во многу градови во светот и има туристичко-едукативен карактер. Тие што би добиле своја ѕвезда на оваа улица, требаше да бидат од четири категории: уметност и култура, спорт, наука и личности што оставиле посебен впечаток кај луѓето. За тоа кој ќе добие ѕвезда на улицата, ќе одлучуваат граѓаните кои ќе гласаат за некој од номинираните од страна на независна комисија. Проектот би го финансирала заинтересираната општина, но дополнително средства ќе се обезбеделе и од спонзорства.
Холивудска улица во Прилеп
Општина Прилеп го постави камен-темелникот за патеката на славните на празникот 11 Октомври. Според надлежните од Општината, тоа е втора фаза од арт-плоштадот, кој се прави во централното подрачје. Идејата и кај нив била стара, а инспирација нашле во холивудската улица на славните. Ќе се поставуваат плочи со имињата на луѓе кои го промовирале Прилеп, од различни временски периоди, живи и починати. Проектот е на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, а инвеститор е Општината, која ќе потроши 3,2 милиони денари. | http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1851&ArticleID=125158
Edited by Cloverstack - 28-Oct-2009 at 15:45
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1067 Posted: 22-Oct-2009 at 15:39 |
41°58'51.32"N 21°26'45.06"E
Нови пешачки патеки на ул. “Михаил Чаков” |
 |
22.10.2009
Општина
Кисела Вода во рамките на своите тековни активности продлжува со
акцијата за партерно уредување на јавните површини на нејзината
територија. Во таа насока, се изградија пешачки патеки пред блокот
станбени згради на улицата “Михаил Чаков” при што се поставија павер
елементи во вкупна површина од 200 м2. Градежните работи ги изведува
фирмата “Урбан Инвест”, која со иста динамика на работа продолжува и во
наредниот период. По продолжениот викенд, работата продолжува на
улицата “Огњан Прица” бр. 22 и бр. 24, каде ќе се изградат 2 паркинга.


|
www.kiselavoda.gov.mk |
Edited by lslcrew - 22-Oct-2009 at 15:40
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1068 Posted: 05-Aug-2009 at 13:59 |
ДОДЕКА ГРАДОТ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ХИДРАУЛИЧНИТЕ СТОЛПЧИЊАСо кола преку плоштад, па на кафеГрадските власти со години најавуваат поставување нови столпчиња кај "Лумикс" и кај хотелот "Холидеј ин", но тие никако да бидат поставени Градските власти никако да ги постават хидрауличните столпчиња на плоштад Македонија кои речиси две години ги ветуваат, а со кои треба и физички да се спречи влез на автомобили во пешачката зона во строгиот центар на Скопје. Додека целиот град ги чека овие фамозни столпчиња, скопјани и понатаму непречено влегуваат на Плоштадот со коли, комбиња и со мотори, и по него возат како да е најфреквентна сообраќајница. Некои од нив колите ги паркираат до кафулињата и рестораните на Плоштадот и на улица Македонија, па пешачката зона, на која можат да се движат само возила за доставување стока од 5 до 9 часот наутро, постои само на хартија. Градските власти, како и многупати досега, ветуваат дека нивната инспекција, заедно со сообраќајната полиција, со засилени акции ќе ги казни сите возачи што со возила влегуваат на Плоштадот. Тие велат дека во тек е инсталирање на хидрауличните столпчиња, од кои едните треба да се на улицата 11 Октомври, на влезот на Плоштадот, кај објектот на "Лумикс", а другите на кеј 13 Ноември, кај хотелот "Холидеј ин". Столпчињата ќе се спуштаат само за возилата на кои им е дозволено да влезат на Плоштадот и на Кејот, и тоа само во периодот за дотур на стока. "Столпчињата на Плоштад треба да се поврзат на струја и наскоро ќе го пуштиме во употреба. На Кејот имаме проблем да најдеме енергетска точка за поврзување на столпчињата. Со нивното ставање во функција, режимот за движење со посебни дозволи ќе даде подобри резултати, затоа што ќе може да минуваат само возилата кои имаат одобрение за тоа ", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1069 Posted: 20-Jul-2009 at 15:27 |
Четворица градоначалници не успеаја да направат улица на славните |
За кратко
време на градоначалничката функција во Карпош
се изнаредија
Петров, Виларовски,
Димиќ,
па Јакимовски
и секој
одново го разгледуваше овој проект, па агенцијата
„Априори“,
којаги
има правата занего,
сега најавува соработка соопштината
Центар |
|
 |
Четири
градоначалници на општината Карпош не успеаја за една година да ја
изградат долгонајавуваната улицата на славните кај Драмскиот театар во
населбата Карпош 2. Реализацијата на проектот никако не можеше да почне
поради честите промени на градоначалничката функција. Само што ќе се
придвижеа работите, општината добиваше нов прв човек, кој ги враќаше во
почетокот.
Сево ова ги натера челниците на агенцијата „Априори
комуникации Македонија“, која го спроведува проектот, веќе да не се
обидуваат да го истуркаат во општината Карпош, туку да побараат
локација во Центар или во некоја друга општина.
- Проектот за
изградба на улицата на славните е наш и го имаме заштитено авторски.
Таа ќе се гради, според нашите планови, од почетокот на наредната
година. Дефинитивно нема да ја правиме во општината Карпош, како што
беше најавено првично. Решивме да се гради во Центар, бидејќи таму има
поатрактивни локации. Во септември треба да се сретнеме со
градоначалникот Владимир Тодоровиќ за да се договориме за условите и за
локацијата - вели Константин Икономов од „Априори комуникации“
Според
првичната идеја, која поранешниот градоначалник Андреј Петров ја
презентира уште во март 2008 година, улиците околу театарот требаше да
се реконструираат и на нив да се поставуваат ѕвезди со отпечатоци од
рацете на познатите и со нивните имиња и презимиња. Замислено беше да
се поставуваат по четири ѕвезди годишно, две за живи и две за починати
личности, а се опфаќаа повеќе категории, и тоа култура и уметност,
спорт, наука и јавен живот. Кандидатите за ѕвезда ги номинира посебна
комисија, а изборот го вршат граѓаните со гласање преку Интернет или на
други начини, за потоа да се постават мермерните ѕвезди. Процените на
Петров беа дека за целата работа ќе бидат потребни стотина илјади евра
од општинскиот буџет.
Но првата пречка што се исправи пред
оваа идеја беа парламентарните избори минатото лето. Петров беше
кандидат за пратеник, па затоа не сакаше да прави поголеми зафати, за
да не се сфатат како дел од неговата политичка кампања. Го одложи тоа
за по изборите, но влезе во парламентот и неговото место во општината
го зазеде Игнат Виларовски. Оттогаш сите тројца наследници на Петров,
еден по друг, како што доаѓаа на функцијата, се воодушевуваа кога некој
ќе им соопштеше дека постои таков проект. За сите идејата беше одлична
и заслужуваше внимание, но никој немаше доволно време за да и се
посвети.
Виларовски беше на чело на Карпош како
заменик-градоначалник од јуни до септември минатата година. Кога слушна
дека имало план да се прави улица на славните веднаш се заинтересира
како да го забрза тоа, но во октомври советот го замени и го назначи
Сашо Димиќ за в.д. градоначалник. Ниту Димиќ, кога ја зазеде
функцијата, не знаеше за идејата, па кога слушна веднаш изјави дека е
позитивна и дека такво нешто и е потребно на општината Карпош, па мора
да се реализира најбрзо што може. Неговата прва најава беше февруари
годинава, па потоа се одложи за по изборите. Сепак, како кандидат за
градоначалник тој загуби на локалните избори во март и во општината се
врати Стевчо Јакимовски. Тој разбра дека има план да се прави улица на
славните пред десетина дена.
- За нас ова е нов момент. Овој
проект заслужува внимание. Откако ќе ги разгледаме целосно идејата и
можностите за нејзината реализација, дополнително ќе се изјасниме -
велат од кабинетот на Јакимовски.
Но, според најавите од
агенцијата „Априори“, најверојатно овој пат општинарите во Карпош
залудно ќе ја преразгледуваат идејата четврти пат, ако тие се договорат
со раководството во Центар. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72091028169&id=14&prilog=0&setIzdanie=21742 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1070 Posted: 20-Jul-2009 at 02:11 |
Бутелчани се' уште чекаат плоштад
Граѓаните од општина Бутел и ова лето ќе останат без најавениот плоштад поради нерешениот имотно-правен спор за локацијата на која треба да се гради. Портпаролката Снежана Клинчарова вели дека спорот нема да биде решен пред крајот на оваа година.
-
Се' уште не може да почне изградбата на плоштадот поради нерешениот
имотно-правен спор. Наводните сопственици водат инает и со тоа се
отежнува решавањето на спорот. Се надеваме дека до крајот на годинава
ќе се реши овој проблем и дека наредната година општината Бутел ќе го
добие планираниот плоштад - изјави портпаролката.
Плоштадот
требаше да се гради во дворот на поранешното кино „Бутел“ во населбата
Бутел 2. Покрај тоа беше планирано и поставување фонтана, украсни
жардиниери како и целокупна урбана опрема. Во меѓувреме, овој простор
стана дива депонија со нарасната трева од речиси еден метар и расфрлан
отпад насекаде. Граѓаните негодуваат поради грдата слика, а се плашат и
од пожари и од зарази.
- Редно е да се преземат мерки за чистење
на овој дел од населбата - вели жител на Бутел 2.Од Општината
најавуваат дека просторот набрзо ќе биде исчистен, а за тоа ќе се
погрижат сезонските работници што беа ангажирани за чистење на сите
делови од општината.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3FA9B69B5B8D7D44999E4426B4551150 |
42° 1'19.39"N 21°26'55.68"E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1071 Posted: 19-Jul-2009 at 04:56 |
Па тука некогаш имало скали! Сега доле има велосипедска патека, а горе е пешачката. На скалите никој не обрнал внимание дека всушност треба да ги поврзуваат двете патеки. а ова од страна на скалите што од симнување точаци, што од вода и резултатот е евидентен. А не кошта многу, со неколку вреши цемент може одлично да се санираат скалите и да се направи некоја тесна рампа за кога се симнуваш по скали да не го кршиш точакот или да се килавиш него едноставно да го лизгаш од страна по некоја минимално тесна рампа. Со максимум 100 евра (што е премногу) може да се санираат едни вакви скали!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1072 Posted: 19-Jul-2009 at 03:50 |
Lsl што е ова? Некој неуспешен обид при правењето на патекиве да се направи рампа или некој сам си ја направил рампава?
Edited by La Linea - 19-Jul-2009 at 03:51
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1073 Posted: 18-Jul-2009 at 20:59 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1074 Posted: 02-Jul-2009 at 15:10 |
Уште една бескрајна приказна, уште еден „грандиозен“ проект кој се влечка со години...
ДЕЛ ОД ГРАДСКИТЕ ПРОЕКТИ НИКАКО ДА ЗАЖИВЕАТ
Хидрауличните столбови останаа под земја
Хидрауличните
столпчиња кои градот ги постави на повеќе локации околу плоштадот за да
го спречи влезот на моторни возила во пешачката зона, се уште не
функционираат. Ниту направата поставена на улицата кај сендвичарницата
„Чичко Стоилко“, ниту онаа кај хотелот „Холидеј ин“ не проработи, иако
се монтирани минатата година. Градските власти велат дека проблемот е
кај компанијата „ЕВН Македонија“, која не ги приклучила столпчињата на
електричната мрежа. - Врз основа на претходно извршени обврски кон ЕВН
за енергетска согласност, ги инсталиравме заштитните хидраулични
столпчиња на двете локации. Од неразјаснети причини, ЕВН се уште нема
обезбедено енергетски услови за поврзување на столпчињата на
електричната мрежа. Градот двапати исполнуваше обврски кон ЕВН за да ја
добие енергетската согласност“ одговорија од Град Скопје, од каде што
тврдат дека столпчињата ќе бидат ставени во функција штом ЕВН ќе си ја
исполни обврската. Од компанијата велат дека градските власти не си ја
завршиле работата до крај. - Тие не се готови на таа локација. Минатата
година имале договор за одреден помал напон на електрична енергија и за
тој платиле паушали, но потоа утврдиле дека тоа не им е доволно и
побарале да им се овозможи поголем капацитет. Барањето било дадено само
усно, а не е побарана нова енергетска согласност. Затоа не се
приклучени. Инаку нам ни е во корист да добиеме уште еден корисник на
мрежата кој ќе плаќа за услугата “ вели Ленче Карпузовска, портпаролка
на компанијата „ЕВН Македонија“. Покрај овој сообраќаен проект, кој
требаше да обезбеди ред во најтесното централно градско подрачје, со
тоа што ќе се пропуштаат само возилата за дотур на стока до кафулињата
од плоштадот и улицата Македонија, не заживеаја ни идејата со жолтите
пречки поставени на булеварот Партизански одреди. Гумените ленти
требаше да ја одвојат крајната десна лента од коловозот по која возат
автобусите од останатите две ленти по кои треба да сообраќаат другите
возила. Во практика се покажа дека ниту возилата, а автобусите, уште
помалку, го почитуваат правилото, додека поголемиот дел од поставените
пречки завршија искорнати. По два месеци откако ги прашавме одговорните
во градот што ќе биде со жолтите ленти, тие повторно го дадоа истиот
одговор, дека проектот е во фаза на евалуација и внимателно се
преиспитуваат ефектите од неговата реализација. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1746&ArticleID=116925
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1075 Posted: 19-Apr-2009 at 23:24 |
Жолтата ограда завршува до канделабра и после од другата страна на канделабрата до скалите што се за долното шеталиште има десетеина метри ограда од ковано железо.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1076 Posted: 19-Apr-2009 at 23:06 |
лсл, на такво нешто мислев, а за кованото железо немам коментар, бидејќи во моментов не можам да си го замислам како би изгледало а за оградата кај мостот во моментов не ми текнува, знам дека жолтата ограда од мостот продолжуваше до една канделабра (не е битно сега, да не ја водиме дискусијава на слепо  )
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1077 Posted: 19-Apr-2009 at 22:52 |
Ѕидчето не му треба ништо повеќе освен допро чистење или евентуално оближување со некој камен којшто ќе дава шмек на традиционалните куќи ѕидани од камен. И не смее д се исзсотави оргада од ковано железо долж целиот кеј. Комбинацијата од камен со ковано железо стварно ќе му даде еден една стилска, а и безбедносна придобивка на кеојт. Ако сте заприметиле добро кај мостот кај Холидеј Инн има само неколку метри поставено ограда од ковано железо до онаа страта канделабра и толку.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1078 Posted: 19-Apr-2009 at 22:18 |
сосема не приметив дека е осветлено иако вчера поминав од таму  аико го осветлија овој дел, нормално дека не треба тука да застанат, треба да се осветли долниот кеј, да се реновира плочникот, а мислам дека е и крајно време малку да се зафатат за средување на ѕидчето на кејот, кое може да се каже дека е дел од историјата на градов
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1079 Posted: 19-Apr-2009 at 21:10 |
Остветлен кејот од НБРМ накај Холидеј Инн.....   Плочникот не е реновиран, ама дефинитно ќе му треба зашто е прилично разрушен, а и на многу места е пропаднат како тука и има диво зеленило.....
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1080 Posted: 14-Apr-2009 at 13:25 |
блек, заборави дека секогаш се користат едни те исти бои  стварно имаме интересни улици во македонијава а ги упропастуваат со вакви глупости
|
 |