![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5455565758 84> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Датум: 19.05.2013, 15:42
ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСKИ, ДИРЕKТОР НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА Со видеонадзор до поголема наплата на патарините ![]() Изградба на нови автопати од Kичево до Охрид и од Скопје до Штип, ново проектирање магистрала од Стоби до Прилеп, осветлување на главните автопатски клучки, решавање на неколку црни сообраќајни точки, поставување нова патна сигнализација и воведување електронска патарина. Ова се само дел од проектите на кои се работи во Јавното претпријатие за државни патишта за подигнување на квалитетот и на безбедноста на патниот сообраќај. Откако лани во октомври ја презеде надлежноста за патарините од „Македонијапат“, почна со реновирање на наплатните куќички и со монтирање опрема за видеонадзор за да се засили контролата на наплатата, а вработените добија униформирана облека и поминаа обука за пољубезен однос кон возачите. Сиве овие мерки, како што вели директорот на Јавното претпријатие, Љупчо Георгиевски, резултираа со зголемување на процентот на наплата на патарините за 17 отсто во првите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани. - Наш главен приход се 20 отсто од акцизата од горивата што ни ги префрла Министерството за финансии, од патарините и од наплатата при регистрацијата на моторните возила. Ако направиме споредба со првите три месеци од минатата година, во просек, од патарините имаме зголемување на приходите за 17 отсто. Ова е добар знак бидејќи ова не е сезона на одмори или на патувања. Kај прибирањето на парите од регистрацијата има зголемување од 61 процент. Тоа е добар процент. Изразот „половина-половина“ стана синоним за мито и за корупција. Имаше неколку акции како „Змиско око“ за искоренување на неплаќањето на патарините и на проневера на собраните пари. Kакви други мерки преземате? - Засилени се контролите на вработените, во план е да се ангажираат таканаречени тајни клиенти, кои анонимно ќе ги оценуваат односот, љубезноста и ефикасноста. Со ова сакаме да ја промениме негативната слика што се создаде за нас во јавноста последниве години. На вработените им е забрането да јадат во кабините, да слушаат музика или да чуваат сопствени пари. Во овој период има неколку парични казни со по 20 отсто од платата, суспензии, па и престанок на работен однос поради непочитување на овие правила. Почнавме со поставување видеокамери кои го евидентираат работењето на инкасантите на патарините, што значи снимање на издавањето на фискалните сметки и на наплатата на патарините, а во кадарот е и регистарската табличка на возилото. Kамери се поставуваат и во кабините на вработените. Целокупниот видеозапис преку оптички кабел е поврзан со командниот центар каде што се следи во живо кој, како и што работи. До каде е процесот на воведување на новата електронска наплата на патарините и изготвувањето на вашата нова веб-страница? - До завршување на целокупната процедура и ставање во функција на системот за воведување на електронските патарини ќе поминат уште две години. Затоа презедовме чекори за нивна обнова и подигнување на квалитетот на услугата. Покрај веќе инсталираните безбедносни камери, ќе се постават и панорамски камери, стотина метри пред и по наплатните станици, преку кои во контролниот центар ќе се набљудува одвивањето на работата. Овие снимки ќе им бидат достапни на сите граѓани преку пристап на нашата нова веб-страница. На овој начин ќе може преку интернет да се следи состојбата на патарините. Разговараме со Царината за да се поврзат и граничните премини. Ќе може преку интернет во реално време преку видеозапис да се има комплетен увид на состојбата на дел од патиштата и на граничните премини. Зошто се одлучивте за моделот на електронска наплата на патарините со картички? Kои се предностите во споредба со другите модели (вињети)? - Наплатата на патарина со вињети не е во согласност со Директивите на Европската Унија за интероперабилност на системите за наплата на патарина кои се користат во Европа. Од тие причини се одлучивме за користење електронска наплата на патарина. Kакви мерки се преземаат за уредување на патната сигнализација и на стојалиштата по должината на коридорите 8 и 10, а и на другите правци пред летната сезона? - За одржување и грижа на комплетната патна мрежа е задолжена „Македонијапат“. За ваквата законска обврска редовно ни се доставуваат фактури, а од наша страна навремено им се префрлаат пари. Активно се работи на обнова на сигнализацијата и на осветлувањето. По осветлувањето на клучката кај Велес, следна е кај Стоби. Наскоро ќе се распише тендер за осветлување на автопатот од граничниот премин Богородица до Гевгелија, во должина од нецели 3 километри, како и клучката кај Петровец. Следни се неколку непрегледни делови од Kоридорот 8, кои час поскоро мора да се осветлат. Тоа е двоењето на патот кон Маврово, како и на патот Гостивар-Kичево, планинскиот превој Стража, кој навечер е многу темен, а тука многу возачи застануваат за да се одморат на пат кон Охрид. Во овој момент отпочнуваме со активности со осветлување на делот од патот од Велес кон Kадрифаково, кај селата Сарамзалино и Лозово. Последниве месеци се случија поголем број трагични сообраќајни несреќи. Имате ли увид кои се црните точки на патиштата и што се прави за тие да се сведат на најмал можен број? - Патот Велес-Штип, особено делницата Велес-Kадрифаково е една од најопасните со многу црни точки. Готов е проектот со кој ќе се одбегнат постојните остри кривини и стрмнини. Наскоро ќе почне експропријацијата на земјиштето за да се прошири патот. Сметам дека нема да има проблеми околу тоа бидејќи ова е од интерес на граѓаните. Ќе се изведе делница од 24 километри, која наместо сегашните 6 метри, ќе биде широка 12 метри, што значително ќе ја подобри безбедноста на сообраќајот на овој правец. Во првата фаза комплетно ќе се обнови коловозот од клучката Велес до велешката депонија во должина од 3 километри, како и деловите од патот што поминуваат покрај населените места Сарамзалино и Лозово. Проектот е готов и откако ќе добиеме одобрение од ЕБОР, ќе го распишеме тендерот за избор на изведувач. До крајот на август ќе се заврши проектната документација за следните 9 километри до првото населено место. За тука ќе ни треба одобрение за градба бидејќи патот ќе се проширува од постојните 6,20 метри на 12 метри. Значи, во секој правец ќе има по две летни со ширина од 3,5 и 2 метра. Дали интервенирате на други црни точки? - Да. Еден од таквите патни правци е новопроектираната делницата од Стоби кон Прилеп. Таму се проектира нов пат, со што ќе се избегне сегашниот стар пат кој минува низ населени места. Новопроектираниот пат ќе биде широк, со благи кривини и по него ќе се вози со сто километри на час наместо со сегашната брзина од 60 километри на час. На овој правец се предвидува да се пробијат и два тунела. За безбедноста на сообраќајот многу се важни и други елементи, како еластичните огради на коловозите, патоказите, сигнализацијата, осветлувањето. Засега, по Kоридорот 10, до Велес, се поставени големи патоказни табли кои навремено ги известуваат возачите каде треба да свртат. Ќе се продолжи со клучката кај Велес, а потоа и до Стоби. Паралелно се работи и на Kоридорот 8. Kога ќе со обнови автопатот од Велес кон Скопје, кој е многу оштетен? - Ова е уште една црна точка. Ако во обратен правец успеавме да го направиме попристоен со реконструкција на коловозот, овој дел е во многу лоша состојба. Изработена е комплетна проектна документација од наша страна и доставена е до ресорното министерство. Најавено ни е дека овој проект ќе биде финансиран од ИПА-фондовите. Ќе се гребе целиот асфалт за да се стави нов слој и ќе се менуваат еластичната ограда и патната сигнализација. Исто така, во тек е тендер за изработка на проектна документација за рехабилитација на автопатот од Kуманово до Миладиновци и назад. Се планира комплетно отстранување на постојниот асфалт, ќе се израмнува коловозната површина, ќе се поставува нов слој на асфалт, како и комплетно нова сигнализација. Врз кои регионални делници ќе биде ставен акцентот годинава? - Покрај делниците Велес-Kадрифаково и новиот пат за Прилеп, годинава ќе се завршат уште четири регионални патни правци. Лани, поради недоволна ангажираност на изведувачот и незапазување на роковите, беа раскинати договорите и беа наплатени банкарските гаранции. Сега се избрани нови домашни изведувачи и деновиве треба да се парафираат договорите од двете страни. Станува збор за довршување на градба на патните правци Ангелци-Вељуса-Водоча, Радовиш-Kонче, Kавадарци-Грушокоп и Дебар-Струга, во вкупна должина од стотина километри. Секако би ги навел и делниците Арачиново-Липково, клучката Брвеница на Kоридорот 8, патот до Сончев Град и Тетово-Јажинце. МарЈан Блажевски Нови автопати од Миладиновци до Штип и од Kичево до Охрид - Проектот за оваа автопатска делница, од наша страна, е целосно готов, а елаборатот за експропријација е доставен до правобранителството за реализација. Kолку што сме информирани од фактурите на граѓаните што ни доаѓаат за исплата на преземеното земјиште, експропријацијата во голем дел е почнато и завршена. Но бидејќи ова е сериозен потфат и ќе чини многу пари, Министерството за транспорт и врски заедно со Владата презема сериозни активности за обезбедување на финансиската конструкција. Очекувам многу брзо, до крајот на годинава да го затвориме ова прашање и да се почне со градба. Во слична фаза за доработка е проектот за автопатско решение за делница од Kичево до охридскиот аеродром, од каде што се двои патот кон Охрид и Струга. Во завршна фаза е прецизирањето на делницата од околу 60 километри, се додефинира трасата, по што ќе се отпочне со експропријацијата на земјиштето. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6BD5B7B01ACBCA4DBB0C4B80E4A3388A |
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
Здраво, знае ли некој каде може да најдам кој го добил тендерот за реконструкција на Р108 секција мушов гроб витачево 16,3км со вредност од 2,5М евра со пари од ЕБОР. Ме интересира за да видам до кога е рокот за завршување
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Милион евра за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар
Започна втората фаза за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар. Според Вицепремиерот, Муса Џафери обновата на овој регионален патен правец со должина од околу 20 километри е еден од владините приоритети. „Покрај овој пат гравитираат над 100 илјади жители и затоа е многу важно тој да се направи во целост. Иако работите започнаа пред локалните избори, ние покажуваме дека активностите за реконструкција и асфалтирање на продолжуваат согласно планот“, рече Џафери. Како што информираше директорот на ЈП Македонија пат, Гајур Кадриу работите наскоро ќе бидат целосно завршени, а вкупната вредност на инвестицијата е над еден милион евра, пари од буџетот на претпријатието. Инаку стариот пат Тетово-Гостивар започнува од тетовската приградска населба Мала Речица и минува низ две други полошки општини, Боговиње и Врапчиште – Неготино за да заврши во Гостивар. http://faktor.mk/archives/44143 ____________________ Јас, пак, си мислев дека ќе го реновираат коловозот на автопатот/експресниот пат Тетово-Гостивар и обратно, зашто кога во февруари поминував низ него, се запрепастив од дупките, нечистотијата и запуштеноста. Edited by Џоле - 24-Apr-2013 at 13:20 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Се надевам и јас исто.
Редно е да почнат кај нас сите компании да си ги местат инсталациите подземно. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Се надевам дека под нови бандери подразбираат расвета а самата инсталација ќе оди под земја. Редно е овие 2 компании да се присилат полека да си ја средуваат мрежата.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Петок, 12 Април 2013 10:41
Екипи на ЕВН и Телеком започнаа со дислокација на електро енергетската мрежа и поставување на нови бандери на новата улица во Стопански Двор.Новата улица ќе ги поврзува населените места Ново село, Кисела Јабука, Волково и Стопански Двор. Истовремено таа ќе биде главна комуникација на овие населени места со заобиколницата кон коридорот 8 во правец на Тетово и коридорот 10. Улицата ќе биде широка 7 метри и ќе има тротоари од по 2 метри на двете страни а вкупната должина ќе изнесува 1200 метри. Градежните работи ќе ги изведува ГП „Илинден” од Струга и ГП „Бетон” од Скопје. За овој проект издвоени се средства од општинскиот буџет. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Да пренесам дел од вест која ме заинтересира :
„Според известување добиено од инженеринг компанијата „Геинг“, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково. На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај село Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија,
се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна
сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни
се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од
патот.“ |
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
да и ти си во право, витачево е плато и јужен ветер дува најмногу навечер, кога ладниот воздух од планината се спушта по витачево.....
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Ова ми го зборуваше еден од постарата генерација инжињери во Фени (пред да биде затворена и продадена фабриката), не го тврдам јас но ми звучеше логично (секако бидејќи не сум имал точни информации за правецот на ветрот кој дува во кавадарци),иако мислам дека на витачево често дува јужен ветер.Можеби и не е така,сепак точно е дека фабриката е огромна грешка за едно подрачје како Тиквешкиот регион, богато со плодна површина која барем 10% засекогаш ќе биде унаказена и контаминирана со прашина од тешки метали.
|
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
http://i1056.photobucket.com/albums/t379/elnino83/lenta.jpg
да точни ти се податоците ама дека не е изградена на витачево оти ветерот бил јужен и ке влијаело на кавадарци, не е така, ружата на ветрот во кавадарци е 85% северен и 15% северозападен...така да сега повеке го чувстуваме а оние со викендички на тиквешко езеро они си знаат кога ке дувне ветерот по Црна, го носе дури до полошки манастир....фабирката е изградена за да се развие кавадарци, оти кавадаречките политичари биле мокни и себични, со тоа извршија миграција на гоните села во кавадарци и допринеа за нивно опустошување......фени е грешка што е близу до градот.... |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Да да токму така тоа е трака за превоз на руда за во фени, јас знам дека е најдолга во Македонија пошто учев по географија во школо и се секјавам. Занам дека не е секогаш во фукнција односно не работи бидејки донасаат руда од грција и работи само по потреба
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Ова е транспортната лентата на Фени која е долга 36.5 километри (од рудникот Р'жаново кај С.Рожден до фабриката Фени).Служи за траспорт на руда и своевремено била многу "голема работа"(во смисла на архитектонско решение).
Ке пробам да најдам детални информации за неа на нет ако постојат воопшто.Знам дека била најдолга во светот и дека имала специфични карактеристики на формата за рудата да не почувствува нагорнина и надолнина. Колку што јас знам била направена кога главната суровина во фабриката се добивала од овој рудник (моментално само околу 20% кои ги користат за мешање и добивање на квалитет) за да се намалат трошоците за превоз.Претходно било планирано фабриката да се гради на висорамнината Витачево (близу до рудникот), но после неколку истражувања заклучиле дека постојаниот јужен ветар ќе ја носи штетната прашина од оџаците право во Кавадарци, затоа ја изградиле каде што е сега каде ветерот струел по течението на реката Црна Превозниот капацитет е 450-550тони на час. Edited by zdravozivo - 01-Mar-2013 at 02:26 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
јас мислам дека е траката за дотур на фероникел рудата од рудникот Ржаново кој се наоѓа на самата граница со Грција,па до топилницата Фени.
Ако не сте знаеле има околу 40 км ваква трака, и во поранешна СФРЈ се сметаше за најголема глупост да се направи толкава разлика од рудникот до топилницата.Замислете се затега лагер на 25 км и ја сечи траката додека не се запри.И колку време треба да се отиде до тоа место и да се најде каде е? А сервисирањето? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Малку офтопик, но гледам патот неколку пати го сече некаква си транспортна лента. Знаеш ли за што се работи?
![]() |
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Ски центарот изгледа беше даден на погрешен човек, тоа е една од поголемите причини зошто сеуште неможе да го разработат.На пример оваа година поради не платени сметки им беше исклучена струјата,па сопствениците на хотели од кавадарци мака мачеа да ја поправат состојбата,барем за оваа сезона.
Првите 30% од овој пат (Кавадарци-Витачево) беа реконструирани минатата година.Останатиот пат од Витачево до С.Бохула е асвалтиран и е во солидна состојба,но е изграден без никакви стандарди (премногу тесен,со нагли и непрегледни кривини и угорници,всучност тоа е некогашниот земјен пат само асвалтиран без преправање).Од С.Бохула до ски центарот преостануваат уште 15 километри земјен пат каде би отишле најмногу финансии при изградбата. Знам дека досега овој правец е претставен како тешка мисија,но воопшто не е така. Се работи само за 15км малку проширување и 15км нов пат. Неспособноста на Општина Кавадарци да го реализира е друга приказна. Според моменталната ситуација за од Кавадарци да стигнам до ски центарот преку Гевгелија имам за возење околу 130км(во иднина и патарини) за разлика од овие 51км.Во зимски услови патот преку Гевгелија е покриен потполно во снег околу 15км,а овој преку Кавадарци е покриен 20км. Ако си од Западна Македонија и доаѓаш од кај Прилеп,Битола пак и те како ти е важна оваа разлика. Лично мислам дека овој пат е идната основна врска на ски центарот со македонските посетители,а оној преку Гевгелија за грчките.Затоа наместо пред секои избори да се фалат дека ќе го направат,редно е веќе еднаш да го решат и да го заживеат ски центарот. Edited by zdravozivo - 28-Feb-2013 at 16:30 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Мислам дека патот од кавадаречката страна кон ски-центарот Кожуф ќе го завршат таму некаде во јуни 2054 година. За да се изгради овој пат треба да има туристи на ски-центарот Кожуф, а мислам дека моменталниот развој на овој зимско-рекреативен центар не ни дава за право да помислуваме на евентуален нов пат.
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
![]() Кавадарци - Ваташа - Витачево - Страгово - Крњево - Чемерско - Бохула - Прв бивши земјен воен (ЈНА) Радњански аеродром - Втор бивши земјен воен (ЈНА) Радњански аеродром - Сечилиште на дрва - Ски-центар „Кожуф“. Вкупна должина: 51 km. Патот од Кавадарци до Ски-центарот „Кожуф“ кој е замислен и планиран да се гради од страна на Ски-центарот „Кожуф“, истрасиран е веќе неколку години. Се чека негова реализација. Моментално од С.Бохула па натаму возможно е да се вози само со џип. Оној кој го возел, може да потврди дека е многу адреналински и опасен, посебно од Радњанските бивши ЈНА земјени аеродроми па до Ски-центарот, каде што на некои места гумите буквално возат покрај работ од бездна длабока стотина метри. Во иднина е возможно и поврзување со автопатот Е-75 од С.Крњево преку С.Барово до Демир Капија со обновување на постоечкиот пат од петнаесетина километри. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Понеделник, 25 Февруари 2013 19:03
Поради паднат мост кај месноста Три Води - Рич, сообраќајот на овој патен правец е во прекин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.На останатите магистрални и регионални патни правци во државата сообраќајот се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Зачестена појава на поситни одрони е можна на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.http://kurir.mk/makedonija/vesti/105178-Padna-most-kaj-mesnosta-Tri-Vodi--Ric-soobrakajot-vo-prekin _______________________________________________________________________
Понеделник, 25 Февруари 2013 20:00
Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е во прекин поради свлечиште кое денес се случи околу 17:45 часот.![]() Екипите на Македонија пат се излезени на терен и превземаат мерки за расчистување на патот. http://kurir.mk/makedonija/vesti/105177-Svleciste-na-patot-Veles--Skopje |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Eve video kade na 14:00 ke go vidite znakot. Videte (15:10) gi i "shinite" (vdlabnatinite) na desnata kolovozna lenta na avtopatot E75 od Kumanovo prema Skopje. http://www.youtube.com/watch?v=rUToc_fQTAo |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ај вака да биде попрегледно иначе благодарам ОЦБ.
стр.29 Член 38 (1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да седвижи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60 километри/час. (3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од: - 130 километри/час на автопат; - 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и - 80 километри/час на други патишта. (4) На патот надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5455565758 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |