Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1161 Posted: 21-Feb-2009 at 19:12 |
Калето е на Баиро!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1162 Posted: 21-Feb-2009 at 18:52 |
Зборував за името на Битола. Баш во 1016 го измислиле името? Глупости, а името на Скопје од која година потекнува? Него ајде. А калето не сум сигурен каде е, само знам дека 99% од луѓето во Битола не го викаат така сигурно.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#1163 Posted: 21-Feb-2009 at 17:45 |
црквата и битолското кале воопшто не се некаква измислица. Се работи за големата царска црква во Битола во која бил крунисан синот на Цар Самоил, Гарврило Радомир. По конечното освојување на Битола од страна на Турците црквата била запалена. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1164 Posted: 21-Feb-2009 at 15:07 |
Се планира возобновување на некаков храм кој Турците го урнале при нивното доаѓање во Битола. Во 2014 се одбележувале 1000 години од неговото постоење, а воедно и 1000 години од името Битола (ова не знам од кај им е но нема врска). И се берат донации, да се реконструира. Рендери не најдов, но има една флеш анимација што тече со слики од црква, па веројатно е таа. Инаку не знам ни каде е ова битолско кале, веројатно некое новоизмислено име по теркот на скопското кале за ридот над Битола со турски, германски и еврејски гробишта, како и тој крстот (веројатно не се вика и тој милениумски), и неколку црквички. Еве го линкот за иницијативата, и еве што викаат:
Членовите на иницијативниот одбор се
обединија околу идејата за реконструкција на Катедралната Црква Успение
на Пресвета Богородица која се наоѓа на Битолското кале и датира од 10
век.
Оваа Црква е сместена на ридот кој се вика Кира Марица од каде што Битола се гледа како на дланка.
Значењето на Црквата е големо не само поради преубавата градба но и
поради фактот што во оваа Црква на 10 октомври 1014 година крунисан е
за Цар на Македонија Гаврил Радомир син на Царот Самоил. Тој е
претпоследниот македонски Цар.
Владиката
Петар даде благослов за почеток на оваа иницијатива и изградба на оваа
толку важна црква не само за Битола но и за цела Макдеонија.
Токму
поради големото значење што го има овој локалитет за минатото на градот
особено што во 2014 година Битола ќе слави 1000 години од крунисувањето
на Гаврил Радомир а во 1016 и 1000 години од своето име, ние група на
граѓани покренуваме иницијатива овој локалитет да влезе во културната
мапа на градот и покрај Хераклеа секој посетител на Битола да може да
го посети и ова место и да се запознае со богатата култура на
македонискиот народ.
За
реализација на оваа цел добредојдени ќе ни бидат сите средства кои ќе
доаѓаат од граѓаните не само од Македонија но и од сите други краишта
од светот каде живеат Македонци. | http://www.bitolskokale.org.mk/index.html
Edited by гитардемон - 21-Feb-2009 at 15:09
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1165 Posted: 15-Feb-2009 at 18:22 |
Originally posted by lslcrew
Владимир може координати од новоапостолската црква! BTW сателистаката антена! ...
|
Во близина на „Палма“ слаткарницата 42° 0'12.74"N 21°23'14.26"E
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1166 Posted: 15-Feb-2009 at 16:46 |
 па така и го сварив на почеток но вчера ме удри в глава нешто поинаква лупа, па затерав избетониран озбилизам. во секој случај сакав да фрлам малку прашина на водата што ја пушти, за да не се отепа некој попат случајно, вака бар интелектуално калосан ќе замине со аналогијата за зографијата - живописанието.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1167 Posted: 15-Feb-2009 at 16:38 |
Originally posted by beTon
Зоографи Јас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...
|
па е изведено заради сликање и животни по фреските, една буква милион значења, животно е ζῷον, а ζωγραφιά (zographia) е живoпис однсно од ζω - "live" + γραφή - "writing", значи не биле зографи оние што сликале животни туку оние кои изобразувале вистинити "живи" слики за животот на Господ Исус Христос и Светителите односно преку слика го символизираат духовниот живот, а воедно и со тоа на сликовит начин го проповедале Евангелието на Љубовта.
|
Јас се шегував со 'познавањата' на новинарот, ако не на старогрчкиот (старомакедонскиот  ) тогаш на модерниот македонски. Зоо=животно, зографизо=цртам... Затоа се зографи, бидејќи цртаат, а не зоографи бидејќи тогаш ќе треба да цртаат животни. Какви дебили се новинарите...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1168 Posted: 15-Feb-2009 at 07:38 |
Владимир може координати од новоапостолската црква! BTW сателистаката антена! Секогаш интересно изгледаат верски објекти во некој модерен стил, нормално и со испочитувани канонски правила секогаш може да се направи многу на поле на верските објекти. Вакви православни цркви знаат да изградат македонците по дијаспората. Иако понекогаш знаат да отстапат од она што значи црква, знаат да навлезат во некои подруги води делумно, сепак внесуваат нови вкусови во македонските верски објекти. Нормално почит и кон старите стилови кои со векови опстојале и се препознатливе, ама сепак сакам да видам вакви објекти. Особено ми се свиѓа онаа црквата што беше планирана меѓу аеродром и лисиче. Имаме некој рендер поназад.
Edited by lslcrew - 15-Feb-2009 at 08:34
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1169 Posted: 14-Feb-2009 at 21:31 |
Зоографи Јас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...
|
па не е изведено заради сликање и животни по фреските, една буква милион значења, животно е ζῷον, а ζωγραφιά (zographia) е живoпис однсно од ζω - "live" + γραφή - "writing", значи не биле зографи оние што сликале животни туку оние кои изобразувале вистинити "живи" слики за животот на Господ Исус Христос и Светителите односно преку слика го символизираат духовниот живот, а воедно и со тоа на сликовит начин го проповедале Евангелието на Љубовта.
Edited by beTon - 28-Mar-2009 at 06:32
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1170 Posted: 14-Feb-2009 at 20:29 |
И ваква црква сме имале - Новоапостолска црква, во Тафталиџе 2
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1171 Posted: 09-Feb-2009 at 14:13 |
Зоографи  Јас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1172 Posted: 09-Feb-2009 at 04:17 |
Соборниот храм две децении моли да биде завршен
Наспроти значењето на храмот „Свети Климент Охридски“ за МПЦ и
големите приходи што ги остварува, тој се' уште стои незавршен и без
најави дека наскоро тоа ќе се направи

Црнила по ненасликани ѕидови, но и на постојните фрески од илјадниците запалени свеќи, пајажини
што висат од прозорците и по големиот кристален лустер, фреските
прекриени со црнила е сликата која зборува за недовршеноста, но и за
негрижата за Соборниот храм на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Скопје,
цели две децении од неговото осветување. Наспроти значењето на храмот
за МПЦ и за верниците, како и големите приходи што храмот ги остварува
од верниците, тој се' уште стои незавршен и без најави дека наскоро ќе
биде завршен. Поразително звучи и фактот дека последните две децении
Македонската православна црква не вложила во ниту една фреска. Токму од
оваа епархија неодамна беа платени 1,5 милион евра за купување на
хотелот „Изгрев“ крај Струга, за кој се врзува големиот скандал во кој
беше вовлечена и МПЦ.
- Голем дел од ѕидовите зјаат празни, што
не е одлика за православен храм. Недостојно е тој така да изгледа по
толку години откако е отворен. Зарем МПЦ нема пари да го заврши
осликувањето на фреските. Сигурен сум дека тоа не чини толку многу за
да не може да се плати, негодуваат верници што го посетуваат храмот.
Православните
верници се незадоволни од незаинтересираноста на МПЦ да го заврши
храмот со оглед на приходите што секојдневно се остваруваат од
продажбата на свеќите, но и од други верски услуги што им се даваат на
верниците. Соборниот храм „Св Климент Охридски“ беше осветен на 12
август 1990 година во периодот кога на чело на МПЦ беше архиепископот
г.г. Гаврил. Настанот се случи по градбата што траеше цели седумнаесет
години. Надлежноста на храмот сега ја има Скопската епархија, со која
началствува поглаварот, архиепископот Стефан.Свештениците од МПЦ,
упатени во изградбата на храмот, велат дека најголем проблем се
финансиите, но и ангажманот на зоографите.
Верниците се
незадоволни од разните изговори на свештенството и велат дека од
памтивек црквите биле богати.- Верник сум, ама тешко одам в црква. Стар
сум и тешко се движам. Сликата што ја гледам во Соборниот храм ме
потсеќа на мојата старост, тешко се движат промените и разубавувањата.
Но, разликата е што тоа е верски објект, како старее, треба да биде се'
по драгоцен и побогат. Соборниот храм изгледа младо, но запуштено.
Целата внатрешност е црна од свеќите, зјаат празните црковни ѕидови, не
и' прилегаат на православна црква. Прозорците се црни, а грандиозниот
лустер не е веќе чист и убав. Не сакам да богохулам, но денес храмот е
банка за пари, а многу малку од тие средства се вложуваат во него. Не
ми е сеедно кога кога ќе слушнам дека челниците на МПЦ дале милиони за
купување хотел, а немале да го средат Соборниот храм, негодува еден
осудесетгодишен скопјанец.
Отец Томе Петковски, кој работи во Соборниот храм од осветувањето, вели дека поради низа проблеми храмот не е довршен.
-
Финансиите секако дека се една од главните пречки за доуредувањето на
храмот. Но, уште поголем проблем ни преставува зачадувањето на
внатрешноста од свеќите. Во првичниот проект за црквата на четирите
мали куполи требаше да се сместат аспиратори за прочистување. Но, во
последен момент проектот се смени. Најлесно решение е веќе да не се
палат свеќи внатре во црквата, туку, како во други православни цркви,
тие да се палат надвор. Прво треба да се решат некои технички работи,
па да се продолжи со уредувањето на внатрешноста на храмот, објаснува
Петковски.
Соборниот храм во внатрешноста е голем околу 900
квадратни метри и може да прими околу четири илјади верници во
приземниот дел и околу две илјади во галериите. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1E2C80503257094787EE73FBC5261045 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1173 Posted: 09-Jan-2009 at 00:43 |
Во Карпош ќе се гради реплика на охридска „Света Софија“

Планирано е во мај да почне да се гради црква која ќе се вика „Свето Благовештение“
Карпошовци повторно живеат во надеж дека, конечно, ќе добијат црква
во својата општина. Откако не се реализираа најавите за изградба на
храмот „Свети Стефан“ во Влае, за кој и по четири години стојат само
осветени темели, општината најавува нов проект за верски објект. Кон
крајот на мај, во близина на спортската сала „Партизан“ во Карпош 3, би
требало да почне да се гради црква „Свето Благовештение“ која ќе биде
мини-верзија на охридската „Света Софија“.
Општинарите за
објектот веќе поседуваат готов проект изработен од архитектот Јован
Стефановски-Жан и речиси затворена финансиска конструкција. Од Карпош
пресметале дека реализацијата на проектот ќе ги чини 400.000 евра, за
што општината ќе издвои 100.000 евра, а другите средства ќе се
обезбеделе преку донации, за кои неколку компании и стопанственици веќе
дале сигурни гаранции.
 Црквата
ќе се гради според проект на архитектот Јован Стефановски-Жан и на
површина од 400 квадратни метри. Во нејзината околина е предвиден и
мини-плоштад и подземен паркинг
В.Д. градоначалникот Сашо Димиќ е убеден дека изградбата на црквата
ќе ги запази роковите, бидејќи маркичката за објектот е предвидена со
Деталниот урбанистички план, а нема пречки ни околу сопственоста на
земјиштето. Токму тие два елемента беа главна кочница за изградбата на
„Свети Стефан“ во Влае, за која беше поставен камен-темелник. „Деновиве
ќе се дефинираат сите активности што ќе ги реализираме со МПЦ. Треба да
се регистрира Здружение на граѓани за изградба на црквата, по што ќе ја
почнеме и постапката за одобрение за градба. Ако се се' одвива според
планот, најдоцна до мај планираме да го поставиме камен-темелникот, а
за една година објектот да биде изграден до фаза карабина, па
истовремено да започне и неговото внатрешно уредување“, вели Димиќ, кој
не е обесхрабрен во намерите за реализација на проектот, имајќи предвид
дека речиси во секоја општина и по повеќе од три години црковните
објекти не можат да се доизградат и покрај тоа што општините издвоиле
поголеми суми за нивна изградба, а во меѓувреме нашле и донатори.
Инаку,
в.д. градоначалникот тврди дека општината не се откажала од
реализацијата на проектот за „Свети Стефан“ во Влае. Напротив, вели
Димиќ, проблемите околу сопственоста на земјиштето се речиси пред
конечно разрешување.
Проектот за новата црква го одбрал Синодот
на МПЦ. Сепак, иако е готов, според најавите од Скопската епархија, тој
ќе претрпи дополнителни измени.
„Заклучивме дека се неопходни
корекции на проектот за да биде усогласен со ДУП. Архитектот веќе
работи на нив“, ни изјави вчера Коста Станоевски, секретарот на
Скопската епархија.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=62D0354108B2FD4FAEEB2995AEF5842C |
Edited by lslcrew - 09-Jan-2009 at 00:44
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1174 Posted: 04-Jan-2009 at 03:01 |
Еве две слики од внатрешноста! Од линкот:
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1175 Posted: 03-Jan-2009 at 21:41 |
Владимир Манастирот Свети Наум Чудотворец не е во иста состојба како што беше, но бидејќи се гради со донации, работите одат лека пополека но се комплетирано освен фреско-живописот! но од лани откако Архиепископот Г.Г.Стефан ја отслужи Велигденската Литургија таму работите се забрзаа! инаку темелите на манастирот се осветени 1990 година а Дедо Михаил првиот Архиепископ на самостојна Македонија почина во 1999 година и неговото тело (најверојатно по негова сугестија) беше положено во тој Храм кој во тој момент беше во фаза на карабина. ситуацијата на терен е прилично готова, уште треба да се доврши живописот во сите зони! еве слики од последната Литургија која таму ја отслужил сегашниот Архиепископ Г.Г.Стефан По Литургија - манастир Св. Наум, Скопје (03.07.2008) preminportal.com.mk/content/view/2187/83/
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1176 Posted: 03-Jan-2009 at 20:48 |
Мислам дека е во иста состојба
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1177 Posted: 03-Jan-2009 at 18:47 |
Дали некој знае што се случи со таа црквата каде што го погребаа поранешниот архиепископ г.г. Михаил? Како се викаше црквата? Нели кога го погребаа уште беше карабина црквата или нешто така, па се бунеа зошто го погребале таму. Знае некој?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1178 Posted: 02-Jan-2009 at 19:24 |
40 цркви се градат во Преспанско-пелагониската епархија
Петок, 02 Јануари 2009 17:41 |
Околу
40 цркви во моментов се градат во Преспанско - пелагониската епархија,
изјави митрополитиот преспанско-пелагониски и администратор
австралиско- новозеландски, гсподин Петар. Тој се надева дека во текот
на оваа година ќе биде поставена плочата на големиот соборен храм
„Свети Апостол Павле".
-Во моментов при
крај е изградба на долната црква посветена на Свети Апостол Павле каде
е спомен храмот Собор на македонските светители кој се состои од две
цркви. Едната е во просторот под олтарот, во завршна фаза е, а втората
ќе биде од плочата па нагоре, тоа е таа голема црква - вели г.Петар.
Интензивната градба треба да продолжи ако се соберат доволно пари, најави митрополитот.
-Исто така
радоста е голема што во самиот круг на црквата се најде разбирање
односно се понуди еден донатор, ктитор поточно кој веќе при крај ја
гради црквата посветена на Свети Атанасиј, тоа а Драган Герзовски -
вели митрополитот Петар.
При крај се и
градежните работи околу изградбата на манастирската црква „Свети Јован"
кај германските гробишта, а повеќе цркви се градат и во прилепско. За
една од поголемите цркви во Прилеп, посветена на Света Петка, на
последната донаторска конференција биле собрани околу 55.000 евра.
Цркви се градат и во австралиско-новозеландската епархија.
-Во завршна фаза
е соборната црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица. Во
текот на идната година се надеваме дека ќе биде завршена целоснота
градба на, конаците се при крај, на црквата со иконостасот, тоа е
манастриската црква „Свети Петка" во Порт Кембл - вели г. Петар.
Црковните и
градските власти се уште не се договориле на која локација ќе се гради
црквата посветена на светецот заштитник на Битола, Свети Нектариј.
Според митрополитот Петар, таа црква треба да се наоѓа во централното
градско подрачје.
-Сметам дека кога
веќе на таа локација доминираат две џамии и римокатоличката црква, тука
треба да се најде и таа црква, да се види мултиконфесионалноста во
Битола во смисла на тоа дека ако порано градот бил повеќе муслимански
отколку христијански, денес е повеќе православен, па православната
црква треба да има свој храм - додава митрополитот.
Изминатата година
преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија ја
завршија и со плодна издавачка дејност. Издаден е првиот том од
капиталното дело со празнични и месечни богослужби, а во печат е
вториот том. Митрополитот Петар потсети дека досега епархијата успеала
да си врати околу 80 проценти од имотот кој бил национализиран. |
|
преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2547&Itemid=106
Edited by гитардемон - 02-Jan-2009 at 19:25
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1179 Posted: 27-Dec-2008 at 00:03 |
Скопје ќе добие копија на охридска Св. Софија
Со Господ
напред, ако се се одвива според предвидениот план, ќе почнеме до крајот
на јануари, најави в.д. градоначалникот Саша Димиќ
Во
Реонскиот центар Карпош 3, во близина на спортската сала Партизан ќе се
гради црква според оригиналната верзија на охридската "Света Софија" од
17 век. в.д. градоначалникот на Општина Карпош, Саша Димиќ најави дека
проектот е готов, го изработил архитектот Јован Стефановски - Жан, а за
името на верскиот храм ќе одлучи Светиот Синод. Во моментов,
информираше Димиќ, тече постапката за прибирање на документите за
добивање на градежна дозвола. - Со Господ напред, ако се се одвива според предвидениот план, ќе почнеме до крајот на идниот месец, најави тој.
Димиќ вчера имаше средба со поглаварот на Македонската православна
црква, г.г. Стефан, на која го разгледувале проектот, а разговарале и
за реализираните активности и за плановите во врска со изградбата на
црквата. - Проектот предвидува максимално искористување на просторот
од 1800 метри квадратни, на која ќе се гради црква од 400 квадрати.
Целата околина хортикултурно ќе се уреди, ќе има мал плоштад, а се
предвидува изградба на подземен паркинг, сала за крштевка, трпезарија,
канцеларии - рече Димиќ и додаде дека заокружена била и финансиската
конструкција на проектот. Од буџетот на Општината ќе бидат издвоени 100
илјади евра, а имале најава за донации од повеќе стопански субјекти,
фирми и од граѓаните.
Во Општина Карпош нема црква, па со изградба на верскиот храм би се
исполниле долгогодишните барања на верниците од овој дел на градот.
Православните христијани, жители на Карпош, за празниците и сите верски
обреди одат во црквите во Ѓорче Петров или во Центар. Ова е втора
иницијатива за изградба на црква во Карпош, по онаа пред четири години
кога во Влае беа осветени темелите на храм посветен на Свети Стефан.
Иако општината обезбеди финансиски средства и беше изготвен проект,
работите запреа поради нерасчистени имотноправни работи.
Црквата во Карпош 3 е предвидена со измените на деталниот
урбанистички план за реонскиот центар. На овој потег се предвидува да
се изградат и два хотела, спортски терени, комерцијални и деловни
објекти, објект со намена за социјални грижи, а планирана е и изградба
на споменик.
http://vecer.com.mk/?ItemID=74C5557B9E394E4A9F43341212FB7766 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1180 Posted: 23-Dec-2008 at 16:38 |
@ ovaj_stariov Изгледа рачно си ги куцал координатите  Нема потреба од тоа, едноставно во google earth ставаш placemark на локацијата за која се збори и ги пастираш каде што треба latitude/longitude (кои ги има во прозорот што се појавува при ставање на placemark) Исто така доколку сакаш да најдеш каде е некоја локација според координати што ги има поставено некој друг, едноставно ги пастираш во fly to и ја кликаш лупата или ентер и те носи директно таму
Edited by Cloverstack - 10-Jan-2011 at 04:04
|
 |