build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Цветан Димов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 19-May-2010 at 14:53


Погледни подобро, со класично средишно зеленило треба да се рушат цели згради кои немаат врска со урбаниот хаос, а исто така на голем број легитимни објекти така коловозот би им дошол буквално до влез, без простор ни за тротоар. Мислам дека тоа е апсолутно нереално сценарио.

Од друга страна, некаква средишна препрека (ете на крај краева може и некаква тесна жардињера, 1 метар е повеќе од доволна ширина за нешто да се изведе во средина) би спречила сообраќајно дивеење. Преминување на пешаци ионака не може да се спречи со класично средишно зеленило. Важно е да има некаква препрека, ама со минимална ширина. Просторот реално не може да издржи преголем луксуз во таков правец.


Edited by Cloverstack - 19-May-2010 at 14:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 19-May-2010 at 14:30
Рачинај дека без средишно зеленило значи вртење кој каде му текне и пресекување обратен правец, поголема охрабреност за проаќање улица кајшто нема пешачки премин. А тоа што треба да се руши има само неколку цврсти објекти, све друго е од време карактер некои стари трафичиња и куќарчиња. Тука повеќе би жртвувал да нема да речеме велосипедска патека од страната на Гази Баба. Алексгиж малку повеќе е крива линија од страна на Бит Пазар. Средишното зеленило од тука е многу тесно и дури понатака се проширува. Значи не е толкав проблем како што изгледа. Со импровизација од типон на Илинденска ќе се добие само уште еден ред за паркирање и пак истатат зафрканција. А вака доколку се жртвува велосипедска патека, се постави потесен тортоар, и лентите за од центар накај Чаир се од некој потесен профил, и притоа се продолжи пораксата да се оддржува градежната линија во урбанистичките планови, со тек на време ќе се сведе на многу помалку објекти за експропријација.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 19-May-2010 at 13:10


Од ова што го прикажа, мислам дека средишно зеленило на овој потег не доаѓа во предвид. Додека без средишно зеленило (што со оглед на околностите воопшто не е трагедија) би било сосема изводливо, се разбира доколку сериозно се зафатат со реализација.
Профил 2х3 (и уште ако се среди хаосот со паркирање на десна лента) би овозможил задоволителна проточност. За понатака треба да се размислува на ЛРТ-трамвај по оваа траса, што би го редуцирало профилот на 2х2, но со реализација на проекти како тунелот под плоштад или бул. Хрватска, мислам дека и тој профил ќе биде задоволителен.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 19-May-2010 at 09:21
Овде најверојатно ќе одат без средишно зеленило. Како и да е, се надевам дека ќе прошируваат само од источната страна, да не направат втора Илинденска, пред се поради дрвјата. Јас сметам дека идеално е ако може дрвјата од источната страна да не се сечат, а да се дел од некое средишно зеленило, меѓутоа тоа тешко ќе оди.

Еве како би одела линијата со фул профил, 3 ленти од двете страни со средишно зеленило (црвена линија), и без средишно зеленило (жолта). Се гледа дека како и да се оди, ќе има многу за рушење...


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 18-May-2010 at 17:53
42° 1'9.38"N 21°26'53.65"E Еве како всушност треба да изгледа по цела должина Цветан Димов. Градежната линија е воочлива од сателит така да нема простор за импровизација. Тие неколку објекти што се испречени мислам дека општината може многу добро да ја реши експорпријацијата, особено што е од директно општинско значење и е главна општинска артерија. Мислам дека не би имало никаков проблем доколку проектов се претстави како општински и доколку општината го води пробивањето на трасата.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 18-May-2010 at 16:10
Како човек засегнат од ова прашање, би го кажал следното: десетина објекти, од оние вечно привремените, се веќе претворени во цврсти градби со по 2-3 спрата. Незнам како ќе ги натераат сопствениците да ги срушат. Полицијата неможе да исчисти една лента од паркирани возила, а камоли да почнат да рушат нешто.

Пред некое време цртав, пробував да видам како би изгледало тоа проширување, ако се направи како што треба да се направи. Не се сеќавам дали го имав постирано на форумот, но ако го најдам фајлот ќе го постирам пак.

Инаку, не толку офтопик, поставија банкини долж надвозникот кај битпазар, со што конечно е решен еден огромен проблем и потенцијална опасност. Технички гледано, сеуште постои една делница преку која е можно свртување 180 степени (кај поранешните семафори од страна на Чаир), меѓутоа тоа е доста мал дел.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 18-May-2010 at 14:57
Очигледно и за Цветан Димов се спрема една импровизација од типот на Илинденска на потегот до зоолошка.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 18-May-2010 at 14:51
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА ПОСТОЈАНИОТ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ
Цветан Димов закрчена од автомобили

Даниела Трајковска


Редици од автомобили, кои повеќе од 20 минути стојат во место или се движат по принципот тргни-застани, е секојдневната слика на скопската улица Цветан Димов, во населба Чаир. Оваа улица е една од најфреквентните во општината, која што ги поврзува Чаир, Бутел, Радишани и другите населби и населени места од тој реон со Бит-пазар и со центарот на Скопје. Улицата има четири ленти, по две за секоја насока, но проблемот е во тоа што последните две не се користат за возење туку за паркирање, поради што се создава голем метеж во сообраќајот. Граѓаните постојано се жалат на метежот, многу често доцнат на работа, а децата на училиште, затоа што освен што возилата едвај се движат по коловозот, треба вистинска умешност да се премине улицата. Од секторот за урбанизам во Општина Чаир велат дека вината за ваквата состојба не е до нив и дека сообраќајните проблеми треба да ги реши сообраќајната полиција. - Потребна е почеста асистенција на полицијата со пајак-службата. Градот Скопје е информиран за состојбата, и од нив се очекува да стават повеќе знаци за забрането паркирање. Без Градот ние не можеме ништо - вели Омерфази Билали, раководител на општинскиот сектор за урбанизам. Состојбата ја влошуваат и контејнерите, кои се наоѓаат на коловозната лента, па дополнително го блокираат протекот на автомобили. Од Општината велат дека неколкупати е побарано од Градот заедно да излезат на терен за да се разгледа состојбата со контејнерите, се со цел да се направат џебови каде тие би се сместиле, но од Градот не добиле никаков одговор. - Контејнерите кои се таму поставени би требало да стојат на тротоарот на улицата за да не претставувале пречка во слободното движење на возилата. Нашите служби контејнерите по празнењето ги ставаат на тротоарот, но граѓаните на кои очигледно им пречат така поставените контејнери ги враќаат на улицата, велат од јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Автобусите имаат уште поголем проблем за да се пробијат низ метежот. Од ЈСП „Скопје“, велат дека улицата претставува сериозен проблем за нивните превозници. - Секое утро од 7.30 до 9.30 часот владее сообраќаен хаос. Нашите автобуси стојат и не можат да го запазат возниот ред, за што потоа се јавува револт кај корисниците на градскиот превоз, обвинувајќи ги нашите возачи дека не го почитуваат редот на возење - тврди директорот на јавното сообраќајно претпријатие Мишо Николов. На улицата честопати може да се види полициската патрола, заедно со пајак-службата, но и нивната асистенција не е од голема помош. Веднаш штом ќе заминат автомобилите повторно се редат на улицата. - Дневно се поднесуваат од 80 до 100 прекршочни пријави, за сите возачи кои што го прекршуваат Законот и непрописно застануваат и паркираат на улицата. Патролата секојдневно дејствува на терен заедно со пајак-службата. Во летните и во пролетните денови има и пешачка патрола која изрекува казна во висина од 45 евра или 25 казнени поени - изјави Лиза Бендевска, портпаролка на МВР-Скопје.


Улицата ќе се проширува

Наместо постојните четири ленти улицата ќе добие вкупно шест ленти, по три за секоја насока.
- Во моментов има барање за изработка на сообраќаен проект, со кој што ќе се направи план за проширување на улицата. Од двете страни на улицата има привремени објекти, кои ќе треба да се дислоцираат целосно од местото, или, пак, само малку да се поместат наназад - изјави Јован Христовски од секторот за сообраќај.
Откако ќе се подготви проектот ќе се преговара со граѓаните и, како што вели Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, ќе им се објасни важноста на проширувањето бидејќи станува збор за улица која што е основниот крвоток на општината, но и за Бутел и за Радишани.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2024&ArticleID=141004
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 15-Jul-2009 at 11:02
Се асфалтира улицата Цветан Димов

Сообраќајниот режим на улицата Цветан Димов денеска од 7 до 19 часот ќе биде променет затоа што ќе се асфалтира дел од десната коловозна лента. Од Град Скопје информираат дека асфалтот на оваа чаирска сообраќајна артерија ќе се става од почетокот на средишната жардиниера, се до нејзиниот крај кај мостот, во насоката од Чаир кон Бит-пазар. Сообраќајот во тој период преку премини ќе биде пренасочен на левата коловозна лента на улицата, по која ќе се вози во двете насоки. Од Градот апелираат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат кон привремениот режим на движење.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1757&ArticleID=117791
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 23-Mar-2009 at 00:10

Сообраќаен хаос на улицата „Цветан Димов“

По улицата се вози тргни-застани, оти ризикот да се појави автомобил или пешак секогаш е присутен

Снежана Калабакова

Непрописно паркирани возила на тротоар или на коловозна лента, па дури и на автобуските постојки, пешаци кои претрчуваат и автомобили кои со голема брзина излегуваат од малите и тесни споредни улички од населбите, е секојдневната слика на улицата „Цветан Димов“ во општината Чаир. Најголема фреквенција на автомобили има во делот на Јаја-пашината џамија. Возачите овде не се придржуваат на сообраќајните правила, не покажуваат сообраќајна култура и никој не почитува ни предност ни знак ако наумил да се вклучи или исклучи од улицата. Хаосот што се случува секојдневно таму, особено во фреквентните утрински и попладневни часови кога луѓето одат и се враќаат од работа, ги прави нервозни сите учесници во сообраќајот.

Но, факт е дека сообраќајните правила на однесување не ги почитуваат ниту пешаците. По улицата „Цветан Димов“ се вози тргни-застани, бидејќи редовно се случува од некаде ненадејно да се појави некој автомобил или пешак. Опасноста да се вози по оваа улица е голема, а ризикот некој да настрада е постојан, независно дали е пешак, или возач. Се чини како во овој дел на градот да не важат сообраќајните правила, но, исто така, и како многу малку да се присутни сообраќајната полиција и Пајак-службата.

Од семафорите кај клучката детелинка до спојот на „Цветан Димов“ со улицата „Џон Кенеди“ владее хаос. Ваквата состојба ја потврдуваат од СВР-Скопје, но тврдат дека сообраќајната полиција не само што е присутна туку и дека постојано казнува.

„На тоа подрачје дејствува моторна патрола на сообраќајната полиција заедно со Пајак-службата за отстранување непрописно паркираните возила. Во летниот и пролетниот период има и пешачка патрола која врши обиколка. Во февруари се поднесени 46 прекршочни пријави од областа на сообраќајот и 20 за паркирање на коловоз. Казната изнесува 45 евра или во замена 25 казнени поени во возачката книшка“, вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.

Според полициските податоци, минатиот месец биле поднесени 23 прекршочни пријави за паркирање спротивно на сообраќаен знак. Казната за овој вид прекршок е 25 евра или 15 казнени поени. СВР-Скопје на улицата „Цветан Димов“ регистрирало и паркирање на автобуска постојка, за што сообраќајната полиција наплаќа глоба од 200 евра, а казнети биле тројца.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E1E518105FDEBE4B9317ADEFFE7C2064
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 16-Oct-2008 at 16:35
Imase specialno mesto zacrtano za kontenjerite,ali ovie od komunalna higiena se krivi oti na niv polesno im e da gi ostavat na trotoar, za ova sum gi videl so moi oci.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 16-Oct-2008 at 09:01
Овој булевар е еден од најприоритетните на Скопје. 70000 е значителен двоцифрен процент од Скопјани. Овој според мене е еден од најприоритетните булевари или па тунелот под кале којшто значително ќе го растерети булеваров. Вистинска катастрофа е да се вози по ова, а некаде поназад пишав еве сега пак ќе пишам. Гужвата на битпазар не ја создава сегашната дијамант-раскрсница, него гужвата ја создава цветан-димов во правец накај чаир и самиот пазар во правец накај центар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 16-Oct-2008 at 08:54

Сообраќаен хаос на „Цветан Димов“

И граѓаните и возачите се жалат на контејнерите поставени на коловозот кои го отежнуваат сообраќајот

Снежана Калабакова

Паркирани возила од двете страни на улицата, меѓу нив постојано претрчуваат пешаци и недисциплинирани возачи кои од уличките лево и десно непрописно се вклучуваат и возат брзо. Ваквата редовна слика на улицата „Цветан Димов“ во кое било време од денот е надополнета со контејнери поставени од левата и од десната страна. Поради тоа, улицата станува уште потесна за нормално одвивање на сообраќајот. Иако контејнерите се само пасивни учесници во сообраќаниот метеж на улицата, сепак, дополнително пречат и придонесуваат за хаосот, зашто низ ова тесно сообраќајно грло секојдневно влегуваат и излегуваат повеќе од 70 илјади чаирчани и бутелчани.

Еден жител од околните згради раскажува како неодамна приватен автобус, тргнувајќи од автобуската постојка, како вагони од воз ги повлекол сите три поставени контејнери, а потоа заедно со нив заглавил во металната ограда на булеварот. Напомош морале да притрчаат патниците, кои ги влечеле контејнерите за да може возачот да го откачи автобусот.

На контејнери поставени на коловозот на „Цветан Димов“, но и на други градски и општински улици, во ЈП „Комунална хигиена“ често се жалат не само граѓани, туку и возачи од јавниот градски превоз. Сепак, од претпријатието се оправдуваат дека локациите на кои ќе бидат поставени контејнерите се избираат заеднички со Општината или со Градот, од каде што потоа се издава и одобрение.

„Во претпријатието има неколку поплаки од возачите на ЈСП и на приватните автобуси. Можеби има можност да се понудат нови микролокации за поставување на садовите за собирање смет, но располагаме со габаритни возила кои тешко можат да дојдат до нив. Контејнерите не би требало да се на улица, но заедно со Општината и Градот е решено каде тие ќе стојат“, вели Исмет Душки, раководител на екопатролата во ЈП „Комунална хигиена“.

Авни Калаба, одговорен за информирање во Општина Чаир, вели дека Општината е одговорна само за поставување на контејнерите на локации кои се на општинските улици, додека за градските улици одобрение дава Градот. Улицата „Цветан Димов“ е градска, па оттаму и веројатноста градските власти да дозволиле контејнерите да бидат поставени на коловозната лента. Од „Комунална хигиена“ велат дека не ретко се случува нивните садови за смет да ги преместуваат и самите граѓани.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1861A46A125236449ABAD929F77395AA


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.