build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 07-May-2010 at 17:37
Се сложувам Ненад дека Бугарија во моментов има поприоритетни правци, но не би се сложил дека коридорот 8 е битен само за Македонија. Јас не би го гледал тоа само како транзитна паневропска артерија, туку за едно природно поврзување на градови/земји со кои комуникацијата била нарушена во последниов век од вакви или онакви причини.

За приоритети мислам дека скоро зборувавме, и дефинитивно треба да се заврши коридор 10 пред да се фати било што друго (остануваат само уште 30на км). Следен би го приоретизирал Скопје-Блаце а веќе потоа би се зафатил со реализација на еден нов сегмент од коридор 8. Како што некои форумаши предлагаа, згодно би било да се почне можеби од Охрид со оглед на тоа што тамошниот терен е лесен и би била една "брза победа".

А да, заборавив мора веднаш да се инвестира и во реконструкција на Скопје-Куманово и Скопје-Велес кои се во ужасна состојба. Другите автопатски делници кои ги имаме се во ред.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 07-May-2010 at 16:13

Целата идеја за давање на патните правци под концесија мене ми се допага. Доро е што владата признава дека како држава немаме сила да изградиме автопат, не ја пика главата во песок. А кога веке дозволуваме други да градат, тогаш треба и да им се оствви профитот, а не да се жалиме отпосле колку само малку пари ке сотанале во државната каса. И така тој профит нема да биде голем. Немаме доволно проток на возила за изградбата да биде профитабилна, така да инвеститорот ке мора да се задоволи со мали профит маргини. Затоа и мислам дека нема да има голем одзив, и дека државата сепак ке мора да помогне со инвестиции барем за некои правци. А тоа ке се отегне.... 

Овде би кажал и неколку збора за коридорите. МОјата теза е дека тие се пренагласени, посебно коридорот 8. Без сомнение тој е многу важен за Македонија, но не е важен за Бугарија. Затоа тоа е политичка одлука дали и со која динамика ке се гради. А ке се гради уште неколку децении, тука мислам на автопатско и железничко решение  по целата должина. Без Бугарија коридорот 8 е само празно слово на хартија. а немам впечаток дека тие го ставиле како приоритет, тоа им е правецот Истанбул Софија НИш Белград Западна европа. Турција освен преку Бугарија преку Виа Егнација е поврзана со Италија и Европа.   Така да не гледам логика за толку врева околу коридорот 8. 

Да нема недоразбирање, тој е важен за наше внатрешно поврзување, но исто така а можеби и поважно е да се поврзат Струмица и Скопје, преку Радовиш и Штип. Тој правец е битен за да се овозможи населениоето кое гравитира на пр околу Св НИколе да патува на работа во Скопје. 

Со еден збор треба да повторно да се разгледаат нашите приоритети и ако трба да се изменат, но без мешање на политиката.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 06-May-2010 at 19:35

Македонија

Тендерот за патиштата ќе се отвори на 20 мај

среда, 05 мај 2010, 17:13Реализацијата на проектот за изградба на нови 380 километри автопат низ земјава ќе започне најрано на средината на наредната година. По неколку одложувања на 20 овој месец властите ќе ги отворат понудите на заинтересираните компании кои во замена за инвестицијата ќе ги добијат автопатиштата на концесија од 35 години. Премиерот Груевски изјави дека станува збор за проект вреден околу 1,2 милијарди евра. Според него, станува збор за макотрпен процес, а имало доста заинтересирани компании.

За да успее да привлече повеќе компании владата е подготвена и да ги субвенционира заинтересираните концесионери со 200 милиони евра, а во пакетот ќе ја додели и веќе изградената скопска обиколница и автопатот Скопје-Гостивар. Според првичните анализи потенцијалниот концесионер ќе треба да потроши околу една милијарда евра за изградба на источната и западната траса патишта, а од патарините и другите приливи ќе заработи 2,3 милијарди евра. Државната каза за целиот период ќе се збогати само за 260 милиони евра.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=21885


Edited by lslcrew - 06-May-2010 at 19:37
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 05-May-2010 at 17:55
Има интерес за концесија на патиштата

Скопје, 5 мај - За првиот пакет патишта кои треба да се дадат под концесија, а за што е објавен тендер, има интерес и се очекува изградбата на предвидените делници да почне во средината на наредната година.


Ова го најави премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања - Тендерот што е објавен е во самиот финиш и до крајот на овој месец треба да приврши. Целта е да се привлече концесионер кој ќе изгради поголем број автопатски решенија односно делот Скопје - Блаце, Коридорот 8 од Крива Паланка до Романовце и од Гостивар - Струга до албанска граница и Скопје - Миладиновци, и делот Свети Николе - Штип - Кочани, изјави премиерот Груевски.
Станува збор за инвестиција од 1,2 милијарди евра која ќе се реализира откако ќе биде избран концесионер.


- Засега има добар интерес и се надевам дека тој интерес ќе биде изразен и на денот кога ќе се доставуваат понудите. Потоа ќе следува евалуација, па преговори за потпишување на договори, па изнаоѓање финансиска конструкција. Тоа е еден макотрпен процес, бидејќи се работи за крупна инвестиција и доколку успееме на средината на следната година да почне физичка градба на дел од овие автопатишта ќе бидеме презадоволни, истакна премиерот. (МИА)лни, истакна премиерот. (

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2026&Itemid=106
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 03-May-2010 at 02:45
На оваа страна ја има тендерската документација за концесионирање на патишта. Има некои детални информации, а и некои мапи видов од трасите, па може да ни разјаснат многу.

http://www.mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=1340
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 06-Apr-2010 at 13:34
EVE I MALKU POOPSIRNO........    

Патиштата (пре)крупен залак и за големите странски компании?

Што се случува со тендерот за концесија?

patista
Што се случува со тендерот за концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава по должина на транспортниот Коридор 8, односно Исток-Запад? Неодамнешното најново одложување на рокот до кога заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди ги покрена гласините дека не му оди и на овој мега проект, чија вкупна вредност е околу милијарда евра. Поточно, последното трето пролонгирање на крајниот рок за доставување на понудите за 30 дена, односно за 4 мај, на овој меѓународен тендер, со кој практично треба да се воведе концесионерството во изградбата на патната мрежа во Македонија ги подгреа сомневањата и претпоставките во крајниот позитивен исход на овој зафат.

Притоа, некои првични експертски мислења се дека тендерот нема да успее зашто станува збор за неатрактивни патни делници, а за други вкупната цена на проектот од една милијарда евра е прекрупен залак и за странските, а не само за домашните компании. Сето тоа, нормално, се врзува нетрактивноста на земјава за поголеми инвестициски вложувања, како последица на се уште нерешените стратешки политички прашања околу нејзините европските интеграции, потоа традиционалната болка – малиот пазар, односно недоволната сообраќајна фреквенција во текот на годината по патните делници кои се нудат за концесија, како и неможноста за пораст на транспортните движења , како резултат на се уште присутните транспортни, гранични и царински ограничувања во регионот.

И се така во недоглед, велат, е дел од причините за статус кво состојбата со овој тендер, кој се уште чека на официјалниот старт.
Деновиве песимизмот во врска со овој зафат го искажаа и од  Стопанската комора на северозападна Македонија, од каде што во повеќе наврати го истакнаа значењето и потребата од развој на сообраќајната инфраструктура во населените места, кои лежат на трасата на транспортниот коридор Исток - Запад.

Имено, според Шефки Алити, иако има заинтересирани за овој тендер, и тоа од големите европски фирми, тој нема да успее зашто патните правци што се даваат на концесија имаат мал проток на возила. Ваквото мислење е составен дел и на проценките и на стручната и на обичната јавност во земјава и според многумина тоа е и најголемата недоумица, која ги колеба инвеститорите да влезат во еден ваков проект.

Наспроти овие песимистички гледања и црни прогнози, во Министерството за транспорт и врски ја смируваат топката и велат дека засега се е в ред. Односно, дека, како што при последното прологирање на крајниот рок за добивање на понудите беше соопштено од овој ресор, а тоа потоа го потврди и ресорниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – одлагањето го побарале повторно заинтересираните компании.

А, Министерството го прифатило нивното барање  со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава. Поради тоа се промени документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација). Министерот Јанакиески истакна дека е убеден дека проектот за воведување на концесионерството во изградабата и модернизацијата на патната мрежа во земјава  ќе биде успешен. Зашто, како што посочува, постои голем интерес од реномирани големи компании кои можат да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија и веќе имаат локални претставници и работат на потребната документација.

Од Министерството, исто така, укажуваат дека за интересот на компаниите зборува и податокот дека на преклани распишаниот јавен повик со цел да се види првичниот интерес на заинтересираност, се јавија дури 48 компании, финансиски институции и конзорциуми. И тоа од Европа, односно од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Турција и Грција, но и од Северна Америка, Кина и Индија. А, меѓу заинтересираните беа и австриски “Шрабаг” и “Рајфаизен инвестментс”, хрватска “Ингрa”, американската “Бехтел”, грчката “Tерна” ... Со оглед на респектабилните имиња на овие компании и така големата првична заинтересираност, од Агенцијата за патишта  веќе посочија дека очекуваат на претстојниот тендер да се јават четири-пет сериозни компании, кои во конзорциум ќе можат да ги исполнат строгите тендерски услови за ваков тип проекти.

Сепак, иако со најновото одлагање,  наместо 143 дена, колку што имаа досега, заинтересираните компании сега добиваат вкупно 173 дена да се вклучат во овој  проект. Во исто време, тоа ќе повлече и продолжување на рокот за доставување понуди во втората квалификациона фаза. А, тоа ќе значи и временско прологирање и на целокупната постапка за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, што првобитно се проценуваше на најмалку една година. 

Инаку, како што е познато, Министерството за транспорт и врски во средината на ноември минатата година го објави јавниот повик за прибирање понуди од заинтересирани компании, или конзорциуми, за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци, по трасата на Коридор 8, во вкупна вредност од околу една милијарда евра .  И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен, со вкупно 196 километри. Притоа, за источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434  милиони евра, додека за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.

Концесионерите ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат овие патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години. Но,  истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. Меѓу условите за квалификација на фирмата или водечкиот партнер во конзорциумот на овој тендер се да има вкупен годишен промет од најмалку 500 милиони евра, искуство во проектирање и изградба на автопат од најмалку 100 километри, во последните пет години и искуство во реализација на договор за концесија, која вклучува изградба, одржување и користење на автопат од најмалку 100 километри во последните 10 години. Покрај ова, за првиот пакет патишта се бара и банкарска гаранција од 14 милиони евра, а за вториот - 17 милиони евра.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      http://www.biznis24.com.mk/node/7064

Edited by Cloverstack - 06-Apr-2010 at 15:03
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 06-Apr-2010 at 12:15
ИНВЕСТИТОРИТЕ ИЗБЕГНУВААТ ДА БИДАТ КОНЦЕСИОНЕРИ
Нема јунак за нашите патишта

Елена Костовска

Слабиот интерес за изградба и за стопанисување со македонските патишта по третпат го продолжува рокот за доставување понуди, предупредуваат упатените. Тие како причина ги наведуваат големината на проектот, кој е со мала заработка, како и односот на Владата кон странските инвеститори. Стручњаците сметаат дека Владата здобила лоша репутација зашто не го почитува договореното и ги брка странските вложувачи. Министерството за транспорт и за врски донесе одлука место до четврти април, заинтересираните компании да можат да ги достават понудите за јавниот оглас за давање под концесија на патните правци до четврти мај. На јавниот оглас, распишан во ноември минатата година, под концесија на 35 години се даваат патните правци по Коридорот 8 поделени во два пакета, источна и западна концесија. Во концесијата се вклучени и патишта што се веќе изградени, како што е обиколницата околу Скопје и автопатот Скопје - Гостивар и патни правци што не се дел од Коридорот 8, како што е патот Кочани - Штип. Концесионерот ќе има обврска во рок од осум години да изгради автопат, а во наредните години ќе треба да ги одржува патиштата и да наплатува патарина.
Во Министерството за транспорт и за врски тврдат дека рокот за доставување на понудите е продолжен за да им се овозможи на заинтересираните компании да ја комплетираат потребната документација за јавниот оглас. Ова е трето одложување од истата причина.
- Постои голем интерес од сите реномирани големи странски компании што може да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија. Се работи за голема инвестиција од околу една милијарда евра, така што компаниите мора да направат и свои дополнителни анализи и им треба повеќе време да се јават на повикот - вели министерот Миле Јанакиески.
Според експертот Сем Вакнин, давањето на патиштата под концесија како форма на јавно - приватно партнерство е најупотребуваниот модел на градење јавни објекти, посебно во земјите во развој. Овој модел е препорачан и од Светската банка, а годините на стопанисување со патиштата се движат од 15 години во развиените земји, до 75 години во некои земји во Африка- Концесија од 35 години е разумно за Македонија, но никој не сака да соработува со македонската Влада зашто овој временски период значи дека треба да се венча со неа. Необично во овој јавен оглас е што се даваат и патишта што се веќе изградени - вели Вакнин.
Според поранешниот министер за транспорт и за врски Џемали Мехази, многу е важно за развојот на земјата да се завршат коридорите 8 и 10.
- Ова е голем проект, кој како идеја постои одамна и јас, во принцип, го поддржувам. Завршувањето на коридорите е од голема важност за економијата на земјата зашто овозможува поврзување со другите земји и излез на море. Секој ден доцнење е загуба за Македонија - вели Мехази.
Сепак, тој додава дека не е сигурен дали е одбран најдобриот начин за нивно завршување зашто вклучувањето на правците што не се дел од Коридорот 8 може сериозно да го намалат интересот на странските компании поради нивната помала исплатливост.                                                                                                                                             http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1986&ArticleID=137786 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 01-Apr-2010 at 16:41

Ќе пропадне ли тендерот за концесија на патиштата?

Ќе добие ли земјава модерни европски патишта. Се уште е статус кво проектот за изградба на неколку патни правци на ниво на автопат, од старана на концесионер. Иако тендерот е објавен, по трети пат се одлага рокот до кој заинтересираните компании треба да ги достават понудите.. Под концесија се даваат веќе изградени патишта во источна и западна Македонија, но и нови патни правци долж коридорот 8. Претпоставките на експертите се дека тендерот нема да успее оти овие патни правци не се атрактивни за концесионерите.
„ Нема да успее тој тендер иако има заинтересирани. Има интерес од големите фирми во Европа ама сум песимист дека може нешто да се направи оти тие патишта имаат мал проток на дневни возила и тешко ќе поминат концесиите„-Изјави Шефки Алити, Стопанска Комора На Северозападна Македонија

Наспроти прогнозите на експертите, Министерот Јанакиески е убеден дека проектот за концесионерство ќе биде успешен.

„самите заинтересирани компании побараа повеќе време за подготвување на документацијата, постои голем интерес од сите реномирани големи компании кои можат да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија, веќе имаат локални претставници и работат на документацијата“- Изјави Миле Јанакиески, Министер За Транспорт 31.03.2010

Доколку се избере концесионер ќе има обврска да ги изгради и реконструира патните правци во рок од осум години. Со нив ќе стопанисува 35 години - период во кој и ќе наплаќа патарини. Во меѓувреме виси и проектот за модернизација на петте патарини долж Коридорот 10. Иако интерес имаше од страна на многу компании, тендер не се објавува и нема одговор дали министерството за Транспорт се откажува од овој проект..
01.04.2010, 13:23
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58972
  
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 29-Mar-2010 at 22:31

ПОСТАПКАТА ЗА КОНЦЕСИОНЕРСТВО НА ПАТИШТАТА ПОВТОРНО ПРОЛОНГИРАНА


Место 4 април, доставување понуди до 4 мај


Од Транспорт велат дека новото одлагање за нови 30 дена на стартот на концесионерската постапка за патиштата е со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација


Министерството за транспорт и врски по трет пат го пролонгира рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава. Место 4 април, вчера Министерството јавно објави дека го пролонгира рокот за доставување понуди за доделување на концесии за патната мрежа долж транспортниот Коридор 8 за нови 30 дена, односно до 4 мај.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски, и ова ново одлагање е со цел да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава.
-Пролонгирањето е по барање на заинтересирани компании кои сметаа дека им треба повеќе време за да ја комплетираат документацијата - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.

Токму поради тоа, се врши измена и на документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација на кандидатите), а која може да се подигне во ресорното Министерство. Со тоа, заинтересираните компании, потенцијални патни концесионери во земјава, наместо 143 дена, колку што имаа досега, сега имаат вкупно 173 дена да се вклучат во овој мегапроект, тежок околу една милијарда евра. Истовремено, тоа ќе повлече и продолжување и на рокот за доставување понуди во втората фаза на постапката за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, а ќе се пролонгира и рокот за спроведување на целокупната постапка за доделување на патните концесии, што досега се проценуваше на најмалку една година.

Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година, објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридор 8. И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.

Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој голем инфраструктурен зафат, дури 48 странски и домашни компании првично пројавија интерес.

Светлана БЛАЖЕВСКА
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FCC18056EA91954F9FBDC485B213D444

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 29-Mar-2010 at 18:53


Море доколку се оствари (иако треба многу да објаснуваат, и за оправданоста на Миладиновци-Штип и за оправданоста на Штип-Кочани), навистина ќе биде машала работава, дури и со таков неразбирливо долг рок. Само што како поминува времето, овие големи (рециклирани) најави се повеќе звучат вака: Toilet

А можеби и најдобро баш така - да пропадне целата работа комплетно. Комбинација од неразбирлив избор на приоритети со неразбирливо долги рокови ионака нема да ни донесе ништо добро. Нека пропаднат што побргу овие диверзии, за да се создадат предуслови вистински да се посветиме на приоритетите и нивна што побрза реализација.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 29-Mar-2010 at 18:37


Машала море, 70 километри автопат низ рамници ќе граделе 7 години...
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 29-Mar-2010 at 18:21
Blahblah

Груевски очекува изградбата на автопатот Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани да почне кон средината на 2011

Кочани, 29 март


Премиерот Никола Груевски очекува изградбата на автопатската делница Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани да почне во средината на наредната година и да биде целосно реализирана за шест до седум години.


- Изградбата на неколку автопатски делници е една од главните работи што ги планира Владата за подобрување на патната инфраструктура. Една од нив е и делницата Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани. Се очекува доставувањето на понудите да завршат до крајот на мај, а потоа по периодот на евалуација да се избере најповолниот понудувач. По приговарањата кои ќе траат околу шест месеци очекувам во средината на 2011 година да започне изградбата на оваа автопатска делница, која ќе трае неколку години, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешниот престој во Кочани.


Според Груевски, во насока на подобрување на патната инфраструктура се и инвестициските вложувања на Владата за изградба и обнова на регионалните локални патни правци.


Во соработка со Европската инвестициона банка и Светската банка, Владата започна проект од 120 милиони евра за изградба на 200 километри регионални и локални патишта од кои дел ќе бидат во Општина Кочани, информира премиерот Груевски
http://vlada.mk/?q=node/5221
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 09-Feb-2010 at 06:02
Се чекаат потенцијалните концесионери за патиштата

Се очекува продолжениот рок да им овозможи на заинтересираните да ја комплетираат потребната документација за учество на овој јавен повик, кој треба да придонесе за значително модернизирање на патната мрежа во земјава


Уште десет дена до истекот на рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во Македонија. За да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација со која ќе конкурираат за добивање на патна концесија во државава, Владата го продолжи првично дадениот рок - 15 јануари. Со тоа, заинтересираните компании наместо 63, добија 98 дена за вклучување во трката на овој мегапроект.

До средината на март, пак, е продолжен и рокот за доставување понуди во втората фаза на постапката, со која практично треба да се воведе концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во Македонија, и тоа првенствено онаа по Коридорот 8. На тој начин, идните концесионери ќе имаат цели четири месеци да ги достават своите понуди на заинтересираност за учество на овој јавен повик. Се продолжува и рокот за спроведување на целокупната постапка за доделување на патните концесии, а кој досега се проценуваше на најмалку една година.

Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридорот 8 и тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра. Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години.

На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој зафат, дури 48 странски и домашни компании првично пријавија интерес, но колку од нив ќе се јават на тендерот за доделување на концесии, останува да се види на 18 февруари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2869C4343B8F0C4584609053BA479327
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 12-Jan-2010 at 15:31

Концесионерите за патиштата добија рок од уште 98 дена

Сите 48 компании, финансиски институции и конзорциуми што се јавија на минатогодишниот конкурс во „Фајненшел тајм“ остануваат потенцијални концесионери за изградба на патните правци во Македонија



По барање на заинтересираните компании Владата на Република Македонија донесе одлука со која рокот за доставување на барањата за учество во постапката за доделување на патарините е продолжен за 98 дена. Со ова на потенцијалните инвеститори им се дава можноста да ја комплетираат потребната документација што е предвидена со објавениот јавен повик, ни изјавија во Министерството за транспорт и врски.

Продолжувањето на терминот за пријавување на концесионерите е направен пред истекот на прво определениот рок од 30 дена, кој истече кон крајот на минатата година. Како што е познато, Владата во текот на ноември лани објави меѓународен повик за доделување концесија за вршење на работите на изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користењеа дел од државните патишта. Тогаш беа понудени два пакета и во првиот влегоа патните правци од источна Македонија, а во вториот од западна Македонија. „Источната концесија“ е во должина од 177,5 километри и ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, постојната обиколница кај Скопје и делницата Миладиновци - Скопје. Во „Западната концесија“, во должина од 196 километри, се опфатени патните правци Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требениште - Охрид, Подмоље - Струга и Гостивар - Тетово - Скопје. Концесиите ќе се доделуваат за период од 35 години, со обврска идниот концесионер во рок од 8 години да ги изгради патните правци на ниво на автопат.

Очекувањата на македонската влада се дека првите концесии ќе бидат доделени во втората половина или најдоцна до крајот на 2010 година. И премиерот Никола Груевски изјави дека земјата ќе биде „вистинско градилиште“ затоа што се очекува да се реализираат повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои и патните правци што ќе бидат издадени под концесија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112101023518&id=10&prilog=0&setIzdanie=21882
Back to Top
polko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote polko Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 15-Dec-2009 at 17:16
А бре прво акциза од бензинот,потоа регистрација,па патарини и на крај кредити.Сето тоа треба да оди за изградба и одржување на патишта.Ако 20% од акцизите за бензин кај нас треба да се трошат за патишта,едвај 7% се трошат за таа намена,а остатокот се враќа во буџет-најверојатно за плати!?!
А патиштата се исплатлива инвестиција.Србија и Хрватска-од патарини вратија добар дел од кредитите.За Грција се знае-друг и ги плати новите делници. Ама проблем е што кај нас сите се жалат немало пари-а и тие што ги има т.н менаџери не ги искористуваат. Авионските карти се прескапи,железницата се распаѓа,море немаме.А на крај всушност и немаме вистински автопати!!!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 13-Dec-2009 at 16:58
vladata trosi milioni evra i moli za investicii a ustvari voopsto i ne se interesira za niv.ostava da cekaat odgovor a se spremni da investiraat ogromni pari.ako prodolzi nasava vlada so ovaa politika i turcive kje investiraat na drugo mesto.a nie kje si ostaneme slepo crevo vo evropa.< = < =
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 13-Dec-2009 at 16:48
http://www.time.mk/read/NONE/040d184a6f/index.html< = < =
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 13-Dec-2009 at 16:48

Турска компанија сака да инвестира, но нема одговор од македонската влада

published - 13/12/2009 15:17:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Големата турска градежна компанија „Енка Холдинг“ планираат да инвестира 1 милијарда евра во патната инфраструктура на Македонија. Меѓутоа првите луѓе на оваа компанија сé уште не добиле одговор од премиерот Никола Груевски со кого се сретнаа пред една година.

Според министерот без ресор во владата на Македонија, Хади Незир, сопственикот на „Енка Холдинг“, Тарек Шара, побарал брз одговор од премиерот Груевски со цел градежната машинерија по завршувањето на изградбата на тунелот во Албанија да ја пренесе во Македонија.

„Првите луѓе на „Енка Холдинг“ се подготвени да ги изградат коридорите 8 и 10, да го изградат патот Скопје – Косово и да  изградат 6 излези околу Скопје. И турскиот премиер Таип Ердоган даде зелено светло оваа компанија да инвестира во Македонија, но сепак се надевам дека нашата Влада ќе дојде до договор и „Енка Холдинг“ да дојде во Македонија. Сопственикот на оваа компанија вели дека се родил и живеел во Македонија и затоа смета дека е неопходно да инвестира кај нас“ вели Незири.

Инаку во турско- македонскиот бизнис форум кој минатата недела се одржа во Турција неколку турски компании потпишаа спогодби за инвестирање во Македонија чија вредност би можела да достигне до неколку милиони евра и над 1000 нови вработувања.

„Турската компанија „Улак“ покажа интерес за купување на компанијата за амбалажа „Белена“ од Берово додека компаниите „ХБЏ“ од Македонија и турската компанија „Мотус“ потпишаа спогодба според која турската компанија во текот на 2010-та година ќе произведе 500,000 филтри за возила. Компанијата „Дамла Диализ“ сака да влезе во пазарот на дијализите во Македонија со цел да изгради неколку центри за дијализа во повеќе градови на Македонија. Една компанија за автобуси од градот Бурса ќе учествува во вториот тендер за двокатни автобуси во Скопје“ рече Незири.

Министерот Незир уште еднаш го повтори ставот на премиерот Ердоган дека турската компанија ТАВ во март месец 2010-та сигурно започнува со работа на скопскиот аеродром.


< = < =
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 09-Dec-2009 at 14:35
Само мал ремарк за постовите - шлепери, камиони, патишта
Швајцарија има закон од 1994 година - Alpine Protection Act, во една реченица заштита од шлепери со нивното загадување и уништување
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-Dec-2009 at 14:18
Originally posted by Andrej_LJ

И јас би се сложил до некаде со двајцата. Моментално приоритет треба да бидат според мене патните правци Гостивар - Охрид и Скопје - Штип (се разбира и целосното завршување на К10) како и итна реконструкција на куманово-Велес. Некако ми се чини дека во Македонија воопшто никој не споменува во каква лоша состојба се веќе изградените патни правци. Па и Тетово-Гостивар е веќе на над 10 години и му е време за преслекување на асвалтот. Инаку за Скопје-Софија, во наредните 10 години е потребно реконструкција (во некои делови изведба на сосема нова траса и проширување) на постоечкиот пат, а приоритет број 1 (на целата држава) да е железничкото поврзување. Добар магистрален пат (да речеме просечна брзина од околу 80 км/ч) би довел до значително скратување на времето за патување. Софија е навистина најблизок (и физички и секаков) соседен главен град и е само 220 км оддалечена од Скопје. На секоја страна има по 110 км пат и ако има просек од 80 км/ч би се стигнувало за 2 ипол саати. Инаку колку што гледам на сајтот на БулгариаЕр, авионската врска со Скопје не е укината...Навистина би било срамно доколку се случи тоа!
Токму тоа, тековните автопати, со исклучок на обиколницата на Скопје и Скопје - Тетово се во катастрофална состојба. Скопје-Куманово и Скопје-Велес се вон сите стандарди, полни со дупки, од кои делот Катланово-Велес и неможе вистински да се нарече автопат со ограничувања од 40 км/ч пред тунелот и со остри и опасни кривини. Тетово-Гостивар е тесен нерамен веќе полн со дупки.
 
Од економски аспект мислам дека можеби е попаментно да се турка трасата преку Штип-Кочани-Делчево отколку северозападата траса која и од двете страни граничи со многу сиромашни и слабонаселени региони, без некој поголем потенцијал. Уште повее што Благоевград е одлично поврзан со Софија, ако не се лажам во голе дел автопат.
 
А за линијата Скопје-Софија, незнам кој воопшто ја лета таа релација, и мислам дека одамна е укината.


Edited by UrbanFreak - 09-Dec-2009 at 14:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.