![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 86> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЈСП „СКОПЈЕ“ ПОМОШ ЗА ГОРИВО ПРВО ТРЕБА ДА БАРА ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТИ Е ПОД НЕГОВА НАДЛЕЖНОСТ, ВЕЛИ ВЛАДАТА
Владата досега официјално не добила никакво барање за помош од ЈСП „Скопје“ поради зголемената цена на метанот. Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат штом се добие такво барање соодветно ќе се одговори, но на јавното претпријатие му препорачува прво да се обрати за помош во Град Скопје, под чија надлежност е. „Напоменуваме дека ЈСП ‘Скопје‘ е под надлежност на Град Скопје и соодветно првично треба да се исцрпат сите можности во матичната институција, пред да се бара решение на друго место. Владата останува посветена на тоа граѓаните да имаат полесен живот и секогаш ќе помага на граѓаните кога е потребно, како што тоа го правиме во изминативе две години во периодот на пандемијата“, одговорија од Владата. Од ЈСП „Скопје“ и денеска преку соопштение побараа Владата да им помогне поради зголемувањето на цената на метанот од 50 на 110 денари. На метан возат 33 нови автобуси на МАН, за кои годишно трошоците за гориво се околу 1 милиони евра, а со поскапувањето ќе бидат и над 2 милиони евра. „ Уште еднаш ја повикуваме Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието со оглед на зголемените цени на енергенсите во државата. ЈСП ‘Скопје‘ е јавен сервис на сите граѓани на Скопје, ги опслужува сите и сега не е момент да се играат политички игри, туку е момент да се реагира. Врз основа на член 9-а став 6 од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, Владата може да донесе одлука за отстапување на нафтени деривати без надомест на Град Скопје, а за потребите на претпријатието, како што било случај во 2020 година, кога гориво еуродизел БС било отстапено за потребите на ЈСП Скопје. Врз основа на досегашната практика за намалување на ценовниот шок, ова може да се примени и во случајов кога имаме драстично покачување не само на цената на електричната енергија, туку и на цените на метанот“, велат од ЈСП „Скопје“. Од таму појаснуваат дека побарале вчера да се иницираат промени во Законот за енергетика за да може на Регулаторната комисија да ѝ се даде можност за одредено регулирање на цената на метанот во кризни ситуации. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jsp-skopje-pomosh-za-gorivo-prvo-treba-da-bara-od-grad-skopje-oti-e-pod-negova-nadlezhnost-veli-vladata/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Директорот на ЈСП „Скопје“ Илиевски бара помош од владата откако цената на метанот поскапе
Ова е ставот на новото раковдство на ЈСП по драстичното поскапување од 120% на цената на метанот односно од 50 денари пред нова година на 110 денари за само неколку дена. Оваа нова цена на метанот која се должи на растот на цените на светските берзи ќе му направи нова финансиска загуба од милион евра ако не се вклучи владата со субвенции или регулаторна не ја замрзне цената на нивото од пред нова година укажува првиот човек на ЈСП Илиевски. Со став се огласија и од Макептрол кој се увозници од каде укажуваат дека цената на метанот е во директна зависност од увозната цена на природниот гас кој од 292 долари во декември пораснала на 890 долари во јануари. Олеснителна околност за да нема уште подрастично зголемување е тоа што Макпетрол склучила договор со руски Гаспром за набавки кои се со 30% пониски цена од берзанската. И покрај сите потешкотии со долгови од околу 4 милиони евра и цени на метанот кои прават еден автобус од новите 33 на ова еколошко гориво да вози 2 и пол пати поскап од дизелите сепак новиот директор оптимист дека до март ќе има повторно беспалтен превоз за пензионерите и за две години дека ќе почне и беспалтниот превоз за сите. https://kanal5.com.mk/direktorot-na-jsp-skopje-ilievski-bara-pomosh-od-vladata-otkako-cenata-na-metanot-poskape/a510642 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
КУМАНОВО ОД УТРЕ БЕЗ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ОПШТИНАТА ЗАДОЦНИЛА СО ТЕНДЕРОТ
Од 1 јануари, кумановци ќе останат без градски превоз затоа што не е завршена постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. Општина Куманово тендерот го распишала на 15 декември и вчера се отворени понудите, но новите превозници ќе започнат со работа по завршување на жалбениот период и потпишување на договорите. Ако никој не се жали, постапката ќе заврши за 15-дена, но ако има приговори таа може да се развлече со месеци. Во Општина Куманово јавен градски превоз користат над 15.000 граѓани, од тоа 5.000 ученици во основните и средни училишта. Празниот простор во превозот не можат да го покријат ни старите превозници, приватните автотранспортни претпријатија „Оли-травел“, „Штуз“ и „Јоцо-турс“, група превозници кои досега го спроведуваа општинскиот линиски превоз на патници во Куманово, а се јавиле и на новиот тендер, затоа што до денеска им завршуваат старите договори за работа, а со тоа им истекува и важноста на дозволите за превоз на патници. Од Општината Куманово се правдаат дека проблемот настанал поради локалните избори, бидејќи се чекало тие да завршат за да се објави тендерот. „Јавниот оглас за општински линиски превоз е со важење од 5 години и претходниот завршува на 31 декември годинава. Согласно позитивна законска регулатива, Општина Куманово има распишано нов јавен оглас и тој е во тек. По завршување на истиот, градоначалникот ќе ги потпише дозволите и превозниците со утврдените линии ќе продолжат да возат. Секогаш се запазуваше рокот, но оваа година поради изборите и нефункционирање на Советот одлуката на општинскиот линиски превоз е донесена покасно, а со тоа касни и огласот. Така, дојдовме во временски дисбаланс и во најбрзо време ќе се реши, може да биде и за 10-15 дена веднаш по нова година, но ако има жалби тогаш не може да се каже колку време ќе трае“, велат од Општина Куманово. Но, автопревозниците тврдат дека причина за доцнење на превозот не се изборите, бидејќи огласот можел да биде објавен и пред тоа, туку предлогот на градоначалникот да се укине одлуката превозот да го врши група превозници, која беше воведена пред десетина години, туку сега секој од превозниците да конкурира сам за секоја линија. Мнозинството советници го усвоија предлогот на втората седница на Советот. „На тендерот се јавија 9 превозника. За одредени линии има по двајца-тројца заинтересирани. Сигурно ќе има жалби и ова нема да заврши толку брзо. Плус, за одредени линии кои не се атрактивни никој не се пријави. Селата Шупли Камен, Косматац, Новосељане, Четирце, Мургаш, Граничен премин Табановце, новата линија Бајрам Шабани – Бедиње, никој не сака да ги вози. Порано како група превозници имавме обврска да ги покриваме целата единствена мрежа на линии предложена од Советот и сите граѓани да имаат подеднаков третман, независно дали се рентабилни лините или не. Ова е голем проблем за граѓаните на Куманово, а особено за жителите на приградските и селски населби, кои ќе немаат со што да отидат на работа. Дополнителен проблем ќе се појави со превозот на ученици кога ќе заврши распустот“, велат превозниците и додаваат дека за пропустите во оваа работа треба да се вклучат и инспекциските служби, бидејќи општината не смее да ги остави граѓаните без јавен превоз. Тие кажуваат дека граѓаните и газдите на фирмите веќе се јавуваат и ги прашуваат како се организира превозот, бараат да склучат договори за нивните работници, но тие немаат законска можност за такво нешто. За прекинот во јавниот превоз Општина Куманово вчера ги извести граѓаните преку кратко соопштение на сајтот на Општината. „Ве известуваме дека од 01.01.2022 година, поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз се до завршување на постапката објавена со оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општината, бр.08-9194/2 од 14.12.2021 година, објавен од страна на градоначалникот на Општина Куманово“, стои во соопштението. Од Општината додаваат дека немаат законска можност да ги продолжат дозволите за работа на старите превозници за временскиот рок додека трае постапката и со тоа да го покријат меѓупросторот, за да граѓаните не останат без превоз. За прекинот во градскиот превоз реагира и коалициониот партнер на Максим Димитриевски ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе бара одговорност од надлежните општински служби. [URL][https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kumanovo-od-utre-bez-gradski-prevoz-oti-opshtinata-zadotsnila-so-tenderot//URL] |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ВО СКОПЈЕ СЕ ВРАЌА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ВО ВТОРНИК, ПЕТОК, САБОТА И НЕДЕЛА
Пензионерите во Скопје повторно ќе имаат бесплатен автобуски превоз во вторник, петок, сабота и недела. Оваа одлука треба да стапи на сила наредниот месец, а за таа цел од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат лани во март поради пандемијата на ковид-19. Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела како и до сега да продолжи да важи за редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети. Покрај за бесплатен превоз, со буџетот за 2022 ЈСП ќе добие субвенции и поради потешкотии во работењето и исплата на приватните превозници во износ од 4 милиони денари, како и 1 милион евра за функционирање на системот за автоматска локација на возилата (АВЛ). „Согласно препораките на Меѓународната асоцијација за патен транспорт (ИРУ), како и Меѓународната асоцијација за јавен транспорт (УИТП), Советот на Градот Скопје уште во 2008 година започна да го субвенционира јавното сообраќајно претпријатие. Со цел подобрување на квалитетот на јавниот превоз на поширокото подрачје на Град Скопје, предвидени се 250.000.000 денари за потешкотии во работењето, а согласно на Одлуката за линиски поревоз на патници, средставата кои се наменети за ЈСП ‘Скопје‘ индиректно ќе бидат наменети и за приватните превозници кои го имплементираат концептот исплата по изминат километар“, се вели во образложението на градоначалничката Данела Арсовска. Во текот на 2014, ЈСП „Скопје“ набави опрема за имплементација на системите за АЛВ и за интелигентна наплата. Субвенциите се даваат со цел нормално функционирање и редовно одржување на информатичката и компјутерска технологија за потребите на ЈСП „Скопје“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-skopje-se-vraka-besplatniot-avtobuski-prevoz-za-penzioneri-vo-vtornik-petok-sabota-i-nedela/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЕТАПНО Прво ќе им се вратат привилегиите на пензионерите
Бесплатниот јавен превоз во Скопје ќе се воведе етапно, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Првата фаза веќе е отпочната, а таа е ревидирање и оптиминизирање внатре во процесот, рече таа и додаде: – За пензионерите во секој случај е неопходно да се врати бесплатниот превоз, којшто го имаа претходно. Тоа е нешто кое што навистина е во нивен интерес и мислам дека заслужиле и како категорија на граѓани заслужуваат да имаат бесплатен јавен превоз. Понатаму да се изедначат категориите, ги видовме дека ги има според мене. Тоа е едно воведување на еднаквост не само за студентите и средношколците, туку и оние кои што се во приватните средни училишта и на приватните факултети. Тие не се ништо помалку ученици или студенти, значи мораат да имаат иста таква подеднаква привилегија како сите останати за да можат да ги користат. https://plusinfo.mk/besplatniot-prevoz-vo-skop-e-e-se-vovede-etapno-prvo-e-im-se-vratat-privilegiite-na-penzionerite/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Поради хаосот, јавниот транспорт во Тетово прекинат – како општината ќе го плати кредитот за автобусите?
https://mk.tv21.tv/poradi-haosot-javniot-transport-vo-tetovo-prekinat-kako-opshtinata-ke-go-plati-kreditot-za-avtobusite/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
САМО ШТО ТРГНАА, КРЕНАА РАЧНА Тетовскиот јавен превоз на принуден паркинг
Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по нецели четири месеци функционирање, за што има повеќе причини, соопшти Општината. Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП ‘Тетовo транспорт’ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се наведува во соопштението на Општина Тетово. Поранешнтата градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, ги промовираше автобусите на 17 јануари годинава, но и покрај најавите дека превозот ќе стартува брзо, тоа се случи дури на 16 август. За потребите на претпријатието беа набавени пет автобуси. https://plusinfo.mk/samo-shto-trgnaa-krenaa-rachna-tetovskiot-aven-prevoz-na-prinuden-parking |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
Чекај чекај... како тоа Арсовска да им помогне со возниот парк???
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ќе продолжат ли да сообраќаат приватните автобуси?
Дали ќе се објави нов оглас и под кои успови побаравме одговори од градоначалничката Арсовска, но таа и денеска е недостапна за прашањата на медиумите. Директорот на „Слободен превоз“, Ленин Јовановски, вели дека се уште немаат контакт со Арсовска во однос на продолжувањето на соработката, но постојат две правни опции, едната е на одреден период да се продолжат постојните договори, а другата е распишување на нов оглас. -Доколку се оди на нов оглас треба да се земе во предвид краткиот период во кој што истиот треба да биде објавен и реализиран за не дојдеме до еден вакуум простор, односно да автобусите застанат од приватните превозници кои што во моментов покриваат 30% од вкупниот јавен превоз, што би значело комплетен колапс на јавниот превоз во Град Скопје.-Ленин Јовановски – Директор на „Слободен превоз“ – Приватен градски превозник. Јовановски демантира дека автобусите се стари и оти загадуваат, вели намалена е старосната граница на возниот парк, кој ги исполнува еколошките стандарди. Сепак очекуваат Арсовска да опстои на ветувањето за подновување на возниот парк на приватниците. Граѓаните со поделени мислења, дел задоволни од условите кои ги нудат приватните превозници, други пак укажуваат на мааните. Генерално се сложуваат дека превозот е ненавремен и дека се создава метеж. Од МВР за Канал 5 велат дека од ноември-минатата година, па досега само во Скопје се напишани 400 казни на јавни превозници. Од понеделникот според информациите голем дел на приватни превозници не сообраќаат бидејќи се испратени на технички преглед. Од 25 контролирани, шест се исклучени од сообраќај поради неисправни кочници и уред за управување. Во денешната акција полицијата казнила 22 возила, меѓу кои има и приватни автобуси, токму поради наведените дефекти. Арсовска во предизборната кампања најави дека ќе набави нови 250 еколошки автобуси, а исто така кажа дека ќе има субвенции и за приватните превозници, како и подновување на нивниот возен парк. https://kanal5.com.mk/kje-prodolzhat-li-da-soobrakjaat-privatnite-avtobusi/a506023 |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Апсолутно се сложувам,од она што го знам за во Скопје скоро сите приватници имаат крш автобуси кои веќе се вон било какви стандарди и исправност но при мали брзини и градска средина ги сметаат за одлични иако имаат минимум по 20 години и се многу истрошени. Да го земеме и ЈСП ќе видиме дека Итонг и Лаз се веќе многу истрошени,кај скоро сите им тече моторно масло(уље) и се фрла пилевина под Транспортен за да ги упие мрсните флеки.Ништо не сервисираат навремено,гумите им се многу излижани и сето тоа е една голема опасност. Кај меѓуградскиот превоз од автобуси во подобра кондиција се дел од оние на Руле,Галеб и некои од минибусите но и таму има многу недостатоци кои треба да се средуваат. Незнам што треба да се случи за да се превземат поригорозни контроли,што воедно ќе значи дека многу компании би требало да згаснат,да останат со по 2-3 возила и токму ова мислам дека е причина што никој не сака да потегне посилни мерки во оваа област. |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
![]() Uste e i dobro ako e polovina! Jas mislam najmalku 3/4?! |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ПОЛОВИНА ОД ВОЗНИОТ АВТОБУСКИ ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПРАТИ НА ТОПЕЊЕ ВО СКОПСКА ЖЕЛЕЗАРА - КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО
https://24.mk/details/polovina-od-vozniot-avtobuski-park-vo-makedonija-treba-da-se-prati-na-topenje-vo-skopska-zhelezara-kako-staro-zhelezo |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“. -Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз, изјави Славески по конститутивната седница на Советот на Град Скопје. Прашан за БРТ системот на јавен превоз во Скопје (Bus rapid transit – BRT), Славески изјави дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе има поддршка за тоа. -Ќе го поддржиме нејзиното мислење за овој проект, рече Славески. Потсети дека ја поддржале Арсовска во изборната кампања и, како што додаде, го поддржуваме ставот да се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси. Советникот Реџеп Исмаил од Левица изјави дека тие начелно поддржуваат бесплатен јавен превоз, но, како што рече, зависи во каква форма ќе биде претставено пред нас. Смета дека тоа не може брзо туку така да биде дадено на Совет и да се изгласа. -Мора службите да поработат каков ќе биде концептот, како ќе се финансира, што ќе значи за Градот, дали има инфраструктура Градот тоа да го издржи, дали Јавното претпријатие „Скопје“ има капацитети, што треба да се прави во однос на тоа…Доколку дојде до таква работа, ние ќе ги оцениме сите постапни работи кои би требало да доведат до тоа за да да нема никакви негативни ефекти, да се минимализираат, рече Исмаил. Според него, треба да се одредат некои социјални критериуми. Смета дека бесплатниот јавен превоз не е возможен за сите и додаде оти тоа и не е препрачливо. – Ние имаме голема класна раслоеност во Македонија, особено во Скопје, затоа тука треба пропратно со таа политика за бесплатен јавен превоз да се ограничат оние кои секојдневно со автомобили не го користат јавниот превоз, да има некое скалило за оние кои можат да го користат овој превоз бесплатно. Секако тој треба да биде достапен на повеќе луѓе, изјави Исмаил. Додаде дека треба да се работи и на инфраструктурата во Скопје. Тој изјави дека не е запознаен со БРТ системот на јавен превоз во Скопје и оти треба да се видат аргументите. https://nezavisen.mk/slaveski-besplatniot-javen-prevoz-mozhe-da-se-realizira-vo-dogledno-vreme/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Автобусите во Тетово повторно пуштени во сообраќај – долгот на компанијата, причина за прекин на договорот
https://mk.tv21.tv/avtobusite-vo-tetovo-povtorno-pushteni-vo-soobrakaj-dolgot-na-kompanijata-prichina-za-prekin-na-dogovorot/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
„Тргни-застани“ на автобусите во Тетово, останаа без гориво
Во Тетово од денеска не е во функција. Причината за прекинот на четирите линии, според раководството на Транспортното претпријатие е прекинот на снабдување со гориво од бензинската пумпа со која имале договор. Според информациите на Алсат, до прекинот на снабдувањето со гориво дошло поради долгот кој веќе неколку месеци го создала општина Тетово и кој не е навреме платен. „Транспортната компанија до понеделник ја користеше нафтата од бензинската пумпа која од понеделник го прекина снабдувањето со нафта без никакво објаснување. После ова, ги замолив возачите да прекинат да возат на две линии надвор од Тетово за да се заштеди нафта. Работевме само со градската линија, која од денеска исто така е во прекин бидејќи автобусите немаат гориво. За настанатата состојба ги известив општинските органи со кои чекаме средба за решавање на овој проблем”, вели Дарко Спироски, директор на „Тетово-Транспорт“ Јавниот превоз во Тетово нема да функционира додека не се најде бензинска пумпа со која ќе се потпише договор за снабдување со гориво до јануари следната година, кога компанијата ќе може да располага со својот буџет и да може да распишува тендери за снабдување од сопствени средства. https://alsat.mk/mk/trgni-zastani-na-avtobusite-vo-tetovo-ostanaa-bez-gorivo/ |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Ете, полицијата не нашла нелегслни такси превозници...се е ок! https://ohridpress.com.mk/?p=140835&fbclid=IwAR3PgeVR3irKTd0AhoqMoUO_rj0CGAhLYAwDu2bAGGATpHAs2AXaJ2NnoIY |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
не е само, една 57ца, туку 90% од автобусите имаат испукани предни стакла
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Гранките од високите дрвја како камшици по автобусите и по патниците
ПАТНИЦИТЕ НА ЈСП ВО СКОПЈЕ АЛАРМИРААТ Возењето во автобус треба да биде едно пријатно доживување на патниците. Тоа важи и за кратките релации во автобусите на јавниот градски превоз, бидејќи патниците, секојдневно користејќи ги автобусите на ЈСП, минуваат и голем дел од животот во нив, доживувајќи и пријатни и непријатни мигови, комуницирајќи со своите сопатници и пријатели, па и воспоставувајќи нови познанства и пријателства. Сепак, понекогаш возењето со автобус знае да биде доста стресно. На пример, забележена е една несекојдневна појава, особено кога станува збор за двокатните автобуси, која е дури и за рубриката „верувале или не“. Имено, поради поголемата височина на двокатните автобуси, низа проблеми за патниците на вториот кат предизвикуваат гранките од дрвјата по должината на булеварите каде што возат автобусите, бидејќи не само што удираат во автобусот туку кога се отворени прозорците при возењето навлегуваат во автобусот оставајќи голем неред во него, а понекогаш полесно ги повредуваат патниците… Гранките од високите дрвја удираат во автобусите и навлегуваат во возилата во движење Отворањето прозорци на вториот кат од автобусите можеби и не е толку добра идеја, доколку се земат предвид гранките од дрвјата што се лоцирани покрај улиците по кои возат автобусите. На локациите каде што има големи дрвја, честопати се случува гранките од дрвјата да удираат по автобусите, но и доколку прозорците се отворени, при возењето да навлезат во автобусот. Патниците велат дека тоа е случај со неколку градски линии, меѓу кои е и автобусот со бројот 57, кога сообраќа во правец од Заводот за вработување кон центарот на градот. – Независно дали е зиме или лете, гранките удираат по автобусот. Во еден автобус со бројот 57 дури предниот горен прозорец е напукнат, најверојатно од посилен удар во гранка на дрво. И тоа е така постојано. Кога вози автобусот кон центар, патниците што седат од десната страна на автобусот и кои го забележале овој проблем, задолжително се претпазливи, затоа што доколку прозорците се отворени, гранките удираат во автобусот и навлегуваат внатре. И ништо од тоа нема да биде проблем доколку во неколку наврати не ми се случеа токму мене гребаници од силата на влечење на гранката кон својата природна положба под притисокот на автобусот да мине покрај неа. Толку силно удри во мене што дури и имав гребаници по лицето – вели Данче Соколовска. Родителите со помали деца, кои го користат превозот, велат дека најмалите се плашат од ударите бидејќи звуците на гребење и чкрипење се доста интензивни, особено во есенскиот и во зимскиот период кога гранките се голи и немаат лисја на нив. – Син ми има три години и секогаш кога се возиме, се плаши од гранките што удираат во автобусот. Мало дете е и тоа му причинува стрес, бидејќи не може да разбере зошто се случува тоа – вели Иван Николовски. Дополнително, според патниците, тоа е доста голем проблем бидејќи од гранките паѓаат лисја и искршени гранки, кои остануваат во автобусите и по патниците. – Можеби најголем проблем е кога ќе се појави некоја сува гранка, која ќе пукне и ќе падне во моментот кога автобусот ќе удри во неа. Среќа е што сите гранки се помали, инаку, доколку се погоди некоја поголема може да предизвика и посериозни последици не само по автобусот туку и по патниците – вели Соколовска. Патниците велат дека треба да се нагласи дека проблемот е и за самото претпријатие доколку гранките предизвикуваат штета на автобусите, како што се гребење на бојата, кршење на стаклата и воопшто оштетување на превозните средства. ПОЧЕСТО ДА СЕ СЕЧАТ ГРАНКИТЕ Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека не можат и не смеат да интервенираат на гранките од дрвјата што се лоцирани на трасите на автобусите на ЈСП. Велат дека тоа не е во нивна надлежност, но и дека смеат да го прават тоа исклучиво на локациите каде што јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ нема надлежности за да ги кастри гранките. – Во случајов, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е надлежно за кастрење на гранките од дрвјата што се наоѓаат на трасите на некои од линиите и попречуваат при одвивањето на сообраќајот, по укажување од наша страна. ЈСП „Скопје“ смее да ги кастри гранките само на одредени локации, односно на траси на автобуски линии што се надвор од градското подрачје, односно надвор од границите на ГУП. И во двата случаја, гранките се кастрат по утврдена динамика, реонски, но и по приоритет – информираат од ЈСП. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/гранките-од-високите-дрвја-како-камши/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Градските автобуси како џиновски канти за отпадоци
ПАТНИЦИТЕ ФРЛААТ ЃУБРЕ ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ Користењето градски јавен превоз значи и почитување на правилата и прописите што постојат за патниците што се возат со него, но и чување на автобусите, за што повеќе и подолго да траат и да можат да ги користат сите граѓани. За жал, некултурата и несовесноста на граѓаните што го користат градскиот превоз се гледаат не само по нивното однесување во автобусите туку и по тоа што останува во автобусите по нивното користење. НА ПОДОВИТЕ НА АВТОБУСИТЕ РЕДОВНО ИМА ЛИМЕНКИ, ЛУШПИ ОД БАНАНИ, МАРАМЧИЊА… Лушпи од сончоглед, семки и банани, разни отпадоци од храна и грицки, лименки од пиво и сокови, пластични шишиња од вода и сокови, влажни марамчиња, ќеси и разни други отпадоци се редовната слика со која секојдневно се соочуваат возачите на јавното сообраќајно претпријатие во главниот град. Оттаму велат дека сликата секојдневно е иста и дека насекаде се фрла ѓубре, без никаков срам од страна на патниците. – Воопшто не се загрижени што фрлаат пред другите патници, ниту пак се загрижени дека со тоа си предизвикуваат сами на себе штета, бидејќи така само ги уништуваат автобусите, кои треба да ни служат на сите. Најголем проблем е кога истураат вода и сокови во автобусот, па, згора на сѐ, грицкаат и сончоглед, чии лушпи кога ќе се залепат со сокот, едвај може да се избришат и изметат. Имаме проблем и со шарање на прозорците, мачкање со храна, па јас кога ќе застанам на последната станица, земам средство и бришам – вели возач на автобус. Оние посовесните патници на автобусите велат дека најчесто помладите патници се тие што без срам фрлаат секакво ѓубре во автобусите. – Секојдневно користам автобус за да стигнам на работа и реално ја согледувам сликата. Помладите се толку невоспитани, што навистина е чудно како може да се однесуваат така. Летоска влегуваа со сладоледи, сега и со разна храна, бурек, сендвичи, сончоглед, јадат и го замирисуваат целиот автобус, а ѓубрето секако дека го фрлаат долу на подот. Толку се безобразни, што кога ги прашав дали и дома во своите куќи прават така, толку ме навредија што никогаш повеќе нема да ми текне да им речам нешто – вели Вера Димовска. НЕМА АВТОБУС СО КАНТИ ЗА ОТПАДОЦИ Дека ѓубрето во јавниот градски превоз е доста голем проблем потврдуваат и од јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, од каде што велат дека граѓаните за фрлање ѓубре имаат канти за отпадоци на секоја автобуска постојка, но се чини дека тоа е залудно, бидејќи, сепак, ѓубре фрлаат во превозните средства. – За жал, немаме механизам како да се справиме со патниците што немаат основна култура, сѐ останува на нивната совест. Речиси секојдневно од возилата се чистат разни отпадоци – информираат од ЈСП. Голем дел граѓани велат дека најдобро решение би било поставување канти за отпадоци во автобусите, каде што граѓаните би го фрлале своето ѓубре, за автобусите да ни останат чисти. Од претпријатието додаваат дека во ниту еден автобус на ЈСП немало ниту ќе има канти за отпадоци. – Канти за ситни отпадоци има на секоја автобуска постојка и секој совесен патник доколку не сака отпадокот да го зачува во торба, џеб или слично, може да го фрли пред или по возењето – велат од ЈСП-Скопје. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/градските-автобуси-како-џиновски-кан/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |