![]() |
![]() |
![]() |
Споменици и скулптури (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 209> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Еве една интересна иницијатива. Некако со СК14 ни ја збогтисаа целата таа идеја со поставување споменици, сите се презаситивме, па како сега да владее некое јавно мислење дека не треба веќе никогаш да се поставуваат споменици. Мораме да се вратиме во нормала и да направиме нешто сосема нормално на оваа тема. Власта мора да се испере од мислењето дека они се тие кои се против споменици, заради тоа што биле против СК14.
Затоа, еве која е следната идеја. Во нашата историја има една интересна личност, која всушност во Македонија и е малку позната. Се работи за мајката на Скендербег, Војислава Трибалда. За жената нема многу податоци, но она што ја врзува за Македонија е дека со сигурност се знае дека потекнувала од регионот на Полог и дека била од словенско потекло. Бројни историчари од Италија како и од регионов, сметаат дека потекнува од средновековното српско кралско семејство Бранковиќи кои го владееле просторот на Полог и дека е од линијата Ѓураѓ-Гргур Бранковиќ, но тоа се непотврдени податоци заради малиот број на пишани податоци. Исто така терминот Трибалда се однесува на странец-словен од перспектива на оние не-словените и така ги називале словените во тоа време, како Трибали, припадници на племе. Друга работа со оваа историска личност е што од денешен аспект, дури и најполитички гледано согласно македонската политичка денешна сцена, ова е сосема компатибилна личност за одбележување. Да бидеме искрени, ние немаме нешто многу заедничка историја со албанците на овој простор, животот течел едни покрај други, со преданија за арнаутските зулуми како црна дамка на односите, нешто малку во НОБ недоволно објаснето и длабоко засенето од балистите, и ништо повеќе. Затоа вреди понекогаш да се спонзорира на некој начин одбележување на овакви врзивни точки. Може некој ќе рече еве српско било кралското семејство, па македонско и немало во тоа време, и словените од тој период историски се или срби или бугари, така да сосема нормално е дека денешните словени македонски се крвно и историски културно врзани за словенското кралско семејство кое владеело во Полог, а тоа се Бранковиќи во тој период. Уште еднаш по незнам кој пат треба да објаснуваме дека ДУИ и генерално албнаските политички партии неможат да изградат политика со која ги застапуваат интересите на сопственото гласачко тело на некој понормален посоодветен начин, без разлика што тоа тело ги гласа по којзнае колку пати. Не им текнува дека имаат вакви супер фасцинантно-подобни ликови "на свој терен", мајката на албанскиот национален симбол им е родена "во двор", ама не им текнува дека можат и нејзе споменик да и направат. Ама затоа меѓувремено уште сто квази-споменици УЧК од бекатон и ковано железо ќе направат без грам вредност во нив, со единствена ефтина намена да им пркосат на Македонците. Да не зборуваме дека имаат шанса да испратат политичка порака во очи решавањето на статусот на Косово, дека немаат ништо против овакви српски елементи во сопствената историја, напротив ги уважаваат. Еве како партија ДУИ се трудат да покажат дека имаат и полова еднаквост па Теута Арифи ја поставија за градоначалник на Тетово. Што па да не и она да покрене оваква иницијатива за споменик на историски лик жена од заедничката историја. Да идеме понатаму, па уште малку заеднички да им бодеме во џигер на бугарите. Ако се лутат за српски изборен јазик во школи, што па да не ги пржи малку и еден оваков средновековен српски лик. Од многу аспекти гледано, едноставно е поволно и пожелно ова да се направи. За личноста и нема некоја јасна претстава како изгледала, со оглед на временската дистанца и оскудноста на изворите од тоа време. Има само една гравура од 16ти век, уметничка претстава од неколку децении после животот на Војислава Трибалда. Што па да нема и уметничка слобода во приказот на споменикот. Онаа Олга Мицевска да не личи воопшто на човек? ![]() Во однос на позицијата мислам дека еден од трите кружни тека во Тетово, меѓу влезот од автопат и плоштадот би бил соодветен, можда некаде после пазарот последниот пред да се излезе на плоштад меѓу улиците Маршал Тито и Јане Сандански. А зошто да не па и главниот плоштад. Личноста е врзана историски со градот, Скендербег го има во Скопје, што па да не и овој споменик да биде на главниот плоштад во Тетово. The Dream of Skanderbeg's Mother – Jörg Breu II 1533 ![]() ![]() https://en.wikipedia.org/wiki/Voisava_Kastrioti https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82 Edited by user8642 - 02-Feb-2021 at 02:39 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Fun fact... Дали сте знаеле дека имало во Кичево еден споменик од НОБ "Олга Мицеска" по некоја партизанка, кој е срушен некаде 60тите години заради преголема разголеност. Сепак не бил прв Прометеј кој пројде полесно само со гаќи.
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BB%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0_(%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA) ![]() Edited by user8642 - 31-Jan-2021 at 17:44 |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
топ обработка, ама позата чудна некако.
(мала шала) јако ќе беше малото прсте и показалецот да му се испружени. ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од фејсбук страницата на Spomenik Database...
![]() И оваа феноменална фотка на Бобан Андриески ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЈАВЕН КОНКУРС
за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Берово бр. 09-4039/1 од 15.12.2020 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на четворицата загинати бранители од Општина Берово, во воениот конфликт во 2001 година бр. 09-4060/1 од 15.12.2020 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на четворицата загинати бранители од општина Берово во воениот конфликт во 2001 година формиран со Одлука на Совет на Општина Берово со Бр.09-4061/1 од 15.12.2020 година распишува ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Берово има донесено Одлука Бр.09-4060/1 од 15.12.2020 година за подигање спомен-обележје на четворицата бранители (Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски) од општина Берово кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година. Спомен обележјето ќе се подигне во паркот кај Основен суд Берово, на катастерска парцела број 2144 КО Берово. Идејниот проект треба да содржи: опис на видот и содржината на спомен- обележјето (податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење); основни елементи за текстот што би бил истакнат на спомен- обележјето; порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето; потребна документација и прилози што треба да ги содржи идејниот проект, како проектна документација; пресметковна вредност на спомен- обележјето. Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Учесниците на конкурсот до Архивата на Општина Берово, треба да поднесат Пријава со прилог Идеен Прокет најдоцна до 19.2.2021 година во затворен плик. Во затворениот плик треба да стои мал затворен плик во кој ќе биде напишана повторно истата шифра како на пријавата и податоци за подносителот на пријавата. Пријавите со Прокетот треба да се достават во писмена форма, на следната адреса: Општина Берово, ул.„Димитар Влахов“ бр. 10, 2330 Берово, со назнака: “Не отварај” За Јавниот КОНКУРС за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година. Идејниот проект треба да биде погоден за излагање и изведба. Идејните проекти ќе бидат јавно изложени. Одборот со мнозинство гласови го избира идејниот проект за спомен – обележјето што ќе се подигне. https://www.facebook.com/opstinaberovo2 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Споменик на гравот во село Теарце
![]() Споменик во чест на гравот беше поставен во село Теарце, Тетовско. Споменикот беше изработен од идеаторот Љубиша Камењаров, чија замисла e да креира спој на традиционален и модерен уметнички израз. Тој од една страна го претставува гравот како долговековна и автохтона култура најпозната и далеку прочуена од овој крај, а од друга страна како уникатен и перспективен македонски земјоделски производ со голем потенцијал за развој и доходовност. Овој споменик во чест на гравот се постави токму во село Теарце, во чест на манифестацијата „Ден на Гравот” која 10 години по ред, секоја година се имплементираше во Теарце во организација на Центар за Едукација и Развој- ЦЕД од Теарце и бројни партнери и поддржувачи од земјата и странство. Настанот Ден на Гравот секоја година собира над 500 посетители од различни генерации, националности, религии и географски подрачја. „Оваа година со цел почитување на мерките од пандемијата Ковид-19, сакавме на еден начин да го оддржиме актуелно настанот, и тоа што најмалку можевме да направиме, без да се загрпозат животите на сите граѓани кои веќе се навикнати да придонесат и уживаат во овој веќе традиционален настан, решивме да се постави уметничка инсталација на јавен простор. Според нас нас и во овие времиња треба да се негува уметноста, бидејќи без неа и култура станува тивка, вели Метин Муареми“, претседател на Центар за едукација и развој-ЦЕД. На тој ден се готват и дегустираат разни јадења приготвени од грав, се изведуваат музички точки и танци од страна на културно уметнички друштва и музички групи. Настанот има за цел да го промовира и ја потенцира вредноста на далеку прочуениот тетовски грав како агрокултурна вредност подеднакво важна за сите жители во регионот. А особено да поттикне повеќе млади да се занимаваат со производство на грав како добро доходовна и перспективна дејност во регионот. https://info.mk/makedonija/споменик-на-гравот-во-село-теарце/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Не гледам да реков нешто такво. Реков дека ВМРО-овците ќе да заборавиле дека до вчера ја пееја истата песна, не сме луди.
Како и да е, споменици се нешто најглупаво и сосем бесполезно, особено за една урбанистички закржлавена општина како Кисела Вода која изгледа како Исламабад, Киншаса и Ла Паз да имале вонбрачно дете. Инаку перење пари и злоупотреба на јавни пари не е исто. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
И што сега уште едно перење пари треба да се одобри ? |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Браќата од ВМРО да не имаат колективна амнезија? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сте слушнале ли за проектот Кисела Вода 2020-2025?
Општина Кисела Вода ќе поставува спомен-обележја на територијата на општината. Спомениците ќе се поставуваат во следниот петгодишен период, а во програмата ќе бидат опфатени значајни личности и настани. За таа цел, Општината ги повика граѓаните да доставуваат предлози кои треба да содржат информации за настаните и личностите, порака која треба да ја симболизира спомен обележјето и евентуален текст како објаснување за споменикот. Слободен печат денеска се обрати до Општина Кисела Вода, со цел да дознаеме каде ќе бидат поставени спомениците, колку средства од Буџетот на општината ќе бидат потрошени за нив и кои истакнати личноси ќе бидат опфатени со поставувањето на спомен обележјата, од каде што добивме одговор дека Комисијата составена од членови на Советот се уште не е состаната, и овие информации им се непознати на општинарите. Комисијата ќе се состане во текот на месецов, тогаш ќе знаеме за какви постаменти и уметнички архитектонски дела се работи. Потоа ќе се изготвува петгодишната програма која ќе треба да ја усвои Советот, по што ќе се реализира во периодот од 2020 до 2025 година. Доколку Комисијата смета дека има потреба, ќе може да предложи дополнителни спомен обележја, велат од Општината. И покрај тоа што се уште не се знае колку средства ќе бидат потрошени за реализација на овој проект, ниту пак е познато дали спомениците ќе бидат на истакнати личности од поновата историја или пак од античкиот период, сепак овој проект потсетува на озлогласениот проект Скопје 2014, на кој токму социјалдемократите беа најголеми противници. Сега, ситуацијата е поразлична, на поставувањето на спомениците се противи ВМРО ДПМНЕ. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ е против поставувањето на спомениците. Координаторот на советничката група на опозициската партија во Советот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за Слободен печат вели дека нема да гласаат за поставување на спомен обележјата. -Ние како советничка група сме против поставувањето на споменици во Општина Кисела Вода. Нелогично е да се трошат пари од Буџетот на општината за вакви намени, а од друга страна да имаме неизградена фекална и атмосферска канализација, и слаба водоводна мрежа во делови од Кисела Вода. Мора да има приоритети при распределба на општински пари, рече Ѓорѓиевски. https://www.slobodenpecat.mk/ste-slushnale-li-za-proektot-kisela-voda-2020-2025/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГОТОВА Е КЛУПАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ СТИГНЕ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО
Клупата на бардот на македонската култура Горан Стефановски е готова, и според градоначалникот на Општина Центар, за еден месец треба да стигне во Скопје од Англија. „Не се знае кога ќе се постави. Чекаме време кога ќе можеме тој ден да го прославиме на убав начин“, ни рече синот на Горан, Игор Стефановски. Тој ја сподели информацијата на Фејсбук со фотографија од клупата, каде меѓудругото пишува: „Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова“. „Очекувам клупата да стигне за еден месец. Од Општина Центар не е побарана помош за транспортот, тоа ќе го регулира Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски“, ни рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Поради пандемијата на ковид-19, пролетва од Лондон во Скопје не стигна клупата која требаше да се постави за неговиот роденден. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години. Поставувањето на клупата во неговото омилено скопско Дебар Маало, по неговата смрт го најави Општина Центар. Лани, на 27 април во негова чест беше засаден чинар во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. Тогаш, поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева најави дека покрај дрвото ќе биде поставена метална клупа, во човечка големина ќе биде излиена неговата фигура како седи на клупата и на неа ќе има место за секој што сака да седне. „Клупата е сосема готова, т.е. излиена во бронза, не е таква како на фотографијата, но за жал чека во ателјето во Англија. Се планираше убав настан за поставувањето, но се разбира откако се затворија границите и се воведоа мерките сѐ’ се одложи. Ем не можевме да ја донесеме до Скопје, ем нема смисла таков настан кога никој не смее да биде надвор. Како и да е, се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за отворањето, ама се разбира никој не може да знае кога ќе биде тоа“, изјави неговиот син за САКАМДАКАЖАМ.МК во април. Лани во јуни, Игор Стефановски побара да се донираат пари за изработка на скулптура од неговиот татко. Богдановиќ ни рече дека парите потребни за лиење на клупата во Лондон, Општина Центар ги обезбедила преку донации и дека се префрлени на сметката на неговото семејство. Игор вчера исто така објави дека е формирано Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски. „Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека он не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која ‘Диво месо’ се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска кеч-22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. (Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува ‘прашај ја учителка ти зошто немаат они да ви дадат’. Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи во ‘Диво месо’, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на ‘Тетовирани души’. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации“, вели неговиот син. Горан Стефановски, бардот на македонската драма, почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот. Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“. https://sdk.mk/index.php/kultura/gotova-e-klupata-na-goran-stefanovski-za-eden-mesets-ke-stigne-vo-skopsko-debar-maalo/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Споменик на драматургот Горан Стефановски, што наскоро ќе биде поставен во Дебар Маало, на локацијата позната како „Јас и ти“:
(тука некаде) https://www.google.com/maps/@42.0015902,21.4212416,3a,75y,22.66h,87.3t/data=!3m6!1e1!3m4!1siZfcUkfcJUy7JIaOGKGnww!2e0!7i13312!8i6656 ![]() фотката е преземена од фб профилот на неговиот син https://www.facebook.com/dzigor |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Мисирков од Пела се пресели во МАНУ
![]() Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите. Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали. Од Град Скопје појаснија дека споменикот претходно ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите. Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали. Во предлогот со барањето за дислокација на скулптурата на Мисирков од МАНУ потенцираа дека досегашната локација не е адекватна со оглед на значењето на овој наш деец и на авторот – скулпторот Боро Митриќески. – Мисирков е еден од нашите најпознати дејци, основоположник на македонскиот идентитет. Скулптурата беше донација на семејството Рамковски во 2007 година, но во 2013 година е поместена на споредна и минијатурна позиција, наспроти скулптурата која е поставена покрај неа. Со тоа е обезвреднет ликот на Крсте Мисирков – пишуваат академиците. Од кабинетот на скопскиот градоначалник за весникот ВЕЧЕР иѕјавија дека исто такво барање до нив пристигнало и од писателката Гордана Михаилова Бошњаковска. – Со изградбата на Порта Македонија и поставувањето на големиот споменик на Крсте Мисирков како дел од проектот „Скопје 2014“, малиот споменик кој е дело на Митриќески беше девастиран и имаше несоодветна положба. Барањето од МАНУ и писателката Михаилова Бошњаковска беше за нас добредојдено. Сега на споменикот му најдовме погодно место, во дворот на МАНУ. Претходно споменикот ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања. Префрлањето од Пела до МАНУ го направи екипа од ЈП „Улици и патишта“ – велат од кабинетот на скопскиот градоначалник. Таа 2007 година на промоцијата на споменикот пееше и Тоше Проески и тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Инаку, споменик излеан во бронза и висок пет метри на Крсте Петков Мисирков има во истоимениот парк меѓу зградите на Апелациониот суд и МАНУ. Таму беше поставен во мај 2013 година. Сега, практично, на растојание од околу стотина метри ќе има два споменика на овој наш деец. Мисирков е мошне значајна личност во македонската историја. Тој е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Автор е на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, на списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби. https://www.vecer.press/мисирков-од-пела-се-пресели-во-ману/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И онака со својата „големина“ таа биста беше срам за ликот и делото на Мисирков, а и како стоеше до оној седнат на стол до него, петпати поголем споменик, подобро што го отстраниле, вака само мизерно ќе изгледаше.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден
Бистата на Крсте Петков Мисирков, авторот на книгата „За македонцките работи“, завчера вечерта била изненадно отстранета. Отстранувањето на бистата го дочека неподготвен и Велија Рамковски, финансиерот на целокупната акција за промоција на делото на Крсте Петков Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Слободен печат стапи во контакт со Велија Рамковски, кој не го криеше изненадувањето од ваквиот потег. – Не знаев дека споменикот е отстранет, сега првпат слушам за тоа од вас. Никој не ми најави, ниту ме информираше дека споменикот ќе се отстранува. Морам да кажам дека пред една година ми се јави секретарката на МАНУ и ме праша за согласност споменикот да биде дислоциран пред влезот на МАНУ, јас се согласив, за што потпишав и изјава. Меѓутоа, тоа беше пред една година. Оттогаш ми се немаат јавено, јас мислев дека се откажале, вели Рамковски, кој не го криеше незадоволството од отстранувањето на бистата. Многу ме погодува тоа што го отстранија делото од Крсте Петков Мисирков. На промоцијата на бистата пееше и Тоше Проески, тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Криво ми е што од сите споменици од 2014 година, го отстранија само Мисирков, додава тој. Од Град Скопје велат дека немаат ништо со отстранувањето на споменикот. Од МАНУ се уште чекаме одговор на прашањето, дали можеби тие ја земале бистата на Мисирков. https://www.slobodenpecat.mk/otstraneta-bistata-na-misirkov-ramkovski-e-emotivno-pogoden-foto/ |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Ајде со здравје нека „жолтее“ овој постамент. Баш пред некој ден поминував од тука и сите споменици заедно со Портата, од негрижа и неодржување личат како да се наоѓаат во некој си пост апокалиптичен филм, каде се е оставено на милост на природата. Едно е да не го сакаат ВМРО кое ги постави ама друго е да плукаат по националните обележја. Ако имаат 500.000е за трева можат да ги средат и спомениците.
А оваа плоча на парцелата на „шпанските скали“ е поставена или? Ако е така Град Скопје изгледа има право на сечиј приватен имот. |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Непотребно гломазно, на мавзолеј личи повеќе него на спомен плоча. Па можеле малку повеќе да се потрудат од обичен гробарски стил. Доволно е стаклена плоча на постамент или плочата на земја да беше поставена како обележување за куќата кај била и толку.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 209> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |