build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 07-Mar-2009 at 15:16

Originally posted by lslcrew

Pushtete na telma ima soochuvanje na 6 kandidati za gradonachalnik na skopje!

ова е репризата од сношти! патем со вакви емисии од еден два саати нема абер, треба турбо емисија со некои 5-6 саати каде ќе се разглоби колку толку се, а и тоа е малку со оглед дека реално би требало да земат учетво пример и експерти или самите граѓани, затоа најдобро е некоја трибина да се организира која ќе ја покрива некој медиум!

доколку вака завршува се тргни застани со недоречености и никакви поенти не само што нема ефект од емисииве туку само забуна внесуваат, на крај незнаеш кој  за што се залага или пак што оправдува и подржува а со што не се сложува. фактички ова е некој вид празно соочување каде само можат да се чујат нечии позиции, но не и да се истера издржана дебата! можеби и до водителката е но попрво мислам дека за вакво нешто самиот град треба да е најповикан, да ги собере сите кандидати на трибина и да се отворат сите карти и да се соочат сите кандидати.

џабе ова емисииве од саат време! сакам кажам незнам речам, сеир и теории на млака вода!     

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 02-Mar-2009 at 13:24

Карпош, пример за успешна и модерна општина - 26.12.2008
Општината Карпош може да се пофали дека е една од најмодерните општини во државата. Како потврда за тоа е и денешниот прес на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ кој пред новинарите ги презентираше преземените активности на општината во моментов.
 Градоначалникот Сашо Димиќ најави дека општината од денеска добива нова бесплатна телефонска линија 0800 111 22 на која граѓаните ќе можат кога сакаат да се јавуваат и да ги пријавуваат комуналните проблеми, а општината ќе биде задолжена во рок од 48 часови од моментот на пријавување истите да ги реши.
“ Со оваа линија сакаме да започнеме еден нов систем на работа во општината наречен ФХ 48. Тоа значи дека од моментот на пријавувањето на било каков комунален проблем од страна на граѓаните, било да се работи за прегорена сијалица, скршена канделабра, ударна дупка, градежен шут, општината во рок од 48 часа ќе го отстрани тој проблем. На истата линија ќе може да се пријавува и корупција. Телефонските повици ќе бидат анонимни.
Димиќ потенцираше дека ваков принцип на работа има само во општината Инџија во Србија која неколку години по ред е прогласувана за најдобра општина. Овој начин на работа е преземен од американската држава Балтимор, а општината Карпош е втората општина во Европа која ќе го применува истиот.
Од наредната година општината Карпош во соработка со пензионерското друштво “Карпош“ го започнуваат проектот “Безбедност на децата во сообраќајот“ кој предвидува на сите пристапи до училиштата и градинките да има по еден јасно означен пензионер и по еден полицаец кој ќе се грижат за безбедно движење на децата.
“Проектот е подржан од локалниот совет за превенција, МВР, ОБСЕ, Јавниот обвинител и голем број на невладини организации како и од советот на општината“, рече Димиќ.
Уште еден проект на општината Карпош е изградбата на црквата во реонот на Карпош 3. По тој повод денеска градоначалникот Димиќ одржа работна средба со архиепископот г.г.Стефан.
“На денешната средба со архиепископот г.г. Стефан ги договоривме наредните чекори кои треба да се преземат, за во недела договориме формирање на црковен, управен и надзорен одбор, кои треба да се формираат до нова година а веднаш потоа започнува изработката на сите потребни документи за градбата. Планираме до крајот на јануари да започнеме со изградбата на камен темелникот, изјави Димиќ.
Покрај овие проекти општина работи и на многу други проекти. За издвојување се затварањето на сите ударни дупки на главните улици низ целата територија на општината, потоа спремноста на општината во поглед на зимската служба, тие се прва општина во Скопје кои имаат набавено доволни количини на сол за зимската службата, а обезбедена е и потребна механизација, потоа ќе се продолжи со изградбата на 11 паркинзи во Карпош 3 каде има најголем градски метеж, чистење на општината секој викенд.

НетПрес - 26.12.2008

Почитувани  сограѓани,

Брзината и ефикасноста во решавањето на проблемите била постојана потреба на граѓаните на Општина Карпош.

Проектот “ЕФЕКТ 48“ значи одговор на овие потреби.

Проблемите од областа на урбанизмот, екологијата, јавната чистота, дивите депонии, осветлувањето, основното образование, административните работи, односот на општинската администрација, мито и корупција во општината, сметаме дека не трпат одлагање. Со јавување на бесплатната телефонска линија 0800 111 22, секој од Вас може да извести за проблем кој е под надлежност на општината, а ние се обврзуваме да интервенираме и одговориме во рок од 48 часа.

За проекти за кои е потребен поголем временски период, ќе Ви биде даден одговор за динамиката со која Општина Карпош планира да го реши пријавениот проблем. Доколку се утврди дека пријавениот проблем не е под ингеренција на Општина Карпош, нашите служби ќе ве упатат на вистинската адреса.

„ЕФЕКТ 48“ е систем кој успешно функционира во неколку општини во САД и ЕУ. Овој систем означува директен, транспарентен и ефикасен начин на комуникација помеѓу Вас и Општината Карпош. Во насока на поубаво и поквалитетно живеење на нашата Општина, Ве охрабруваме да го користите овој начин на комуникација.
 
ОПШТИНА КАРПОШ

в.д. Градоначалник
Сашо Димиќ

www.karpos.gov.mk/pnews.htm

НетПрес - 28.02.2009  

Кол центарот во општина Карпош почна да функционира со нова опрема - 13.02.2009

Со денешното завршување на инсталација на софтверското и хардверско решение проектот “ЕФЕКТ 48“, ги доби своите контури. Инсталирани се мастер телефони, централа и софтверски решенија. Со самото ова од денес сите процеси се во целост покриени со што и водењето на внатрешните процеси е целосно компјутеризирано.

Според в.д. градоначалникот Сашо Димиќ “со ова решение системот на превземање на повиците е во целост компјутеризиран, со што постигнуваме високо ниво на функционирање на овој кол центар“.

“Самото отворање на оваа бесплатна линија 0800 111 22 и големиот број на јавувања секој ден, покажува дека интерес на сите граѓаните на општина Карпош е да живеат во подобра средина и да се грижат за неа“, изјави градоначалникот Димиќ.

Кол Центарот работи секој ден од 08.00 до 20.00.

Нетпрес - 13.02.2009

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 23-Feb-2009 at 16:51
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 20-Feb-2009 at 13:13

интересно ова со средствата, општините еве аеродром  или бутел се пример беспрекорно можат да функционираат и сега во костец со постојниов  процес на децентрализација, кој нормално нема да запре тука, само што она што го бара Трифун во моментов е залак кој ќе оди во прилог на неговите визии за подобро СК, со што и јас би се сложил доколку сум на негово место, зошто во спротивно треба да седнам и да ги молам општините да се договорат и финансираат одреден  проект што навистина е напорна работа посебно ако во исто време лично имам еден куп приватни обврски  како фирми, имот,  фудбалски клубови, и капак рецесија,  со што квалитетно слободно време ќе ми остане само за на телефон или пак преговорите ќе ги префрлам на пониско ниво.

сетне не оделе работите, во ваков случај никогаш нема ни да отидат, не можеш десет лубеници да носиш под една мишка, или градот или бизнисот, мора некаде да се посветиш, досега ова беше случај со сите градоначалници во СК, исклучок е Кирца кој па ептен ја затера воркохолички, за во момент кога требаше најверојатно да се опушти одејќи на одмор или нешто слично, тој тогаш до крај ја запна и тоа сам против сите, што на крај го доведе до принуден одмор, но сепак остави добар пример како треба да се однесува градоначалник кој пожртвувано и се посветил на функцијата без воопшто да се грижи за имиџот во весниците.   

инаку она што велиш за земјата  е во ред, но не изумувај дека најголемиот прилив на средства за општините во моментов се од комуналиите, а колку тој ќе биде поголем па кога ќе располагаат со сопствено земјиште, но за да продадеш некому имот некаде мораш и местото да го урбанизираш, да вложиш прво таму а сетне да молзиш, добро со исклучок на инстант инвеститорите...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 20-Feb-2009 at 12:28
Може би е таква делумно ситуацијата во финансирањето, ама ја со финанситрањево неможам верно да ја оценам ситуацијата, аи не ни сакам верно да ја оценувам пошто моментално уште во Македонија трае спроведувањето на децентрализацијата. Фискалната е далеку од спроведена. Тука стварно не би знаел ниту да спомнам ниту еден од процентите сега, ама очигледно е дека се малку. Тука е и уствари пазарот политички. Џабе им се дадени ингеренции на локалците кога немаат средства да ги спроведат, па проекти се спроведуваат на добра воља на централна власт.

Сепак во раководењето хиерахијата мора да се воспостави во секој случај. Ова што моментално е на терен е дефакто condominium во правните термини.

Ја не би се сложил единствено со трансферирање на земјиштето. Ако се деси такво нешто, тогаш тоа ќе биде масовно делење земја и упропасување на многу шумско, на многу земјоделско земјиште, а од друга страна градежното исто така ќе се упропасти само на друг нчин.


Edited by lslcrew - 20-Feb-2009 at 12:32
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 20-Feb-2009 at 12:23

не би се сложил со вакво размислување, па 21 век сме до кога ќе ја тераме работата со оправдувања. очигледно е дека системов е поставен така на локално ниво во СК само за да мора да се прави компромис, инаку која цел од демократија, и јас се сложувам да се бараат подобри модалитети но тоа мора да се изнајде во постојнава рамка, со оглед дека истата е скроена како би се задоволиле некои европски стандарди а воедно би се отворил простор за мултиетничка претпознатливост.

инаку веќе напоменав за да се излезе на крај со проекти како урбаните автопати евентуално брза железница низ Ку-Ск-Те  која воедно би се движела и низ градските јадра или пак поплочување на вардар за такво нешто ќе мора да се најде заеднички јазик помеѓу градот и владата преку законот за рамномерен регионален развој, односно вентилот од каде ќе можат да се црпат државни пари за локални проекти...   

проблемот кај Трифун е што верува дека некој има волја да изнајде нов модалитет кој ќе му одговара саму нему, односно на неговата неможност да се договори и најде компромис со општините односно партиите што се приоритети за СК и како истите да се истераат до крај и кој за тоа да ги однесе заслугите.

цела оваа приказна е повеќе градско оправдување, прикажано преку загриженост, која се обзнанува со иницијативи за промени во постојниот закон.        

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 20-Feb-2009 at 04:44
Beton види ја одговорноста не ја гледам толку во трифун кој практично има врзани раце. "Независен кандидат, жив ѓавол", барем сега така стои работава. Трифун е една фигура која што а не била а била исто ти се фаќа. Ќе пројде 4 години, но проблемот јасно го имаме на терен, па секој ден ги гледаме натегањата како овој најсвежиов пример со илинденска. Буџетот и не е толку проблем кога проблем се личните хирови и его трипови што највеќе до израз дојде со "компромисното решение со споменикот на плоштад". Инаку и децентрализацијата треба да застане некаде да има граници, односно дрвото, пирамидата да се постави конкретно. Сега таква пирамида немаме. Лесно е да се прераспределат одново ингеренциите на градско и локално ниво, да речеме со совет градски (горен дом) и долно домови односно совети во рамки на населба и нејзината околина. Па да речеме сите одлуки на долните совети да треба да пројдат на гласање во централниот. Барем некое минилмално дрво на ингеренции да се воспостави. Со ваквиот модел како што ни е сега, единстевен начин да функционира градот е доколку сите градоначалници се од иста партија или определување па да работат по нечија директива, па дури тогаш кога ќе ги имаме сите ингеренции на куп, дури тогаш може да се рече дека нешто функционира, ама пак ништо пошто градот ќе треба да го направиме нечив заложник. Моментално Трифун заслужува поалба што изрази желба да го реши овој проблем, ама нема доволно воља сеуште. Ај да видиме со новите раководства како ќе иде. Него да не ја тераме работава на дневни ситничарења, да си продолжми да бараме успешен модел за Скопје!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 19-Feb-2009 at 20:33

абе ниту ќе види промена на закон ниту пак ќе добие централизиран буџет.

прво ова би значело катастрофа гледано политички, бидејќи реално чим еднаш се поремети рамковниот консензус тоа ќе биде репер кој ќе го растури законот за јазиците, односно кој ќе го заобиколи постојниот и ќе донесе нов закон за СК каде двојазичноста ќе биде регулирана врз основа на добра волја? а и доколку се случи истото зошто вакво нешто утре не би било подобно како модел и за останатите градови низ МКД, што значи уште од старт размислите на Трифун му се кратковиди.

второ за ваква даночна децентрализација Трифун ќе почека бар до пред влегувањето на МКД во еу, чисто од причина што прво треба целосно да заврши процесот на фискална децентрализација а подоцна и да се префрли и поголем прилив за општините, не е можно да наметнеш стандард за општини што сеуште не ја ни поминале првата фаза на децентрализација.

трето ниедна општина или поточно партија нема да сака да изгуби можност за влијание во главниот град па доколку и навистина помине во некоја варијанта предлогов на Трифун тоа ќе значи централизирање на метрополата гледано политички. особено не сега откако граѓаните почнаа да увидуваат дека е прилично подобро функционирањето на децентрализирани општини во однос на централизиран град итн. еве еден пример

доколку навистина сака Трифун да ги реши клучните инфраструктурни и економски проблеми на град Скопје како регион треба да се фокусира повеќе на разработување на законот за рамномерен регионален развој на кој дефинитивно може да биде главната локомотива за сите региони. не сум експерт но се ми се чини дека овој веќе зацртаниот модел е прилично добар само треба да ги пребродиме сите болести и фрустрации на имплементирањето, пример случувања како ehf ракометното првенство требаше да послужи да се обединат општините на чело со градот односно тој требаше да ги ангажира заеднички да пристапат кон промоцијата на градот на едно достојно и пристојно ниво на кое ќе се претставиме пред светот, а Трифка што направи си го свитка опашот и се скри в канцеларија, воопшто и необидувајќи се да се оправда за сите очигледно темпирани тековни киксови во тој момент...



Edited by beTon - 19-Feb-2009 at 20:34
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 19-Feb-2009 at 18:59
Originally posted by гитардемон


Да не град Скопје си има свој посебен буџет, а и секоја општина посебно? Па може така сите заедно град Скопје + општините негови прават 10% од државниот. Тоа ми изгледа логично.


Максималниот кумулативниот буџет сосе општините до сега не бил над 5% никогаш. Оваа година е околу 3.6%
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 19-Feb-2009 at 18:57
Да, и општините си имаат посебни буџети за нивните надлежности, ама и тие се минорни и во никој случај не би можело да се дојде до таков збир. Ни мене не ми е јасноод каде излегоа со тој податок од 10%.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 19-Feb-2009 at 18:57
Pa idejata na trifun mu e da se centralizira Skopje i buxetite na opstinite da se centraliziraat pa posle da bide 30 %. Sega ako se presmetaat buxetite vkupno i na sk i na opstinite e nekade ~100 milioni priliv ima, iako se proektira mnogu povekje!

Edited by lslcrew - 19-Feb-2009 at 18:57
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 19-Feb-2009 at 18:55

Да не град Скопје си има свој посебен буџет, а и секоја општина посебно? Па може така сите заедно град Скопје + општините негови прават 10% од државниот. Тоа ми изгледа логично.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-Feb-2009 at 13:09
Добар став на Трифун и добар модел (иако не се сложувам дека сите овие населби треба да се исфрлат од границите на градот).

30% од државниот буџет е преамбициозно (ако го земеме годинашниов буџет во предвид). 10% се сосема на место за почеток.

Незнам на која основа зборуваат дека досегашниот буџет бил 10% од државниот овогодишниот на пример е 1.6% што е навистина смешно.

Буџетот на Скопје да биде најмалку 30 отсто од државниот

Скопје да биде една општина, место досегашните десет, да има најмалку 30 отсто од буџетот на државата, да се исфрлат од градот општините Бутел, Шутка, Ѓорче Петров и Сарај, а двојазичноста да остане без да се бара процентуално учество. Ова се четири клучни елементи од предлогот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски за промена на Законот за Град Скопје, кои вчера му ги изложил на министерот за локална самоуправа Муса Џафери. Костовски рече дека прв момент е двојазичноста да остане неменлива категорија, без оглед на процентуалната застапеност на Албанците. Тој објасни дека за да може да функционира Скопје, мора да се сведе на неговиот урбан дел, односно да се исфрлат четирите рурални општини, а градот да функционира како една општина.
"Потребна е фискална децентрализација, односно централната власт на градот да му ја даде можноста да управува со своето земјиште, како и да се зафати поголем дел од персоналниот данок и од данокот на додадена вредност. Само така Скопје може да функционира самостојно и да креира политика кој му е потребна на неговите граѓани", рече градоначалникот Костовски.
Тој рече дека е изненаден од позитивните ставови на министерот Џафери за тоа како треба да функционира локалната самоуправа.
"Во министерот Џафери гледам личност која може да помогне да се решат овие проблеми, и тој ќе даде целосна поддршка законот да дојде на дневен ред. Но реално оценувајќи ја неговата позиција, не беше во состојба да вети ништо, бидејќи нашата држава функционира по партиски клуч и промената на Законот зависи од многу други елементи и субјекти", рече градоначалникот.
Министерот Џафери не даде изјава по средбата со градоначалникот.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163750&idg=9&idb=2603&rubrika=Skopje


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 19-Feb-2009 at 00:25

Градоначалничко-министерски разговори за Законот за Скопје

Костовски се надева дека Џафери ќе се погрижи измените на законот да се најдат на дневен ред на Владата

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, на вчерашната средба со министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, уште еднаш ја потенцирал потребата од промена на Законот за Град Скопје. Костовски ги повторил барањата на локалните власти Скопје во иднина да биде една општина составена од сегашните урбани делови, која ќе биде поделена на квартови. Двојазичноста да не се доведува во прашање и кога Сарај би била самостојна општина, е една од предлог-измените на законот. Општините кои во поголемиот дел се рурални треба да бидат надвор од Скопје, бидејќи така полесно и побрзо ќе се развиваат, смета Костовски.

За да се развива како сите метрополи, буџетот на Скопје мора да биде најмалку една третина од државниот, за што мора да се зголемат приходите во градската каса од персоналниот данок и од ДДВ. Костовски на средбата со Џафери побарал и Градот да има свое земјиште за да може полесно да ги планира своите проекти.

„Јасно е дека за промената на Законот за Скопје е, пред се', потребна политичка волја на субјектите во власта поради што и не очекувавме никаков одговор од министерот Џафери. Сепак, се надевам дека тој ќе се погрижи измените на законот да се најдат барем на дневен ред на Владата, а за понатаму ќе видиме. Мора да се нагласи дека овој закон мора да биде системски, а не по терк на одредени личности“, истакна Костовски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=429C539A16FC9446946D9708D1044BE8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 07-Feb-2009 at 17:01


Во контекст на дебатите околу промена на законот за градот Скопје и врз основа на тоа во нишката за реставрација го отворивме муабетот за урбанизација на бит пазар, еве ќе ви постирам една мапа со границите на општна центар. Тука на мапава јасно може да се воочат границите помеѓу центар и чаир. Ваквата поделба не само што не носи подобро за никого него прави уште позакочена ситуација во урбанизацијата на просторот.

Јасно се гледа за неприродната граница меѓу центар и чаир. Тука двата урбанистички опфати јужно од булеварот а. мак. се расцепени што ја кочи урбанизацијата зашто треба да се одвива со висока точка на усогласеност помеѓу две општини. А кај нас знаеме како идат работите кога се во прашање две општини или оптина-град.

Знаеме во какви политички тешки и ранливи контексти беа скроени мапиве и сметам дека сега ќе се успее да се најде начин да се санираат ваквите отвориени рани што му ги зададовме на град Скопје. Во Европа позади Скопје полоша организација има само Сараево. Па бива ли да бидеме на ова место у Европа?!

Скопје може успешно да го среди ова прашање без да имаме отворање на никави нови дополнителни непотребни полемизирања околу прашања кое веќе се решени за градот Скопје. Еве веќе со кампањите кај дел од претендентите за градски татко искажаа подготвеност да продолжат со овој процес на решавање на ова прашање.

Исто така да не заборавам како аргумент плус да ги наведам и препокривања на ингеренциите кои ни се на сите познати, да ги набројам и препокривањата во надлежностите на паралелни јавни претпријатија кои наместо да завршат двојно равота излага дека работата не се врши поради тоа што "другиот" е надлежен. Има уште еден мал милион други ситници.

Во Скопје не сме ни свесни колку длабоко е загрозена функционалноста на градот како целина. Мораме од градот да направиме една целина, нормално со локални ингеренции и даааа....го синхронизираме пулсирањето на секое ќоше од градот. (Колку беше ова поетски ) Вака сме како разштиман оркестар! Имаме на располагање премногу модели да организација на големи градови. До сега светот смислил многу модели. Дури и нема да треба да смислуваме топла вода него ќе треба само да си пикираме некое поволен модел и да го приспособиме на нашите потреби. Работата е толку едноставна само треба воља!


Edited by lslcrew - 09-Feb-2009 at 03:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 06-Feb-2009 at 17:46

Наместо метропола, Скопје ќе стане некропола

Се' додека централната власт ги влече сите конци и се протежира политиканството во кое може да успее само градоначалник од партијата на власт, Скопје ќе биде осудено да стане „некропола“, а не метропола. Ваква е оценката на експертите искажана на вчерашната трибина за измените на Законот за град Скопје.

- Не постои главен град во кој надлежностите на општините се изедначени со тие што ги има градската власт. Тоа е непознат феномен во компаративната локална самоуправа. Тоа го прави Скопје виртуелен град - истакна Гордана Силјановска, професорка на Правниот факултет.

Градоначалникот Костовски смета дека со новите решенија и измени во Законот за градот Скопје, кои ги поддржуваат сите партии во Советот, ќе се надмине политиканството и партиската припадност. Тој и натаму ќе настојува Скопје да биде една општина со зголемени ингеренции. Костовски бара да се промени фискалната политика за да можат да се реализираат инфраструктурни проекти во интерес на граѓаните, како и да се добие право на управување со градежно земјиште кое сега Градот го нема бидејќи е државно.

Силјановска потенцираше дека треба да се разграничат надлежноста на Градот и на општините.

 (А.П.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BAE3F54FFFD3DD4085F4A677E9082B47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Feb-2009 at 16:54
ПРОМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАД СКОПЈЕ Е ПРИОРИТЕТНО ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ

Во рамките на иницијативата на Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски за промена на Законот за Град Скопје, денеска /05.02.2009 година/ во организација на Здружението на новинари се одржа трибина на која се дискутираше за потребата од промена на Законот за Град Скопје. Трибината се одржа во „Клубот на новинари“, а учествуваа новинари и претставници на медиумите, како и професорката по политички системи и локална самоуправа, Гордана Силјановска и професорот по социологија, Илија Ацески.

- Темата е од приоритетно политичко значење. Сосема искрено и отворено тврдам дека без донесување на ваков закон релативно е значењето на изборот на градоначалник на Скопје. Жалам што ниту една од Владите на Република Македонија во изминатите четири години немаше ниту слух, ниту политичка храброст да го реши прашањето. Партизацијата на локалната самоуправа на крајно недозволен начин прави карикатура од темата. Ставот кон прашањето се менува во зависност од тоа дали некоја партија е позиција или опозиција во моментот – рече градоначалникот Костовски на отворањето на трибината.

Сепак, Костовски изрази уверување дека новиот Градоначалник на Град Скопје, независно од неговата партиска припадност, доколку навистина биде заинтересиран за нормално функционирање на Градот и реално остварување на функцијата градоначалник, ќе го прифати овој финализиран проект како приоритетен.

Професорката Силјановска на трибината истакна дека не постои главен град каде што општините на територија на Градот ги имаат истите надлежности како Градот. Силјановска нагласи дека Скопје како главен град треба да има многу поголема финансиска моќ, имајќи предвид дека Скопје не е само единица на локалната самоуправа, туку врши и функции во интерес на целата држава. Притоа, Силјановска посочи неколку варијанти за реформа, од кои најпреферирана би била поделба на Градот на дистрикти со ограничени надлежности во однос на Градот.

На трибината, новинарите потенцираа дека интересите на граѓаните не смеат да бидат жртвувани поради политички пресметки, како и поради политичката припадност на градоначалниците. Исто така, тие се заложија со промените да биде опфатено и прашањето за одговорност, особено во областа на просторното и урбанистичкото планирање и уредување.

Трибината што се оддржа во „Клубот на новинари“ претставува дел од серијата трибини за запознавање на јавноста со идентификуваните слабости и недостатоци на постојниот Закон за Град Скопје и афирмирање на причините за негово менување.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2362&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 05-Feb-2009 at 00:46
НОВА АНКЕТА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје од денеска /03.02.2009 год./ започнува со нова анкета за граѓаните со цел афирмирање на потребата од неопходни промени на актуелните закони за Град Скопје. Анектата е во рамките на широката иницијатива на градоначалникот Трифун Костовски за промена на законите за Град Скопје. Градот ги повикува граѓаните да го искажат нивното мислење во однос на ова прашање преку анкетата што ќе биде поставена на официјалната веб-страница на Град Скопје (www.skopje.gov.mk), а истото можат да го сторат и со јавување на граѓанската линија 3297 255 или со писмен допис до Град Скопје, Булевар Илинден б.б.

Четиригодишното искуство по започнувањето на процесот на децентрализација идентификуваше низа слабости во системската поставеност и во територијалната организација на Градот. Сегашната системска поставеност на Градот во голема мера го оневозможува неговиот развој и претставува препрека во неговите стремежи за станување европска и светска метропола. Од тие причини, Градоначалникот Костовски уште минатата година покрена иницијатива за промена на законите за Град Скопје. Со новиот Закон за Скопје, Градот ќе биде уреден како една општина со повеќе квартови кои би биле под негова надлежност, како би се избегнало удвојувањето на надлежностите и блокирањето меѓу општините. Со новата територијална организација на Градот би биле утврдени неговите граници, руралните општини би биле одвоени од урбаното градско јадро, пришто двојазичноста нема да биде доведена во прашање. Исто така, со новиот Закон за Град Скопје треба да бидат детерминирани неговите приходи, имајќи предвид дека Градот Скопје со само еден процент финансиски средства од Буџетот на Р. Македонија ниту приближно не може да им парира на останатите главни градови во регионот и на европските метрополи.

Во рамките на оваа иницијатива беа одржани повеќе трибини, на кои голем број експерти од областа на локалната самоуправа, политички систем, архитектура, урбанизам, социологија, како и новинари и претставници од невладиниот сектор, исто така, ја нагласија потребата од менување на сегашните закони за главниот град, кои не ја операционализираат неговата уставна посебност.

Изминатиот период, Градоначалникот Костовски со иницијативата за промена на Законот за Град Скопје ги запозна Претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и претставникот на Европската унија во Р. Македонија, Ерван Фуере и новиот амбасадор на САД во Р. Македонија, Филип Рикер.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2358&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 03-Feb-2009 at 00:42
Ај да видиме што ќе излезе после изборите од оваа иницијатива. Ќе треба време да се консолидира градската власт. Пред летото не очекувам резултати, ама се надевам дека ќе се најде најпозитивното што може да се извлече. Може да се извлече многу, ама да видиме што ќе биде!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 03-Feb-2009 at 00:36

Измените на Законот за Скопје ќе се разгледуваат дури по изборите

Градските власти сметаат дека постапката трае предолго и досега требаше да даде резултати

Министерството за транспорт и врски дури по завршувањето на локалните избори ќе го соопшти својот став за Предлог-законот за Град Скопје. Измените на Законот ги предлага Градот Скопје со образложение дека законот е нефункционален и предизвикува дуплирање на некои од надлежностите на Градот со десетте општини.

Според одговорните во Министерството, во моментов Предлог- законот го разгледува меѓуресорска комисија, која своето мислење ќе го соопшти дури по завршувањето на изборниот процес. Доколку бидат прифатени, предложените измени ќе бидат презентирани пред Владата.

Во Градот Скопје, пак, не се задоволни од ставот на Министерството. Градските власти сметаат дека постапката трае предолго и досега требаше да даде поконкретни резултати, со оглед на тоа што градоначалникот Костовски му го предаде Предлог-законот на министерот Јанакиески уште во октомври минатата година. Законот за Скопје и натаму ја ограничува работата на локалните власти и внесува дополнителна забуна кај општините, сметаат локалните власти.

Според барањата на Градот, новиот закон за Скопје предвидува промена на територијалната организација на главниот град, во насока на одвојување на урбаниот од руралниот дел. Општините Шуто Оризари, Бутел и Сарај, но и делови од Ѓорче Петров и Гази Баба учествуваат во создавањето на градскиот буџет само со 4 проценти, а бараат најмногу од градските финансии, за разлика од другите урбани општини, кои го полнат буџетот, а многу малку добиваат за поголем развој.

Двојазичноста, според предлозите на Градот, и покрај предлогот за исклучување на Сарај не се менува.

Во предлог-промените градските власти бараат и нова организација на односите меѓи Градот и општините. Се предлага Градот да биде една општина поделена на повеќе квартови кои ќе имаат одредени одвоени служби во интерес на поедноставување на процедурите за граѓаните. Во Градот инсистираат финансиите, даноците и буџетот како и градежното планирање на просторот да бидат под една - градска капа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=142E31FEE1F6F24A89CB84D669445FD7
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.181 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.