![]() |
![]() |
![]() |
Рудници и рудни богатства |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 13> |
Author | |||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
доломитот како што знам го користат за правење на готови малтери(Абрип),се додава цемент и гипс и се меша во гранулација према потребата.дрго немам чуено за овој минерал
|
|||||||
![]() |
|||||||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
||||||
за габрото знам дека некакви делови се правеле од него
а ова што го товараме е каменот што е пред габрото го доробат за да можат да дојдат до поголема жила на габро ваљда е доломит |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
што камен е ова?името не ми значи ништо вака
|
|||||||
![]() |
|||||||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
||||||
еве некоја слика од рудникот во пантелеј
габрото го има но германците сакаат да биде во цел слој од 80-100 цм, но овде е раскршено и е во мали слоеви ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=21069 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Иловица доби зелено светло од Министерството за животна срединаКатерина Попоска![]() Канадскиот инвеститор Еуромакс доби согласност од Министерството за животна средина дека нивната еколошка студија за отворање рудник за бакар и злато кај Иловица ги задоволува еколошките параметри, предвидувајќи мерки за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина Отворањето рудник за бакар и злато кај Иловица нема негативно да влије врз екологијата, тврдат од Министерството за животна средина. Со ова, Еуромакс може да ги продолжи останатите процедури за до 2017 година да почне да експлоатира бакар и злато од Иловица и да произведува бакарен концентрат. „Еуромакс е посветен на развој на проектот Иловица за бакар и злато, користејќи ги најмодерните техники за експлоатација на руда кои постојат во индустријата и со задоволување на највисоките еколошки стандарди на европско и на глобално ниво. Во моментов компанијата презема детални активности на терен за да се осигура дека рудникот ќе биде развиен на начин кој соодветствува со овие принципи. Еуромакс има развиено одлични односи со сите релевантни институции на локално и на национално ниво и охрабрен од оваа позитивна соработка, јасно и јавно го назначи развојот на Иловица за врвен приоритет во рамките на портфолиото на компанијата“, велат од Еуромакс за „Капитал“. Експертите од областа на рударството коментираат дека токму еколошките студии честопати знаат да бидат „камен на сопнување“ меѓу институците, мештаните и меѓу инвеститорите за да се реализира некој проект. Канадски Еуромакс најави дека ќе инвестира 500 милиони долари за да отвори рудник кај локалитетот Иловица, под Огражден, и дека ќе вработи околу 500 луѓе. Истражувањата на Еуромакс во изминатите осум години покажаа дека Иловица лежи на најмалку 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато. Овие резерви на бакар и злато во Иловица се само 30% од вкупното концесиско поле за кој од Еуромакс потпишаа договор за експлоатација на бакарот и златото со Владата. „Еуромакс допрва треба да направи дополнителни физибилити-студии за проектот и план за изградба на рудник кај Иловица. Ако од Еуромакс продолжат со деталните геолошки истражувања во останатиот дел од концесиското поле, значи дека во иднина може да имаме дополнителни податоци за рудни потенцијали. Ако се утврдат дополнителни резерви на злато и бакар кај Иловица, ќе потпишеме нов договор за експлоатација“, изјави неодамна министерот за економија, Ваљон Сараќини. Главниот извршен директор на Еуромакс, Марк Шар пак, најави дека откако ќе го отворат рудникот кај Иловица, планираат да го обработуваат бакарот и златото и бакарниот концентрат да го извезуваат. „Нашите
планови се да почнеме да произведуваме до 2017 година. Во однос на тоа
како ќе го пренесуваме концентратот, железницата е најдобар начин. Но,
начинот како ќе го пренесеме концентратот од рудник до железница е дел
од физибилити-студијата која ќе ја направиме“, изјави неодамна Шар. http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/88703/ilovica_dobi_zeleno_svetlo_od_ministerstvoto_za_zhivotna_sredina.aspx |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Македонското злато излегува на виделина
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=731129897&id=9&prilog=0&setIzdanie=22644 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Стив Шарп –претседател и главен извршен директор на „Еуромакс“ Kако дојдовте до идејата да ја откупите концесијата за истражување на полето Иловица од американската компанија „Фелпс Доџ“? - Нашите анализи укажаа дека овој проект има реални потенцијали за развој и тоа беше пресудно за нашата одлука за влез во овој проект. „Еуромакс“ утврди дека ако донесеме нов менаџерски тим, специјализиран за развој и финансирање, би можеле да постигнеме максимизација на оптималната вредност за сите заинтересирани страни преку развој на самиот проект. Долго време во Македонија немаше геолошки истражувања. Од каде ви е информацијата дека можеби оваа област е богата со руда? - Првичните податоци за областа Иловица датираат од 1936 година, кога биле објавени првите документи. Истражувањата продолжиле во 1956 година, кога Институтот за геологија - Скопје извршил мапирање на југозападните падини на планината Огражден меѓу селата Ново Село и Хамзали. Во 1993 година беа презентирани резултатите од геолошките истражувања на основното злато во Иловица - Штука. Од 2000 до 2003 година почетните истражувања за минерали биле извршени во Иловица. Потребните податоци за можната минерализација по детаљно разгледување покажа дека Иловица ги исполнува критериумите за да се квалификува како потенцијална локација за ископување. Во мај 2004 година почнаа детаљни геолошки истражувања и на самиот почеток на набљудувачките истражувања се донесе заклучок дека постои развиен вулкански центар со резерви во концесиската област Иловица. Почетните 15-20 примероци од карпите покажаа дека постои бакар и злато. Во текот на 2004 г., повеќе од 10 квадратни километри беа геолошки обележани, а 4 километри квадратни беа геолошки детаљно обележани. Понатаму, на истата година беше извршено почетно дупчење на 4 дупки со вкупна должина од 1.562,4 метри. Во 2006 година беа издупчени дополнителни три дупки со вкупна должина од 1.237,9 метри. „Еуромакс ресурсис“ се приклучи на истражувањата во 2007 година и продолжи со истражувањето до денес. Kако течат истражувањата? Kолку длабоко лежат резервите на бакар и злато? Досега имаме вкупно 36 дупки со вкупна должина од 16.820 метри. Златната минерализација почнува речиси на површината, додека бакарната минерализација почнува под зоната на оксидација. Минерализационите интервали се променливи и зависат од геолошкиот состав на областа. Министерот за економија најави инвестиции од околу 700 милиони евра? Од што ќе се состои инвестицијата? До крајот на годинава „Еуромакс“, кој е целосен сопственик на „Фелпс Доџ Вардар“, ќе инвестира повеќе од 10 милиони долари во развој на наоѓалиштето Иловица. Според процените, инвестицијата ќе надмине 500 милиони долари во текот на следните пет години. Идните инвестиции ќе бидат во програми за дупчење, геомеханички, минералошки и металуршки студии, хидрогеолошки истражувања, подготовка на проектна документација, изградба на патишта, руднички објекти, снабдување со вода и снабдување со електрична енергија и с` што е потребно за идните рударски операции, вклучувајќи ги и многу значајните инвестиции во животната средина. Kога ќе почнат конкретните активности, со што ќе започнете и која е временската рамка за понатамошни инвестирања? Kонкретните активности веќе почнаа. Програмата за дупчење е во напредна фаза и се планираат повеќе активности за наредниот период. Во однос на започнување на работата на терен, во изградбата и работата на рудникот ние сме подготвени да почнеме да работиме на спроведување на овие активности штом заврши целата законска процедура за добивање на потребните дозволи во согласност со македонските закони. Имајќи предвид дека се направени истражувања на различни локации, дали ќе отворите една или повеќе рударски јами? Истражувањето се прави на еден широк простор кој може да се смета за единствена локација. Затоа само една јама ќе се изгради во рамките на рударската област. Дали ќе ангажирате наши компании за отворање на рудникот или имате сопствени изведувачи? Развојот на овој проект во следните неколку години, освен нови вработувања, секако ќе значи и ангажирање на македонски компании кои ќе бидат наши партнери за сите подизведувачки активности. Kои се вашите процени за годишен извоз на бакар и на злато? Премногу е рано да се каже во оваа фаза бидејќи голем дел од работата што сега ја вршиме, по потпишувањето на договорот за концесија, ќе ги одреди оптималната големина и нивоата на производство на проектот. Можноста за вработување е важна за овој регион. Kога ќе почнете да вработувате и каков вид персонал ќе ви треба? Веќе ангажиравме локална работна сила. Мнозинството работници ангажирани на дупчењето се жители од Струмица и од селата Штука и Иловица. Kако што ќе напредува проектот, така ќе ангажираме различен персонал, вклучувајќи геолози, рударски инженери, машински инженери, специјалисти за обработка на минерални суровини, инженери за животната средина, рудари и друг персонал. Важно е дека овие луѓе ќе бидат од овој регион. Ова ќе има огромно значење за локалниот економски развој, но и за локалната економија. Но, луѓето од другите региони не се исклучени. Нашата определба е да им дадеме шанса на младите образовани луѓе кои можат да се здобијат со одлично искуство во ваков вид големи проекти. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=873B76FD31E2B74092573771AC56F4E0 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
опет ја
СО НОВ ЗАКОН ЌЕ СЕ ЧИСТИ ТЕРЕНОТ ВО РУДАРСТВОТО Катерина Попоска Согласно предлог-законот, идните инвеститори ќе вадат само дозвола за експлоатација на минералните суровини, наместо досегашните две дозволи за истражување и за експлоатација Состојбите во рударството ќе се подобруваат преку нов закон за минерални суровини. За да привлечат повеќе инвестиции во рударството и да ги решат досегашните проблеми во овој сектор, Владата, инвеститорите и експертите скроија нов закон, за кој допрва ќе се дебатира во Собранието. Забрзување и упростување на постапките за добивање концесија за истражување и експлоатација на минералните суровини, построги казни за оние кои ги злоупотребуваат рудните резерви, поголема заштита на животната средина се само дел од новините со кои се планира да се стимулира развојот на овој сектор. Согласно со предлог-законот, идните инвеститори ќе вадат само дозвола за експлоатација на минералните суровини, наместо досегашните две дозволи за истражување и за експлоатација. Новина е и тоа што за сите видови минерални суровини ќе се бара само едно мислење од институциите, пред инвеститорот да ја почне постапката за вадење концесиска дозвола. Рокот за добивање мислење се скратува од 30 на 15 дена. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, објаснува дека 78% од концесискиот надоместок ќе оди во буџетот на општините, а 22% во државниот Буџет. Во насока на поголема заштита на животната средина, законските измени наложуваат инвеститорите да достават и план за тоа како ќе управуваат со отпадот, а од нив ќе се бара и одреден надоместок за рекултивирање на подрачјето каде што ќе работат. „Имајќи го предвид фактот дека Македонија има голем потенцијал за искористување на природните ресурси, изработивме сосема нов закон со кој значително се подобруваат условите за инвестирање кај деталните геолошки истражувања и во експлоатирањето на минералните суровини. Искрено се надевам дека со овој закон значително ќе придонесеме да се зголеми интересот на инвеститорите и да се развие рударството“, истакна Сараќини. Според претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, се работи за подобрен предлог-закон, кој треба да биде доволно стимулативен за инвеститорите. „После 7-8 години добиваме нов, пречистен текст на законот за минерални суровини, кој беше еден од најчесто менуваните закони, поради што се доведувавме во ситуација да не можеме брзо да се снајдеме во конкретни ситуации. Некои одредби беа дури и во колизија. Мислам дека се работи за подобрен предлог-закон. На ниво на асоцијација имаме и други забелешки, кои во следните 10 дена ќе ги доставиме до Министерството, а кои веројатно ќе се приложат преку амандмани. Една од забелешките е што концесискиот договор за 30 години, со можност за продолжување од 10 години, треба да претрпи измени. За големите инвестиции во рударството 40 години некогаш може да бидат и малку и многу“, вели Николов. Потенцијалните инвеститори во рударството с$ уште се жалат дека Министерството не нуди прецизна и обновена мапа на рудните потенцијали во земјава за да решат дали и каде да инвестираат. Сараќини најави дека од јануари догодина треба да почне со работа новоформираниот геолошки завод, чија дејност ќе бидат геолошките истражувања. Тој додава и дека Министерството прибира податоци од скопскиот и белградскиот Државен архив за да ги сублимира податоците за рудните богатства во Македонија. « назад капитал |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
од секоја странска инвестиција,Македонија има корист од вработувањата,нивните плати,ДДВ-то,и евентуално 10% на остварената добивка ,секако доколку економистите во фирмата се тиквари па неуспеат да ја скријат во бројките.све друго бега надвор.тоа е искуство и во други(сите) држави
|
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
![]() 700 милиони евра инвестиција, а 120 тони злато и милијарди евра ќе си заминат засекогаш од Македонија. Или грешам ? Колку од тоа експлоатирано злато ќе остане во Македонија, под претпоставка дека воопшто нешто од тоа експлоатирано злато ќе остане во Македонија ? Колку од тоа експлоатирано злато ќе заврши во државните резерви ? А и јас па што прашувам, сигурно освен тие 700 милиони евра инвестиција, канаѓаните ќе не почастат и по некој споменик. ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Рудникот „Иловица“ даден под концесија, планираната инвестиција 700 милиони евра
Како што рече денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, „Иловица“ располага со 120 тони злато и 700.000 тони бакар што е само 30 отсто од вкупното концесиско поле. - Ако продолжат истражувањата и во останатите 70 проценти од концесиско поле, постои голема веројатност да се најдат и други резерви на злато и бакар, истакна Сарачини на прес-конференција по повод промовирањето на новиот закон за минерални суровини. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=95637988&lId=1&pmId=504 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
„Еуромакс“ размислува да инвестира 500 милиони долари во Иловица од 2017Резервите се смета дека се доволни за 20 години. За една година би можеле да се ископуваат 100 илјади унци злато (околу 3,1 тони) и 15 илјади тони бакар – пишува виенски „Виртшафтсблат.“
Датум: пред 5 часа
| Прочитано: 93
![]() На тромеѓето Македонија-Бугарија-Грција, канадско-британска фирма сака да инвестира 500 милиони долари. Извршниот директор на канадска компанијa „Еуромакс Рисорсис“, Стив Шарп, смета на тоа дека ќе може да го промовира регионот од 2017 преку Иловица каде што има злато и бакар – испитувањето на исплатливоста е во тек, пишува виенскиот деловен весник „Виртшафтсблат“ во денешниот број во написот за продорот на канадските рударски компании на Јужниот Балкан. Резервите се смета дека се доволни за 20 години. За една година би можеле да се ископуваат 100 илјади унци злато (околу 3,1 тони) и 15 илјади тони бакар. Вкупното количество на злато изнесува 130 тони. Јужниот Балкан е се поблизок за канадските рударски компании – во најголем број случаи станува збор за стари рудници (brownfield проекти), но има и нови (greenfield проекти). Шарп сака да ја спакува целата работа во берзанска приказна – неговата компанија што котира на берзата во Торонто, ќе се пресели на Лондонската берза, потпирајќи се на желбата на институционалните инвеститори да поседуваат европски акции во злато и тоа особено во европски златни депозити. - Рудниците во Европа, од социо-политичка гледна точка се побезбедни од многу други земји – вели Шарп за австрискиот весник. „Еуромакс“ досега има инвестирано 10 милиони долари. Друга канадска компанија, „Авала Рисорсис“, пак, сака да инвестира половина милијарда долари во рок до три години во два рудници на злато кои се наоѓаат меѓу Бор и Загубица во Србија. Канадските компании размислуваат и за рударски проекти на Косово. Компанијата „Аврупа“ е присутна во најмладата држава во Европа, а меморандум за соработка е потпишан и со властите на Босна и Херцеговинаhttp://www.time.mk/read/NONE/c5cb674d10/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
ДОДЕЛЕНА KОНЦЕСИЈА ЗА ЕKСПЛОАТАЦИЈА НА РУДА KАЈ БОСИЛЕВО Kанаѓаните ќе вадат бакар и злато од ИловицаОд „Фолпс доџ“ неофицијално велат дека неодамна имале средба со премиерот на која биле презентирани резултатите од досегашните истражувања и нивните планови и очекувале ваква одлука, а сега очекуваат да бидат повикани да се преговара за условите што треба да бидат прецизирани во Договорот за концесија. Според тоа што досега е објавено, во декември минатата година испитувањата утврдиле рудни резерви од 505 милиони тони од каде што може да се добијат 919 илјади тони бакар и 136,5 тони злато. Во моментот на берзите цената на тон бакар е 8.400 долари, а на златото 1.600 долари за унца. Kако што неодамна за „Дневник“ најави министерот за економија Ваљон Сараќини, рудникот би можел да почне со работа најрано за пет години, а инвестицијата би била најмалку 700 милиони евра. Во него треба да се вработи меѓу 500 и 1.000 луѓе. Истражувања кај Иловица инаку имало уште во 1935 и во 1936 година, но најсериозните почнаа пред десетина години кога дојде американската компанија. Се истражуваа Kазан Дол во Валандовско, Kадиица кај Пехчево, која сега ја истражува руски „Солвеј“, и Иловица. Со истражувањата се потврди дека овде може да се отвори најголемиот рудник за бакар и за злато во југоисточна Европа. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C41ED2F1CD098D4EA2FBE2541C760D3A |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Турски Курум Холдинг нов сопственик на рудникот ТајмиштеТурската компанија Курум Холдинг ќе биде новиот газда на рудникот Тајмиште. Турците на тендерот понудиле 2 милиони евра за концесија на рудникот и изградба на фабрика за преработка на железната руда, еден од главните услови што ги побара државата. Ако зделката се склучи, Тајмиште ќе биде најголемиот рудник за железо во Југоисточна Европа. ![]()
- Како
што најавија инвеститорите во првите четири до пет години ќе
инвестираат околу 100 милиони евра и ќе вработат олку 500 вработени, но
да почекаме тоа да го соопштат Турците на потпишување на договорот,
изјави Ваљон Сарачини- министер за економија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=9318928.06.2012, 14:23
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Откриени 250 милиони тони бакарна руда кај ПехчевоПо 18-месечните интензивни геолошки истражувања на локалитетот Кадиица кај Пехчево, се потврдија првичните согледувања на експертите дека овој локалитет крие оксидна бакарна руда тешка 250 милиони тони, вредна за експлоатација, па истражувањата ќе завршат две години порано. ![]()
Првите
луѓе на „Кадиица метал“ се подготвуваат за реализација на инвестицијата
од рускатата компанија „Солвеј“, тешка 100 милиони евра, за отворање
фабрика за производство на бакар по пат на подземно лужење, процес кој,
освен во рудникот Бучим, малку е применет во Европа.
27.06.2012, 10:48
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=93125 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
ова е паметно,да не се ставиме во позиција како Фени што зема само руда од Албанија и други држави и рудата ја топи овде,и нормално овде се прават пари.во случајот со фени РМ е во добивка,но можи да се случи со тајмиште и останатите рудници да е обратно.рудата да заминува од РМ во вагони.
грешката е што оваа мерка небила предвидена во веќе објавениот тендер,па целата работа ќе закасни една година |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Фабрика за железна руда - услов за да проработи ТајмиштеКатерина ПопоскаПокрај
најавата за повторно експлоатирање на железната руда кај Тајмиште по 15
години, геолозите и металурзите најавуваат отворање на неколку нови
рудни окна за бакар, злато, железо и никел ![]() 150 милиони тониквалитетна железна руда најверојатно крие Тајмиште 789 тони бакари 130 тони злато се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица 100 милиони тонирудни резерви најверојатно крие Кадиица Владата наметнува нови обврски за искористување на железната руда кај локалитетот Тајмиште, кај Зајас. Изградба на фабрика за преработка на железната руда и вработување на околу 1.000 луѓе во првите пет години е најновиот услов за заинтересираните инвеститори што сакаат да ги експлоатираат рудните богатства од Тајмиште. Иако веќе една индиска, две турски и две домашни компании веќе подигнале тендерска документација за да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште, Министерството за економија ја прекина постапката и почна нова. Со новите услови државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и да ја извезува железната руда, која се проценува на околу 150 милиони тони. „Владата одлучи да ја прекине постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини и да почне нова, во согласност со која се воведуваат нови услови за инвеститорот. Обврска за идниот инвеститор е да изгради погон за преработка на рудите на железо, што ќе придонесе за отворање нови работни места, односно зголемување на бројот на вработени“, кусо објаснуваат од Министерството за економија. Преку новиот повик Министерството бара заинтересираните инвеститори за Тајмиште да одлучат дали сакаат максимум 60 години да ја искористуваат железната руда од Тајмиште. Иако од Министерството не ја откриваат проценетата вредност на локалитетот и на минералните суровини, токму највисоката понудена цена ќе биде пресудна кој во следните 60 години ќе стопанисува со рудното богатство кај Кичево. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие висококвалитетна железна руда доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Тајмиште не работи веќе 15 години. Покрај Тајмиште, Министерството за економија нуди концесија и за отворање рудник кај Иловица, Струмичко. Се проценува дека овој рудник крие 790.000 тони бакар и 130 тони злато. За добивање концесија е заинтересиран канадскиот инвестициски фонд Еуромакс. Од фондот објавуваат дека ќе почнат со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец југ-југоисток од досегашните истражувања. Стигнуваат и најави за отворање рудно окно кај локалитетот Кадиица, Пехчево. Деталните геолошки истражувања на неколку заинтересирани инвеститори, кои се кријат од јавноста, треба да покажат дали ќе се отворат и четири нови рударски окна во околината на Прилеп, Кичево и Кавадарци. Последните информации од геолозите во земјава се дека кај локалитетите Ракле и Црна Тумба во околината на Прилеп најверојатно има големи наоѓалишта на никел и железо. Кај локалитетот Арничко пак, во близина на Кавадарци, геолозите навестуваат дека длабоко под земјата најверојатно има резерви на хром. Истражувањата треба да покажат и дали кај локалитетот Стрелци во Осломеј може да се ископа значајно количество молибден и други метали. Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, за „Капитал“ вели дека можното отворање нови рудници е значаен момент за рударството и за неговиот понатамошен индустриски развој. „Во последните 5-6 години во Македонија не е отворен нов рудник. Очекуваме позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, а тоа ќе значи и нови вработувања и поголеми приходи во државниот и во општинските буџети од концесиските надоместоци“, вели Николов. Отворањето нови рудници во земјава може значително да влијае на македонската економија, ако се земе предвид фактот дека во 2009 и 2010 година рударството учествуваше со 19%, односно со 18,2%. http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84311/fabrika_za_zhelezna_ruda_-_uslov_za_da_proraboti_tajmishte.aspx?iId=2747 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
лично се знам со сегашниот директор на `Тајмиште` кој ми кажуваше дека првата шанса за рестартирање на рудникот се имаше во 1999-2000 година кога го повикал тогашниот премиер Љупчо Г. и му побарал физибилити студија за исплативоста на повторното отварање на рудникот ,нормално со тогашните цени на железото кои беа доста пониски од сегашните.после тоа премиерот бил многу задоволен од прикажаното за исплативоста на рестартирањето на рудникот,и биле предвидени пари од продажбата на телекомот за рестартирањето.после тоа знаеме во какви води влезе РМ во 2001 и за какви глупости се потрошија парите.и така си живеевме до крајот несреќен живот во Кичево
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
„Еуромакс Рисорсис“ продолжува со нови дупчења на ИловицаКанадската компанија „Еуромакс Рисорсис“, која истражува бакар и злато во месноста Иловица во југоисточна Македонија, од своето седиште во Ванкувер, Бритиш Колумбија, извести дека започна со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец на југ-југоисток од досегашните истражувања, а со оглед на тоа што податоците од досегашните истражувања индицираат значителен потенцијал за зголемување на ресурсите во оваа насока. Иако проширувањето на минерализацијата во овие насоки би можела да се наоѓа на поголема длабочина од досега откриените ресурси, новите можни ресурси, кои се добиени преку моделирање би можеле да покажат дека и дупчењето во оваа насока може да произведе ресурси исплатливи за експлоатација и потенцијално да направи експанзијата на актуелните проценети ресурси ако истражувањето се покаже успешно. Првото дупчење со шофра EOIC-1229 (види карта) е вертикална дупка која претставува исчекор од 200 метри од најблиската досега направена дупка и во моментов е на длабочина од 400 метри. „Еуромакс Рисорсис“, минатиот месец првпат по 3 години објави сеопфатни резултати од своите истражувања извршени преку дупчења. Според проценката за дедуцирани (имплицитни) ресурси, до кои е дојдено според меѓународните стандарди кои се користат при ваквите истражувања, откриено е присуство на 789 илјади тони бакар и 130,6 тони злато.
Фотографии долу: брдото на Иловица, одрон на Иловица, патот до Иловица и жили со наоди од руда на Иловица |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |