build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бит пазар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 13-Mar-2013 at 12:18

ЛЕТОВО ЌЕ ЗАПОЧНЕ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ


Бит-пазар со покрив, нови тезги и паркинг


Површината на објектот ќе изнесува 15 илјади метри, ќе биде поделен на приземен и галериски дел, ќе има уште едно дополнително ниво во делот кој е организиран кон женскиот пазар


Долгогодишните проблеми со кои се соочуваат пазарџиите од Бит-пазар и за кој пред неколку месеци штрајкуваа поради неисполнување на ветувањето за затворен и реновиран пазар се очекува наскоро да бидат решени. Проектот за реконструкција на пазарот е во завршна фаза и треба да започне негова реализација на терен за три месеци. Во општината Чаир, вчера проектантот Кокан Грчев пред Здружението на пазарџиите го презентираше проектот Бит-пазар. Површината на објектот ќе изнесува 15 илјади метри, ќе биде поделен на приземен и галериски дел, ќе има уште едно дополнително ниво во делот кој е организиран кон женскиот пазар. Сето тоа треба да овозможи поставување на 1 400 тезги во приземниот дел и соодветен број на дуќани кои се наоѓаат организирани речиси на идентични места каде што и сега се наоѓаат.

-Бит-пазар е дел од Скопската чаршија, а архитектурата на новиот проект ќе биде во склад со изгледот на Чаршијата. Во завршна фаза сме со усвојување на деталите на урбанистичкиот план, којшто е основа да се обезбеди таква инвестиција. Многу беше значајно да се опфатат сите тезги, дуќани, а кога ќе биде реализиран проектот нема да дозволиме ниедна тезга надвор од пазарот да се бави со трговија, велат од општината.

Финансиите за проектот Бит-пазар се обезбедени од буџетот на акционерското друштво Скопски пазар, а се чека дозвола за отпочнување со градба на проектот со кој многу придобивки ќе имаат градот, општината, чаршијата, пазарџиите, но и купувачите, истакнуваат од таму.
- Овој проект е поделен во три главни сегменти коишто сукцесивно би се надградувале еден врз друг и квадратурата зборува за комерцијалната вредност на објектот во изградба и за она што како позитивен финансиски фидбек може да се очекува од користењето на тој простор, објасни проектантот Кокан Грчев.

Површината на овој објект ќе изнесува 15 илјади квадрати, инвестицијата на истиот ќе биде 10 милиони евра. Се очекува реализација на проектот да започне за три месеци, кога и започнува градежната сезона.

(С.Тр.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=81B96F3CA4BFA847AEE5BE066762910C

eve nesto od alsat m

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 11-Feb-2013 at 19:09
после разнебитувањето на целата служба за заштита од пожари која беше во МВР;вакви работи за жал ќе бидат уште позастапени во наредниот период
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 11-Feb-2013 at 11:14

Осум дуќани изгореа во пожарот што избувна на скопски Бит пазар ноќеска пет минути по полноќ.

bitpazar500

Како што јавува МИА, командантот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски потврдил дека пожарот е комплетно изгаснат и оти не е дозволено негово проширување. Нема повредени.

dukani500

Во гаснењето учествувале 14 противпожарни возила со 35 пожарникари.

izgoreno500

partali500

pozarna500

klima500

limovi500

vlez500

alista500

vrati500

luge500

uvid500

pepel500

http://kurir.mk/makedonija/vesti/103082-FOTO-Sto-ostana-od-dukanite-na-Bit-Pazar

If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 26-Sep-2012 at 10:47
ХАОСОТ И НЕХИГИЕНАТА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО НОВ ЗАТВОРЕН ОБЈЕKТ

Маркет и катна гаража на местото на Бит-пазар

Проблемот со нехигиената околу Бит-пазар, продажбата на картонски кутии на тротоарите, постојаните расправии со полицијата и со инспекцијата, остануваат секојдневие во овој реон с` до изградбата на модерен затворен пазар. А на такво нешто ќе се почека с` до усвојување на урбанистичкиот план „Мавровка“ од Општината Чаир каде што не прецизираат кога точно планот со ова нацрт-решение ќе се најде на дневен ред на седница на Советот.

Од „Скопски пазар“ велат дека се подготвени за реализација на оваа идеја за која се зборува веќе една деценија, но постојано се одложуваше поради измени во плановите, како и поради територијалната поделба, со која пазарот од надлежност на Општина Центар падна под ингеренции на Чаир. Изготвиле и идејно решение.

- Во согласност со него имаме намера во иднина да пристапиме кон нова инвестиција за реконструкција и за адаптација на постојниот пазар во нов, со сите атрибути на современа локација за пазарење - изјавија од оваа компанија.

Идејното решение било позитивно оценето и од Општина Чаир. Градоначалникот Изет Меџити изјави дека не се работи за значајни измени во планот „Мавровка“, но дека процедурата за измена е во тек. Kако што вели, долг период тапкала в место поради обезбедување конзерваторски основи за дел од овој локалитет. А од Kонзерваторскиот завод, пак, долг период биле ангажирани околу новиот нацрт на Генералниот план за Скопје.

- Сега тоа заврши и тие веќе ќе работат на конзерваторските основи. Да беа поекспедитивни до сега ќе беа готови и измените. Се надевам дека за два-три месеци процедурата ќе биде готова и „Скопски пазар“ ќе може да ја реализира идејата и ќе исчезне и онаа грда глетка која боде очи, односно продавањето на картонски кутии - изјави Меџити.

Раководителот на одделението за спроведување на урбанистичките планови во Чаир, Арбен Речица, објасни дека според важечкиот план урбаната парцела на која ќе се протега затворениот пазар е 8.500 квадратни метри. Висината на објектот е зацртана на девет метри - приземје и кат.

Анела Петрова



Инвестиција од 10 милиони евра

Во однос на идејниот проект, од „Скопски пазар“ информираа дека модерниот затворен Бит-пазар ќе претставува деловен простор со нови тезги, кој ќе ги опфати како постојните така и новите корисници.

- На приземјето ќе се продаваат свежи производи, овошје и зеленчук, а на првиот кат непрехранбени производи. Паркирањето го планираме во рамки на постојната локација со изградба на мала катна гаража во согласност со стандардите за ваков тип објекти - појасни Сашо Давитковски, претседател на Управниот одбор на „Скопски пазар“.

Оваа инвестиција би чинела 10 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D8B57EC29DC93C428D0BEABF449C129C
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 03-Aug-2010 at 11:55
ОДАМНА СЕ НАЈАВУВА ОТВОРЕНИОТ ПАЗАР ДА ПРЕРАСНЕ ВО ЗАТВОРЕН
Модерен Бит-пазар, само добра желба

Даниела Трајковска


Наместо класичен пазар со тезгиња, во кој има голем метеж и бучава, Бит-пазар ќе биде сместен во затворен објект во форма на „СП Планет“, во кој ќе се лоцираат сите пазарџии. Оваа идеја веќе подолго време постои, а целта е пазарот да прерасне во современо место за пазарување. - Тој објект е предвиден во деталниот урбанистички план на општина Чаир, меѓутоа, поради проблеми со имотно правните односи, неговата изградба е одложена - изјави Омерфејзи Билали, началник на секторот за урбанизам на Чаир. Проблемите настанале откако земјиштето со денационализација е вратено на сопственикот, меѓутоа, надлежните очекуваат спорните делови за просторот да се решат и, конечно, да се реализира проектот со пазарот. Според него, „Скопски пазар“, фирма која стопанисува со Бит-пазар веќе поднеле барање за дозвола за изградба на ваков објект. Сепак, како што стојат работите, проектот со кој најголемиот пазар во градот ќе се смести во затворен објект, без метеж и без непријатната миризба од изгниените производи, нема да се реализира во блиска иднина. Како што велат од „Скопски пазар“, во неколку наврати е разговарано за изградбата на „СП Планет“, меѓутоа, очигледно ваквиот трговски центар „бел ден“ ќе види во некои подобри времиња. - Меѓу големиот број проблеми, кои произлегуваат од овој план, веројатно најголемиот е каде да ги сместиме пазарџиите што во моментов работат на тие тезгиња, во периодот додека се гради објектот - изјави Сашо Давитковски, генерален директор на „Скопски пазар“. Покрај тоа, Давитковски се пожали и на тоа дека банките не даваат поволности и дека ова е лошо време за поголеми инвестиции. Тој објасни дека во неколку наврати е разговарано со општина Чаир за оваа идеја. - Имаме изработено дури и неколку добри проекти, за тоа како тој простор најдобро ќе личи - рече тој. Целосната реконструкција на Бит-пазар и обезбедување на паркинг-простор за корисниците на пазарот беа дел и од предизборните ветувања на Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје. Токму паркирањето во околината на пазарот е еден од најголемите проблеми за скопјани, кои ќе решат да пазаруваат тука, затоа што едноставно тука паркинг-простор не постои. Од Град Скопје велат дека реконструкцијата на Бит-пазар, всушност, не се однесува на пазарот, туку на сообраќајните текови. - Проектот фазно ќе се реализира во текот на мандатот на градоначалникот, во соработка со општина Чаир. Засега е реализиран проектот за зонско паркирање кај „Мавровка“ - изјавија од Град Скопје. За да се реши проблемот со паркинг-простор и со паркираните автомобили по тротоарите, од Општина Чаир потврдија дека на Бит-пазар ќе се изгради паркиралиште. - Паркинг-простор ќе има веднаш до Театарот на Албанците. Предвидено е да се изгради катна гаража бидејќи нема друга локација за паркинг- простор во овој дел - изјави Билали.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 06-Apr-2010 at 11:34
ovaj del na gradot nikako da se modernizira Ohno

БЛОКИРАНА ИЗГРАДБАТА НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВО ЧАИР

Бит-пазар засега нема да се сели

Иако градоначалникот Изет Меџити уште пред 4 години најави дека ќе го гради трговскиот на местото на пазарот и во него ќе ги пресели тезгињата, сега општинарите не знаат дали и кога ќе почнат да го градат објектот

Бит-пазар сe уште нема да се пресели во нов објект оти Општина Чаир не знае кога ќе го изгради трговскиот центар на негово место. Иако градоначалникот Изет Меџити пред 4 години сам ја најави изградбата на трговскиот и преселбата на пазарот во него, сега Општината не знае кога ќе ја гради модерната двокатна зграда во која треба да се сместат поголем дел од тезгињата.
"Немаме информација до каде е постапката за изградба на трговскиот центар и преселбата на еден дел од пазарот во него", кусо изјави Авни Калаба, портпарол на Општина Чаир. Тој не објасни зошто досега е блокирана изградбата на зградата и дали таа воопшто ќе се гради.
Согласно идејното решение за изградба на објектот со кое Меџити се пофали пред една година, во подрумот на новата двокатна зграда треба да се изгради паркинг за околу 400 возила, првиот кат е предвиден за тезгињата за пазарот, додека на вториот кат е планирано да се сместат продавачите од женскиот пазар. Изградбата на објектот чини 20 милиони евра, пари кои градоначалникот вети дека ќе ги даде АД "Скопски пазар", сопственик на земјиштето. Во меѓувреме, Општината почна да бара и привремена локација за пазарџиите за да не им трпи работата додека се гради трговскиот, но од тогаш работите не мрднаа од место.
Новата зграда за Бит-пазар е предвидена со Деталниот урбанистички план за Чаир.
(М. Ѓ.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E37686CD169B214D8AE1ED03688A5E83


Edited by Cloverstack - 06-Apr-2010 at 12:37
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 09-Apr-2009 at 05:02
 

Бит-пазар ќе биде на ниво

Според проектот на општината Чаир и „Скопски пазар“, целиот простор во овој дел на градот ќе биде поинаку урбанизиран, покриен, на две нивоа, со подземен паркинг


Бит-пазар изгледа грдо и од птичја перспектива, но општината е решена да воведе ред и да им обезбеди подобри услови на легалните пазарџии

Најголемиот пазар во земјава, Бит-пазар е прв и по нередот. Нема соодветен паркинг, царува нехигиената, нема доволно простор, на тезгите е измешана стоката.

Згора, диви пазарџии ги запоседнале тротоарите во непосредна близина на пазарот, што уште повеќе ја нагрдува сликата пред ретките туристи, кои не го прескокнуваат ова за нив егзотично место.Од Општината, Чаир на чија територија се наоѓа Бит-пазар, велат дека за се' што е покрај булеварот треба да се грижат градските комунални инспектори, но не значи дека кога тоа е потребно, не постапуваат и тие.

- Ги собираме и остатоците од дивите пазарџии кои продаваат на тротоарот надвор од пазарот. Имаме вработено 19 лица кои се задолжени за чистотата, објаснува раководителот на пазарот, Фарук Елмази. Според него, се почитува Законот за трговијата, според кој на зелените пазари се врши трговија на големо и мало на земјоделска стока. На посебно организирани делови на зелените пазари може да се врши трговија на големо и мало и на друга стока.
- На нашиот пазар се продава зеленчук и овошје на посебен дел, а облека на посебен дел, иако има и исклучоци - признава Елмази.

Од Градската комунална инспекција надлежноста ја префрлаат на општинските инспектори. Велат дека се надлежни само за контрола на хигиената во дворот и во санитарните јазли на големите пазари.

- Имаме ингеренции само за Кванташкиот пазар, а за останатото се надлежни општинските инспектори.Општината Чаир, во соработка со „Скопски пазар“, подготвуваат проект за изградба на нов современ покриен пазар на местото на Бит-пазар, кој предвидува и подземен паркинг, на две нивоа. Со тоа комплетно би се сменил досегашниот лик на овој дел од градот.

- Пазарот ќе има површина од 8.430 квадратни метри. Ќе има приземје, еден кат и подземен паркинг, со капацитет за 400 возила, изјави Авни Калаба, задолжен за односи со јавноста во Општина Чаир. Тој додаде дека на приземјето строго ќе бидат фиксирани тезгите и боксовите. На катот од објектот ќе бидат изградени дуќани, во кои најверојатно ќе биде сместен и познатиот женскиот пазар. Двете подземни и паркиралиштата на катот ќе бидат меѓусебно поврзани преку шест лифта, кои ќе транспортираат и стока и луѓе. Како што истакна Калаба, на просторот кај аптеката „Зегин“ ќе се гради мал плоштад со површина од 1.000 квадратни метри, кој ќе завршува со скали, по кои ќе може да се влегува во супермаркет.

- Новиот плоштад, всушност ќе го разубави влезот во Старата скопска чаршија, вели Калаба. Пазарот ќе се реализира фазно, а постои можност за негова дислокација додека не се изгради новиот.

- Со изградба на новиот затворен пазар нема да дозволиме да се изгуби една од дејностите кои сега се актуелни. Строго се води сметка за деловите каде што ќе има класификација на продажбата на текстил, на прехранбени и други производи, потенцираше Калаба. Инвестицијата за изградба на пазарот ќе биде на „Скопски пазар“.Како што велат од Општината Чаир, техничката документација за изградба на овој објект веќе се подготвува. Проектот за пазарот го изработува Друштвото за проектирање „Ма-дизајн“.

- За изградба на објектот сме во консултации со Министерството за култура, со цел да се дефинираат сите детали за зачувување на автентичноста на Старата скопска чаршија и на културното наследство, рече Калаба. Општината е во исчекување на сообраќајното одобрение и на сите други потребни согласности за изградба на објектот. Оттаму се надеваат дека наскоро идејниот проект ќе добие локациски услови, а мошне брзо ќе биде изработен и главниот проект.

ИНФО-Плоштад кај „Зегин“

Општината Чаир и „Скопски пазар“ подготвуваат проект за изградба на нов современ покриен пазар, на површина од 8.430 квадратни метри. Ќе има приземје, еден кат и подземен паркинг, со капацитет за 400 возила. Кај аптеката „Зегин“ ќе се гради мал плоштад од 1.000 квадратни метри, кој ќе завршува со скали, по кои ќе може да се влегува во супермаркет. Пазарот ќе се реализира фазно, а постои можност за негова дислокација додека не се изгради новиот. Техничката документација веќе се подготвува. Проектот го изработува Друштвото за проектирање „Ма-дизајн“.Општината чека на сообраќајното одобрение и другите согласности за изградба на објектот.

Анела Петрова
Фото Маја Златевска

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 09-Jan-2008 at 00:14
еве една добра вест. Прв пат за вакво нешто се зборуваше пред последните локални избори. И Пенов најавуваше нешто вакво. Од тогаш ова е прва вест на оваа тема на која имам налетано. Само живо ме интересира како ќе изгледа проектот. МА-ДИЗАЈН кој се спомнува како проектант е творецот на објектот на Тинекс што се гради во Капиштец Roll%20eyes
Бит пазар и вака може да биде интересен доколку не беше толку прљав, доколку ги немаше сите оние диви продавачи околу, доколку не беше уништено средишното зеленило на булеварот од паркирани превозни средства. Но тоа е тоа редно е да ги направат пазарите како што треба.



Бит-пазар ќе стане модерен пазар со подземен паркинг на две нивоа

Паркингот ќе се протега на 5.120 квадратни метри и на него ќе може да се паркираат 400 возила

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Бит-пазар комплетно ќе го смени сегашниот лик и ќе се претвори во модерен пазар од затворен тип: на приземје и еден кат и со подземен паркинг на две нивоа. На приземјето строго ќе бидат фиксирани тезгите и боксовите. Двете паркиралишта и катот ќе имаат меѓусебна комуникација преку шест лифта со кои ќе се транспортираат луѓе и стоки. Целата парцела за градба има површина од 8.430 квадратни метри, додека подземното паркирање на две нивоа е предвидено за 400 возила и ќе се протега на 5.120 квадратни метри. На првото ниво ќе има простор за 71 возило, а на второто 329 паркинг- места. На дел од просторот на сегашниот пазар, каде што сега се поставени тезгите со текстил и играчки, спроти аптеката „Зегин“ ќе се изгради плоштад со фонтана и комплетна урбана опрема. Плоштадот ќе се протега на 1.000 квадратни метри и ќе завршува со скали преку кои ќе се влегува во планираниот супермаркет. Од другата страна тој ќе биде поврзан со надвозниот премин што заеднички ќе го градат Градот и Општина Чаир.

Новиот плоштад, всушност, е замислен како отворен простор кој ќе го разубави и влезот кон Старата чаршија.

Целата инвестиција е на „Скопски пазар“. Во Општина Чаир техничката документација веќе се подготвува, а проектот го изработува МА-ДИЗАЈН-Друштво за проектирање. Тој ќе се реализира фазно, а постои можност и за дислокација на Бит-пазар. „Со изградбата на новиот модерен пазар нема да дозволиме да се загуби ниту една од дејностите кои се актуелни сега. Но, строго ќе се води сметка за деловите каде што ќе има класификација на продажбата на текстил, на прехранбени производи и на други производи. За изградба на објектот во консултации сме со Министерството за култура, а се' со цел да се дефинираат сите поединости за зачувување на автентичноста на Старата чаршија и културното наследство. Во исчекување сме на сообраќајното одобрение и на сите други потребни согласности за изградба на еден ваков објект“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Според Арбен Речица, раководител на Одделението за управување со градежно земјиште и дозволи за градба во Општина Чаир, на катот од новиот објект ќе бидат изградени дуќани во кои, најверојатно, ќе биде сместен и познатиот женски пазар. Според него, за многу кусо време идејниот проект ќе добие локациски услови, а мошне брзо ќе биде изработен и главниот проект. Автор на идејниот проектот е архитект Драги Зафиров.


Извор: Утрински весник





Edited by pbanks - 09-Jan-2008 at 00:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.