build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 13-Jan-2013 at 00:17
И тука почна изградбата на пристапните патишта... ако сакате да ви го постирам проектот... само кажете ми каде да ги залепам сликите...

Поздрав
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 23-Jun-2012 at 04:53
New windmills were installed near the town of Lerin, Egejska MK

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 02-Jun-2012 at 09:23


Edited by Cloverstack - 02-Jun-2012 at 13:29
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 06-Apr-2012 at 14:36
засега имаме само ветер во магла од ветерниците
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 06-Apr-2012 at 13:00

Ветерници кај Богданци ќе произведуваат струја

Ветерници кај Богданци ќе произведуваат електрична енергија. Инвестицијата тежи 55 милиони евра, од нив 33 милиони евра се од германската КФВ банка.

Привршуваат подготовките за отпочнување на изградбата на паркот со ветерници над Богданци. Во моментов се подготвува документацијата за експропријација на земјиштето предвидено за изградба на патот до месноста Погана, каде треба да се постави првата ветерница.

Градоначалникот на Богданци Ристо Ичков, вели дека ветерниците ќе бидат на надморска височина од 350 до 505 метри.

Ветерниците во Богданци се прв проект и обид на државата да произведува електрична енергија од обновливите извори, како што е ветрот. Инвестицијата вредна 55 милиони евра е на Електрани на Македонија, која го реализира проектот со поддршка на германската КФВ банка која обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22, 6 милиони ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

Паркот со ветерници треба да произведува 100 гигават часови струја годишно.

Сузана Мицева

06.04.2012, 11:14

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=89645
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 25-Feb-2012 at 10:45

Потпишан договор за изградба на ветерен парк

Локација со површина од 29,9 хектари земјиште во подножјето на планината Погана кај Богданци на кое треба да никне новата енергетска инвестиција за изградба на ветерен парк, неделава беше предмет на примопредавање помеѓу инвеститорот АД „ЕЛЕМ“ и изведувачот на ЛОТ 2 Конзорциумот „Терна СА Сименс“.

veteren-park-5000

Пред потпишувањето на договорот за примопредавање беа разгледани терените на местото каде според договорните клаузули треба да биде изграден пристапен пат од 4,394 километри и два патни крака со вкупна должина од 5,719 километри, или вкупно  над десет километри патна линија до ветерниците. Напоредно со тоа, согласно меѓународниот тендер од ЛОТ 2 изведувачот треба да изгради нова трафостаница и далекувод за покренување на ветерните турбини. Рокот за изведба на преоктот изнесува 14 месеци.

По изградбата на патната и енергетската линија ќе следува спроведувањето на елементите од ЛОТ 1, односно изградбата на 16 ветерни електрани кои ќе имаат капацитет да произведат 100 Гигават часови чиста и одржлива електрична енергија.

Изградбата на „Паркот на ветерни електрани – Богданци“ ќе придонесе за користење на чиста и одржлива енергија потребна за домаќинствата и стопанските капацитети од регионот и пошироко. Тоа ќе значи и еколошка заштита на средината со нето годишна заштеда на 82,180 единици стакленични гасови.

Договорните партнери „ЕЛЕМ“ и Конзорциумот „Терна СА Сименс“ заедно со примопредавањето на локалцијата потпишаа и протокол за отпочнување на активности за изработка на проектната документација како и подготовка на теренските работи од страна на изведувачот на проектот.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/62112-Potpisan-dogovor-za-izgradba-na-veteren-park

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 04-Feb-2012 at 12:22
kojznae po koj pat se najavuva ovaa investicija.se nadevam deka ke se vidat rezultati vo brzo vreme

Шпанци ќе градат ветерници во Штип

Шпанците не се откажуваат од македонскиот ветер. За в година ветија проток на првите мегавати струја од штипскиот регион. Токму затоа инвеститорот, шпанскиот конзорциум „Инвал“, ја измени првичната проекција за моќност на производство на струја на годишно ниво за побрз старт на идниот парк ветерници во околината на Штип. Планираните сто мегавати се преполовени.

„Планот е изградба на фарма на ветерници во два дела со моќност од по 50 мегавати секој. Ова е втора верзија на студијата, која првично се базираше на еден дел со моќност од 100 мегавати“, појасни извршниот директор на„Инвал Македонија“, Џорди Молинари Марјано.

Двегодишната административна процедура за обезбедување на потребните дозволи за работа не ги обесхрабрува шпанските инвеститори. За нив тоа е пресметан ризик.

„Голем дел од потребните дозволи за градба се обезбедени, како еколошката и дозволата со претходно усвоена урбанистичка документација за градба. Со големо разбирање и ефикасност од Регулаторната комисија за енергетика, од каде набргу го чекаме Правилникот за стопанисување со произведената електрична енергија и Министерството за транспорт и врски, инвестицијата би требало да стартува со градба на почеток на идната година“, оптимист е Молинари Марјано.

Македонија не е лидер со најбавна администрација во Европа. Шпанија е прва, тврдат странците. Седум години потрошиле во обезбедување на потребните дозволи за старт на инвестицијата. Во Полска чекале три, а во Романија половина година повеќе. Од инвестицијата тешка 140 милиони евра, Шпанците очекуваат годишно производство на 250 гигават часови електрична енергија. Профитот зацртан на 20 милиони евра ќе е добредојден и за Македонија.

Дејан Ефремов

04.02.2012, 11:22

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=86594
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 31-Jan-2012 at 10:21

АД ЕЛЕМ потпиша договор со грчкиот конзорциум „Терна – Сименс“ за реализација на проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“

  • Е-пошта
  • Печати
  • PDF

АД „Електрани  на Македонија“ потпиша Договор со конзорциумот „Терна – Сименс“ од Грција, за реализација на лот 2 од меѓународниот тендер за изградба на паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“. Предмет на договорот е изградба на пристапен пат, поставување на трафостаница и на далекувод што ќе го поврзуваaт паркот на ветерни електрани со преносниот систем на Република Македонија. Предвидено е активностите да започнат со изработка на проектна документација, а ќе се реализираат во рок од 13 месеци.

Изградбата на ПВЕ „Богданци“ се реализира преку тендерска постапка која се состои од два лота, и тоа лот 1 – набавка и монтажа на опрема (ветерни турбини) и лот 2 – изградба на пат и поставување на трафостаница и на далекувод за поврзување на ПВЕ со преносниот систем на Република Македонија. 
Средствата за реализација на овие активности се дел од кредитот  обезбеден од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот  чијашто проценета вредност е 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди  32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

Целта на овој пилот-проект е да ја промовира енергијата на ветерот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во Република Македонија. Со изградбата на ветерниот парк ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството  на струја од АД ЕЛЕМ за околу 100 гигават- часа годишно.

http://www.elem.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=238%3A2012-01-30-14-09-29&catid=1%3Alatest-news&Itemid=125&lang=mk

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 15-Jan-2012 at 23:09

ЕЛЕМ ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНИ ИНВЕСТИЦИИ


Македонија наскоро ќе произведува и струја од ветер


Како што информира Влатко Чингоски, генерален директор на Електрани на Македонија, првите количини произведена електрична енергија од ветер од Ветро парк Богданци се планирани за првата половина на 2013 година


Оваа пролет Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја интензивира работата на проект Ветро парк Богданци, така што во првата половина на 2013 година целиот парк ќе профункционира. Со тоа ќе потечат и првите киловат часови струја произведени од ветер.

Влатко Чингоски, генералниот директор на ЕЛЕМ, вели дека прво ќе стартува изградбата на пристапни патишта, трафостаница, а во меѓувреме во фабриката ќе се изработуваат турбините за ветерниците.
-Некаде во октомври годинава ќе присуствуваме на подигнувањето на првата ветерна фарма во Македонија од класа 2,3 до 2,5 мегавати по една турбина, а во првата половина на 2013 година целиот парк ќе биде во функција - информира Чингоски. Според него ќе бидат поставени 16 турбини, а за една турбина да се постави во идеални временски услови се потребни четири дена. Ќе се изгради и 110 киловолтна трафостаница и 11 километри долг далекувод, што треба да ги поврзува ветерната фарма со најблиската трафостаница

ЕЛЕМ за оваа инвестиција доби кредит од 33 милиони евра од германската КФВ банка.Чингоски вели дека според пресметките оваа инвестиција нема да биде повисока од 50 милиони евра, при што остатокот ќе го обезбеди ЕЛЕМ.

Оттаму информираат дека годинава ќе се затвори третиот блок од првата фаза на модернизација на РЕК Битола.
-Изминатите две години по еден блок од РЕК Битола се модернизираше и надградуваше, при што добивме модернизирана турбина и генератор и нов систем на управување и зголемена моќност од 8,3 мегавати. Годинава со завршувањето на модернизацијата на третиот блок завршува првата фаза во вредност од 56 милиони евра. Втората фаза на модернизацијата на РЕК Битола и модернизација на котлите која ќе достигне 84 милиони евра - објасни Чингоски.

Според него со испад на проблемите заради котлите, дневно се губат и по 300.000 евра. Ќе има и модернизација на пумпите и бренерите, со ниска емисија на азотни оксиди, што ќе претставува еколошка компонента. Модернизацијата на котлите ќе биде секоја година по еден. Ќе се модернизираат и трите ладилни кули, со што ќе се подобри искористеноста во процесот на претворање на топлинската во електрична енергија. Овој проект ќе чини околу 9 милиони евра.
Во план е и третата фаза на модернизација на РЕК Битола, каде што ќе се опфати проект за десулфуризација и еколошко прочистување на воздухот. Овој проект јапонската влада е подготвена да го кредитира и реализира во наредните три години. Така до 1 јануари 2017 година РЕК Битола целосно да биде модернизиран и да ги задоволува највисоките стандарди за екологија што ги бара ЕУ.

Во моментов се врши модернизација и на хидроелектраните ХЕЦ Вруток и придружните, за што веќе се распишани два тендери коишто се во фаза на евалуација. Ќе се распише и тендерот за надвишување на браната на Леуново, којашто за три метри треба да биде повисока, со што ќе може да акумулира повеќе вода.

Во тек е и изградбата на транспортниот систем за јаглен на Брод Гнеотино до Суводол во должина од 11 километри.
-Во моментов се одвиваат завршните тестирања и очекуваме тој да биде ставен во функција. Јагленот ќе се копа во Брод Гнеотино и по оваа трака ќе се испорачува директно во термоелектраните во Битола преку овој транспортен систем додава Чингоски.

Изградбата на "Бошков мост" од есен
За проект "Бошков мост" добиен е кредит во висина од 65 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поделен е во четири дела. Во меѓувреме тече тендерската постапка за проектот, односно ќе се направи претквалификација за браната и доводните органи, а потоа останува тунелот и цевководите.
-Тендерите се веќе објавени, додека за хидромеханичката опрема и приклучувањето со далекуводите ќе се оди без претквалификација. Нашите очекувања се дека веќе од есен ќе може да стартува изградбата на "Бошков мост", а по четири години објектот треба да биде ставен во функција. Треба да има две машини по 35 мегавати, односно вкупно 70 мегавати и со очекувано годишно производство двапати поголемо од "Света Петка", значи околу 123-125 гигават часови годишно производство - вели генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7227062F9023B4418BBCE8411C60CE65
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Dec-2011 at 01:40
Шпански пари во 37 ветерници



Компанијата „Инвал“ ќе инвестира 140 милиони евра во ветерници во штипско и радовишко

Иван Бојаџиски


Штип – Шпанската компанија „Инвал“ ќе подигне во атарот на општините Штип и Радовиш две фарми на кои ќе инсталира 37 ветерници секоја со јачина од 50 мегавати. На вчерашната презентација на проектот, одговорниот на фирмата-ќерка „Инвал Македонија“, Џорџи Молинар Маријано, беше дециден дека по четиригодишни испитувања на теренот од аспект на силината и постојаноста на ветерот, нивната одлука да инвестираат во обновливи енергии е дефинитивна.

„На три пункта имавме поставено три моќни мерни кули преку кои три години ги сондиравме капацитетите на ветерот. Во Македонија и во Штип сме веќе петта година, а испитувањата траат долго, бидејќи ’Инвал‘ е сериозна фирма која не сака ништо да препушти на случајот. Сакам да потенцирам дека процесот на анализирање на можностите на подрачјето на кое инсталиравме големо поле на ветерници во Шпанија траеше цели осум години, идејата се роди во 2001 година, а до реализација се стигна во 2008 година. Можеби ова што се обидуваме да го направиме во Штип ви изгледа бавно, но за инвестиција која изнесува 140 милиони евра тоа е апсолутно потребно време“, вели Маријано.

Двете полиња со ветерници ќе бидат лоцирани во атарот на селата Љуботен, Чифлик, Долани и Кошево во општината Штип и кај Бучим во општината Радовиш. Од „Инвал“ информираат дека во овој момент имаат обезбедено само еколошка дозвола, а интензивно работат на добивање на другите дозволи. Според директорот на „Инвал Македонија“, се надеваат дека целосната процедура ќе може да ја завршат до крајот на идната година кога ќе започнеле со инсталација на ветерниците.

Инаку, во Штип во периодот од 2005 година досега доаѓале претставници на компании од повеќе странски држави заинтересирани да ја стават во функција енергијата на македонскиот ветер во процесот на производство на електрична енергија. Имаше компании од Холандија, Германија, Франција, Израел, Русија, Шпанија и сите, без исклучок, го изразуваа своето задоволство од анализите што ги добиле во однос на можностите на ветерот во Македонија. Сите тие најавуваа големи инвестиции, при што најдалеку отиде менаџерот на една англиско-израелска компанија, кој во 2008 година најави заинтересираност за инсталирање полиња со фотоволтаици за користење на сончевата енергија за производство на струја во кои ќе инвестирале една милијарда евра! Но, од таа изјава изминаа три и пол години, а менаџерот никогаш повеќе не се појави на овој терен.

И претставници на „Инвал“ секоја година барем по еднаш доаѓале во Штип со свои ветувања во однос на ветерниците, при што практичната реализација ја закажувале за една година подоцна. Маријано вчера изјави дека е проблем тоа што овој бизнис во Македонија е новост, законската регулатива е недоречена, како и дека се работело на неа од што произлегувал и неговиот оптимизам дека веќе од крајот на идната година ридиштата над Штип и над Радовиш ќе бидат украсени со ветерници кои нема да имаат никакво штетно влијание врз животната средина, а од друга страна, сигурно ќе бидат атракција и за месното население.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E311EDF5AE97724F8A6D939E6C7F6180
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 10-Nov-2011 at 11:16

Потенцијалните инвеститори во обиколка на локацијата за ветерен парк во Богданци

Претставници на компании од Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Грција и Германија, кои учествуваат во тендерската постапка за изградба на ветерниот парк во Богданци, завчера ги посетија двете мерни станици лоцирани на местото викано Ранавец каде треба да биде изграден ветерниот парк со 16 турбини.

Предлагач и инвеститор на проектот „Парк на ветерни електрани-Богданци“ е АД „ЕЛЕМ„ – Електрани на Македонија, во соработка со германската „KfW“ Банка која учествува во финансирањето на проектната реализација, а консултантските услуги се доверени на германската компанија „Fichtner“.

Меѓународниот повик за избор на изведувачи опфаќа два тендера, едниот е за избор на изведувачи за изградба на далеководот Валандово-Богданци, а другиот за изградба на ветерните турбини.

Од квалификуваните понудувачи во посета на Богданци пристигнаа претставници од сите компании кои влегле во потесниот круг за избор на најповолен понудувач.

Оние понудувачи кои аплицирале за изградбата на далеководот Валандово-Богданци направија обиколка и од страната на Валандово.

Пред непосредниот избор на најповолен изведувач на работите за изградба на ветерниот парк, вчера во Богданци пристигнаа и претставници од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија претставувано од Ангела Ецкерт, претставничка за Македонија и Албанија, како и Силке Паулвиц, главна менаџерка на „KfW“ банката за развој за Македонија, Косово и Албанија.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 28-Jul-2011 at 14:23


ЕЛЕМ вложува во обновливи извори на енергија


Електрани на Македонија покрај вложувањата во ископ на јаглен, кој што во светот се повеќе се класифицира како еколошки неприфатливо гориво, се повеќе се насочува кон инвестиции во алтернативните извори на енергија. За таа цел неодамна беше објавен тендерот за избор на компанија која ќе ја изгради првата ветерна фарма во Македонија.  „Бараме компанија која ќе може да испорача, инсталира и стави во функција 16 ветерни централи со поединечна моќност помеѓу 2-2,5 МW, односно вкупно некаде околу 36 MW инсталирана моќност на потегот над брдото над Богданци“- вели првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. На овој начин од ЕЛЕМ сметаат дека се повеќе се оди кон еколошки прифатливи проекти кои ќе ги минимизираат негативните ефекти кон животната средина, а во исто време се овозможува дополнително производство на електрична енергија. „Очекуваме дека најголемите произведувачи на ваква опрема ќе се пријават на овој конкурс, кој ќе биде прв од таков тип во Република Македонија“ - вели Чинговски. Кон крајот на годината се очекува ЕЛЕМ да го објави тендерот за изградба и на Бошков мост, а за Луково Поле во тек е избор на меѓународна компанија која треба да изработи еколошка студија. Овие два најекономични проекти во енергетскиот систем се очекува да бдат готови до 2016 година.

http://daily.mk/cluster3/12b86f5028432d1e11856088c0fa8e7e/842181
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 14-Jul-2011 at 09:08
Originally posted by kire85

Originally posted by nenad

Стално сум бил скептичен спрема ветерниците, а што повеке влегувам во таа проблематика, станувам нејѕин најголем противник. Прво, голем демант ѕа новинарите ѕа тоа дека само во Македонија нема ветерници. Нема ниту во Србија, во Хрватска имаат поставено некоја шминкерска ветерница, нема ниту во Турција и тн. Не е ни важно.
Мојата поента е дека струјата од ветерници е НЕПРИФАТЛИВА ѕа Македонија. Кај нас нема доволно ветар ни по јачина, ни по константност ѕа таа да биде исплатлива. Поточно, таа нигде не е исплатлива, секаде ветерницити се подржано со дебели субвенции. Некои пресметки покажуваат дека би била поскапа од таа проиѕведена во Данските ветерници, така да би требало поголеми субвенции, вероајтно 8 до 9 евроценти по киловат.
Затоа е и наводната ѕаинтересираност на поедини странски компании, тие се тука да ги ѕемат субвенциите, ѕатоа мора внимателно да се игра со нив. Исто така има извесен притисок од европските институции, да прифатиме да субвенционира државата дел од обновлива енергија во енергетскиот микс. НО не ветерот! Хидроцентралите, сонцето и биоенергијата имаат поголема вредност за нас.



Точно така, земјите каде што навистина се исплати оваа варијанта се северноевропските, како Холандија на пример, каде што е и најразвиено ако не се лажам.

Хидроцентрали и соларни централи како што спомна би работеле со далеку поголема ефикасност...само ако нешто им се уврти во глава на нашиве готово, нема спас....ќе се оди ако треба со глава низ ѕид. Имало доста ветер во Овче Поле....Roll%20eyes


Според податоците на европско ниво, Македонија заедно со Косово, Албанија, БиХ, Молдавија и Белорусија се единствените земји кои немаат изградено ниту една ветерница. Додуша, Србија има изградено само една, но не е баш дека северноевропските држави имаат најмногу ветерници, навистина Германија има најмногу на ниво на Европа, до 2008 година има изградено преку 25.000 ветерници, но една Шпанија е на високото второ место. А замислете Белорусија која има одлични предиспозиции за изградба на ваков објект сеуште нема ниту една. Зависи од политиката на една држава, колку истата е заинтересирана за искористување на обновливата и еколошки прифатливата енергија.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 10-Jul-2011 at 19:32
Originally posted by nenad

Стално сум бил скептичен спрема ветерниците, а што повеке влегувам во таа проблематика, станувам нејѕин најголем противник. Прво, голем демант ѕа новинарите ѕа тоа дека само во Македонија нема ветерници. Нема ниту во Србија, во Хрватска имаат поставено некоја шминкерска ветерница, нема ниту во Турција и тн. Не е ни важно.
Мојата поента е дека струјата од ветерници е НЕПРИФАТЛИВА ѕа Македонија. Кај нас нема доволно ветар ни по јачина, ни по константност ѕа таа да биде исплатлива. Поточно, таа нигде не е исплатлива, секаде ветерницити се подржано со дебели субвенции. Некои пресметки покажуваат дека би била поскапа од таа проиѕведена во Данските ветерници, така да би требало поголеми субвенции, вероајтно 8 до 9 евроценти по киловат.
Затоа е и наводната ѕаинтересираност на поедини странски компании, тие се тука да ги ѕемат субвенциите, ѕатоа мора внимателно да се игра со нив. Исто така има извесен притисок од европските институции, да прифатиме да субвенционира државата дел од обновлива енергија во енергетскиот микс. НО не ветерот! Хидроцентралите, сонцето и биоенергијата имаат поголема вредност за нас.



Точно така, земјите каде што навистина се исплати оваа варијанта се северноевропските, како Холандија на пример, каде што е и најразвиено ако не се лажам.

Хидроцентрали и соларни централи како што спомна би работеле со далеку поголема ефикасност...само ако нешто им се уврти во глава на нашиве готово, нема спас....ќе се оди ако треба со глава низ ѕид. Имало доста ветер во Овче Поле....Roll%20eyes


Edited by kire85 - 10-Jul-2011 at 19:32
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 10-Jul-2011 at 19:17
Стално сум бил скептичен спрема ветерниците, а што повеке влегувам во таа проблематика, станувам нејѕин најголем противник. Прво, голем демант ѕа новинарите ѕа тоа дека само во Македонија нема ветерници. Нема ниту во Србија, во Хрватска имаат поставено некоја шминкерска ветерница, нема ниту во Турција и тн. Не е ни важно.
Мојата поента е дека струјата од ветерници е НЕПРИФАТЛИВА ѕа Македонија. Кај нас нема доволно ветар ни по јачина, ни по константност ѕа таа да биде исплатлива. Поточно, таа нигде не е исплатлива, секаде ветерницити се подржано со дебели субвенции. Некои пресметки покажуваат дека би била поскапа од таа проиѕведена во Данските ветерници, така да би требало поголеми субвенции, вероајтно 8 до 9 евроценти по киловат.
Затоа е и наводната ѕаинтересираност на поедини странски компании, тие се тука да ги ѕемат субвенциите, ѕатоа мора внимателно да се игра со нив. Исто така има извесен притисок од европските институции, да прифатиме да субвенционира државата дел од обновлива енергија во енергетскиот микс. НО не ветерот! Хидроцентралите, сонцето и биоенергијата имаат поголема вредност за нас.

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 10-Jul-2011 at 18:16
Previous
 
Хаха, баш така, ги одвеа ветерот. LOL
 
А бе ова ти е гага држава, сакаат се, ама без работа и без да платат за истото.
 
Луково Поле, Бошков Мост, Чебрене и Галишта, Вардарска Долина, ветерници, на хартија се опишани како веќе да функционираат со полна пареа, додека во пракса не е превземено ама баш ништо околу нивна реализација.
 
А ги ветуваат како да веќе утре ќе почнат да функционираат, ненормално смешни се, особено со овие економскиве зони, зјаат празни, а овие нашинциве фрлаат лопати како да веќе утре ќе се преплавиме со странски инвеститори.
 
Не бе, ова ти е пласибо држава, продавање магла, е баш тоа е, продавање магла.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 10-Jul-2011 at 17:51
Ветерниците во Македонија ги одвеа ветерот

Доколку се реализираа ветувањата на компаниите и политичарите, во Македонија досега ќе имаше неколку десетици изградени ветерници на локации во Штип, Свети Николе, Богданци, Водно и на други локации низ земјава кои беа дел од нереализираните проекти за искористување на ветерот како обновлива енергија во нашата држава. Плановите за изградба на ветерници останаа на хартија, со што Македонија остана единствената држава од европските земји – членки и кандидати за членство во ЕУ која нема изградено ниту еден објект за производство на енергија од ветерот.

Идејата за изградба на ветерници во Македонија датира уште од 1993 година од научниот труд „Ветерот како енергетски потенцијал во Македонија“ изработен од проф. д-р Арсен Арсенов од Електротехничкиот факултет и Пеце Ристевски од РХМЗ. Научниот труд ја разработува оправданоста од инсталирање ветерница на најветровитото место во Македонија, Три чешми кај Штип.

Во последните неколку години се пројави зголемен интерес од бројни компании да изградат вакви објекти, но досега не е реализиран ниту еден проект. Последната најава за изградба на ветерници дојде во март годинава од канадската компанија „Трилиум Холдинг“, која преку партнер од земјава најави проект за 27 ветерници во вредност од 34 милиони евра во Богданци. Претходно, во ноември минатата година беше потпишан договор за кредит за изградба на ветерен парк во Богданци со 30 ветерни турбини и со вкупна јачина од 45 мегавати. Без објаснување, во април годинава проектот беше намален на 15 до 18 ветерници со моќност од 37 мегавати. Државната компанија „ЕЛЕМ“ пресмета дека кредитот во вредност од 32,9 милиони евра од германската „КфВ“ банка претставува само дел од потребните 55 милиони евра за изградба на ветерниот парк, а останатиот дел од сумата ќе треба да ја обезбеди компанијата од сопствени средства.

За разлика од скорешните ветувања, плановите од пред неколку години за искористување на ветерот во производство на енергија се целосно заборавени. Во јули 2008 година беше потпишан договор за изградба на деведесет ветерници со вкупен капацитет од 200 мегавати електрична енергија од страна на израелско – британската компанија „ЕИЏ“ и градоначалникот на Свети Николе, Слободан Даневски. Плановите беа инвестицијата од 360 милиони евра да биде завршена до 2010 година, но досега не е ниту отпочнато поставувањето на ветерници низ Овчеполието.

Во мај 2008 година беше објавена веста дека јужнокорејската компанија за производство на електрична енергија „Косеп“ и компанијата „Самсунг“ се заинтересирани за градат ветерници во Штип, а нивниот шпански партнер „Инвал“ неколку месеци подоцна најави изградба на фарма со ветерници во околината на Штип во вкупна вредност од 200 милиони евра. Проектот предвидуваше изградба на систем од 50 ветерници со вкупна моќност од 150 мегавати, а крајниот рок за поставување беше 18 месеци, односно до крајот на мај 2010 година. Во истиот период беше ветена и друга инвестиција од 20 милиони евра во изградба на 15 ветерници од австриската фирма „Нова енергија“ во близина на рудникот „Бучим“ во Радовиш.

Времето покажа дека ниту еден од овие проекти не е завршен до денес. Ветерот ги одвеа ветувањата за изградба на ветерници вредни 700 милиони евра, проекти кои ќе доведоа до поставување на стотици ветерници во Богданци, Свети Николе, Штип и Радовиш. За разлика од македонските донкихотски борби со ветерниците, земјите од регионот наголемо работат на искористување на ветерот како обновлив извор на енергија.

Хрватската компанија „Кончар“ уште во 1988 година го постави првиот ветроагрегат во Уљаник, а денес во оваа земја активно функционираат 50 – тина ветерници како дел од ветроелектраните Вратаруша, Орлице, Тртар – Кртолин, Равне 1 и Велика Попина со вкупна моќност од околу 73 мегавати. Во Хрватска постојат и неколку проекти во подготовка од оваа област.

Во Србија во април годинава беше инсталирана првата ветерница со моќност од 600 киловати во близина на српскиот град Тутин, додека во Романија само во почетокот на 2011 година се отпочнаа проекти вредни стотици милиони евра од страна на австриската компанија „Вербунд АГ“ и американската компанија „Конкорд Дивелопментс“. Ветроелектраната на австриски „Фербунд“ ќе произведува електрична енергија доволна за 170.000 романски домаќинства.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8532
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 11-May-2011 at 17:45
Ветерници ќе се произведуваат во Желино



Според најавите на швајцарскиот инвеститор, се очекува производството да почне кон крајот на оваа година, а доколку се покаже успешен, целосната инвестиција треба да биде во вредност од над 20 милиони евра и минимум 500 работни места.

Производството на „Енфло“ пред се е наменето за европскиот пазар. Првата хала е од 3.500 метри квадратни, а вкупната површина што е закупена од страна на компанијата е 24.000 метри квадратни (или 2,5 хектари). На ова земјиште се планира да бидат изградени вкупно четири производствени хали.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/29140-Veternici-ke-se-proizveduvaat-vo-Zelino
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-May-2011 at 23:12
Originally posted by Ljubopitko

Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.
И јас мислам дека е извадена од поширок контекст. Имаше некоја европска регулатива која ги обврзува ЕУ државите за одредени проценти од своето производство на електрична енергија да е од ветер или сонце. Баш ќе побарам подетално за ова деновиве и ќе ги изнесам точните бројки и проценти.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-May-2011 at 23:05
Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.