build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 21-May-2011 at 13:41
Италијански фирми ќе ги користат сончевите зраци во Кочанско

Во Кочани во тек се подготовките на теренот меѓу селата Горни и Долни Подлог каде треба да биде инсталирана опрема за искористување на сончевата енергија. Од сончевите зраци се планира производство на електрична енергија.

Проектот е на неколку италијански фирми кои се подготвени за експериментално производство на електрична енергија од сончеви колектори, при што за кратко време се очекува да се сумираат остварените резултати за да можат да се изготват соодветни проекти за континуирано производство. Доколку се исполнат очекувањата, Италијанците најавуваат изградба на фабрика за сончеви колектори во Кочани.

Ова е втор проект на општина Кочани за алтернативна енергија, по заокружениот систем за искористување на геотермалните води.

Доколку очекувањата бидат исполнети, по забрзана постапка ќе следува потпишување на неопходните договори со општината, а потоа и со изградба на капацитетот за производство на сончеви колектори.

Покрај Италијанците во овој проект е вклучена и домашна фирма која соработува со соодветни партнери во Украина од оваа област.

Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски изјави дека општината забрзано ја работи постапката околу урбанизацијата на просторот меѓу Макпетрол и село Тркање каде се предвидува изградба на фабриката за сончеви колектори.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/italijanski-firmi-ke-gi-koristat-sonchevite-zraci-vo-kochansko
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 18-Feb-2011 at 13:58

Наскоро соларна централа во Илинден


Фирмата „Алтернатив енерџи-М“, која е дел од германската „Блунергс АГ“, наскоро, во општината Илинден ќе почне да ја гради првата соларна централа со моќност од еден мегават

 

 
%20  
Централата ќе биде лоцирана во селото Ајвотовци, на површина од два хектара. Реализацијата на овој проект е од големо значење за општината, затоа што станува збор за чиста и алтернативна енергија. Со централата ќе се подобри и енергетската состојба во општината, а ќе се отвори и можност за тргување со „зелената енергија“, како што налагаат европските стандарди. Овој проект е дел од напорите на општината Илинден за заштита на животната средина, намалување на емисијата на штетни гасови, со примена на алтернативни обновливи извори на енергија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21811921444&id=14&prilog=0&setIzdanie=22210
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 10-Jan-2011 at 16:42

Сонцето се враќа во македонските домови


Експертите бараат субвенциите за соларни колектори да се прошират и на другите извори на обновлива енергија

 
 
%20  
По едногодишна пауза Министерството за економија ги враќа субвенциите од 300 евра за граѓаните што ќе вградат сончеви колектори во своите домови. Оваа мерка беше окарактеризирана како една од најуспешните досега бидејќи побуди и најголем интерес меѓу граѓаните. Поради рецесијата, субвенциите лани беа укинати.
- За 2011 година се предвидени 6 милиони денари со кои треба да се опфатат над 300 семејства. Во моментот се работи на условите на јавниот оглас, според кој нема да може да конкурираат лицата што претходно добиле субвенција по оваа основа - ни изјави Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија. Таа потврдува дека има многу заинтересирани граѓани од целата држава за користење на оваа мерка. Сепак, за разлика од 2009 година, кога беа одобрени 9 милиони денари, годинава субвенциите се намалени на 6 милиони денари. Со вградување на овие системи значително се намалува потрошувачката на електрична енергија и се заштитува животната средина од загадување. ЕУ веќе им наложи на своите членки и кандидати за членство до 2020 година најмалку 20 проценти од потребите за енергија да обезбедат од обновливи извори на енергија. Експертите ја поздравуваат одлуката на власта, но бараат нејзино проширување и на другите обновливи извори на енергија.

- Треба да се вклучат и другите извори на енергија. Зошто да се онеправда термалната енергија, каде што со геотермалните топлински пумпи може да се добие и поголем коефициент на искористување на енергијата - смета Константин Димитров, од Центарот за енергетска ефикасност.

Оттаму нагласуваат дека е потребна поголема едукација на стопанските субјекти за користење на поволните кредитни линии од меѓународните институции. Да се вложи еден денар во енергетска ефикасност е исто како да се вложат два или три денари во производство на енергија, тврдат од МАЦЕФ. Компаниите што се занимаваат со вградување на сончеви колектори предлагаат субвенции да добијат сите граѓани што ќе се јаваат на огласот, а не само првите 500, како што беше досега. Просечната цена на чинење на еден сончев колекторски систем за едно домаќинство изнесува околу 650 евра, инвестиција што се враќа преку заштедите на сметките за струја. Според стручните анализи, доколку 500.000 домаќинства во Македонија вградат сончеви колекторски системи би се заштедиле близу 97 милиони евра годишно. Хаваи е првата држава во светот каде што со закон е регулирано искористувањето на сончевата енергија и секој новоизграден дом мора да има сончев колектор. Во Израел во 90 отсто од домовите се инсталирани вакви системи. Државите од ЕУ, пак, користат различни мерки за стимулирање на граѓаните и најчесто тоа се грантовите, поволни кредити, даночни олеснувања итн.
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1101191077&id=10&prilog=0&setIzdanie=22177
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 25-Sep-2010 at 18:14

Голем интерес за инвестирање во соларна енергија

Иако правилникот за повластени производители на електрична енергија предвидува изградба на соларни станици до максимум 8 мегавати, од регулаторна издадени се дозволи за капацитети од 8,7 мегавати.

Според директорот на Агенцијата за енергетика интерес за вложување во секторот има и веќе се надминати предвидените квоти.

Но незнае што ќе се случи со оние што веќе вложуваат по околу 3 милиони евра за изградба на соларна електрана, а на крај нема да влезат во регистарот и ќе останат без лиценца за повластен производител.

Гечевски вели дека потребно е да се направи предрегистар за да се знае кој воопшто ќе може да започне со градба.

И од советот за евроинтеграции велат иако декларативно се барат инвеститори, онаму каде што сакат да вложат не им се дозволува. Загарантираната цена неколкупати се намалува што делува демотивирачки врз бизнисот.

Од започнатите 8, шест се градат со домашен а останатите две со странски капитал. Според елаборатите кога започнале имале загарантирана цена од 460 евра за мегават час во наредните 20 години при што инвестицијата ќе била вратена за 5 до 7 години.

Сега цената е намалена на 260 евра и 15 години гаранција за повластен производител со што периодот за повратокот на средствата е двојно зголемен при што изградбата на соларни станици ја прави неатрактивна.

http://www.time.mk/read/NONE/f503ec2f82/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 15-Sep-2010 at 20:36
Во Радовиш се гради фотонапонска централа fotonaponska-centrala.jpgРадовиш - Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра. Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.

 

- Идејата за изградба на фотонапонска централа е резултат на новите текови и примената на алтернативната енергија. Сметам дека оваа инвестиција ќе биде исплатлива, рече Ристов. Тој додаде дека обезбедени се сите документи за привремена лиценца, а по изградбата на фотонапонската централа ќе следи и добивање на трајна лиценца за производство на електрична енергија.

- Придобивките од изградбата на централата се намалување на СО2, а со продажбата на електричната енергија, фирмата „Алфа инжињеринг“ инвестицијата ќе може да ја исплати за шест години, истакна Ристов и потенцираше дека фотонапонската централа ќе произведува електрична енергија, која годишно ќе може да ги покрие потребите на градот за уличното осветлување. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2586&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 07-Sep-2010 at 12:38



Edited by lslcrew - 07-Sep-2010 at 13:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 07-Sep-2010 at 12:36

Почеток на градежни работи на централа на соларна енергија во Демир Хисар

Автор:
07 септември 2010, 13:34
Извор: Макфакс
Демир Хисар

Фотоволтаична централа што ќе произведува еден мегават на електрична енергија ќе биде изградена за неколку месеци во месноста Суводол, Демир Хисар. Денеска беше поставен камен темелникот на новата централа, инвестицијата вредна околу 5 милиони евра.

,,Изградбата на една ваква инвестиција, и воедно стимулирање на енергија од обновливи извори, е нешто кое во другите земји се практикува со години. Со над 300 сончеви дена во текот на годината, Демир Хисар е исклучителен регион за искористување на сончевата енергија. Тоа е одличен податок што оди во прилог на изградба на централа на електрична енергија. Секако она што е најголемиот бенефит, е секако заштитата на човековата околина, која е неминовен и значаен фактор за целата држава’’ – изјави претставник на Компанијата АБ Солар.

Зад инвестицијата се неколку македонски бизнисмени кои во производство на енергија од обновливи извори гледаат предизвик. Општината Демир Хисар, со оваа нова инвестиција станува енергетски и еколошки  центар, кој освен што ќе произведува енергија, ќе се грижи за  заштита на човековата околина.

,,Повеќе од задоволни сме дека токму во Демир Хисар, е местото каде се прави една значајна инвестиција, како што е изградба на централа на соларна енергија. Суводол е местото, и точната локација на оваа инвестиција. Место, за кое сметаме дека е идеално пред се заради временските услови, што значи  претежно сончеви периоди во текот на цела година. Заштитата на човековата околина, е воедно најголемата придобивка во која гледаме голем позитивен ефект’’ – изјави Градоначалникот на Демир Хисар Г-дин Тони Ангелевски.

Македонија е една од земјите што е високо рангирана во Европа, според потенцијалите за искористување на соларната енергија. Иднината на производство на електрична енергија , преку обновливи извори на енергија, допрва доаѓа. Експертите велат дека интересот за изградба на соларни централи во земјата е огромен и во споредба со другите енергенси, кои ги има помалку и стануваат сé поскапи, инвеститорите одлучија да се свртат кон македонското сонце, кое освен што трае бесконечно, го добиваат и бесплатно.

Македонија котира високо со користењето обновливи извори на енергија. Сончевата енергија е нова технологија која допрва ќе започне да го опслужува пазарот на енергија. Според  Проектот  20 - 20- 20 на ЕУ и Стратегијата за развој на енергетиката, до 2020 година дури 20 проценти од потребите за електрична енергија треба да се произведуваат од обновливи извори на енергија.

Според експертските анализи, со користење на сончевата енергија во земјата, годишно може да се заштедат минимум 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање 6.874 нови работни места./крај/со

http://www.makfax.com.mk/_home/home#115588

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 23-Aug-2010 at 11:24

Во услови на криза пораст од над 100 проценти


Во Македонија има потенцијал за отворање 3.000 нови работни места само во секторот на сончевата енергија, тврдат експертите

 
 
%20  
Додека глобалната економија е срушена на колена поради рецесијата, една индустриска гранка бележи енормен пораст и над 100 проценти во светски рамки. Во најновиот извештај на АЕЕ, германски институт за одржливи технологии, обновливите извори на енергија се посочуваат како најперспективна гранка на која очигледно економската кризата не и може ништо. Трендот на пораст во оваа дејност се зголемува од година во година, и освен во развиените земји, значителен пораст е забележан и во најсиромашните земји, како Кенија, Танзанија, Коста Рика, се вели во извештајот.

- Само минатата кризна 2009 година соларниот сектор бележи пораст од 53 проценти, ветерната енергија 32 проценти, колекторите за топла вода 21 процент, геотермалната енергија 4 проценти, хидроенергијата 3 проценти.

И финансиските институции го открија својот интерес и ги зголемија средствата за вакви проекти од 2 милијарди долари во 2008, на 5 милијарди долари во 2009 година- вели Вернер Веис од АЕЕ. Каде е Македонија во целата оваа приказна и каква е состојбата кај нас? Експертите се поделени. За дел од нив воопшто не заостануваме зад ваквите светски трендови, додека други пак сметаат дека сме сé уште далеку. Искористувањето на соларната енергија и кај нас бележи огромен пораст за што доказ се поднесените 57 барања за изградба на сончеви централи. Претежно се работи за странски инвеститори (35), но има и мешано домашно странски фирми, велат од Агенцијата за енергетика. До пред некоја година во земјава немаше ниту една сончева централа. Македонија, како и останатите развиени земји, има донесено повластени тарифи за производство на енергија од обновливи извори. Во земјава значително е зголемен и бројот на доделени локации за изградба на мали хидроцентрали.

- Во овој сегмент сме лидери во регионот и советодавна помош веќе побара Косово - вели министерот за економија Фатмир Бесими. Од ЕЛЕМ велат дека работат и на изградба на првиот ветерен парк во Богданци за што се извршени сите испитувања и анализи. Според Сања Поповска Василевска од здружението „Солар“ податоците за порастот не се однесуваат и за Македонија.

- Кај нас прво нема официјални податоци за оваа индустрија. Овие порасти во светот се резултат на финансиската поддршка за обновливата енергија. Во Македонија единствено постои интерес за фотонапонски централи за производство на струја, меѓутоа тој капацитет е веќе пополнет, што значи има ограничување на капацитетите. Ветерници досега нема инсталирано - нагласува Василевска. Таа смета дека во Македонија има потенцијал за отворање 3.000 нови работни места само во секторот на сончевата енергија. За ова треба поволни кредити, како и да се одземе од данокот на профит до 30 проценти, како на пример во Франција, додава таа. Потребна е и база за проверка и мерење на енергетската добивка. Таков систем не постои кај нас, појаснува Василевска. Наспроти поборниците на соларната и ветерната енергија, не е мал и бројот на оние што сметаат дека со поддршка на овие сектори државата троши народни пари за бадијала.

- Со субвенционирање си правиме лоша услуга. Тие пари ќе мора да се дадат од џебот на граѓаните, што ќе повлече и поскапување на струјата.

Кој ќе ја плати таа енергија што тие ќе ја произведат? Државата од џебот на граѓаните. Цената на произведен час енергија од сонце или ветер е доста поскапа во споредба со енергијата добиена од РЕК „Битола“ на пример - вели нашиот соговорник, кој преферира да остане анонимен. Државата во последните неколку месеци двапати ја намали повластената тарифа за добивање енергија од сонцето.
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82310109194&id=10&prilog=0&setIzdanie=22066
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 27-Jul-2010 at 18:06

Шпанци сакаат да градат сончеви колектори во Струмица

Шпанска компанија е заинтересирана за изградба на колекторски системи за производство на електрична и топлинска енергија во Струмица. Претставници на компанијата, која веќе била присутна на енергетскиот пазар во нашава земја неколкупати ја посетиле општина Струмица и се интересирале за условите за добивање земјишна парцела од околу 100 хектари во индустриската зона лоцирана меѓу селата Сачево и Градско Балтовци.

На таа тема се разговарало и за време на неодамнешната средба меѓу градоначалникот Зоран Заев со шпанскиот амбасадор во земјава Хозе Мануел Паз Агерас.

За парцелата кај Сачево, која се протега на околу 400 хектари, порано беше заинтересирана и грчката мултинационална компанија „Стијафилко“ за изградба на четири фабрики во кои требаше да се вработат околу 1.500 лица, но поради високите цени таа се откажала од овој проект. За изградба на сончеви колектори беа заинтересирани и компании од Словенија и од други европски земји.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=970C478A261EBE47BD2F5FD3A52F85E9&arc=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 27-Jul-2010 at 16:37

Странците сé позаинтересирани за македонското сонце



Во Агенцијата за енергетика пристигнале 57 барања на потенцијални инвеститори за изградба на соларни централи

 
 
%20  
Во отсуство на големи надворешни инвестиции во индустриските зони, сонцето станува нашиот најатрактивен извозен продукт. Интересот за изградба на сончеви централи драстично е зголемен во последно време, особено кај странските инвеститори, иако и домашните не се за потценување. Ако до пред една година имавме само една соларна централа во државата, сега ги има десетина, од кои некои се изградени, а некои сé уште во градба. Од Агенцијата за енергетика на Република Македонија потврдуваат дека интересот е огромен и досега евидентирале 57 потенцијални инвеститори, кои во Агенцијата доставиле барање за изградба на соларна централа. Повеќето од нив (35) се странски инвеститори или мешани домашно-странски фирми, кои сакаат да градат централи со поголема моќност.

- Бројката е огромна, иако не може да се каже дека се сите сериозни, со претпроект и друга документација. Наша заложба е овој предрегистар на поднесени барања да прерасне во вистински регистар. Без тоа не може да се регулира пазарот - ни изјави Владимир Сарач од Агенцијата за енергетика.

Лиценци за производство на електрична енергија од сонцето веќе имаат добиено „Сието“, „Петро-М“, „Гео линк груп“ од Скопје, како и „Мавис“ од Штип, „АБ солар“ од Битола, „Алфа инженеринг“ од Радовиш, „Фотон“ од Босилово. Производството на електрична енергија од обновливи извори е стимулирано и од државата преку повластени тарифи и гарантиран откуп на произведената струја. Неодамна Регулаторната комисија за енергетика ја намали оваа повластена тарифа за енергија од сонцето од 46 на 38 евроценти по киловат-час произведена струја. Сепак, и покрај намалените цени интересот за изградба на сончеви централи воопшто не е намален, туку постојано расте.

Стојан Велкоски од истражувачкиот центар „Сончев зрак“ вели дека Македонија е интересно подрачје за инвестирање во соларна енергија поради големиот број сончеви денови во текот на годината.

- Во моментов има заинтересирани инвеститори за вложување кај нас, преку еден европски проект кој оди преку Бугарија. Се работи за изградба на колектори кои ќе произведуваат и струја и топла вода и ќе работат во комбинирана состојба заедно со ветерници, бидејќи така е најисплатливо - вели Велкоски.


%20


Тој нагласува дека и грчки компании се заинтересирани за искористување на соларната енергија и термалните води. Енергијата добиена од сонцето е еколошки чиста и претставува тренд во светски рамки. Деновиве интерес за изградба на колекторски системи за производство на електрична и топлинска енергија во Струмица доставила и една шпанска компанија. Претставници на компанијата ја посетиле општината и се интересирале за условите за добивање на земјишна парцела од околу 100 хектари во индустриската зона меѓу селата Сачево и Градско Балтовци, велат од општината. Оттаму додават дека интерес има и кај фирми од Словенија, Чешка и од други европски земји.

И додека странците се туркаат да влезат во Македонија, домашните експерти со доза на резерва гледаат на ваквите состојби.

- Јас сум против тоа. Странците доаѓаат со готова технологија и нема голем ќар за домашната економија. Парите исто така ќе отидат надвор од државата. Затоа многу подобро е да има повеќе мали домашни соларни централи, отколку една поголема странска - смета Звонко Марковски, директор на „Сието“ и сопственик на првата соларна централа во Кадино.

Тој е поборник и на идејата за 10.000 сончеви покриви, каде што исто толку семејства ќе добијат можност да произведуваат и да продаваат струја со инсталирање сончеви системи на своите куќи.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=726101013171&id=9&prilog=0&setIzdanie=22043

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 03-Jun-2010 at 12:10

Инвеститорите се вртат кон македонското сонце


Во општината Илинден никна нова сончева централа на компанијата „Петро М“, вредна над 200.000 евра

%20

По повеќе децениски застој, соларната опција станува реалност и во Македонија. Компанијата „Петро М“ доцна синоќа ја промовираше изградбата на првата „Сан пауер“ фотоволтаична централа за производство на струја на сончева енергија, инвестиција вредна над 200.000 евра. Преку „Петро М“, на македонскиот пазар влегува и американската компанија „Сан пауер“, која е во самиот светски врв во производство на ПВ-панели, со годишен обрт од 1,5 милијарда долари. Од друга страна, општината Илинден останува на врвот на енергетски и еколошки најефикасни општини, која покрај соларната куќа и централа на „Сието“ во Кадино, сега добива уште еден таков објект.

- Досега имавме два наши проекта, а централата во Илинден е една од нив. Централата е со моќност од 50 киловати и ќе ги користи најмоќните соларни панели од САД. Нејзината изградба е целосно завршена и останува уште МЕПСО да го направи приклучокот кон мрежата - ни изјави Славица Куљеван од „Петро М“.

Експертите велат дека интересот за изградба на соларни централи во земјата е огромен, и покрај тоа што Владата ги намали цените по кои се откупува струјата добиена од сонцето. Неодамна и на компанијата „Траст“ и беше одобрена локација за соларна централа на излезот од Прилеп, спроти селото Старо Лагово. Очигледно, во споредба со другите енергенси, кои ги има помалку и стануваат сé поскапи, инвеститорите одлучиле да се свртат кон македонското сонце, кое освен што трае бесконечно, го добиваат и бесплатно.

- Во Македонија има исплатливост и покрај намалените цени за откуп на произведената енергија. Во другите земји овие цени се пониски, но пак се градат вакви објекти. Соларните централи ја користат светлината и производство има преку целата година. За околу 6 години се враќа вложената инвестиција - нагласува Куљеван.

Со над 270 сончеви денови во текот на годината, Македонија е високо рангирана во Европа, според потенцијалите за искористување на соларната енергија. Во насока на стимулирање на добивање енергија од обновливи извори, Владата донесе и посебни фидингтарифи, со кои на сите што ќе произведат ваква енергија им се гарантира откупот по претходно договорени цени. Моментално цената за енергијата добиена од сонцето изнесува 38 центи во киловат-час, за разлика од претходно кога беше 46 евроценти. Сончевите колекторски системи и компоненти се ослободени од царина, а даночната стапка за нив изнесува 5 отсто. Според експертските анализи, со користење на сончевата енергија во земјата, годишно може да се заштедат минимум 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање 6.874 нови работни места.

 
Автор: А.С.Д


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=63101039412&id=10&setIzdanie=21998
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 20-May-2010 at 02:11

Сончеви колектори во „Видое Подгорец“

Струмица – Основното училиште „Видое Подгорец“ од Колешино прво во регионот ќе добие систем од сончеви колектори за осветлување на спортското игралиште, училниците и на работните простории. „Воведувањето и користењето на алтернативни извори на енергија е приоритет на сите европски фондации. Училиштето во Колешино е меѓу првите во државата и прво во регионот во кое ќе бидат инсталирани сончеви колектори и за нас тоа претставува особена гордост“, вели градоначалникот на општина Ново Село, Петар Спасов. Инаку, преку ПЕП-програмата на УСАИД, годинава за реконструкција на ова училиште се обезбедени околу 1,6 милиони денари. Со овие средства веќе се заменети старите врати и прозорци со алуминиумски, изградени се преградни ѕидови меѓу некои училници и во други делови од ентериерот. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1CB51F639C27B941BC316B863DF3DA51
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-May-2010 at 21:13
Државата штеди на сонцето



 
Годинава само преку ребаланс на буџетот може да продолжи акцијата за стимулирање на вградувањето на сончевите колектори, што е тренд секаде во светот  
 
%20  
За сончевите колектори за домаќинствата, еден од најуспешните проекти на Владата, годинава нема пари. Субвенциите не се предвидени во буџетот на Министерството за економија. Токму ова Министерство пред три години ја почна и успешно ја спроведуваше акцијата, доделувајќи им по 300 евра на 500 семејства што во своите домови ќе инсталираат сончеви колектори. Со вградување на овие системи значително се намалува потрошувачката на електрична енергија и се заштитува животната средина од загадување. На поголемо искористување на сонцето, како обновлив и еколошки чист извор на енергија, апелира и Европската Унија. Таа на своите членки и кандидати за членство дури и со закон им наложи до 2020 година најмалку 20 проценти од потребите за енергија да обезбедат од обновливи извори на енергија. Во таа насока изненадува одлуката на Владата да стисне кочница и да штеди на нешто што е тренд во целиот свет. Дека мерката беше широкоприфатена покажува и огромниот интерес на граѓаните од цела Македонија што аплицираа на огласите.

- Владината кампања за вградување сончеви колектори во домовите беше повеќе поттик граѓаните сами да размислуваат и да инсталираат вакви системи и да не чекаат само на Владата. Од друга страна, поради кризата буџетот на Министерството годинава е скратен, поради што и оваа мерка не е предвидена. Но тоа не значи дека Владата и Министерството за економија се откажуваат од неа. Понатаму или во случај на ребаланс на буџетот сосема е извесно повторно да се даваат субвенции за оваа намена - ни изјави Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија.

И од Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) сметаат дека причината за укинувањето на субвенциите е поради глобалната економска криза.

- Ова е катастрофа. Тамам почнаа луѓето да се привикнуваат и акцијата да зема сé поголем замав, државата ја укина. Веројатно поради немање пари во буџетот - ни изјави Игор Петрушевски, експерт од МАЦЕФ.

Сепак, како што вели тој, во тек се преговори со Европската банка за обнова и развој и со Светската банка за обезбедување меки кредитни линии, со ниски каматни стапки за граѓаните, токму за оваа намена. Формирање државен фонд за енергетска ефикасност и зелени кредити со ниски камати, преку комерцијалните банки бараат и компаниите што се занимаваат со производство и вградување соларни системи. Златко Чулев, сопственик на „Етерна солар“, смета дека државата, во име на граѓаните, може да зема поволни кредити за ова намена.

- Мерката за субвенции за сончеви колектори требаше да се прошири и да важи за сите заинтересирани апликанти, а не само за првите 500, што ќе се јават на огласот, како што беше досега. Но наместо тоа, државата годинава ја укина целата мерка, што е неприфатливо - смета Чулев.

Според него, користењето на сончевата енергија и помага на земјата да ги заштеди фосилните горива, кои ги има во ограничени количества.




Заштеди од 97,5 милиони евра годишно

Доколку 500.000 домаќинства вградат сончеви колекторски системи, годишниот енергетски ефект би бил 2.400.000 магавати заштедена електрична енергија. Економскиот ефект, пак, би бил заштеда од околу шест милијарди денари (97,5 милиони евра). Значаен е и еколошкиот ефект, бидејќи би се намалила емисијата на јаглероден диоксид за цели 750.000 тони годишно. Просечната цена на чинење на еден сончев колекторски систем за едно домаќинство изнесува околу 650 евра, инвестиција што се враќа преку заштедите на сметките за струја.

Хаваи е првата држава во светот што со закон го регулира искористувањето на сончевата енергија. Таму е задолжително вградување сончеви колектори во секој нов дом, односно се забранува издавање градежни дозволи за куќи што немаат предвидено поставување соларни колектори за загревање вода. Во Израел во 90 отсто од домовите се инсталирани вакви системи. Државите од ЕУ користат различни мерки за стимулирање на граѓаните и најчесто тоа се грантовите, како директна поддршка, поволни кредити, но и разни даночни олеснувања, намалување на персоналниот и данокот на додадена вредност.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=519101032278&id=10&prilog=0&setIzdanie=21987

Edited by Cloverstack - 19-May-2010 at 21:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 16-May-2010 at 19:26
ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА
Државата да помага за сончеви колектори


Силвана Јовановска

Со користење на енергијата од сончевите колектори и со поставување внатрешна изолација во домовите сметките за струја можат да бидат поевтини и за 70 проценти, сметаат енергетски стручњаци, кои присуствуваа на работилницата насловена „Како до поевтини сметката за струја“, во организација на партијата ДОМ. 
- Со поставување сончеви системи домаќинствата можат да заштедат годишно 30 отсто од потрошувачката на струја. Според нашите истражувања, едно четиричлено домаќинство во просек троши 52 киловатчасови дневно, а тоа е 1.500 киловатчасови месечно, или од 15.000 до 18.000 киловтчасови годишно. Со користење на соларната енергија за затоплување на водата во бојлерите годишно можат да се заштедат 6 000 киловатчасови струја - вели Златко Чулев, сопственик на „Етерна солар“. 
Тој изјави дека во Македонија се поставени 4.000 сончеви колектори. Корисници се индивидуални куќи и хотели, а според Чулев, колекторите можат да се постават и во болници, училишта и други јавни установи, како и во индустријата. 
- Проблемот е во парите. Во време на криза ниту едно домаќинство не се решава да даде повеќе илјади евра наеднаш за да постави сончеви колектори, и покрај тоа што инвестицијата ќе му се врати за пет години и потоа ќе види ќар од заштедата на струја - вели Чулев. Тој прецизира дека за да се постават сончеви колектори во зграда од 30 стана, секој станар треба да плати 1.500 евра. 
Енергија може да се заштеди и со внатрешна изолација на станбените објекти, сметаат енергетичарите од Центарот за енергетска ефикасност. 
- Со надворешна изолација на ѕидовите на објектот, со изолација на таванот и на прозорците може да се заштеди 40 отсто од потрошувачката на енергија - вели Игор Петрушевски од МАЦЕФ. 
Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, нагласи дека ќе се заложи државата да формира Фонд за заштита на животната средина и за енергетска ефикасност, а со средствата собрани од најголемите загадувачи во земјава да се субвенционираат оние домаќинства, кои ќе градат сончеви колектори и ќе постават изолација во домовите. 
- Секаде во светот државите се грижат да произведуваат што повеќе еколошка енергија од обновливи извори – сонце и ветер, кои не ја загадуваат околината и врз основа на тоа имаат право да користат зелени кредити од ЕУ. Овие кредити преку банките треба да стигнат до граѓаните и тоа со евтина камата од три до пет отсто на годишно ниво - вели Поповска. Таа нагласи дека државата мора во законските прописи да определи просечно количество струја кое ќе може да го потроши едно четиричлено домаќинство. Сите оние кои ќе трошат повеќе од законски утврдениот лимит на киловатчасови, треба да бидат санкционирани со поскапа тарифа на струја, а оние кои ќе потрошат помалку енергија, да ги субвенционира со енергетски ваучери.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2022&ArticleID=140824

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 05-May-2010 at 06:16

Струја од сончеви колектори

Штипската фирма „Актива“ ќе инсталира фотоволтаични колектори на деловната зграда на „Мавис“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Првите фотоволтаични колектори за производство на струја од енергијата на сонцето ќе ги поставува штипската фирма за производство и монтажа на челични конструкции „Актива“. Колекторите ќе бидат поставени на деловната зграда на една од најголемите штипски конфекции „Мавис“, лоцирана во индустрискиот дел на Штип. Идејата е „Мавис“ на ваков начин да ги обезбедува своите потреби од електрична енергија.

„Сега изготвуваме техничка документација за инсталирање на вакви колектори. Со тоа сакаме да дадеме придонес во цивилизациските тенденции за искористување на енергијата на сонцето како обновлива, еколошки чиста. Убедени сме дека откако ќе се видат ефектите од зелената енергија поголем број фирми во државава ќе се определат за вакви рационални и економски решенија“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

Оваа штипска фирма што на највпечатлив начин се обидува да ја промени сликата за локалната штипска економија, на пазарот се проби со квалитетна работа. И за тековната деловна година „Актива“ ги обезбедила своите капацитети.

„Првите два месеца од оваа година беа загрижувачки. Но, од март наваму работите значително се подобрија. Се отворија можности, па забрзано произведуваме челични конструкции во нашите хали и ги монтираме на десетина објекти низ Македонија. Работиме на новиот автосалон на ‘Фолксваген‘, на фирмата ‘Старт‘ во Демир Капија, на бензинската пумпа во близина на селото Стојаково, на автопатот кај Гевгелија, на новата производна хала на фабриката за кабли во Неготино. Потоа на центарот ‘Веро‘ во Скопје, на казиното ‘Принцес‘ во Гевгелија, на хотелот со казино и на импозантната купола на влезната порта во хотелскиот комплекс“, потенцира директорот Николов.

За оваа штипска компанија најголем проблем во моментот е неликвидноста на поголем дел од фирмите со кои соработува, а што ги бараат нејзините услуги. Поради тоа, во „Актива“ стравуваат од можни проблеми со наплатата што ќе влијае на нивните добавувачи.

„Најголемиот проблем на стопанството се ограничените можности за добивање поволни кредити од нашите банки. Многу компании не располагаат со слободни средства и не се во состојба да ги остваруваат своите планови што се од значење за македонската економија. Тоа е голем проблем и на тоа прашање во државава мора да се поработи“, коментира Николов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C56B2541850213469AC7323C1EDA90EB
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 27-Apr-2010 at 19:00
Германците заинтересирани за градба на фотонапонски електрани и соларни колектори во Македонија Скопје, 27 април - Шест компании од Германија и еден претставник на германското Министерство за економија во наредните три дена ќе ги испитуваат можностите за инвестирање во фотонапонски и соларни колектори во Македонија.
За евентуалната изградба на капацитети од обновливи извори на енергија германските компании бараат транспарентност и ефикасно одобрување на проектите, среднорочна и долгорочна перспектива за развој на проектите од соларна и фотоволтаична енергија, како и поддршка преку повластени тарифи.
Како што беше истакнато на германско-македонската Конференција за фотонапонска и соларна термија, што денеска се одржува во Скопје, според некои истражувања,Македонија просечно има 270 сончеви денови годишно. Тоа претставува одлична можност за производство на електрична енергија од фотонапонски колектори и производство на топла вода од сончеви колектори.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1997
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 27-Apr-2010 at 11:39

Словенци ќе градат сончеви колектори во Струмица

Струмица - Општина Струмица и една словенечка фирма потпишаа прелиминарен договор за долгорочна соработка и за инвестирање во изградба на енергетски и други стопански капацитети во Струмица.

Дел од договорот е и намерата словенечката фирма, чие што име засега не се соопштува, пролетва да почне со изградба на сончеви колектори во индустриската зона "Сачево" кај Струмица.

"По консултациите со надлежните министерства и институции, ќе преминеме на конкретна реализација на овој обемен проект за изградба на капацитет за обновливи извори на енергија чија што моќност ќе изнесува четири мегавати. Во Струмица постојат речиси идеални услови за еден ваков енергетски капацитет, бидејќи во југоисточниот регион од државата во просек има дури 270 сончеви денови во годината", изјави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Тој најави дека вкупната инвестиција ќе изнесува над 15 милиони евра и изрази надеж дека ова е само почеток на една многу послоевита и долгорочна соработка не само со енергетскиот сектор, туку и со другите економски чинители од Словенија. Како резултат на се' поуспешните економски релации меѓу Македонија и Словенија, неколку струмички компании веќе се присутни на словенечкиот пазар, а од струмичкиот регион покрај пласманот на свежи градинарски и други земјоделски производи во Словенија се извезуваат и конзервиран зеленчук, тутун, мебел и друго. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AD6D4475201A0542AB18A67816E2FA12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 19-Mar-2010 at 16:09

Регулаторот ја „гаси“ струјата од сонцето






 

Со одлуката за намалување на цената на повластените тарифи за 17 проценти се доведуваат во прашање инвестиции од стотина милиони евра, како и изградбата и исплатливоста на четири веќе почнати сончеви централи во земјата

 
 
%20  
Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги намали за 17 отсто повластените тарифи за производство на електрична енергија од сонцето, преку таканаречените фотоволтаични системи. Ваквата одлука ги изненади експертите, кои велат дека намалените цени ќе ги одвратат потенцијалните инвеститори. Од регулаторната комисија сметаат дека тоа нема да се случи. Со правилникот за повластени тарифи, државата им гарантира на сите што ќе изградат сончева, ветерна, хидроцентрала или постројка за биогас и биомаса дека ќе им го откупи целото производство во следните 20 години, по повисоки цени од пазарните.

- Намалувањето на цените ќе влијае лошо од неколку аспекти. Со политиката на менување на законите се губи довербата во сигурноста на правниот систем. Од друга страна, компаниите што веќе ги почнале инвестициите во изградба на вакви централи ќе бидат и финансиски погодени. Во тек се постапки за изградба на четири централи од домашни инвеститори, кои ги обезбедија потребните дозволи и се задолжија во банките - ни изјави Звонко Марковски, сопственик на првата соларна централа во Македонија.

Со одлуката, освен што се намалува цената за 17 проценти, се скратува и гарантираниот период за откуп на произведената струја од 20 на 15 години. И Томе Костадиновски, експерт, смета дека се доведени во прашање инвестиции од околу 260 милиони евра. Во Македонија има неколку компании (домашни и странски) што сакаат да инвестираат во обновливи извори на енергија, вели Костадиновски. Од регулаторната комисија за енергетика ни изјавија дека одлуката ја донеле за да ги заштитат сите потрошувачи што досега ја плаќале разликата за поскапата струја од фотоволтаични системи.

- За добиена енергија од фотоволтаични системи се плаќаше од 410 до 460 евра по мегават-час, што е пет пати поскапо од произведената енергија од хидроцентралите и термоцентралите. Соларните централи не се атрактивни и досега е изградена само една. Од оваа енергија земјата не може да опстане, ниту пак продуцира нови вработувања. Не се ангажираат ниту индустријата, ниту пак градежништвото - ни изјави Влатко Гаврилов од регулаторната комисија за енергетика.
 
   
Автор: Александар С. Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=319101024538&id=10&prilog=0&setIzdanie=21938
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 24-Jan-2010 at 13:09

Во Прилеп ќе се гради прва соларна централа

Општинскиот совет во Прилеп ја одобри парцелата, на која во Прилеп ќе се гради првата соларна центарла, каде скопската фирма „Труст“ ќе поставува колектори на три хектари за годишно производство од еден мегават електрична енергија.
 

Бранко Нешкоски раководител на Одделението за урбанистичко планирање, од алтернативни извори, вели дека Прилеп сака да биде лидер во иницијативата за производството на електрична енергија.

- Станува збор за парцела од околу три хектари или 30.000 метри квадратни. Се работи за приватен инвеститор кој дојде до идеја за да ги користи сите благодети на природата. Се надеваме дека изградбата на овој комплекс ќе биде во текот на оваа година и во скоро време овој извор на енергија ќе биде вклопен во енергетскиот систем на нашава држава, објаснува Нешкоски.

Локацијата е на излезот на Прилеп спроти селото Старо Лагово каде ќе бидат поставени сончевите колектори кои ќе произведуваат електрична енергија.

- Има економска оправданост, ова е скапа инвестиција, но со одлуката на Владата секој произведен киловат на електрична енергија од  кој било вид извор, МЕПСО е должен да го откупи и при откупот има повластена повисока цена. Таа енергија се вклопува во целокупниот енергетски систем, вели Нешкоски.

Општинскиот совет веќе даде виза да никне првата соларна централа. Смета дека ги има сите предности со преку 250 сончеви денови во годината. Советот ја усвои урбанистичката документација и ја одреди парцелата.

Инвеститорот, фирмата „Труст“ од Скопје доставила проект и финансиски план. Од одделението за урбанизам и животна средина објаснуваат дека метеоролошките мерења во деведесеттите покажале дека оваа локација бележи просечна годишна сончева инсолација од 1.566 ватчасови на метар квадратен што е над македонскиот просек и блиску до просекот на Шпанија.

Според планската програма на одделението, оваа соларна централа ќе биде со моќност од 900 киловати со годишно производство на еден мегават електрична енергија.

Нешкоски нагласува дека ова е чиста енергија без загадување и е тренд во Европа. - Многу е добро што се иницира ваков вид стопанство. Во Европа е тренд искористувањето на алтернативните извори на енергија. Се добива чиста енергија без загадување. Општината има намера и лично да ја искористува природната благодет од сонцето. Со новото идејно решение за споменикот Карпалак што ќе се гради, дел од фасадата на ова високо обележје ќе биде од транспарентен материјал, односно од сончеви колектори. Така споменикот сам ќе си произведува енергија која соодветно ќе се искористи, додаде Нешковски.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vo-prilep-ke-se-gradi-prva-solarna-centrala

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 19-Jan-2010 at 23:02
Со 300 сончеви дена ни субвенција ќе треба ни ништо. Сè повеќе се нервирам во последно време бидејќи cè повеќе будали се појавуваат што мислат дека државата е задолжена да финансира нивни проекти за приватни профити. Секако дека цела држава би имала придобивка од воведување на соларна енергија, ама измислени се веќе премногу различни технологии за користење на придобивките на сончевата енергија, така што бизнисмените (не научници) во Прилеп единствено сакаат пари, а не „да измислат нешто ново“. Нека аплицираат за ИПАРД фондови, ама ИПАРД не дава пари за глупости.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.