Author |
Topic Search Topic Options
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#101 Posted: 09-Nov-2010 at 18:17 |
Претседателот на кумановскиот Совет денеска го предаде специјалното
возило на градоначалникот на Старо Нагоричане. На овој начин сакаме да ја покажеме добрата и регинална соработка на
двете општини во Севроисточниот плански регион. Ваквото возило е
неопходно на Општината Старо Нагоричане, ако се земе во обзир
конфигурацијата на теренот што го покрива. На предлог на градоначалнокот
ние ја донесовме оваа одлука, но посакуваме возилото што помалку да го
користите - рече Виктор Цветковски. Градоначалникот Јовановиќ се заблагодари што кумановските колеги нашле
можност и начин да ја помогнат помалата, соседна Општина и по добивање
на новата опрема издвоиле едно возилото за нив. Ова е возило ни е
неопходно бидејќи по предизвикување на шумските пожари,ќе можеме веднаш
да интервенираме. Праксата покажа дека далечината на Куманово го прави
своето, и не може навремено да се интервенира. Ние сме во фаза на
формирање на одделение за противпожарна заштита и против пожарно
друштво, но соработката со противпожарната единица во Куманово ќе
продолжи и понатаму - смета Јовановиќ. Од противпожарната Единица Куманово сметаат дека ово возило ќе одговори
на потребите на општината Старо Нагоричане и во изминатите две години
било најмногу експлоатирано. Протовпожарната единица Куманово ги покрива
и општините Липково и Старо нагоричане.  http://images.kumanovonews.com
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#102 Posted: 09-Nov-2010 at 18:09 |
 Донација на противпожарно возило
ТППЕ Крива Паланка се здоби со противпожарно возило, тип цистерна, марка-Scania T112H, со носивост од 11 000 литри вода. Возилото е добиено како донација од ПП-единицата од градот Упсала - Кралство Шведска.
Во
рамките на овој процес, трочлена екипа од ТППЕ Крива Паланка,
предводена од командирот Иле Коцевски претстојуваше во Упсала, каде
домаќин им беше г-дин Јован Христовски, менаџер на хотел „Викторија“ за конференциски услуги и обука за пожарникари во склоп на ПП бригада во Упсала, Кралството Шведска.
Оваа
донација, претставува продолжување на процесот на модернизација на ПП
единицата и со ова возило се комплетира возниот парк – навално возило и пратечко возило – цистерна.
Општина
Крива Паланка сака јавно да изрази голема благодарност до г-дин Јован
Христовски, за несебичната помош и соработка, до г-дин Кристијан Шамбар,
кој беше иницијатор на соработката и посредник во целиот процес, до
г-дин Ванчо Наќев, кој ни помогна во преводот, до градоначалникот на
Упсала, до вработените во ПП единицата во Упсала, како и до
пензионираните пожарникари од Упсала, г-дин Уве Ериксон и г-дин Аке
Ериксон за топлиот прием и престој на нашите пожарникари во Шведска.     http://krivapalanka.gov.mk
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#103 Posted: 01-Nov-2010 at 20:15 |
Шведска цистерна за Крива Паланка
Противпожарно возило-цистерна, со носивост од 11 тони, и' е донирано
на Крива Паланка од Противпожарната единица од Упсала, од Кралството
Шведска. Донацијата е обезбедена преку остварената соработка на Јован
Христовски од македонската амбасада во Шведска со тамошните
противпожарни служби.
Во рамките на соработката, тројца
пожарникари од Крива Паланка престојуваа во Упсала, каде што беше
спроведена обука за справување со пожар.
Со новата донација се
продолжува модернизација на Противпожарната единица во Крива Паланка,
која го комплетира својот возен парк и сега располага со цистерна,
навално возило и возило за интервенции при сообраќајни и други незгоди.
Противпожарното
возило од Шведска е трета по ред донација во Македонија, покрај
општините Дојран и Битола, на чии противпожарни единици исто така им беа
донирани вакви возила. (Ж.Ц.) | http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C630A6DD7406BB47AC7C50EEE9D64DB8
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#104 Posted: 25-Oct-2010 at 19:22 |
Со оглед на тековните сериозни вложувања во противпожарната заштита, мислам дека можеме да бидеме оптимисти и за реализирање на работите наведени во текстов
ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА МАКА МАЧИ СО РАРИТЕТНА ОПРЕМА Прастара сирена ги „буди“ скопските пожарникариРоза Петкова
Скопските пожарникари се мобилизираат за гаснење пожар со систем од 1972 година, кој едвај се слуша. Наместо да работи со современа опрема, противпожарната бригада на главниот град се уште користи радиостаници стари повеќе од 30 години. На лошата опременост во бригадата се пожали и нејзиниот прв човек, командирот Благоја Менковски, на состанокот за планирање на буџетот за 2011 година, одржан со скопскиот градоначалник Коце Трајановски и со градските советници во Охрид. Тој побара во наредниот буџет за пожарникарите да се издвојат вкупно 79 милиони денари или околу 1, 2 милиони евра, во кои се вклучени трошоците за тековните сметки, основните средства за работа и нови инвестиции за подобрување на состојбата на бригадата. Освен за нова телекомуникациска опрема, Менковски побара пари и за реновирање на старата зграда на бригадата. - Објектот е изграден во 1982 година и оттогаш не е реновиран. Влезните врати треба да се сменат, да се направи вентилација во внатрешноста на гаражите и да се асфалтираат влезовите во гаражите. Исто така, веќе две години не вршиме лекарски прегледи од стручни лица. Лани правевме таков преглед, а еднаш во годината мора да се направи - истакна Менковски. Во капиталните инвестиции кои се планираат за следната година тој најави и купување на опрема и машини, набавка на електрогенератори, а за своите вработени побара и спортски реквизити, со кои би се опремила вежбалница, во која тие ќе можат да одржуваат физичка подготвеност. - Бараме да се изгради и метална кула за вежбање за пожарникарите, за која имаме готов проект, а треба да се објави тендер. Таа чини 1,5 милиони денари - вели командирот. Во приоритетните средства за работа се планира и набавката на едно командно возило, како и специјално пожарникарско возило со поголема цистерна од 16 кубици вода. Според Менковски, бригадата во моментот има две цистерни, кои имаат капацитет од два кубика, па често се случува при гасење на пожар да им снема вода. За новата цистерна се потребни околу 300.000 евра. И наредната година во план е да се купат нови униформи и чизми за пожарникарите, како и друга опрема, во која влегуваат појаси за спасување и заштитни јажиња. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2152&ArticleID=150615
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#105 Posted: 15-Sep-2010 at 20:54 |
Чашка доби подарок противпожарно возило Општина
Чашка доби противпожарно возило, подарок од Општина Велес. Со ова,
третата по ред општина во Македонија, според големината на територијата,
ќе може да одговори на евентуалните огнени стихии. Општината Чашка е богата со шума и е при врвот според бројот на пожари во земјава. Противпожарното
возило, кое има носивост од 8 илјади литри вода, ќе биде опслужувано од
вработени во комуналното претпријатие „Тополка“, како и од членовите на
доброволното противпожарно друштво што постои во Чашка. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C24639F08C5B7A4F8D196F2A8523EF8C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#106 Posted: 22-Aug-2010 at 23:37 |
Истото го помислив, а и текстот не разјаснува баш како оваа вода ќе стига до пожарите...
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#107 Posted: 22-Aug-2010 at 23:16 |
Не ви се чини дека пет кубни метри е малце? Toa се 5000 литри вода. Не се разбирам во тоа колку е потребно да се гаси еден пожар, ама мене ми се чини премалку. Ако се работи за мали пожарчиња, предизвикани од човечко невнимание, и ако бидат откриени многу брзо, можеби е доволно...
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#108 Posted: 22-Aug-2010 at 23:12 |
Базен со
вода ќе го штити Водно од пожари

Цистерната ќе биде вкопана в земја на Средно Водно и ќе има
капацитет од пет кубни метри
Сања Наумовска
„Паркови и зеленило“ ќе гради базен за вода на Средно Водно, кој
треба да служи за заштита на парк-шумата од пожари. Цистерната, која ќе
биде вкопана в земја, ќе има капацитет од пет кубни метри. Водата ќе се
користи за гаснење пожари во околината.
Ова е еден од ретките
проекти за заштита на Водно од летни пожари, кои според статистиките на
јавното претпријатие, се случуваат најмалку три пати во сезоната. Се'
уште остануваат нереализирани идеите за купување мини-цистерна, како и
за изградба на набљудувачници.
Пожарите на Водно најчесто рачно
ги гаснат шумарите со ранци полни со вода што ги носат на грб. Тие ниту
се соодветно обучени за задачата што со години им е доверена, ниту, пак,
имаат соодветна облека. Понекогаш доаѓа и пожарникарско возило на
скопската ПП бригада доколку има можност да пристапи до пожарот. Ако
огнот нападне во густа шума, тогаш се' останува во рацете на екипите на
„Паркови и зеленило“. Тоа се главните причини што понекогаш и од мали
пожари на Водно се причинуваат големи штети. Засега, ниту од Градот
Скопје ниту од Јавното претпријатие нема најави за поголеми инвестиции.
„Изградбата
на цистерната за вода ќе почне во септември и многу ќе ја олесни
работата на нашите вработени. Изведбата ќе овозможи природен пад на
водата што ќе се користи исклучиво за гаснење пожари. Сепак, останува
потребата од набавка на миницистерна специјализирана за гаснење пожари
во вакви средини. Се работи за релативно мало возило што може да
пристапи на најголемиот дел од теренот на Водно, за разлика од
стандардните противпожарни возила“, велат во Јавното претпријатие.
Дотогаш,
нагласуваат во „Паркови“, заштитата на парк-шумата ќе зависи од
шумарите и 20 ранци полни со по 20 литри вода. Воведени се 24-часовни
дежурства, а екипата шумари е дополнета со сезонски работници. Затворена
е и рампата на Средно Водно, а возила и луѓе се пропуштаат само со
одобрение од Градот Скопје. Ваквиот режим ќе важи до крајот на
септември, до кога и постојат опасностите од избивање пожари.
„Годинава
немаше пожар на Водно, но се' уште е рано и опасноста постои. Сепак, и
покрај сите активности што ги преземаме, не значи дека Водно е доволно
заштитено од пожар. На тоа, секако, треба сериозно да се работи и
следната година, кога се надеваме дека во програмата ќе влезе и
набавката на мини цистерната“, нагласуваат во „Паркови“. http://utrinski.com.mk/?ItemID=2ECE6CE7409CE448AAF7BF3CF008BFAA |
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#109 Posted: 18-Aug-2010 at 18:30 |
Originally posted by Danielbtmk
Јас како што знам, пред неколку дена беа испратени за Русија. А од каде сега пак во Македонија ?!
|
Еве што вели Време:
Валентина Стојанчевска
Двата
противпожарни авиона „ер трактори“ воопшто не заминале во Русија, каде
што требаше да помогнат во гасењето на катастрофалните пожари во
Москва, иако Дирекцијата за заштита и за спасување преку медиумите,
пред една недела, го најави нивното заминување. Оттаму се правдаат дека
тие понудиле помош, но не добиле прием во Русија. - Со одлука на
Владата на 14 август авионите требаше да бидат испратени во Русија.
Сепак, тие останаа во Македонија бидејќи не добивме одлука за прием во
Русија, поради што не можевме да ги испратиме. Ние се уште сме
подготвени да помогнеме и стоиме на располагање - истакнува Љупче
Петрески од Дирекцијата за заштита и за спасување. Петрески додава
дека, најверојатно, не добиле абер од Русија бидејќи состојбата со
пожарите веќе е стабилизирана. Познавачите, сепак, коментираат дека ова
е уште еден показател дека Македонија реагира бавно на светските апели
за итна помош за земјите што беа погодени од природни катастрофи. Освен
што не и помогнавме на Русија, не испративме помош ниту во Пакистан
ниту во Кина, кои се зафатени од големи поплави и од лизгање на
земјиште. Но, место во Русија, како што сите беа информирани, два од
трите авиони „ер трактор“ вчера ги извршија првите акции за гаснење на
пожар, во Дојран и во скопската населба Драчево. - Со овие први
операции на авиоодделението во Дирекцијата за заштита и за спасување се
покажа исплатливоста на набавката на авионите. Со ова се покажа нашата
подготвеност за соочување со пожарите на отворен простор, сега
потпомогната и со три авиони специјализирани за ваква намена. Дејството
на авионите на недостапни терени го забрзува нашиот одговор при
избивање пожари на отворен простор - се наведува во соопштението од
Дирекцијата. Авионите се набавени пред седум месеци, но беа приземјени
затоа што дури деновиве добија дозвола за летање од Агенцијата за
цивилно воздухопловство. Тендерот за набавка на авионите Владата го
распиша пред две и пол години, преку Дирекцијата за заштита и за
спасување, а одлуката да се купат беше донесена во летото 2007 година,
откако цела Македонија пламна во пожари. Противпожарната флота ја чини
државата вкупно 10,5 милиони евра. Од Дирекцијата објаснуваат дека за
управување и за одржување на противпожарните авиони се обучени шест
пилоти, двајца авиоинженери и четворица механичари. Обуката се одвивала
во три фази, од кои првата во Италија, втората во Шпанија, а последната
фаза во Македонија. Покрај противпожарните авиони, годинава
пожарникарите имаат 25 нови противпожарни возила, рачни прскалки и
друга противпожарна опрема.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2098&ArticleID=146722 |
Авионите сеуште се во Македонија.
Edited by Мартин - 18-Aug-2010 at 18:31
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#110 Posted: 18-Aug-2010 at 18:29 |
Ги
запрашавме надлежните од Дирекцијата дали ќе останат на одлуката да
пратат два авиона и екипаж или, пак, по избувнувањето на пожарите во
Македонија одлуката ќе се промени.
- За испраќање на авионите во
Москва сега решаваат руските власти, дали и кога ќе ги примат
воздухопловите - вели Ласко Мукаетов од ДЗС. |
|
 |
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#111 Posted: 18-Aug-2010 at 18:23 |
Јас како што знам, пред неколку дена беа испратени за Русија. А од каде сега пак во Македонија ?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#112 Posted: 18-Aug-2010 at 18:07 |
Летачките пожарникари првпат во акција

Авионите на
Дирекцијата за заштита и спасување вчера ги извршија првите акции за
гаснење пожари на отворен простор во Дојран и во Скопје
Два од трите противпожарни авиони „ер трактор“ вчера првпат откако се
набавени беа употребени за гаснење два пожара во Македонија. Акциите во
скопската населба Драчево и во Дојран биле успешни и огнените стихии за
кратко време биле локализирани. Засега не е познато дали пожарите биле
предизвикани од човечки фактор или причина е жештината.
-
Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување ги извршија првите акции
за гаснење пожари на отворен простор. Два од авионите интервенираа на
територијата на Дојран и на Скопје, каде што успешно ги изгаснаа
пожарите што избувна на тие територии. Со овие први операции на
авиоодделението во Дирекцијата за заштита и спасување се покажа
исплатливоста на набавката на авионите - велат од Дирекцијата.
Оттаму
велат дека предноста на овие авиони е што можат да гаснат пожари на
недостапни терени, а овие пожари биле токму такви, па неопходно било
нивното ангажирање.
Овие две акции на летачките пожарникари
следеа по минатонеделната најава дека ДЗС во Русија ќе испрати два
авиона да ги гаснат пожарите што беснеат околу Москва. Најавено беше
нивно итно испраќање во Русија, но очигледно тоа не било сторено.
Ги
запрашавме надлежните од Дирекцијата дали ќе останат на одлуката да
пратат два авиона и екипаж или, пак, по избувнувањето на пожарите во
Македонија одлуката ќе се промени.
- За испраќање на авионите во
Москва сега решаваат руските власти, дали и кога ќе ги примат
воздухопловите - вели Ласко Мукаетов од ДЗС.
Годинава во
Македонија се регистрирани над 70 пожари на нискостеблеста шума, пасишта
и стрништа, но тие не биле од широки размери и не предизвикале поголеми
штети.
- Само од пожарите во 2007 година имавме штета од 24
милиони евра поради изгорената шума. Ако ги земеме вкупните износи,
вредноста на возилата не е ништо во споредба со штетата што ја нанесоа
шумските пожари во последните две-три години - велат од ДЗС.
Освен
авионите, Владата набави и 25 противпожарни возила од кои 15 се
наменети за урбана средина, а пак 10 се специјализирани за шумски
пожари.
Трите авиони беа набавени преку шпанската фирма „Ер
трактор“, а се од американско производство. Договорот за нивна набавка,
тежок 10,3 милиони долари, предвидуваше и обука на пилоти и на технички
кадар. Обуката се спроведуваше во Италија, Шпанија и во Македонија, и
заврши успешно.
Дирекцијата сега има пет пилоти, еден
пилот-раководител на одделението и негов заменик. Покрај пилотите, беа
избрани координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери.
Летачките трактори ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои работат секогаш треба да има резервни пилоти.
Авионите
имаат капацитет од 3.104 литри вода и потребни се 10 секунди за целосно
да се наполни резервоарот. Потрошувачката на гориво е околу 800 долари
за час, а авионот може да лета во услови на голема надморска височина и
на температури до 49 степени. Освен за гасење пожари, тие ќе се користат
и за воздушно запрашување и за воздушно пошумување на изгорени
површини.
Александар Манасиев |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=842F344D9B144C45A78EB138390F42F8
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#113 Posted: 19-Jun-2010 at 00:15 |
Авионите за
гаснење пожар на готовс

Со три модерни авиони за гаснење пожари и 30 возила државата
подготвена за пеколното лето
Горан Адамовски
Трите нови авиони за
гаснење пожар набавени од Шпанија веќе од идната недела ќе бидат целосно
употребливи и ќе чекаат на готовс. Македонските пилоти ја минаа обуката
во Шпанија и по неделната финална глазура на Охридското Езеро, ќе бидат
подготвени за евентуална акција. Освен авионите, државава се поднови со
25 модерни противпожарни возила за гаснење шумски и градски пожари, а
деновиве се комплетираше и најновата набавка од пет ултрамодерни возила
од Белград, кои располагаат со т.н. КАС-систем, мешавина од вода и пена.
Надлежните се уверени дека Македонија годинава ќе знае како да се
справи со пожарите што секое лето пустошат низ земјава.
„Не'
очекува жешко лето и, за жал, опасноста од пожари е голема. Сепак, ние
сме подготвени навремено и соодветно да се справиме со нив“, вели Шабан
Салиу, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување.
Најкомплицирана
беше набавката на трите нови авиони за гаснење пожар од типот „АТ-802“.
По проблемите со плаќањето, авионите вредни 8,2 милиона евра, кои се
произведуваат во САД, а преку шпанската „Ер трактор“ се дистрибуираат во
Европа, долетаа во земјава. Имајќи предвид дека станува збор за едни од
најсовремените летала, во цената беше вклучена и обука во Шпанија на
седуммина македонски пилоти.
„Обуката ја завршија успешно и сега
им преостануваат уште неколку проби по Охридското Езеро“, објаснува
Салиу.
Леталата се опремени со два интегрални резервоара со
вкупен капацитет од 961 литар, а резервоарот за вода има капацитет од
3.104 литри.
„Овие авиони може непречено да полетуваат и да
слетуваат на мориња, езера, вештачки акумулации, а потребни се само 10
секунди за полнење на резервоарот со вода“, се дел од особините на овие
летала.
Пред околу еден месец, со 25 нови противпожарни возила се
подновија 19 oпштини во земјава. Новите возила од фирмата „Даф“ ја
чинеа Владата околу четири милиони евра. Петнаесет возила се
специјализирани за гаснење на градски пожари, а десет за шумски.
„Со
децении државата немаше набавено противпожарно возило и тоа силно се
одразуваше во случаите на поголеми катастрофи. Токму затоа, пред две
години оценивме дека е добро да се набави поголема количина на вакви
возила“, изјави тогаш премиерот Никола Груевски.
Уште пет возила
набавени во Белград што чинат околу 800.000 евра ја комплетираат
опремата со која ќе се справуваме со огнените стихии.
Поради
високите температури, надлежните апелираат до граѓаните внимателно да се
однесуваат при минувањето низ шумите, каде што постои ризик и можност
за појава на пожари.
„Внимателно однесување при фрлање догорчиња
од цигари и при палење скари, земјоделците треба да внимаваат при
жетвата, особено на исправноста на нивната механизација за да не дојде
до испуштање нафта“, се дел од практичните совети во пресрет на
пеколното лето.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=30CA06265B93B2468595F3160F3831D8
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#114 Posted: 16-Jun-2010 at 18:52 |
МАКЕДОНИЈА ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ БРАНИ ПРОТИВ
ПОЖАРИТЕ
Ер тракторите од сабота
подготвени
Двата противпожарни авиона кои ги купи државата од сабота ќе
бидат целосно подготвени да интервенираат во случај на пожар. Вкупно
шестемина пилоти, од кои тројца се пилоти во пензија што ги летаат
првите борбени авиони на АРМ, се вратија од четириесетдневната обука
во Шпанија, и со ер тракторите веќе вежбаат на домашен терен. Од
вчера, заедно со леталата се заминати во Охрид каде што неколку дена во
лет ќе тренираат полнење вода директно од Охридското Езеро. Со нив во
Охрид се и четворица авиомеханичари и двајца инженери, кои треба да се
грижат за исправноста на авионите. "Пилотите се обучени, и сега
само се доусовршуваат, по што од викендов веќе целосно ќе бидат
подготвени да ја бранат државава од огнените стихии, кои се надеваме
дека нема да ги има", вели Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за
заштита и спасување. Ако годинава нема пожари, вели Салиу, за да $ се
исплати инвестицијата од 8,6 милиони евра, државата размислува да ја
рента противпожарната флота, која до крајот на годината треба да брои
вкупно 3 авиони од типот "АТ-802". Според Салиу, цената за најмување
на авионите треба да ја дефинираат Владата и Дирекцијата, по што ќе
се понудат на земји кои немаат противпожарни авиони или каде што е
потребна дополнителна помош во гасење пожари. (И.С.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=5F100B004647F64A8911D92220AFCE31
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#115 Posted: 12-Jun-2010 at 15:56 |
rugivesti&Itemid=193" class="contentpagetitle">Владата на РМ донираше ново противпожарно
возило на ТППЕ Берово
Вести -
Други вести
|
Напишано од Општина Берово
|
Сабота, 22 Мај 2010 16:51 |
По повод Денот на пожарникарите 20ти мај, на
плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово свечено беше предадено во
употреба новото противпожарно возило на Територијалната Противпожарна
Единица од страна на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински.
Возилото е специјализирано за шумски
пожари со цистерна со носивост од 2 тони вода и е донација од Владата на
Република Македонија која инвестираше 263 милиони денари за набавка на
25 нови противпожарни возила со што се обнови возниот парк на 19
територијални противпожарни единици во Македонија.
Одлуката на Владата за набавка на
возилата е донесена пред 2 години токму поради застареноста на возните
паркови , што силно се одразуваше во случаите на поголеми катастрофи.
На плоштадот „Димитар Беровски“,
професионалните пожарникари пред присутните граѓани изведоа кратка
демонстрација за подготвеноста на единицата во случаи на пожар во
градска населба.
Градоначалникот на Општина Берово по
повод овој ден додели и Благодарници за Помош и подршка во спречување и
гасење на шумски пожари на ПШС „Малешево“ – Берово, Шумска Полиција –
Берово и Гранична Полиција – Полициска станица Берово, Благодарници за
Логистичка помош во спречување и гасење на пожари на Дирекцијата за
заштита и спасување - ПЕ Берово и МВР Полициска Станица – Берово и
Благодарници за Професионалност во своето работење на професионалните
пожарникари Бубевски Ангел, Арменски Сашко и Џопковски Зоран. www.malesh-net.com |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#116 Posted: 20-May-2010 at 16:27 |
Територијалната противпожарна единица во
Куманово доби две нови
противпожарни возила.На свеченоста по повод Денот на пожарникарите,
денеска беа промовирани возилата, кои ќе ја подобрат ефикасноста на
работата на пожарната служба во градот.
Од Владата добивме две возила од кои едното е наменето
за гасење на пожари во урбани средини со капацитет е од 4000 литри, а
другото за гаснење на отворен простор во шумите од 2000 литри. Се работи
за современи, модерни и софистицирани возило, какави што немавме
досега. Со нивната употреба нашата противпожарна единица ќе биде побрза и
поефикасна во отстранување на пожарите -вели Дејан Илиевски, командир
на територијална противпожарна единица во Куманово.
Возилата
за противпожарна заштита се стари околу триесетина години, така да овие
две нови возила значат многу во справување со пожарите од поголем
интензитет. Пред неколку години со донацијата од
француската влада донекаде ги задоволивме потребите за противпожарна
заштита на градот и во регионот.Гасификацијата во Куманово ќе допринесе
да се зголеми опасноста од пожарите посебно во летниот период, па и
обуката на противпожарната бригада ќе биде насочена кон превентивна
заштита. Очекуваме да се обучат нови, млади, способни и здрави луѓе со
што ќе добиеме модерна единица за заштита од пожарите- рече
градоначалникт Зоран Дамјановски.
Според бројот на жителите Општината Куманово треба да ја
опслужуваат околу 60 пожарникари,а има само триесетина вработени. Од
нив десетина се со ограничени работна способност поради тежината и
ризикот на работата. Од противпожарната единица се надеваат дека во
наредниот период Владата ќе дозволи нови вработувања и буџетски средства
за комплетирање на тимовите.
На Денот на пожарникарите 20-ти мај,
присутвуваа претставници од Локалната власт, советниците, МВР и други
гости. Пожарникарите пред присутните демонстрираа дел од функциите на
двете
http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/kumanovskata-pozarna-dobi-novi-vozila.html
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#117 Posted: 17-May-2010 at 04:07 |
 http://utrinski.com.mk/?ItemID=7399967A7F713445A75E3E81FC24DE07
Edited by lslcrew - 17-May-2010 at 04:07
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#118 Posted: 17-May-2010 at 00:39 |
vo utrinski ima slika od vozilata za sumski uslovi
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#119 Posted: 16-May-2010 at 18:50 |
 Окej, ДАФ-овите за урбана средина веќе ги имавме видено, би било супер доколку некој ископа фотка на возилата за шумски услови.
Свечено предадени 25 противпожарни возила
16.05.2010 19:12
По повод пет години од постоењето на дирекцијата за
заштита и спасување денеска и предадоа 25 противпожарни возила на
противпожарните единици на 19 општини во Македонија. Од вкупно
25-те возила, 15 се специјализирани за урбана средина, а десет за
шумски услови. Премиерот Никола Груевски ги врачи клучевите од
новите противпожарни возила на претставниците на 19-тe општини, а Скопје
како најголема општина доби три противпожарни возила. |
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123216
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#120 Posted: 09-May-2010 at 16:33 |
Шкотски
пожарни ќе гаснат македонски пожари
Шкотски
сирени за мирно македонско лето. Вака се означи пристигнувањето на
новите противпожарни возила за Свети Николе, Кратово, Крива Паланка,
Радовиш, Струга и Делчево. Ги донираше британската противпожарна
асоцијација - Операција „Флоријан“.
- Мислам дека ќе ни овозможи превентивно да имаме добра покриеност
од пожарите - изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсен
Алексовски.
- Доаѓам од општина каде што имаше опожарувања на две училишта и
затоа сметам дека оваа помош е повеќе од добредојдена за секоја општина
во земјава - дополни градоначалникот на општина Радовиш, Роберт Велков.
Оптимизмот за поуспешно справување со пожарите се изразува и од
поинаков агол.
- Искрено се надевам дека летово пожарникарите во Македонија нема да
имаат потреба од користење на опремата - смета градоначалникот на
општина Свети Николе, Роберт Георгиев.
Донаторите остануваат во земјава две недели за како што велат
обуката на нивните колеги - домаќини во целосно да се комплетира.
- Мораме да се увериме дека по обуката нашите колеги од Македонија
перфектно ќе ракуваат со опремата - дециден е проект менаџерот на
Операција „Флоријан“ - Стив Џордан.
Операција Флоријан за три години, ја обнови повеќе од полувековната
стара противпожарна опрема и возила во 15 македонски општини, обучувајќи
над 600 пожарникари.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60320
|
 |