![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 29> |
Author | |
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
кај нас сме еколози у Душа баш кога нетреба, но и тоа е нешто, таман што појќе Народ да се мотивира час поскоро или за Печалба или за Враќање на Корените онака Рурално Реемигрански ... интересно отаде барата трендот е чукш стојте бројлери ево ви и бонуси само дремете по бетонските џингли!
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Ние сепак се водиме според лондонската цена, а владата сред економска криза покачува акциза. Во меѓувреме во Данска:
Denmark bans tax haven companies from accessing coronavirus bailout money – will other countries follow?
https://www.independent.co.uk/news/business/analysis-and-features/coronavirus-denmark-bailout-tax-haven-companies-uk-richard-branson-a9475081.html |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Владината уредба за акцизите на нафтата ќе остане на сила речиси до Нова Година
Очекува ли Владата нестабилноста на нафтениот пазар поради кризата предизвикана од корона вирусот да трае подолг период е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека новата Уредба со која се зголемуваат акцизите за нафтените деривати се предвидува да трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завршување. Со Уредбата од 5 мај, годинава се воведува нов начин на пресметување на износот на акцизата за безоловниот бензин и за гасното масло како погонско гориво. „До отпочнувањето на примената на новата пресметка акцизата за безоловниот бензин со важност до 4 мај 2020 година се утврдува на 24,692 денари за литар, а износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво се утврдува на 18,121 денари за литар. Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба“, пишува во Уредбата која веќе е објавена во Службен весник. Одлуката за продолжување на вонредната состојба излезе во Службен весник на 17 април годинава, што значи дека таа би трабало да трае до 16 мај. Математиката покажува дека уредбата која се однесува на акцизата ќе биде на сила некаде до средината на декември, годинава односно дека „стариот“ Закон за акцизи ќе се врати две недели пред Нова година. Од Владата денеска соопштија дека новиот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради корона вирусот. „За оваа мерка да биде добро и правично решение зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата, односно ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за -1 денар, така ќе остане покачена за +2 денари. Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за -3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна мерка“, соопшти владиниот портпарол Муамет Хоџа. https://meta.mk/vladinata-uredba-za-akczizite-na-naftata-ќe-ostane-na-sila-rechisi-do-nova-godina/ |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
А кај нас од утре повисоки цени
![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() Oil prices dip below zero as producers forced to pay to dispose of excess Jillian Ambrose and Martin Farrer US crude has negative value for first time in history as stockpiles overwhelm storage facilities
https://www.theguardian.com/world/2020/apr/20/oil-prices-sink-to-20-year-low-as-un-sounds-alarm-on-to-covid-19-relief-fund |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПОЛОВИНА ОД ИЗВОЗОТ ГОДИНАВА ЌЕ ГО НАПРАВАТ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОД ЗОНИТЕ
Сите 24 компании што работат во технолошко индустриските развојни зони лани направиле извоз од 2,43 милијарди евра и тоа е за петтина повеќе отколку годината претходно, покажуваат податоците што ги добивме од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Тоа значи дека 45% од целиот македонски извоз минатата година е направен во овие зони. Проценките се дека годинава овој удел ќе се зголеми и дури половина од се што извезува земјава надвор, ќе се произведува во погоните на компаниите што работат во зоните. Под одделни компании, апсолутно најголем извозник е компанијата Џонсон Мети која лани направила извоз од 1,8 милијарди евра, што е третина од целиот македонски извоз. Или пак, ако се спореди со извозот само од зоните, произлегува дека дури 75% се создава од оваа компанија. Рангирањето на најголемите извозници по одделни компании од технолошко индустриските развојни зони Капитал ќе го објави следниот месец во едицијата Топ 100 извозници. Анализата на показателите покажува дека се зголемува и нето извозот од зоните, па така ако во 2017 година компаниите продале надвор за 283,4 милиони евра повеќе производи одошто увезле, минатата година извозот бил поголем од увозот за 342,7 милиони евра. Бројот на вработени до февруари годинава пак, достигна 13.196 луѓе. Најголем работодавач меѓу нив е Адиент Ситинг лоцирана во Штип, каде што се вработени вкупно 2.144 луѓе, а потоа следуваат Гентерм со 1.853 вработени, Ки Сејфти Системс со 1.496 вработени, Адиент Аутомотив од Струмица со 1.493 вработени и Леар со 1.329 работници. Директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони, Алекснадар Младеновски посочи дека оваа дирекција посветено работи на подобрување на условите во зоните со цел да се обезбедат подобри услови за работа на инвеститорите и ги објави податоците за перформансите на компаниите што работат во овие зони. ![]() 2018 година компаниите од зоните направија рекорден извоз од 2,43 милијарди евра, што е за околу 20% повеќе од 2017 година. Зоните ги развиваме во забрзано темпо, дел од нив беа недоволно развиени. Ќе започнеме со изградба на ТИРЗ Скопје 3, во ТИРЗ Штип ќе започнеме со реализација на гасовод, во ТИРЗ Струмица се гради терминалот, последниот дел од зоната. Во ТИРЗ Прилеп се гради приклучниот пат, водоводот и канализацијата се завршени, во ТИРЗ Струга исто така се гради приклучен пат, додека водоводот е завршен лани, а во ТИРЗ Кичево се доградува внатрешната инфраструктура. Сите овие инвестиции ги правиме во насока на побрзо завршување на зоните и обезбедување на подобри услови за работа на компаниите, што очекуваме да резултира со отворање на нови работни места“, истакна Младеновски. Од Дирекцијата што менаџира со зоните објаснуваат дека тоа се планирани економски целини наменети за влез и работа на технолошко напредни компании кои директно придонесуваат за забрзување на развојот на подрачјата каде се основани и подобрување на економската состојба во државата. Преку стратешко планирање, определени се 13 локации на кои се основани вкупно 15 технолошко индустриски развојни зони кои се во различен степен на градба. Инфраструктурните работи се изведуваат согласно најавените инвеститори, нивните потреби и предвидена динамика и согласно програмата за работа на Дирекцијата за ТИРЗ, а според планот од Буџетот за годинава, за таа намена се наменети околу 10 милиони евра. Зоните се лоцирани во разни делови на државата, а нивната географската распределба овозможува рамномерен регионален економски развој како и диверзификација на инвестициите. Во зависност од видот на инвестицијата, дејноста и потребите на потенцијалните странски инвеститори им се нудат локации во различни зони во земјава. Од основаните зони, оперативно подготвени и функционални се 8 зони и тоа: ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2 ,ТИРЗ Штип, зоната во Кичево, Прилеп, Струмица, Струшко Охридската зона и зоната во Тетово. Во зоните фигурираат вкупно 28 компании, од кои 24 се оперативни а останатите имаат договори за закуп за земјиште и се очекува да почнат со градење на фабриките. ![]() Повеќе на https://kapital.mk/polovina-od-izvozot-godinava-ke-go-napravat-stranskite-investitori-od-zonite-2/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
хипотетички можеби ова е сценарио за контролиран хаос кој некои елити во сенка го менаџираат како би стигнале час поакоро до федерализирана европа а по можмост односно логично мерџинг потоа меѓу сЕд и сАд, зар грегзитот не беше таква фора, си го избалансираа долар америте во однос евро со еден удар, зар од кај нив не излезе патката за фалцуваните грчки биланси, не сум паметен да речам и ова е слично сценарио, дури и тоа како предетерминирано сигурно имало екстра ризици од колапс на еврозоната по систем на врзани садови, но ете излегоа на крај европеите, ко што велат дури и појаки!? инаку дериватите врзани за лондонската безра се 1една десетина од оние 660 трилиони евра во еу како унија ко што велат во текстов, прашање е само дали навреме ќе стигнат се' да испеглаат, колку и 1% е доволен за да се создаде паника!? тоа грегзитот со 300 милијарди евра дупка им зададе тешки главоболки а не пак трилион два да кикснат, лаички видено шпекулации фрчат секојдневно и за банални ризици а така реметат пазар, а не пак да постои озбилен ризик, тоа така ќе се рефлектира на цел европски берзански пазар, во кој случај банките ќе мора да бидат консолидирани дополнително а што значи забавен еконосмки раст доколку обемот е поголем, тури претури да не си ја срушат играта навистина и ненамерно, доколку ете не постои во позадина никакво сценарио за контролиран хаос, а од она што го имам научено следејќи домашен пример на инвеститор обично берзанските играчи кога станува збор за ризик не се двоумат да рискираат, просто берзите се коцка добива оној кој е спремен да рискира, а многу се, особено во вакви околности кога водата е разбуричкана и секој чека во матното да се офајди, да се надеваме знаат што прават европеите чим се толку самоуверено исклучиви во однос простор за пеглање на брегзит разлики до истекот на рокот ...
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
кога ќе биде следната светска економска криза, хм незнам ете на крај од постов има некои филмои за возрасна публика, но ајт прво да пробам да ги посочам економските ризици со кои се соочуват економските џинови кои се мотор на светската економија и каде сме ние во однос нив, тие се налик џинови кои играат фудбал врз палети со гајби полни стаклени шишиња, теоретски си помагаат во натпреварот кој повеќе вода ќе наточи но воедно и си ги крадат шишиња ненамерно како играта е поставена односно си ја договориле или попрво фатила инерција како секој би почнал да ја надградува својата вештина на полнење додавање набацување жонглирање клизачи бранење испади глумење итн. чек дис има и дремење, нам ова како јуниорски феномени ни е главна фора да додека се учиме и тренираме, а сега со ерга-омнес дилот и загреваме до аут линија просто анајлесно ни е да дремеме! и знаете после кој дава голови највеќе токму тие на аут линијата, но само ако се спремни а не задремани, реалност која sdSSm си ја руши и заради фокусирање на ерга-омнесот низ вод пушти многу што стекнато одсоите претходници, иако за волја на вистинтатоа почна да го прави уште одма кога почна шарено да парадира та и сите на трибини кои покажале интерес да вложат во нашиот потенцијал искулирале, сега пак sdSSm се надева дека од под трибини заради дремачка послушност ќе ги наградат европете изобилно низ разни тапшања по рамо, евала да си го фрлиш дресот и да изигаваш кловн ормално ќе ти речат арлија паљачо не изнасмеа еве ти жонглирај и ти малку, но еднаш кловн цел живот кловн или!? акоткви номл утре ќе ни маваат заушки и пак ќе не третират ко собирачи на залутани топки, освен аконе е опаметиме и не почнеме и самите да се днесваме како сите останати односно даваме се' од себе за да биднеме кадети па професионалци, да имаме раст кој ќе наликува на Марадона на млади години, за жал ние се однесуваме како да сме Марадона на стари години ![]() ![]() е сега без разлика на спремноста поведението волмата знаењето, да речеме сега не натерале да глумиме стари Марадона кој ќе глуми ко млад марадон така уствари бивајќи паљачо бидејќи од џебои испозвадил разни пенкала за да собира по аут линија и кога има шанса да се освести и отповеќе, но за што е кадарен не знае, пак и пак размислува дека развојно треба да глуми робот а тој да ти е всушност Селско Дете но забораил не бил одамна на Село што да праи за да се извади и долгрочно стои цврсто на нозе да не се тетерави, што треба да земе да теќерави, прво опинци наместо бос да земе да ора по тревата, после стегачи да не му паѓаат гаќи кога ќе раскока по неа за да не избега одма одтаму, потоа стегач за глава за да не му капе многу пот од чело бидејќи одамна не се растрчал здраво итн. итн. мои мили северомаусдонци тоа значи на Македонија и треба Земјоделие за да си дојдеме на себе долгорочно, како ќе го сториме тоа незнам, имате учени нека земат нека најдат начин како да мотивираат Млади Брачни Парови (бар тие треба да имаат предност заради Прираст на Популација) за Рурална РеемигРација, само така е возможно да стане збор за Самоодржливост долгорочно, еве утрово думав дека тоа треба да е на ниво на 30% [1] идеал до кој лесно не се доаѓа, груевци велеа 250 евра месечно се довлна мотивација бреј лапај си пари тректор ќе ти падне од марс и сам ќе ора, мислам ало докторе дај аспирин зошто за Природен Иљач воа главучките вијуги немаат абер та може ќе се опаметат со хемии, обично им текнуе да се пофалат дека ЌЕ имале земјоделска влада а на крај извадија груевци идеја за балканска банкарска офшор зона, саде на сите тука рокфелер им е амбиција та убаини, додека зајковци имале некаква теслина 369-тка а тоа да ти било трипартитен коплерај помеѓу могериновци ципровци и нив, мислам се гушкале најкомшиски, како поинаку да го протолкувам дефокусирање од економија кон ци-за дилање незнам, се потепаа да и угодат и двајцата на могеринка а на крај наместо таа ним или тие неа меѓу себе си разменија машни, нејсе, што ќе прават незнам НО едно е Вељо Тантаро да извади Земјоделска Партија ако овие не можат друго освен ко змејоделско-бројлерски постојано да ни се товарат како авторитети без конкуренција, и Вељо да беше пред Могеринка па ќе извадеше за вватод сите оние 300 милијарди за ципро бар едно 30 за зародиш на Ново Македонско Земјоделие, но било што било, каде сега со овој памет!? знаеме ли дека тамoшните кои се имаат растрчано по флашираниот терен си имаат многу што остаено забораено застоено потскршено скршено, свесни ли сме дека се' за миг може да ојди апсана заради преголема балетанска амбицозност со толкава килажа, мислат стријата за семафорот е во нивни раце и оп може да прават шо сакат и кај сакат да акаат, но каузалност та и кога немаат лоша намера тро терсене инерција, и оп сите четири во вис, Не Дај Боже но ќе да саклдисаа озбилен гајрет могериновци што не присилија нас на сокс без осет, дека ако глата може тоа да го проголта другите ткива неможат та вајбоина да ја додржат та стигнала мрчајќи до нивните шишиња, или само така ми се чини, може сум грешка ќе да не сум разбрал добро, ај карамба барт симпсон им ја промовирал како олраунд изрека во сАд или некој друг, но кој ќе им ја промовира во еу, видиш супер им одеше со БРРРегзит, и таман стегнаа да не сарат ергаомнистично оп им пррропадна ним од спунт дилот, само да е пропаднат така сите сонего, иако тоа нема да биде брзо ако е случај, а нам ни останува нешто време да се консолидираме со мислите и да одучиме дали ќе ја затераме Македонија навистина Земјоделски или пак инвеатициски ќе размислуваме да фрламе субвенци по бројлерски гридфилд браинфалш конфекционери, зар побитно е Здрава Храна и мали Фарми заради социјален мир ем Здрав Живот апреку Рурални Општински машински Кругови, правична распределба на земјоделско земјиште низ земјишна реформа, а сето тоа со предност за Рурални Реемигранти наместо зик-ои и ним слични, или пак гетото ќе го правиме фарма од фејкбук краста'иц'шпалирани, камо да имаше дебата 24/7 на оваа тема, онака експертски, зошто вреди да се заборџуваме додека сеуште можеме а тоа да генерира бар некаква Самоодржливост и Волја За Слобода од урбната џунгла, бреј така ќе скокнат одма урбимафи деа градежниот сектор ќе рокнел и макроекономски ќе сме биле во аут, така е кој ќе ви ги купува станоите и вози патиштата кога сите Млади ќе ви се иселат и сега ако меркелка си го исполни ветувањето дека во јануари немало да има работни визи за сервомасудонци, а ако не ќе знаеме дека лажењето им е главна фора па на следен референдум за европска интеграција може и сами ќе речеме не фала, нормално ако до тогаш се подосвестиме за сите ризици од еутаназија! вушностглавната причина зоштосеанесакаат поатојните удбалитичари активна еФорумска дебата туку само спиндерела фејкбукоски агитпроп без можнот да се премерат сите аршини и ризици правовремено, прашајте ги Хрватите сега им е криво зошто им се брзало, нели брза кучка слепи кучиња раѓа, но дали сега не е тоа така ис еропеите, бреј се брзаа за федерализација иоп чикен ран им протча низ ришел и оп Фараж долета со референдум во лондон егит братја британци инаку има да не нема, чинам дури и кралиц му имаше покрастрено крила натака, којзнае може посреди е само блфрање заради поголем авторитет или пак спешлрилејшн члеств, знаете она некои играчи не скаат да доживуваат како резервни а сим се репрезентативци со тапија, но да видиме ... една од гајбите обврзници 04.01.2019 ~ https://www.ft.com/content/Brexit threat to European sovereign bond sales друга и можеби поопасна дериватите 14.01.2019 ~ https://www.ft.com/content/Brexit spells trouble for Europe’s €660tn derivatives market |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() кај нас прво треба Попис еве деноиве во најава еден, но бидејќи истиот нема да се тера биометриски, дефакто и бројката на невработени ќе расте, впрочем мнозина се водат и како невработени а се заминати надвор, за што пак гајрет е законот за одјавување адреса односно престој и како печалбарите сеуште дремат не само во статистика туку и во избирачки список, а и биометриски да го тераат попусот пак истиот нема да биде 100% ефективен, за што пак може и треба да се оди на повеќе нивоа, споредувајќи ги базите на податоци на мобилните оператори, на граничните премини [1] во спротивно со постојниот попис каде како но добар дел од население нема да начекаат дома, оние пак дома за да не им наплатат казни бидејќи печалбарите не се одјавиле ќе ги кажуваат ко да се дома итн. итн. мислам ок нека опнат казна за лажно сведочење ем Полиција да има право да ги споредува пописните изјави и граничните движења та може и пописните информации да се целосно употребливи како статистички абер неопходен за државни есапи ... мене не ме загрижува невработеноста, туку дали до следната светска економска криза ќе ушуќариме што пивече кредити а со тоа и кренеме каков таков квалитет на живеење од спунт, тренд кој Грујо го завозе, но Зајко го ресетира, иако претходните бар извадија некакви проекти на маса, додека сегашниве турниме да кинисам изгледа едно два мандата ќе им треба за нешто да склепаат, иако она што Грујо го ветуваше - земјоделска влада, а по логика на нешта Зајко ко Чоек сигурно со искуство и на нива би требало да ја стори, но ето ни претходните ниту овие имаат озбилни развојни програми и стратегии како да релоцираат народ кон Рурална Самоодржливост, нормал им требаат градски бројлери за да бркаат greedфилдери како би штимале полесно фалц бдп, но истото како така сега не држи на какво такво ситно задолжено ниво, но си имаме проблем со зајковци да разберат дека сред кашатализам не се тера социјализам ќе глумеле дечките домакинлук што никогаш вака како ја тераат нема да го постигнат, како велат фрли рипче фати крапче, ами овие обратно фрли крапче фати рипче, фокусирани се преку Устав да довлечкаат отварање преговори со еу, онаму каде и оние што не заминале таман да заминат бидејќи се надеваат дека ќе биднеме на цицалче, а всушност че влетам во пазар каде не сме конкуретни од таму тука ќе влетаат апашана и вештачки ќе кренат стандард но не и плати, и во најдобар случај ќе биднеме ко Хрватска презадолжени е со европски цени посреди балкански плати, сетне масовно им бегале млади, та тоа тука не е издржлив живот не пак таму, но ако Чоек најубо на својте грешки учи, ашава пак без конкренција уникатна и неповторлива другде, ајт и така долго светската економија нема да стои вака простум, камо Народ да се свести и да си поднапраи какво такво рурално осигурување со засолниште и алат, а убо би било и државата да мислеше за тоа вака и.и онака, но кога ќе се видат просторните планови на РМ јаснно е дека немаме спремност да се соочиме ниту со расчистување ѓубре од една поплава а не пак колапс на економија, убо би било да ме демантира некој и да извади уки како во какви околности населението би можело да се реорганизира дали при економски политички или природен колапс, ќе имаат ли Луѓе бар питка вода, ека земат бар едно сто артериски бунари со бушотини од 300 до 500 метра нека сторат ако не друго бар на прва за чиста вода да не му се мисли ... смешно е што живееме во време кога алатки за премерување со здружени сили имаат на претек научниците а не ги користат, еве постојат платформи како е-форуми та пак немаме видено некој некаде од својата фела бар по фалкутетите институтите и министерствата да имаат свој интерен еФорум за премерување стратегии како научници и практиканти, коа тоа пак би го чинеле економистите секојдневно тоа чунки ќе не доведе бар лесно до нзс да и левица и десница не на сила ами сложно ќе туркаат инвестициски проекти, зошто да не измолзиме и ние од фиктивното светскко богатсво за живот на вересија а така да поставиме каква таква Самоодржлива инфраструктура за Не Дај Боже пр. Општински Машински Кругови за социјални рурални реемигранти кои ќе бидат помогнати и со земја па и со помош околу исправање полураспаднати куќи итн. https://bigthink.com/strange-maps/the-national-debt-pizza-how-much-is-your-slice#Echobox=1541577242 ![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Дали некаде може да се најдат информации за невработеноста во Република Македонија по општини? Еве интерактивна мапа за Република Хрватска: http://demo.croracun.hr/
Edited by Staro Skopje - 30-Jan-2018 at 17:19 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
зошто ЕМО Охрид не стана успешен бренд има интересен абер од вмео [1] ова е-то е веројатно акроним за елитна, како дополна еве инфо и од разрешницата годинава [2][3] 24.11.2017 - https://sdk.mk/index.php/makedonija/viktor-mizo-e-direktor-na-firma-na-koja-kako-vladin-sluzhbenik-dade-sto-otsto-vladini-subventsii-reche-angushev/ него кој парцели на ЕМО сега ќе се распродаваат, најблиску до езеро треба да се погоните кај населба Рача, имаат нешто во село Косел мислам и нешто во Струга ... дали бидејќи ова е државен имот можат да го отстапат за нова Болница [1] преадаптирајќи ги погоните во нов клинички центар ... колку би чинела една ваква преадаптација а колку градење нова Болница, дали заштедата само на припремна работа околу гринфилд наместо браунфилд Болница би заштедило екстра камен за медицинска опрема!? |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
чув в Битола чаршиски муабет дека Камчев го принудувале да ги пушти акциите од зкПелагонија, изгледа ват гоус араунд камс араунд, иако чоекот (партијата) ги купи акциите од Гагачев факајќи го во матно за неговиот ала гпМаврово спин, кога нелегално сакаше да ја одвои фирмата ќерка Жито Полог од ЗИКо ... него еве интересен инфографик колку само менува кога има боја во позадина на статистиката, бар за промена, корисно во однос битни поенти, а би било идеално ова да е интерактивна мапа која би посочила понатака како одело задолжувањето низ годините до сега, хм идеално ако имаше да видиме и на што ошле народните пари ... ![]() edit: инфографикот од 2017-та а веќе испарил, среќа архивиран беше на archive.org па го репостирам, всушност еФоруми е корисна работа само ако фотките и линковите се дополнително архивирани, во спротивно постот губи од контекст и смисла со испарени делои ... Edited by Zelenikovo - 04-Feb-2019 at 09:28 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
МАЛКУ ЕКОНОМИЈА Вака функционираат денес работите во Македонија Кулаков: Ме прислушуваа, па ме уценуваа за да ми ја грабнат фирмата21.03.2015 | 17:03
Прочитано: 10165
![]() - Логички е ако толкав голем ефект
правиш со прислушувањето на политиката дека тој нема да се ограничи само
на тоа, а да не чепне, народски речено, раката у мед да ја стави... Е
па така чепнале. Над 50 фабрики се преземени преку обезвреднување на
компаниите, вели Кулаков.
Според него, прислушувањето се користи
за дознавање на плановите и проблемите на фирмите, контактите со
деловните партнери и нивно попречување односно дознавање до детали на
начинот на функционирање на фирмите.
-Врз основа на тоа, следува, според
овој тајкунски систем, фаза на обезвреднување на компаниите со вешто
блокирање на активностите на фирмите што финишира и преку блокирање на
финансиските активности со помош на банкарите од оваа тајкунска мрежа.
На крајот резултира со неколукратно обезвреднување на компаниите. И
доаѓа, се разбира, последната фаза на воспоставување на контрола врз
фирмата и преземање на фирмата дали преку фирми во скриена сопственост
на тие тајкуни или преку нивни сателитски фирми, објаснува Кулаков.
Неговата фирма е проценета на 5,5 милиони евра, а најсилниот притисок за нејзино преземање бил во летото 2013 година.
Кулаков вели дека се надева дека
институциите сепак ќе си ја завршат работата и ќе му застанат на патот
на ваквото криминално преземање на фирмите.
http://24vesti.mk/kulakov-me-prislushuvaa-pa-me-ucenuvaa-za-da-mi-ja-grabnat-firmata „Ексико“, Камчев и Панделески влегоа во „Здравје Радово“http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21078 надоврзуванје од горниот текст. И сигурно сите се секќаваме за случајот на Екстра-Меин со листерија целосно искреиран случај,знаеме сите поради што,со користење на истите методи опишани во текстот погоре и уште еден куп други примери |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПРОТИВ ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ХОНОРАРЦИТЕ
МАЈА ТОМИЌ Многу забелешки и препораки до надлежните институции содржи првото издание на „Белата книга“, подготвено од Советот на странски инвеститори, кој го сочинуваат на 110 странски компании што работат во земјава, а се од разни профили и големина. Целта е да се влијае врз подобрувањето на деловниот амбиент, отстранувањето на непотребните бариери за бизнис и да поттикнувањето на инвестирањето. Покрај позитивните оценки на реформските процеси и деловната клима во земјава, инвеститорите во „Белата книга“ даваат многубројни препораки и забелешки: · Да не се менуваат често законите, бидејќи тоа доведува до нестабилна клима за инвестирање. Од многу измени на даден закон во текот на една година, може да се случи фирмите да не успеат да исполнат одредени обврски. Примената на законите се' уште е предизвик, особено придобивање разни дозволи, лиценци, одобренија и регистрации; · Силно се препорачува хонорарните договори и договорите за привремени вработувања да не подлежат на плаќање надоместоци за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, бидејќи со тоа вработените немаат подобри права; · Пазарот на трудот треба да е пофлексибилен и да се укинат непотребните бирократски постапки со што ќе се олесни процесот на вработување; · Законот за работни односи да биде пофлексибилен и да им овозможува на договорните страни да ги уредуваат односите, без кратење на работничките права. · Администрацијата е се' уште бавна и неефикасноста и реформите треба да се одвиваат забрзано; · Моделот на раст, во кој внатрешната побарувачка е клучен фактор, треба да се замени со модел во кој главна движечка сила е извозот; · Потребно е да се работи на намалување на вкупните административни постапки и законски оптоварувања и да се воведат пософистицирани решенија во работата на Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и Фондот на пензиско; · Да продолжи борбата против корупцијата; · Образовниот систем треба да претрпи суштински промени за да може да обезбеди висококвалитетен кадар за потребите на компаниите; · Компаниите треба да имаат полесен пристап до финансии · Прекршочните казни од договорните односи да се укинат, и да се заменат со казни според големината на долгот; · Задолжницата да претставува можност, а не обврска на компаниите. Казните кои се предвидуваат и за издадена и за неиздадена задолжница што може да доведат до ситуација компаниите да се плашат да се впуштат во какви било договорни односи; · Да се почитуваат препораките од ЕУ за унапредување на судството и судските одлуки да бидат поделени по година на завршување и вид на постапка; · Владата да продолжи со процесот на гасификација, како и со натамошна реализација на градежните проекти на Коридорите 8 и 10, на железничката линија со Бугарија, како и на Рутата 9 и 6 од автопатиштата од македонската граница до Приштина. http://www.utrinski.mk/?ItemID=EECA6743F263D848914C09F7C79AAC4A |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Првиот камион произведен во Македонија
![]() Во Македонија е произведен првиот камион. велешката компанија „Брако“ започна со производство на камиони за вакуумско чистење на градските улици. ![]() http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=53896 Edited by Џоле - 15-Nov-2014 at 19:53 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ СТРАНСКИ ВЛОЖУВАЊА ОД 177 МИЛИОНИ ЕВРА
Во споредба со истиот период лани кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, годинава имаме благо намалување за 6,1 отсто Нина Нинеска-Фиданоска Од почетокот на годинава заклучно со август во Македонија влегле 176,5 милиони евра странски инвестиции, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Во споредба со истиот период лани, кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, значи дека годинава имаме благо намалување за 11,5 милиони евра, или за 6,1 отсто. Само во август годинава странците вложиле 24,5 милиони евра. Притоа, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само три милиони евра, додека, пак, во делот на должнички инструменти, вкупниот влез на инвестициите е 21,5 милиони евра. Тука, пак, како вложување на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира (обврски) се наведени 6,2 милиони евра, а како повратно вложување (средства) износот е минус 13,4 милиони евра. Додека, на вложување меѓу хоризонтално поврзани претпријатија (нето обврски) отпаѓаат околу два милиони евра. Ако се гледаат странските вложувања по месеци, може да се забележи дека најдобар месец досега е март, со вложени 42,2 милиони евра, додека, пак, најлош е јуни, кога имало одлевање на 860 илјади евра. Во јануари годинава биле инвестирани 24,3 милиони евра, а во февруари 34,7 милиони. Во април инвестицискиот резултат е 7,5 милиони евра, а во мај 24 милиони. Јули и' донел на Македонија 20 милиони евра странски инвестиции, а август 24,5 милиони. За годинава Владата најави дека очекува влез на околу 300 милиони евра странски инвестиции. Ако во првите осум месеци од годинава се вложени 177 милиони евра, излегува дека за да се исполнат плановите би требало во преостанатите четири месеци да бидат вложени 123 милиони евра, или во просек по 30,8 милиони евра месечно. Според најавите на Владата, во наредните месеци се очекува нов прилив на странски инвестиции. Во отчетот на премиерот Никола Груевски за 100 дена Влада, тој рече дека привлекувањето странски компании го смета за една од најуспешните политики на Владата. „По 17 објавени инвестиции во Македонија пред изборите, во првите 100 дена, шест компании објавија одлуки за инвестирање, а уште шест донесоа интерни одлуки. Уште две компании присутни со инвестиции одлучија да ги прошират капацитетите. Тоа се вкупно 31 инвестиција“, рече Груевски. Инаку, најуспешна година досега на планот на привлекувањето на странските инвестиции била 2007, со инвестирани околу 506 милиони евра, што следуваше откако во 2006 во земјава влегоа 345 милиони евра. Во 2008 во Македонија биле инвестирани 400 милиони евра, а во 2009 година има значаен пад на инвестицискиот скор и тој изнесува 145 милиони евра, слично колку и во 2010, 160 милиони евра. Подобрување е регистрирано во 2011, со инвестирани 344 милиони евра, а во 2012 година повторно влошување на инвестициската слика, со 111 милиони евра. Во 2013 година во земјава беа инвестирани 252 милиони евра, а за годинава очекувањата се движат на 300 милиони. http://www.utrinski.mk/?ItemID=B548997B9D6D2E43AE01B522ACE0EC1B |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() vecer.mk Edited by Џоле - 21-Aug-2014 at 08:59 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Каде е македонската економија во рамките на регионот Во Македонија бруто-домашниот производ во 2012 година изнесувал 9,663 милијарди долари, а во Словенија 45,47 милијарди долари Нина Нинеска-Фиданоска„Вредноста на српскиот бруто-домашен производ, конечно, се изедначи со оној на Хрватска“, изјави деновиве Александар Вучиќ, премиер на Србија, во интервју за РТС. Според него, ова претставува големо достигнување и чекор напред за српската економија. Изјавата на Вучиќ е добар повод да се проанализира какви вредности имале регионалните економии и како тие се движеле во изминатиот период од неколку години. „Утрински весник“ ги претставува сумите на БДП во земјите од регионот и од поранешна Југославија, при што се користени податоци на Светска банка, каде што последните достапни показатели се однесуваат на 2012 година. Според овие бројки, во Македонија бруто-домашниот производ во 2012 година изнесувал 9,663 милијарди долари, а една година претходно, во 2011, тој бил над 10 милијарди, односно изнесувал 10,44 милијарди долари. Во 2007 година Македонија имала БДП тежок 8,18 милијарди долари, а во 2008 бил 9,83 милијарди. Според истите податоци на Светска банка, земјава во 2012 година броела 2,106 милиони жители. БДП по глава на жител, пак, во таа година бил на ниво од 4.589 илјади долари. Нашиот северен сосед Србија во 2012 година имал понизок БДП од Хрватска, односно тој изнесувал 37,49 милијарди долари, наспроти хрватскиот кој во истата 2012 бил на ниво од 56,44 милијарди. Во Србија во 2011 српскиот БДП тежел 43,29 милијарди долари, додека, пак, во 2010 тој тежел 36,99 милијарди. Во 2007 БДП на Србија изнесувал 38,95 милијарди евра, а во 2008 бил најголем и тежел 47,76 милијарди долари. Во 2012 година Србија имала 7,22 милиони жители, а БДП пер капита изнесувал 5.189 долари. Хрватска, пак, во 2007 имала БДП на ниво од 59,34 милијарди долари, а во 2008 тој скокнал на 69,6 милијарди долари. Во 2011 економијата на Хрватска вредела 61,79 милијарди долари, а во 2012 се спушта на 56,44 милијарди. Во 2012 Хрватска броела 4,27 милиони жители, а нејзиниот БДП пер капита е многу пореспектабилен од нашиот и од српскиот, и тежел 13.227 долари. Црна Гора во 2012 имала БДП вреден 4,23 милијарди долари, додека во 2007 тој бил на ниво од 3,66 милијарди. Со 621 илјади жители во 2012, црногорскиот БДП пер капита изнесувал 6.813 долари. Албанија, пак, со БДП од 10,7 милијарди долари во 2007 година, стигнала до 13,12 милијарди долари во 2012 година. Таа земја има 3,16 милиони жители, а нејзиниот БДП пер капита е 4.148 долари во 2012 година. Босанскиот БДП, пак, во 2012 изнесувал 17,05 милијарди долари, а во 2007 тој бил на ниво од 15,28 милијарди. БиХ брои 3,834 милиони граѓани, а БДП по глава на жител во таа земја бил 4.446 долари. Како стојат работите во Словенија на тој план? Во 2012 година таа држава имала БДП тежок 45,47 милијарди долари, послабо од 2011 кога изнесувал 50,28 милијарди. Во 2007 година, пак, словенечката економија вредела 47,31 милијарди долари. Словенија има 2,06 милиони жители, а интересен е нејзиниот БДП по глава на жител, кој во 2012 тежел дури 22,092 долари, речиси двојно поголем од хрватскиот, а повеќе од четирикратно поголем од нашиот. Бугарија, пак, во 2012 имала БДП од 51,03 милијарди долари, додека во 2007 тој изнесувал 42,11 милијарди. Со 7,31 милиони жители, Бугарија во 2012 имала БДП пер капита од 6.986 долари. Владимир Глигоров, угледен економист од Виенскиот економски институт, во една своја колумна прави интересна споредба меѓу Полска и Украина, во смисла колку влезот на Полска во Европската унија бил значаен за нејзиниот раст на БДП по жител, наспроти оној на Украина, која е надвор од европското семејство. „Украина имаше подобра почетна позиција во периодот на падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз, за сега нејзиниот БДП по глава на жител да биде едвај половина од оној на Полска. Споредбата е на место затоа што станува збор за две соседни земји со слична големина. Исто така, во Украина често се поставува прашањето, зошто ние не сме како Полска? Не мал број Украинци мислат дека е така затоа што Полска е членка на Европската унија, а Украина не е. Тоа во еден дел ја објаснува популарноста на европските интеграции во Украина“, вели Глигоров. Бруто-домашниот производ, или БДП е еден од основните начини на мерење на големината и перформансите на една економија. Бруто-домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период, вообичаено, една година. Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Бруто-домашниот производ е централна макроекономска категорија, преку која се мери вкупната економска активност на една земја. http://www.utrinski.mk/?ItemID=F6EBA1ADEB6DDE41A173F64CDBD57877 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Капитал анализира: Што и колку извезува Македонија?
Половина од македонскиот извоз се прави со 20 производи!Биљана Здравковска Стојчевска![]() Извезуваме
премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена
вредност или готови производи. Дури половина од извозот лани е направен
со 20 производи, а од нив на една рака се бројат производите кои имаат
повисока додадена вредност или доработка. Најголем дел од клучните
македонски извозни производи ги произведуваат компании во странска
сопственост кои произведуваат во слободната економска зона за што од
државата добиваат огромни поволности и бенефиции. Останатите извозни
производи се сведуваат на суровини, како феро никел, феро силициум,
суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и
свежо овошје и зеленчук. Ако треба да се изведе еден генерален заклучок за тоа колку и што извезувавме лани тогаш тоа сигурно би бил дека извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи. Дури половина од македонскиот извоз минатата година е направен со 20 производи, што е уште поголема концентрација во споредба со изминатите години. Од овие 20 производи на една рака се бројат производите кои имаат повисока додадена вредност или доработка. Најголем дел од клучните македонски извозни производи ги произведуваат компании во странска сопственост кои произведуваат во слободната економска зона за што од државата добиваат огромни поволности и бенефиции. Останатите извозни производи се сведуваат на суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, производи од железо и челик и свежо овошје и зеленчук. Иако минатата година извозот се зголеми за 6,6%, тој се уште е помал од извозот направен во 2011 година кога Македонија оствари рекордно највисок извоз од 4,48 милијарди долари. Ако се анализира на што се должи ланскиот раст на извозот тогаш повеќе од очигледен е заклучокот е дека тој во најголем дел е резултат на зголеменото производство и извоз на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободната економска зона Бунарџик. Сите странски инвеститори во Македонија лани имале огромен раст на извозот од над 20%. За разлика од нив, повеќето компании од металопреработувачката индустрија, која е меѓу клучните извозни индустрии, лани бележат пад на извозот. Голем пад има и кај извозот на нафтени деривати, што е резултат на неработењето на Окта, како и во некои делови од прехранбената индустрија. Но, заклучокот кој најдобро го опишува извозот минатата година е дека извезуваме премалку производи, а од нив уште помалку се со повисока додадена вредност или готови производи. Така на пример, извозот на најизвезуваните 20 производи лани изнесуваше 2,2 милијарди долари, што е 52% од вкупниот извоз на Македонија. Меѓу овие 20 најизвезувани производи, кои прават половина од македонскиот извоз, како производи со повисока додадена вредност и со повисока фаза на доработка се единствено катализаторите, лековите, табли за автомобили, текстилните производи кои се произведуваат по принципот на лон доработки...Останатите се суровини, како феро никел, феро силициум, суров тутун,руди на олово, бакар и цинк, и производи од железо и челик. Најголем извозен производ за минатата година се катализаторите кои ги произведува Џонсон Мети во неговата фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Лани извозот на катализатори од Македонија достигна 589 милиони евра, што е раст од 25%. Втор најизвезуван производ е феро никелот кој го извезува кавадаречки Фени Индустри, кој лани бележи пад од 12,77%. Трет најизвезуван производ се машините и апарати за филтрирање на гасови, кои исто така се производ на Џонсон Мети, со извоз од 266 милиони долари, што е раст од дури 52%. Со тоа вкупниот извоз на Џонсон Мети од двете фабрики во Македонија лани достигна 855 милиони долари, што е 20% од вкупниот извоз на земјава. Прилепскиот тутун е
четврт најизвезуван македонски производ, чиј извоз лани достигна 122
милиони долари, што е годишен раст од 38,75%. Вкупниот извоз на тутун
лани достигна 182,1 милион долари, што е раст од 24,4% во споредба со
претходната 2012 година. Најголем дел од извозните компании од металопреработувачката дејност лани имале пад, а на ниво на индустрија лани извозот на железо и челик паднал за 5,58%. За разлика од железото и челикот, извозот на обоени метали лани бил поголем за 56%. Раст на извозот од 20,3% има и кај мебелот и лани од Македонија се извезол мебел во вредност од 65 милиони долари. Извозот на облека, која во Македонија се произведува по лон –принцип лани достигна 623 милиони евра, што е годишен раст од 4,3%.Раст од 5,2% има и кај извозот на обувки кој лани достигна вредност од 70 милиони долари. Извозот на тутун лани достигна 182,1 милион долари, што е раст од 24,4% во споредба со претходната 2012 година. Голем пад лани има и извозот на нафтени деривати, кој на годишно ниво е помал за 54,2%, што пред се должи на неработењето на рафинеријата Окта. Пад има и кај извозот на пијалоци од 3,74%, додека извозот на медицински и фармацевтски производи е намален за 5,33%. Извозот на млечни производи и јајца лани изнесуваше 9,52 милиони долари и е намален за 15,52%. Повеќе извезуваме во Кина отколку во Хрватска!?Анализата на извозот според земји во кои најмногу се извезуваат македонските производи покажува дека најголем извозен пазар е Германија каде лани се извезле производи во вредност од 1,5 милијарда долари или дури 37% од вкупниот македонски извоз... ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВО БИЗНИС МАГАЗИНОТ "КАПИТАЛ" ОД 21 ФЕВРУАРИ 2014 ГОДИНА (ПЕТОК) |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |