![]() |
![]() |
![]() |
АДИССДП - Комерцијални згради |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Реонски Центар Аеродром
![]() https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АДИССДП ќе гради комерцијални згради во Охрид, Битола и во Скопје
Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по прифатливи цени на заинтересираните граѓани. Оваа година нѐ очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две и една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар, изјави директорот на АДИССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски. Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата бидејќи становите се по конкурентни цени. АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50 станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилникот по кој се продаваат овие станови порасна до 1.050 евра која е повторно конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори – рече Трајковски. На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови. https://www.facebook.com/adsdp.makedonija Незнам за која поголема парцела на Јужен Булевар се мисли? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Реонски Центар-Аеродром
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
50 СТАНОВИ ВО ГРАДБА во РЕОНСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ во ОБЈЕКТ 1.12, во Скопје.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Реонски центар
![]() https://www.facebook.com/regnum.mk |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Супер!!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Еве го ревидираниот детален план за овој дел ![]() Ситуација од Google maps ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нови наративи за градот Скопје
![]() ![]() ![]() ![]() Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација. Првонаградениот проект е решение на Елена Андонова, м-р инж. арх. и Натали Мицевска, м-р инж. арх. млади архитекти, магистрирани на Архитектонски факултет при УКИМ во јуни 2019. (консултант Предраг Андонов, дипл. инж. арх.) За нас овој конкурс е еден од низата локални и меѓународни учества на изложби, работилници и конкурси, но е од посебно значење бидејќи игра директна улога во формирањето на нови урбани пејзажи во Скопје. Како архитекти кои во моментот на распишување на конкурсот титулата магистер инженер архитект ја поседувавме помалку од една година, бевме предводени од поривот за докажување и покажување на професионално ниво, и ја поздравуваме одлуката за анонимен конкурс за решавање плански опфат, бидејќи можеби сè уште наивно веруваме во институцијата конкурс како објективен филтер за проценка на еден проект. За нас, графичкиот израз игра голем удел во квалитетот на архитектонскиот проект и цртеж, а специфичноста на истиот е препознатлив белег за нашето авторство. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид“, кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините односно намените на секое ниво. Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2 – домување во станбени згради и компатибилни класи на намени. Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40 %. Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3, дел од улица „11 Октомври“ и булевар „Македонија“. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап, и тоа: продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, минимаркет, аптека и кафуле, со вкупна површина од 338 м2. Продорите формираат пет пасажни премини. Исто така се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се еднособни/едноиполсобни станови, двоиполсобни станови, трособни станови и поголеми станови, со вкупна површина од 6.476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот. Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит, го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапалив материјал и завршна обработка абрихт. Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот. Станбеното прашање е скокотлива тема за Скопје, и ако се има предвид моменталната ситуација во архитектурата и урбанизмот во рамките на нашата држава каде општото добро е второстепено, а желбите на инвеститорот за квадрат повеќе се императив, за голема почит и поздрав е одлуката на Агенција за стопанисување на станбен и деловен простор да избере решение кое на прво место ја става благосостојбата и квалитетот на живот на крајниот корисник на просторот наспроти максималното искористување на можностите на парцелата зададени од ДУП-от. Ние, како млади архитекти, се надеваме дека ќе продолжиме да играме активни улоги во архитектонските наративи за нашиот град Скопје. https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АДСДП во Реонски Центар Аеродорм
![]() ![]() https://www.facebook.com/regnum.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Ова ли е локацијата? ![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Првонаграден конкурсен труд за станбен објект / Андонова, Мицевска
marh.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
на бул. митрополит Теодосиј Гологанов
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Имам другар кој живее во една од зградите кои се распространети на 3-та Македонска Бригада. Се работи за понови згради кои по неколку години употреба изгледат како да се градени пред 30 години, освен тоа со паркинг се наоѓат кој како умее а згора на тоа кога ќе заврне пред зградата има бара така да доаѓање до влезот е возможно само со рипање и снаодливост. Со еден збор „катастрофа„,а уште полошо е што повеќето згради во Скопје се со слични стандарди. Би било добро некој од нас по можност ако ништо друго да фотографира дел од паркинзите или влезовите во споменатите згради и пошироко.
Edited by kultuzin - 06-Jun-2012 at 19:16 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Зградите што ги гради АДСДП во Аеродром, на 3-та Македонска Бригада
1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Државата ќе се фрли на комерцијална градба
Објектите ќе се градат по сите ИСО-стандарди и со енергетска ефикасност, а ќе се продаваат по цена конкурентна на останатата комерцијална градба Државата ќе ја интензивира комерцијалната станбена изградба. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во иднина ќе гради станови секаде каде што ќе има интерес за такво нешто. Колку комерцијални станбени објекти и со каква динамика ќе се градат, ќе зависи од побарувачката на пазарот и од капацитетот на претпријатието. Сепак, постои можност во иднина овие станови да не се продаваат преку јавна лицитација, бидејќи станбеното претпријатие нема голем бенефит од таквата продажба. Средствата од продадените комерцијални станови, меѓу другото, ќе бидат наменети и за изградба на станови за социјални случаи. Градбите ќе бидат изведувани по сите ИСО-стандарди и задолжително со енергетска ефикасност. Целта е, како што вели директорот на АД, Цветко Грозданов, објектите да се вреднуваат според квалитетот со кој се изведени, но и да не се дозволи одредени субјекти енормно да ја зголемат цената на станбениот квадрат, туку да им се овозможи на граѓаните да дојдат до сопствен покрив над главата. Тоа никако не значи дека државата ќе биде нелојална конкуренција на оние фирми што се занимаваат со изградба на станови за пазар. „Ние градиме и продаваме станови по реална цена. Секако, вредноста ќе се зголеми доколку се зголеми ДДВ од пет на 18 проценти. Но, да се надеваме дека нема да дојде до такво нешто. А колку чини квадратот во даден момент зависи од повеќе фактори, како што е локацијата, квалитетот на изведбата, но и од висината на комуналиите“, појаснува Грозданов. Според него, моментно во тек на изградба се 10-ина станбени објекти наменети за комерцијална продажба. Пред неколку дена во Скопје стартуваше изградбата на зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти ресторанот „Воденица“, а четири-пет објекти веќе се готови и во тек е продажба на становите. Цената на станбениот квадрат во Реонски центар Аеродром изнесува 795 евра квадрат, додека во новоизградените објекти во индустриската зона кај Американски колеџ од 820 до 850 евра. Становите во Охрид се продаваат по 700 евра, а во Битола, пак, за 488 евра за квадрат. Сите овие цени се без ДДВ, но, сепак, според Грозданов, тоа се реални цени со кои може да се постигне заработувачка од најмногу 10 проценти. Инаку, продажбата на становите што ги гради Станбеното претпријатие преку лицитација, како што вели неговиот прв човек, имала многу негативности. Се случувало да има обиди да се скрие по некој стан што има добра позиција во објектот и да се чува за некој близок или, пак, интерес за купување да има во време на празници или на туристичка сезона кога доаѓаат гастарбајтерите. Сето тоа придонесува претпријатието да нема голема заработувачка од ваквата продажба, особено ако се има предвид дека лицитирањето се одвива со наддавање од само едно евро за квадрат. Оттаму, според Грозданов, не треба да има лицитација на комерцијалните градби. АД за станбен и деловен простор не се откажува и од изградбата на станови наменети за социјално ранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на четири такви згради, а во план е до 2015 година да бидат изградени уште 1.700 социјални стана. Инаку, претпријатието моментално води постапка за 120 државни стана чии станари со години не плаќале кирија и на кои им се нуди можност или да ги откупат или да ги закупат. Станува збор за станови во кои се вселени порано регистрирани социјални случаи, а кои во меѓувреме го смениле таквиот социјален статус, па сега државата им нуди можност да ги купат. Во зависност од тоа како ќе се произнесат овие граѓани, односно колку од становите ќе бидат откупени, ќе зависи и колку социјални станови ќе бидат изградени в година. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A30B2A102A06DA49B5D1EA222F7AF49A |
|
![]() |
|
maci ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
искрено ако е се во ред и како што најавува владата со новиот проект би земал стан се разбира ако ми дадат
![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
300 нови државни комерцијални станови ќе се градат од септемвриСоња ЈовановаСо изградба на државни комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје јавното претпријатие ќе ги руши цените на становите Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) од септември почнува силна градена офанзива. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, во наредниот период станбеното претпријатие ќе почне интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Офанзивата ја најавува новиот директор на претпријатието, Цветко Грозданов, кој за “Капитал“ изјави дека има намера да го трансформира претпријатието во менаџерска фирма која ќе прави профит не само за плати на вработените, туку и за добивка, од која ќе се градат нови социјални станови. “Становите кои ги продаваме во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Од септември повеќе ќе се фокусираме на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов. Тој додава дека цените на становите кои ќе се градат од септември ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат. Најпрвин ќе се изградат 56 комерцијални станови во близина на Католичката црква, каде што уште лани е поставен камен-темеленик, но изградбата не почна бидејќи ЈПССДП го раскина договорот со градежната компанија Маврово инженеринг, која требаше да ги изведува градежните работи. Сега на тендер ќе се бара нова градежна фирма, но нема отстапки од предвидениот рок за почеток на градбата во септември. Зградата ќе биде на четири ката со мансарда и деловен простор за 10 локали. Објектот ќе чини околу два милиони евра. Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.
|
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Добро е се вразумиле од владава
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2265029FF76AE4D9F40CDE8044AAF9E&arc=1 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |