![]() |
![]() |
![]() |
Клинички центар Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 18> |
Author | |
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Со последниов скандал у низата од мал милион и одма почнаа, покачување на плати, зелена нафта, намалување цената на парното, субвенции за автомобили, тунели под Кале, нов клинички... кај и да е и трамвајот ќе го активираат...
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Новиот Клинички ќе биде готов во 2027, први ќе се селат Ургентен и хируршките клиники Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров ќе стартува на почетокот на следната година, ќе биде завршен за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари што ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите. – Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки – рече Филипче, додавајќи дека шест одговориле, а е избрана понудата од банките „Ерсте груп“, Рајфајзен банк и „Уникредит“ како најповолна. На прашање за условите под кои ќе се враќа кредитот, Филипче упати во Министерството за финансии, бидејќи не сака да шпекулира со бројки. Посочи дека имотно – правните односи на местото каде што ќе се гради новиот клинички центар се расчистени, а земјиштето е целосно во државна сопственост, односно нема да има експопријација. Министерот појасни дека изградбата на клиничкиот центар ќе се одвива во три фази и дека првата фаза би завршила по 3,5 години, а последната по седум години. Според него, се планира најпрво да се префрлат хируршките клиники, операционите сали и ургентниот центар, а потоа и клиниките за гинекологија, за педијатрија и за онкологија. Министерот рече дека на почетокот на август ќе започнат постапката со конкурентен дијалог, појаснувајќи дека тоа ќе значи дека во тендерската постапка ќе се вклучи и проектирањето, изградбата, опремувањето, ставањето во функцијата и тренингот на персоналот кој треба да работи во новиот објект. – Во Министерството за здравство направивме тим кој веќе подолго време работи на анализа на законите. Ќе се оди според членот 53 на Законот за јавни набавки и ние сме подготвени тоа да го започнеме на почетокот на август – рече Филипче и додаде дека физибилити студијата е готова и наскоро ќе биде ставена на јавен увид. Клиничкиот центар, како што нагласи Филипче, е најважен капитален објект од значење за целата држава, што ќе има модерен начин на давање здравствена услуга, односно се ќе биде на едно место. Министерот за здравство информира дека Владата на вчерашната седница го усвоила Предлогот за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи, со што, се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности на фондот, а при тоа, се задржуваат критериумите за квалитет. Целта, како што рече, е надминување на проблемот со недостигот на
лекови, поради можноста што ќе им се даде на аптеките коишто досега
немаа договор со Фондот за здравствено осигурување, да склучат таков
договор. Воедно треба да се мотивираат младите лекари да отвораат свои
специјалистички ординации, кои ќе имаат склучени договори со ФЗО, што
досега не беше можно. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Две катни гаражи ќе се градат во Клиничкиот центар во Скопје
Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие две катни гаражи. Владата на седница вечерва ја усвои Предлог-одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за изградба на гаражите. Како што соопшти владината прес-служба, целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во најголемиот клинички комплекс во Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга. -Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, појаснуваат од Владата. https://nezavisen.mk/dve-katni-garazhi-kje-se-gradat-vo-klinichkiot-centar-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Почнаа примери од Приштина да зимаат, ладе веќе подолг период се фура концепт на раштркување на државни институции...главен суд на пример им е во едно поле на 5 километри од градот...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Новиот клинички центар „Мајка Тереза“ ќе биде на 5 нивоа со 20 операциони сали и 65 амбулантни возила
Нови промени во планот на изградба на клиничкиот центар. Ако пред три месеци надлежните објавија дека комплексот ќе се простира на 90 хектари во месноста Веле Поле во Ѓорче Петров, сега површината ја зголемија на 102 хектара. Според последната владина одлука, новиот Клинички треба да биде на 5 нивоа со 20 операциони сали и 65 амбулантни возила. Засега е нејасно колку ќе се задолжи Владата за изградбата на новиот Клинички центар. – Со физибилити студијата ние ќе имаме податоци за сумата, може ќе биде поголема може помала. Ние две недели пред тоа ќе пуштиме оглас за барање на заем. Веруваме дека со изградбата на нов објект ќе ги задржиме лекарите и ќе ги вратиме тие што се заминати од земјава“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада. Засега нема одговор што ќе се случи ако не бидат обезбедени неопходните пари за изградба. -Значи, ако продолжиме со сегашната динамика, ќе може да ги задржиме роковите и на крајот на годината да бидат удрени темелите, вели Бошњаковски. Според процедурите, прво треба да бидат обезбедени пари а потоа да се утврди како ќе изгледа комплексот и кој ќе го гради. Инаку, точно 10 години се зборува за нов клинички центар, но никако да почне неговата градба. Уште во 2009та беше донесена одлука за негова изградба во Бардовци. Неколку години подоцна таа идеја отпадна па се направи план и беше потпишан и договор со обезбедени пари за нов објект на местото на сегашните клиники. Со промена на власта, дојде до раскинување на договорот и почна барањето на локација. Прво беше избрана Злокуќани, но поради наводно одолговлекување на процедурите со имотно правните односи, потрагата заврши во Ѓорче Петров. https://www.presscentar.mk/noviot-klinichki-tsentar-majka-tereza-ke-bide-na-5-nivoa-so-20-operatsioni-sali-i-65-ambulantni-vozila/?fbclid=IwAR2eAv6WGvAHS7WiXIx00IcOOZbC7cvkdDsWnOU3QU7ohwMUyuMiM5WdUt0 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА 4,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ БАРА ПРОЕКТАНТ ЗА МОНТАЖНА КАТНА ГАРАЖА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Министерството за здравство за 4,6 милиони денари или 74.700 евра бара проектант кој ќе изработи проект за изградба на катна гаража во Клиничкиот центар. Јавниот оглас за изработка на идеен, основен и сообраќаен проект за изградба на катна гаража во Клинички Центар „Мајка Тереза“, Министерството го распишало на 24 минатиот месец, а понуди може да се достават до 14 овој месец. Вања Андонова, од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, вели дека огласот е распишан за изработка на проект со кој е предвидено изградба на монтажна катна гаража на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија. „Од проектот што ќе го добиеме ќе знаеме точно на колку ката ќе биде гаражата и колку паркинг места ќе има. Нашата идеја е да има максимум катови, односно приземје плус осум ката и две подземни нивоа за паркирање. Според проектната документација што ја имаме, планирано е да има 1.800 паркинг места, но дали ќе биде така ќе покаже проектот“, вели Андонова. Катната гаража според барањата во тендерската документација треба да биде од челична конструкција, со монтажно-демонтажен карактер, за да може што побрзо да се изгради. „Гаражата ќе биде одвоена од новата зграда на Клиниката за гинекологија, односно нема да се гради на целата површина предвидена со маркичката, туку оставаме простор од 15 метри за изградба на зеленило“, вели Андонова. Таа рече дека идејата со изградба на монтажна катна гаража е да се редуцира движењето со возила низ клиничкиот центар, бидејќи според нивните истражувања дневно во Клинички има 2.200 посетители, а во оваа бројка не влегуваат вработените и студентите. Според Андонова сообраќајното решение треба да понуди директен влез во катната гаража од главниот влез и да остане посебна лента за возилата на Итната медицинска помош и сервисните возила. „Сообраќајното решение практично треба да овозможи внатрешна сообраќајница за директен влез во катната гаража и излез од страната на паркингот кај Клиниката за Онкологија. Со тоа посетителите воопшто нема да влегуваат во Клинички. Паркингот што е кај црквичката во Клинички останува, но тој ќе се користи за сервисните возила и за возила на Итна медицинска помош“, вели Андонова. Старата зграда на Гинекологија беше урната во времето на ексминистерот за здравство Никола Тодоров и беше предвидено таму да се гради новата зграда на Клиничкиот центар. Новата Влада се откажа од овој проект, а министерот Филипче изградбата на монтажната катна гаража ја најави уште во март годинава, кога беше донесена одлука нов клинички центар да се гради во Бардовци. Тој тогаш рече дека за кусо време ќе изградат монтажна катна гаража и дека така ќе го решат проблемот со паркирањето и движењето на возила низ Клиничкиот центар. Тендерот за избор на проектант како што вели Андонова е распишан дури сега, бидејќи во меѓувреме имале административни проблеми за да добијат маркичка за градење. „За да добиеме маркичка за градба моравме да правиме нови архитектонски подлоги и да вадиме нови документи, односно огласот е дури сега распишан поради административни проблеми“, вели Андонова. Од Министерството за здравство велат дека сè уште не решиле колку ќе се наплаќа за посетители во катната https://sdk.mk/index.php/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-za-4-6-milioni-denari-bara-proektant-za-montazhna-katna-garazha-vo-klinichki-tsentar/ |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Можеби точно од таа причина првин ја најавија новата градска болница во Аеродром
![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Бојан ако некој што живее во Скопје не сака да патува 5-10 км за да се лекува, тогаш што да кажеме за сите останати жители на МК? Сепак станува збор за државна болница, значи ќе се лекуваат жители од цела држава, а не само од Скопје така што 10 км не би требало никому да претставува проблем.
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Добар пристап би имал. доколку се реализира приградската железница, предизборен проект на вашиот градоначалник, за кој веќе ништо не се говори. ![]() |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Доколку се влечеме низ цела околина на Скопје за да пронајдеме земјиште коешто е државно и да заштедиме пари, тогаш значи дека како министерство и влада сме исто толку несериозни како оние што претходно се обидоа да го градат новиот Клинички усред хаосот наречен Водно. Точно е, оваа локација на влезот во Скопје е покрај обиколницата и покрај пруга што би обезбедиле пристап едноставен во иднина. Сепак, многу е далеку од централните општини во градот. Постоечката локација во Бардовци, идентично како и онаа сегашна на Водно, барем беше подеднакво оддалечена од сите населени краеви на градот. Сакам да кажам дека локацијата во Ѓорче е периферна и е можно да се случи населението во Скопје да направат во иднина многу поголем притисок за лекување во останатите здравствени установи, како што се Градските болници. Знаејќи не самите нас, никој не би сакал да патува 10-тина километри од Аеродром до Ѓорче(Сарај) за лекување доколку може тоа да го направи во неговата општина или во Центар. Edited by BOJAN - 11-Oct-2018 at 10:29 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
До крајот на можниот краен мандат на тековнава Влада, можеби и локација ќе одбереме за новиот Клинички
![]() |
|
![]() |
|
S.P.Q.R. ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 212 |
![]() ![]() |
Телма ексклузивно: Новиот клинички центар наместо во Бардовци на влез во Скопје
Се исцртува конечната локација на новиот долгоочекуван клинички центар. Пациентите ќе се упатуваат на влезот на Скопје пред населбата Ѓорче Петров. Тука е предвидена нова парцела во државна сопственост на која ќе се гради современиот медицински комплекс. Извори од министерството за здравство за ТВ Телма ексклузивно откриваат каде се размислува да започне изградбата на клиничкиот центар. Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари. Токму пространата парцела и добрата сообраќајна конекција во близина на самата обиколница ја прават оваа локација поволна за идното решение за државните клиники. Првото поместување на новиот клинички центар од сегашниот комплекс со одлука на министерот Венко Филипче беше поради густината на сообраќајот на улиците Водњанска и Мајка Тереза. Дополнителен прилив на пациенти тука е проблематичен, а исто така и предвидената локација имаше простор од само дваесетина хектари. Просторот и сообраќајните врски беа разгледани и кај локацијата во Бардовци, но овој план на Министерството за здравство се откажува поради приватните парцели. Со тоа трошоците за експропријација би биле значително високи. Сега, здравствените власти не треба да се соочат со вакви пречки бидејќи земјиштето е државно. Проектот вреден околу 400 милиони евра ќе се финансира и преку заем од Банката за развој при Советот на Европа. Останува да се прецизира и датумот кога изградбата ќе започне, а најоптимистичка прогноза е септември следната година. Македонските пациенти современи медицински услуги треба да добијат најрано во 2025 година. Христијан Станоевиќ https://telma.com.mk/telma-ekskluzivno-noviot-klinichki-tsentar-namesto-vo-bardovtsi-na-vlez-vo-skopje/ |
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Од тоа што можев да го проверам најголемите парцели се 60к квадрати од РМ и 310к квадрати од ЗИК Скопско поле. Ако не испуштам нешто, не гледам поголема парцела од тие две, се останато е од 20к квадрати надолу што мислам дека е мало за клинички центар. Единствено ако станува збор за спојување на повеќе парцели... Интересна работа е дека (поправете ме ако грешам) таму има и археолошки наоѓалишта, Скупи се наоѓа таму па може да испадне да излезат и други при копање, па ајде нова локација
![]() https://imgur.com/a/c4aEiSu |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Која е побогу оваа локација, во која димензија се наоѓа?
Edited by Cloverstack - 09-Oct-2018 at 01:00 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]()
|
|
![]() |
|
majstorot_002 ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Sep-2018 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
И денес излезе министерот и кажа Бардовци не го бива скапо било
|
|
![]() |
|
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
Во конкретниот случај видовме дека само тоа не било доволно ![]() |
|
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Па доволно е само да се задолжат и темели да стават па тие што ќе дојдат после да мора да продолжат.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
Хахахах, а вие уште навистина очекувате - дека овие ќе градат нов клинички?
|
|
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |