Author |
Topic Search Topic Options
|
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#101 Posted: 13-Apr-2010 at 12:19 |
И Карпош 3 и Карпош 4 воопшто не заостануваат зад 1 и 2. Еден круг околу зградите до основното училиште Лазо Трповски и Петар Поп Арсов е доволно да ти се згади кога ги гледаш.
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#102 Posted: 13-Apr-2010 at 09:51 |
Cloverstack, мислам дека дефинитивно Карпош 1 и 2 предничат во овие градби.
Причина за ова треба да се бара и во општината, но најчесто се станарите.
Ќе се соберат 10 станари што сакаат да градат и 10 што не сакаат да градат и така на еден спрат или влез има проширување на балкони, а на други нема проширувања.
Уште на вака стари згради да се прават овие глупости, навистина е опасна работа.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#103 Posted: 13-Apr-2010 at 04:47 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#104 Posted: 09-Feb-2010 at 22:56 |
Машала
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#105 Posted: 09-Feb-2010 at 22:55 |
41°58'43.17"N 21°26'23.86"E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#106 Posted: 03-Feb-2010 at 13:06 |
Можеби легалноста е запазена, ама на ништо не личи...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#107 Posted: 14-Dec-2009 at 02:06 |
Вода во темелите поткопува зграда

Извесен Тони
Велјановски сакајќи да направи доградба на зградата ги раскопал
темелите во длабочина од 2,5 метри, кои сега се полнат со вода затоа
што изградбата е стопирана, а објектот не е вратен во првобитната
состојба
Зградата на улицата Никола Тесла 8 во Карпош 3, изградена пред
земјотресот, е во опасност. Тони Велјановски, кој се јавува како
инвеститор, сакал да направи доградба на зградата, поради што ги
раскопал темелите во длабочина од 2,5 метри за да изгради високи
столбови. Станарите се исплашени дека објектот ќе претрпи многу голема
штета, бидејќи во дупката кај темелите се собира вода од врнежи.
Градилиштето е затворено, односно надградбата е стопирана, а ниту
општината ниту инвеститорот не преземаат ништо.
Освен
поткопаните темели, станарите ги загрижува и тоа што не е испитана
статиката околу можноста за градење на надградба врз двата влеза.
-
Зградата е нестабилна и одамна тоне в земја. Тоа е случај со многу
згради во Карпош, поради подземните води - велат станарите.
Инвеститорот
Велјановски, по налог на Општината, пред некое време ги прекинал
градежните активности, но не го вратил теренот во првобитна состојба,
како што му било наложено. Во Општина Карпош велат дека градбата ја
прекинале затоа што ја преиспитуваат легалноста на издаденото одобрение
за градба.
- Во тек е управна постапка за преиспитување на
одобрението за градење на надградбата. Издадено е решение со кое се
одложува дејството на претходно издадената градежна дозвола. Поради
тоа, при почнувањето на градежните активности на 29 октомври,
градежната инспекција направи увид и на инвеститорите им врачи решение
за запирање на градбата. При повторниот увид активностите не беа
прекинати, а градежната инспекција го затвори градилиштето. Деновиве е
изготвено и решение за отстранување, и понатаму ќе постапуваме согласно
законската регулатива - изјавија од Општина Карпош.
За овој
случај се пишуваше и пред неколку месеци. Одобрението за доградба беше
издадено во мандатот на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ, во екот на
изборите во март годинава. Дел од станарите тогаш тврдеа дека не
ставиле потпис за изградба на потпокривот. Тие од надлежните добиле
фотокопии за платени комуналии и останале вџашени кога виделе дека
парите се уплаќани на нивно име без да знаат.
- Потписите на
уплатниците не се наши и речиси сите се иницијали. На некои уплатници
како градители се водат и починати лица, наши поранешни соседи - тврдат
станарите.
На незадоволните станари не им била оставена
можност за жалба, напротив одобрението станало правосилно неколку дена
по издавањето.
Надлежните под знак прашалник го ставија и
квалитетот на приложената студија за статика, со што стана оправдан
стравот на станарите за стабилноста за зградата. Освен раскопаните
темели, статиката според станарите е нарушена одамна и поради некои
нивни соседи кои пробиле влезови на првите катови, при што урнале некои
столбови.
Тони Велјановски се појавува како инвеститор на
сомнителна надградба и на зграда на улицата Даскал Камче. Тој случај го
обелодени градоначалникот Стевчо Јакимовски и одобрението падна на
Управен суд.
Обвинителството прифатило две пријави за Димиќ
Општина Карпош во изминатите месеци поднесе 14 кривични пријави
против бившиот в.д. градоначалник Сашо Димиќ. Повеќето се однесуваа за
злоупотреба на службена должност, како и за оштетување на Општината. Од
Карпош велат дека обвинителството досега прифатило две пријави, но не
кажаа за што се однесуваат.
- Пријавите се процесуирани. За таа
цел наши претставници од Општината беа повикани да дадат изјава во МВР
и на суд - изјавија од Карпош.
По доаѓањето на Јакимовски на
чело на Општината и неколку службеници од Секторот за урбанизам
заработија кривични пријави за злоупотреба на службената позиција. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9FF32095F016654BA7B19214E658C0B7 |
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#108 Posted: 09-Dec-2009 at 14:11 |
Originally posted by Andrej_LJ
Е ајде де, ова не е демолирање дури. Шкртање и гребење, како и графити се дел од урбаната култура и мене воопшто не ми пречат нити ми пречат објавите на нив. |
Нема везе...се знае барем у кој дел од градот се праи тоа и мене би ми било стерилно без графити и шкртаници, ама сигурно ми сметаат кога се направени во некој репрезентативен дел од градот (барем јас така мислам дека треба да биде овој дел од Скопје, немаме друг простор што може да се нарече шеталиште)...
...а и овие неписмениве од општина Центар ги заболе за одржавање на опремата, ви стаивме канти и бандери и сега сликајте се...секаде во светот има демолирање и кршење, ама проблемот е што градот мора да го врати нештото во претходна состојба...тоа што овде и простаклукот од тој тип е поизразен е прашање на културно ниво, ама ајде без визиве може ќе ја видат луѓето обичната улична култура на Европа, па ќе се опаметат малце...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#109 Posted: 09-Dec-2009 at 13:56 |
Е ајде де, ова не е демолирање дури. Шкртање и гребење, како и графити се дел од урбаната култура и мене воопшто не ми пречат нити ми пречат објавите на нив. Тоа го има во секој голем град во светот и не никаков проблем особено кај нас кога градот се дави во депонии, изгорени контејнери и плуканици по улиците.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#110 Posted: 09-Dec-2009 at 12:51 |
Демолирани канделабрите на улица Македонија
Канделабрите
на улица Македонија, само неколку години откако беа
поставени, се демолирани. Речиси сите канделабри се
исчкртани, изгребани и прекриени со налепници, па повеќе
не им се гледа нивната зелена боја. Еден од канделабрите
веќе еден месец стои искршен на половина и од него се
извадени светилките. И покрај постојаното демолирање на
светилките, на општинските власти некако да им текне да ги
поправат и да ги бојадисаат со нова боја. Од Општина
Центар велат дека несовесни граѓани постојано ги
уништуваат канделабрите и најавуваат дека скршената
светилка итно ќе биде заменета со нова, а ќе се поправат и
останатите, кои се делумно оштетени.
http://vest.com.mk/?ItemID=9F5AE8BB12B42F4FAB2534903AE48FE7 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#111 Posted: 27-Nov-2009 at 21:03 |
ПРОДОЛЖУВА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР КАЈ „МАВРОВКА“ И КАЈ БИТ-ПАЗАР
Надлежните замижуваат пред дивите паркиралишта
Роза Петкова
Граѓанин
нелегално си направи паркиралиште врз зелените површини и дворните
места пред нашите згради и наплаќа по 40 денари за паркирање. На
празниот простор што никој не го користеше сега имаме прометен
паркинг-простор, секојдневно под прозорите ни поминуваат автомобили и
се задушуваме во прав и во издувни гасови, се жалат станарите од
зградите на улицата 191, зад продавницата „26 јули“ на Бит-пазар. Тие
тврдат дека самопрогласениот газда на истото место издава две напуштени
магацински простории како веце, но и за складиште, каде што на дивите
продавачи од пазарот за 20 денари им ги чува картонските кутии на кои
ја редат стоката. Ова не е единствениот случај незаконски да се
узурпираат слободните површини за паркиралишта. Иста е состојбата и со
просторот пред зградите зад трговскиот центар „Мавровка“, каде што на
диво се поставени рампи, а тие што наплаќаат не издаваат фискални
сметки, туку парагон-блокчиња. Наспроти нив, преку уличката работи
паркиралиштето на ЈП „Градски паркинг“, кое има овластување од Град
Скопје. За нередот што владее на овие простори, кои некои
самоиницијативно си ги претвориле во паркиралишта, никој од локалните
власти не сака да преземе одговорност. Напротив, тие вината ја
префрлаат од една на друга институција. Од Општина Чаир, каде што
всушност и припаѓаат овие простори, тврдат дека не се одговорни за
дивите паркиралишта. - Во тој дел од градот надлежност имаат
Министерството за култура, заедно со Град Скопје зашто тоа е
контактната зона на чаршијата. Ние тука немаме никакви ингеренции, сите
ни ги зедоа со Законот за старата чаршија. За паркирањето, исто така,
не сме надлежни, прашајте ги „Градски паркинг“ - вели Омерфејзи Билали,
раководител на секторот. Од Град Скопје го тврдат спротивното,
Општината била одговорна затоа што за просторот имало детален план. -
Нашата инспекција реагираше по приемот на дописот од станарите на
улицата 191 и утврди дека посочениот паркинг-простор е на површина
регулирана со ДУП, за која е надлежна општинската комунална инспекција
во Чаир. Истото се однесува и за сите други површини во близина на
Бит-пазар, каде што нашата инспекција не може да реагира бидејќи
просторот е во надлежност на Општината - одговараат градските власти.
Во меѓувреме, додека надлежните не реагираат и оставаат нелегално да се
узурпираат јавни површини, дивите паркиралишта непречено работат на
штета на граѓаните. Работата им оди непречено и со добра заработувачка
бидејќи на овие многу фреквентни места близу ТЦ „Мавровка“ стотици
скопјани секојдневно ги оставаат возилата. За парите што ги даваат за
паркирање добиваат само парагон-блокче од луѓето што ги креваат рампите
за минување. Невообичаено е што на ова не реагира ни полицијата. И во
СВР Скопје тврдат дека не можат да преземат ништо за дивите
паркиралишта околу „Мавровка“, доколку не добијат барање од Градот и од
Општината. - За паркиралиштата во Скопје надлежни се општинските и
градските инспектори. СВР Скопје може само да даде асистенција доколку
тоа го побараат Општината и Град Скопје - вели Лиза Бендевска,
портпаролка на скопската полиција. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1877&ArticleID=127615
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#112 Posted: 26-Nov-2009 at 03:27 |
Естетиката на зградите фрлена од тераса

Законот за градба е недоречен, но општините можат да го бранат изгледот на населбите
Снежана Калабакова
Хаосот што владее во
урбанизмот се рефлектираше и врз ликот на станбените згради во
населбите. Нарушен е унифицираниот надворешен изглед на објектите, на
кои наместо еднакви тераси со идентични огради, се забележува шаренило
од надворешни градби. Со тоа фасадата на зградата дава грда слика. На
иста вертикала може да се забележи една тераса со модерна метална
ограда, а терасата над неа, пак, е во сосема друг стил и е оградена со
поинаков градежен материјал. Секој станар не само што користел
материјали по свој вкус, туку во согласност со сопствените потреби ја
пренаменил терасата и ја претворил во соба или во кујна.
Експертите
велат дека, за жал, Законот за градба во тој дел е недоречен. Оваа
појава не ја контролираат ни општините, кои би можеле со носење
сопствени одлуки да го спречат шаренилото на фасадите на зградите. На
тој начин би можеле самите да се погрижат за воведување ред и естетика
на населбите. Некои од општините воопшто и не размислувале за оваа
проблематика, а во други, во одделенијата за урбанизам коментираат дека
за оваа работа највиновни се градоначалниците што го дозволуваат
таквото градење.
Засега единствена и за пример во спречувањето
на оваа појава е Општина Аеродром, која неодамна донесе одлука со која
ќе му стави крај на хаосот. Според таа одлука, сите станари што ќе ги
доградуваат терасите, ќе мораат да го зачуваат унифицираниот изглед на
зградата.
„Целта на оваа одлука е да се спречи шаренилото и
урбанистичкиот хаос и да се воведе ред. Терасите ќе се оградуваат
согласно со проектот на станбената зграда. Нема да ги уриваме веќе
доградените тераси или балкони, но следните што ќе се градат ќе бидат
со дозвола од Општината. Граѓаните што ќе сакаат да ги прошируваат
терасите, ќе треба да достават проект што треба да биде одобрен од
секторот за урбанизам. Со проектот нема да смее да се нарушува изгледот
на основниот објект и на околината“, вели градоначалникот Ивица
Коневски.
Слободан Невенов, раководител на секторот за урбанизам
во Општина Бутел вели дека не можат да се условуваат граѓаните какви
тераси и огради да имаат, бидејќи тоа не е пропишано во Законот за
градба. Но, исто така, не размислувале ниту за тоа да се запре невкусот
со шаренило на зградите.
„Никогаш немало закон со кој
станарите не смеат да го менуваат ликот на терасите. Но, секако дека
треба да се запази естетиката и дека тие треба да бидат во еднаква боја
и материјал. Фасадите на објектите му го даваат ликот на градот, кој не
треба да се нагрдува. Со одлука на општините, градежните инспектори и
урбаната полиција можат да дејствуваат во тој дел“, објасни Омер Фејзи,
раководител на секторот за урбанизам во Чаир.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=90E1ADE49D6EC34AA79C7F08D13FA9CB |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#113 Posted: 17-Nov-2009 at 15:42 |
„Срамстор“
 Еден
неверојатен „архитектонски“ зафат на трговскиот центар „Рамстор“, вчера
ги изненади скопјани со својата безобзирност. Станува збор за две цевки
кои ѕиркаат од фасадата на модерната зграда, а служат, верувале
или не, како сигурносни одводи на отпадна вода, односно ако се затне
некој од тоалетите, да има водата од каде да истече!
Водата
или кој знае што, истече сред бел ден, сред метропола, врз граѓаните.
Што мора „Рамстор“ да се грижи дали ќе биде поплавен внатре, кога во
овој град има неограничени можности за креативни решенија, па мудро ќе
ја фрли водата надвор. И не само што нема никаде да ја собере, туку без
предупредување ќе ја шласне среде улица.
А комуналните
инспектори знаат, но немаат мандат да ги казнат, а тие што имаат мандат
за казна, ваквите работи никогаш не ги дознаваат навреме. Што има врска
што и двајцата инспектори се во иста општина?
Марија Тасев |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=75B82FDC5977604A833DB88A2CFF5962
Edited by Cloverstack - 17-Nov-2009 at 15:43
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#114 Posted: 27-Oct-2009 at 19:44 |
Железата на тротоари, казните во фиоки

Несовесните
имаат предност, па инвеститорите слободно си оставаат песок, шут,
железа или цемент на тротоарите. Причина за ваквото однесување е
слабото спроведување на законите
Тротоарите во Скопје не ги присвојува само Јавното претпријатие
„Градски паркинг“, за профит од паркирање, туку и инвеститорите што
градат некој објект. Стана практика несовесните да имаат предност, па
на тротоарите нема што нема - песок, шут, железа, цемент, а пешаците
завршија на улица. И покрај тоа што пред една година се донесе Законот
за чистотата, во кој се предвидуваат ригорозни казни, вообичаена глетка
и понатаму е градежни работници спокојно да сечат железа или да мешаат
малтер не само на тротоарите туку и на самата улица. Исто како и
пешаците, загрозени се и возачите, затоа што многу често не можат да се
разминат со друго возило поради купиштата песок и друг градежен
материјал истурен од несовесни инвеститори.
- На улицата Иван
Милутиновиќ, зад Универзална сала, е хаос. Цела година инвеститорот што
гради катна гаража градежниот материјал го остава од двете страни на
улицата. Едвај поминуваат и пешаци и возила. Пред некој ден ќе ја
дупнев гумата од колата на распосланите железа. Потоа кој ќе ми ја
плати штетата - вели жителка на Тафталиџе која редовно ја користи оваа
улица.
Има два закона според кои инвеститорите може да бидат
казнети, Законот за градбата и оној за јавната чистота. Инвеститорите
мора да ги чуваат материјалите внатре во градилиштето и да не ги
загрозуваат минувачите. Но, и покрај казните што може да се изречат
според двата закона, никој не е доволно загрижен за да воведе ред.
Од Општина Центар изјавија дека инспекторите се ревносни на терен.
-
Инспекцијата на Општина Центар редовно ги казнува или ги опоменува тие
што го прекршуваат Законот за јавната чистота. На територијата на
општината оваа работа ја извршуваат двајца инспектори. Само за
последните два месеца се изречени пет казни и тоа на едно правно лице и
четири на физички лица - изјави Јовица Ацковски, портпарол на Центар.
Казните,
според Законот, се движат од 50 евра за физичко лице до 500 евра за
правно лице. Оние што не можат да ја платат казната, може да ја
одработат со општокорисна работа, откако ќе бидат ангажирани во
функција на некое јавно претпријатие како „Комунална хигиена“ или
„Паркови и зеленило“.
Во општина Карпош, пак, неодамна
градоначалникот Стевчо Јакимовски го обвини Министерството за внатрешни
работи дека ги раскопува улиците и тротоарите по населбите, за да
постави оптички кабли и каПмери, а потоа не ги враќа во првобитната
состојба. Јакимовски се закани дека изведувачите на градежни работи
строго ќе се казнуваат ако ги прекршуваат законите.
Од Општина
Карпош велат дека годинава евидентирале 314 прекршувања на Законот за
јавната чистота. За 297 прекршоци биле изготвени записници, по што
создавачите на сметот сами си го отстраниле, а 17 лица платиле глоба од
50 евра. Сите прекршоци се извршени од физички лица, односно Општината
Карпош изминатиов период не утврдила дека некое градилиште го прекршува
Законот.
Законот за јавната чистота, освен општинските
инспектори, го спроведува и полицијата. Во септември министерката за
внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека резултатите од
примената на Законот за јавната чистота покажале дека државата се
соочува со голем проблем на несовесност.
- По 12 месеци од
примената на Законот за јавната чистота има околу 34.000 прекршувања,
што потврдува дека се соочувавме со голем проблем - изјави
министерката.
Таа смета дека понатамошното казнување ќе придонесе во подигнувањето на јавната свест за заштита на животната средина.
Јорданка Ивановска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D8C636DC46C6F64EAA20D57809562B29
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#115 Posted: 15-Sep-2009 at 19:31 |
Урбано дивјаштво, или легална надоградба?! 41°59'57.12"N 21°26'19.63"E
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#116 Posted: 09-Sep-2009 at 10:36 |
Џогинг на повеќетонски камион
 Камион им се испречи на рекреативците на патеката покрај Вардар, во делот кај Националната арена „Филип Втори“, во саботата наутро. Овој случај повторно потврди дека несовесноста на некои возачи во Скопје нема крај, исто како и нивната дрскост. Камионот цело претпладне остана паркиран на рекреативната патека и никој од надлежните ниту го казни ниту му наложи да си замине.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#117 Posted: 14-Aug-2009 at 00:12 |
Автобуската станица на Бит-пазар не стана дуќан
Општината Чаир ги тргнала металните лимови со кои некој сакал да ја огради стреата и да направи трговски објект, но оттаму велат дека не знаат ниту кој го сторил тоа, ниту дали некој ќе одговара за обидот да се узурпира станицата

Автобуската станица на булеварот Крсте Петков Мисирков кај Бит-пазар, на која застануваат линиите со број 50 и 57, веќе не е оградена со метални лимови. Пред околу еден месец преку ноќ некој ја заградил стреата и се обидел таму да си направи дуќан, а општинарите од Чаир долго време размислуваа што да прават со објектот. Сепак, нивните градежни инспектори неодамна ја тргнале оградата и успеаја да го спречат обидот некој да го узурпира местото наменето за автобуско стојалиште.
- Теренот е расчистен, ја тргнавме оградата и сега граѓаните слободно можат таму да чекаат автобуси. Станува збор за непознати сторители, но сепак, на местото не се изградило нешто, туку само станицата била заградила со лим - објасни Изет Меџити, градоначалникот на општината Чаир.
Тој не сакаше да коментира дали некој ќе одговара за обидот на своја рака да загради јавна површина намената за автобуска станица.
Надлежните од општината еден месец се подготвуваа да ја тргнат оградата и постојано ветуваа дека ќе ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност. Оттаму не сакаа да даваат дополнителни коментари, бидејќи сметаа дека можеби станува збор за политичка пресметка и за мерење на пулсот на општината.
Според кажувањата на околните дуќанџии и уличните продавачи, преку ноќ бил заграден делот што гледа кон улицата, а никој не забележал ниту кога била тргната оградата, па се претпоставува дека истите сторители го отстраниле лимот, за да не сврти поголемо внимание и да не мораат да платат казна.
Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ веднаш штом забележале дека е узурпирана станицата поднеле налог до градежниот инспектор во општината Чаир да се тргне оградата. Според нив, тоа е место што е наменето за патниците и нема право некој да го заземе и претвори во дуќан.
Изминатиот период на уличните продавачи на цигари и мобилни телефони добро им дојде заградениот простор, кој им служеше како стреа што ги штитеше и од сонце и од дожд, но и по тргањето на оградата, тие и понатаму ги сместуваат импровизираните тезги под автобуската станица. Со тоа, граѓаните повторно мораат автобусите да ги чекаат изложени на сонце или дожд и на самиот тротоар каде постојано се паркираат возила.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#118 Posted: 31-Jul-2009 at 07:37 |
Фото вест

Холандската амбасада го користи летово за реновирање на дел од зградата во која работи и тоа е добро. Но, лошо е што инвеститорот кој ги изведува градежните работи комплетно го узурпирал тротоарот каде што треба да минуваат пешаците, а на коловозот не оградил место на кое безбедно може да се одмине ова мини-градилиште. Наместо да биде инспириран од тоа дека работи за една богата и културна земја во која беспрекорно се почитуваат правилата за градба, тој сепак решил да работи на македонски начин.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 25-Jul-2009 at 02:18 |
Нема веќе сладолед на Плоштад!
Вчераутро
на Плоштадот Македонија немаше ниту еден фрижидер за сладолед.
Комуналните инспектори на Град Скопје проверувале кој од нив има
дозвола за работа по што на сопствениците им издала налог веднаш да ги
отстранат ладилниците. - Акцијата на градските инспектори за
отстранување на фижидерите од Плоштадот е во рамките на тековните
активности на инспекторатот. Фрижидерите се отстранети затоа што ниту
еден од нив немал одобрение за поставување на опрема на јавна површина
-информираат од Град Скопје. Оваа акција вчера ги исплаши и дивите
препродавачи од Камениот мост и пред Градскиот трговски центар. Нивните
импровизирани тезги за чудо ги немаше до попладнето иако за нивно
отстранување (бидејќи се работи за недозволена трговија) надлежен е
Државниот пазарен инспекторат.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=238700D92C9FEE4DBC9034E6B364C241 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#120 Posted: 14-Jul-2009 at 11:47 |
ц ц ц до каде се отидени работиве...
Мада во нашево безредие не е ни толку чудно што некој помислил дека и ова има шанси да пројде
|
 |