![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6061626364 84> |
Author | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ајде пак геостратегија малку околу коридорите и Балканските глупоштарии. Егнатија Одос и автопатот од Албанија со Косово се едни од Балканските патишта кои отстапуваат од европските долгорочни планови за патни мрежи и како такви тешко издвојуваат пари од европските фондови (освен нели доколку и некоја бирократија во ЕУ има желба да биде соучесник во такви фалсификати на плановите кои сама ги донела) па така сега Егнатија Одос е извитоперување на вековните природни тенденции на човековото движење, а Виа Егнација е баш таква траса уште од Римско и неможе туку така да се измести па без разлика колку пари се фрлиле за некој автопат. Исто како што Хрватска беше одбиена од Европска Унија за пари за Пељешац мостот. Егнатија Одос се поклапа со Виа Егнација во делот од Кожани до Турска граница, другиот дел навака према Гуменџа е вон било каков Европски коридор или вековен природен тек на стоки, луѓе или останато. Како таков може да биде актуелен додека околните патишта не се изградени. Ако има пат од Драч до Охрид, доколку има експресен од Охрид до Битола преку Ресен и доколку Македонија се поврзе со Кожани без разлика колкав е тој профил и дали е автопат, тој ќе одлее голем дел од стоките и економијата што циркулира низ пристаништето во Гуменџа. Целата стока што од Турција и земјите од тој блиски исток регион што идат кон европа од Гуменџа ќе се пренасочи кон Драч. Грција има интерес да одложува такво поврзување за да му дава на значење на пристаништето во Гуменџа. Тој пат (Велес, Прилеп Битола, Лерин, Кожани) иако е дел од кракот D на коридорот 10, не сум сигурен дали е планиран да е автопат, мислам дека е експресен со 4 ленти исто како што е од Битола до Ресен (за воља на објективноста и овој е државен односно не е европски туку Македонска потреба, но пак е дел од историската Виа Егнација која е сама по себе природен коридор од историски, географски и секакви други природни тенденции со што му се дава дополнително легитимитет, сличен таков пат вон европските коридори, а за Македонски потреби е Скопје - Штип). Така да не очекувајте дека Грција би си ја фрлила во вода иневстивција и би си го оставила насукано едно пристаниште, а да не збориме за другите проблеми кои ја оптоваруваат нормалната комуникација, па еден премин Маркова Нога неможеме да го отвориме, а не такво инвестирање. Тоа се тие Балкански играрии кога се цели повеќе да изгуби комшијата одколку што јас ќе добијам и сопствениот "напредок" (ова наводите се заради кризата во која е западната Грција и се однесува на нејзиниот напредок) се "развива" на сметка на изолирање и извитоперување на природните коридори и поврзувања, внатрешно и со соседите. Кајшто нема пари во регионов, па и тие што ги има идат за задоволување исклучиве вантрешни потреби, едноставно гледање до прагот, а сит еполна уста регионално поврзување дури и ИПА има посебна компонента за таа основа, а и тамо па нема некоја енергија и иницијатива да се постигне некој договор дека додека не се комплетираат коридорите нема зафркавњњ со локални глупости. А секако дека таков пат само ќе има даде на значење на Битола и Охрид. Едноставно ние во ситуација на некогаш изградени коридори можеме да го изградиме експресниот Охрид, Ресен, Битола и со ПГДС да ја притискаме Грција да го изгради патот од Кожани до кај нас, ако и веќе за Лерин имаат некој добар пат за внатрешна употреба.
Edited by lslcrew - 25-Sep-2011 at 18:16 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ни фалат 80 километри за да се поврземе со виа игнација
Во рамките на европската рута, која се протега од Лисабон до турско-ирачката граница, во еден дел во Грција практично е возобновена римската Виа Игнација. Фали само делот од 80 километри за од Меџитлија да се поврземе на рутата преку Кожани. Има и политичка волја и интерес тоа да биде финансирано од европските фондови Егнатија Одос е пат што ја поврзува Грција од Игуменица до грчко-турската граница кај граничниот премин Кипои. Станува збор за пат долг 670 километри, кој беше направен со пари од европските фондови и е завршен во 2009 година. Трасата е речиси иста како онаа на Виа Игнација. Грците често овој пат и го викаат Виа Игнација, но, работејќи на него, ја заборавиле Македонија, низ која и минувала трасата. Некогашната траса Виа Игнација во денешна Македонија влегувала кај Меџитлија преку Битола, Охрид до границата кај Ќафасан и ја поврзувала земјава со албанското пристаниште Драч. Волја за вакво поврзување на Македонија постои и сега, а и предностите за македонскиот транспорт се големи, особено во оваа ситуација кога излезот на море и транспортот главно се одвива преку пристаништето во Солун, каде што поради кризата постојано има штрајкови и блокади. Некои фирми веќе се пренасочија кон Драч и со тоа ги намалија трошоците. Со приклучувањето на Македонија на Виа Игнација и поврзувањето со Албанија со нов модерен пат, освен на фирмите, ќе им се олесни патувањето и на македонските граѓани. Виа Игнација во суштина е дел од европскиот пат Е 90 и се протега од Лисабон, Португалија, на запад, па сé до турско-ирачката граница на исток, но иако патот е речиси ист како римската траса, Македонија остана надвор од неа. Но постои политичка волја, но и желба да се финансира приклучокот на Македонија на новата Виа Игнација, која ќе нé поврзе и со Албанија. МАКЕДОНИЈА ВО НОВАТА ВИА ИГНАЦИЈА? Како и да е, повеќе од потребно е вклучувањето или поврзувањето на Македонија со новата грчка Виа Игнација, која е повеќекратно важна за македонската историја, сегашност и иднина, особено во новите геополитички околности. Зошто била важна и зошто е потребно обновување? Виа Игнација директно влијаела на создавањето нови градови и на нивниот развој во секоја смисла. Од неа почнувале или се надоврзувале речиси сите римски патишта на Балканот, така што Македонија со право се сметала за една од главните крстосници на Римската Империја. Благодарение на Виа Игнација, сите новини носени од Стамбол до Рим или обратно, поминувале тука, оставајќи материјални и други траги. Делницата на Виа Игнација низ Македонија интензивно била користена сé до Првата светска војна, за сега да се претвори во заборавен антички експонат. Кога Виа Игнација почнала да се гради, идејата била да се поврзат два краја на една империја, а денес на тој простор се протегаат повеќе држави со различни интереси. Токму државите со различни интереси се причина тој пат да биде оживеан само во одредени делови, а Македонија да се заборави. Но како сега да се приклучиме? За да се поврзе Македонија со овој европски пат што поминува во Грција, потребно е да се направи делница во грчкиот дел од Кожани до македонската граница кај Меџитлија, потег што изнесува околу 80 километри. Потоа земјава би се поврзала и со Албанија со пат што би одел од македонско-грчката граница преку Битола, Ресен, Охрид, Струга и Ќафасан со должина од 120 километри. Она, пак, што би требало да се поврзе во Албанија е патот од македонско-албанската граница кај Ќафасан, па преку Елбасан и Тирана до Драч со должина од 180 километри. Интересот на Албанија е многу поголем за поврзување со Хрватска преку јадранската магистрала. Значи, има и политичката волја кај официјална Тирана за поврзување со Хрватска, односно да се добие трасата Дубровник - Херцег Нови - Бар - Скадар - Тирана - Елбасан, што би било околу 300 километри. ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМПУЛС Инфраструктурата е главна тема на средбите на претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и на Косово. Главно на оваа тема тие разговараат на средбите, кои од 2009 година станаа вообичаена практика. Првата беше во 2009 година во Валона, втората во Призрен минатата година, а сега тие се среќаваат во Охрид. Според најавите од кабинетот на претседателот Иванов, се очекува во Охрид да бидат присутни претседателот на Црна Гора, Филип Вијановиќ, првиот човек на Албанија, Бамир Топи и косовската колешка Атифете Јахјага. - Бидејќи станува збор за средби на највисоко политичко ниво, главно се разговараше, а и ќе се разговара на претстојната средба за инфраструктурната поврзаност меѓу земјите, поточно за генералните правци, а не и за деталите, што пак е важно за граѓаните и за бизнис-секторот - велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Притоа често се слушаат и различни мислења. На пример, Албанија го форсира поврзувањето со Хрватска преку јадранската магистрала. Тоа е интерес и на македонската страна зошто, доколку се средат патиштата во Албанија, тоа ќе значи поврзаност и на Македонија со Хрватска. По должината на Коридорот 8 планирана е реконструкција на патот Стенковец - Блаце (граница со Косово - Гостивар - Ќафасан - граница со Албанија) и на делницата Гостивар - Кичево - Охрид - Струга - Ќафасан. - Европската Унија ја финансираше европската рута Е 90, па зошто не би финансирала и дополнително приклучување на Македонија? Станува збор за мал потег. Доколку има проект за поврзување на вашата земја со Егнатија Одос, би имало волја тоа да се финансира од европските фондови - велат во Брисел. Ако Македонија се поврзе со Албанија, односно излезе на море кај Драч, тоа ја поврзува и со Италија. Интересот на Италија за тоа е исто така голем, бидејќи во земјава неа речиси и ја нема, во споредба со традиционално големото присуство во Албанија. За реализација на интересите на оваа линија, потребно е обновување на врската исток - запад, која речиси е прекината. ПОЛИТИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПОЛЕКА ПАЃААТ На Македонија, освен поврзувањето со Албанија, потребна и е врска и со Бугарија или реализација на Коридорот 8 (Бугарија - Македонија - Албанија). Тоа е практично еден од десетте трансевропски коридори дефинирани за регионите во транзиција од страна на паневропските транспортни конференции (Крит, 1994 година и Хелсинки, 1997 година). Реализацијата на овој коридор видно би ги динамизирала транспортот на луѓе, стока, нафта, гас, електрична енергија и телекомуникациските услуги во Југоисточна Европа. Тој треба да ги поврзе каспискиот регион, Црно Море, Југоисточна и Јужна Европа. Практично, овој коридор ќе воспостави комплетна врска меѓу Касписко Море, Црно Море и јужниот Јадран, односно јужна Италија. Од источна страна коридорот почнува од Варна и Бургас, поминува преку Софија и Скопје и завршува во пристаништата Драч и Валона и потоа продолжува низ морскиот коридор преку јужниот Јадран и Јонско Море и се поврзува со италијанските пристаништа Бари и Бриндизи. Дел од студијата за преструктуирање на патниот сектор во Македонија е и потегот кон Бугарија. За Коридорот 8 има повеќе делници со два пакети. Првиот е Крива Паланка - Романовце: делници Крива Паланка - Страцин и Страцин - Романовце, Кочани - Штип, потоа Миладиновци - Штип, делница Миладиновци - Штип преку Свети Николе и Миладиновци - Скопје, обиколница на Скопје. Вториот пакет се делниците за поврзување кон Албанија. Политичките бариери сепак остануваат и често се пласираат информации за немање волја на официјална Софија за поврзување на некои кратки делови до границата меѓу Бугарија и Македонија, кои практично се сосема мала инвестиција. СТРАНСКИТЕ ФИРМИ И НАШИТЕ ПАТИШТА За поднесување на понудите од петте конзорциуми (што ќе стопанисуваат со патните правци), кои кон крајот на 2010 година влегоа во трката за концесионирање на државните патишта, владата го одложи првиот рок предвиден за крајот на април. Причините за одложувањето на јавниот повик, кој официјално требаше да заврши на 26 април, прецизно не се обелоденети. Новиот термин за прибирање на понудите завршува на 25-ти овој месец. Постапката за давање под концесија на дел од државните патишта, покрај Коридорот 8, трае веќе три години. Во првата фаза на претквалификација по шест неуспешни обиди, конечно, лани во ноември беа избрани пет меѓународни конзорциуми што добија право да поминат во следната фаза. Меѓу кои „Шиком бинуи“ од Израел, француските „Буик траво“, австрискиот „Штрабаг“, грчкиот конзорциум „Актори акто консешнс“, како и австриската „Алпине бау“. ![]() Edited by Cloverstack - 25-Sep-2011 at 18:07 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70D7E27505C8A5439B133C5EF143D5D5 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Коридорите колатерална корист од грЧката криза
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91411910198&id=9&prilog=0&setIzdanie=22380 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Продолжува изградбата на патот Старо Нагоричане-НикуљанеОд наредната недела ќе продолжи изградбата на патот што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Во втората фаза е предвидено да се асфалтираат уште 1800 метри со што целосно ќе се заврши патот.
Сретствата ги
обезбедува Агенцијата за патишта. Првиот дел од патот од селото Старо
Нагоричане беше изграден мината година во иста должина. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Реконструкцијата на патот Пробиштип - Плешенци
Започнаа градежните работи за реконструкција на патниот правец Пробиштип - с.Плешенци. Должината на патниот правец изнесува 3,3 км, а финансиските средства се обезбедени од ЕИБ преку Агенцијата за државни патишта во износ од 225.086 евра. На тендерот кој беше распишан од страна на Агенцијата за државни патишта како најповолен изведувач се јави фирмата “Алпине“ а за надзор се избрани IRD и Геинг. Овој патен правец е дел од група на локални патишта за кои рокот на завршување на работите е 18 месеци. Со оглед на тоа што овој пат е меѓу првите започнати патни правци, се очекува реконструкцијата да заврши за околу 2-3 месеци. ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Гранит потпиша четири нови договориПетре Димитров - 10 август 2011 09:32 GMTГрадежната
компанија „Гранит“ АД ќе ја изведува реконструкцијата на локалните
патишта Лот 2 Вардарски и Југоисточен регион (фаза 2), каде инвеститор е
Агенцијата за државни патишта, за што ќе заработи 263,3 милиони денари.
Рокот на изведба е 10 месеци. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() Веројатно прашуваш за тунелите Демир Капија 1 и 2 кои се на М-1 (многумина го сметаат како еден тунел, бидејќи се речиси споени и ги дели само еден мал процеп овде: 41°24'24.47"N 22°15'35.87"E). Некои податоци има во табелата подолу, а слики најдов овде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26&PID=17829#17829 и овде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=689&PID=12161#12161 Слики исто така можеш да најдеш и на панорамио...
Edited by Cloverstack - 03-Aug-2011 at 01:32 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bobipp ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Jul-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Здраво градежници
![]() Ми треба мала помош, се надевам ја погодив темата. Спремам магистерска и ми требаат информации за некој тунел кај Демир Капија што е, не знам точно на кој пат е веројатно станува збор за тунелот на патот Демир Капија-Удово. Ако некој има технички информации во врска со овој тунел или пак слики многу ќе ми помогне. Однапред благодарам ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Инфраструктурата – меѓу врвните приоритети на новиот Владин кабинет
Никола Крстиќ Вчера прва седница и сет-економски мерки за граѓаните и за стопанството, денеска на терен да се означи завршетокот на веќе сработен проект во претходниот мандат. Старо-новиот Владин кабинет почна да функционира со полн капацитет. „Вчера беше првиот работен ден на новата Влада, со првиот ден продолжуваат да се реализираа ветувањата кои ги имаме дадено пред граѓаните на Република Македонија, како што ветивме, така и почнуваме, со засилен состав, нови сили и зголемен интензитет” изјави Никола Груевски, претседател на Владата. Инвестициите во патната инфраструктура остануваат еден од врвните приоритети и на новиот Владин состав. Модернизација на коридорот 10 преку реконструкција на делницата Скопје – Велес и автопатско решение за Демир Капија – Смоквица. Во наредниве четири години ќе се работи и на Осумката – од Крива Паланка до Куманово и од Гостивар до Охрид. „Не само што го подобруваат животот на граѓаните, даваат поголема безбедност, можност за побрзо стигнување, туку претставуваат и сериозна поткрепа на работењето на градежноиот сектор и на уште 26 поврзани стопански гранки” рече премиерот Груевски. Продолжува и проектот за изградба и за реконструкција на локални и на регионални патишта. Во изминативе 3 години беа завршени 300 километри, а Агенцијата за државни патишта за наредниве месеци најавува почеток на реализација на 40 нови проекти. „Континуирано работиме на подобрување на патната мрежа низ целата држава, нејзината изградба е важен дел од развојот на економијата, но и значаен дел од програмата на Владата” изјави Наташа Валкановска, директор на Агенцијата за државни патишта. Реконструираната 19-километарска делница од Илинден до Калуѓерец беше пуштена во употреба. Проект вреден 2.3 милиони евра, дел од регионалниот патен правец Скопје - Македонски Брод, а во завршна фаза е и изградбата на новопробиениот 10 километри долг пат во Поречието којшто ќе ја воспостави претходно прекинатата врска поради изградбата на ХЕЦ “Козјак”. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/21675/infrastrukturata_%E2%80%93_megju_vrvnite_prioriteti_na_noviot_vladin_kabinet.aspx Edited by Superman - 30-Jul-2011 at 19:35 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пуштен во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец
Овој проект вреден околу 144,3 милиони денари е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за реконструкција на регионалните и локалните патишта. - Во новата програма за работа на Владата 2011-2015 особено значење му е посветено на инвестирањето во нови патишта и на реконструкцијата на голем број делници, меѓу кои се Демир Капија - Смоквица за целосно автопатско заокружување на Коридорот 10, реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје, автопатското поврзување на Скопје и Штип, Куманово и Крива Паланка, Гостивар и Охрид..., рече Груевски. Премиерот додаде дека на изградбата и обновата на патиштата на Македонија и претстои богат период и времиња за паметење. Директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска посочи дека во рамки на овој проект опфатена е реконструкција на вкупно 370 километри регионални патишта низ државата, од кои околу 300 километри се веќе завршени. - Во завршна фаза е изградбата на новопробиениот пат во Поречието во должина од 10 километри, со кој се обезбедува претходно прекинатата патна врска кон Македонски Брод, истакна Валкановска. Реконструкцијата на патната инфраструктура, како што додаде таа, е важен сегмент за развојот на економијата и значаен дел од Програмата на Владата. Валкановска најави дека Агенцијата за државни патишта во следните неколку месеци ќе отпочне со подготовка на 40-тина нови проекти за изградба и реконструкција на патиштата, како и со обнова на сигнализацијата на патната мрежа во државата. На пуштањето во употреба на рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија Светлана Јакомовска, градоначалниците на Кисела Вода и на Сопиште и голем број граѓани. дма/цр/14:26 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85708273&lId=1 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() Прекрасна статија Штета само што не е ископано малку подлабоко за консултантите и надзорите, ама мислам и вака е сосема јасно што се случува и кој е преводот за терминот „консултантски услуги“ во случајов. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наместо за патишта, парите оделе за консултантиАлександра Спасевска![]() Зошто Македонија нема модерни автопатишта?Наместо за нови патишта, Агенцијата троши сe повеќе пари за консултантски услуги, изработка на физибилити студии и за надзор на изградба на патишта. Оваа ставка за пет години се зголеми за повеќе од десет пати и во 2010 година изнесува дури 9,7 милиони евра. Податоците до кои дојде “Капитал“ покажуваат дека во изминатите пет години Агенцијата за патишта потрошила 350 милиони евра за изградба и реконструкција на патиштата во земјава. Освен скопската обиколница и реконструкцијата на неколку регионални и локални патишта не е изграден ниту еден километар автопат. Според финансиските извештаи на државната Агенција за изградба и реконструкција на патната инфраструктура, континуирано се зголемуваат приходите од патарини и акцизи, а за нови патишта се трошат сe помалку пари. Тоа доволно кажува зошто Македонија, после Албанија, има најлоши патишта во регионот. Единствената автопатска делница која во последниве неколку години се гради во Македонија е автопатот Табановце-Куманово, долг 7,7 километри, кој сe уште не е готов. Исто е и кај регионалните патишта. Беа пуштени во употреба неколку реконструирани магистрални и регионални патишта, но приоритетните делници: патот до ски-центарот Кожуф, од Радовиш до Струмица и до Близанско во Македонски Брод, кои се најавуваат со години, сe уште не се готови. Според финансиските извештаи на Агенцијата за патишта, за консултантски услуги и студии во изминатите пет години се потрошени повеќе од 30 милиони евра. Во 2006 година се потрошени само 815.000 евра, а во 2010 година десет пати повеќе - 9,7 милиони евра. Од друга страна, вкупните расходи за изградба и реконструкција на патишта се намалени. Освен во 2008 година, кога се потрошени 98,6 милиони евра, во 2010 година инвестициите на Агенцијата се за 40% помали и изнесуваат 56,6 милиони евра. Ако се зголемуваат приходите, а се намалуваат инвестициите во патишта, се наметнува прашањето каде одат парите кои би требало да се наменат за изградба на нови патишта и реконструкција на постоечките, кои се во катастрофална состојба. Годинава, Агенцијата за патишта планира да потроши 7,3 милиони евра за консултанти и за надзор на изградба на патиштата. Ставката за тековно одржување на патиштата, односно парите кои Агенцијата за патишта му ги префрла на јавното претпријатие Македонија пат за реконструкција и санација на патиштата, е фиксна и изнесува 13 милиони евра годишно, освен во 2006 година, кога се одвоени 15 милиони евра.Какви се тие консултантски услуги и на кого му служат не знаеме затоа што се чуваат во најстрога тајност. На пример, државата плати 1,4 милиони евра за изработка на студија која требаше да ја покаже економската оправданост од давањето на патиштата под концесија. Студијата беше нарачана кај француската консултантска куќа Луис Берже, но никогаш не беше јавно објавена. Три години подоцна државата сe уште нема избрано концесионер за изградба на автопатишта од Коридорот 8, а постапката беше десетици пати пролонгирана. За продолжување на практиката со плаќање конслутанти и надзор на раководството во Агенцијата добро му доаѓа и фактот дека растат приходите од патарина. Финансиските извештаи покажуваат дека во 2006 година приходите од патарина изнесуваат 11,4 милиони евра, а во 2010 година дури 17,4 милиони евра. Агенцијата за патишта проектирала до крајот на годинава вкупни приходи од наплата на патна такса од 20 милиони евра. Иако растат приходите од патарини, сe уште не е распишан тендерот за модернизација на наплатните рампи. Првично беше најавено дека наплатните станици ќе се даваат на концесионер кој ќе изгради нови и ќе воведе електронски систем за наплата, Министерството за транспорт на крајот на минатата година реши да се откаже од оваа идеја и целиот проект да го финансира со сопствени средства. Неколку месеци подоцна Владата обезбеди 17 милиони евра кредит од ЕБРД, но не го распиша тендерот најавен за првата половина на годината. Од ставките за изградба и реконструкција на патишта во изминатите пет години се потрошени повеќе од 350 милиони евра. Во 2006 година за оваа намена се потрошени 66,4 милиони евра, а во 2010 година десет милиони помалку - вкупно 56,6 милиони евра. Оваа ставка малку поголема била само во 2008 година, кога се потрошени 98,6 милиони евра. Но, за пет години се изградени само 7,7 километри автопат од Куманово до граничниот премин Табановце, кој терба да биде пуштен во употреба за еден месец. Во 2009 година беше завршена и обиколкницата во Скопје, но таа се градеше речиси осум години. Агенцијата за патишта успеа само во изминатите неколку години со кредитот од ЕБРД и од Светската банка да реконструира 11 регионални делници во вкупна должина од 290 километри и да изгради 62 локални патишта во должина од 150 километри. Но, од приоритетните автопатишта од Коридорите 8 и 10 освен најави за преттендерски и тендерски процедури, не е ставен ниту метар асфалт. За Коридорот 10, односно за делницата Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри, Владата пред четри месеци обезбеди 250 милиони евра кредити од ЕБРД и ЕИБ и сега се чека новата влада за да се распише тендерот за избор на градежна компанија која ќе ја изгради последната делница од Коридорот 10. За Коридорот 8 веќе три години се бара концесионер. По неколкуте одложувања на роковите за избор на концесионер сe уште не е избран конзорциумот кој терба да изгради 370 километри автопат во наредните седум години и со нив да управува во наредните 35 години. ЗА ШТО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ?2010 година56,6милиони евра се потрошени за изградба и реконструкција на патишта17,4милиони евра се собрани од наплата на патарина9,7милиони евра се потрошени за физибилити студии и за надзор на изградба на патишта
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Забрзано се гради новиот пат на Кожуф
Кавадарци - И покрај горештините, надвор од скијачката сезона интензивно се гради новиот регионален пат „Р-112“ до скијачкиот центар „Кожув“ од гевгелиска страна. Градежните работи ги изведува компанијата „Гранит“. Со изградбата на новиот пат во вкупна должина од 16 километри се поврзуваат два региона, ќе се воспостави директна врска меѓу Гевгелија и скијачките терени на Кожуф. Новиот пат почнува од туристичкото место Смрдлива Вода. Изграден е мост, а се врши и ново пробивање на повеќе делови од проектираниот пат. Со изградбата на новиот пат треба да се постигне поголема безбедност за во зима да се стигне до скијачкиот центар, бидејќи досега движењето до центарот беше по технички пат. На Кожуф е убаво и во лето, во што се уверивме и ние при нашата посета. Шумски плодови можат да се најдат насекаде низ Кожуф. Прекрасните патеки за прошетка и климата гарантираат прекрасно поминати мигови и во лето. Затековме повеќе вљубеници во природата, кои пешачеа и се рекреираа. Може да се преноќева во вилата „Тодоров“ со претходна резервација. Ќе биде ли нешто од скијачкиот центар „Кожуф?“ Во ноември лани во јавноста бомбастично се најавија милионски суми инвестиции од стратегискиот партнер, а сепак, скијачкиот центар комерцијално не проработи ниту во изминатата скијачка сезона. (А.Д.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=55EB4A8C8D494D4EA7FDF178809FE02D |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Со 2,5 милиони евра во Општина Прилеп ќе се афалтираат 10 патни правциГрадежната оператива на Гранит ги завршува работите на асфалтирање на патниот правец до селото Големо Радобил. Ова е единствено населено место во Тројачката котлина со над 100-тина жители и вредеше да се инвестира со оглед на фактот дека има голем бројот на повратници а и расте и бројот на викендички што се градат таму, вели Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески: - Станува збор за пат во должина од 4,5 километри, а поставени се 17.000 м2 асфалт. Вредноста на овој пат е 14 милиони денари или 250.000 евра. Ова е единственото населено место од Плетвар надолу, кое го сочувало населението. Имаме активно училиште во кое децата посетуваат редовна настава и со овај пат ќе се придонесе за подобра комуникација за месното население и за нив животот да се одвива без проблеми, а ќе се спречи уште едно село да изумре.
Покрај овој Локалната Самоуправа работи на реализација на годишната програма за асфалтирање на уште 4 патни правци со 18 километри во Општина Прилеп кои покрај со 1,4 милиони евра средства од Светска банка ќе се финансира асфалтирање на 11 километри на 5 други патни правци неколку, меѓу кои и кон филмскипознатата Штавица, за кои се одобрени 1,1 милион евра од кредитот од Европската банка за обнова и развој. Или
вкупно од кредитите што ги доби Република Македонија а за кои средства
Прилеп аплицираше со готови проекти обезбедени се 2,5 милиони евра за
подобртување на инфраструктурата во Општината. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заврши асфалтирањето на патниот правец Пантелеј-Рајчани–Турско Рударе преку Осоговските Планини.
![]() Асфалтирани се два километра, по еден од страна на општина Кочани и од страна на општина Пробиштип. Деновиве ќе се работи на уредување на банкините, по што комплетно ќе бидат завршени работите на овој регионален проект, соопшти раководителот на Секторот за урбанизам, Влатко Димитров.Ова е првиот инфраструктурен проект на Центарот за развој на Источниот плански регион, финансиран од Бирото за регионален развој. Патот ќе ги поврзува општините Кочани и Пробиштип. Според Димитров, остануваат уште околу 2 километри за асфалтирање, за целосно поврзување на Кочани и Пробиштип преку планинските предели на Осоговијата, за што е најавена нова апликација. ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вакви реакции и очекував
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Патов како да е трасиран со магаре. Како може во 21 век да прават уште вакви патишта, па и уште да се фалат со нив и да ги кажуваат како капитални инвестиции
![]() Вон сите стандарди. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() Мене ми се види многу тесен. Edited by ink - 07-Jun-2011 at 16:39 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6061626364 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |