Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1301 Posted: 27-Dec-2010 at 15:02 |
Пуштен во употреба дел од локалниот пат Црничани - Богданци -
27.12.2010
|
Вицепремиерот
и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со министрите за
транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Миле
Јанакиески и Љупчо Димовски, денеска во селото Црничани, општина Дојран,
свечено пушти во употреба дел од локалниот пат Црничани - Богданци.
Делницата
во должина од 1,75 километар и ширина од 5 метри, чија изградба чинеше
135 илјади евра, е реализирана со средства од кредитот на Светска банка
во износ од 120 милиони евра за изградба на локалната патна
инфраструктура во Македонија, а нејзината доизградба треба да се
дореализира со средствата од новата кредитна линија на ЕБОР.
-
Дојран е една од општините во Република Македонија која има услови да
биде една од најразвиените, но долги години беше запоставувана и не го
оствари својот развој. Сега тоа не е случај и се прават напори да се
подобрат економските услови во општината, рече вицепремиерот Ставрески
во поздравниот говор.
Тој
истакна дека дел од напорите да се подобрат економските услови во
општина Дојран е изградбата на бунари, пешачка патека околу Езерото,
спортски игралишта, но секако и изградбата на добри патишта кои ќе ја
поврзуваат општината и ќе го поддржат локалниот економски развој.
Вицепремиерот
вети пуштањето во употреба на локалниот пат кај Црничани нема да биде
последната инвестиција во патната инфраструктура и оти Владата ќе
продолжи со реконструкцијата и изградбата на локалните патишта во
општината.
Министерот
за транспорт и врски Јанакиески истакна дека подобрувањето на патната
инфраструктура е еден од главните приоритети на Владата на Република
Македонија.
-
Покрај овој регионален пат, во јуни во општина Дојран ќе биде пуштен во
употреба и регионалниот пат до Стар Дојран, а се очекува пред почетокот
на сезоната да биде готова и пешачката патека околу Дојранското Езеро.
Има и ветувања од концесионерите дека ќе бидат доуредени и плажите во
Дојран, рече министерот Јанакиески, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе
за развој на туризмот.
Тој
вети дека заедно со Општина Дојран, Владата ќе реализира и други
проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните на
општината.
Градоначалникот
на Општина Дојран Глигор Чабулев нагласи дека подобрувањето на
локалната инфраструктура е еден од основите за развој на општината.
-
Со локалниот пат се намалува растојанието до соседните населби и
општината Дојран, а тоа се надеваме ќе придонесе за забрзан развој на
општината, рече Чабулев. |
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3008
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1302 Posted: 22-Dec-2010 at 16:39 |
Новиот пат помеѓу селата Добрушево, Мусинци и Мојно, направен со средства од кредитот на Светска Банка кој го обезбеди Владата е мошне значаен за локалното население, зашто неприфатливо е во 21 век селата да се без соодветна патна инфраструктура истакна денеска градоначанилникот на општина Могила при свеченото пуштање во употреба на завршениот дел од патот.
,,Констатирано беше дека точно оваа делница беше во многу лоша состојба,,-вели Славко Велевски, градоначалник на општина Могила.
Од кредитот од Светска Банка во износ од 34 милиони евра за Могила се наменети 281.000 евра. Патот свечено го пушти во употреба Министерот за одбрана кој истакна дека активностите се фокусирани кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.
,,Ние министрите често доаѓавме на терен. Така ги осознаваме проблемите. Врз основа на сето тоа изградивме план како да помогнеме во малите места. Уште 20 милиони евра Владата ќе инвестира во реконструкција на локалните патишта во РМ затоа што знаеме дека голем дел од општините немаат соодветен финансиски капацитет сами да го направат тоа.,,-изјави денеска Зоран Коњановски, Министер за одбрана на РМ.
....
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=68894 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1303 Posted: 22-Dec-2010 at 16:30 |
Зашто упорно никој не ја кажува делницата Скопје-Велес која сега се вози по пренаменет регионален пат и така привремено е тоа со децении пренаменет. Кога веќе ќе ја убацат во таа листа воопшто на делници кои треба да се градат. Не мора одма да ја прават, барем да ја вртат по весници. Нестандардни радиуси, тесни ленти, трета лента нема, асфалтот од пред којзнае колку години, знаци и тунели под стандард.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1304 Posted: 22-Dec-2010 at 16:23 |
 Оние 7 километри Табановце-Куманово им се „приоритет“ секоја година барем откако постои форумов (2007).
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1305 Posted: 22-Dec-2010 at 16:01 |
Ке се градат делниците Коњско-Кожув и Кавадарци-Мушов Гроб
 Завршување на автопатската делница Табановце - Куманово, продолжување со
изградба и реконструкција на регионалните и локалните патишта,
воведување интегриран електронски систем за наплата на патарина на
Коридорот 10, се дел од приоритетите на Агенцијата за државни патишта за
2011 година. Со изградбата на автопатската делница од Коридорот 10,
Табановце-Куманово, ке остане неизградена само уште една делница од овој
Коридор на потегот од Демир Капија до Смоквица.АДП во 2011 година ќе
располага со буџет од 5.728.900.000 денари.Во приоритетите за следната
година се најавува и целосно завршување на изградбата на регионалните
делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече),
како и изградба на делницата Радовиш - Струмица.Со изборот на
концесионер за дел од патиштата, постапка која треба да заврши во текот
на следната година Македонија ќе добие нова автопатска инфраструктура.Од
наплата на патарина заклучно со ноември годинава Агенцијата за државни
патишта инкасирала над милијарда денари. Моментално се преговора со
меѓународни финансиски институции за набавка на нов електронски
интегриран систем за наплата на патарина. Се планира во текот на идната
година на наплатните станици на Коридорот 10 да почне поставувањето и
воведувањето на новиот систем, додека на Коридорот 8, кој е дел од
проектот за концесија на патиштата, е предвидено идниот концесионер да
воведе таков интегриран систем.Наплатата на патарините ќе биде
контролирана од Агенцијата за државни патишта преку централен систем со
кој ќе бидат поврзани сите наплатни станици. Со Годишната програма на
АДП за одржување и заштита на патиштата се предвидени 970 милиони
денари, кои се реализираат преку ЈП Македонија пат. Овие средства се
користат за тековно, инвестициско и зимско одржување на патиштата низ
целата држава. Со Проектот за реконструкција и рехабилитација на
регионалните и локалните патишта, кој се реализира со заеми од Светска
банка и од ЕБОР во вкупен износ од 120 милиони евра, се финансира
реконструкцијата на 11 најоштетени регионални делници, со вкупна должина
од 288 километри. Досега е завршена реконструкцијата на пет делници, а
до крајот на годината се планира да бидат реконструирани уште
три.Истовремено се работи на подобрување и на локалната патна мрежа. Во
согласност со динамиката за оваа година завршени се 50 локални патишта
во повеќе општини, а во зависност од временските услови се очекува таа
бројка да достигне 60.Реализацијата на овој проект ќе продолжи и во
текот на 2011 година. Генерално со оваа компонента од проектот се
очекува да се реконструираат околу 200 локални патишта низ целата
држава. Инаку, паралелно со реализација на заемот од Светска банка веќе
почна и реализацијата на вториот дел од заемот финансиран од ЕБОР. Од
овие средства 25 милиони евра ќе се користат за реконструкција на
регионалните делници Ангелци - Вељуса, Радовиш - Конче - Лубница, Струга
- Дебар, Демир Капија - Крњево и Кавадарци - Мушов Гроб. Веќе се
потпишани договори за изведба на градежни работи на делниците Анегелци -
Вељуса и Радовиш - Конче - Лубница, а до крајот на годинава ќе се
објават тендери за рехабилитација на регионалните делници Струга - Дебар
и Кавадарци - Мушов Гроб .Во текот на следната година Агенцијата за
државни патишта ќе работи и на други проекти за сигнализација на
патиштата, изградба на приклучоци, реконструкции и рехабилитации,
мостови како и изработка на проекти за изградба на нови делници. http://www.ktv41.com.mk
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#1306 Posted: 21-Dec-2010 at 14:16 |
Originally posted by Cloverstack
Од интервјуто на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дадено за МИА - 19.12.2010 Вчера во Прилеп го пуштивте локалниот пат Прилеп-Канатларци |
Според министеров иди дека пуштиле пат од 25 км,што нормално нема врска,патов што е наведен се дели од магистралниот пат Прилеп-Битола и е околу 6-7км,кој колку што знам и досега беше асфалтиран но многу оштетен.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1307 Posted: 21-Dec-2010 at 00:55 |
Од интервјуто на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дадено за МИА - 19.12.2010
Вчера во Прилеп го пуштивте локалниот пат
Прилеп-Канатларци, изграден во соработка со Агенцијата за државни
патишта. До каде е изградбата и реконструкцијата на регионалните и
локални патишта низ државата?
- Проектот за рехабилитација и реконструкција на
регионалните и локалните патни правци е финансиран во соработка со
Светска Банка за што Владата на Република Македонија обезбеди средства
во висина од 70 милиони евра. За реконструкција на регионалните патишта
се обезбедени 34 милиони Евра. Со средствата од оваа компонента од
Проектот се градат, односно рехабилитираат 11 најоштетени регионални
делници со вкупна должина од 288 км. Во 2010 година е целосно завршена
реконструкцијата на 5 од овие делници, а останатите 6 делници се очекува
да бидат завршени до крајот годинава односно почеток на 2011 година.
Завршени регионални патни правци со проектот со
Светска Банка се патните правци Давидово-Раброво, Струга-Дебар,
Лакавица-Неготино, Прилеп-Кривогаштани и Превалец (врска со М-5)-
Смојмирово, а дополнително на овие, во 2010 година завршени се
градежните работи и на уште два регионални патни правца, опфатени со
Програмата на Агенцијата за државни патишта, а тоа се патните правци
Куклиш – Банско и Обиколницата на Охрид.
Во 2010 година започна и реализацијата на Проектот за
реконструкција и рехабилитација на регионални и локални патишта во
соработка со Европската банка за обнова и развој во висина од 50 милиони
евра, од кои 25 милиони евра се обезбедени со цел реконструкција на
регионалните
Владата на Република Македонија и дава безрезервна
поддршка и на локалната самоуправа, во делот на реконструкцијата на
локални патишта и оттука, во рамките на Проектот за реконструкција на
локалните патишта со Светска Банка, обезбедени се 34 милиони евра. Во
мометов потпишани се договори со изведувачи за реконструкција на 97
локални патишта низ целата држава во вкупна должина од 220 км. Од нив
веќе се завршени 51 локален пат со вкупна должина од повеќе од 100
километри.
Исто така, за реконструкција на локалните патишта во
рамките на Проектот за реконструкција и рехабилитација на регионални и
локални патишта со средства од Европската банка за обнова и развој се
обезбедени средства во висина од 25 милиони евра. Во моментов во тек
аплицирање на општините со приоритетни проекти и комплетирање на
целокупната потребна документација. | http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3000
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1308 Posted: 14-Dec-2010 at 11:53 |
Овој патото за Кожуф Р-112 кај треба да почнува од Гевгелија. Дали се за размислува да се поврзе со централниот булевар тука (41° 8'35.93"N 22°29'27.71"E) или ќе си биде како сега. Или па можеби се работи веќе? Ако може Гевгеличани или некои што патува натаму да ми одговори.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1309 Posted: 06-Dec-2010 at 23:22 |
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
Изградба на локален пат
Општина
Илинден деновиве го реализираше својот капитален проект ,,Изградба на
локалниот пат Ајватовци - Мршевци", со средстава од Светска банка и со
поддршка на Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни
патишта. - Со градежните активности се изврши целосно тампопнирање,
асфалтирање и обележување на локалниот пат во должина од 3,9 километри.
Овој локален пат е од исклучетелно значење за граѓаните на општината,
бидејќи поврзува шест месни заедници со административниот дел на
општината, како и со Градот Скопје. Изградбата на овој локален пат ќе
придонесе до овозможување на сосема нов концепт за рамномерен развој во
општината пред се во насока на реализизрање на дополнителни нови
проекти, отворање на простор за изграба на нови економски зони, развој
на земјоделството како и пред се намалување на тошоците при
секојдневното движење на граѓаните, велат од одговорните од општината. Вкупната инвестиција за реализација на овој инфраструктурен проект изградба на локалниот пат изнесува 12.750.000,00 денари.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2DCD35D8652A1149A7BA8EC7329333A0 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1310 Posted: 06-Dec-2010 at 21:49 |
Понеделник, 06 Декември 2010 09:41
Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, го најави отпочнувањето на рекострукција на локалниот пат за селото Пчиња.Патниот правец е со вкупна должина од 9,5 километри. Реализацијата на овој проект е со средства обезбедени од Светската Банка преку Фондот за изградба на локални и регионални патишта. Вкупната сума што е предвидена за овој проект е 36 милиони денари.Патниот правец е на приоритетната листа на локалната самоуправа и ќе се изврши негова коплетна реконструкција и проширување. Ќе биде поставен тампон со висина од 25 см и асфалт од 7 см. Ширината на патниот правец ќе биде 7 метри со одводнување. Во изработката и во изведбата на проектот се запазени и ќе се запазат сите критериуми и стандарди кои се наложени од страна на Светската Банка. |
http://kurir.mk/republika/proekti/10503-Rekonstrukcijata-na-patniot-pravec-kon-seloto-Pcinja
Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 21:49
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1311 Posted: 22-Nov-2010 at 15:27 |
ВЕСТ ГИ ОТКРИВА ЦРНИТЕ
ТОЧКИ НА ПАТИШТАТА
Каде се гине најмногу?
Во земјава има вкупно
169 т.н. црни точки од кои 53 црни точки на магистрални патишта, 63 на
регионални, 2 на локални и 51 црна точка на улици во населени места
Годинава во земјава 139 лица го загубиле животот во
сообраќајни несреќи. Дури 40 отсто од жртвите се деца или млади луѓе.
Како главни причини за овие застрашувачки податоци е лошата состојба на
патиштата, која од година на година е се полоша и полоша. Автопатиштата
се далеку од европските стандарди, стари и дотраени, локалните патишта
пак изрешетани со дупки и неосветлени а кривините лошо изведени. Речиси
нема пат на кој нема т.н. "црни точка" чиј број е дури 169.и Иако овие
т.н. "црни точки" од година во година земаат се поголем број човечки
жртви, на ниту едно од овие места во моментов не е поставен знак со кој
возачите би се предупредиле дека делницата е ризична и внимателно да
возат. Ваквите знаци се тргнати од патиштата бидејќи во Европската
конвенција за сообраќајна сигнализација не постои таков знак. Големиот
број сообраќајни несреќи со човечки жртви се резултат и на
неприлагодена брзина со која се вози, недавањето на првенство на
минување, возење под дејство на алкохол и неносење на сигурносни појаси.
Минатата година за вакви сообраќајни прекршоци биле изречени 250 000
казни, а сличен а бројот и годинава. Според податоците на
Министерството за внатрешни работи во изминативе десет месеци бројот на
сообраќајни несреќи е помал од лани, но поголем е бројот на жртвите. "Лани
бројот од жртвите од сообраќајни несреќи во првите десет месеци беше
136, а оваа година имаме благо зголемување односно бројката е 139 жртви
на патиштата. Нашата статистика покажува дека во најголем дел од
сообраќајните несреќи каде има настрадани лица, процентот на млади луѓе
кои настрадале е над 40 отсто. Гледајќи ги овие бројки, неопходно е сите
да се мобилизираме и да се ангажираме, да работиме на планот на
превентивното дејствување за да успееме во одредена временска динамика
бројот на жртвите да го намалиме, односно да создаде побезбедни услови
на патиштата во Република Македонија"рече вчера министерката Гордана
Јакуловска, на одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од
сообраќајни несреќи. Во светот годишно над 1,3 милиони луѓе го губат
животот во сообраќајни несреќи, од кои над 25 отсто од жртвите се деца
или млади луѓе. (А.А.)
169 критични места
Во земјава има вкупно 169 т.н. црни точки од кои 53 црни
точки на магистрални патишта, 63 на регионални, 2 на локални и 51 црна
точка на улици во населени места. Во Скопје црни точки се мостот кај
Катланово, каде годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со
човечки жртви и крстосницата кај Католичка црква, каде поголемиот број
несреќи за среќа завршиле со матријални штети. На регионалниот пат
Градско-Прилеп постојат дури шест црни точки.Поради лошите и остри
кривина на оваа делница за една година се случуваат повеќе од 50
несреќи. Толкав е бројот на несреќи на магистралниот пат
Струмица-Ново Село, кај т.н. Робовска раскрсница. Кај местото
Камендолска Спирка за една година се случуваат по петнаесетина несреќи.
Голем број човечки животи зема и патот Велес-Штип, како и регионалниот
пат Велес-Кочани кај велешкото село Сарамзалино. Позната по голем
број сообраќајки е и т.н. кривина на смртта кај селото Калиманци, кај
Македонска Каменица. Тешки сообраќајки се чести и кај Зајас, Тајмиште,
Камендолска спирка и Ботун.
ЕКСКЛУЗИВНА ПАТНА КАРТА СО ЦРНИТЕ ТОЧКИ
МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ САМО ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕСТ В ПОНЕДЕЛНИК http://vest.com.mk/?ItemID=02A699A450CCB642A7E2B70A333F67E8 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1312 Posted: 17-Nov-2010 at 01:55 |
Р-504
Затворен патот преку Галичица Патниот
правец од Трпејца до Отешево, преку планинскиот превој Галичица и оваа
зима ќе биде затворен за сообраќај, затоа што не е ставен на
приоритетната листата за одржување на патиштата во зимската сезона.
Според АМСМ, сообраќајот на тој пат ќе биде забранет за сите патнички
возила до 15 март.
Надлежните за одржување на патиштата велат
дека без изградена инфраструктура, скијачки центри и конкретна
туристичка понуда на Галичица не постои економска оправданост за
одржување на овој патен правец во текот на зимата.
- Покрај
економската неоправданост, патот не ги исполнува ни основните технички
услови за одржување во зима. За да се обезбеди континуирана проодност
потребен е посебен пункт на Галичица, во кој ќе се сместат
механизацијата и алатот за одржување. Но и тоа не би било изводливо
затоа што станува збор за високо планинско место, каде што во зима има
големи наноси на снег - велат од охридската подружница на
„Македонијапат“.
Тие објаснуваат дека овој патен правец не се користи многу често и спаѓа во групата на алтернативни патни правци.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4483DBC0797FB343A158C709F66C301B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1313 Posted: 09-Nov-2010 at 03:39 |
Јанакиески го пушти во употреба патниот правец Мислешево - Струга
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го пушти во
употреба патниот правец од струшкото село Мислешево до магистралниот пат
М4 кој што води кон Струга, во должина од 1,4 километри. Во неговата
изградба државата инвестираше 200.000 евра. - Овој патен правец, кој
беше во крајно лоша состојба, е од големо значење за жителите на овој
крај и е дел од проектот на Владата за изградба на 200 локални патишта
низ територијата на Македонија - изјави Јанакиески.
Според него од предвидените патишта за реконструкција на локалната
патна мрежа, досега се готови 50, а до крајот на годинава ќе заврши
изградбата или реконструкцијата на уште 10. Проект ќе трае до 2012
година кога треба да бидат изградени вкупно 200 локални патишта во
целата држава. - Работиме на изградба и на регионални патни правци и
во согласност со динамиката, до крајот на годината ќе бидат готови 10,
од вкупно 11 регионални патишта, односно ќе бидат изградени вкупно 200
километри патна инфраструктура - најави Јанакиески и оцени дека со тие
проекти ќе се обезбеди поквалитетен живот за граѓаните. Министерот за
транспорт информира дека наредната година ќе почне и проектот на
Владата за изградба на водоводни и канализациски мрежи на целата
територија на државата со цел обезбедување квалитетна и здрава вода за
пиење.
http://vecer.com.mk/?ItemID=6188610B865BDA4687F601A4A693F48E |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1314 Posted: 05-Oct-2010 at 23:06 |
Р-514
УПОРНОСТА НА БОГОМИЛЦИ
Го спаси стариот Римски мост
Стариот
Римски мост во Богомила е спасен од паѓање. Тешките товарни камиони на
ЈП Македонски шуми" повеќе не поминуваат по него. Со жив штит го спасија
жителите од Богомила и од околните села кои штрајкуваа и го бранеа
мостот стар десетина, па и повеќе векови. Камионите на шумското
претпријатие сега наместо по мостот, реката Бабуна ја минуваат низ вода.
Повеќегодишната негрижа и тешко натоварените возила со дрва сериозно го
оштетија стариот мост кој е единствената сообраќајна врска што
Богомила, околните села, планинарските домови Чеплес и Папрадиште и
прекрасната Солунска Глава, ги поврзува со другите делови од земјава.
Оштетувањата ги констатирале и експертите од Заводот за заштита на
споменици кои мостот го ставија под заштита уште во далечната 1953
година. Во заштитата на мостот се вклучи и СВР Велес. Во согласност со
Законот за безбедност на сообраќајот минатата година заедно со Народниот
музеј од Велес помош побарале од Управата за заштита на културно
наследство и од министерствата за култура и за транспорт и врски.
Одговор досега нема. Богомилци веруваат дека Владата ќе обезбеди
средства за изградба на друг мост. Стручњаци од Националниот
конзерваторски центар на Македонија пред две години извршиле увид и
констатирале дека мостот мора да се реконструира. Тие истовремено
забранија сообраќај на тешки товарни возила и сметаат дека под итно
треба да се изгради нов мост до него.
http://vecer.com.mk/?ItemID=E4FEFD670EE8434EAD946EAA9A70B561 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1315 Posted: 29-Sep-2010 at 20:27 |
Асвалтиран патот Неготино - Тамјаник
Во рамките на реализацијата на проекти кои имаат за цел подобрување на
патната инфраструктура на подрачјето на општината, локална самоуправа
Неготино со сопствени буџетски средства и финансии обезбедени од
Агенцијата за државни патишта на РМ изврши комплетна реконструкција и
асфалтирање на патниот правец Неготино – Тимјаник, а исто така беше
асфалтирана и една улица во самата населба.
Имајќи предвид дека станува збор за еден од најфрекфрентните
патни правци кој беше во навистина лоша состојба, со средства во висина
од околу 5 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта и
со средства од Буџетот на општината, по извршените подготвителни работи,
градежната оператива на Гранит изврши комплетна реконструкција и
асфалтирање на патот од Неготино до Тимјаник. Притоа, извршено е
проширување на патот на површина од 650 м2 и заедно со постоечките,
поставен е нов асфалтен слој на површина од 1.800 м2, односно асфалт е
поставен во должина од 1,3 километри на патот од Неготино до Тимјаник.
Исто така, поставени се и бетонски рабници во должина од 860 метри. Во
догледно време, од локалната самоуправа се планира уредување на
тротоарите на споменатиот патен правец. Предходно, а на
задоволство на жителите на Тимјаник, со средства во висина од 1 милион и
500.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино беше
асфалтирана улица во населбата лоцирана под локалната Црква.
Подготвителните работи во делот на порамнувањето и тампонирањето во
вредност од 400.000 денари ги изврши Градба промет, додека
финализирањето на работите го реализираше Гранит. Притоа, поставен е нов
асфалтен слој на површина од 2.000 м2 со вредност на работите од 1
милион и 120.000 денари, односно споменатата улица во оваа населба е
асфалтирана во должина од 440 метри. http://www.negotino.gov.mk
Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 07:16
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#1316 Posted: 29-Sep-2010 at 12:23 |
И јас сум на истото мислење. До кога ќе ги правиме (дури и регионалните/третокласните патишта) на овој начин? Се гледа дека асфалтниот слој е ултра-тенок, но она што ме загрижува е фактот што нема ивичници, коловозот брзо ќе се разрони и пропадне. Да не зборуваме за задолжителните банкини и патна сигнализација, кои редовно кај нас се слаба точка и сеуште се сметаат за екстри.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1317 Posted: 29-Sep-2010 at 07:45 |
Пишува дека широчината е 4м, но не ми изгледа така. Со тоа шо патиштата (значи тиа који водат во помали села), ги прават така тесни, не се направиле ништо. По разминување на возилата од противна страна без уредени банкини, истиот тој асфалт брзо се уништи и се подкопува, така да во краток пдриод патот пак е уништен, поради шарање на еден метар.
Edited by Makedonij - 29-Sep-2010 at 20:18
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1318 Posted: 29-Sep-2010 at 01:20 |
Ова е Р-528, некогаш треба да биде пат Виница-Радовиш преку Плачковица. Првата бројка е вкупна должина, втората е под асфалт, третата под макадам и четвртата е непробиена траса што фали по целата должина. R528 |
Виница (врска со R527) - Градец - Пљачковица - Радовиш (врска со M6 исток на пот. бр. 14b) |
[51,050] |
[25,945] |
|
17.605 |
|
7.500 |
|
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1319 Posted: 28-Sep-2010 at 21:55 |
Реконструкција на дел од регионалниот пат Виница- ГрадецСо средства обезбедени од Програмата за инвестиционо одржување на
регионални и магистрални патишта преку Агенцијата за државни патишта,
деновиве започна реконструкцијата на дел од регионалниот пат Виница-
Градец во должина од 1.180 метри. После неколку децении овој пат за кој не стивнуваат поплаките од
жителите на Градец и бизнис секторот кој има мали погони во овој крај на
градот, конечно се надградува со порамнителен слој од 3 см, односно
вкупна надградба од 5 см и ширина од 4 метри, со што барем овие 1.180
метри од патот ќе добијат еден нов и квалитетен изглед.
Според раководителот на ЈП “Мкаедонија пат“ секција Штип, Ѕвонко Митков,
Агенцијата за патишта тука има обезбедено 2 милиони денари.
 http://www.opstinavinica.gov.mk
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1320 Posted: 24-Sep-2010 at 12:16 |
Се реконструира патот низ селото Тромеѓа од м.в. „Село„ до м.в. „Сланиште„ во должина од 1100 метри.
Согласно програмата проектот чини 7.700.000 денари
обезбедени од Буџетот. Моментно се работи на машински ископ на патот за
кој постои изготвена техничка документација. Патот ќе биде завршен за 40
работни дена - вели Момчило Јовановски.
Овој пат ќе
ја подобри инфраструктурата во селото, откако предходно се поставила
инсталација за фекалната канализација и водоводна мрежа. Работите ги
изведува „Пелагонија-Инжинеринг„ од Скопје. http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-asfaltira-patot-vo-tromedja.html
|
 |