build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6566676869 90>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1321 Posted: 03-Oct-2009 at 12:55
Originally posted by La Linea

Originally posted by zabegan

ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници


ги забораваш 16-те минибуси
па да де, реков дека заедно со минибусите се сто, само реченицата е испревртена, пишува 16 минибуси и 100 едноподни автобуси
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1322 Posted: 03-Oct-2009 at 12:36
Originally posted by zabegan

ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници


ги забораваш 16-те минибуси
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1323 Posted: 03-Oct-2009 at 00:43
ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1324 Posted: 02-Oct-2009 at 21:09
Потполно те разбирам, бидејќи доведени сме во ситуација да бираме кое е помалото зло.

Во случајов бидејќи тендерите се поделени, јас дефинитивно навивам тој за двокатните повторно да пропадне. Стотина нови нормални автобуси, значително ќе ја залечат ситуацијата во меѓувреме.

Па дури и да беше еден тендер, повторно ќе навивав да пропадне. Точно е дека штетата од одлагањето на подновувањето и од пропаднатите тендери е голема, но мислам дека набавка на 202 двокатни автобуси ќе направи уште поголема штета. Исто така, одолговлекување од 1-2 години ми звучи како помало зло од долгорочно заглавување со лоши решенија за јавниот превоз.


Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #1325 Posted: 02-Oct-2009 at 09:17

Искрено веќе незнам дали да се надевам да се купат тие автобуси или повторно тендерот да пропадне. Ова од причини што веќе 2 години се натегаме со власта дека е апсурдно, нерационално, поскапо и сосем непотребно да се оди на двоктниавтобуси а од друга страна 2 години севозат канти низ градот. Да не заборавиме и колку лоша слика за нас како држава се испраќа надвор со сите овие пропаднати тендери. Па и самите тендери чинат доста пари: организација, изготвување спецификација, оласување, дневници за комисијата....Навистина незнам до кога вака неодговорно да не речам детски ќе се однесуваме со државата, како да ја водиме од и за некаков инает а не за нас самите.



Edited by UrbanFreak - 02-Oct-2009 at 09:18
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1326 Posted: 02-Oct-2009 at 09:08
Дали ви е познато дали може за ова прашање да се распише референдум на ниво на град Скопје?
Немам против 5, еве 10 двокатни автобуси да се купат заради „носталгијата„ на некои наши со„граѓани“, ама 200!!! Толку време поминува, само тендери се менуваат, а двоспратноста си останува. Барем овде гледам дека за многу од нас двоспратниот концепт е тотална утка или може грешам?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1327 Posted: 02-Oct-2009 at 08:20

Дури сега приметив дека се работи за два тендера, значи да се молиме дека вториот ќе успее а понудените двокатни пак нема да бидат доволно "автентично-староскопски" LOL Crazy Nuts

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1328 Posted: 02-Oct-2009 at 08:14
 

Распишана набавката на двокатни и едноподни автобуси

Министерството за транспорт и врски го распиша четвртиот конкурс за набавка на автобуси за скопскиот јавен превоз. Возниот парк на ЈСП ќе се подновува со двокатни, со едноподни автобуси и со минибуси. На 18 септември е распишан меѓународниот тендер за набавка на 202 затворени двокатни автобуса и два двокатни автобуса од отворен тип, а на 24 септември е распишан тендерот за набавка на 16 минибуси и на 100 едноподни автобуси, од кои 80 се соло, а четири зглобни.

Во јавниот оглас за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуса стои дека понудувачот е должен да достави технички цртежи и 3Д-анимација на понудениот модел. Времетраење на договорот е 48 месеци, а неговата реализација се планира да почне од 1 јануари следната година. Понудувачот мора да има најмалку еден реализиран купопродажбен договор за исти или за слични автобуси во последните три години и да поседува важечки сертификат за квалитет ИСО. За најниската цена понудувачот добива 70 поени, а за технички, функционални карактеристики и за дизајнот - 30 поени. Понудите треба да се достават најдоцна до 16 ноември кога ќе се одржи и јавното отворање во Министерство за транспорт и врски.

Слични се условите и на конкурсот за едноподните автобуси. Овие понуди се очекуваат најдоцна до 23 ноември.

Набавката на нови автобуси за ЈСП се влече две години, а по улиците и натаму возат автобуси постари и од 30 години. Досега се поништени три тендери од различни причини. Последниот, на кој беше одбрана кинеската компанија „Џенџоу јутонг групација“, која понуди цена од 51 милион евра, пропадна откако партијата Обединети за Македонија обвини за можна корупција при избор на најдобриот понудувач.  (А.П.)



Edited by vardar - 02-Oct-2009 at 08:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1329 Posted: 29-Sep-2009 at 20:50
РАСПИШАН НОВ ТЕНДЕР ЗА ВОЗИЛА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ
Ќе има ли за скопјани нови автобуси?

Елена Мачевска

Министерството за транспорт и врски, по три неуспешни тендери, деновиве распиша нов, во кој ги послуша препораките на ЈСП „Скопје“, па покрај двокатните автобуси ќе набави и обични. Уште од самата најава на Владата дека ќе бидат купени двокатни автобуси, доброупатените ги предупредија надлежните институции дека улиците како што се направени во моментот во Скопје не се соодветни за по нив да сообраќаат толку високи возила.
Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека условите во новиот меѓународен тендер се направени врз основа на искажаните потреби на ЈСП „Скопје“. Со тендерот треба да се купат 202 двокатни и 100 обични автобуси, од кои 80 единечни, четири зглобни и 16 минибуси.
- Целта е целосно да се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, а со тоа и да им се овозможат подобри услуги на корисниците на јавниот превоз, како и намалување на сообраќајниот застој – тврди Драган Симоновски, портпарол на Министерството.
На три линии, кои во моментов ги опслужува ЈСП „Скопје“, не би можеле да се користат вакви автобуси. Поради висината на возилата, пречка се надвозниците во општините Кисела Вода и Бутел, како и подвозникот во Градскиот трговски центар. Дополнителен проблем е и светлосната сигнализација по скопските улици, која треба да се приспособи за превоз на патници на две нивоа, но, исто така, и недоволната обученост на возачите да возат двокатни автобуси.
Според надлежните од ЈСП „Скопје“, ќе треба да се издвојат дополнително пари за нивна обука, која најверојатно ќе мора да се изведува во странство.

Од директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Бошковиќ, и покрај многубројните инсистирања од наша страна, божем поради презафатеност, не добивме одговор што се било побарано од надлежното Министерството, ниту што ги натерало да ги сменат условите во конкурсот дури по три неуспешни тендери.
Првиот јавен оглас пропадна затоа што ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер се поништи со образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302 двокатни автобуси.
На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од четири заинтересирани фирми, турската „Гулерјуз“, бугарската „Кинг Лонг“, кинеската „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На тендерот победи кинеската групација, но одлуката ја обжалија останатите три. По разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за распишување нов, но со делумно променети критериуми и намален број двокатни автобуси.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1825&ArticleID=122728

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1330 Posted: 23-Sep-2009 at 23:23
Единствена работа што повторно дава надеж е дека тендерот за двокатните и еднокатните е поделен. Да се надеваме на најдобар исход.

Нова владина одлука за автобуси за Скопје

Наместо 302 автобуса, ќе се купуваат 202 двокатни и 100 едноподни

Деспина Трајковска

Наместо 302 двокатни автобуси Владата сега планира да купи 202 даблдекери и 100 едноподни автобуси. Ова е најновата владина одлука по неодамнешното поништување на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуса. За даблдекерите Министерството за транспорт и врски веќе распишало нов тендер, во кој бара 200 двокатни автобуси од затворен тип и два отворени автобуса. Наскоро ќе се распише тендер и за набавка на 100 едноподни автобуси и тоа 80 од нив соло, четири зглобни и 16 минибуси. Од ресорното Министерство вчера накусо објаснија дека промената во набавката во однос на претходните три се должи на согледаните искажани потреби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и согласно владината одлука.

Од Министерството вчера не беа достапни да дообјаснат дали условите во тендерот ќе бидат исти како и во досегашните три неуспешни тендери, ниту, пак, да прецизираат на кој начин ќе се изврши финансирањето на набавката со оглед на неодамнешните најави за намалување на Буџетот за овој владин проект.

Овој тендер следува по три неуспешни јавни набавки. Првиот обид официјално пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понудила бараниот ретро изглед на автобусите. Вториот тендер се поништи оти ниту една компанија не достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија, која не влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за производство на 302 даблдекери. Третиот, всушност, и последен тендер пропадна речиси по острите реакции во јавноста од страна на партијата на Љубе Бошкоски дека избраната понуда на кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“ е превисока, а истовремено и по обвинувањата дека тендерот е наместен, со цел да се офајди некој од владините функционери и луѓето блиски до нив. Официјалното образложение од Министерството за поништување на тендерот беше, всушност, одлуката на државната Комисија по жалби за јавни набавки, според која, избраната понуда не го гарантирала бараниот термин за испорака на автобусите.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=101807FB5894DD4BAB8576D78B8912F9
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1331 Posted: 22-Sep-2009 at 16:59
80 единечни и 4 зглобни, каква комбинација еј Bash

за двокатните не знам дали вреди веќе да се прави муабет
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1332 Posted: 22-Sep-2009 at 12:50
Напразно се понадевавме дека може да добиеме некој нормален сооднос со новиот тендер.

Текстов е малку збркан, но изгледа математиката е оваа:

202    двокатни
80     „еднокатни“ единечни
4       „еднокатни“ зглобни
16      минибуси

Ohno

НАСКОРО НОВ ТЕНДЕР СО ПРОМЕНЕТИ УСЛОВИ
Ќе купуваме и двокатни и едноподни автобуси

Елена Мачевска

Министерството за транспорт и врски, наместо најавената набавка на 302 двокатни автобуси, со тендерот кој ќе биде распишан во текот на неделава најавува набавка на 202 двокатни, а останатите 100 автобуси ќе бидат едноподни. Министерството со четвртиот тендер по ред кој има намера да го објави и со кој ќе се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, покрај автобусите, ќе купи и 16 минибуси кои ќе се користат на линиите на јавниот градски превоз каде што има помалку патници. - Прво ќе биде објавен јавен оглас за набавка на автобусите во меѓународните и домашните медиуми. Огласот за јавна набавка на автобуси, со кој ќе се обнови возниот парк во јавниот градски превоз во Скопје, ќе биде јавен и критериумите за набавката дополнително ќе бидат утврдени и“вели Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. Според него, во новиот тендер за набавка на 100 едноподни автобуси ќе се бара 80 од нив да бидат единечни, а четири да бидат зглобни автобуси. Најавата на Министерството за транспорт и врски за објавување нов јавен оглас за заинтересираните фирми што сакаат да ги произведат бараните возила за градски превоз, следува по три пропаднати тендери и по најавата на Владата дека од буџетот за годинава нема да бидат издвоени средства за оваа намена. Првиот јавен оглас пропадна затоа што ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер, пак, се поништи со образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302 двокатни автобуси. На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од заинтересираните фирми, турската компанија „Гулерјуз“, бугарската „Кинг Лонг“, кинеската групација „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На тендерот победи кинеската групација „Џенгџоу јутонг“. По ваквата одлука на Министерството останатите три фирми ја обжалија одлуката. По разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за распишување на нов, кој е најавено да се случи во текот на оваа недела, но со делумно променети критериуми и намален број двокатни автобуси.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1819&ArticleID=122245
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #1333 Posted: 02-Sep-2009 at 10:02
Додека да се вразумат и координираат ЈСП-Град Скопје - Влада, пројдоа речиси 2 години, пропаднаа 3 тендери, а ние сме сеуште на почеток. Се надевам ќе им дојде памет.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1334 Posted: 02-Sep-2009 at 01:11
Eeek3

Речиси не ми се верува.

Не ме интересираат мотивите, само нека се обистини оваа вест и нека се обистини со рационален сооднос на типовите кои ќе се набавуваат. Најважно е за разумна цена да добиеме квалитетен и економичен јавен превоз. Чекам потврда и нешто поопипливо... досега имаше непријатни изненадувања зад секое ќоше, па некако ми е прерано да почнам да се радувам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1335 Posted: 02-Sep-2009 at 00:44

Ќе се купуваат и двокатни и обични автобуси

Директорот на ЈСП, Александар Бошковиќ, обелодени дека оваа варијанта за скопскиот јавен превоз е веќе договорена со Владата, а новиот конкурс се очекува во текот на месецов.

Освен двокатни автобуси, Скопје ќе добие и нови нископодни автобуси, како и минибуси. Ова е последната верзија за претстојната набавка на нови возила за скопскиот јавен превоз, која претставници на Владата им ја презентирале на надлежните во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Според Александар Бошковиќ, директор на ЈСП, работна група од експерти веќе ја подготвува спецификацијата за тоа какви карактеристики треба да имаат новите возила, односно какви двокатни, нископодни и минибуси ќе му бидат потребни на градот.

- Врз основа на таа студија Владата треба да одлучи колку двокатни, колку нископодни автобуси и колку минибуси ќе купи. Тоа ќе биде потребно за конкурсот за набавка, кој се очекува да биде објавен овој месец. Мене ми е многу мило што се менува климата и што Владата наиде на разбирање и го смени својот став а ова прашање - вели Бошковиќ.

Според неговите информации, двокатните автобуси ќе бидат наменети за централното градско подрачје, а нископодните, односно, обичните единечни автобуси и минибусите ќе бидат распределени по другите делови во градот.

- На тој начин и градскиот и приградскиот јавен превоз ќе бидат покриени со нови автобуси, а граѓаните на Скопје конечно ќе имаат соодветен, модерен и удобен превоз - истакна Бошковиќ.

Од Министерството за транспорт и врски потврдија дека ќе има нов конкурс месецов, но не прецизираат какви автобуси ќе се бараат овој пат.

- Во тек е подготовката на конкурсот за набавка на автобуси со кои ќе се обнови возниот парк во јавниот превоз во Скопје, кој е предвидено да биде објавен во септември - се вели во официјалниот краток одговор што го добивме оттаму.

За овој проект во Буџетот на Македонија средствата беа намалени уште со првиот ребаланс и тоа од предвидените 490 милиони денари за првите 102 двокатни автобуси, на 193 милиони денари. Се' уште не е официјално познато колку пари ќе има за оваа намена со новиот ребаланс, но од Министерството велат дека тоа нема да е проблем, бидејќи исплатата на оваа јавна набавка нема да се врши во текот на оваа фискална година.

Од Владата вчера не сакаа да коментираат за набавката на автобусите.

- Да почекаме да биде изгласан ребалансот на буџетот на седница на Владата, за да можеме и официјално да се изјасниме за ова прашање. Подетаљни информации би имале во наредните денови - изјави Мартин Мартиновски, портпарол во Владата.

Набавката на нови автобуси за ЈСП „Скопје“ се влече две години, а по улиците и понатаму возат автобуси постари и од 30 години. Кон крајот на 2007 година Владата одлучи да издвои 4,4 милиони евра за набавка на 45 еднокатни автобуси, за што ЈСП тогаш распиша конкурс. По налог на Владата, ЈСП го поништи конкурсот, а набавката ја презеде Министерството за транспорт и врски, кое на конкурс побара набавка на 102 двокатни автобуса. Овој тендер потоа беше дополнет за набавка на 302 двокатни автобуса, но пропадна бидејќи ниту една од фирмите учеснички не даде комплетна понуда. На вториот конкурс за двокатни автобуси беше избрана кинеската компанија „Џенџоу јутон групација“, која понуди цена од 51 милион евра. По изборот на кинеската компанија, партијата Обединети за Македонија обвини дека Министерството направило скандалозна набавка, бидејќи со прифатената сума државата ќе ги преплати автобусите. Оваа партија тврдеше дека еден кинески двокатен автобус чини 85.000 евра, а државата за еден ќе плати 170.000 евра. Кратко време по обвинувањата од Обединети за Македонија, Државната комисија за жалби го поништи конкурсот, со објаснување дека Кинезите не се обврзале оти навреме ќе ги испорачаат првите 100 автобуси.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=43FB04B22D701145BB1D61F0885F5615

Никоподни за потребите на градот, а двокатните да не биде од одма демек ете толку "мек орев" е владата, сепак пола разум преовладал. Јас ги охрабрувам сите инстанци да преовлада и другата половина и да не се надмине егото! Сепак доколку боројот на двокатни автобуси поради старограски потреби се сведе на некој едноцифрен број, јас длабоко ќе ја поддржавм таа иницијатива за чисто неколку панорамски автобуси од таков тип!


Edited by lslcrew - 02-Sep-2009 at 00:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1336 Posted: 01-Sep-2009 at 21:35
Повторно одложување. Вест поврзана со двокатните:

Ребалансот на буџетот пред Владата

Александар Момировски Коментари (2)   
01.09.2009 15:23
Владата ќе троши повеќе пари отколку што ќе може да собере во државната каса

 

Владата ги крати расходите за околу 70 милиони евра но и натаму ќе троши повеќе пари отколку што ќе може да собере во државната каса до крајот на оваа кризна година.

Во предлогот до министрите, финансии испланира структурата на буџетот со ребалансот да изгледа вака. Расходите се позиционирани на 2 милијарди и 430 милиони евра, приходите на 2 милијарди и 230 милиони евра. Буџетскиот дефицит останува на проектираните 2,8 проценти или во апсолутна бројка 178 милиони евра.

Експертите и опозицијата новиот ребаланс го коментираа како задоцнета реакција, се сомневаат и дали кратењето соодветствува на реалната состојба на терен каде стопанството губи кондиција и не може да го полни буџетот, а останатите економски индикатори навестуваат натамошно продлабочување на кризата.

Според досега познатото, финансии ќе ги скуси трошоците за плати на администрацијата операција што треба да заштеди од 8 до 9 милиони евра. За следната година одложена е реализацијата на идејата градот скопје да се поднови со двокатни автобуси.

Во предлог ребалансот на буџетот поместени се и економските очекувања за 2009. Досегашните проекции на власта за раст на економијата од 1 процент на крајот на годината сега се заменети со прогнозата за пад на економијата од 0, 6 проценти.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113215

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1337 Posted: 15-Jul-2009 at 13:23
алал нека им е за насловот LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1338 Posted: 14-Jul-2009 at 21:55
ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОБУСИ ПОНИШТЕН, ИНАЕТОТ НЕ
Кинески или индиски, важно да се двокатни

По четирите неуспешни тендери за набавка на 302 двокатни автобуси, Владата и натаму инсистира по скопските улици да се возат двокатни, па затоа правилата за учество на новиот тендер остануваат исти. Петтиот тендер, најверојатно, ќе биде распишан наесен, по завршувањето на годишните одмори. Засега останува непознато дали сите досегашни учесници повторно ќе ги поднесат своите понуди, бидејќи досега само е потврдено учеството на македонската фирма „Санос“, од каде што информираат дека не се откажуваат од понатамошната битка за набавка на двокатните автобуси. - Не сакам да ја коментирам одлуката за поништување на тендерот што ја донесе Државната комисија за жалби за јавни набавки, туку можам само да кажам дека повторно ќе учествуваме на новиот тендер - ни изјави Славе Распашковски, сопственик на фирмата „Санос“. Владата пред три дена го поништи тендерот, со образложение дека победничката компанија, кинеска „Џенџоу Јутон групација“, наместо во рок од една година се обврзала првите сто автобуси да ги испорача во време од една до една и пол година по склучувањето на договорот. Овој тендер го следеа низа скандали, а обвинувањата за местенки и корупција стигнуваа од сите страни. Прво домашните компании тврдеа дека Владата, со строгите критериуми, намерно го оневозможува „Санос“ да учествува на тендерот, а партијата на Љубе Бошковски обвини за коруптивна зделка со кинеската компанија со која скопски бизнисмен близок на Владата ќе профитирал цели 25 милиони евра. Несогласување со одлуката за набавка на двокатните автобуси имаше и од раководството на ЈСП. Нивното образложение беше дека нископодните автобуси се поекономични и поевтини од двокатните. Предупредија и дека ќе треба да се инвестира во инфраструктурата, бидејќи нашите улици не се приспособени за двокатни автобуси. Исто така, истакнаа дека овие возила се повисоки од гаражите со кои располага ЈСП, кои се приспособени на нископодни автобуси. Сега од ЈСП објаснуваат дека им останува само да се приспособат на оваа идеја и да почнат да ги обучуваат возачите. Градските власти се уште немаат акциски план за тоа кој, како и за колку пари ќе ги одржува новите автобуси. Имајќи предвид дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ веќе две децении работи со загуби, парите за нивното одржување најверојатно ќе се обезбедуваат од градскиот буџет. Исто така, се уште не е направена процена колку од старите автобуси ќе продолжат да се употребуваат. Сегашниот возен парк на ЈСП располага со 377 автобуси, од кои во просек биле исправни по 275 автобуси.

Укинати зашто се превртувале

Постарите скопјани раскажуваат дека пред земјотресот во главниот град имало двокатни автобуси кои на градот му биле подарени од англиската влада. Но овие автобуси немале долг век на употреба затоа што по краток период на користење едниот од нив се превртел при што биле повредени повеќемина патници. Поради тоа било забрането нивното натамошно користење по градските улици.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1756&ArticleID=117686
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1339 Posted: 13-Jul-2009 at 22:59
Скопјани уште долго ќе се трускаат во старите автобуси


Од Министерството за транспорт и врски информираат дека се подготвуваат за нова јавна набавка, но не откриваат кога ќе го објават огласот ниту пак дали ќе има менување на условите, кои според учесниците на минатиот тендер беа оценети како многу строги и нефлексибилни


Скопјани уште долго ќе се возат во старите, дотраени автобуси на јавниот градски превоз. Обновата на возниот парк нема да се случи набрзо, бидејќи Државната комисија за жалби го поништи тендерот за купување на двокатните автобуси на кој беше избрана кинеската компанија Џенгџоу Јутонг. Како единствена причина за ваквата одлука бил рокот за испорака на првите 100 автобуси од 12 до 18 месеци по склучувањето на договорот кој не одговара на бараните услови во Тендерската документација кои прецизираат стоте возила да се достават најдоцна за една година.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека се подготвуваат за нова јавна набавка, но не откриваат кога ќе го објават огласот ниту пак дали ќе има менување на условите, кои според учесниците на минатиот тендер беа оценети како многу строги и нефлексибилни.
- Со оглед на тоа што станува збор за повеќегодишна набавка која предвидува издвојување на средства од државниот Буџет во период од три години, Комисијата за спроведување на јавната набавка при Министерството за транспорт и врски ја прифаќа одлуката на Државната комисија за жалби по јавни набавки со цел отстранување на било каква можност во иднина да се остави простор за сомневање во однос на направениот избор. Јавноста благовремено ќе биде информирана кога ќе биде распишана новата набавка на автобуси - информираат кратко од ресорното Министерство.

На претходно распишаниот тендер беше избрана кинеската компанија која единствена понуди валидна банкарска гаранција и ги исполни сите останати барани услови
освен рокот за достава. Нивната понуда за 302 автобуси чинеше 51 милион евра.
На тендерот за набавка на 30 двокатни автобуси освен "Јутонг" се јавија и македонскиот производител на автобуси Санос и уште една турска и бугарска компанија.
Ова беше втор обид за набавка на нови возила. На првиот тендер ниту една компанија немаше доставено комплетна документација.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=11317BF9B3F88047B868D26A97DA1409
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1340 Posted: 13-Jul-2009 at 09:35
Може и обвинувањата од „Харвард?“ експертот Дончев биле вистинити (додуша секогаш кога опозиција обвинува во државава, криминалот постои 100%), со тоа што никој ги есапи. Во овој случај може некој од надвор (ММФ; ММЕ) да поделил по некоја заушка во министерството, па се опаметиле и го поништиле тендерот. Баш би сакал да се тргнат сегашниве грдосии од по улиците, ама некако кинезиве не ми праеа кеиф, додуша и двоспратноста уште не ми е по кеиф, ама ако е производителот квалитетен може и тоа да го проголтам
Пред некој ден читав писмо во „Дневник“ од еден поранешен вработен во “11 октомври“ или САНОС и баш ме разубеди човекот во сите теории дека може автобусиве да се произведат во Скопје. Ќе беше добро да не се излева толкава цифра пари надвор од државата во време на ваква финансиска криза, ама очигледно е дека тоа е неизбежно, што е голема штета.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6566676869 90>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.646 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.