Незнам за што се работи, не следам skyscraper, не следам доста околу околнава патна мрежа, но доколку се работи за автопат тогаш повторно ќе се посомневам дека Албанија ја става Македонија, регионов, а и Европа пред свршен чин да треба да прецртуваат коридори. Ако е регионален пат или магистрален секоја почит и поддршка и желба побрзо да го изградат!
И што побрзо да се зафатат со изградба на коридорите кои се де факто најголемиот чин на интеграција. Тамо има интерес од инвеститори и концесионери.
Турците сакаат да го градат автопатот Тирана- Дебар
Турската компанија „ТАТ Груп-девел центер“ со концесија побара да го гради автопатот „Руга е Арбрит“, кој ја поврзува Албанија со Македонија преку Дебар. Ова, лично на албанскиот премиер Сали Бериша, му го пренесе првиот човек на компанијата д-р Мехмет Татлици на средба во Тирана.
Автопатот е во градба и половина од 80-километарската траса е пробиена. Останатиот дел што треба да се пробие минува низ тежок планински предел. Поради кризата и недостигот на пари во буџетот, како што наведуваат албанските медиуми, не се исклучува можноста Турците да ја реализираат ова идеа, која, како што изјави Бериша била добредојдена.
Турската компанија најави инвестиции за реализација на проекти за обновлива енергија во јужниот дел, поточно во зоната кај Тепелена-Саранда, како и изградба на патот Елбасан-Тирана.
Па можеби е и логично да се пушти патот во употреба пред сезона за го апсорбира напливот на сообраќај. Сепак 2+3 ленти е подобро отколку 2 ленти кои минуваат низ градилиште. Колку што читав на ССЦ по сезонава ќе пристапат кон проширување на постојниот пат во профил на автопат за да се комплетира свој проект.
Секако фактот дека го отвориле проектот официјално пред да се комплетира е идиотски но воопшто не ме изненадува и очигледно е секојдневие во овој дел од светот.
За граничниот премин. Прв пат го гледам новиов премин на Србија и ми се допаѓа. Изгледа масивно и со голема абспорбциона моќ а тоа е најбитно. Во принцип треба да се надеваме што поскоро да ги мафнеме граничните премини кон сите соседи а не да се фортифицираме.
Трите дела веројатно се затоа што се работи за делница погледната кон автопатско поврзување тип детелина, кое по сите правила и прописи треба да се раздвои на минимум 4 ленти плус сервисните. 2 плус 1 во насока право и уште минимум 2 одвоени ленти за 2те вртења в десно на самата детелинка. Хрватите за разлика од нас не имровизираат. Тешко се разочарав кога видов колку непрофесионално е изведена нашата единствена (иако јас не ја рачунам за детелинка) а имено Хиподром. Но затоа во одделна тема. Сега новиот граничен премин Прешево на Српско-Македонската граница. Во очи ми паѓа што во Србија брзо се градат нови гранични премини, но под секакви стандарди. 1) Немаат цвртста градба, туку полициско-царинските служби се сместени во буквално контејнери за бродска шпедиција. 2) Иако се многу подобри од досегашните, сепак имаат вид на хангар или некакво складиште.
Автопатот Прешево-Лесовје кој демек беше отворен на 7ми Јули годинава и тоа во присуство на српскиот министер за инфраструктура воопшто не е завршен. 1) Нема банкини и соодветна автопатска сигнализација. 2) НИТУ ЕДЕН од автопатските излези или надвозници не е сеуште завршен, а некои сеуште се на ниво на столбови. 3) Допуштената брзина е 80км на час. 4) Лентата од север спрема југ е стариот пат, кој ниту е проширен ниту е реновиран. Навистина незнам со кој памет некој го пушти во сообраќај овој далеку незавршен автопат, во летните месеци, кога има најмногу возила и ствара огромна опасност, и тоа во присуство на високи владини лица...
Хаос на хрватските патишта, колони до 18 километри
Туристите
кои рано утринава тргнале кон јадранското крајбрежје направиле хаос на
патиштата. На обиколницата во Загреб, се возело во долги колони, но не
и на граничните премини во Хрватска.
Колоната на автопатот кај Лучко, утринава во девет часот била долга 18 километри, јавиле хрватските медиуми.
Според извештаите на Хрватскиот автоклуб (ХАК), утринава на
наплатната рампа Запрешиќ на автопатот А2 Загреб- Мацељ, во насока кон
Загреб, колоната била долга два километри, како и кај наплатните рампи
Света Хелена на излезот на автопатот А4 Загреб- Горичан и онаа во
насока кон Загреб.
Колоната на загрепската обиколница од Брегана била долга десет километри, а во смер на Ивања река околу 18 километри.
Патничкиот сообраќај бил засилен на сите поголеми гранични премини со Словенија, во двата правци.
На граничните премини со Србија исто така бил засилен патничкиот
сообраќај во двете насоки, а на граничниот премин Бајаково се чекало
околу два часа за помин преку границата, пренесува “Мондо”.
Ај тоа што имало колона добро, ама колку што гледам не се нашол никој "паметен" па да изнајде "практично" решение па силеџиски да пројде по трета лента.
Инаку што е со автопатов, зашто има три дела, или она крајно десно е некоја колекторска улица?!
Месечникот „Ле Монд дипломатик“ пишува за фараонскиот потфат кој имал цел да ги поврзе Тирана и Приштина и да ги развие економските односи меѓу Албанија и Косово, но би можело да ги маргинализира Албанците од Македонија.
Главната цел на
овај гигантски градежен потфат, кој треба да ги поврзе Косово и
Албанија без сомневање е развојот на економските односи меѓу нив, но
авторите на статијата во „Ле Монд Дипломатик“ во проектот гледаат и
чекор кон „Голема Албанија“. Ова нивно сомневање го поткрепуваат со
раѓањето на „втората албанска држава“ на Балканот – Косово, која го
оживува сонот за обединување на териториите на кои живеат Албанците. Се
разбира, во Тирана и Приштина категорично ги отфрлаат ваквите тврдења
и истакнуваат дека тие што го велат ова се против развојот на Косово и
Албанија. Фатмир Лимај, косовскиот министер за транспорт, нагласува
дека „проектот е со регионално значење и тој е во контекстот на
европската интеграција на Балканот“.
Трасата на автопатот
ќе треба да помине низ последните српски енклави околу Приштина,
терените околу главниот град стануваат атрактивни и албанските
инвеститори започнаа да ги купуваат овие терени. Српските села околу
престолнината на Косово се поврзани со паралелна мрежа на локални
патишта, а автопатот го загрозува опстанокот на овај „паралелен свет“ и
се заканува да го доврши етничкото чистење.
Од каде доаѓаат парите?
Едно
од прашањата кое најчесто се поставува во Албанија е – од каде доаѓаат
парите за гиганскиот зафат? Официјано грчката банка Алфа и‘ даде на
Албанија кредит од 300 милиони евра, но никој не знае со што
гарантирала албанската влада. Од друга страна, 65% од буџетот за
инвестиции на Албанија оди во министерството за транспорт, од чиј буџет
за изградбата на автопатот одат 75%. Ова е спротивно од препораките на
Светската банка, која советуваше да се инвестира во здравството и
образованието. Проектот веќе ја надминал цената од една милијарда евра
и во моментов, според францускиот месечник, најголемата корист ја има
изведувачот на работите, американското претпријатие „Бечтел“, кое
работи со маржа од 44 проценти.
Автопатот ќе ги фаворизира односите Албанинја - Косово
Со
поврзувањето на Приштина со Јадранското море, автопатот им нуди на
американските војници од базата Бондстил безбеден излез на море.
Подршката на САД на новиот пат се совпаѓа со нејзините стратешки цели.
Коридорот 8, напротив, предвиден во шемата на ЕУ, кој требаше да ги
поврзе Тирана со Скопје, напредува крајно споро. Американската подршка
беше одлучувачка за развој на патот кој ги поврзува двата сегменти на
албанската нација.
Според анализата на
„Ле Монде Дипломатик“, автопатот ќе ги фаворизира односите меѓу Косово
и Албанија, а како последица на ова Албанците во Македонија ќе бидат
маргинализрани. Во сложениот политички контекст на Македонија,
албанската заедница може повторно да се определи за радикалната опција,
со што ќе се потсети дека албанското прашање се поставува на регионално
ниво. „Засега се реализира само приближувањето на ’двете албански
држави на Балканот’, што автопатот може само да го забрза,“ пишува во
статијата на „Ле Монде Диопломатик“.
Почеток на работите на патот Ќафасан-Подградец Албанскиот
премиер вчера го инаугурираше почетокот на работите за реконструкција и
проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан - Подградец во
должина од 22 километри.
Според Бериша станува збор за битна
инвестиција за развој на туризмот во Подградец и другите населени места
на Охридското езеро во Албанија.
Патот ќе го потикне туризмот во
овој убав предел на Албанија нагласи Бериша, кој додаде дека во
наредниот период ќе започне и изградбата на колектор кај Лин и Поградец
за да се заштити езерото и животната средина /крај/мн/ил
Вест повторно со овој беден начин на привлекување внимание - листа на места каде треба да се придржуваш до ограничувањето на брзината поради радарска контрола. Само уште да допишат препорака дека ако не си во близина на некое место од листата, слободен си да возиш колку сакаш над ограничувањето и тогаш смислата на листата ќе биде целосна.
На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки
Од
пред извесно време на автопатиштата запираат и вршат радарска контрола
полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на
автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР.
Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за
контрола и патролирање на автопатиштата и само тие можат да запрат
возачи на автопат. Надвор од автопатиштата, во овој период кога
фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им
помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролираат во руралните и
урбаните средини.
Ова не ми беше јасно ни кога прв пат го објавија. Не верувам и не прави логика да е баш така без исклучоци, но не е за во нишкава...
Во Хрватска чувајте пари за патарина, а во Албанија за резервни гуми
Тие што заминаа
на годишен одмор во првиот бран веќе се на плажите, а на оние што
допрва ја бираат дестинацијата за одмор "Вест" им помага полесно да го
одберат местото за летување и побезбедно да стигнат до него
Тие
што заминаа на годишен одмор во првиот бран веќе се на плажите, а на
оние што допрва ја бираат дестинацијата за одмор "Вест" им помага
полесно да го одберат местото за летување и побезбедно да стигнат до
него. Со зголемувањето на фреквентноста во сообраќајот, особено
кон туристичките места, сообраќајната полиција неколкукратно ја зголеми
радарската контрола. Сообраќајните патроли стојат и на автопатиштата и
на споредните патишта, а најмногу ги има на опасните свиоци и кај т.н.
црни точки. Поради огромната фреквенција на возила кон Охрид и Преспа,
на автопатот Скопје - Гостивар има 24-часовна радарска контрола, а на
споредните патишта и во урбаните средини сообраќајната полиција е
засилена и со полицајци на мотори и скутери. Сообраќајната полиција
со новите специјални камери ги снима сите пречекорувања на брзината, а
МВР сега располага и со специјални камери кои се поставуваат на
полициските автомобили за снимање на други возила во движење. Во
Македонија се познати 30-ина места каде задолжително стои полиција и
лови со радар, но со почнувањето на туристичката сезона такви полициски
точки има речиси двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано
немало сообраќајна контрола. Во екот на сезоната, бројот на
туристи е сe поголем не само кон Охрид и кон Дојран, туку и кон
Албанија, Црна Гора, Бугарија и кон Грција. За да ви помогнеме за
снаоѓање на патиштата кога се во прашање радарите, казните за брзо
возење од 300 евра, како и како да стигнете побрзо и полесно до
саканата дестинација за летување без задржување по споредни патишта,
"Вест" направи летен туристички водич. Заедно со АМСМ и со МВР ги
забележавме радарските контроли, ги собравме најважните информации за
туристичко патување и изготвивме карти со најкусите патишта до местото
за одмор, а АМСМ ве советува, за да не чекате во колоните на граничните
патишта, да патувате ноќе и на премините да бидете најдоцна до пет
часот наутро или после 20 часот. Информациите што ги собравме
покажуваат дека Хрватска има најскапа патарина, а Албанија најлоши
патишта, освен новоизградените. Црногорците наплаќаат еколошка такса,
Бугарите вињетка, Турците примаат само лири, а Грците снимаат со радари
на патиштата, ама само домашни туристи. Во Македонија се познати
30-ина места каде задолжително стои полиција и лови со радар, но со
почнувањето на туристичката сезона такви полициски точки има речиси
двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано немало сообраќајна
контрола.
На излезот од Скопје кон Тетово, кај железниот мост пред Сарај. На тоа место е вистинска реткост да нема полиција Месност Ласкарци каде брзината е ограничена на 100 км/ч. Пред патот за Групчин каде е дозволено најмногу 100 км/ч. Ако има полиција кај Ласкарци, тогаш нема кај Групчин и обратно Пред или после бензинската пумпа "Петрол компани" Пред патот за Желино Беловиште
На патниот правец Тетово - Гостивар радарска контрола има кај: Клучките Боговиње, Камењане Село Неготино Врапчиште
Патен правец Гостивар - Кичево: На патниот правец Гостивар-Стража, пред свиокот за Маврово, кај каменоломите Кај Ново Село, полицијата стои скриена кај споменикот на НОБ Колари Пред Зајас На влезот во Кичево
Патен правец Кичево - Охрид: Село Извор Ботун Автобуската постојка за село Мешеишта Подмоље
Во овој период од годината радарските контроли се помалку застапени на патните правци во источниот дел на Македонија.
Радарски контроли на патиштата во источниот дел има: На патниот правец Скопје - Велес кај железничката станица Рајко Жинзифов, кај Башино Село, кај Ветерско и кај клучката Катланово На патот Штип - Радовиш, кај т.н. Осми километар, кај калдрмата Кај подвозникот пред влезот/излезот од Кочани од правец на Делчево Кај клучката кај Виница, на патот Кочани - Делчево Пехчево - Берово, кај село Смојмирово
На патниот правец Скопје - Табановце: ОКТА, кај приклучокот на автопатот Кај ОКТА (на враќање кај постојката) На крајот од автопатот кон Табановце
На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки
Од
пред извесно време на автопатиштата запираат и вршат радарска контрола
полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на
автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР.
Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за
контрола и патролирање на автопатиштата и само тие можат да запрат
возачи на автопат. Надвор од автопатиштата, во овој период кога
фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им
помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролираат во руралните и
урбаните средини.
Возачите бараат двојни знаци на автопатиштата
Возачите
кои секојдневно се на автопатиштата низ државава велат дека на ниедно
место на нашите автопатишта сообраќајните знаци не се соодветно
поставени. Тврдат дека треба да има по два исти знака на едно место,
едниот од десно, другиот од лево. "Ако јас возам по првата лента,
доволно е камион или автобус кој се движи по крајната десна бавна лента
да ми го скрие знакот и јас да не видам колку е ограничувањето на
брзината. Затоа ист таков знак треба да има и од левата страна", велат
возачите. Некои од нив тврдат дека врз таа основа на суд успеале да
ги побијат прекршочните пријави што полицијата им ги поднела за брзо
возење, а тие не го виделе знакот. Возачите велат и дека на
македонските патишта треба да има многу повеќе сообраќајни знаци,
особено оние за ограничување на брзината.
Грција
Туристите
од Македонија што избрале одморот да го поминат во Грција, најчесто
одат во туристичките места на Халкидики. Краците се популарни поради
близината, но и поради изобилството на апартмани и хотели кои што се
нудат во туристичките агенции. До Халкидики не се плаќа патарина, треба
само да се внимава на знаците со кои се ограничува брзината на
патиштата. Од неодамна на патиштата во Грција се поставени и радари кои
автоматски го регистрираат пречекорувањето на дозволената брзина. Но,
овие радари се наменети само за домашните возачи.
Хрватска
До
Хрватското приморје по копнен пат од Македонија може да се стигне преку
Косово и Црна Гора, преку Албанија или преку Србија која е најскапата
варијанта поради патарините, но најлесната
за возење, бидејќи речиси цело време патувањето е по автопат. Првите
две рути најчесто ги користат туристите кои сакаат да летуваат во Јужна
и Средна Далмација, а третата оние кои одат во Северна Далмација.
Албанија
Оние
што одлучиле летниот одмор да го поминат во градовите на албанското
приморје треба да се подготват дека ќе налетаат на штотуку асфалтирани
патни правци и на остатоци од патишта уште од времето на Енвер Хоџа. Албанската
полиција не ги казнува туристите за пребрзи возења. Сообраќајците само
со рака ги предупредуваат возачите кои не ги почитуваат ограничувањата
на брзината. Максималната дозволена брзина е од 60 до 90 км/ч дури
и на новоизградените автопатишта. Не смее да се вози побрзо бидејќи се
небезбедни. На автопатиштата освен автомобили и тешките товарни возила
има и запрежни коли, велосипеди и луѓе кои претрчуваат од една до друга
страна. Од оваа година направен е патот од Валона до Саранда и не се
препорачува да се оди преку Џирокастро, бидејќи патот сe уште не е
целосно направен.
Црна Гора и Србија
До
Црногорското приморје може да се стигне преку Косово и Србија, или
преку Албанија. И едната и другата рута не се за пофалба. Преку Косово
и Србија не постои автопат, туку само обичен пат кој бара огромна
концентрација и внимателност на возачот поради опасниот кањон Морача.
Варијантата за патување преку Албанија за скопјани и граѓаните од
Северна и Источна Македонија е подалечна, но побезбедна, посебно за
оние кои имаат страв од опасните свиоци што ги има во кањонот Морача.
Бугарија
Бугарија
станува се помодерна туристичка дестинација, но македонските туристи се
поретко се одлучуваат да патуваат до црноморското крајбрежје со
автомобил. Тие кои ќе се одлучат да одат со автомобил до Несебар, до
Бургас или до Варна треба да знаат дека во Бугарија нема класична
патарина туку се плаќа т.н. вињета односно налепница при влез во
државата. Вињетата и горивото на бензинските станици се плаќа во левови, иако Бугарите често наплаќаат и во евра. При
влез во Бугарија смеете да внесете најмногу 200 цигари, еден литар
алкохол, 4 литри вино, 500 грама кафе и само 50 милилитри парфем.
Турција
Иако
Турција е многу подалеку за до таму да се патува со автомобил, сепак
дел од македонските туристи се решаваат и на таков превоз. Патиштата во
Турција се во многу добра состојба, а сообраќајот е регулиран
беспрекорно и покрај тоа што Турците возат многу брзо. Патарините
во Турција се релативно евтини и се плаќаат исклучиво во турски лири.
Максималната брзина во населените места е 50 километри на час, а на
автопат е 120 километри на час. Најмалата дозволена брзина на автопат е
40 километри на час. При влез во Турција дозволено е да се внесат најмногу 200 цигари, еден литар алкохол и подароци во вредност до 300 евра.
Да, цената боде очи иако се работи само за дуплирање на постоечки пат и тоа по исклучително лесен терен. Дури и да нема позначајни објекти кои ја поскапуваат изградбата (надвозници и сл.), дури и да е воглавно по државно земјиште, пак е чудно.
За споредба кај нас сличен проект, 7,6km (Куманово-Табановце) не чини 11 милиони евра.
Србите ја пуштија во сообраќај делницата Прешево-Левосоје во должина од 21,5km
Ми изгледа дека се сериозно посветени на довршување и на другите делници помеѓу Ниш и нашата граница.
На клипов можете да го видите и Табановце со развиорено македонско знаме на еден од оние новопоставени џиновски јарболи.
Presevo, July 7, 2009 – Prime Minister Mirko Cvetkovic has opened the
new 21.5 km motorway section from Presevo to Levosoje, located on
Corridor 10 and leading toward the Macedonian border.
The ceremony, marking the first anniversary of this government’s term
in office, was attended by First Deputy Prime Minister and Minister of
the Interior Ivica Dacic, Deputy Prime Minister Jovan Krkobabic,
Minister of Infrastructure Milutin Mrkonjic, Minister of Trade and
Services Slobodan Milosavljevic, Minister of Public Administration and
Local Self-Government Milan Markovic, Minister for National Investment
Plan Verica Kalanovic, Minister of Human and Minority Rights Svetozar
Ciplic, Minister of Energy and Mining Petar Skundric, Minister without
Portfolio Sulejman Ugljanin and Minister of Telecommunications and
Information Society Jasna Matic as well as representatives of local
administrations and the constructors.
The works on this section took one year and cost €13.1 million. It is
the busiest section on Corridor 10, with around six million passengers
and over one million cargo vehicles per year.
The completion of Corridor 10 is in line with the decisions of the
National Council for Infrastructure and the government, whose priority
is the long-term development of the country.
The new section is expected to speed up traffic. The works were
performed by the road construction companies Beograd and Putevi Uzice.
A new, modern border crossing with Macedonia will be put into operation imminently.
Брзиов пат со сите објективни недостатоци кои ги наведе драстично ја подобрува ситуацијата во споредба со претходно. Готово целиот потег од Качаник до Приштина е населен до некое ниво и сообраќајот е огромен така да патот освен магистрала во голема мера мора да симулира и градска сообраќајница (затоа има и кружни текови веројатно, заради бројните вкрстување кои се некогаш и во повеќе од 4 насоки). Да не зборувам како е летно време со туристите кои транзитираат кон јадранското приморје и со косовската дијаспора која нагрнува тогаш. Се случувало на 10км од Приштина да чекам и по 40-50мин во гужва.
Брзиов пат датира од лани, мислам дека почна да се гради преклани. Претходно имаше на тоа место класичен магистрален пат со 2 ленти. И тогаш патот беше доста густо изграден од двете страни така што мене ми изгледаше дека е невозможно да се направи било какво проширување дури ни за една велосипедска патека но тоа сепак се случи. Дури е и импресивно како се случи, да имаше во Македонија толку разработени објекти и дуќани покрај пат не сум сигурен колку глатко ќе идеше едно такво проширување на нивни терен.
Е сега тргнувајќи од тоа дека невозможното еднаш го постигнаа, може да се надеваме дека ќе успеат уште еднаш при проширување на автопат од полн профил до Скопје. Но од секогаш ми изгледало како поверојатна опција дека автопатот би бил на паралелна траса. Количеството на сообраќај барем вака од око гарантира дека ПГДС условот би бил задоволен дури и за двете траси кога би постоеле паралелно. Верувам дека оваа опција би ги чинела и поевтино со оглед на тоа дека ~200м источно од постоечката траса има само празни полиња, а теренот е лесен така да изградбата не би требало да биде скапа.
Инаку според колегите од ССЦ, правецот во Скопје треба да се прошири на ниво на брз пат (2х2) се до Качаник до 2011 година. Првите 15на километри се веќе проширени, за оваа година треба да отпочнат работите до Урошевац. Иако не се работи за автопат од полн профил дефинитивно ја подобрува ситуацијата за нас. Доколку и ние би се з'гнале со нашиот дел би останал само делот на качаничката клисура кој е незгоден за градба но со оглед на тоа дека не се работи за повеќе од 15км не е страшно и да почека подобри времиња.
Според клипов што го најдов, овој брз пат воопшто не ме воодушеви (а и самото видео е лошо, што претпоставувам ги маскира поситните недостатоци). Лентите се ужасно тесни, кружните текови на вакви магистрални правци се неприфатливи, а што е најлошо, на многу места гледам дека нема услови во иднина да се надгради во автопат. Ова последново е и најлошо, бидејќи верувам дека сега прикрпуваат набрзина притиснати од околностите, но ако во иднина тоа не може да се корагира, тогаш можат да се очекуваат само перзистирачки лоши услови за одвивање на патен сообраќај помеѓу Скопје и Приштина.
pbanks, какви се твоите впечатоци за патов од прва рака?
Пробав да најдам материјали околу изградбата на коридор 10 во Србија. За оној дел што нас не интересира, граница-Лесковац за жал нема материјали но налетав на следнава информација.
Првите 21км после граница кои се градат веќе година-две се отвараат на 7 јули Тоа е фактички некаде до излезот за Прохор Пчински.
На есен почнува изградбата на следните 20км до Врање. Целата секција граница-Лесковац која треба да се надгради на ниво на автопат е некаде околу 100км.
Незнам каков е теренот во Косово, би требало да е лесен во поголемиот дел. 118км за цела дијагонала воопшто не е страшно брзо можат ова да го направат. Сепак ќе налетаат на слепо црево од едната страна бидејќи србите не планираат изградба на автопат во тој правец во скоро време.
Инаку според колегите од ССЦ, правецот во Скопје треба да се прошири на ниво на брз пат (2х2) се до Качаник до 2011 година. Првите 15на километри се веќе проширени, за оваа година треба да отпочнат работите до Урошевац. Иако не се работи за автопат од полн профил дефинитивно ја подобрува ситуацијата за нас. Доколку и ние би се з'гнале со нашиот дел би останал само делот на качаничката клисура кој е незгоден за градба но со оглед на тоа дека не се работи за повеќе од 15км не е страшно и да почека подобри времиња.
Косово ќе го продолжи автопатот Драч-Кукс до Мердаре
Косовските
власти синоќа претставија капитален проект за изградба на автопат од
границата со Албанија до границата со Србија, во должина од 118
километри.
Автопатот, претставува продолжение на големиот
проект кој речиси е завршен во Албанија - автопатот Драч - Морина,
вреден над милијарда евра, а во Косово ќе минува низ осум општини
вклучувајќи ја и самата престолнина Приштина, и ќе продолжи до
граничниот премин Мердаре со Србија, со што фактички ќе се спои со
Коридорот 10.
Коридорот, по кој се предвидува да минува
автопатот Врмица-Мердаре, косовското Собрание го прогласи зона од
посебен интерес за државата.
Автопатот Врмица -Мердаре ќе се
реализира според европските и меѓународните стандарди и со целосна
транспарентност, изјави претседавачот на косовскиот меѓуминистерски
Комитет за изградба на автопатот, министерот за транспорт и
телекомуникации, Фатмир Лимај, по вчерашната средба на Комитетот во кој
учествуваше и претставникот на Светската банка во Приштина, Ранџит
Најак.
„Целта е со асистенција на Светската банка да
гарантираме транспарентен процес, да гарантираме меѓународни стандарди
и според тоа што го предвидува СБ започнување на големиот проект,
автопатот“, изјави министерот Лимај.
Тој изјави дека во
моментот се разгледуваат начините за финансирање на автопатот, бидејќи
буџетот на Косово не е доволен за остварување на еден толку голем и
скап проект.
Претставникот на СБ во Приштина, Ранџит Најак, вети
дека Светската банка ќе ја продолжи тесната соработка со Министерството
и поддршката за остварување на овој голем проект.
„Сметам дека
првата работа што трева да се направи е создавањето на финансискиот
модел, врз основа на кој се предвидува изградбата на проектот. Воедно,
треба да одлучиме околу политиката и моделот, а потоа може да ги
истражуваме фондовите и износот колку ќе чини проектот. Овие одлуки
треба да се донесат во едно кратко време и ние ќе соработуваме тесно со
Министерството“, изјави Најак.
Експерти на косовското
министерство за транспорт и на СБ започна со пресметките на износот на
проектот, кој според една претходна студија изнесуваше над 600 милиони
евра.
Автопатот е вреден 2,77 милијарди евра, а ќе се гради седум години
Црногорската влада денеска ќе го потпише договорот за изградба на
еден од најкапиталните објекти изградени на нејзината територија. Со
конзорциумот „Конструктор“ од Хрватска, владата на Црна Гора ќе потпише
договор за изградба на автопат од Бар до Болјаре, долг 169 километри,
кој ќе го поврзе југот со северот на земјата. Вредноста на проектот е
2,77 милијарди евра, а објектот треба да биде завршен до октомври 2016
година.
Хрватскиот конзорциум во наредните седум години ќе
работи на исклучително компликуван проект. Треба да се гради многу
комплицирана траса, од чија должина дури 37 проценти отпаѓаат на
тунели, мостови и вијадукти. Проектот предвидува пробивање 48 тунели со
вкупна должина од 38,2 километра и изградба на дури 107 моста и
вијадукти со вкупно 22,5 километри.
Дел од автопатот ќе биде и пет километри долгиот мост преку Скадарското езеро.
Токму
комплексноста на проектот ја „ѕида“ и неговата вредност, која достига
фантастични 2,8 милијарди евра. Главната црногорска сообраќајница ќе се
гради според принципот на јавно-приватно партнерство. Хрватскиот
конзорциум формиран од сплитски „Конструктор инженеринг“ и загрепските
фирми ИГХ и „Техника“, покрај тоа што го проектира, ќе го гради,
финансира и одржува автопатот, со него ќе управува и во наредните 30
години, колку што ќе трае концесијата. Дел од изградбата ќе се
финансира и преку патарини, за дел е обезбеден кредит од Загребачка
банка, додека дел ќе финансира владата на Црна Гора, која само за
изградба на првата делница од автопатот издвои 100 милиони евра.
Со
реализацијата на овој капитален проект, сегашната сообраќајница стара
повеќе од 50 години ќе му отстапи место на модерен европски автопат.
(Б.А.)
Битен параметар кога се планира изградба/надградба на една делница.
Инаку убава илустрација со примерот на куќниот совет. Јас секогаш сум бил про европски настроен но искуството ме научило да бидам голем евроскептик. За жал.
Да немав потреба да те прашам што е ПГДС, немаше да надополнам ни следново, но кога веќе куцнав да докажам уште нешто
Очигледно онаа идеја за United Europe јас посрдечно сум ја сватил одколку што ја сватиле оние што ја пропагираат. Она што ни се дешава со куќните совети како најниско ниво на општествено организирање (нормално исклучувајчи го семејството како неопштествено), токму истото ни се пресликува и на макроскопско ниво. Попврво од петти кат ќе направиме посебни скали до пред зграда (макар колку тоа и да коштало), ама лифтот ќе ни седи расипан со децении и пак сите ќе се врти муабет низ комшилук "Абе треба да се поправи лифтот.....".
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum