build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 209>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Aug-2020 at 11:26
СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ СВРТЕНА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ПЛОШТАДОТ ЗА ДА НЕ СЕ ОДИ НИЗ ТРЕВА ДО НЕА

Екипи на Град Скопје, по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја дислоцираат спомен-плочата на Плоштад Македонија. За да има директен пристап до неа, а не да се газ по трева, сега таа се наоѓа во делот кај новоизведениот плочник, односно е свртена кон ресторанот „Пелистер“.

„За да обезбеди директен пристап плочата е свртена од другата страна, односно се наоѓа под трите дрвја насадени во нејзина чест. Изведен е нов постамент на кој ќе бидат поставени трите плочи напишани на македонски, албански и англиски јазик“, велат од Град Скопје.

Спомен-плочата на местото на куќата каде се родила Мајка Тереза стоеше свртена кон ТЦ „Сити галери“. Но, откако Град Скопје го изведе тревникот на местото каде требаше да се градат „Шпанските скали“, за да се стигне до неа требаше да се гази низ тревата. Од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ велеа дека со ваквото решение на плоштадот спомен-плочата е заробена и граѓаните немаат пристап до неа. Тие бараат од градоначалникот Петре Шилегов да обезбеди поплочен пат до плочата на Мајка Тереза.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/spomen-plochata-na-majka-tereza-vo-skopje-svrtena-od-drugata-strana-na-ploshtadot-za-da-ne-se-odi-niz-treva-do-nea/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 19-Aug-2020 at 11:03
Спомен плочата за куќата на Мајка Тереза, со ново, достоинствено решение.
Пристапна од новиот плочник на Плоштадот Македонија.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 17-Aug-2020 at 15:43
Спомен плочата на куќата на Мајка Тереза се преместува од страната на Пелистер



По налог на Град Скопје, екипа на ЈП „Улици и патишта“ вршат префрлање на спомен плочата на куќата на мајка Тереза на плоштадот „Македонија“.

Димче Петрушевски од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ за весникот ВЕЧЕР изјави дека и тие дале одобрение да се направи префрлање на трите спомен плочи кои досега гледаа кон тревникот и кон Теранова. Со тоа што новиот мермерен постамент е висок 60 сантиметри на кои ќе бидат ставени спомен плочите напишани на македонски, англиски и албански јазик ќе биде на 5 метри подалеку од сегашното место, поточно помеѓу трите борови дрвца и ќе гледа кон рестораните Пелистер и Ла Тераца.

– Преместувањето го одобривме во знакот на неизмерната љубов, солидарност и верба меѓу луѓето кои ги ширеше светицата. Работите треба да завршат за два – три дена и потоа тоа ќе биде многу убаво место за одбележување на 110- годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Новото одбележје треба свечено да биде пуштено на 26 август на денот кога е родена оваа светица – рече Петрушевски.

https://www.vecer.press/спомен-плочата-на-куќата-на-мајка-тере/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 15-Aug-2020 at 16:01
Па може малце е оф топик,ама кога се наметна темава,според мене,проблемот е што имаме премногу политичари,и се тера премногу политика во државава,последниве избори на пример беа добро освежување и шамар за партиите дека се прочитани,неинвентивни,досадни и лажливи. Страшно е што јас не ни знам еден прокет,нешто конкретно што еве овие што пак добија власт "ќе направат" или ќе лажат дека ќе направат Ко во лоша симулација да сме влезени,зомбифицирано е се.
За тоа што спомна 20-30 години некој да владее,па тоа е меч со две острици,посебно за нашиве неизживеани политичари,ако им дадеш премногу моќ забегуваат,и на секое едно добро,прават две лоши,односно штети работи. Конкретно Груевски love him or hate him имаше поддршка кај народот да владее за навек,ама политичките околности го зезнаа,се замери со луѓе со кои што не требаше да се замери,народ му вика доста споменици,тој не,инатот го однесе до крај.Економската политика од негово време се покажува како најуспешна,сакал некој да признае или не тоа си е негов проблем.

Лошото за нас,како македонски народ е што сме премногу поделени,а тек ќе се делиме кога станува збор за политика со оглед на брзо растешката популарност на левица која сигурно ќе им украде на дпмне неколку пратеници,сдс која додека има власт ќе има алатка за подмитување и поткуп,така да ќе си остане пата/пата работава. За владар,ете сега сме во нато и ќе мора да ги слушаме нашите партнери и да делуваме ко едно,нема тука дискусии и шврљање лево десно.

Ако живееме во светот на бајките убаво би било прво да се заврши со крупна политика и бришење на тоа што остана да се брише да се смени власта и ете со нов план за главниот град 2022 кога излегува таму, да се избрише се што е 50+ години старо,згради,бараки,зградичиња и да се замни со ново модерно и квалитетно,да се реши хаосот со јавниот превоз,со не знам подземни улици,жичари,што да не метро,значи било што само да е одвоено од сообраќајот,и да не е БАП...практично нов ск2014 без споменици и пластика,да се најмат странски професионалци да го нацртаат градов ко што треба зошто очигледно нас толку ни е капацитетот. Поентата на тоа би била,слична како и таа на ск2014 привлекување туристи,со оглед на тоа дека ние сме мала држава што нема природни ресурси,нема гас,нафта,море...мора да направи се за да го направи Скопје,Охрид ко модерна туристичка дестинација,дури не знам зошто нашите министри не форсираат:Мериот,Хилтон,Холидеј Ин...да отворат хотели во Охрид,Струга,Преспа,всушност знам ама ајде..

АМА ако живееме во реалноста,најверојатно тоа што е старо и згазено од влага(зградите) ќе добијат некое јакимовски/жерновски фарбање со бомбастични наслови дека сме добиле "енергетски ефикасни" згради ,куќите и дворовите ќе станат 7 катни Хантерси,место Менхетн ќе добиеме нови расадници,маџир маала, 0 отворени фабрики и работни места,и најсигурно од се ќе продолжи исселувањето од овде.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 15-Aug-2020 at 15:23
Ајде малце да се вклучам и јас во дебатава, зашто кај и да некој ќе ги спомене вонземјаните и космичкиот заговор против семакедонците Работам во близина, често на пауза или после работа седам во Жена-парк на пивце, и од она што го гледам е дека парков се претвори во прибежиште за бездомници, пијаници, наркомани и коцкари (да, среде бел дел група луѓе клекнати фрлаа коцка и држеа пари во рацете). И оттука можеби произлегува најглавниот проблем, овие луѓе тука јадат, тука пијат, некои тука и спијат и тука вршат нужда (поминете само да осетите како смрди покрај грмушките и дрвјата). Овој споменичен комплекс (кој, како прво, воопшто не требаше ни да биде тука, ама ајде, сега е доцна да се мрчи) е вандализиран, меѓу другото, и од вакви ликови.

За идеолошко-политичката страна и причина за неговата запуштеност не би зборувал, видете само што им се случи на повеќето социјалистички споменици по падот на комунизмот (паралелата е намерна).

Толку.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 15-Aug-2020 at 15:01
Проблемот е што не знаеме Македонија чива е. Лесно е во други држави што го поминале процесот како на пример Грција или Шпанија како граѓански војни и се знае после тоа на чива политичка страна припаѓа дрќавата и политичкиот живот иако организиран во повеќе партии, пак е на едн линија. Кај нас е премногу пата-пата ситуацијата и затоа е ова. Југославија беше јасно чива е, кој си ја освои и затоа имаше долг период на развој. Кина е јасно чива, Америка, Русија, Германија, Јапонија за сите е јасно. Е за Македонија не е. Мора едната политичка страна да надвладее сурово над другата и да се задржи таа ситуација неколку децении. Друг рецепт нема.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 15-Aug-2020 at 14:34
Чиста политика ти е ова друже,да и народов е несовесен,не му е гајле,нема пари,има милион грижи и проблеми,ќе скрши што случајно што намерно,ама за тоа треба некој да го најде вандалот и да го установи,еве гледаш како одма го најдоа тој што им запали на евн возила...ова е одржување јавен простор и си е домен на градот и државата. Плус ептен е проѕирно како буквално се што се изградило или се гради од претходно е оставено да се распадне,и потоа да се ликува и собира дневно политички поени.
Апсурдни цитати имаш кај што скап бил музејот на ВМРО/жртви на комунистиочкиот режим што е еден во цела држава за одржување а притоа секоја година се трошат милиони евра на вазелини,фстаци,сјо...итн итн.

Нема,имаме дупка во еволутивниот процес,ние како народ,зошто политичарите произлегуваат од народот,500 години турско и 50 години комунизам,не е мала работа. Да му умре козата на комшијата,па за другото здравје.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 15-Aug-2020 at 14:17
За вака да се испокрши и усере треба труд, не е ова случајно. Не можам да го сфатам поривот кај некои луѓе да уништат, да усмрдат, зарем хаосот им е помил од среденото, чистото.. И не е ова од политички опоненти, шиптари или грци, едноставно менталитетот на народов кој живее тука е одвратен. Го имам ова забележано насекаде, не само во Скопје и не само на споменици, туку и на клупи, скали, ѕидови, огради, мостови, на сите јавни површини. А ќе кажеш се работи за настрогиот дел на Скопје, па каде е таа полиција да реагира, што не стават камери па на баграта да и наплатат десеткратно, лесно е да се фрли вината на тој што треба да ги одржува објектите, но вандализиран објект не се одржува, туку треба да се поправи, па после тоа чува и одржува.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 15-Aug-2020 at 09:47
Нов споменик на негрижата и јавашлукот сјае во „Жена парк“



Сте биле ли скоро во некогаш популарниот „Жена парк“ кој е мала оаза меѓу ГТЦ и парламентот? Ние од редакцијата бевме и видовме дека оазата е преполнета со споменици, а многу од нив се ептен запуштени. Оној најголемиот, Споменикот на паднатите херои за Македонија е и најзапуштен. А тој е релативно нов.

Белиот мермер не е веќе така бел, па се повеќе наликува на запуштен објект од кој секој дигнал раце. А тоа е обележјето за оние кои ги жртвувале своите животи за татковината.

На секој од триде дела на компзицијата од споменикот направен во 2012 година и кој чинел 1,7 милиони евра се забележуваат оштетувањата. На првиот дел кој го симболизира „Светот на живите“ веќе се гледаат оштетувањата на скулптурата на Прометеј, додека вториот дел – на кој е претставен преминот помеѓу светот на живите и светот на вечноста – е во исклучително лоша состојба. Електричните светилки долж патеката се речиси сите оштетени, искорнати од лежиштата не функцинираат, патеката е потемнета, а мермерот на повеќе места оштетен. Третиот дел каде е Светот на вечноста веќе претворен во депонија во која доминира со години изгаснатиот вечен оган кој веќе никој нема намера да го поправи и е оставен да пропаѓа. Долниот дел од ротонда, пак, е центарот на депонијата во која се трупа валкана вода, шишиња, фрлени хартии и кои никој не ги чисти…

Очигледно е дека споменикот во кој до 2016 година редовно се прославуваше Денот на независноста е оставен на заборавот и дека пропаѓа. Патем, за одржување на овие споменици и фонтани постои договор меѓу Градот Скопје и општина Центар, потпишан од претходниците на актуелните градоначалници.

Можеби идеата е да имаме нов споменик – на негрижата и јавашлукот иако тоа го гледаме насекаде во Скопје.

https://skopskoeho.mk/nov-spomenik-na-negrizhata-i-javashlukot-sjae-vo-zhena-park
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 20-Jul-2020 at 16:26
Не може да очекуваш здраво општество кога навидум успешни луѓе се палат на идеите на Слободан Милошевиќ (дали злосторничкиот водач се презива Туѓман, Изетбеговиќ, Јашари, Тарчуловски, Мелас или Згдугго е небитно). Кога таквите идеи имаат поддршка од голем број луѓе, а од самото општество од кои потекнуваат нема сеопшта осуда (каква што има кај други општества), освен пропаст и поделби ништо друго нема.

За автохтоната музичка ѕвезда зборам (ама не оди на Косово да праи пари, у Англија праи), ме мрзи да ставам скриншот. И не сфаќаат дека нема разлика помеѓу нив, Милошевиќ и Мусолини. Сеа Косово ќе стане богата држава зашто стаила етно-националистичка сепаратистичка назадна слика на твитер.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 14-Jul-2020 at 12:12


Гитар токму тоа што сега немаме ние Национална ами граѓанска Држава тоа во однос Македонските Албанци не прави нерамноправни кои за своја си ја сметаат Албанија, ббидејќи да ја сметаа Македонија немаше да ја избегнуваат територијалноста Македонски, вака видено во костец нерамноправноста во однос споменичниот тренд, нас не не става во дефанзива културно туку не носи во ендек се’ повеќе на начин да самите Македонци ете бар пола однив кои имаат Национална Ориентацја наместо граѓанска се’ повеќе си ја презираат својта Татковина, што можам да кажам е еднакво на самоуништување бидејќи во случај на каков и да е иден Пожар токму Тие би скокнале во оган без око да им трепне, нели откако платените граѓански ориентирани спласнат со Волја За Слобода еве да речеме во случај на ww3 кога ко и во ww2 нема да се знае на балканиве ни кој што пие ни кој што јаде внатре во секоја Држава и меѓу своите, токму ова треба да е главен мотив да се бара што побрзо Еднаквост во однос ваквата реалност за да се амортизира бесчестието кое е фрлено врз Патриотите Загинатите Заборавените ... 


... сето ова се случи уште претходно кога при потпишувањето на ОД не се земаа во предвид сите овие ризици кои денес се нус ефект од овој спменичен тренд, кој ко што реков и’ неопходен е за Сите на некое ниво и во некоја форма, но вака стихијно да се тера е погрешно доколку Помирувањето е главна спона за натамошен Соживот, но без да се отвори Континуирана Научна Дебата преку која ќе се демистифицира 2001-ва нема ни да стигнеме колективно до Агенда За Соживот која сама по себе ќе наметне прифаќање и од страна на Македонските Албанци дека ваков споменичен тренд не допринесува за Соживот туку дополнително го раслабува, но кој да ја отпочне, смешно е што додека АлиА е во ДУИ не се турна ваква инерција Научно да се демистифицира воопшто зошто и која им била потребата на некои Македонски Албанци да се фатат за оружје доколку се знае дека војна се води за територии, конечно да се разбере како дошло до тоа да се префрли дрско пожарот од Косово во Македонија и покрај тоа што ние тогаш не им свртевме грб на Косовскиките Албанци, како да беше малку тоа та ни вратија со куршуми и бомби што им подадовме рака и не ја затворивме границата при при прогонот тогаш, а можевме и бар сега ќе имаше причина за 2001-ва, додека ова сега вака е вакум од разбирање за причините мотивите, бидејќи ако беа во прашање Национални Права на тоа Арбен Џафери уште одма му одговори на АлиА ова вие што го праевте со крв в Планина ние (читај ДПА) ќе го добиевме и без еден испукан куршум во Собрание, што чинам доколку и ова се земе во предвид во една таква Научна Дебата каде обострано ќе бидат фатени наоро и Македонски и Албански Научници но и Европски како амортизер за да нема повредени суети, дефакто така лесно и брзо лесно ќе се дојде до официјално сознание дека 2001-ва кај нас Небеше Војна предизвикана од Македонските или Косовските Албанци туку од дипстејтовци кои во случајот со Косово си имаа еден експеримент и нусефекти од истиот а во случајот со Македонија друг експеримент и нусефекти од истиот, мое мислење е дека сето тоа беше исфингирано за да америте си го исчистат Косово но и Босна воошто Балкан од муџахедините кои ги трупаа во последните балкански војни при распадот на сфрј, зар би си терале тие нато-бази на Косово а наоколу им се шетаат екстрим воени платеници!? точно дипстејтовци си го искористија вакумот во однос нашата дрскост кон Браќата Македонски Албанци и каков третман статус можности имаа во земјава, но дефакто тоа беше само маска, но ваквите мотиви не беа вистинската причина за 2001-ва, а доколку вака се демистифицира војната чинам и Сите ќе разбереме дека сме биле Жртви на нечиј туѓ спин, што сега откако државава е отанизирана не ни гледам опасност зошто така Научно да не се бара нзс како би ги надминале фрустрациите меѓесебно ...


... во ваков случај спомениците на она ќе бидат сведоштво за дипстејтовската манипулација на сите нас тука, што реално може да е болна вистина иако попролично катарзична сестрано, но доколку се правиме и понатака мутави на сите нивоа, така С нема да дочекаме од Соживот, а постојната толеранција се повеќе ќе не гетоизира во свои ровови единствено амортизирани преку властодршко-коалицирање, кое јасно кога и ако пукне ќе го продлабочува јазот и во однос толеранцијата а ова потенцијално како етникуми не фрла во конфликтни ситуации кои повторно може некој да си ги искористи за да си затера низ некој Пожар свои геополитичко-дипстејтовски експерименти, еден може иден е намерно потпалување балканското буре како би се создал контролиран хаос преку кој би се иницирала ww3, особено знаејќи дека нато е гарант на безбедноста од надворешна а не внатрешна нестабилност и ризици, фали уште да се остави вака ко до сега фејкбуковски да се пумпа дрско големоалбанскиот фолклор, а на сето тоа и самите Македонски Патриоти да наседнат и фрлат некако камен дрско провокативно терсене наопаку онака од ифрустрираност од инает, но среќа во несреќа е што сега националното ни е здраво ресетирано нам како Македонци па мнозина и ќе кренат раце, некои пак ко мене не се возбудуваат бидејќи и’ така знаат дека концептот Нација е масонско масло како појава па и нема потреба да паѓаат во тансоини од гневои, Но реално ова е ризик во однос Волјата за Слобода т.е. нејзино зачувување при даден склет натака! Сепак ваквите денационализирани околности се потенцијален бонус доколку успееме да се надраснеме а за тоа имаме акал, гледајќи на месонско-дипстејтовските геополитички балкански експерименти последниве два века како вишок,  така фокусирајќи се пред се’ кон Наднационална Православна Сплотеност денеска по европска инерција, иако тро запушено ет таму во моментов, но повторно тоа не не’ спречува тука по Мијачка Линија со Албанците да бараме нзс, но се’ додека вакиот вајб околу споменичарењево не биде надминат какви и да се обиди за НЗС По Соживот да се бараат ќе биде се потешкп, најчесто ко такви сведени на Индивидуална наместо Колективна Основа, евентуално ако политичките избори и административната поделба на функции не се разбира како сигурна спона, хм, штом таа пукне кој да задржи Народ во колосек, чим Народ нема други начини да амортизира таков ризик, од кој пак сме заложници во недоглед виа уцените дека ако не се коалицира со dui тоа не е почитување на волјата на Македонските Албанци Гласачи, но среќа во несреќа е да ваквото непишано правило за мнозински влади самата дуи го ресетира минатите избори, ама ај да ја видам утре која Македонска Партија би им свртела грб за по идеолошка основа да формира Влада ...

 

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 14-Jul-2020 at 10:56
Дискусијава не е за тука, моето мислење си е јасно и јас убаво се однесувам со моите сограѓани Албанци, ама ова е моја критика до нив, иако очигледно не смее ниту тоа повеќе, одма си прогласуван за екстремен националист.

Џоле убаво кажа, соживот треба од двете страни, а јас убаво напишав, ако едната страна си ги критикува и сопствените грешки, а другата не го прави тоа, тогаш очигледно некој нешто не сака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 14-Jul-2020 at 08:46
За соживот е потребна обострана волја, ако едната страна има волја за соживот, а другата си тера по свое (без разлика за која страна станува збор), не може да постои соживот во пракса. Впрочем, последниве две децении убаво го покажаа тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 14-Jul-2020 at 08:03
Originally posted by ehrlich

Мене изјавата дека сум на исто рамниште со другиот народ од 25,17% нема да ме навредува кога ќе видам припадник на тој народ за макар една работа во државава наша или глупост искажана од страна на нивен лидер (верски или политички) да даде КРИТИКА за тоа.


И дури се однесуваш така, ќе те мразат уште повеќе твоите сограѓани од таа друга националност кои СЕ НА ИСТО РАМНИШТЕ. Што предлагаш? Војна? Масовно протерување? Ти ако чекаш нивната свест да проработи, нема да дочекаш цел живот. Паметни лидери кројат тактики како да се справат со вакви нешта, а не само да делат тендери меѓу себе.


Originally posted by zabegan

не ви ја следам целата дискусија на темава, ама во контекст на првичните коментари на гитар:
кога се прави споменик базиран на поранешен воен конфликт, а треба да е посветен на жртвите, тогаш треба да е лишен од било какви национални симболи на било која од страните инволвирани
затоа што акцент треба да се стави на човечката загуба, а не на загубата на една страна... тогаш и ќе нема вакви распалени политички дискусии, туку фокусот ќе биде на тоа никогаш да не се повтори... се друго е само распалување на политички тензии, од кои профит имаат само политичарите


Сосем сум согласен. Јас не можам да кажам дека ги сакам Албанците, и затоа ниту ги бранам нив, ниту ОНА, ниту 2001, арно ама мора да сум реален. Од коментари како погорниот, и тие другите дека двојазичност во Пехчево ќе ја растури државата (или ќе ја суреди), не одиме никаде. Тој воз замина, и освен соживот друга опција нема. Тоа што можеме ние да го направиме е да го направиме соживотот пријатен, а не да шириме бајки дека Македонија била на Македонците, и дека народностите морале да зборуваат на македонски. Имате емпириски докази собирани преку 30 години дека не е точна теоријата.

За споменикот (кој за мене е само симбол на лагите на политичарите, кои не изградиле ништо од тоа што им рекле на своите гласачи), тој не мора да е орле, еве добра идеја подолу:

Originally posted by Staro Skopje


Орле во чест на ОНА не треба да има, но обичните луѓе (не водачите кои работеле само за себе!) може и треба да бидат комеморирани со спомен-плоча во нивните родни или погибни места, напишана на македонски, албански и англиски јазик и со знамето и грбот на Република Северна Македонија и знамето на нивната етничка група.


Никаде не беше спомнато орле, туку беше ставена слика од орле од друго село веројатно (затоа што овој споменик не постои, не знаеме каков е). Не дека немаше да биде орле, но ќе испадни дека сум го бранел орлето на крајот.

Final disclaimer: Ниту ги сакам, ниту ми требаат. Ама без разлика дали ги сакате или не, некогаш мора паметно да се игра за својот опстанок. Тактиките на ВМРО, на СДСМ и на Милошевиќ не работат (видовме во последните 30 години). Може да се проба нешто потолерантно за промена.

Edited by гитардемон - 14-Jul-2020 at 08:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 14-Jul-2020 at 02:10

како контра аргумент јас би го свртел муабетов на амортизирање наши фрустрации апропо ваквиот учк-споменичен- тренд, та ќе речам Во Општество Во Кое Безидејноста На Удбалитичарите Царува многу нормално е Народ да прибегнува кон разноразни утехи, во случајов фокус кон борба за еднаквост на мала врата, иако на крај добиваме вака парадокс да некој е поеднаков од другиот, доколку мерка треба да е еднаквоста во однос одбележување на загубените Животи во војната од 2001-ва, што може како заклучок е дрско рецнатно, но практично како беше завршена војната на ова се сведува "во најдобар случај"!

една деценија подоцна, сега како стојат работите, од оваа реалност не може да побегнеме, односно трендот не може да се заузда поинаку него да се бара од страна на Македонците рамноправност, ако не процентуална надменост во однос Обележување во Секое Родно Место На Бранител и на секоја Локација каде имало Цивилни Жртви да се крева Споменик Задолжително, поинаку негледам начин како да се смират кај сите страстите, а веќе еднаш засекогаш да се надмине постојаното рециклирање крвави спомени, Просто ова требаше уште одма при потпишувањето на Рамковнио Договор да се осуети правилно, а не сега ретроактивно, иако за волја на вистината Доколку Во Општествово на посеопфатно научно ниво пр. Историско Психолошко (Емоционално) и Хуманистички не се отпочне Дијалог по редовни Универзитетски Семинари нема ни да се извага некогаш што денеска треба да биде приоритет за да анимозитетот од војната кој не турна од Соживот кон Толеранција се надмине, во кој случај можеби како етнички заедници и ќе најдеме нзс дека дрско потсетување на тоа време не ни е потребно, особено што во недостаток на подобри економски околности вакво споменичење утре може некому да биде инспирација за фолклорот да го распали креативно по Системо, а така повторно може да дојдеме до конфликтни ризици кои Не Дај Боже може да предизвикаат повторно војна, што пак дополнително е осигурано како удбалитичарите помирувањето го сведоа на обезличен Македонски Национален Код, та малку фали како провокација да бидат нечии исфрустрирани тинејџерски провокации кои може да предизвикаат нетрпеливост, а да е посмешно некој однадвор тоа може и да го спинува така лесно доколку има некакви балкански-буре-барут мотиви, што како ризик реално и постои а како посотојано се закопуваме како етникуми рововски без воопшто да работиме на Сплотување и барање постојано Заеднички Културни Историски и Економски Точки!

она со наша споменична еднаквост, го изнесувам во правец колку приодот на проблемот може да биде аут0оф0д0бокс, а така да се надмине постојниот парадокс да воени споменици ни висат врз глава како дамоклов меч во однос Соживотот, иако практично ситуацијата е таква да враќање назад од овој споничен-тренд нема особено не сега откако удбалитичарите на милион нивоа ја промашија работата околу ескивирање идни ризици уште одма, можеби наместо да се пика истиот под тепих а се вади само предизборно спинерски, добро е да се отвори еден Институт за Македонско-Албански Односи за почеток, преку кој ќе се иницираат Проекти во однос Соживотот пр. Тематски Медиуми за Нашите Односи преку кои ќе се апострофира потребата да се закопа што подлабоко ваквото црно блиско минато на начин да постојат споменици но тие да бидат во форма на Паркови каде од птичја перспектива формално би се обележал даден момент, евентуално со Плоча на која би оделе Поетски Стихои, како во однос наште така и во однос нивните Плочи, додека ваквите споменици поселата и градовите во однос двата Етникума би завршиле во Приватни Музеи или Дворои! нормално дека со ова нема да се согласат ниту Македонци ниту Албанци веднаш, но ако ова успее некоја Невладина да го наметне како Риск-Фри Оимурувачки Бенчмарк виа преговорите со еу, шансите вакво нешто да види бел ден се реални, бидејќи во дадениов момент за поинакво ресетирање на дадениот тренд нема начин а тоа да не предизвика непотребни тензии кои постковидно рецесиски најмалку ко такви ќе и требаат на Македонија, Сепак Мора да се Дебатира, но смешно е што непостоејќи Институционални Универзитетски и Невладини еФоруми каде една ваква Дебата би терала Артикулирано Научно, за жал оваа тука на Народниов Урбан еФорум биднува фактор, дури на моменти си мислам дека од нас зависи дали Зеленио Бран Булеварски негде ќе го регулираат подобно на нашите забелешки, мислам ок ето за такви и не толку емотивни работи не би имал ништо против да се потпира некој на наши Народни Анализи, но за осетливи теми само тука да се дума емотивно бреј што треба ја да кажам Другарот На Братучед Ми кој заедно со Него беше во Транспортер и Загина треба на Караџица да му стаиме споменик Транспортер, а бидејќи на Братучед Ми му подизгорела раката треба и за Него еден Леонидас како едвај Жов самоизвлечен од заседа да му паркираат заради храброста во Битола, НО ако продолжи овој тренд кај Македонските Албанци негледам зошто и кај Етничките Македонци ова да не биде случај, Каде Со Ваков Памет!? смешно, но ако ова Општество е сведено на буткање под тепих проблеми, а нивно рециклурање тука или Не Дај Боже на фејкбук, тогај чуму сите оние Академици Универзитетски Професори Удбалитичари и што се не кркаат од Народен Буџет, за сеир да ни фаќаат бегајќи од одговорност која по самата функција им следува!? жалосно е доколку и понатака вака остане неправилно да се канализира енергијата во Народ наместо тоа да е затерано елоквентно стандардизирано посреди еОпштество, но во кое постојните удбалитичари се плапат да се впуштат за случајно да не почне многу што од под тепиг да излегува, Сепак Некој Ќе Мора Да Турне Инерција натака или ќе чекаме тивко малку по малку да се дозапусти од што останало од Македонија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 14-Jul-2020 at 00:12
не ви ја следам целата дискусија на темава, ама во контекст на првичните коментари на гитар:
кога се прави споменик базиран на поранешен воен конфликт, а треба да е посветен на жртвите, тогаш треба да е лишен од било какви национални симболи на било која од страните инволвирани
затоа што акцент треба да се стави на човечката загуба, а не на загубата на една страна... тогаш и ќе нема вакви распалени политички дискусии, туку фокусот ќе биде на тоа никогаш да не се повтори... се друго е само распалување на политички тензии, од кои профит имаат само политичарите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 13-Jul-2020 at 22:09
Мене изјавата дека сум на исто рамниште со другиот народ од 25,17% нема да ме навредува кога ќе видам припадник на тој народ за макар една работа во државава наша или глупост искажана од страна на нивен лидер (верски или политички) да даде КРИТИКА за тоа.

Инаку малку чиста логика: за пописот и бројноста многу е тешко да се предвиди, затоа што сите мислиме дека ние се иселуваме, но бидејќи јас со мојот точак сум влегол во бројни чисто албански средини, имам само да кажам дека таму бројност се само празните куќи, ништо повеќе. А самиот факт дека Албанците се помладо население од Македонците и дека многу семејства се целосно заминати, јас искрено не верувам дека го имаат истиот процент од 25% во државава.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Jul-2020 at 21:56
In b4 lock/->Меана. Набрзина нафрлени мисли и реплики, ме мрзи да ги спојам во течен напис.

Една од поголемите грешки на државава е поклонувањето на миЛошевиќ со Уставот од 1989 и неуспехот формално и политички да се создаде граѓанска мултиетничка држава во 1991, во која секоја индивидуа на прво место ќе биде еднаква, а на второ ќе ужива соодветни права како дел од одредена етничка група (како примарен основ на поделба и омраза кај нас), а потоа пол, ориентација, религија и сите други карактеристики. Ова доведе до 2001 и терористички напад од планинската банда на Ахмети која, вообичаено за сите слични движења, ги злоупотреби и перверзираше нерешените општествени проблеми, а потоа ги измами оштетените да се борат за продлабочување на џебовите на припадниците на планинската банда на Ахмети мислејќи дека се борат за нивните права.

До Рамковен договор воопшто не ни требаше да дојде, зашто одредбите кои од истиот произлегоа требаше да бидат дел од Уставот и законите носени со независноста во 1991. За жал, властите немале слух за создавање вистинска држава, на дел од мнозинството им одговара етношовинистичка и ретроградирдирана Маќедониа на Маќедонците, а зад најголемата немнозинска заедница застанаа злосторници (на кои речиси секогаш ги заболе таквото за проблемите на „нивните“ луѓе; ако Шкурте нема што да јаде денес ќе ѝ ветат двојазичност во Виница, а ако Илир не може да пополни документ на неговиот мајчин јазик, ќе го манипулираат дека сите него го мразат наместо да му пружат добар закон за јазици) и настанаа проблеми кои сѐ уште ги држат граѓаните во беда и назадност, но сепак многу помали и многу поодбиени од населението за разлика од остатокот од Балканот (и тоа не само во екс-Ју).

Слупчанчани нема да добијат леб ако стават орле сред село, и доколку тоа им е приоритет никогаш нема да создадат општество во кое ќе има леб за сите. Самите мора да се избават од удолната спирала на национализмот, а тоа ќе биде кога ќе му го свртат грбот на ДУИ затоа што самата кауза на ДУИ е ѓубре, а не затоа што не останале верни до крај на никаквата кауза! Од таквите никогаш нема да добијат леб (освен ако не станат партиски слуги). Сѐ додека се задојуваат со национализам нема да имаат леб, поради што повеќе ќе запаѓаат во национализам, па социјално и економски ќе тонат уште повеќе, па уште повеќе национализам и така до недоглед.

Единствено прифатлив е среднотраен граѓански етно-фокус (обиди кон таков помеѓу албанските политичари имаа претседателските кампањи на Селмани и Река) чиишто политички претставници ќе ги пронајдат вистинските проблеми кои (1) ги мачат луѓето од одредена етничка заедница поради нивната припадност на истата и (2) ги мачат сите граѓани на РСМ, вклучително (но можеби повеќе) и оние од етничката група која е нивен фокус, притоа обрнувајќи внимание и на постапките на одредени лица на таа етничка група или на навиките кои се распространети помеѓу нејзините припадници, а придонесуваат кон проблемите; ќе понудат конкретни решенија како тие проблеми да се решат, притоа почитувајќи ги правата на сите останати групи и државноста, градејќи мултиетничка (а не етно-националистичка сегрегирана) држава и избегнувајќи паралелизам (проблемот со новиот Закон за јазици).

Орле во чест на ОНА не треба да има, но обичните луѓе (не водачите кои работеле само за себе!) може и треба да бидат комеморирани со спомен-плоча во нивните родни или погибни места, напишана на македонски, албански и англиски јазик и со знамето и грбот на Република Северна Македонија и знамето на нивната етничка група.

Доколку ДУИ и ним сличните навистина се грижеа за Албанците, ќе изградеа улици и канализација во местата каде што живеат, ќе го подобреа јавниот превоз, јавната администрација (ништо добро не носат 1000 паразити!), ќе носеа фабрики, ќе градеа театри, ќе ја подобреа бизнис климата. Во отсуство на идеи и капацитет како тоа да се стори, не им преостанува ништо друго освен празни и штетни националистички слоган. Исто така тажни се реакциите на можноста Албанец да стане премиер, небаре само Македонец може да седи на Илинденска! Има стотици Албанци кои подобра работа ќе завршат од сегашниве владетели. А има многу што да се подобри (покрај инвестиции и подобрување на економијата, правдата, образованието, екологијата, инфраструктурата итн...): (1) Воведување на задолжителен предмет „јазици на немнозинските заедници“. Секој државјанин на РСМ треба да го знае македонскиот јазик, како општо средство за комуникација и англискиот јазик, како примарен светски јазик, а покрај тоа, треба да има познавања и од барем еден светски јазик (германски, француски или некој друг) и јазиците на немнозинските заедници (албански, туски, српско-босански, влашки и ромски). Зашто 7 јазика се многу, истите би се изучувале површно, а на учениците би им се овозможило изучување вон редовниот образовен процес доколку истите пројават интерес; (2) Остранување на поделбата во образовниот процес со мешани паралелки, размени на ученици и други иницијативи, како и ослободување на програмите и наставата од лаги и невистинити стереотипи; (3) Развој на мултиетничка култура. Колку Македонци слушаат албанска музика (освен светските ѕвезди Дуа Липа, Реџа, Ора и сл, кои и онака пеат на англиски)? Колку македонски драми има во театарот во Гостивар? Турските серии се синхноризирани, па јазик не може да се учи; нека ТВ куќите дадат алтернатива помеѓу синхноризација и превод; (4) Рамномерен регионален развој; (5) Промени во медиумите; (6) Намалување на насилство и хулиганизам, особено од млади навивачки групи; (7) Промени во партиите, вклучително и употреба на државното знаме од секоја партија и многу други работи. Владата донесе Стратегија за едно општество и мултикултурализам, но засега не гледам големи плодови од неа.

Зошто Шекеринска се сликала со симболи на кои не им е место во канцеларија на државен службеник не знам; тоа може да ѝ однесе подоста гласови, но нема да ѝ донесе ништо, зашто тие кои се палат на такви работи и онака ќе гласаат за ДУИ кримофашистичка, а не за нејзината партија, и ова нема да ги натера да заокружат друг број на гласачкото ливче. Но, дури и со таквиот потег СДСМ да биде гласачки во плус, истиот е недоличен зашто не треба да се калкулира со идолопоклонство и истиот е спротивен на заложбите кои нив ги донесоа на власт, па покажува дека или не веруваат во истите, или тотално не знаат како да ги исполнат. Правдањето на носителката на ИЕ5 е одлично и би било уште поодлично, најодлично, ако и самата се води по напишаното и ги прекорува партнерите кои не се водат по тоа: „2001 е далеку зад нас.Ја надминавме воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес,по 19 години,кога сме членка на НАТО. Во 2020 најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер.“

Најдобро за Македонија би било Ж, Аца Антиќ, Бачев, Села и нивните националистички здруженија да бидат убедливо одбиени од граѓаните (по што тие би исчезнале или целосно би се реформирале, сигурно кај ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата има таков потенцијал), а политичките ентитети како СДСМ кои тврдат дека се борат против национализмот да не слугуваат на националистичките испади на другите и да создаваат општество во кое индивидуата е на прво место (има интересни точки во нивната програма, пр. еднакви права и обврски за сите, кои мора да бидат повеќе од букви на хартија). Ама поголема веројатност има премиерот Љупчо Ристовски да го лансира првиот македонски сателит од Криволак. Или сепак не?

Можеби не би било луда идеја да се воведат етнички квоти на изборните листи. Ем ќе се отарасиме од етнички партии, ем ќе се види колку навистина ги интересира рамноправност. Се разбира, подобро би било да се организира опсежна дебата и да се увиди дали би било подобро етнички партии да бидат забранети со закон. А пореално е да се надеваме на промена во сегашниот систем - влез на Самоопределување и чистка од Ж во ДПМНЕ може да придонесат кон добро.

Македонија може да просперира само доколку се оттргне од етничкото; сегашнава стагнација не е чудо имајќи предвид дека скоро сите партии, неспособни да направат нешто се дерат националистички глупости. Наместо да бараат исправање на одредени проблеми кои ги засегаат етничките заедници преку ограничени етно-базирани решенија (како позитивна дискриминација) чијашто цел е создавање надетничко, а не етно-сегрегирано општество, тие (од сите етницитети) до бескрај излегуваат со нови глупости! Исто така, не може проблемите вечно во другиот да се бараат. „Неаме улици у Виница зашо шиптарите многу бараат“, „Албанците финансиски стојат полошо зашто критикување на споменик на ОНА е национализам“ и слични невистини само придонесуваат кон раздор и тапкање во место.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Jul-2020 at 20:15
Јас во интерес на дискусијава да не иде повеќе непотребно у погрешна вода, нема да реплицирам на наметнатата тема. Јебига, според мене многу погрешна перцепција за многу работи, ама да не ја ширам повеќе, нема да се разбереме уште 200 страни да начукаме.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 13-Jul-2020 at 19:41
Тоа што Македонците немаат друга држава, не значи дека оваа е на Македонците. Just because you want something to be true, doesn't make it true. Првиот чекор за решавање на еден проблем е да се признае постоењето на истиот. Пак ќе речам, и со лажирани пописи, Македонците пак не с(м)е повеќе од 70% во државава. Сингапур е држава на сите (иако Кинезите се мнозинство), зошто да не и Македонија? Јас знам зошто. Оти сме племе балканско, и ние, и Албанците наши.

Поентата ми беше дека не е крив човекот што очекува споменик. Небаре не е изграден оти имаме правна држава и не дозволуваме ние патриотите споменици на УЧК... Не, не е изграден оти ДУИ лапа тендери наместо да гради тоа што ветило. Не е само споменикот, и патот и училиштето и канализацијата се. Е кога ќе ги нема тие таквите како Али на власт, кога малцинствата во Македонија ќе имаат подобар живот (наместо да се демонизираат на секој чекор од обичниот Македонец) тогаш ќе престанат да мислат на пушки и сецесии.

Edited by гитардемон - 13-Jul-2020 at 19:42
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.676 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.