![]() |
![]() |
![]() |
Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 58> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Подземниот тунел кај „Лимак“ ќе овозможи пешачка зона во Скопје
Во моментов се прави студија за движење на возилата во малиот и средниот ринг, која што ќе покаже кога најфрекфентната улица во Скопје ќе може да се претвори во пешачка зона, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и најави дека Градот до средината на наредната година ќе започне инфраструктурно да ја поврзува подземната сообраќајница која ја гради Лимак Скопје и која е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“. – Со овој проект, како и со отворањето на коридорот преку мостот на АСНОМ до „Мавровка“ за граѓаните на Лисиче и Аеродором, верува дека до крајот на 2023 во центарот на градот ќе има пешачка зона. Она што вие не го гледате во моментов, а тоа се одвива, е изработката на тунелот под Старата железничка станица, а ние како Град Скопје некаде на средината на следната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел кој ја поврзува Иво Лола Рибар, односно Васил Гологанов со Кисела Вода, рече Шилегов. Според него овие проекти ќе овозможат низ актуелниот Мал Ринг граѓаните да се движат без сообраќај. – Правиме стратешки развој на инфраструктурата. Исто така поврзувањето на Аеродром со Кисела Вода преку пробивањето на новата улица Есенинова која ќе почнува од Кисела Вода кај „Рампа“ покрај пругата кон амбулантата “Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во општина Аеродром, ќе го олесни движењето на возилата во градот. Затоа сметам дека не смееме да избрзуваме со новата рута, туку решението за пешачка зона во центарот на градот да биде резултат на стратешки развој за инфраструктура, рече Шилегов. Најфреквентната улица „Рекорд“ ќе биде само делумно затворена за сообраќај и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз. – По примерот на современите европски метрополи, каде што трамвајот и автобускиот превоз поминуваат во градското јадро, и во Скопје басрапид транзитот ќе биде единствениот вид на превоз кој ќе сообраќа во центарот на градот. Тоа што треба да го знаеме е дека нема да има никакви избрзани сообраќајни решенија. Ослободувањето на „Рекорд“ од автомобили ќе оди паралелно со имплементацијата на басрапид транзитот, односно во тој момент кога ќе се изведе, и ќе се преструктуира таа улица од сообраќајница во пешачка зона, објасни Шилегов. https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-podzemniot-tunel-kaj-limak-ke-ovozmozhi-peshachka-zona-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Не ви е као навреда што се нафаќате на евтини предизборни ветувања?
Братот ќе трча за втор мандат со садење грмушки и поставување колчиња... |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Факт е дека треба да се затвори Рекорд за автомобили но тешко дека ќе ни се намалат возилата во градот. Единствено ако се направат добри велосипедски патеки поврзани од секаде, е тогаш може да им текне на луѓево дека не им треба кола за на кафе да одат пред зграда
![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Не знаеш ти, тоа што ќе се затвори Рекорд ќе ги демотивира луѓето да возат автомобили и нема да има потреба ни од тунели, ни од булевари.
![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ова може да стане пешачка зона само кога ќе се направи тунел од раскрсницата кај Веро/Народна банка до Партизанска/Илинденска.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улицата кај „Рекорд“ ќе биде претворена во пешачка зона
Пред крајот од својот мандат скопскиот градоначалник Петре Шилегов повторно ја актуелизираше идејата, главната улица во центарот на градот, покрај Рекорд, да биде пешачка зона. Овој план Шилегов го најавува за 2023 година кога е предвидено на скопските улици да возат и брзите автобуси. Градоначалникот тврди дека затворањето за сообраќај од Триумфалната порта до Ловец, нема да направи дополнителен метеж во сообраќајот во централното градско подрачје. „Дефинитивно нема да има дополнителен хаос. Значи., апсолутно таму може да се направи целосен проод на тој коридор и воопшто нема да има потреба од грижа“, рече Шилегов. Граѓаните велат дека идејата е добра, но стравуваат дека гужвите ќе бидат неизбежни, а учесниците во сообраќајот ќе бидат нервозни и напнати додека возат низ центарот на Скопје. „Негативно, јас мислам дека нема да биде изводливо тоа.“ „Јас мислам дека нема да биде изводливо. Многу коли се и ќе нема каде да се паркираат, нема паркинг места“, рекоа жителите. Целта на овој проект според локалните власти е на граѓаните да им бидат овозможени алтернативни начини на движење, а автомобилите да се стават во втор план. Но, многу често кога улица во центарот на Скопје е затворена за сообраќај, се случува тотален колапс во сообраќајот. А, скопјани веќе навикнаа да возат во тотален хаос кога во центарот на главниот град се одржува некој протест, демонстрација или пак, главната сообраќајна артерија е затворена поради друга причина. Локалните власти засега не откриваат која ќе биде алтернативата на улицата кај Рекорд. Дали постоечките булевари ќе станат еднонасочни улици. Централното градско јадро да биде пешачка зона, Шилегов најави уште пред три години. Но, освен ова, како еден од поголемите проекти се најавуваше и тунел под скопското Кале, кој требаше да ги поврзува булеварот Климент Охридски кој поминува близу владината зграда со познатата пластичарска улица. Но, засега ова е далеку од почеток на реализација. https://alsat.mk/mk/ulitsata-kaj-rekord-ke-bide-pretvorena-vo-peshachka-zona/ |
|
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улицата кај „Рекорд“ до 2023 ќе стане најголема пешачка зона, најавува Шилегов
Улицата кај „Рекорд“ која е една од најфрекфентните улици во Скопје, ќе биде достапна само за пешаци и за брзиот автобуски превоз, а според најавите, автомобилите нема да пречат ниту од Стара Железничка па се до Бит пазар. Според планот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со имплементирање на првата фаза од најавениот брз автобуски превоз ќе се затворат булеварите „11-ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ од Собрание до Стар Ловец. Шилегов најави дека овој потег би требало да стане пешачка зона некаде кон крајот на 2023 година. Тој вели дека низ малиот ринг ќе биде дозволено исклучиво движење на возилата од брзиот автобуски превоз, противпожарните и амбулантските возила. „Со почеток на имплементација на бас-рапид транзитот, таму ќе биде дозволено движењето само на овие и на противпожарните и амбулантските возила. Останатиот вид на сообраќај ќе мора да се дисперзира по средниот ринг. Мораме да одиме паралелно со тие димензии, затоа што мораме да дадеме и алтернативен начин на граѓаните за движење низ центарот, па да го затвориме авто-сообраќај и тоа како стратешка цел на нашиот град ќе се имплементира заедно со првата фаза на бас-рапид транзитот“, вели Шилегов. Со ова, Шилегов уверува дека Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа. https://360stepeni.mk/ulitsata-kaj-rekord-do-2023-godina-ke-stane-najgolema-peshachka-zona-najavuva-shilegov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ГРАДАТ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ НА 4-ТИ ЈУЛИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ започнаа со изградба на пешачки патеки на дел од улицата 4-ти Јули во Ѓорче Петров каде претходно немаше пешачка патека ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се реконструира Римски пат до локалитетот Хераклеја Линкестис
![]() Градоначалничката на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните работи и реконструкцијата на Римски пат кој води до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. На пристапниот пат, согласно новиот проект, отстранет е асфалтот од коловозот и тој е заменет со коцка од гранитен камен заради автентичност и, исто така, на пристапот до локалитетот од поситен гранитен камен ќе има пешачката патека, осветлена со фотоволтаични светилки по целата должина до влезот на локалитетот Хераклеја Линкестис. Градежните зафати на оваа локација се во рамки на проектот Смарт-кул-тур, кој се реализира во рамки на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за периодот 2014- 2020. Општина Битола како водечки партнер во проектот врши реконструкција на пристапниот т.н. „Римски пат“ до локалитетот. Цел на проектот е да го зголеми квалитетот на туристичката понуда на поширокиот регион, почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. https://frontline.mk/2021/04/13/se-rekonstruira-rimski-pat-do-lokalitetot-herakle-a-linkestis/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па уште и фази имало
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе светне новото корзо
![]() Педесет столбови минатата недела се исправија долж пешачката патека на новото корзо во Ѓорче Петров. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, неделава треба да се домонтираат уште пет метални столбови на амфитеатарот, при што остануваат да се монтираат централниот столб и подните светилки на плочникот. -Од понеделник планираме да ја монтираме главната табла и да се почне со поврзување на столбовите и да се пуштат метални сајли од 4 милиметри, кои ќе бидат наменети за монтирање на централното осветлување на пешачката патека и амфитеатарот. За тоа кога конечно и свечено ќе биде отворено новото корзо во Ѓорче Петров од Општината велат дека датумот ќе го знаат штом целосно ќе се заврши со осветлувањето. -Се работи интензивно. Работиме во услови на пандемија со корона вирусот. Се ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата. Неблагодарно е во ваква ситуација да се кажува – велат општинските власти Како што најавуваа од Општината уште на почетокот на реализацијата на овој проект, корзото треба да биде осветлено со ново висечко осветлување и нема да има канделабри. Со тоа, тогаш истакнаа од Општината дека сакаат да го обележат влезот на Скопје. Првата фаза од проектот, се состоеше во расчистување на теренот, при што се отстрануваа калдрмата и бетонските елементи од тротоарите, а истовремено се поставуваше и подземна инсталација, но се нивелираше и земјиштето. За правата фаза од општинскиот буџет беа издвоени околу 6 милиони денари. За втората фаза, Општината обезбеди средства, поточно грант од Светската банка за обнова и развој во износ од 450.000 евра, а се состоеше во поплочување на сè што се прави како ископ и изработка на урбана опрема во хоризонтала. Третата фаза е изведба на две бутки и реконструкција на постојното детско игралиште, но со нови реквизити приспособени и за деца со посебни потреби. Инаку, градежната локација е со површина од 6.500 квадратни метри и во себе опфаќа повеќе целини кои треба да создадат атрактивна јавна површина. Изградбата на корзото започна во првата половина на јули 2019 година. https://www.vecer.press/ќе-светне-новото-корзо/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сквер Јадран
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Да, за жал. Ама ако не се способни да направат подземен паркинг со парк, тогаш дефинитивно се тотално неспособни (без разлика кој е).
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Помислив на тревникот ама како тргнало попрво ќе бидне зграда или сив сквер отколку корисен подземен паркинг простор.Во принцип не градат таква комбинација на подземни паркинзи а горе парк туку во најдобра ситуација ќе го уништат тревникот за да изградат катна гаража или монтажен паркинг.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Овој проблем е многу лесно решлив (од поглед на простор), доволно е само еден подземен паркинг на две нивоа, а над паркингот да си остане веќепостоечката зелена површина, која би можела и дополнително да се уреди. Не верувам и дека би бил некој голем трошок за општина како Аеродром.
![]() Извор: Google Maps Edited by skopskodete - 13-Feb-2021 at 14:17 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Треба големи промени ама се чини никому не му смета,минувам по оваа улица скоро секој ден и е невиден хаос
Накратко ситуацијата 1.од поликлиника Медика Плус која е на почетокот од улицата и која нема едно единствено свое паркинг место дневно има 100-тина клиенти+авто школи(уверенија) така да на сред улица оставаат неколку коли "за кратко" а ги нема по пола саат 2.Сите добавувачи за дуќаните во ТЦ Скопјанка тука се истовараат со пикапи и камиончиња(кога немаше столбчиња се движеа по велопатеката и ок им беше ама сега кога ставија почнаа да оставаат коли по сред улица) 3.Пешаци/велосипедисти се движат рандом кој како се снајде. 4.Пола од возилата паркирани по тротоарите лево-десно висат над улицата(претежно каравани и поголеми џипови) 5.Кај ПИОМ не сакам ни да коментирам невиден хаос,едноставно нема паркинг а институцијата дневно ја посетуваат 100-тици клиенти. Решение се или монтажни паркинзи на некој од постојните паркинзи кај кулите или катна гаража на 3-4 ката се друго би било илузија и промашено. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Јас уште еднаш ќе речам - имам одено во голем број на отепани земји, многу поотепани од нашата, и дури и во најзаостанатите немам видено возила на тротоар. Во земјите со сообраќаен хаос, возилата паркираат на трета, втора па и прва лента (како на пластичарска), ама на тротоар немам видено ни во Нигерија ни во Бангладеш.
Мене апсолутно не ми е јасно како им дошло на нашите возачи да паркираат на тротоар. Демек ај да не блокираме сообраќајни ленти, ама може пешачки? Единствено објаснување ми е дека во сите овие никакви земји во кои сум бил, има десетици илјади луѓе и на коловоз и на тротоар во секој даден момент бидејќи се пренаселени (ем има секакви продавачи по улици), и возилата и да сакаат не можат по тротоари, а кај нас бидејќи сме една шака луѓе возилата и по плоштади возат. Edited by гитардемон - 13-Feb-2021 at 12:06 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 58> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |