![]() |
![]() |
![]() |
Рудници и рудни богатства |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 13> |
Author | |||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
СЕ РЕСТАРТИРА НАЈГОЛЕМИОТ РУДНИK ЗА ЖЕЛЕЗО ВО ЗЕМЈАТА Резервите во „Тајмиште“ повторно интересни За рудникот, кој беше затворен пред 20 години, се интересирале компании од Турција, Индија, Русија, Украина, Норвешка и една наша фирма
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01F4152438379146A0A1C61DED11F6F3 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Огражден ќе стане најголем рудник на злато Кај струмичкото село Иловица се кријат резерви од 505 милиони тони бакарна и златна руда Иван Бојаџиски |
|||||||
![]() |
|||||||
anti-modernista1 ![]() Newbie ![]() Joined: 01-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
||||||
ne znam so koj pamet se prodavat vakvi resursi koga trebat da ostanat vo drzavni race i na ovoj, izvini za off-topic..
![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Поништен тендерот за продажба на Тајмиште поради голем интерес на странски компанииТендерот за продажба на рудникот Тајмиште поништен. Според првичните информации надлежните институции на овој чекор се одлучиле од две причини. ![]()
Прво,
неочекувано за реактивирање на рудникот има голем интерес од познати
странски компании. Тие бараат почетната цена да биде повисока од
утврдената во поништениот тендер кој заврши на 4 овој месец.
07.05.2012, 18:20
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=90983 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Како да профитира државата од рудникот кај Иловица?!Катерина ПопоскаЕкспертите
потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот
инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го
ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е
најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим ![]() фото: Филип Поповски Државата не сме да дозволи потенцијалниот инвеститор во рудникот кај Иловица да профитира на штета на државата, предупредуваат геолозите и рударските експерти. Откако „Капитал“ неодамна ги обелодени ексклузивните информаци од десетгодишното истражување на рудното богатство под Огражден, експертите алармираат дека Владата мора да води сметка за државните интереси при издавањето концесија за експлоатација на најмалку 790.000 тони бакар и 130 тони злато кај Иловица. Во спротивно, штетите ќе се бројат во милијарди евра. Според сегашните цени на бакарот и на златото на светските берзи, ова македонско Елдорадо „тежи“ неверојатни 10 милијарди евра! Експертите потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим. Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, Александар Димитров, за „Капитал“ предупредува на можните грешки при давањето под концесија на рудникот кај Иловица, за да избегне склучување на „штетен договор“ за македонската економија. Внимателно со издавањето дозвола за експлоатација на рудникот во Босилово, порачува Димитров, кој додава дека токму од начинот на експлоатација на рудното богатство кај Иловица и од видот на дозволата ќе зависи колку ќе профитира Македонија на подолг рок. „Државата треба да го обврзе инвеститорот да го затвори целиот циклус на производство на катоден чист бакар - од ископ на руда и производство на бакарен концентрат до негова преработка, до метален бакар и метално злато и производство на финални производи, како бакарни жица, бакарни кабли, трансформатори, електромотори и многу други производи од бакар и бакарни легури. Многу е важно при доделувањето на дозволата да се инсистира, односно во договорот инвеститорот да се обврзе дека во текот на експлоатацијата на рудникот и изградбата на производните капацитети ќе ги примени највисоките стандарди за заштита на животната средина. Само на овој начин во околината на Струмица, покрај рудникот, ќе се изградат фабрики во кои директно ќе се вработат неколку илјади работници, а индиректно во Струмичко и во цела Македонија за овие фабрики ќе работат неколку десетици илјади работници. Ова е важно затоа што искуството покажува дека ако на самиот почеток не се постават овие правила, тогаш може да ни се повторат катастрофалните грешки направени со изградбата на некои индустриски капацитети во минатото“, оценува Димитров. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, обелодени дека канадскиот инвестициски фонд Еуромакс веќе е во постапка за добивање концесија за експлоатација на рудното богатство кај Иловица. Оттаму потврдуват дека веќе ги скенираат сите информации од целокупниот извештај на Фелпс Доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко, а веќе од лани е сопственост токму на канадски Еуромакс. „При дупчењето на првата дупка резултатите вклучуваат 345 метри бакар со концентрација од 0,24% и злато во износ од 0,32 грама на тон, како и 153 метри концентрации на бакар од 0,3% и злато во износ од 0,45 грама на тон. Во втората дупка, која се наоѓа на јужниот дел од наоѓалиштето, е откриена 413,6 метри сулфидна минерализација до нивото од 0,19% бакар и 0,20 грама злато на тон“, пишува во извештајот на Еуромакс. Иако
потенцијалниот инвеститор во Иловица, Еуромакс, не кажува колку би ги
чинело отворањето на надворешен ископ на рудата, анализирано според
досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, познавачите проценуваат
дека отворањето рудно окно и фабрика за производство на бакар би чинело
околу 700 милиони евра. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83583/kako_da_profitira_drzhavata_od_rudnikot_kaj_ilovica_!.aspx?iId=2717 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Американци и Руси фрлија око на македонското рудно богатство
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42412912144&id=10&prilog=0&setIzdanie=22563 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Пет инвеститори во трка за кичевско Тајмиште
Една индиска, две турски и две домашни компании се во трка за кичевскиот рудник за железна руда Тајмиште. Овие потенцијални инвеститори веќе подигнале тендерска документација со намера да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште. Од Министерството за економија очекуваат тендерска документација да подигнат и инвеститори од Русија, Холандија, Велика Британија и од Бразил. Според информации од Министерството, од инвеститорот ќе се услови и да изгради фабрика до рудникот и во првите три години да вработи до 2.000 луѓе. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие околу 150 милиони тони висококвалитетна железна руда, доволни за рудникот да работи во следните 30 години. Проценките се дека резервите на железна руда гарантираат експлоатација во следните 100 години. Тајмиште не работи веќе 15 години. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83187/koj_e_euromaks,_potencijalniot_investitor_vo_ilovica_!.aspx?iId=2705 |
|||||||
![]() |
|||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||
Капитал“ дознава:
Ќе се вадат 790.000 тони бакар и 130 тони злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!Катерина Попоска![]() Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на минералните суровини „Во југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Тоа ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, селаните велат и дека се откриле и количества ураниум“, изјавуваат за „Капитал“ жители на Иловица Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден с$ уште не се обелоденуваат во јавноста. Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица. Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо. Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ?Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра. „Овој проект Ќе биде многу значаен за целиот регион, бидејќи се најавува една од најголемите инвестиции во рударството од осамостојувањето на државата. Можеби инвестицијата ќе достигне и 700 милиони евра, меѓутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално. Тука се очекуваат и голем број вработувања, директни и индиректни“, неодамна изјави градоначалникот Колев. отворив нова тема не сум сигурен дали има во друга нишка. Ова ке биди добар поктик за Мак економија.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Австралискиот партнер на „Силекс“ за истражување на злато и бакар ќе добие нов газдаАвстралиската компанија за истражување на руди „Кленси Експлорејшн“ лансираше понуда за купување на помалата рударска компанија „Џенезис Рисорсис,“ чие седиште е, исто така, на австралискиот континент. „Џенезис“ спаѓа во групата на мали компании за истражување на руди (junior miner). Ваквите рударски компании по правило се занимаваат само со истражување, но не и со експлоатација. Откако ќе откријат богато наоѓалиште, тие го продаваат или самото наоѓалиште или правата за понтамошно истражување и/или експлоатација на големите мултинационални рударски компании. „Кленси“ минатата недела понуди 8 австралиски центи по акција за „Џенезис“, кои би ги платила со сопствените акции, значи не во кеш, при што со оваа понуда помалата компанија е проценета на 4,2 милиони австралиски долари. Акциите на „Џенезис“ на берзата, инаку, чинеа 6,8 австралиски центи. Во изјавата по повод лансирањето на понудата „Кленси“ објасни дека смета оти има техничка експертиза и пристап до финансиски ресурси кои се потребни рапидно да се забрзаат токму истражувачките работи во рамките на проектот за истражување на бакар и злато на Плавица во близина на Кратово, кој го работи „Џенезис“ во соработка со „Силекс“ од Кратово. „Кленси“, исто така, додава и дека овој проект е комплементарен со проектите што компанијата ги работи во Нов Јужен Велс. Новата комбинирана компанија би имала значителен бизнис во областа на истражувањето на рудите со проекти во Квинсленд и Северната територија на Австралија, како и во Европа. „Џенезис“ се уште нема одговорено на понудата. Точно пред една година „Џенезис рисорсис“ ја објави својата проценка за нова и дотогаш неексплоатирана жила на метали проценети во износи од 45,4 тони злато и 8.000 тони сребро во рамките на својот проект во близина на месноста Плавица во општина Кратово, а пренесе американскиот неделник за рударство „Mining Weekly“, според соопштение на компанијата. Тоа беше прва процена направена во месноста Плавица според правилата на меѓународниот Заеднички комитет за резерви на руда. Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од 14.787 тони бакар со просечна чистота од 0,28 отсто. „Џенезис“ го потпиша договорот со „Силекс“ во декември 2007 година за концесиите врз Плавица и Црн Врв, месности во близина на Кратово, кои официјално беа доделени од страна на Министерството за економија на владата на РМ. Во рамките на договорот меѓу двете компании, интересот на „Џенезис“ изнесува 62 отсто и компанијата целосно го финансира истражувањето и студијата за економска оправданост, а исто така и управува со сите операции во рамките на проектот. Остатокот од проектот е на „Силекс.“ Самиот проект, пак, е составен од две лиценци за истражување кои покриваат околу 200 квадратни километри во карпатскиот вулкански лак, сегмент кој поминува низ Југоисточна Европа и има огромни потенцијали за откривање на минерализација на злато, бакар и сребро. http://www.plusinfo.mk/vest/40922/Avstraliskiot-partner-na-Sileks-za-istrazhuvanje-na-zlato-i-bakar-kje-dobie-nov-gazda |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Ќе се вадат бакар и злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!Катерина ПопоскаЌе
никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината
Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот
инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на
минералните суровини ![]() 789.250 тони бакар се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица, дознава „Капитал“ 130 тони злато лежат под планината Огражден кај месноста Иловица 4 пати поголеми се резервите на бакар и злато во сè уште неотворениот рудник кај Иловица во споредба со резервите на радовишки Бучим Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден сè уште не се обелоденуваат во јавноста. Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица. „Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот“, изјавија од Еуромакс ексклузивно за „Капитал“. Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо. Еуромакс, канадски инвестициски фонд кој бара концесија за Иловица „Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот.“ Од Министерството за економија тврдат дека веќе тече постапката за да им доделат концесија за експлоатација на минералните суровини на канадски Еуромакс, фирмата-сопственик на Фелпс доџ Вардар. „Сега се води постапка за додeлување концесија за експлотација на фирмата Фелпс доџ Вардар. Процедурата за регулирање на концесијата за експлоатација е во тек, односно се прибираат мислења од надлежни органи за да се усогласи просторот кој е предмет на барање на концесија за експлоатација од аспект на животна средина, земјоделство, шумарство, води, пристапни патишта, споменици на културата и друго. По ова следува постапка на нивно проследување во владина процедура за носење одлука за доделување концесија и склучување договор за концесија“, велат од Министерството. Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ? Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра. Мештаните од Иловица со нетрпение очекуваат децениски најавуваната инвестиција конечно да се случи, со што очекуваат економски да заживе овој дел од Македонија. Николајчо Николов претседател на Асоцијацијата за рударство „Бучим годишно преработува околу четири милиони тони руда. За капацитет како Бучим количината на рудата од Иловица значи работа за околу 150 години. Овие количини, на кои се претпоставува дека лежи Иловица, се многу големи и ќе имаат огромно влијание врз економијата од повеќе аспекти.“ „Во Југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Ова ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, некои од соселаните низ годините велеа и дека од работниците на терен слушнале и дека се откриени количества ураниум, но никој ништо не потврди со сигурност“, изјавуваат жители на Иловица. Отворањето рударско окно, можеби најголемо на просторот на Југоисточна Европа, на македонската економија може да ѝ донесе повеќекратни придобивки. Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, потврдува дека ако кај Иловица навистина се отвори рудник со надворешен ископ, тоа ќе биде рудник чии капацитети ќе бидат дури четири пати поголеми споредено со ископот на радовишкиот рудник за бакарна руда Бучим. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83134/kje_se_vadat_bakar_i_zlato_od_ilovica_!_se_otvora_najgolemiot_rudnik_vo_jie_!.aspx?iId=2704 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Руски „Солвеј“ во 2014 ќе почне со изградба на рудник за бакар кај ПехчевоРуската фирма „Солвеј“, која е сопственик на рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш, ги интензивира истражувањата на новото рудно наоѓалиште „Кадиица“ кај Пехчево. Заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, вели дека во април ќе почнат деталните хидро-геолошки истражувања. - До еден Институт во Москва доставивме проба за утврдување на технологијата на експлоатација и работа на рудното наоѓалиште „Кадиица“ и очекуваме дека резултатите ќе бидат позитивни, рече Николов. Според досегашните истражувања на рудното наоѓалиште „Кадиица“ има резерви од над 100 милиони тони бакарна руда. - Во 2014 година очекуваме дека ќе почнеме со градењето на новиот современ рудник, зашто есплоатацијата на бакарната руда ќе се врши по пат на лужење без деградација на површината. Во овој рудник предвидено е за почеток да се вработат околу 100 лица, вели Николов. Тој додаде дека годинава ќе немаат поголеми истражувања на рудното наоѓалиште „Боров Дол“, кое се наоѓа на територија на општините Штип и Конче, бидејќи ги очекуваат измените во законот за минерални суровини. http://www.plusinfo.mk/vest/38204/Ruski-Solvej-vo-2014-kje-pochne-so-izgradba-na-rudnik-za-bakar-kaj-Pehchevo |
|||||||
![]() |
|||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||
![]() http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=207&PID=117618#117618 Истражувања и експлоатација можат да вршат правни и физички лица, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница во Македонија. Концесијата за експлоатација на минерални суровини може да се додели врз основа на јавен конкурс или по барање на заинтересираните лица. Во услови на пазарна економија секој кој е спремен да инвестира во рудници е добредојден. Придобивките за државата, покрај оние наведени на линкот погоре + надоместоци за концесија и дополнителни дозволи, се исти како оние во сите останати сектори (нови вработувања, приходи од придонеси, даноци итн.). Државата (преку јавно претпријатие) сѐ уште може да експлоатора руда, но инвестициите во оваа област се мерат во стотици милиони евра а се враќаат за неколку децении. Со нашата економија и технолошки развој, ние не сме доволно моќни за вакви вложувања. |
|||||||
![]() |
|||||||
mackomk123 ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Не се разбирам многу во целава работа со руднициве и рудниве богатства,па ако може некој да ми објасни,зошто рудниците се даваат под концесии на фирми од странство? Каков бенефит има државата од тоа,освен по некое ново вработување(рудари).Рудата претпоставувам ќе ја извезува фирмата што ќе ја експлоатира и со тоа и целиот ќар ке иде во нивен џеб.Со оглед на бројкиве кој се презентирани,конкретно за Огражден станува збор за милијарди долари вредна руда.Зар не може рудник да биде во државна сопственост или тоа беше случај само во стариот систем.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Огражден лежи на бакар и златоДесетгодишните истражувања покажале дека над селата Иловица и Штука се крие наогалиште кое има околу 4,5 пати повеке руда во споредба со ископот на Бучим. ![]() Добиените резултати од истражувањата на компанијата ,,ФЕЛПС Доџ-Вардар,, укажуваат на тоа дека во блиска иднина овде треба да никне еден од најголемите рудници во Југоисточна Европа. Првиот човек на општина Босилово смета дека овој проект ке биде многу значаен за целиот микро регион бидејки се најавува една од најголемите инвестиции од осамостојувањето на државата. -Ќе се работи за една доста голема инвестиција од некои можеби и 700 милиони евра ,мегутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално.Тука се очекуваат и голем број вработувања директи,а и секако индиректни, вели Љупчо Колев - градоначалник на општина Босилово Големи очекувања од отварањето на рудникот имаат и жителите на селата Иловица и Штука. Велат сето ова ке значи многу за сите,а пред се за младите. -Се надеваме дека ке се отворат пред се повеке работни места,ке се згрижат многу луге и крајот ке почне да живее бидејки ке влезат свежи пари, вели Ѓорги Трајков од селото Иловица -За младите тоа ке биде супер. Сигурно ке се вработи многу млад кадар, рече Славе Алаѓозовски од селото Штука Потенцијалните концесионери веке подготвиле и физибилити струдија со која гарантираат дека отварањето на рудникот нема да има никакво влијание врз животната средина, посебно врз земјоделските површини од кои во моментов егзистира најголем дел од населението во овој регион. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ograzden-lezi-na-bakar-i-zlato |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22312912278&id=9&prilog=0&setIzdanie=22513 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Иловица треба да се продаде на голема рударска компанија, смета „Цезарс Рипорт“Канадската компанија „Еуромакс Рисорсис“ неодамна беше премет на анализа од „Цезарс Рипорт“, агенција која се занимава со истражување на пазарот и која го посети проектот Иловица во кој „Еуромакс“ истражува бакар и злато. Иловица се наоѓа северно од грчката граница во близина на Струмица. Актуелната проценка за ресурсите во наоѓалиштето Иловица на канадската компанија е 99,5 тони злато и 728 илјади тони бакар, но „Цезарс“ во својот извештај објави дека очекува овие бројки да се зголемат на 140 тони злато и 1,137 милиони тони бакар, кога ќе биде извршена новата проценка подоцна во текот на ова тромесечје од годинава. Проектот е отворен во сите насоки, но воглавно кон исток и југоисток, „па постои значителен потенцијал за нагорна корсекција на ресурсната база,“ се вели во ивештајот. „Нашите главни прашања во однос на Иловица се ниската концентрација и откопувањето на рудата. Просечната густина во моментов изнесува 0,32 грама на тон злато и 0,23 отсто бакар (според проценките од 2008 година), при што од овие количества можат да се откопаат 60 отсто. Сепак, ние сметаме дека нивото на откопување би можело (и би требало) да оди нагоре, откако ќе се направат дополнителни металуршки тестови,“ се вели понатаму во извештајот. „Цезарс“ смета дека „најдобро решение за Иловица и за Еуромакс би било проектот да биде продаден на голема меѓународна рударска компанија, откако ќе биде извршена новата проценка или за се најде партнер за заедничко вложување.“ http://www.plusinfo.mk/vest/34172/Ilovica-treba-da-se-prodade-na-golema-rudarska-kompanija-smeta-Cezars-Riport |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Na istoku Srbije zlatna nalazišta vrijedna 50 milijardi dolaraObjavljeno: Feb 12. 2012. 11:35
Rezultati kanadske kompanije koja je u okolini Žagubice pronašla značajne rezerve zlata, ne predstavlja iznenađenje jedino za geologe – pišu “Večernje novosti”. U Timočkom magmatskom kompleksu (TMK), koji istražuju i najmoćnije
svjetske rudarske korporacije, poput američkog “Friporta” i
multinacionalnog “Rio Tinta”, kriju se rezerve ovog plemenitog metala od
gotovo 1 000 tona. “Ovo je područje bogato rudnicima plemenitih metala”, rekao je Grujić, uz napomenu da se ležišta zlata sa dva grama tog plemenitog metala po toni smatraju izuzetno bogatim. Uz sve to, cijena zlata je već dostigla cijenu od 56.000 dolara po kilogramu, pa proizilazi da bruto vrijednost ležišta ovog plemenitog metala na području TMK, koji obuhvata veliki dio istočne Srbije, premašuje 50 milijardi dolara. Grujić kaže da je najbogatije nalazište zlata iz sastava borske kompanije bez sumnje majdanpečko ležište “Čoka Marin” koje se nalazi nedaleko od sela Jasikovo. On je rekao da u RTB “Bor” razmatraju mogućnost da ponovo aktiviraju rudnik zlata “Blagojev kamen”, između Majdanpeka i Kučeva, u kome srednji sadržaj tog plemenitog metala iznosi oko dva grama po toni. Srbija je sa nešto više od 13 tona zlata, što čini 4,4 odsto deviznih rezervi zemlje, na 59. mjestu u svijetu i vodeća zemlja u regionu po količinama tog plemenitog metala koji se čuva u trezorima “iza sedam brava”. Međutim, veoma mali broj ljudi zna da je gotovo kompletna količina tog metala proizvedena u Rudarsko-topioničarkom basenu “Bor”, koji jedini u Srbiji ima fabriku za dobijanje zlata. http://www.capital.ba/na-istoku-srbije-zlatna-nalazista-vrijedna-50-milijardi-dolara/ |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Инвестициите се заслужни за добрите резултати на БучимБиљана Здравковска-Стојчевска![]() НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ
Многу прогнози велат дека оваа 2012 година ќе биде една од најтешките години на економски план. Каква година очекувате Вие? Како ќе работи Бучим годинава? Бидејки веќе влеговме во вториот месец од оваа година, сметам дека и прогнозите за оваа година можат да бидат пореални од оние пред крајот на 2011 година. Јас мислам дека 2012 година по многу нешта ќе биде една од поспецифичните и неизвесни години во последната деценија и оценката „тешка“ може да биде релативна и да не се почувствува подеднакво во сите сектори. Специфичноста и неизвесноста на оваа тековна година пред сè зависи од финансиските проблеми на повеќе држави-членки на Европската унија и начинот колку успешно ќе се решава европската криза. Иако ние сè уште не сме членка на Европската унија, како мала земја сигурно ќе ги почувствуваме проблемите. Но, ова е тема на која треба да дадат оценка и проценка одговорните во државата. Јас би се сконцентрирал на состојбата во Бучим и како претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на Република Македонија, накратко ќе се обидам да дадам прогноза како ќе работи овој сектор. Бучим веќе има усвоено план за работа за 2012 година и предвидена е работа со полн капацитет и со сите вработени кои денес ги имаме, повеќе од 650 луѓе. Реалното производство во 2012 година ќе биде зголемено за повеќе од 25%, сметано на производството на бакар.Имено, Бучим од 2005 година од кога е сопственик фирмата Солвеј до денес произведува околу 8.000 тони бакар годишно, а годинава оваа бројка треба да ја надмине количината од 10.000 тони бакар. При ова веднаш да нагласам дека се работи за ново производство на катоден бакар во новоизградената фабрика за лужење и производство на катоден бакар. Аналогно ќе биде зголемен и вкупниот приход, чиј износ ќе зависи од цената на бакарот на берзата. Она што зависи од нас ние сигурно ќе го направиме, затоа што овој колектив добро и хомогено работи веќе осма година. Каков профит ќе оствариме зависи од цената на бакарот на светските берзи, но сепак очекуваме дека и оваа деловна година ќе ја завршиме успешно.
Ова прашање навистина е тешко да се одговори, но ако денот по утрото се познава тогаш тековната година во поглед на цените на металите ќе биде поволна. Притоа да нагласам дека ние во Бучим никогаш посебно не сме се радувале на многу високите цени на бакарот на берзата, од причина што ниту едно зголемување не оди само. Односно, ако сите цени се зголемуваат, профитот, кој е крајната цел може да биде и помал. Само да споменам два факта. Електричната енергија учествува со околу 30% во цената на чинење на бакарот, а нафтата со 9%. Овие два енергенси секогаш предизвикуваат или дирекно учествуваат во зголемувањето на цените. Притоа ако ги додадеме евентуалните нови жаришта надвор од Европа, кои може да влијаат на цената на нафтата како што е Иран, тогаш неизвесноста е уште поголема. Во оваа пригода не би сакал да пропуштам да нагласам дека Бучим преработува апсолутно најсиромашна руда на бакар во светот и дека нас први нè погодуваат сите негативни тенденции. Но, бидејќи јас во мојот живот сум голем оптимист, очекувам успешно да продолжиме да чекориме напред.
Изминатата 2011 година ја завршивме успешно и со профит, иако тој секогаш може да биде поголем.Ланската 2011 година за Бучим ќе остане забележана по многу работи врзани за неговата историја и тоа за нас, раководството, е од големо задоволство.Во почетокот на 2011 година добивме концесија за детални геолошки истраги на два нови локалитети: Боров дол и Кадиица Метал. Првиот локалитет е на оддалеченост од нашиот рудник од 8 километри и треба да претставува континуитет на работа на постоечкиот рудник во периодот 2020-2030 година, бидејќи рудата е во сулфидна форма и соодветна на постоечката технологија во Бучим. Во 2011 година се трудевме да решиме некои проблеми од доменот на археологијата и да овозможиме услови за целосни геолошки истраги. Вториот е на локалитетот на Пехчево каде што извршивме истражувања во 2011 година и првите резултати се поволни. Останува да се направи уште многу, а познато е дека геолошките истражувања чинат многу пари. Но, сепак ако продолжат нормалните текови во стопанството, реално е да се очекува дека во реонот на Пехчево ќе никне нов рударски капацитет од кој ќе се добива катоден бакар. Минатата 2011 година е карактеристична за Бучим и по тоа што на 30 декември е добиен првиот катоден бакар од новоизградената фабрика за лужење. Оваа инвестиција вредна 11 милиони евра и во која се вработени нови 65 работници, по многу нешта е важна и значајна и за Радовиш, но и за Македонија. Како прво, од неа за прв пат во Македонија се добива катоден бакар (готов производ) кој ќе се продава директно на пазарот. Второ, овој проект дефинитивно го решава долгогодишниот еколошки проблем со загадување на водите во регионот и во Македонија, и со него Бучим се симнува од списокот на жешките точки од картата на Македонија од аспект на екологијата. Во новоизградената фабрика е применета најсовремена технологија и е направен целосно затворен систем на кружење на водите. Солвеј секоја година инвестира по 5-6 милиони евра во Бучим ![]() За дел од ивестициите веќе кажав. Конкретно, Солвеј инвестира секоја година просечно по 5-6 милиони евра и тука лежи одговорот за континуираното остварување на добри резултати. Нашиот сопственик, за разлика од многу други, прво дава па бара. Во земјава има и такви кои купуваат фирми, извлекуваат од нив што може да се извлече и исчезнуваат. Тоа не е добро за Македонија. Државата мора редовно да ги плаќа обврските Неликвидноста на претпријатијата во Македонија е еден од поголемите во државата и тоа прашање мора системски да се решава и реши. Прво, државните претпријатија мора поредовно да си ги исполнуваат платежните обврски, а потребно е да се донесе строг закон за ликвидирање на фирмите кои не си ги исполнуваат своите обврски, затоа што тие се само штета и прават нереална привидна слика и за државата и за самите себе.Просто е несфатливо, а кај нас долго постои тој факт, дека нешто може да се земе, а да не се плати. А тоа е навика на многу фирми и штетата се мултиплицира врз целата економија.
Засега ние имаме само еден купувач, тоа е наша фирма-сестра. Целокупното количество бакарен концентрат се преработува во Бугарија, а на тој начин целокупното производство се извезува. Немаме проблеми со пласманот и досега немаме ниту една рекламација.
Ние немаме проблем со ликвидноста. Но, овој проблем го чувствуваме кај многу наши партнери.Неликвидноста на претпријатијата во Македонија е еден од поголемите во државата и тоа прашање мора системски да се решава и реши. Прво, државните претпријатија мора поредовно да си ги исполнуваат платежните обврски, а потребно е да се донесе строг закон за ликвидирање на фирмите кои не си ги исполнуваат своите обврски, затоа што тие се само штета и прават нереална привидна слика и за државата и за самите себе. Просто е несфатливо, а кај нас долго постои тој факт, дека нешто може да се земе, а да не се плати. А тоа е навика на многу фирми и штетата се мултиплицира врз целата економија.
Ние како Бучим немаме проблем со кредитирањето кај банките. Главно користиме кредит од Комерцијална банка и истиот го цениме како коректен и на обострано задоволство.Јас почнувам да го разбирам стравот на банките од ризиците, бидејќи сме сведоци на многу превари, невратени кредити, затворени или незавршени објекти. Сметам дека мерките и понатаму треба да се заоструват и кредитите да ги добиваат само фирми кои навистина нешто ќе направат и придонесат и за вработувањето, и за себе, и за државата.
Еден од проблемите е ликвидноста и тука навистина нешто итно треба да се преземе.И покрај многуте подобувања во законската регулатива, сè уште многу е присутен бирократскиот однос на администрацијата. Денес многу полесно ќе постигнеш договор со највисокото државно раководство за важни прашања, но администрацијата е трома и тоа мислам дека ги нервира сите стопанственици, а многу од нив поради тоа се откажуваат од понатамошни чекори кои му се нужни на нашиот живот. Сигурен сум дека големиот проблем на невработеност би се ублажил со квалитетниот развој на стопанството. Многу работи треба да се упростат, скратат и поедностават, секако без доза да се врши злоупотреба. Од друга страна, мислам дека немаме доволно квалитетни идеи за профитабилни вложувања кои исто така ќе ни ја подобрат економијата, а охрабрувачките реклами на ова поле ги сметам за позитивни.
За дел од ивестициите веќе кажав. Конкретно, Солвеј инвестира секоја година просечно по 5-6 милиони евра и тука лежи одговорот за континуираното остварување добри резултати. Нашиот сопственик, за разлика од многу други, прво дава па бара. Во земјава има и такви кои купуваат фирми, извлекуваат од нив што може да се извлече и исчезнуваат. Тоа не е добро за Македонија.
Во претходните прашања веќе споменав за инвестициите кои досега се направени и кои треба да се направат. Но, фактот дека имаме направено долгорочен план за развој на Бучим, дека постојано се инвестира во одржувањето на постоечката опрема и набавка на нова опрема, ме прави сигурен дека резултатите нема да изостанат. Отворањето на новите рудници ќе резултира со вработување, концесиски надомест и сите благодети кои ги носат новите инвестиции. http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/79832/investiciite_se_zasluzhni_za_dobrite_rezultati_na_buchim.aspx |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Сакаме да отвориме рудник во Македонија!Соња Јованова![]() ЕНТОНИ БАЛМ Ortac Recources, компанија за истражување и развој на благородни метали во Европа, е дел од бизнис-делегацијата од Велика Британија која со принцот Мајкл од Кент во Македонија пристигна пред пет дена. Во интервју за „Капитал“, извршниот директор, Ентони Балм, вели дека е импресиониран од можностите за инвестирање во земјава, а интерес веќе покажа за рударскиот бизнис.
Ortac Recourses е компанија за истражување и развој на проекти за злато и базни метали во Словачка, но имаме план да се прошириме и во други европски земји. Имаме голем проект за злато во Словачка, од над еден милион унци, па сега подготвуваме физибилити студија за да го развиеме. Се интересираме за Македонија затоа што има добри геолошки ресурси. Овде луѓето веќе долги години се занимаваат со рударство и постои шанса за развој на нови комерцијални можности. Затоа би сакале да дојдеме овде и да истражиме. Ќе учествуваме на некои од тендерите кои се планираат за наредната година и ќе донесеме геолошки експерти за да видиме дали можат да утврдат комерцијален проект.
Па, доволно големи ресурси со доволно висок квалитет за да изградиме нов рудник.
Обично за да развиете рудник може да ве чини меѓу 15 милиони и 200 милиони евра. Треба да се изработи физибилити студија за наредните 10 години, бидејќи мора да подигнеме средства од банките за да почнеме. Мора да минеме низ технички процес, да ги утврдиме ресурсите според меѓународни стандарди, а потоа да направиме физибилити студија според меѓународни стандарди. Таа ќе опфаќа проучување на животната средина за да се осигураме дека ова нема да има негативно влијание врз околината. Откако сево ова ќе биде готово и одобрено од владата и лицата кои се задолжени за тоа, ќе почнеме со изградба на рудникот.
Најверојатно ќе биде во североисточниот дел од земјата, но засега ништо не е одредено за сигурно. Мора да ги разгледаме сите можности. Во македонската влада веќе има позитивен став за овој проект, но секогаш мора да ја земете предвид и грижата за животната средина. На пример, не може да изградите рудник овде, среде Скопје.
Се сретнавме со луѓе од Министерството за економија и од Агенцијата за странски инвестиции. Многу се гостопримливи и сметаме дека ќе ни дадат голема поддршка. Така што, во одредена фаза, ако влеземе со проект, тие ќе разговараат со луѓето на местата каде што ќе сакаме да вршиме испитувања. Пред да се вратиме дома, се надеваме дека ќе дознаеме нешто повеќе околу рударските проекти. Но, многу е тешко во оваа фаза да кажеме што точно сакаме да правиме. Мора да доведеме техничари, кои ќе одлучат кои проекти би биле најдобри. Ова се тешки времиња, владее рецесија во светот, така што не е баш лесно да подигнете пари за рудник. Затоа, идејата е да направиме технички и геолошки испитувања и за неколку години веќе да имаме план за организирање нов проект.
Ова ми е прво патување во Македонија. Значи ова е истражувачка посета, за да дознаам како се одвиваат нештата во Македонија, како се развиваат бизнисот и политиката. Да видиме дали може да се гради бизнис овде. Сметам дека земјава е мошне приемлива за странски инвестиции.
Не сум читал доволно студии затоа што никогаш претходно не сум бил во Македонија. Во споредба со други земји, вашата држава навистина се чини отворена за странски инвестиции. А и бидејќи Македонија е некако насочена кон надвор, има голем број иселеници кои живеат во странство, мислам дека е природно приемлива за странци. Бевме и во просториите на Џонсон Мети и од тоа што го слушнавме, тие се навистина импресионирани од Македонија.
Потешко се добиваат пари, но цените на металите сепак се добри. Цените на некои паѓаат, како што се бакарот, оловото, цинкот, но цената на златото расте. Значи не е премногу лошо, но потешко се добиваат пари за ризични проекти. Рударството отсекогаш било ризичен бизнис, така што мора да ги намалиме ризиците колку што е можно повеќе. Сметаме дека ќе има постепено подобрување во светската економија, најверојатно во втората половина од годината. Секако дека делумно зависиме од она што ќе се случува во еврозоната, но некако ќе се извлечеме и ќе продолжиме да функционираме.
Да, или мене или некој од моите колеги. Ќе се обидам да средам некој од моите колеги да дојде овде во наредните две-три недели. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79573/sakame_da_otvorime_rudnik_vo_makedonija!.aspx?iId=2573 |
|||||||
![]() |
|||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||
Ова со Иловица станува се поинтересно:
EurOmax Resources added to "watch list" by Euro Pacific Canada ![]() EurOmax Resources (CVE:EOX) was added to Euro Pacific Canada's "watch list" Thursday, after the junior mineral explorer announced Wednesday that it has gained 100 percent control of its Ilovitza copper-gold porphyry project in Macedonia. The property was formerly a joint venture with Freeport-McMoRan Exploration, but the major international mining company did not exercise its back-in-right option to buy a 70 percent stake in the property. EurOmax Resources has a portfolio of projects in the Republic of Bulgaria, Serbia and Macedonia, with several mineral targets having been identified for a potential significant expansion of current resources, Euro Pacific said. Euro Pacific cited three main reasons for reasons to watch the mineral explorer, including its portfolio of projects, its resource calculation, and favourable geology. EurOmax has a global NI 43-101 compliant inferred resource of 5.79 million ounces gold, 1.56 billion pounds of copper, 2.10 million ounces of silver and 34.6 million pounds of molybdenum. The most advanced project is Ilovitza in Macedonia with a 2008 NI 43-101 inferred sulphide resource of 303 million tonnes grading 0.23% copper, 0.32 g/t gold, and 0.005% molybdenum, and significant potential for expansion. The deposit also includes a near surface oxide gold deposit with an inferred resource of 41 million tonnes grading 0.26 g/t gold. Preliminary metallurgical testing of a representative sample of stockwork sulphide mineralization indicates good recoveries, Euro Pacific noted. A 3,000 to 4,000 metre drill program is planned for the Ilovitza deposit to test the potential for expansion to the east and south, with an updated resource estimate expected this quarter. "We believe that EurOmax has several highly prospective mineral targets on multiple projects. Trun and Ilovitza both remain attractive for exploration as they offer significant growth potential of current resources," the research report said. (читај понатаму) http://www.proactiveinvestors.com/companies/news/24083/euromax-resources-added-to-watch-list-by-euro-pacific-canada-24083.html |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |