build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 15>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 09-Feb-2013 at 03:08

Ајде дај боже да тргне веќе работава, ми се темни од шталиве...



СУПСТАНДАРДНИОТ ЦЕНТАР ЌЕ ЗАЛИЧИ НА УРБАНА ЗОНА

Инвеститори го одврзаа ќесето за нови згради во Маџир Маало

Состојбата во старото јадро, Маџир Маало, конечно се помрднува од мртва точка - инвеститори преговараат со жителите за изградба на станбени објекти. Општината Центар во јули минатата година го донесе дета`ниот урбанистички план за овој градска кварт, и тоа по шест децении тапкање во место, сопрен развој, што за жителите значеше статус кво во однос на доградби, надградби, проширување на живеалиштата и нивна евентуална продажба.

Но, сега веќе с` поинаку, не само што инвеститори ги посетуваат сопствениците на старите трошни куќарки за изградба на колективни објекти, туку веќе и се договориле со некои, потврдуваат жителите на Маџир Маало со кои разговаравме, но и претседателот на месната заедница „Раде Јовчевски Kорчагин“, Драган Атанасовски.

За непречена реализација на планот, по наредба на инспектори од Општината Центар, биле урнати диви гаражи и шупи на улицата Ѓуро Ѓоновиќ.

Најинтересен потегот

на кејот 13 Ноември

- Според мои информации, веќе е планирано да се гради на улицата Вардарска, над кејот 13 Ноември. Таму треба да бидат урнати околу 20 трошни куќи. Сметам дека со донесувањето на планот, доаѓаат подобри денови за сопствениците - луѓето ќе се спасат. Ќе добијат соодветни услови за живеење, односно станови наместо трошните куќи или, пак, ќе бидат обесштетени, како што ќе се договорат - вели Драги Kостовски, кој живее на улицата Вардарска.

И Ениса Сулејман, со куќа на „Прилепска“, потврди дека веќе имало заинтересирани инвеститори за потегот на „Вардарска“.

- Kај мене с` уште не дошла ниедна градежна фирма. Kако и да е, редно беше по 50 години нешто вакво да се случи. Јас сум родена во ова маало, а исто и мојата мајка. Ова е центар на градот и срамота е да има никакви парталави куќи. Треба што побрзо да се изградат нови објекти и да се смени ликот - смета таа.

Претседателот на месната заедница, „Раде Јовчевски Kорчагин“, Драган Атанасовски имаше повеќе информации - изјави дека се потпишани договори со луѓе за градба на улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Светиниколска, а се преговара со некои сопственици на улицата Маџир Маало.

- Пред с`, инвеститорите се заинтересирани за левата страна на потегот од Железничката станица до Народна банка. Тој потег е чист, има повеќе празни простори, а за десната страна кон Вардар интересот е помал, бидејќи е густо населен и е со нерешени имотно-правни односи - информираше Атанасовски.

Дел од жителите што немаат никакви понуди се разочарани. Чекаат. Сметаат дека планот е добар, но се скептици дали и кога ќе се реализира целосно. Стравуваат дека уште долги години ќе останат со септичките јами.

Ерол Kерил, со живеалиште на „Преспанска“, раскажа дека пет децении доаѓаат инвеститори, се интересираат, но дека тешко оди склучувањето спогодби. Според него, во една куќа живеат повеќе луѓе, па сопствениците бараат и по 800 евра за квадратен метар.

На него се надоврза Мира Петровска од улица Kеј 13 Ноември, според која, оние што имаат куќи во маалото, имаат и станови во други делови од градот.

- Овде ги издаваат под кирија. Сакаат да ќарат повеќе станови и дуќани за трошните куќарки. Народот е алчен - смета таа.

Проблематични

имотни односи

Жителите од Ново Маало, пак, во делот спроти Маџир Маало, поконкретно околината кај Олимпискиот базен, с` уште немаат никакви понуди од инвеститори. Сметаат дека е рано да се зборува за такво нешто бидејќи планот бил донесен пред два месеца. Некои граѓани раскажаа дека половина од куќарките се празни, сопствениците живеат во други делови од градот, па не им се брза да се пазарат за малите парцели за да добијат што повеќе квадрати или пари.

Од друга страна, урбанизацијата може да оди тешко, поради нерешените имотно-правни односи, смета Ј.Ј, жител на Ново Маало. Со денационализацијата, се појавиле многу генерации наследници, по пет-шест сопственици, па секој очекува да ќари повеќе, а инвеститорите нудат багателни цени.

Од Општина Центар изјавија дека по усвојување на планот, немаат никаква обврска за понатаму. Им овозможиле на граѓаните да излезат од супстандардните услови, да изградат станбени згради или куќи, па натамошната урбанизација на маалата зависи од нив.

Според планот за Маџир Маало, на местото на старите и трошни куќарки, предвидени се седумкатници. Освен станбени објекти, на улицата 59, планерите предвиделе црква, а и споменик со фонтана на аголот на раскрсницата на булеварот Kузман Јосифовски-Питу. Веднаш до фонтаната има можност за изградба на хотел, десетина метри повисок од останатите објекти, бидејќи излегува на главна улица.

Тоа што остана проблем за 70-ина сопственици на парцели е идејното решение за булеварот Kрушевска Република, кој поминува во средина на ова маало. Тие немаат право да градат и да доградуваат, туку да чекаат некој да реши да го изгради и да ги обесштети. Булеварот е зацртан во Генералниот план за Скопје уште од 60-тите години на минатиот век, но досега никој не го реализира. И покрај барањата на жителите да се тргне, тој остана и во новата верзија на ГУП со важност 2012 - 2022 година.

Што се однесува до Ново Маало, таму се предвидени шесткатници. Планот дозволува спојување на парцелите за на нивно место да се подигнат колективни згради. Kатноста е различна, во зависност од површината за градба -16,20 метри, а некои и 19,20 метри. На две деловни згради кои излегуваат на булеварот Kочо Рацин им е дадена висина до 35 метри. Зад „Веро центар“ е вцртана катна гаража, за која веќе е издадена градежна дозвола. За 70 евра за квадратен метар, земјиштето пред две години го купи компанијата „Оил продукт“, за која се вели дека е фирма-ќерка на „Макоил“. Таа ќе биде наменета исклучиво за паркирање, без деловен простор во неа. На местото на старото балетско училиште ќе се гради турски театар. Од овој објект, 51 отсто е со намена за култура, а 49 отсто - комерцијален простор.



www.dnevnik.com.mk/?ItemID=86F755178F1B0242AC06167C7F4A9F91

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 16-Dec-2012 at 22:02
Originally posted by endry

Дали може да ми дадете мапа од конечниот урбанистички план за маџар маало?


http://www.build.mk/docs/users/1/Urbanizam/Skopje/Madzir%20Maalo%20201106.jpg
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 16-Dec-2012 at 21:04
Да... Останува... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
endry View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote endry Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 16-Dec-2012 at 20:50
Дали може да ми дадете мапа од конечниот урбанистички план за маџар маало? Дали останува булеварот, со последните измени на урбанистичкиот план?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 22-Jul-2012 at 17:55
не ми е јасно зошто се задржале на старата инфраструктура, која е сосема локална и неповрзана со други коридори или главни улици кои наводно мора да се чуваат
исто така не ми е јасно што е толку тешко вакви нови простори во градот да се оддаваат на нови деловно-трговски центри во кои минимален број од објектите ќе биде станбен
за потрбите на „маџирмаалци“ нема да бидат потребни повеќе од пет станбени објекти (според големината на маркициве)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-Jul-2012 at 19:08

Еве како би требало да изгледа просторот според ДУП за Маџир Маало... Ги изоставив објектите предвидени за позади НБРМ... ме мрзеше...

 

 

 

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 20-Jul-2012 at 15:29
Уште еднаш ќе ја објавам сликава од Талин, град помал од Скопје. Ова требаше тука, а не да останеме едини град без асално централно деловно јадро. Така немаше да има потреба ниту да се дислоцира НБРМ, поударна точка во Скопје нема. Железничка, автобуска, најголема населба во Скопје во соседството...



А и нешто што страшно иритира:

- Булеварот Kрушевска Република да се дислоцира, а објектите високи од 20 метри да се намалат на 10 метри, затоа што ќе нема паркиралишта и улиците ќе бидат многу тесни и ќе нема струење на воздухот во маалото - смета Панче Трајановски.


Бараат од градоначалникот Kоце Трајановски да се заложи и да го избрише овој булевар од новиот ГУП, кој со децении им го загорчува животот.

Од вакви ликови, затоа имаме проекти како Скопје 2014 и само проширени булевари, а круцијалните проекти не се градат затоа што тоа гласачите не го бараат, они бараат како и со стадионот, да им биде убаво, а не да им се подобри квалитетот на животот. Suicide
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 20-Jul-2012 at 14:48
не е толку битна висината на објектите, колку што е битна нивната намена и начинот на кој што ќе се изведе целиот план
мене повеќе коса ми се крева од тоа што најголем дел од објектите ќе бидат станбени, што е далеку неадекватно за тој простор, не толку естетски, колку што е неадекватно од функционален и развоен аспект...

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Sylvester View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sylvester Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 20-Jul-2012 at 11:03
Originally posted by toasumjas

7 katnici? ovoj del placese za oblakoderi! A istotaka strav mi e deka ke stanat "barokni" 7 katnici!

каде облакодери поред сам Вардар ?!?!?! Теренот не е добар за високи објекти поред река.
Башка знаејќи го Скопје врз што лежи и сеизмичката активност воопшто не е за облакодери


Edited by Sylvester - 20-Jul-2012 at 11:03
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 20-Jul-2012 at 10:47
7 katnici? ovoj del placese za oblakoderi! A istotaka strav mi e deka ke stanat "barokni" 7 katnici!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 19-Jul-2012 at 23:27
Датум: 19.07.2012, 17:29
УСВОЕН ПЛАНОТ НА KОЈ СЕ ЧЕKАШЕ 50 ГОДИНИ

Едни маџирмаалци во сјај, а други во беда

Граѓаните конечно ќе може да им ги продадат старите и трошни куќи на инвеститори за изградба на седумкатници, само не и 50-ина семејства за кои ништо нема да се смени, бидејќи нивните објекти останаа да лежат на трасата на замислениот булевар Kрушевска Република

Маџир Маало во иднина ќе биде новото градилиште во Скопје. Старите и трошни куќарки ќе се уриваат, а на нивно место ќе се градат згради со висина на седумкатници. Така е предвидено во урбанистичкиот план за ова маало, усвоен на последната седница на Советот на Центар, и тоа по пет децении чекање, неизвесниот, кавги меѓу жителите и локалните власти, како и недоумици дали да остане индивидуално домување или, пак, во него да се издигнат нови и модерни градби. Планот беше поздравен и од опозицијата, чии членови гласаа за него, што е невообичаено глетка во Центар, а и во сите други општини.

Освен станбени објекти, на целата површина на овој дел од градот планерите предвиделе и нова црква на улицата 59, а и споменик со фонтана на аголот на раскрсницата на булеварот Kузман Јосифовски-Питу. Веднаш до фонтаната има можност за изградба на хотел, 10 метри повисок од останатите објекти бидејќи излегува на главна улица.

Граѓаните во голем дел се задоволни. На јавната анкета негодуваат оние чии парцели се дел од трасата на треба да се гради замислениот булевар Kрушевска Република. Тие се дел од т.н. „сива зона“ и нивните куќи, 50-ина, не влегуваат во овој план. Сопствениците треба да чекаат некоја власт да реши да ја гради оваа сообраќајница, да им ги откупи имотите и да ги обесштети.

- Планот за Маџир Маало целосно ги задоволува условите за градба. Со дадената катност ќе се создадат услови за подобар живот. Ова го чекаме многу години - се изјаснила Јасмина Митрова, една од 216 лица кои дале забелешки и предлози на јавната анкета.

Планот е добар и за Томислав Васевски и за многу други жители според кои велат дека едвај чекаат да почне неговата реализација за да почнат да живеат како луѓе и во цивилизирани услови. Претходно немаше секаде канализација, улиците се тесни и искршени, некаде со останата калдрма, а влагата ги уби станарите кои живееја во стари и нереновирани куќарки.

Сепак, најпогодени се граѓаните чии имоти се на трасата на булеварот, кој во Генералниот план на Скопје е од 1965 година, но досега никој не најде средства за негова реализација. Тој поминува среде населбата, во близина на Народна банка и е дел од идната трамвајска траса. Но, и покрај петдецениската незаинтересираност на властите за негова изградба, тој с` уште е во ГУП, никој не го брише како замисла. Се наоѓа дури и во новиот ГУП на Скопје, чија важност ќе биде до 2020 година.

- Булеварот Kрушевска Република да се дислоцира, а објектите високи од 20 метри да се намалат на 10 метри, затоа што ќе нема паркиралишта и улиците ќе бидат многу тесни и ќе нема струење на воздухот во маалото - смета Панче Трајановски.

Незадоволни се и негови соседи поради тоа што ќе останат да живеат во истите услови како досега - не ќе можат да градат, да надградуваат и да ја планираат својата иднина онака како што сакаат.

Бараат од градоначалникот Kоце Трајановски да се заложи и да го избрише овој булевар од новиот ГУП, кој со децении им го загорчува животот.

Александар Арсовски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=616B0FF60DF25C46AF5F64CFFEA51F09
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 27-Apr-2012 at 13:38
Se' toa trebalo da se rusi vednas po zemjotresot.Zosto e ostaveno kako cir,e vekje drugo prasanje.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 08-Apr-2012 at 01:25
Да се биде маџирмаалец значи да се живее во колиба или шупа, да се биде маџирмаалец значи да си во непосреден контакт со изметот и урината на коњи, магариња и кози. Секојдневно слушаш кокодакање на кокошки и пеење на петли. Се душиш во прашина што доаѓа од двата главни булевара. Ја мирисаш канализацијата од Вардар.Одиш по тесни сокачиња со турска калдрма. Колибата во која живееш е полураспадната од влага. Внатре стално ти влегуваат гуштери и жаби.Каде го има тоа? Само во Маџир-маало!"Живеам во центарот на главниот град и уживам во горенаведеното. Тоа го има само во нашето Маџир-маало!"- антологиска изјава на неговите жители. Не знам дали воопшто имаат канализација? Иако домашните животни по селата живеат во посовремени објекти од нивните шупи, сепак маџирмаалци се гордеат со нив и не се стремат кон подобро, закочувајќи го развојот на целиот град.Но да не биде дека само критикувам, ќе дадам и една пофалба - Сепак Маџирмаало е сон на жителите во картонските живеалишта покрај Вардар и за нив претставува елитна населба.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 06-Apr-2012 at 19:21
potpolno se soglasuvam so pogore napisanoto
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 06-Apr-2012 at 15:47
море дајте им малце повеќе пари да видите како одма ќе ја шитнат нивната мала селска идила за која толку многу се тепаат... одамна ни се јасни мотивите на овие „загрозени“ луѓе...
во истите тие маала чуваат стока во двор, а 60% од куќите се распаднати, на другите 40% им се направени доградби и модификации, плус во самите маала се изградени некои огромни нови куќерини... и после ќе зборат какво право имале...
далеку е нивната населба од она што го претставуваат во јавност, сето тоа го гледаме во реалност, и ако некој не го видел, документирано е со слики
и не давајте споредби со други заостанати населби во градов во близина на централно подрачје, никој не рече дека не треба тие да се пипаат, баш напротив...


Edited by zabegan - 06-Apr-2012 at 15:48
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 06-Apr-2012 at 00:24


Дури и да чекаат инвеститори со понуди од 3 или повеќе станови за да дозволат да се гради, сепак тоа останува нивно право и нивна одлука.

И да, не можеш да чуваш животни во урбана средина, без разлика дали е во Маџир Маало или во Козле, Лисиче, Пинтија, Црниче кои ти ги спомна, или во било која друга урбана средина или приградска населба, бидејќи тоа има краен ефект и врз готовиот сточарски/живинарски/млечен производ, општо познато е дека градовите се загадени и не се здрави, како за луѓето, така и за животните, така да, станува збор за двојна загуба, ем го трујат градот со изметот, вирусите (да не заборавиме дека птичјиот грип всушност е мутација на свинскиот грип пренесен од свиња на птица), бактериите, вошките и сите останати паразити кои ги носат нивните животни, ем готовиот сточарски/живинарски/млечен производ ќе биде со катастрофално низок квалитет и затоа најдобро е животните да се чуваат надвор од градовите.

А за норми, регулативи и правила не зборувај, барем додека не се воведе нормата/регулативата/правилото:

Забрането живеење во градот на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата.

Прво нека се воведе оваа/ова норма/регулатива/правило како задолжителен закон на ниво на град Скопје, па после ќе правиме муабет за норми/регулативи/правила од типот: "Не е дозволен мир во централното градско подрачје", "Не може градот да трпи ради единка" и слично.

Градот Скопје веќе од поодамна трпи не ради единка, туку поради илјадници луѓе кои ги напуштиле вековните огништа во источна и јужна Македонија во потрага по подобар живот во главниот град, а ние го трпиме тоа и не превземаме ништо околу фиксирање на бројот на жители на градот.

Општо познат е фактот дека Скопје е на најлоша местоположба за еден град во Македонија, а особено за главен град, но како да не ни е тоа доволно, дозволуваме бројот на жители да се зголемува како резултат на зголемена миграција на населението од помалите градови во главниот град, а не како резултат на некаков си бејби бум и зголемување на наталитетот по природен пат.

Свети Николе е македонски рекордер по заболени од рак, но не сум слушнал за таму да е планирана изградба на нова болница, но затоа слушаме за планирана обнова на веќе постоечки и изградба на нови клиники во Државниот Клинички Центар во Скопје, па дури најавена е и изградба на нов Државен Клинички Центар во Бардовци, а жителите на Свети Николе ги оставаме да милост и немилост на околностите, а да не заборавиме дека не можат сите да си дозволат превоз, сместување и лекување во Скопје, а квалитетот на македонското здравство е посебна тема, да не навлегувам и во тоа, доволно избегав од темава.

И како да не се преселуваат луѓето од останатите населени места во државата во главниот град, кога тука имаат можности какви што немаат во своите родни краеви и сето тоа само затоа што државата ни малку не им помага околу најосновните потреби, а нас во Скопјево ама ич не ни е гајле за нивните маки и потреби ?

Се согласувам со тебе, да, во главниот град на една држава, во една метропола МОРА ДА ИМА норми, регулативи и правила, но прво треба да се воспостават тие норми, регулативи и правила, а потоа да се спроведуваат, а не прво да го урбанизираме Маџир Маало, па после да воведуваме закон за забрана за живеење во градот на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата.

Треба прво да воведеме таков закон со кој ќе им биде забрането на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата да живеат во главниот град, па откако ќе се стабилизира бројот на жители на Скопје, ќе можеме да дебатираме околу урбанизирање на неурбанизираните населби во Скопје.

Edited by Dexter26 - 06-Apr-2012 at 00:54
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 05-Apr-2012 at 23:26
Originally posted by Dexter26



Е па, бидејќи станува збор за нивни приватен имот, имаат право да одлучуваат што ќе прават со него, на крајот на краиштата, тоа право им следува со самото право на сопственост врз тој недвижен имот, нема ништо лошо во тоа да имаат приватност и мир во централното градско подрачје, бидејќи имаат право на тоа.

Твојот став е твој став, но нивниот став на мене ми делува поиздржливо.

Јас мислам дека компромисно решение на овој проблем би било општина Центар или градот Скопје или Владата на Република Македонија (не знам кој конкретно го плаќа менувањето на фасадите опфатено со проектот Скопје 2014) од буџетот да им ги обноват улиците и фасадите на куќите, за да заличат на куќи, а таму каде што може да се градат згради, нека се градат, доколку нема никакви имотно-правно спорови.

Ако може во Центар да се менуваат фасадите на зградите со народни пари, тогаш нека биде така и во Маџир Маало, за да заличат куќите на куќи, а не на шупи, а кога сме кај кокошките, нека се воведат казни за тоа доколку досега не се воведени, а ако се веќе воведени, нека ги зголемат за да ги научат на ред, инаку и Керамидница еве ја од другата страна на Вардар, малку пооддалечена од Центар, но сепак блиску, таму се планира да се руши Санос за да се градат станбени објекти, но сепак ќе останат куќите, и што сега ?

И тие ли треба да се откажат од своите вековни огништа за да се урбанизира Керамидница ?

Зошто не се фокусирате повеќе на местата на кои навистина им треба урбанизација за да се оттргне гужвата од Центар, како на пример Маџари и Лисиче ?

Не велам дека не треба да дебатираме на оваа тема, но некако не ве гледам заинтересирани за дебатирање на теми кои се подалеку од Центар, што е работава, никој не живее надвор од Центар, или, тие кои живеат надвор од Центар не се луѓе ?

Види вака. Си има правила на однесување во град. Исто како што имаш правила на однесување во театар, кино, школо. Не можеш ти сеа, да отидеш у Стокхолм и у центарот у стан да земеш свиња да чуваш. Не можеш. Си има некои правила. Ама не може мир да имаат во центар на град, во урбана џунгла. Као да бараш мир на плоштадон у Загреб бан Јелачиќ. Се знаат некои норми. За мир си постојат населби со куќи, такви си се Козле, Лисиче, Пинтија, Црниче и сл. Не може Маџир Маало да ја дава првата слика за Скопје. И ја можда сакам 6 свињи доле да чувам, или да тресе мајка ми тепих пред зграда, ама не може. Си има регулативи, правила.

Ако вековното огниште пречи на развојот на градот, ќе се откажеш од тоа. Не може градот да трпи ради единка. Види каков ужас е со воз да идеш од Београд према Скопје, странец ако си. Слика као да си у заостанат град. 

И да, се согласувам дека градот треба да дае пари за реновирање, ама само на неколку куќи во Маџир Маало, не може на сите. Има десетици куќи кои можат ако ништо друго на оној барок да конкурираат.

Само чекај коа ќе им дојдат инвеститори со понуда од 3 стана, да видиш како одма ќе дозволат да се гради, ќе молат ако треба за тоа.

23ka.wordpress.com
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 05-Apr-2012 at 23:07

Кокошките се врвот....

За Маџир Маало... Само да не му фати око на тој со визиите, замислите, идеите, фантазиите за градов, па да се најде како точка на дневен ред на Влада... 

И така малку простор остана од Мал и Голем Ринг...




Edited by FoSsiL - 05-Apr-2012 at 23:11
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 05-Apr-2012 at 22:49


Е па, бидејќи станува збор за нивни приватен имот, имаат право да одлучуваат што ќе прават со него, на крајот на краиштата, тоа право им следува со самото право на сопственост врз тој недвижен имот, нема ништо лошо во тоа да имаат приватност и мир во централното градско подрачје, бидејќи имаат право на тоа.

Твојот став е твој став, но нивниот став на мене ми делува поиздржливо.

Јас мислам дека компромисно решение на овој проблем би било општина Центар или градот Скопје или Владата на Република Македонија (не знам кој конкретно го плаќа менувањето на фасадите опфатено со проектот Скопје 2014) од буџетот да им ги обноват улиците и фасадите на куќите, за да заличат на куќи, а таму каде што може да се градат згради, нека се градат, доколку нема никакви имотно-правно спорови.

Ако може во Центар да се менуваат фасадите на зградите со народни пари, тогаш нека биде така и во Маџир Маало, за да заличат куќите на куќи, а не на шупи, а кога сме кај кокошките, нека се воведат казни за тоа доколку досега не се воведени, а ако се веќе воведени, нека ги зголемат за да ги научат на ред, инаку и Керамидница еве ја од другата страна на Вардар, малку пооддалечена од Центар, но сепак блиску, таму се планира да се руши Санос за да се градат станбени објекти, но сепак ќе останат куќите, и што сега ?

И тие ли треба да се откажат од своите вековни огништа за да се урбанизира Керамидница ?

Зошто не се фокусирате повеќе на местата на кои навистина им треба урбанизација за да се оттргне гужвата од Центар, како на пример Маџари и Лисиче ?

Не велам дека не треба да дебатираме на оваа тема, но некако не ве гледам заинтересирани за дебатирање на теми кои се подалеку од Центар, што е работава, никој не живее надвор од Центар, или, тие кои живеат надвор од Центар не се луѓе ?

Edited by Dexter26 - 05-Apr-2012 at 22:55
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 05-Apr-2012 at 22:49

Од Ново Маало, Маџир Маало, Керамидница и се до Крњево, 6 багери и одма празни површини. Не се ова радикални мерки, баш деновиве гледам и во многу хрватски, што јас ги мислев ептен урбанизирани градови као Осијек и Сплит, си имаат вакви муки од некои што инает вода и од цела урбана средина се наоѓаат фраери да чуваат кокошки, магариња, да садат полски цвеќиња и да шират непријатен "мирис".

Не може они да кажат да се дислоцира Крушевска, не може он да каже дека сака да пие кафе на раат у сред центар, очигледно ова се луѓе што подалеку од Скопје не прошетале. Кој центар у некој град го нуди ова? Никој. Зошто? Затоа што текот и брзината на градот не го дозволуваат тоа. Поради ова иаме Меги, Хипериум, Прокредит и СП спроти Бисер со деловни згради и сл објекти надвор од самиот центар. Кога веќе властите уништија добар дел од она што требаше да биде центарот, нема сеа граѓани да одредуваат каков живот у Центар ќе имаат. И претпоставувам многу им е убаво што си чуваат кокошки одма до НБРМ. Феноменална идила. Само и не се они до толку криви, кога гледаат под железничка што има, си викаат зашто и јас така да не живеам.

23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.193 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.