build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

АДИССДП - Комерцијални згради

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 13-May-2010 at 10:07
СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА НЕ ГИ СТИМУЛИРА БРАКОВИТЕ
Држава нуди прескапи станови

Елена Костовска

Становите за млади брачни двојки и за самохрани родители се достапни само за доброситуирани семејства, кои имаат големи месечни приходи, за да можат да ги платат високите рати. Овие станови се продаваат по цена од 800 евра за квадратен метар. За конкурирање се потребни десетина документи до кои тешко се доаѓа, најмногу бодови добиваат тие што можат веднаш целосно да го исплатат станот, а другите, доколку, сепак, дојдат до ваков стан, треба да земат комерцијален кредит во некоја банка. Социолозите коментираат дека ова не е политика што ќе ги охрабри младите да влегуваат во брак бидејќи немањето услови за живеење е една од причините поради која не се решаваат на овој чекор. Стан од 50 квадратни метри, лоциран во Ново Лисиче, во согласност со огласот за млади брачни двојки и самохрани мајки се продава по цена од 41.337 евра. Дури и да се вложи веднаш половина од износот, треба да се земе кредит од 22.000 евра и секој месец да се плаќаат по околу 11.000 денари. Во првите три години, месечната рата е со фиксна камата од 6,9 проценти, а во следните 17 со осум проценти променлива каматна стапка. Ова е банкарска симулација доколку месечни примања на брачната двојка се 35.000 денари, со рок на отплата од 20 години. Банкарите обично и не даваат кредит на подолг рок, ратата според прописите треба да биде една третина од примањата, така што тие со помали плати, практично и немаат услов за банкарски кредит. Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 41 стан во скопската населба Ново Лисиче наменети за продажба на млади брачни двојки, кои се на возраст до 38 години, кои се во брак до осум години, а 30 проценти од нив ќе бидат неменети за самохрани родители. Се продаваат станови од 50 до 60 квадратни метри, а бодирањето се врши според бројот на години во брак, бројот на деца и понудениот процент за учество во вкупната цена на станот. Тие што можат да ја платат целата сума во готово добиваат 44 од максимум 100 поени, а тие што имаат услови за почеток да платат 30 до 40 проценти од станот, ќе добијат само осум поени. Во агенциите за недвижен имот велат дека цената од 800 евра за еден квадратен метар не е државна помош зашто тука некаде се и пазарните цени на становите во оваа скопска населба, кои се движат од 900 до 950 евра. Брачните двојки се категорични дека цената од 800 евра за еден квадратен метар е висока и дека за толкава цена нема потреба од никакво декларирање на владина политика и од собирање еден куп документи. - Со сопругот во брак сме пет години и имаме две деца. Живееме под кирија зашто немаме пари да купиме стан. Нема да ни помогне ни овој оглас на Владата зашто цената е многу висока. Проклетството да се живее под кирија е што петпати ќе ја отплатиш цената на станот - вели една Скопјанка. Според социологот Илија Ацевски тука нема никаква социјална компонента, туку само можност до поевтини станови да дојдат тие што имаат пари. - Овие станови се наменети за средната ситуирана класа, за семејствата кај кои двајцата родители имаат месечни примања од 500 до 1.000 евра или за тие што се синови или ќерки на доброситуирани родители - вели Ацевски. Во агенцијата за недвижен имот „Хепинес“ велат дека јавното претпријатие за станбен и деловен простор ја пумпаат цената иако градат под многу поповолни услови и на државно земјиште. - Кај малку брачни двојки се вработени и двата возрасни членови на семејството. Нема ни гаранција дека ќе останат на работното место додека го отплатат станот - вели Сашо Поп Илоски, сопственик на „Хепинес“. Во споредба со Македонија, во Србија Владата субвенционира 20 проценти од цената на станот, додека другите се отплаќаат со поволен кредит што го даваат банките со фиксна каматна стапка од 5,25 проценти на годишно ниво.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2020&ArticleID=140659

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 31-Mar-2010 at 12:50

Започна продажбата на 50 стана за млади брачни парови

Наташа Стојановска Коментари (0)   
31.03.2010 12:11
 

 

50 станови изградени од јавното станбено претпријатие од денеска се на продажба по цена од 750 евра за квадрат. Граѓаните уште рано утрово чекаа да ги видат условите за да аплицираат. Станува збор за станови наменети за млади брачни парови и самохрани мајки.

Доколку се случи накои од барателите да имаат ист број бодови, тогаш предност ќе им се даде на оние кои први аплицирале.

Поднесувањето на документите почна од денеска, а ќе трае во наредните 15 дена.

Аплициравте ли денеска за стан?

„Не јас не аплицирав затоа што условите не беа погодни за нас, цената беше многу скапа околу 700 евра така што и кредитирањето не ни дозволува некој правила така што јас не аплицирав“, вели граѓанин.

Не ги исполнувавте условите?

„Условите ги исполнував, само заради цената не аплицирав“, додаде граѓанин.

Аплициравте за стан?

„Чекаме да аплицираме за ќерка ми за стан ама не ги знаеме се уште кои се условите“, изјавија граѓани.                                                                                                                                                 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121594 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 23-Dec-2009 at 12:36

Догодина државата ќе гради 492 социјални станови и 612 за продажба

Изгрaдбата останува приоритет на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) во 2010 година, во која планира  да почне да гради 612 станови за продажба, од кои 515 во Скопје и 67 во Битола.

Ќе стартува изградбата и на 492 социјални станови, 356 во Скопје, 44 во Гевгелија, 51 во Берово и 41 во Струмица. Тоа го најавува директорот на ЈПССДП Владимир Бахчовановски во интервју за МИА.
 
Капитално дело, истакнува Бахчовановски, останува стадионот, а има начелна одлука да градиме катна гаража кај плоштадот Македонија меѓу МЕПСО и Т- Хоме, во висина од 29 метри. Со објекти од комерцијална градба ќе бидеме сконцентринари во општина Центар, Карпош и  Аеродром, вели Бахчовановски и додава дека комерцијалните градби во Општина  Аеродором ќе бидат во населбата Стар Аеродором, каде треба да се постигне договор за локации со лицата кои живеат во тн. воени бараки. 
 
ЈПССДП ќе биде вклучено и во проектот „АРМ мој вистиски дом“, при што ќе се грижи за проектирање и изградба на становите за вработените во АРМ.
 
Цената на становите за младите брачни парови со оглед на тоа што стапи во сила одлуката за пет проценти ДДВ ќе се движи од 750 до 770 евра по метар квадратен, а кај комерцијалните максималната цена во Центар би била од 850 до 900 евра, информира Бахчовановски. 
 
Според него,  моментната просечна цена на становите од приватните компании од 1.200 до 1300 евра по метар квадаратен е нереална.
 
- Не може приватните фирми да тврдат дека бруто произведен метар квадратен чини повеќе од 550 евра, па и со највисоко софистицирани квалитетни материјали. До 1.300 евра има уште многу. Ним им е намален трошокот. Градежните компании плаќаа 18 проценти ДДВ, а сега 5 проценти, вели Бахчовановски и додава дека одобренијата за градба се издаваат на физички лица кои не се ДДВ обврзници и понатаму становите се продаваат од физичко на физичко лице, со што се изигрува државата со плаќањето ДДВ.
 
Бахчовановски истакнува дека освен во Скопје, Охрид, Битола и Штип, побарувачката на станови во останатите градови е многу мала. Злоупотребата на толку високата цена на чинење е само поради фактот што сите луѓе од Македонија сакаат да купат стан во Скопје и тоа во Центар, Кисела Вода, а во наредниот период поради пребукираноста на тие две општини, тежиштето веројатно ќе биде во Општина Карпош, смета директорот на ЈПССДП.

sitel.com.mk

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 29-Jul-2009 at 07:11
ММ има некој рендер на градилиштето? Дали знаеш колку ката биде?
 
Еве веб страна од изведувачот али нема инфо за овој проект   www.bemosv.mk  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Oct-2008 at 23:18
Ќе градиме 1.500 комерцијални станови по пониски цени


За три години ќе се изградат илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар


Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар. Директорот на ЈПССДП, Ивица Коневски најавува почеток на тригодишна изградба на илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре.
- Идната година ќе понудиме поголем фонд на станови за продажба со цел да ја спуштиме цената на квадратот на пазарот на недвижности - вели Коневски.

Тој не ја исклучува можноста сегашната цена од 800 евра за квадратен метар да се намали со оглед дека тоа е тренд секаде во светот. Покрај комерцијални станови, ЈПССДП (ќе) гради социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на Јавното станбено претпријатие вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа СГС или Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија кои го добиле ова признание како што се ИБМ, Бритиш Ервејз, Бритиш Телеком, Ер Франс, општините Женева, Будимпешта, Братислава и уште 300 други европски општини и јавни претпријатија. Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески постигнувањето на европските стандарди е од големо значење за македонските јавни претпријатија.
-Со овие стандарди се осигурува висок квалитет на услугите со кои, освен што ќе се обезбеди поголемо задоволство кај потрошувачите, ќе се обезбеди и соединување со европскиот пазар - нагласи Јанакиески. 

http://vecer.com.mk/?ItemID=A5CA256674383E43A3CC8DE71CBE4AC0

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.