![]() |
![]() |
![]() |
Луна Парк - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Author | ||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
Скопје ќе добие модерен Луна парк
Луна паркот во Скопје ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години. Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра при што треба да има четири адреналински реквизити, а останатите ќе бидат од различен тип. Реквизитите ќе бидат наменети за деца, тинејџери и за возрасни. За сите возрасти на луѓе ќе има забава во Луна паркот. Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, кој рече дека Луна паркот е стар 40 години и е неатрактивен за посетителите на Скопје. Поаѓајќи од тоа, посочи Трајановски, Градот Скопје уште во 2009 година ја почна постапката за изградба на нов Луна парк. - За таа цел изготвивме студија преку шпанска компанија врз основа на која објавивме два тендери, на првиот никој не се пријави, а на вториот се пријави една италијанска компанија која за малку не ги исполни условите, но се уште е заинтересирана. Студијата е со јавно приватно партнерство, рече Трајановски и додаде дека во неговата изборна програма е ставена изградба на Луна парк. Потенцира дека сега после толку анимирање и наоѓање на компании кои се заинтересирани да инвестираат во Луна парк, е сигурен оти во наредниот период ќе има Луна парк во Скопје. Луна паркот, рече Трајановски, сега е на површина од 26 илјади метри квадратни со тоа што со новиот ДУП се даде можност да може да биде изградена површина од 40 илјади метри квадратни. - Со тоа сметаме дека ќе биде поатрактивен за јавниот приватен партнер. Многу е важно тоа што сакаме да најдеме приватен партнер кој веќе менаџирал со луна паркови и кој постојано ќе инвестира во атрактивноста на овој Луна парк и конечно граѓаните на градот Скопје и пошироко да доаѓаат во Луна паркот, додаде Трајановски. http://sitel.mk/skopje-kje-dobie-moderen-luna-park-0 |
||
![]() |
||
Граѓанин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 233 |
![]() ![]() |
|
Никако не можам да разберам зошто немало интересенти. Тие можат да се спогодуваат вака или онака, меѓутоа не гледам причина да нема.
|
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Продолжува голготата на Коце
![]() На новиот Луна парк никако да му се посреќи Градските власти ја отфрлија единствената понуда за концесионер оти не ги исполнувала бараните услови Градоначалникот Коце Трајановски, по се' изгледа, нема да има среќа да започне да го гради новиот Луна-парк на крајот од тековниот мандат. Иако овој проект му беше еден од изборните ветувања, на неколку месеци од истекот на мандатот никако да му се посреќи барем да најде потенцијален инвеститор за паркот.Откако, конечно, беше распишан огласот и три фирми подигнаа тендерска документација, а една од нив дури достави и понуда, на градските власти не им појде од рака првиот оглас да го прогласат за успешен и да изберат инвеститор. „Понудата не соодветствуваше со критериумите од јавниот повик и затоа е отфрлена. Град Скопје подготвува нов јавен повик кој ќе биде објавен наскоро“, накусо одговараат од Градот без никакви детали. Така, не се остварија надежите на Трајановски дека во почетокот на годинава конечно ќе се знае кој ќе го гради новиот Луна-парк и веќе до пролет да почнат и градежните активности. Инаку, градските власти не кажуваат кога ќе го распишат новиот оглас, дали тој ќе биде со истите услови како и претходниот и можно ли е да изберат партнер со директна спогодба, само проектот конечно да почне со реализација. Непознато е и дали доставената понуда била од странска или од домашна компанија. Проценето е дека за изградба на нов Луна-парк е потребно да се вложат околу 12 милиони евра. Првиот, сега веќе неуспешен оглас, предвидуваше концесионерот да го изгради паркот, а потоа да стопанисува со него во период од 35 години. За новиот забавен парк е резервирана површина од 25.327 квадратни метри на местото на стариот, вклучувајќи го и просторот на дискотеките. Ова беше втор обид на градските власти да најдат инвеститор за долгонајавуваниот проект. Речиси целиот мандат Трајановски го потроши наводно за анимирање потенцијални инвеститори и на разработување на финансискиот план за проектот. http://utrinski.com.mk/?ItemID=A012BE575B77FC42A61327C66716D80D |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Значи ова пред 5 дена било објавено во фактор... Нов Луна парк во Скопје?05/12/2012 ![]() Три фирми биле заинтересирани на повикот на Градот Скопје за изградба на нов Луна парк. Градоначалникот Коце Трајановски неодамна најави дека доколку се тече по планот и огласот биде успешен, во првите денови од наредната година ќе се знае судбината на Луна-паркот. За реализација на проектот концесионерот ќе треба да вложи околу 12 милиони евра. А со паркот ќе стопанисува во период од 35 години. Новиот Луна-парк треба да се простира на површина од 25.327 квадратни метри, на просторот на постојниот Луна-парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Инвеститорот на оваа површина ќе има обврска да изгради и дел за угостителски услуги, катче за продажба на сувенири, затворени простории за игра, како и да обезбеди соодветен паркинг-простор. http://faktor.mk/archives/13924 |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Мизерија...
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Гледам никој не постирал за Луна Паркот па ајде да видиме што ќе биде овојпат со тендерот
![]() Распишан уште еден оглас за пронаоѓање на инвеститор за Луна паркот
Локалните власти ќе се раководат од четири критериуми при изборот на најповолен понудувач, и тоа: цена на дневен билет за влез и неограничено користење на реквизитите (25 поени), вкупен износ на инвестиција за шест години (25 поени), број на повеќе од превидените монтирани реквизити во првите шест години (25 поени) и капацитет – број на кориснички седишта на „адреналински“ реквизити (25 поени). Операторот на идниот забавен парк треба да ги задоволи европските стандарди за безбедност на забавни паркови при реализацијата на проектот. За обележување е и податокот дека градските власти во огласот ја опишуваат катастрофалната состојба во која се наоѓа Луна паркот, кој потпаѓа под нивна надлежност.
Актуелната состојба во која се наоѓа Луна паркот:
- Реквизитите се многу стари и нивната состојба не е соодветна за минималните стандарди за квалитет; - Напојувањето со електрична енергија е старо и не ги задоволува тековните потреби и не ги исполнува пропишаните мерки за заштита; - Водоводната и одводната канализациона мрежа во моментов е запрена и пумпите не работат правилно; - Хидрантската мрежа за противпожарна заштита мора целосно да се обнови; - Oбјектот со години акумулира загуби во работењето, што доведува до исклучување на можноста за самостојна модернизација и за купување нова опрема.
www.build.mk/?p=19065 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Подобро нека не распишуваат тендер за проект за кој очигледно не постои заинтересираност од приватните компании или пак не се кадарни да пропишат адекватни услови. Изминативе денови во полн ек е тендерот за издавање одобрение за поставување пловни објекти на езерцата во Градскиот парк, се работи за чамци со весла и кајаци кои ќе служат за рекреативно управување и превоз на луѓе низ езерцата и каналите во паркот. |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Кога би требало да се распише нов тендер за луна паркот?
|
||
![]() |
||
Ebatejuzernejm ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Добро што се случува со Луна Парков,па 100 години демек се шири обновувува и никако да се случи тоа !
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Според мене парите што се предвидени за мостот со тркалото, каруселот и сплавовите подобро нека ги употребат за подобрување на условите на тендерот за луна парк.
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Донесена е нова одлука за распишување на тендер за луна паркот. За разлика од претходните одлуки кои предвидуваа 30 годишна концесија, новата предвидува 35 годишна концесија. Според она што се пишуваше пред да пропадне последниот тендер, просторот предвиден за новиот луна парк од 25 илјади м2 ќе се прошири на 40 илјади м2.
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/39884879a190a4a2c1257a21003b9eba?OpenDocument |
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
идејата е супер се согласувам, во бризбен парковите се еден до друг, и можеш да земеш билет за двата парка истовремено. Инаку не верувам моментално за такво нешто да се оствари од политички причини. Ако не се лажам ама од веснициве, аква паркот веќе подолго време не може да почне поради некои заврзлами со општина Карпош, а луна парков го промовира градоначалников. Стварно ме нервира што политикава меша прсти веќе во се
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Идејата е супер |
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Сметам дека имаат погрешна стратегија со тоа што одземаат дел од паркот за потребите на новиот Луна Парк. За илустрација, еве колку (мислам дека) ќе биде проширен, и еден мој предлог каде би можел соодветно да се смести Луна Паркот, а богами и да се додаде фамозниот Аква Парк во неговите граници:
![]() |
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека инвеститор не би можел да да си ја поврати инвестицијата само преку реквизитите. Покрај ограничениот период во кој паркот може да работи, вториот важен елемент е ниската платежна моќ на граѓаните. Оттука сметам дека понудата на поголема површина во услови кога проценетата вредност за изградба на паркот останува иста се должи на замислена израдба на повеќе затворени, повеќенаменски објекти кои би се користеле во текот на целата година. На тој начин луна паркот станува далеку попривлечен за потенцијални инвеститори, а за тоа голема улога игра и неговата локација. Доколку тендерот успее, ќе изгубиме дел од градскиот парк. Покрај приширувањето на луна паркот, ќе се појави и потреба од изградба на ново, релативно големо паркиралиште. Можеби инвестицијата е оправдана, но таа би морала да биде последна од ваков тип на оваа локација.
|
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Реално која и фирма која има искуство во дадениот сектор на тематски и забавни паркови сигурно поради дадениот ограничен број на работни денови во годината и рентабилноста да донесе поатрактивни за нас реквизити кои претходно биле користени во други паркови кои се многу попрофитабилни и на чии места треба да се инсталираат нови помодерни реквизити. Како и да е нема причина зошто и на таквиот вид на набавување реквизити да не им се радуваме, со оглед дека реално нешто порадикално се нема инсталирано во луна паркот многу подолго време него што "second-hand"-реквизитите воопшто биле во употреба во нивниот прв дом.
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Сепак ќе се оди со нов тендер во кој се предвидува поголема површина за паркот. Моја претпоставка е дека ова е направено на барање на потенцијалните инвеститори.
Нов Луна парк од следната пролет?! Ако се избере најповолна понуда, во август ќе се потпише договорот, а периодот на изработка на најсложените апарати е шест месеци, така што кон крајот на годината тие ќе се монтираат, велат од Градот. Град Скопје повторно го продолжи рокот за избор на најповолна понуда за реализација на проектот Луна парк. Новиот рок е до 30 март, а градските власти велат дека продолжувањето е по барање на компаниите за да ги докомплетираат документите. - Студијата за овој проект покажа дека и тој се движи на граница на профитабилност, бидејќи инвестицијата е скапа, а Луна паркот ќе може да работи само неколку месеци во годината. Веќе неколку компании пројавија интерес за овој проект за кои се надеваме дека ќе се пријават на последниот повик- вели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Според најавите на градоначалникот ако се избере најповолна понуда веќе во август месец ќе се потпише договорот, а периодот на изработка на најсложените апарати е шест месеци при што кон крајот на годината се очекува да започне и нивното монтирање. Веќе наредната пролет вели Трајановски може да се очекува Скопјани да се забавуваат во Луна паркот по сите стандарди. Од Градот информираа и дека веќе се најдени некои локации во Центарот на Скопје за дислокација на дискотеките во паркот, а се бараат и локации во периферијата на градот. Изградбата на Луна паркот според Студијата се очекува да чини околу 10 милиони евра. Првично за изградба на Луна паркот беа предвидени 25 илјади квадратни метри, но проширување е направено кон езерцето во паркот со што вкупната површина на овој објект ќе биде 40 илјади квадратни метри. Во проширениот дел не се предвидени градби туку само партерно уредување на просторот. Работното време на Луна паркот би било до еден часот по полноќ. За овој проект интерес пројавиле, американска, турска и италијанска фирма. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6E4E803C7867D045BC3F9B2F4C8BC19C |
||
![]() |
||
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
|
Хм интересно бодување за еден луна парк. Ова со дневен билет за влез и неограничено користење на реквизити ми е малку глупо дефинирано. Дали имањето таков билет или цената на билетот ќе играат улога и ќе носат бодови? Како и да е според мене тоа е еден небитен фактор, за да му се дадат 40% важност
Имено летово работев во забавен парк во УСА и концептот на дневен билет иако е доста употребуван има една голема негативна страна.Конкретно паркот кај што работев работеше на принцип, секоја атракција различна цена(број на билети). Пример во паркот имате 20 атракции од кои 5 за деца, 10 комбинирани и 5 само за возрасни(над одредена висина). Тие за деца ви чинат 2 билети(билет=долар), тие комбинираните чинат 4 и за возрасни 6. Картите се минијатурни( 4cmx8cm) и на билетара си пресметувате на што сакате да се возите и земате одреден број на карти. Зошто овој систем според мене е подобар од системот на дневна карта? Поради тоа што паркот кај што работев беше со 99% сигурност сличен на тој што ќе го добиеме тука. Односно ќе добиеме парк во кој може ќе има 1-2 атракции(некој среден ролеркостер и нешто слично) + атракции наменети за поширока публика, како рингишпили, колички, брод, балерина и слично. Поентата е дека јас како возрасен ако сакам да се возам на 2-3 атракции и тоа би ме чинело со овој систем 20 билети=20 долари, не ми се исплати да зеам дневна карта која во просек таму се движеше 50 долари. сеа како и да ги прилагодиш цените, систем само со дневна карта ќе биде тотален неуспех. И уште нешто, поради тоа што летото го посетив и еден од најголемите забавни паркови, Six Flags, таму веќе системот на дневна карта функционира одлично зошто се простира на ОГРОМНА површина и има 5-6 ролеркостери кои се во едни од најстрашните и најдобрите ролеркостери на светот. Поентата е таму ако влезеш, се возиш на се, зошто знаеш што те чека. Во мал забавен парк како нашиот, ќе има 1-3 работи на кои би се возел и нема поента купување дневна карта ![]() |
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Не знам како да ги сфатам овие вести. Во моментов во тек е тендерот кој требаше да заврши на 26 декември, но рокот беше продолжен до 29 февруари. Во тековниот тендер стои дека паркот ќе се наоѓа на површина од 25.327 м2. Проценетата вредност е 12 милиони евра. Горните вести може да значат две работи. Прво - новинарска грешка и второ - најден е инвеститор кој е подготвен да го гради паркот на поголема површина од онаа утврдена во тендерот. Доколку се работи за вториот случај, ќе мора да се распише нов тендер. Критериуми за евалуација на понудите според тековниот тендер: ![]() |
||
![]() |
||
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
Edited by build.mk - 04-Nov-2011 at 16:11 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |