Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1381 Posted: 25-Jun-2010 at 02:33 |
Grunf, Успеав да пронајдам слики од Р-110 и Р-604 од април 2007 (ако е точна EXIF информацијата). Оние од Р-604 не се за сегментот кој те интересира, туку се према Струмица, но сигурно се солидна индикација за тоа што може да го очекуваш и према Дојран. pbanks, Дали може да разграничиш кои слики се направени меѓу Удово и Раброво, а кои понатака накај Струмица (кои се од Р-110, а кои од Р-604), па да издвоиме посебни нишки за овие патишта. Исто така, дали април 2007 е веродостоен податок? Еве ги сликите: 1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16
|
 |
Grunf
Newbiе
Joined: 17-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1382 Posted: 22-Jun-2010 at 20:08 |
Поздрав свима.
Овог лета планирам да на путу за Грчку у одласку идем преко Дојрана, вероватно и преноћим тамо, па ме интересује у каквом стању је пут од Удова преко Валандова (Р 110) до Дојрана (Р 604) и да ли гранични прелаз Дојран ради 24 часа. Унапред захвалан на информацијама.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1383 Posted: 19-Jun-2010 at 22:24 |
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата

Со корекцијата на буџетот, Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за околу 18 милиони евра
Билјана Ангеловска
Очајната состојба со магистралните патишта во Македонија уште извесен период ќе им ги кине нервите на граѓаните, бидејќи државата се' помалку е во можност да се грижи за нивно одржување и за реконструкција. На изградба на нови патни правци, пак, се чини ќе се изначекаме, бидејќи за такво нешто, пари или има се' помалку или едноставно нема. Со најавениот ребаланс на буџетот, касата на Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за приближно 18 милиони евра. Поточно, наместо првично проектираните нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, сега, до крајот на оваа фискална година ќе има на располагање околу 5,4 милијарди, или 1,1 милијарди денари помалку.
Најголемо зафаќање ќе има токму во делот на изградба и реконструкција на патиштата, каде што сумата со која сега ќе располага Агенцијата е за близу 800 милиони денари, или за 12,7 милиони евра помала отколку што беше предвидено со првата верзија на буџетот. Агенцијата ќе може да купува опрема и машини во вредност од само 26.000 евра, бидејќи наместо првично предвидените 4 милиони денари, сега за оваа намена и' се даваат 1,6 милиони, а многу се намалува и ставката договорни услуги и тоа од 190 на 45 милиони денари.
Скусувањето на парите, особено на оние предвидени за изградба и за реконструкција на патиштата, ќе влијае врз динамиката на реализација на проектите. Така, голем дел од активностите што беше планирано да финишираат до крајот на оваа година, сега поради намалениот буџет ќе бидат пролонгирани за во наредната година, па ќе бидат комплетно завршени во текот на 2011 година.
„Според оваа динамика, во текот на следната година е предвидено да биде целосно завршена изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече) и изградбата на делницата Радовиш - Струмица“, велат во Агенцијата за државни патишта.
Инаку, моментно во тек е реализацијата на проектот за реконструкција на 11 регионални делници од кои три се веќе готови, и тоа делниците Лакавица -Неготино (33,40 км), Давидово - Раброво (13,40 км) и Струга - Дебар (24,20 км), а останатите осум делници се планира да бидат завршени до октомври годинава. Станува збор за околу 200 километри регионални патишта. Исто така, до октомври треба да заврши и изградбата на делницата Табановце - Куманово, која е дел од Коридорот 10, а при крај е и обиколницата на Охрид.
Ребалансот ќе ја подиспразни и касата на Министерството за транспорт и врски, која до крајот на годинава ќе биде полесна за цели 6,5 милиони евра. Така, буџетот на Министерството сега ќе изнесува малку над 1,3 милијарди денари, или околу 21,3 милиони евра.
Големо намалување има во ставката социјални станови, каде што првично проектираната сума од 215 милиони денари сега е речиси преполовена на 128 милиони, а двојно се скусени и парите наменети за изградба на жичарницата во Скопје од Средно Водно до Милениумскиот крст, и тоа од 358 милиони, на 178 милиони денари. За 80 милиони денари, пак, или за 1,3 милиони евра е намалена и ставката за набавка на автобуси за јавниот градски превоз во Скопје за оваа година.
Што, практично, ќе значат сиве овие намалувања во буџетот на Министерството и како тие ќе се одразат на веќе започнатите проекти, дали ќе се забави или можеби ќе се пролонгира нивната реализација, засега не е јасно. Од Министерството накусо ни беше одговорено само дека распределените средства што се однесуваат на проектите кои се веќе започнати нема да влијаеле на нивната реализација, туку само ќе била изменета динамиката на нивната исплата. Дали тоа значи дека, на пример, ќе се пролонгира испораката на првата тура автобуси што скопјани толку долго ги чекаат, останува да се види. Бидејќи договорот предвидува исплатата да се изврши веднаш штом ќе биде извршена испораката.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1384 Posted: 16-Jun-2010 at 18:14 |
Изградбата на автопатот Куманово-Табановце ќе
заврши до ноември
годинава,а целиот Коридор 10 до 2014 година, најави министерот за
транспорт и врски Миле Јанакиевски, при денешната посета на градилиштето
на клучката кај Речица. Министерот лично дојде да види како
одат работите на терен и да се уведри дали се спровдува утврдената
динамика во изградбата.
Од Агенцијата на патишта и градежната компанија добив
гаранција дека во ноември ќе биде отворен овој патен правец. Го имаме и
финалниот проект за патниот правец Демир Капија- Смоквица, кој ќе го
пратиме до Европската комисија и финансиските институции и полека ќе ја
затвараме финансиската конструкција. Очекуваме наредната година да
започне изградбата и овој патен правец со што Македонија за 2-3 години
целосно ќе го изгради коридорот 10 - рече министерот Јанакиевски.
Делницата
Куманово-Табановце чини 13 милиони евра, а проценетата вредност на
целиот проектот е околу 270 милиони евра. Сумата е висока заради лошиот
терен на делницата помеѓу Демир Капија и Смоквица, каде треба да се
изградат десет тунели и исто толку мостови. Коридорот 10 ќе се гради по
сите европски стандарди и се очекува да се заврши до 2014 година. Министерот
потврди дека ребалснсот на буџетот ја одсликува економската состојба во
државата, поради што реализацијата на дел од проектите може да се
забави, но никако да престане. Наша приоритетна цел е
реализација на програмата на Агенцијата за државни патишта.Досега имаме
завршено 8, а до крајот на годината треба да завршиме уште шеесетина
локални патишта и 11 регионални патишта. Владата инвестира во
инфраструктурата и ќе пробаме преку позајмици и помош со банките да ги
реализираме овие проекти. Ќе комбинираме помеѓу буџетските можности и
помош од меѓународни финансиски институции, но ниту еден проект нема да
се укине- рече министерот. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/avtopatot-tabanovce-gotov-do-noemvri.html
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#1385 Posted: 16-Jun-2010 at 14:38 |
До 2014 –та година ќе
заврши изградбата на автопатот од Табановце до Гевгелија. Коридорот 10
кој ќе ја чини државата околу 270 милиони евра ќе биде по сите европски
стандарди.
,,Агенцијата за државни патишта и градежната компанија денеска ме
уверија дека автопатот од Куманово до Табановце ќе биде завршен во
ноември годинава. За овој патен правец ќе се потрошат 13 милиони евра
од буџетот и од Светската банка. Од друга стана пак финалниот проект за
патниот правец Демир Капија -Смоквица деновиве ќе го испратиме до
Европската Комисија и финансиските институции и очекуваме дека
наредната година ќе започне реализацијата,,- вели министерот за
транспорт и врски Миле Јанакиевски.
„Делот помеѓу Демир Капија и Смоквица е доста тежок терен,станува
збор за десетина мостови, десетина тунели, цело време е во карпа затоа
и вредноста е толку голема и очекувам дека наредната година ќе започне
изградбата, а ќе се заврши за две до три години.“- вели Јанакиевски.
И покрај неодамнешните обиди на месното население да ја запре
изградбата на делницата кај Табановце поради незадоволството од
висината на обесштетувањето на нивниот имот градежните работи
продолжуваат, а жителите на кои не им одговара понудената сума по
судски пат ќе ги остварат своите побарувања.
Инаку вкупната должина на коридорот 10 изнесува 180 километри.
Снежа Петковска
|
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=61706
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1386 Posted: 12-Jun-2010 at 02:38 |
Започна изградбата на локалниот пат “ Р 302 -
Теферич” 11.06.2010
Во Општина Кисела Вода започнаа градежните работи
за изградба на локалниот пат “Р 302 – Теферич”, кој е дел од проектот
“Реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Република
Македонија”, што е всушност дел од пошироката програма за поддршка
финансирана од Меѓународната банка за обнова и развој во Република
Македонија. Моментално се врши тампонирање на патот, кој според проектот
ќе биде во должина од 952 метри со асфалтирање на две коловозни ленти
од 2,5 метри и поставување на тротоари поплочени со бекатон плочки по
двете страни на патот со широчина од 1 метар. Градежните работи ги
изведува ГД “Гранит” А.Д. Скопје. Овој проект, како и претходниот со кој
се поплочија тротоарите на ул. Драчевска во с. Драчево, се добиени
преку заедничка соработка помеѓу Агенцијата за државни патишта и Општина
Кисела Вода, за што е потпишан Протокол за соработка.

http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=860 |
Edited by lslcrew - 12-Jun-2010 at 02:39
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1387 Posted: 10-Jun-2010 at 02:38 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#1388 Posted: 07-Jun-2010 at 22:23 |
Во бугарското месечно списанеие Патишта, има слециална репортажа за активностите на Македонија во сферата на патиштата. Има многу интересни и досега непознати (барем за мене) информации. Особено обрнете внимание на делот во кој се зборува за отсечките Табановце - Куманово (информацијата е дека ќе има 1 патен јазол Табановце на 1+987км, мост на 2+785км и надпатник на 5+670 км). Особено важна е информацијата за делницата Демир Капија - Смоквица каде се зборува за изработката на студиајата ОВОС (Оценка за ваздеиствие врз околната среда или еколошкиот проект, затоа што Демиркапијската клисура била со особено еколошко значење). Таму се вели дека претходно цели два проекта биле отфрлени од ЕУ и се работело на трет поект во моменотв. Значи дека додека не се изработи прифатлив за ЕУ проект, нема да ги добиеме парите од фондовите за изградба на делницава. Ова е нов податок за мене и незнам како никој кај нас не објасни зошто волку се влечат со изработката на ОВОС и има ли некој одговорен за претходните два неуспешни проекти.
Страниците се правени со принт скрин, се надевам дека ќе биде доволно јасно и читливо. За секакви прашања и објаснувања стојам на располагање.
Страница 1:
Страница 2:
Страница 3 (која заради специфичниот зум е поделена на три дела, се надевам дека ќе биде сврзано добро и ќе може да се прочита):
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#1389 Posted: 06-Jun-2010 at 18:38 |
Го гледав на вести кога беше дојден во посета српскиот министер за економија,и кажа дека до 2012 ке бидат готови со коридор 10.
Пролонгирањево на овие клучни патишта за Македонија му доаѓа како дел од стратегијата на оваа влада да не оддалечи што подлабого од европа и светов,а најлошо од се е што нити па имаат во план забрзано инвестирање во патна инфраструктура.
Не можам да сватам како оваа влада со резерва му пристапува на ова прашање кога е јасно дека инфрастуктурата е една од најболните точки во Македонија.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1390 Posted: 06-Jun-2010 at 18:20 |
 Еве уште една денешна вест која заслужува  Колку години само најави...
На завршување на
Коридорот 10 ќе се изначекаме

Делницата
Демир Капија - Смоквица, долга 28 километри, е во фаза на изведбен
проект
Билјана Ангеловска
„Македонија и Србија треба
да го искористат интересот на големите европски индустриски гранки за
селење на капиталот во близина на Коридорот 10 за да ги привлечат во што
поголем број. Затоа е важно да го завршат Коридорот во планираниот рок
до 2012 година“. Ова го рече вицепремиерот на Србија, Млаѓан Динкиќ, на
средбата со македонскиот заменик-претседател задолжен за економски
прашања, Владимир Пешевски.
И додека српската страна планира да
го искористи тој бран на емигрирање на инвеститорите и интензивно
работи на завршување на Коридорот 10, во Македонија сигурно нема да може
да биде запазен рокот до 2012 година. Засега е извесно дека до крајот
на годинава би требало да заврши изградбата на автопатот Табановце -
Куманово, седум километри долгата делница од К-10, додека делницата
Демир Капија - Смоквица е далеку од такво нешто, бидејќи се' уште не е
ни почната да се гради, а според сите проекции, нејзината изградба ќе
трае барем четири години. Стартот на реализацијата на овој проект доцни и
поради одлуката на Грција да го повлече своето учество во финансирањето
на проектот со 50 милиони евра, по што македонската Влада обезбеди 5
милиони евра, а Агенцијата за државни патишта ги искористи средствата за
изработка на проектот.
„Изведбениот проект за изградба на нова
автопатска делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,1
километар како дел од Коридорот 10 е во финална фаза и се наоѓа на
ревизија на Градежниот факултет. Забрзано се врши експропријација на
земјиштето. Паралелно со овие активности се работи и на подготовка на
тендерската документација, а по завршувањето на сите постапки е
предвидено во март 2011 година веќе да имаме избрано изведувач на
градежните работи“, вели за „Утрински“ Наташа Валкановска, директорка на
Агенцијата за државни патишта.
Освен податокот дека изградбата
на оваа делница од автопатот, кој е дел од Паневропскиот коридор 10 ќе
чини околу 250 милиони евра, не добивме одговор од каде државата ќе ги
обезбеди тие средства, како ни тоа каде ќе минува трасата, дали покрај
пругата или на друга страна. Во минатиот јули министерот за финансии,
Зоран Ставрески, најави дека проектот за довршување на автопатот ќе биде
првиот што ќе се финансира од 40 милиони евра обезбедени од
ИПА-фондовите и 38 милиони евра алоцирани за кофинансирање.
За
разлика од Македонија, во соседна Србија интензивно се гради автопатот,
кој го поврзува Балканот со Европа. Така, во овој период наредната
година, според најавите на Динкиќ, би требало веќе да се вози по
новоизградената делница низ Војводина, додека делот од Коридорот, кој ја
поврзува Србија со Македонија, од Лесковац до македонската граница, се
планира да биде завршен до 2012 година. (Б.А.) |
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=89CBDDDF80DB004C856AA19310E05482
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#1391 Posted: 06-Jun-2010 at 18:18 |
Затоа сме број еден во градење споменици 
И тоа што ќе го асфалтираат е крпење дупки и користат ниско квалитетен асфалт.
Патната инфраструктурата е најдобар показател за економската состојба на секоја земја,па и може да се земе како мерило за споредба со регионот.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1392 Posted: 06-Jun-2010 at 18:07 |
Последни во ЈИ
Европа по инвестиции во патишта
Македонија е на последно место од државите од Југоисточна Европа
според тоа колку троши за одржување на патиштата, а меѓу последните
земји е и во поглед на градењето нови сообраќајници, се наведува во
извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во
изминативе четири години нашата држава трошела просечно помалку од 50
милиони евра годишно за изградба на нови патишта, за разлика од
Албанија, на пример, која само во 2009 година потрошила фантастични 415
милиони евра. За одржување на патната инфраструктура, Македонија троши
едвај 1.148 евра за еден километар пат, додека лидер во регионов е
Босна, која за истата намена издвојува дури 8.000 евра. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=863F2790D8864C47A95B4CBE08836AD1
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1393 Posted: 01-Jun-2010 at 04:24 |
Патот Сирково -
Росоман пуштен во употреба
Премиерот Никола Груевски вчера го пушти во употреба
реконструираниот локален пат Сирково - Росоман. Оваа реконструкција е
дел од владината програма за реконструкција на локалните патишта. -
Со реконструкцијата на патот Сирково - Росоман е извршено асфалтирање на
три километри пат со ширина 3,4 метри. Вкупно се инвестирани 4,5
милиони денари што ги обезбедивме од заем од Светска банка. Обновата на
патот ќе придонесе за надминување на долгогодишниот проблем со
иселување, што беше карактеристично за овој дел од регионот - изјави
градоначалникот на Општина Росоман, Стојанчо Лазов. Според него
добрата патна инфраструктура ќе им го олесни секојдневниот транспорт на
жителите и извршувањата на работите. Груевски воедно оствари средби
со жителите на Сирково, кои го запознаа со секојдневните проблеми и
потреби. Неопходни им се, како што истакнаа жителите на Сирково, покрај
добра патна инфраструктура и вложувања во места за едукација и забава на
младите.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=57879B2188750D42999450E72C5422AF |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1394 Posted: 29-May-2010 at 20:06 |
Регионалниот пат кон граничниот премин Пелинце
во Општината Старо
Нагоричане се реконструира. Проширувањето и асфалтирањето на делницата
започна од вчера, а во првата фаза ќе бидат опфатени 2 километри од
м.в.Света Петка„ до влезот на селото Старо Нагоричане.
Проектот чини 5 милиони денари. По 35 години за
првпат се интервенира на овој пат. Владата најде сретства да се поправи
патот, кој е во интерс на жителите на општината Старо Нагоричене, но и
за сите кои патуваат кон граничен премин Пелинце и мегалитската
опсерваторија Кокино- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Проектот
се реализира по програмата за реконструкција за регионални патишта,а
работите на терен ги изведува „Македонија пат„ од каде најавуваат дека
проектот ќе биде заврШен за десетина дена. Се надевам
дека со новите програми во наредните години, ќе ја завршиме до крај
оваа делница до самиот граничен премин Пелинце. Согласно оваа програма
за општините во кумановскоит регион предвидени се сретства во висина од
22 милиони денари и ќе настојуваме до крајот на јуни да ги завршиме
работите- вели директорот ма Македонија пат, Горан Стојковиќ.
Предвидена
е реконструкција на патот од селата Долно Којнаре до Сопот и од Речица
до Лојане. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-poprava-patot-za-staro-nagoricane.html
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1395 Posted: 22-May-2010 at 20:19 |
Започна изградбата на патот по меѓу селото Грљани и Маринци (Калиманци - Виничко) во должина 1,7 км. За патот се обезбедени 8.471.676 денари од Светска банка со који патот требе и да се асфалтира. Изведувач Ад Гранит.  http://www.opstinavinica.gov.mk/vinica/
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1396 Posted: 22-May-2010 at 20:01 |
Започна подготвовувањето запроширувањето и асвалтирањето на патот, кон селото Пеклани - Виничко, од црквата Св.Спас. Патот ќе е долг 2,8км. Средствата во висина од 10.433.647 денари, се обезбедени од светската банка и од владата на РМ. Изведувач е АД ГРАНИТ. 
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1397 Posted: 17-May-2010 at 22:38 |
Преку меѓународниот печат. Зошто мислиш дека кошта толку скапо еден тендер? Ги објавуваат во The Economist и слични весници.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
ko4ani
Senior Member
Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
|
Quote Reply
#1398 Posted: 16-May-2010 at 21:26 |
па одкаде ги земаат тендерите не ми е јасно.. ? за патиштата..
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1399 Posted: 16-May-2010 at 21:22 |
 Го немаат апдејтирано цела година
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1400 Posted: 16-May-2010 at 21:14 |
http://www.roads.org.mk/ Нема многу информации да најдеш.
|
 |