Author |
Topic Search Topic Options
|
ko4ani
Senior Member
Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
|
Quote Reply
#1401 Posted: 16-May-2010 at 20:33 |
тражам сајт на агенцијта за патишта неможам да најдам...да не го знеш ?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1402 Posted: 16-May-2010 at 20:11 |
Одамна било... веројатно сајтот на министерството за транспорт и врски или агенцијата за патишта
|
 |
ko4ani
Senior Member
Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
|
Quote Reply
#1403 Posted: 16-May-2010 at 20:06 |
Здраво на сите Ова е постирано на почетокот од тмата од Cloverstack па ме интересира од каде ки наогаш тие тендери
благодарам
Еве некои тендери кои се моментално во тек во фондот за магистрални и
регионални патишта.
- Изградба на магистрален пат М–6,
Штип–Струмица, во должина од 10км. Делница: од км 42+700 до км 52+700.
Ова е во близина на Радовиш, помеѓу селата Сулдурци и Радичево. Не сум
баш сигурен дека градат по нова траса, можеби е само надградба и
реконструкција (иако на сајтот на фондот пишува изградба)
-
Реконструкција и проширување со додатна сообраќајна лента за бавни
возила на регионален пат Р–106, Градско–Прилеп, Делници: од км 25+050 до
км 30+500 и од км 43+700 до км 47+900. Исто така изработка на завршен
слој на делница: од км 30+410 до км 35+022. Еден дел се преклопува и со
М-7, ама во соопштението на фондот целиот сегмент Градско-Прилеп го
ословуваат со патот од понизок ранг, Р-106.
- Изградба на дел од
регионалниот пат Р-112 и К1-112, Коњско (Смрдлива вода) - Кожув, во
должина од 17.5км
- Изработка на ажурирана геодетска подлога за
Р-303, Средно Водно-Сончев град, во должина околу 2.5км
-
Изработка на основен проект за регионалниот пат К1-104 врска со Р-104,
Коломот-мост с.Близанско, во должина околу 8км
Edited by Cloverstack -
15-Sep-2007 at 23:10
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1404 Posted: 05-May-2010 at 11:34 |
Нова улица до Љуботенски
Пат
Жителите на населеното место Љуботенски Пат добија нов
локален пат што ги поврзува со населбите Бутел 1 и Радишани. Должината
на локалниот пат е еден километар. Во моментов се работи и на изградба
на локален пат во должина од два километри кон селото Љуботен. Двата
локални пата, во Љуботенски Пат и во Љубанци се градат во соработка со
Агенцијата за патишта, со средства од Светската банка.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=265D5D9F11407E489B6260024170A499
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1405 Posted: 20-Apr-2010 at 04:49 |
Се проширува патот
до браната Гратче Проширување и поставување нов слој асфалт
почна деновиве на делница од пет километри на патот Кочани - брана
Гратче. Патот до езерото Гратче, заедно со Осогово, најатрактивната
туристичка дестинација во Кочанско, беше изграден пред повеќе од три
децении и оттогаш немало никакви интервенции на него, што им создаваше
сериозни проблеми на посетителите и туристите. Сега
сообраќајницата ќе се проширува од 3,5 на 4,5 метри. Работите ги
изведува „Гранит“. Парите се обезбедени со кредит од Светската банка
преку Агенцијата за државни патишта. Од нив Кочани ќе добие 566.000
евра, за овој и за реконструкција уште на два пата. (Љ.Ш.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F23A1286D2E774FB3B9ACE8EC568D1E
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1406 Posted: 18-Apr-2010 at 22:56 |
Липково ќе ги поправа патиштата Стариот пат кон Скопје преку Арачиново, како и дел од патиштата кон планинските населби во Општината Липково се планирани за реконструкција и изградба, со пари од државата. Ова се само дел од проектите за подобрување на патната инфраструктура во општината.
- Липково е рурална општина, која има проблеми со инфраструктурата, кои треба во наредниот период да ги решаваме. Приоритет е изградба на регионално поврзување на двете соседни општини Липково и Арачиново со Скопје. Патот постои и треба да се реконструира - вели градоначалникот Садула Дураку.
Стариот пат за Скопје е многу фреквентен. Него го користат поголемиот дел од патниците од Куманово и Липково, кои го избегнуваат патувањето по автопат поради високите такси за патарина. (С.А.Ј.)
Edited by SkyBoy - 18-Apr-2010 at 22:58
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1407 Posted: 16-Apr-2010 at 23:53 |
Во Македонија има само четири осветлени тунели

Сите 15 тунели во државава имаат вкупна должина помала од три километри
Билјана Ангеловска
Во Македонија има се' на се' 15 тунели. Бројката можеби и не е толку мала, колку што објективно е нивната должина. Сите тие заедно достигнуваат едвај три километри, поточно 2.910 метри. Најголемиот тунел се наоѓа на делницата Велес - Катланово, кај селото Катланово и има должина од 713 метри и коловоз широк 8,40 метри. Овој тунел, иако е стар 30 години, сепак, е најнов, пуштен е во 1980 година кога е предаден во употреба овој дел од автопатот Велес - Скопје. Тунелот е осветлен на најгорната точка по средина.
Ниту овој ниту кој било друг тунел во Македонија нема странично осветлување. Единствено, во двата последователни тунела Демир Капија - Удово пред неколку месеци се поставени рефлектирачки тела по осовинската линија на коловозот и на рабникот. Одозгора е осветлен уште и тунелот од Катланово кон Велес, додека сите останати се неосветлени. Во темница се двата тунела од Катланово кон Велес, кај Башино Село, двата тунела на патот Охрид - Ресен, потоа тунелот на делницата Скопје - Блаце, како и на правецот Битола - Прилеп. Освен овие, има помали тунели и на неколку регионални патни правци, како што се тунелите на стариот пат Демир Капија - Удово, на патот Градско - Прилеп, Охрид - Свети Наум и Макази - Царина, близу Отешево.
Во Агенцијата за државни патишта велат дека тунелите не се електрифицирани, бидејќи се многу куси, во нив се гледа од едниот до другиот крај и без светло. Но, онаму каде што има осветлување, се прават максимални напори да се одржува редовно и да нема прекини. Последните случаи кога во изминатите денови во неколку наврати тунелот кај Катланово беше во темница по неколку часа во текот на еден ден, всушност, беа резултат на активностите што ги преземаше ЕВН на одредени водови, поради што имаше реонски исклучувања, што доведоа до прекин на струјата и во тунелот.
Според Благоја Тевдовски од Агенцијата за патишта, досега не се случило осветлените тунели да бидат во темница подолг период поради несоодветно одржување. „Никогаш не дошло до прекин на струјата поради штедење или нешто слично. Еднаш се случи да биде украдена трафостаницата, поради што имаше проблем одреден период, но тоа беше инцидентно и оттогаш не се случило ништо слично. Редовно се менуваат прегорените сијалици, светлечките ленти, се обележува сигнализацијата“, вели Тевдовски.
За одржување на тунелите се грижи јавното претпријатие „Македонија пат“. Во описот на работните задачи влегува редовното чистење на коловозите во тунелите, еднаш годишно бојадисување на ѕидовите заради поголема јасност во внатрешноста на тунелот, електроодржување, под што се подразбира редовна замена на прегорените сијалици. Борче Саржовски, раководител на подружницата „Автопат“, појаснува дека осветлувањето на тунелите е направено во текот на нивната изградба и тоа според проекти за осветление, во кои точно се определени потребниот број сијалични места.
Електрификацијата на нашите тунели ги исполнува стандардите пропишани за ваква категорија тунели. Експертите се согласуваат дека тунелите, како впрочем, и самите патишта во државава, плачат за реконструкција. При една таква генералка, сигурно ќе биде направена модернизација и на тунелите, барем во оној дел во кој може да се интервенира, како што се нивните коловози, обележувањето, сигнализацијата и осветлувањето. Сепак, јасно е дека не може да се очекува комплетна промена на нивниот лик и воведување новитети, како што се поставување странични сијалици или вентилација. Такво нешто имаат само тунелите долги по неколку километри.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1408 Posted: 06-Apr-2010 at 23:02 |
ПЕЛАГОНИЈА ИНЖЕНЕРИНГ
Почна реконструкција на патот Струмица - Дојран
Оперативата на градежното претпријатие "Пелагонија инженеринг" од Скопје почна со асфалтирањето на дел од регионалниот пат Струмица - Дојран, којшто е влезен во проектот на Агенцијата за државни патишта за оваа година. За реализација на првата фаза во должина од 17 километри Владата издвои 166 милиони денари.
Според планираната динамика првите 17 од вкупно 45 километри од овој регионален пат ќе бидат завршени до крајот на јуни или почетокот на јули. Портпаролот на Агенцијата за државни патишта, Катерина Панова-Илиевска, изјави дека за првата фаза се обезбедени 166 милиони денари, но не прецизира кои делници ќе добијат приоритет и ќе бидат асфалтирани во наредните три месеци.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1409 Posted: 05-Apr-2010 at 23:02 |
Во Европа
градат, во Македонија крпат дупки

Во Македонија моментално се градат само 7 километри автопат, а
се' друго е реконструкција на патиштата
Билјана Ангеловска
Најуспешната македонска градежна компанија „Гранит“ е на добар пат да
обезбеди уште еден проект во странство, откако пред само два месеца
склучи 150 милионски договор за изградба на 20 километри автопат во
Полска. И овој проект е во Полска, но тој е многу потежок и има вредност
од 240 милиони евра. Станува збор за друга делница од истата траса на
големиот автопат А4, кој ја поврзува Полска со Германија и Украина. Ако
„Гранит“ успее да го добие и овој тендер, тоа практично, ќе биде
најголем успех на една македонска компанија остварен на странски пазар,
бидејќи ќе обезбеди работа за 400 милиони евра, со што ќе ја ангажира
оперативата за наредните две до три години. Во „Гранит“ веруваат дека
нема да има никакви пречки да се добие работата, бидејќи компанијата е
првопласирана според сите барани критериуми, а од друга страна, на
тендерот настапува во конзорциум со домашна, полска фирма. И
додека оперативата на „Гранит“ ќе има полни раце работа, за другите
градежни работници тоа не може со сигурност да се каже. Сигурната иднина
за работниците на „Гранит“ ја гарантира обезбедената работа надвор од
Македонија, а не отворените градилишта дома. Навистина, во последниот
период на домашен терен има неколку фронта за работа на градежниците, но
тоа се, пред се', објекти од високоградбата, додека на полето на
инфраструктурата многу малку се вложува. Опозицијата ја обвини
државата дека не прави речиси ништо за да ја подобри сообраќајната
мрежа. „Патната инфраструктура во земјата е пред колабирање. Секојдневно
се случуваат одрони, свлечишта, дупки по патиштата. Реалноста е дека
немаме ниту инвестициони активности по двете круцијални патни артерии,
Коридорите 8 и 10, ниту пак имаме било какво одржување на постојната
магистрална и регионална патна мрежа. Агенцијата за патишта, иако
располага со буџет од околу 100 милиони евра годишно, во последните
четири години не успеа да направи ниту еден километар автопат. Тоа
досега не се памети во историјата на оваа државна институција“,
коментира опозициската СДСМ. Се чини дека, сепак, најлошо е што
нема ни оптимистички најави дека наскоро би можел да се реализира некој
поголем и позначаен инфраструктурен проект. Се' што се најавува дека ќе
се работи тоа се само реконструкции, или изградба на регионални патишта.
Изградба на сообраќајници од највисок ранг, автопати, нема. Единствено
на што моментално се работи, проект почнат уште лани, а кој би требало
да биде завршен до крајот на оваа година, е изградбата на седум
километри автопат, делот од Коридорот 10 од Табановце до Куманово. Од
овој паневропски коридор ќе остане неизграден делот од Демир Капија до
Смоквица, долг 27 километри, за кој, според информациите од Агенцијата
за државни патишта моментално се изработува главниот проект. Засега нема
најави дека наскоро ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот
8. Таму, се' уште се во тек постапки за експропријација на земјиштето
долж трасата. А и самата изградба на делниците од овој коридор, според
планот на Владата, ќе биде изведена преку нивно издавање под концесија
при што концесионерот ќе треба да го изгради автопатот. Се'
останато што се гради од патната инфраструктура во државава, всушност,
се патишта од пониска категорија, магистрални и регионални патни правци
со релативно мала должина, додека сите други активности се сведуваат на
реконструкција и санација. Така, според последните информации од
Агенцијата за државни патишта, деновиве ќе се избираат изведувачи за
санација на свлечиштата во Сопиште и кај Ресен, коишто се појавија по
обилните врнежи во текот на изминатиот период. Со заем од Светска банка,
во висина од 70 милиони евра во тек е рехабилитација на 11 регионални
делници со вкупна должина од околу 280 километри, а ќе се работи и на
поправка 61 локален пат. Од регионалните патишта, најдолг е
патниот правец Макази - Долно Дупени, граница со Грција со 37,5
километри, потоа Р’жаничино - Свети Николе, кој има 35,8 километри,
правецот Лакавица - Неготино со 33,4 километри и Струмица - Нов Дојран -
граница со Грција со должина од 31,13 километри. Останатите регионални
патишта се со помали должини, од 13 до 26 километри. Она што се
гради како нова сообраќајница, пак, се многу мали делници од локално
значење, како што се патот за Порече во должина од 8,4 километри,
делницата од 17 километри до Ски-центарот на Кожуф и 10 километри
долгиот пат од Радовиш до Струмица. Тука треба да се спомене и
обиколницата на Охрид, која ќе биде од рангот на магистрален пат. За
разлика од Македонија, пак, во соседството се градат автопатишта. Така,
во последниве неколку години Албанија изгради 170 километри автопат, во
изминатиов период интензивно се гради и во Косово автопат од Приштина
кон Пеќ и Албанија, додека Србија ја завршува изградбата на своите
делници по Коридорот 10. Овој наш сосед не застанува тука. Владата на
Србија планира во наредната година да почне шест нови патни правци, сите
од рангот на автопати, за што ќе бидат издвоени 1,5 милијарда евра, а
средствата ќе бидат обезбедени од продажбата на „Телеком“. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=037B604F84EC26459A36C78F9DF6979D
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1410 Posted: 02-Apr-2010 at 23:45 |
Патиштата ни се
како крпени гаќи

Ако снегот ги покрива,
тогаш неговото топење ги открива трагите, особено по се' што се
случуваше во изминатите два месеца по македонските патишта.
Возењето во Македонија, особено во вечерните часови, многумина го
споредуваа со вистински хорор. Дотолку повеќе што честите и многубројни
одрони предизвикаа дополнителен страв кај возачите. „Дневник“ извозе
повеќе од 500 километри на главните сообраќајни делници во земјава за да
ја види сликата по завршувањето на зимската сезона.
Генералниот
впечаток е дека „Македонијапат“ ќе има полни раце работа. Не само
поради последиците што ги остави солта, туку и поради општата состојба
на коловозите во земјава, почнувајќи од автопатите, па се' до
регионалните и локалните. Доволно е само да се тргне по некогашниот
автопат Братство-единство, денес Александар Велики, а потоа да се скршне
во кој било правец, кон исток или кон запад, и да се добие сликата не
само за сообраќајниците, туку, слободно може да се каже, и за целото
општество и држава. Притоа, се разбира, не треба да се гледаат или
слушаат вести, ниту да се читаат весници, доволно е само да се гледа! А,
тоа што може да се види, со секогаш присутната доза на субјективност,
се движи од катастрофално и очајно до посолидно и попристојно, но далеку
од идеално.
Тажни одморалишта
Веќе самиот влез и
почетните километри во Македонија од кај Табановце, оставаат, најблаго
речено, лош впечаток. Независно од тоа што веќе се работи, до клучката
кај Куманово реконструкција бара целиот асфалт. Тој е полн со дупки,
избразден од тешките товарни возила, а во делот кај рафинеријата во
Миладиновци, тие со „бесни“ коли и тешко дека ќе го наречат автопат по
кој може да се вози со над 120 километри на час. Особено поради
вдлабнатините на коловозот, кои се повторуваат и во делот околу Велес.
Нема ни знак за предупредување. А, кога станува збор за автопатот, во
лоша состојба е и асфалтот во делот од Велес кон Скопје.
Ако
автопатот кон Демир Капија треба да претставува гордост, тогаш за неа
неизбежно се врзуваат редица слабости, кои се недозволиви за ваков
статус. Чести оштетувања на оградата, неуреден и обраснат дел од
коловозот до заштитната мрежа, расфрлани кеси и пластични шишиња на
секој чекор, слаба сигнализација, одрони на коловозот, крпеници со
различен асфалт, што остава грда слика на автопат како „крпени шифонски
гаќи“... А, катлановскиот тунел, пак, без семафор и без струја! Возачите
знаат каква опасност претставува кога од сончева светлина се влегува во
темница, без оглед на (не)приспособената брзина.
За патиштата
во земјава се издвојуваат пари по најмалку три основи - од продажбата на
горива, регистрацијата на возилата и од патарините. Но, тие пари тешко
или воопшто не се гледаат. Наспроти тоа, нема фирма, особено од оние што
поради природата на работата, секојдневно ги испраќаат своите возила на
пат, што нема да се пожали на трошоците што ги имаат за нивно
одржување. Почнувајќи од искинатите гуми до оштетените јаболкца или
полуосовини.
Паркингот во близина манастирот „Св. Јован“ на
полпат од Скопје кон Велес е неизбежно место за одмор, затоа што е
единственото каде што може човек да се напие вода.
- Како луѓе
немаме основна култура, а странците застануваат и се чудат. Со прсти
покажуваат на ѓубрето и фрлените контејнери долу под патот - вели
вработен во продавничето на паркингот.
На починка и освежување со
ладната вода од чешмата застанува и камион на велешката фирма „Марија
трејд“. Возачот Горан Делчев со оценка дека состојбата на автопатот и
„некако се јаде“, ама како професионалец со забелешка:
- Најлоша
делница е патот од Велес до Кадрифаково кај Свети Николе, а потоа и до
Штип. Тука има најмногу сообраќајки. Патот е тесен и со дупки и кога и
да возам по него имам непријатно чувство. Тегови за рибарите и
лозарите
На автопатот работници на „Македонијапат“, со лопати и
количка го чистат рабникот на автопатот од одрони. Ја прават
секојдневната тура од мостот кај железничката станица „Рајко Жинзифов“,
па назад кон Скопје. Ситни, крупни камења, па и цели карпи се одронале
на коловозот. Има заштитна мрежа, и стара и новопоставена, но попушта
пред силата на природата. На цели делови од патот ги нема бетонските
тегови, кои имаат функција да ја држат затегната.
- Секој ден
сме тука, ама нема спас. Кога има снегови и дождови, само Господ нека е
напомош. Гледате и сами, ги крадат теговите, зашто на врвот имаат
железни куки, па мрежата не држи. Ги земаат рибари или лозари, ним им
вршат работа. Рибарите ги користат за да ги фиксираат чамците, а
лозарите за да ги затегнат жиците - вели едниот од нив.
Име не
сакаат да споменат, но не ја пропуштаат можноста разговорот да го
искористат и за да се пожалат. Со платите доцнат два месеца, во фирмата
им велат дека таа имала пари, ама државата не давала да ги добијат! Го
продолжуваме патот и по само некој километар подолу повторно одрон на
рабникот. Овој е поголем и тешко дека ќе помогнат лопати и количка.
Треба машина, технологијата е отидена напред. Патем, застануваме на
паркингот за починка пред последната наплатна рампа пред Велес. Ужасно
грда слика. Кој ли странец ќе застане да се одмори тука!? Расфрлани
пластични шишиња, кеси, хартии, градежен шут... А контејнерите се
празни! Македонска работа.
Следната постојка е мотелот
„Македонија“. Се' уште е затворен и празен, веројатно заталкан во
транзициските лавиринти и оставен на забот на времето. До него е новиот
царински терминал. Тој функционира беспрекорно, камиони со српски,
бугарски, турски таблички. Возачите на купче, чекаат да ги завршат
царинските формалности. Киро Иванов од Софија со иста оценка како и
неговиот македонски колега. „Автобанот“, па и дел од магистралните
патишта се релативно добри. За него најлоша е делницата од Штип до
Делчево. Тесна е за товарни возила и полна со дупки. Професионалците
тешко грешат во оценката. Највалкано, пак, вели е од Куманово накај
Свети Николе. Таму со километри има ѓубре. Проверката на овој податок се
покажа добра. Од времето кога тој последен пат минал таму до завчера,
сметот е собран во црни најлони и кеси и чекаат на транспорт до
најблиската депонија.
- Добри се и условите за одржување на
хигиената. Има нови бензински и таму навистина има се'. Човек може и да
се измие и да се одмори. Доволно е за низ Македонија, па и нема подолг
пат од 200 километри - вели Иванов.
Неговиот колега Кирил Божинов
од Сандански се жали на патоказите.
- Лоши се патоказите,
особено на магистралните патишта. Човек кога првпат ќе дојде тешко ќе се
снајде - додава тој.
Знаци со пораки
Во право е.
Патоказите и сообраќајните знаци се посебна приказна. Човек не знае дали
може повеќе да се постават или да се уништат. Некаде ги има, некаде ги
нема, празни конструкции или обични метални држачи, мали и
непрепознатливи, оштетени, без цели делови, исчкртани со спрејови со
лични или партиски пораки... Може да се бараат различни причини зошто е
така, ама далеку се од основната функција. Се разбира, не секаде, не и
како правило, но и нивната состојба е огледало на нашата (не)култура.
Росоман
важи за земјоделски и особено овоштарски крај. Но, со децении ништо не е
направено за земјоделската механизација да има свој, посебен коловоз.
Затоа и учесниците во сообраќајот на магистралниот пат за Плетвар возат
со „сите четири отворени“. Побавно, ама сигурно, зашто човек не знае зад
кој свиок може да „го чека“ трактор. И асфалтот веќе дава знаци на
попуштање. Се отвораат помали дупки, на места напукнува и се собира, па
кај човек се создава чувство како да вози по шини, а не по асфалт. Ова
апсолутно не важи за делот накај Плетвар. Дополнителната лента и новиот
асфалт даваат сигурност. Многу побргу се стигнува до Прилеп, од каде што
патот решивме да го продолжиме за Македонски Брод. Немаше или не
успеавме да го видиме патоказот, па љубезните прилепчани не' упатија во
вистинска насока.
И тука самиот пат кажува дека се работи за
земјоделски крај. Се познава, така е до неколку километри пред Барбарас.
Асфалтот од Сарандиново до Ропотово е како географска карта, дупка до
дупка, крпеница до крпеница. Прашање на време е кога „ќе заплаче“ за нов
слој, ако веќе и не му е. До Дебреште, пак, и така и така. Таму
депонијата паѓа в очи. Кон Барбарас и под него се работи. Се поставува
нов рабник. Но, очигледно имало и тука одрони, цели купишта се префрлени
надвор од коловозот. А, помали и неисчистени се веројатно секојдневни
сведоци на се' уште влажната земја. Од Брод кон Кичево брзо минува
патот. Се гледаат последиците од излевањето на Треска. На клучката кај
Кичево кој како ќе се снајде. Нема знаци за предимство и се останува на
возачкото искуство. Следната одредница беше Струга, па кон граничниот
премин Ќафасан, враќање назад и преку Луково и Дебар до Маврово. И не
случајно, зашто токму тука зимата и одроните „ги покажаа забите“.
Забележливо, за разлика од пред еден месец, дел од дупките се пополнети,
дел оставени за подобри времиња. Но, и со некој вид „комбинација“ -
таму каде што нема асфалт има обична земја, што се разнесува со минување
на секое возило. Или, не дај боже дожд. Веднаш се отвораат „нови
кратери“. Иста слика и од Џепиште и Отишани кон Дебар. Во овој дел и
одроните се се' уште присутни на рабниците од коловозот. Не помагаат ни
каскадните заштитни ѕидови на одредени места. Уште да има кој
секојдневно да ги собира, зашто вака остануваат неми сведоци на нашата
(не)грижа.
Од Дебар кон Маврови Анови остануваат неколку слаби
точки на кои се неизбежни сериозни интервенции. Кај Скудриње и Ростуша
пробивањето на новиот пат ги има „разработено“ брдата над него и само
лошите процени се причина за ненавремено поставување заштитни ѕидови и
мрежа. Одроните зимава ги вратија во употреба старите делови од патот.
Двата големи одрона по или пред Бигорски, како сакате, сега се минато.
Надлежните најавија чекори и мерки за целосна санација на состојбата.
Но, тука бевме сведоци на еден „куриозитет“. Екипа на „Македонијапат“,
ни кажува „пумпашот“ од „Макпетрол“, добила задача за Велигден да го
исчисти патот од Маврово за Галичник од снежни навеви, кои се' уште ги
имало на одделни места. Арно ама, поради поширокиот „нож“ на булдожерот
од камионската приколка на кој бил натоварен, неопходна била полициска
придружба. Приквечерината кога ние минувавме, таа уште чекаше полициска
екипа. Веројатно затаила некоја од алките за координација. Ние по толку
изминати километри не останавме да чекаме. Видовме доволно.
Предраг Димитровски
Мачкини окца
На добар дел од патиштата ги нема столпчињата со мачкините окца, кои
предупредуваат при ноќно и возење во зимски услови. Онаму каде што ги
има, пак, забележливо е дека со години не се исчистени, па ја губат и
својата основна функција.
Бекатон плочки
Месното население накај Ќафасан се снаоѓа како знае и умее, па за да
ги заштитат своите возила некои оштетени делови исполнети со дупки на
коловозот ги пополнува со бекатон плочки. Нешто слично има и на патот за
Попова Шапка. Но, колку е тоа добро, толку е и опасно, особено ако
некоја од нив се одвои под товарот на тешките возила. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=010A536956038B42AA87B484F56380E6
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1411 Posted: 26-Mar-2010 at 04:55 |
Свлечиште загрозува
манастир во Охридско

Одронот што
падна завчера во непосредна близина на манастирот „Св. Петка“ во
охридското село Оровник го оштети патот кој води до него и претставува
потенцијална опасност за црквата и за конаците. Жителите на
Оровник стравуваат од нови одрони, бидејќи на повеќе места во близина на
свлечишето се појавиле пукнатини во земјата. Тие упатија апел за помош
до сите надлежни институции, за побрзо да се санира свлечиштето што му
се заканува на манастирот „Св. Петка“. Манастирот „Св. Петка“ е одалечен
околу 1,5 километар од селото Оровник, кое според територијалната
поделба е под ингеренции на Општина Дебарца. Жителите со сопствени пари и
донации го уредувале овој манастир.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0320191E50F66B40BB03B52A834D15E2 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1412 Posted: 26-Mar-2010 at 04:54 |
Се поправа патот
кон Тиквешко Езеро

Општина
Кавадарци почна да го уредува патот кон Тиквешко Езеро. Се асфалтира
преслапот каде што со години се собираше атмосферската вода и го правеше
тешкопрооден овој патен правец. Парите се обезбедени од буџетот на
локалната самоуправа.
Дел од патот ќе биде асфалтиран, а
на дел ќе бидат закрпени ударните дупки. Се очекува со милион евра пари
од државата наскоро трајно да се санира овој пат по целата негова
должина. Станува збор за многу фреквентна дестинација бидејќи води до
четири села, до лозјата на Тиквешани и до Тиквешко Езеро.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=203CE9C9EAF0CB4380974D777E8A7AD0 |
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#1413 Posted: 25-Mar-2010 at 15:06 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1414 Posted: 05-Mar-2010 at 17:31 |
Реконструкција на локалните патишта во Кисела ВодаГрадежни
екипи ангажирани од општината Кисела Вода и од Агенцијата за државни
патишта почнаа да работат на реконструкција на дел од локалниот пат
Драчевска, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до Мала Рада во
населбата Драчево

Поправката
на овој патен правец е дел од проектот за реконструкција и
рехабилитација на локални патишта, финансиран од Меѓународната банка за
обнова и развој. Освен проектот за реконструкција на Драчевска, во
општината Кисела Вода ќе се реализираат и проектите за изградба на
локалниот пат Китка и Р 302- Теферич. Градежните работи на овие патишта
се очекува да почнат во наредните неколку месеци.
http://novamakedonija.com.mk/ |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1415 Posted: 04-Mar-2010 at 15:26 |
Се гради пат од
Љуботенски Пат до Радишани Во општина Бутел деновиве почна изградба
на патот што минува низ населеното место Љуботенски Пат и оди кон селата
Љуботен и Радишани.
- Со изградбата на патот ќе им се решат
проблемите на 3.000 жители од Љуботенски Пат, на 3.500 жители од селото
Радишани, како и на 2.000 од селото Љуботен - потенцираат општинските
власти.
Ова е втор локален пат во општината Бутел. Првиот е во
изградба и ги поврзува Бизбегово и Шуто Оризари.
Во оваа општина
ќе се градат уште три нови локални пата, за кои проектите се веќе
изработени од страна на Градежниот институт и Архитектонскиот факултет.
Ќе се градат преку Агенцијата за патишта при Министерството за
транспорт, со пари од Светската банка. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AD96D861B071D74FB44C71AFCA03E1A5
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1416 Posted: 02-Mar-2010 at 02:29 |
Се проширува патот кон Злетово
 Почна
проширувањето на најфреквентниот локален пат на подрачјето на општината
Пробиштип, со кој градот преку месноста Леговец се поврзува со Злетово,
најголемото село во општината. Неодамна заврши процесот на
денационализација на површината што ќе биде зафатена, а деновиве
градежните машини ги почнаа земјените работи. Досегашниот пат од 3,5
метри ќе биде проширен на 5,5 метри.
Локалниот пат од
Пробиштип кон Злетово преку Леговец е долг 3,7 километри, а поради
недоволната широчина на коловозната лента, сообраќајот беше дозволен
само за лесни моторни возила, а автобускиот превоз и транспортот на
стока со камиони до Злетово се одвиваше по регионалниот пат Крупиште -
Ратавица - Злетово.
И покрај забраната за големи возила,
поради големата фреквенција на лесни моторни возила, во изминатите
неколку години на овој локален пат се регистрирани зголемен број
сообраќајни незгоди, најчесто при разминувањето на возилата.
Со
програмата за реконструкција на патишта во 2010 година, за проширување
на овој пат, од Агенцијата за патишта се обезбедени 25,7 милиони
денари. Изведувач на работите е градежната фирма „Гранит“.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC57A43E3B9AE54FA5F474A410E327A0 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1417 Posted: 28-Feb-2010 at 19:04 |
Обично не следиме локална патна мрежа, ама ај да ја регистрираме оваа инјекција со локални патишта од владата према општините.
Обнова на локалниот пат Требош - Палатица
Тетово, 28. февруари (ИНПРЕС)
Вакви патишта со дупки во иднина ќе има се помалку, вети премиерот Николга Груевски при денешната посета на Тетовско.
Груевски
најави дека ќе се реализира програмата за рехабилитација и
реконструкција на локални патишта и патната мрежа во Македонија, јави
КИС телевизија.
Два и пол километри долгата делница помеѓу
Требош и Палатица во општина Желино е една од 200-те локални и 200
километри регионални патишта кои ќе се обновуваат преку проектот на
Агенцијата за патишта со пари.
Подобрување на инфраструктурата
во училиштата низ земјава се одвива интензивно, се пофали министерот за
образование во Тетово каде беше поставен камен темелник за спортска
сала во гимназијата.
Освен 3-те илјади ученици од гимназијата
оваа сала во Тетово ќе можат да ја користат и граѓаните. Објектот има
1.300 метри квадратни,400 седишта.
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=F11D37FA443B054FBA262C644FF183EB |
Edited by lslcrew - 28-Feb-2010 at 19:07
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1418 Posted: 14-Feb-2010 at 18:31 |
Р-605 (41°24'54.74"N 22°39'5.98"E - 41°23'13.06"N 22°45'9.99"E)
Пуштен во употреба регионалниот пат Куклиш - Банско
Регионалниот пат од
Куклиш до Банско во должина од 8,2 километри со кој двојно се скратува
растојанието меѓу Струмица и туристичко-рекреативниот центар Бања
Банско денеска свечено беше пуштен во употреба.
За
пробивање и асфалтирање на оваа делница, Владата на Република
Македонија инвестираше околу 100 милиони денари од програмата за
изградба и реконструкција на магистрални и регионални патишта.
Делницата ја пушти во употреба премиерот Никола
Груевски, кој меѓу другото истакна дека со изградбата на патот ќе се
овозможи полесен транспорт и ќе се раздвижи економијата во регионот.
- Овој пат беше наше ветување пред изборите кога и
почнавме да го градиме. Тогаш бевме обвинувани дека ги лажеме граѓаните
и дека тоа го правиме само пред избори. Спротивно на тоа, денеска
свечено го отвораме веќе изградениот пат Куклиш – Банско. Со изградбата
на патот конечно се воспостави директна врска со Струмица, а тој ќе
овозможи значително полесен транспорт и има значење за раздвижување на
економијата во регионот и за создавање подобри инфраструктурни услови
за стопанските субјекти, но и за привлекување нови инвеститори, рече
Груевски.
Тој додаде дека Владата годинава има обезбедено
средства и за повеќе други патишта во четирите струмички општини и
во другите делови од државата.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pushten-vo-upotreba-regionalniot-pat-kuklish-bansko |
Edited by lslcrew - 14-Feb-2010 at 18:38
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1419 Posted: 14-Feb-2010 at 00:13 |
Реконструкција на патишта во Кочанско Неколку
патни правци во Источниот регион ќе се реконструираат, а парите, околу
566 илјади евра, се обезбедени од кредит од Светската банка, велат во
Агенцијата за државни патишта.
- Ќе се почне со патниот правец
Кочани - Брана Гратче во должина од 4.790 метри и широчина од 4,5 м, со
проширување од еден метар и банкини. Надградбата ќе биде 4 сантиметри
асфалт врз веќе постојниот, а проширувањето ќе биде покриено со 7
сантиметри асфалт, со претходно тампонирање - соопшти Влатко Димитров,
раководител на Секторот за урбанизам во Општина Кочани.
Ќе се
градат и патните правци Горни Подлог - Долни Подлог, со должина од 603
метри, а патниот правец М5 - Тркање во должина од 1.200 метри ќе добие
нов асфалтен слој. Изведувач ќе биде „Гранит“. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EBFB900BE3C03946ABD4E2D2E6F57FBA
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1420 Posted: 14-Feb-2010 at 00:11 |
Земјата голта патишта

Веќе цела деценија не се проверува стабилноста на планинските засеци и на големите карпи бидејќи нема доволно пари
Најмалку десетина патни правци, главно во западните планински
подрачја во земјава, се ризични за патување со моторни возила, зашто во
секој момент врз нив може да се урнат камења, карпи, па и цели ридови.
Опасноста деновиве е зголемена поради врнежите од снег и дожд, затоа
што почвата презаситена со влага станува лесно подвижна уништувачка
маса. Патните правци Скопје - Велес, Кичево - Охрид, Маврово - Дебар,
Тетово - Попова Шапка и Струмица - Берово, со години се најзагрозени и
најопасни делници. Завчера лавина од снег, дрвја, камен и земја од
80.000 кубни метри, една од најголемите досега, го блокира животот во
Дебарскиот регион.
Експертите предупредуваат дека цела
деценија не се проверени планинските и ридски засеци над патиштата.
Малку пари се одвојуваат за спречување одрон и лизагање на земјиштето,
техничките мерки се застарени, а кадарот несоодветен. Со години не се
извршува потребното испитување и преглед на карпите во ризичните
подрачја. Причина за ова е недостигот од пари што државата секоја
година треба да ги издвојува за одржување на патиштата во земјава.
Сумата од околу 15 милиони евра, колку што се определува последниве
години, не е доволна за сите постапки - испитувања, превенција до
санација на патиштата и потенцијалните свлечишта. Конкретно, само за
санација на опасните терени се издвојуваат меѓу 160.000 и 240.000 евра
годишно.

Нема пари и стручњаци
Експертите утврдиле
дека во Македонија има 1.749 поројно-сливни подрачја, на кои ако не се
заштитат, може да се случи лизгање на земјиштето. Од нив дури 289 се
категоризирани во петтата, најопасна категорија. Голем дел од нив
непосредно ја загрозуваат патната мрежа во земјава, чија вкупна должина
е околу 4.000 километри.
- Ако не се врши контрола на
планинските засеци и на карпите и не се преземат заштитни мерки, ќе има
лизгање на земјиштето како што се случи завчера во Дебарско. Мерки на
заштита секогаш се можни и со нив барем ќе се намали опасноста, сеедно
каков е теренот. Освен ова, не се следи ни состојбата со стабилноста на
околу 1.000 моста преку кои оди патната мрежа во земјава - велат од ЈП
„Македонијапат“.
Причината за ваквата состојба ја гледаат и во
малата бројност на инженерскиот кадар во Агенцијата за патишта. Според
сознанијата, таму постои само еден инженер чија тесна специјалност се
патиштата. Со тоа, е практично невозможно да се следи состојбата на
теренот и да се предлагаат зафати што би ги реализирала „Македонијапат“.
Наташа
Волкановска, директорка на Агенцијата за патишта, вели дека лизгање на
земјиштето како завчерашното, е практично невозможно да се спречи.
-
На оваа делница постојано има одрони дури и во летниот период. И да
имаше заштитни мрежи, тие немаше да помогнат. Најмалку 50-60 отсто од
патиштата се во ризични планински превои. Не сме во можност да вршиме
истражувања на теренот, а проблемот со свлечиштата е надлежност на
јавното претпријатие „Македонијапат“. Како Агенција сега ќе преземеме
поголеми обврски во оваа сфера - вели Волкановска.
Таа се согласува дека годишната сума за одржување на патиштата не е доволна.
-
Некогаш е и прашање колку се оправдани големите вложувања, бидејќи не
се знае колку тие би биле целисходни во ситуација кога не би можеле да
го запрат лизгањето на земјиштето како во случајот во Дебарско - вели
таа.
Пред четири години лизгање на земјиштето сериозно го
загрози шарпланинското село Јеловјане, по што на повеќе семејства им
беа изградени нови куќи. Подрачјето на Шар Планина е едно од
најзагрозените од ерозии најмногу поради неконтролираната сеча на
шумите. Експерти тогаш предупредија дека комбинација од снегот што се
топи и земјиштето на кое нема шума е најголема причина за лизгањето на
земјиштето.
- Кога ќе се растопи снег висок еден метар на еден
хектар земја, тој се претвора во девет милиони кубни метри вода, која е
голема опасност - велат експерти.
Зачувување на шумите, изградба
на банкини, тераси, ровови и други технички постапки се само дел од
мерките што треба да се преземат за да се запре поместувањето на
земјиштето.
- Ако се работи стручно, и за заштитата на патиштата
не требаат многу пари. Во практика се применува каскадно уредување на
теренот со заштитни мрежи, се сади вегетацијата, се инјектира цемент во
карпите, се растоваруваат косините - објаснуваат од „Македонијапат“.

Наjголемо лизгање на земjиште
Завчерашната
лавина во Дебарско е една од најголемите што се случиле досега во
земјава. Првична процена е дека била висока околу 25 метри и дека има
околу 80.000 кубни метри земја.
- Некогаш во овој дел од
планината имало заштита со железни шини, која со текот на времето е
сигурно оштетена. Но, не верувам дека ова чудо нешто можеше да го
сзапре. Се чини како половина од планината да слегла на патот. Сега
сепак треба да се најде начин да се заштитат патот и луѓето од нови
загрозувања - вели градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем
Мехмеди.
Одронот целосно го блокира патот кон Скопје за околу
30.000 жители од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово. Вчера, додека
траеше расчистувањето на теренот, похрабрите, кои имаа неодложна работа
„од другата страна на одронот“, доаѓаа пеш заобиколувајќи го одронот.
Моторните возила минуваа многу подолг пат и преку Струга возеа кон
Кичево, Гостивар и Скопје.
Одронот пробиен, сообраќајот чека
Градежните екипи вчера околу 14 часот го пробија одронот по што се
очекуваше движењето на моторни возила само за итни случаи да почне во
вечерните часови, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
На
терен излегоа и екипите на ЕВН, кои поставуваа нови бандери за околу
илјада жители на селата Битуше и Жировница повторно да имаат струја.
Вчера на оваа делница имаше помали одрони.
Пренеле бремена жена преку одронот
Работниците на „Македонијапат“ прексиноќа успеале преку големиот
одрон да префрлат бремена жена, која чувствувала тегоби од
долготрајното чекање на патот.
- Таа беше во колата што доаѓаше
од Гостивар и поради чекањето, студот и дождот почна да се чувствува
лошо. Не' повикаа да им помогнеме за да стаса до Дебар. Заедно со
нејзините блиски, нашите работници на раце ја пренесоа преку
натрупаната земја - рече Деар Лимановски од „Македонијапат“.
Вера Тодоровска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CBF5F162E21A664FB5DC2E103B014486
|
 |