Author |
Topic Search Topic Options
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1401 Posted: 04-Feb-2009 at 21:24 |
Откријте го проблемот во понудените ретра Аутобус на плоштад во Скопје
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1402 Posted: 04-Feb-2009 at 13:07 |
Навистина одличен текст ! Не е предолг, штета е да не оди и на билд  http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=307&ArticleID=17204
Даблдекери или даблдубиози |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Сапуницата
со набавувањето, па повторното набавување, па ненабавувањето на
двокатните автобуси за јавниот превоз во Скопје покажа дека властите во
државава не се способни ниту да го вратат минатото, а камоли да ја
градат иднината. Со тежок инает ја туркаат оваа јавна набавка на дури
302 возила, за кои ќе се потрошат огромни пари, и покрај тоа што сите,
од најпаметниот експерт до најпростиот патник во сегашните крнтии,
укажуваат дека тоа не е потребно, дека автобусите на два ката се
несоодветни за градот и дека е подобро да се купат обични, еднокатни,
поевтини, поекономични и попрактични. Но со уште поголем инает ја
развлекуваат постапката до бескрај. Досега веќе требаше да имаме
исчкртани седишта на горните катови, купишта лушпи од сончоглед и од
семки на долните и натписи со спрејови на каросериите, во согласност со
долгогодишната скопска традиција во јавниот превоз. Наместо тоа, не
видовме ниту седиште, ниту тркало од најавените автобуси.
Ќе
бидат ли даблдекерите уште една дубиоза, овојпат даблдубиоза? Дали
Владата длабоко во себе си ја призна грешката со оваа идеја, но се
срами да го каже тоа пред сите? Дали сфати дека таканаречените „ситни
технички пречки“ како острите кривини, ниските подвозници и нерамните
коловози нема да можат толку едноставно да се отстранат, за Скопје да
се врати половина век во минатото, но истовремено да отиде половина век
понапред во иднината? Не можеше да остане глува на сите предупредувања.
Сепак, ова е голема работа, која ако се погреши ќе предизвика
катастрофални последици. Може да ги погоди властите таму каде што
најмногу ги боли. Во рејтингот. А тоа не им е потребно пред локалните
избори. Можеби токму изборите беа причината што веќе седум или осум
месеци на граѓаните им се нудат две врапчиња на гранка, наместо да им
се даде едно во рака. Ако скопјани најдеа маана на јавниот превоз во
двокатните автобуси, тоа многу тешко ќе поминеше незабележано во
кампањата. Вака, ќе се чека. По март ќе има уште три години до
наредните избори, парламентарните, и уште дури четири до новите
локални. Тогаш и да се направи грешката, ќе се најде начин да се
исправи.
И каде е тука поддршката на македонската економија,
особено во овие времиња на глобална рецесија? Тешко може да се поверува
дека никој во Владата не знаеше дека македонските банки не можат да ја
издадат високата банкарска гаранција што беше побарана со тендерот. На
тој начин се елиминираше македонската фирма. Неочекувано, истиот
проблем ги снајде и двете кинески компании, од кои за едната сè
погласно се зборува дека се фаворизира затоа што зад неа стојат
бизнисмени од земјава блиски до сегашната власт. Некако се протнаа
Словаците, па мораа да најдат начин и нив да ги исфрлат. Лесно го
најдоа. Нивните автобуси не биле старински, туку премногу модерни. А во
овие времиња, кога се копа до две-три илјади години во историјата,
неприродно е главниот град да оди напред. Мора и тој да се врати назад,
колку-толку.
Фабриките што прават двокатни автобуси можат да
направат и еднокатни. Според податоците што ги има на Интернет, сите
компании што доставија понуди на тендерот произведуваат и обични
нископодни возила. Значи дури и ако се фаворизира некоја компанија, ако
се сака на неа да и се поттурне овој голем бизнис, можеше и од тоа да
излезе нешто корисно, целосно обновен возен парк во јавниот превоз со
соодветни возила и, најважно од сè, задоволни граѓани. Затоа е
несфатлива опседнатоста на Владата со минатото. Што можеме да очекуваме
по ова? Дали ќе се забрани и увоз на нови патнички автомобили, освен
ако тие не изгледаат на оние што се возеле во 1940-тите? Дали ќе се
спроведат големи реформи во „Македонски железници“ за да се вратат
парните локомотиви? Дали најавените стокатници ќе се градат од истите
материјали како колибите во Тумба Маџари? И дали како службена униформа
за сите државни службеници, а потоа како задолжителна облека за сите
граѓани ќе се воведат галичките носии?
Главна цел на еден
квалитетен систем за јавен превоз е да го намали сообраќајниот метеж во
поголемите градови. Да им понуди на граѓаните доволно добри услови по
доволно ниски цени за тие да можат да ги остават своите автомобили дома
и да патуваат со автобуси. На тој начин се намалува и времето за
патување и, уште поважно, загадувањето. Но по најавите за купување
двокатни автобуси голем број патници велат дека би се плашеле да се
возат во нив, особено по предупредувањата дека тие можат да се превртат
поради нивната гломазност и висина. И што ќе добиеме? Полни улици
автомобили што заобиколуваат празни даблдекери. Властите најавија дека
овие автобуси ќе бидат своевиден украс на градот, но зарем тоа значеше
дека тие ќе служат само за украс?
Идејата да се направи
атракција со двокатни автобуси може да биде добра само ако нивниот број
се ограничи. Да се купат само десетина, кои би возеле на нови линии
само низ центарот на Скопје. Превозот во нив би можел да чини десет
денари. Така граѓаните ќе можат да ги користат ако сакаат на пример да
стигнат од „Рекорд“ до „Југодрво“, а не сакаат да платат 30 денари за
обичен автобус или 50 за такси. И во тој случај атрактивните даблдекери
ќе бидат постојано достапни за странските туристи. А ако оваа е една од
главните цели, тогаш што бараат тие автобуси во Ѓорче Петров, Волково,
Драчево, Хиподром или во Радишани? |
|
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#1403 Posted: 04-Feb-2009 at 12:45 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1404 Posted: 04-Feb-2009 at 02:27 |
ниедна не понудила соодветен ретродизајн |
WTF?!?  Да не сакаат дословно ваков дизајн??? 
Edited by Cloverstack - 04-Feb-2009 at 02:28
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1405 Posted: 04-Feb-2009 at 01:53 |
Поништен тендерот за набавка на 302 двокатни автобуса

Три од четири фирми немале банкарска гаранција, а ниедна не понудила соодветен ретродизајн
Сања Наумовска
Министерството за транспорт и врски го поништи тендерот за набавка на 302 двокатни автобуса. Причина за поништувањето е банкарската гаранција која не ја доставиле три од четирите пријавени фирми. Исто така, ниедна од фирмите не понудила ретродизајн на автобусите, идентичен на „даблдекерите“ кои возеле низ Скопје во педесеттите години.
Набавката на автобуси за јавниот сообраќај во Скопје се поништува трет пат едноподруго. Владата минатата година го поништи тендерот на кој набавуваше 50 единечни автобуси за ЈСП „Скопје“, со цел да набави 102 двокатни. Поништена беше и таа набавка за да се дојде до бројката од 302 двокатни возила. Од Министерството информираат дека наскоро ќе распишат нов тендер, но не соопштуваат никакви детали, дали и понатаму строго ќе се држат до барањата за ретродизајнот, како и дали пак ќе набавуваат двокатни автобуси и во колкав број.
На последниот тендер, единствено словачката фирма „ПРЕ-ОС“ во документацијата имала валидна банкарска гаранција дека нема да се откаже од потпишувањето на договорот. Сепак, ниту Словаците не влегле во конкуренција да го освојат тендерот, бидејќи нивната цена била двојно повисока од сите други понуди. Имено, кинеската „Џенгџоу Јутонг групација“ за 302 автобуса побарала 60 милиони евра, „Санос“ 65 милиони евра, а бугарската „Кинг лонг“, 64 милиони евра. Сумата што ја побарала словачката фирма била 111 милиони евра.
Според информации од Министерството, домашниот производител на автобуси „Санос“ во доставената документација имал само нотарска потврда дека потпишувањето на договорот, ако го освои тендерот, го гарантира со целиот недвижен и движен имот, што за комисијата не било доволна гаранција. Доколку постоела банкарска гаранција и покрај тоа што не понудил најниска цена од сите четири фирми, домашниот производител би бил во игра за освојување на тендерот, велат извори од Министерството за транспорт и врски.
Во „Санос“ вчера не беа официјално информирани за одлуката на Министерството за транспорт и врски. Во компанијата објаснуваат дека нотарскиот акт што го приложиле е доволен гарант за сериозноста на нивната понуда. За банкарска гаранција биле одбиени од Стопанска банка од Битола. Велат, образложение не добиле, иако ги одбиле само неколку часа пред отворањето на понудите. Во барањето за гаранцијата бил понуден целокупниот имот на фирмата, кој е 12 пати поголем од гаранцијата.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1406 Posted: 03-Feb-2009 at 18:39 |
 Споредено со ~85 места ако го земем моделот на Словаците како репер  Видете во каква ситуација сме. Среќен сум што тендеров пропадна. Трет пропаднат тендер тоа се огромни потрошени ресурси, наши ресурси, пари на даночни обврзници  . И за тоа никој нема да одговара. Ме интересира дали воопшто некоја нормална фирма ќе се пријави на четврт тендер кога некој постојано си поигрува со нив? Ако ние имаме пари за расфрлање сигурен сум дека тие немаат. Можеби сега нема да можеме да купимер Мерцедеси или МАНови дури и да сакаме...
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#1407 Posted: 03-Feb-2009 at 18:19 |
Citargo G: With 3 doors: | 47 seats / 111 standees (total: 158) |  |  | With 4 doors: | 42 seats / 118 standees (total: 160) |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#1408 Posted: 03-Feb-2009 at 18:10 |
 Мерцедес Цитаро Г каков што има во Љубљана мислам дека има капацитет од околу 40+100 патници ама не сум сигурен. Утре точно ќе проверам кога ќе се возам, има над секој шофер белешка со бројот на седишта и вк. број на патници. Во секој случај се околу 140, 150 во дупли автобус.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1409 Posted: 03-Feb-2009 at 17:10 |
 Можат да бидат и Rolls-Royce мене едноставно не ми се допаѓа идејата за било какви двокатни автобуси во функција на градски превоз (освен како туристички иако и тогаш оправданоста е дискутабилна). И во Лондон нивната примена денеска е крајно редуцирана и тоа не случајно. Туку една работа неможев да најдам на интернет. Колкави се капацитетите (патници) на Цитаро и на Конекто па и на оној МАН што ги спомнувавме скоро во нишката. Бидејќи добивме приближна бројка за капацитетов на нашиве несудени автобуси баш ме интересира некоја споредба.
Edited by pbanks - 03-Feb-2009 at 17:10
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#1410 Posted: 03-Feb-2009 at 17:02 |
гарантиран дека пак ќе се оди на опција двокатни автобуси...од пуст политички инат, а веројатно и поради таксана зделка со некоја од фирмиве... сега баш налетав на карактеристиките на двокатните автобуси на Сканиа во Лондон...барем да беа од овој тип...али ова кошта многу...
|
Press releases 2005, Q1
|
|
|
 |
|
|
Scania
broadens its range of complete buses with a new ultra low-floor
double-decker in two versions – 10.7 and 12 m long – tailored to suit
the needs of the UK market. With an overall height of 4.21 m, the bus
meet the ‘low-bridge’ requirement, yet the interior height complies
with the ‘Transport for London’ standard on both decks. High quality
and smooth and friendly exterior styling provide added prestige for
public transport operators. Full support is secured via Scania's
extensive service network in the UK.
The
OmniCity double-decker is available in two lengths – 10.7 and 12 m –
both with generous wheel lock and excellent manoeuvrability. One-door
(2+0+0) and two-door (2+2+0) layouts are offered with the following
seating capacity: 10.7-metre 2+0+0: 83 passengers (34/49 on lower/upper deck).
10.7-metre 2+2+0: 68 passengers (27/41 on lower/upper deck) – TfL spec.
12-metre 2+0+0: 97 passengers (42/55 on lower/upper deck). ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА
| | | http://www.scania.com/news/Press_releases/2005/Q1/n05002_en.asp
Edited by anDarko - 03-Feb-2009 at 17:05
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1411 Posted: 03-Feb-2009 at 15:45 |
 знам знам  непоправлив оптимист сум тоа ти е
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1412 Posted: 03-Feb-2009 at 15:43 |
Абе и јас се надевам на нешто слично али незнам, еве види зошто го поништиле тендеров
Комисијата за спроведување на постапката по јавната набавка утврди дека доставената понуда не го исполни бараниот критериум, односно не ги освои потребните минимални бодови при бодувањето на техничките и функционалните карактеристики со дизајн.
|
Колку што разбрав само словаците имале банкарска гаранција ама сепак го поништија тендерот поради модерниот дизајн (мада можеби и цената од 300.000 им е малце солена) А фактот дека се силат одма со нов тендер не ми дава надеж.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1413 Posted: 03-Feb-2009 at 15:34 |
Одлична вест. Јас навистина се надевам дека сеа ќе најдат некое оправдување од типот 'Ние сакавме да ја зачуваме традицијата во Скопје со двокатни но поради неможноста да се набават квалитетни двокатни со традиционален изглед на пазарот решивме да одиме со еднокатни обични..................' и оваа трагична двокатна епизода ќе заврши еднаш засекогаш.
Ем тие да зачуваат образ, ем ние да добиеме достоен јавен превоз.
Зошто да не, додека траше тендерот за ТЕЦ Неготино бевме убедувани дека тоа е најдоброто можно и единствено решение, па кога пропадна тендерот повторно не убедуваа дека уствари тоа што капацитето останал во наши раце е уствари подоброто решение. Значи радикална промена на ставот не би била преседан.
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#1414 Posted: 03-Feb-2009 at 15:04 |
НЕВЕРОЈАТНИ СЕ!! и гарант пак со магарешки инат ќе распишат трети по ред тендер за двокатни автобуси... Ќе биде распишан нов тендер за 302 автобуса
03.02.2009 14:32
 | Завршена е постапката за евалуација на единствениот понудувач |
| |
Министерството за транспорт и врски денеска објави дека ќе биде распишан нов тендер за набавка на 302 автобуса. Завршена
е постапката за евалуација на единствениот понудувач кој достави
комплетна понуда согласно тендерската документација на јавната набавка
за набавување на 302 автобуси. Комисијата за спроведување на
постапката по јавната набавка утврди дека доставената понуда не го
исполни бараниот критериум, односно не ги освои потребните минимални
бодови при бодувањето на техничките и функционалните карактеристики со
дизајн. Од страна на Министерството за транспорт и врски ќе биде
објавен повторен оглас за јавна набавка во најкраток можен рок,
согласно Законот за јавни набавки. Ве информираме дека од
четирите пристигнати понуди на првиот оглас за набавка на 302
новопроизведени двокатни автобуси од страна на компаниите Zhengzhou
Yutong Group co ltd - Кина, Санос Доо - Македонија, King Long Bulgarija
Ltd - Бугарија и PRE-OS, ДОО - Словачка, три од компаниите не ги
доставија банкарски гаранции кои се доставуваат заедно со понудата во
оригинал, што претставува услов за учество во тендерската постапка.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103907
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1415 Posted: 03-Feb-2009 at 00:50 |
Originally posted by zabegan
фино, ќе купиме прототип, тоа е најдобро... |
За жал мислам дека и овој проблем нема да ги премисли колку и да е битен.
Некои од вас мислат дека ќе се поништи тендерот со оглед дека фирмиве се непознати и немаат некое искуство со двокатни и дека во владава ќе се „освестат“ али едноставно премногу имаат вложено политички во двокатниве за да се премислат сега, они не би го сватиле како освестување него како едно големо понижување, башка имаме избори наскоро....
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1416 Posted: 03-Feb-2009 at 00:42 |
Словаците не го добија тендерот бидејќи премногу го стилизирале автобусот, и да ви кажам право ми изгледа интересен. Некоја модерна варијанта на ретро стил  Исто како онаа куќата што ја постиравте за 'модерна стара охридска архитектура'. Јас мислам да се понудат автобусите што веќе ги користи ЈСП на продажба, да ги купи владата и да ги подари на ЈСП, ем поефтино што им беше најважно, ем постаровремски здравје. Ем нема да перат пари.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1417 Posted: 03-Feb-2009 at 00:36 |
Автобусите се' уште ја возат тендерската траса Во бизнис-круговите веќе долго време се шпекулира оти за победник на тендерот се мести „странска фирма“ зад која стои бизнисмен од Скопје
 Скопјани сакаат квалитетен и функционален јавен превоз
До крајот на неделата ќе се знае која фирма ќе биде избрана на
меѓународниот конкурс за производство на 302 двокатни автобуса, кои
Владата ќе му ги подари на ЈСП. Два од нив ќе бидат отворени за
туристички разглед и ќе им бидат подарени на Охрид и на Скопје. Во
Министерството за транспорт и врски велат дека додека не заврши
конкурсот не смеат да ги изнесуваат податоците за понудите на четирите
фирми: скопски „Санос“, кинеската групација „Џенгџоу Јутонг“,
бугарската фирма „Кинг лонг“ и словачка „ПРЕ-ОС“.
- Законски не
смееме да ги изнесуваме податоците додека не биде избрана фирмата со
најповолна понуда. Комисијата обично има рок од 20 до 30 дена по
отворањето на понудите за да ги разгледа, да ги бодува и да одлучи,
иако во согласност со Законот за јавните набавки нема утврдено рок“ -
вели Драган Симоновски, портпарол во министерството.Но, во
бизнис-круговите долго се шпекулира дека за победник на конкурсот се
мести „странска фирма“ зад која стои бизнисмен од Скопје. Според
условите, 50 бода носи најниската понудена цена, 30 техничките
карактеристики и дизајнот, 15 бода гарантираниот период и 5 бода рокот
за испорака.
Дознаваме дека освен словачката фирма, другите
три фирми што се јавиле на тендерот - „Санос“, бугарската и кинеската -
немале банкарски гаранции, па Комисијата им дала рок од 10 дена за да
достават. Според Славе Распашковски, генерален директор на „Санос“, тие
ги доставиле сите документи, но досега не добиле известување од
Комисијата дека е потребно да достават банкарска гаранција и смета дека
на тој начин се опструирани.
- Јас не сум известен за такво
нешто. Но, затоа имаме заверен нотарски акт кој е замена за банкарската
гаранција со кој со целиот движен и недвижен имот гарантираме за
серизоноста на нашата понуда. Сепак ќе се потрудиме и тоа да го
исполниме - вели Распашковски .Тој објаснува дека главните компоненти
на нивниот автобус (мотор, менувач, осовина, клима) имаат генерална
гаранција од четири години, односно двојно повеќе отколку другите
понудувачи, како и 12 години на каросеријата и на деловите на шасијата,
а другите даваат гаранција од само пет години. Освен словачката фирма и
„Санос“, другите две немаат мотор со стандард Евро 5, туку Евро 4.
Распашковски истакнува дека тие се единствената фирма што го исполнува
условот за ретро-изглед на автобусите и тврди дека ќе бидат изработени
од најквалитетни материјали, за разлика од кинеските, на кои по
изминати 250.000 километри им е потребен ремонт на моторот.
-
Овој проект носи и нови вработувања. Се проценува дека со тоа ќе бидат
вработени 300 лица директно во „Санос“ и уште околу 200 кај
кооперантите - вели Распашковски.И директорот на ЈСП, Александар
Бошковиќ, вели дека би било добро да заживее фабриката „Санос“.
-
Кога имаме наше македонско квалитетно, зошто да не го искористиме. Ќе
биде полесно и за сервисирање на возилата - дециден е Бошковиќ.
Позитивен став за овој производител изрази и скопскиот градоначалник
Трифун Костовски, но за нископодни, а не за двокатни автобуси.
Конкурсот
за набавка на 302 двокатни автобуса првично требаше да заврши на 1
декември. Министерството за транспорт го продолжи рокот до 20 јануари
по барање на дел од фирмите. Конкурсот првично беше објавен во домашни
и странски печатени медиуми, првично за набавка на 102 автобуса. Потоа
Владата се премисли и распиша конкурс за набавка на 302 двокатни
автобуса. Вакви автобуси засега се користат во Лондон, Даблин, Хонг
Конг, Сингапур и во Отава.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5052120BF6883F458321257110C8066E |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1418 Posted: 03-Feb-2009 at 00:01 |
фино, ќе купиме прототип, тоа е најдобро...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1419 Posted: 03-Feb-2009 at 00:00 |
Читам, една од најголемите предности на Санос ете било тоа дека само тие понудиле вистински изглед како од предесетите. Колку што гледам ова се сведува на механичко копирање на некои ретро детали (наместо стилизиран и интелигентен дизајн пред се посветен на функцијата) а највеќе дебилната кабина. Не гледам ништо убаво, а уште помалку корисно во така дизајниран преден дел на автобусот. Беспотребно се губи корисен простор, а што е уште поважно се нарушува прегледноста на возачот. Исто така не ми е јасно како со таков дизајн возачот ќе има контрола на тоа кој влегува во автобусот и дали има билет/картичка.
Ова е само капка во целата дебилност на идејава за двоспратни автобуси, но не бива да не ја забележиме. Уште еден изопачен глупав критериум кој на целава работа и додава уште еден минус!
Edited by Cloverstack - 03-Feb-2009 at 00:02
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1420 Posted: 02-Feb-2009 at 23:56 |
Originally posted by Vladimir P
Коку сватив од нивите сајтови, тие уопште ги немаат во производна линија овие типови на аутобуси Ни словачкиот ни кинеските, за нашиот да не зборуваме, ова му доаѓа - и на тараба пишува ама ...
|
Јас искрено не верувам дека некој на планетава денеска купува вакви автобуси така да се дефинитивно вонсериски и за овие фабрики. Словаците го маркетираат како нов производ на нивниот сајт  а другиве го немаат ни рецнато...
|
 |