build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7172737475 84>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1441 Posted: 23-Sep-2009 at 15:59
Следниве слики се од регионалниот пат Р-413 поточно патот кој всушност го обиколува Мавровско Езеро. Сликите поточно се на потегот од браната (каде што започнува патот односно се одвојува од Р-409) до раскрницата каде што почнува патот Р-414 (за Галичник).

Катарзата во ПГДС овде се случува преку зима зашто овој пат води и до скијачнкиот центар и доголем дел од викендиците и капацитетите на Маврово. Единствена замерка имам за делот преку браната. незнам што може да биде проблемот но на онаа коцката стварно не и место тука.

01.


02.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 22:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1442 Posted: 23-Sep-2009 at 15:47
Ова е регионалниот крак на регионалниот пат, Р-415к1, односно од патот Р-415 до Лазарополе. Се работи за исклучиотелно ризичен пат долг 5км, неисчистен од одрони, аслфатот на доста места е оштетен, со пет опасни свиоци и со доста голем нагиб.

01.


02.


03.



Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 15:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1443 Posted: 23-Sep-2009 at 15:44
Следниве слики се од регионалниот пат Р-415, од потегот од Бошков Мост(врска со R409) до раскрницата каде што се врти за Лазарополе (41°30'56.06"N 20°41'6.17"E)...

01.


02.


03.


04.


Еве и две слики од повисоко како се гледа патот низ долината...

05.


06.



Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 15:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1444 Posted: 20-Sep-2009 at 11:52

Стартува изградбата на патот Струмица - Дојран

Започна да се реконструира регионалниот пат Струмица - Дојран. За неговата изградба Владата одвои близу 3 милиони евра. Градежните работи за реконструкција на патот долг 31 километар треба да завршат за 8 месеци. Обновувањето на регионалниот пат Струмица - Дојран ќе ја зголеми фреквенцијата но и безбедноста на патиштата во овој дел на земјата.

Наредната година најавено е завршување на патот Струмица - Радовиш, како и реконструкција на повеќе патни мрежи во државата до 2012 година

Денешната посета на Струмица Премиерот Груевски ја искористи и за обиколка на локалитетот римски терми во Бања Банско.
19.09.2009, 19:12


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=53444
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1445 Posted: 04-Sep-2009 at 15:44
И јас имам чуено дека постои таква обврска. Само не знам дали е одредено што може да „помине“ како алтернативен пат. Да се одреди алтернативен пат чисто како формалност не е воопшто тешко.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1446 Posted: 04-Sep-2009 at 14:00
Па тоа е случај со автопатот М-1 по голем дел од неговата должина. Од Каталново до Велес е така, а и од демиркапија до смоквица. Голем дел од должината на Р-103 е во функција на М-1. А за законски обврски и слично не ми е логично да постои.
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #1447 Posted: 04-Sep-2009 at 13:41
Ако не се лажам има законска обврска дека мораима алтернативен бесплатен пат на секоја автопатска делница.
Најголем апсурд е тоа што на некои делници мора да платите патарина затоа што државата го има надградено патот во автопат и нема направено(оставено) алтернативен пат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1448 Posted: 04-Sep-2009 at 02:54

Во Македонија нема алтернативни патишта

Кога има сообраќајка, патниците чекаат со часови, бидејќи нема од каде да завртат

Билјана Ангеловска

Тешката сообраќајна несреќа што се случи пред неколку дена на патот Демир Капија - Гевгелија, кај Удово, во која загинаа пет лица, отвори повеќе прашања на кои досега можеби и не им се обрнувало големо внимание. Додека истражните органи вршеа увид на местото на судирот, сообраќајот на оваа делница беше во прекин повеќе од три часа. Поради тоа се создаде колона возила на двете коловозни ленти долга 10 километри. Некои од возилата во колоната, по долгото чекање, се обидоа да се вратат назад, но повеќето, поради неможноста брзо да се приклучат на некој друг спореден пат, останаа да чекаат да заврши увидот и повторно да биде воспоставен сообраќајот.

Овој случај само го изостри проблемот со немањето алтернативни патишта во нашава држава, кои во вакви неочекувани и повремени случаи би се користеле за сообраќај. Поразителен е фактот дека во Македонија не постојат „резервни“ патишта за „не дај боже“ случаи, а да не говориме за нормално изградени алтернативни регионални патишта покрај експресните сообраќајници, кои редовно би ги користело месното население во секојдневната комуникација.

Не затоа што на тој начин би се избегнувале наплатните рампи, туку многу повеќе оти би се намалил метежот на автопатот, а мештаните со своите постари автомобили многу побезбедно би возеле по сообраќајницата од понизок ранг, проектирана и изведена за помал интензитет на сообраќај.

И во Агенцијата за државни патишта се согласуваат дека во Македонија нема алтернативни патишта. Онаму каде што ги има, најчесто се во многу лоша состојба, а на некои места, пак, постојат патишта од најнизок ранг, неасфалтирани, со земјен или тампониран коловоз. Тоа значи дека не може да стане збор за алтернатива на магистралниот пат, туку, едноставно, за некаква врска меѓу две населени места, а која во вакви, како во последниот пример, екстремни случаи може да послужат како замена на автопатот.

Конкретно, од местото каде што се случи сообраќајката, возилата можеле да го продолжат патувањето кон Гевгелија единствено ако се врателе 40-ина километри назад до раскрсницата кај Неготино, за потоа преку Неготино да стигнат до Струмица или до Гевгелија. Или, пак, како алтернатива можело да се користи и друг пократок пат, но од многу низок ранг, а тоа е со враќање назад до Демир Капија, поточно до селото Давидово, од каде што преку макадам може да се стигне до Гевгелија.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека кога ќе се доврши изградбата на Коридорот 10, токму сегашнава делница Демир Капија - Удово ќе биде алтернатива на автопатот до Гевгелија.

Алтернативен пат кој е во релативно добра состојба и е во функција е стариот пат Скопје - Тетово. Станува збор за патот Р402 од Сарај до Гостивар, за чие одржување се грижи „Македонија пат“. Но, затоа, пак, од Гостивар кон Охрид може да се рече дека не постои помошен пат. Доколку се случи нешто на тој патен правец, освен евентуално преку Дебар и Струга, веројатно и нема друга можност да се стигне до Кичево или до Охрид. Во Агенцијата појаснуваат дека во екстремни случаи може да се користи и земјениот коловоз кај кичевското село Извор, кој има широчина од само 4,5 метри, а се приклучува кај Бошков Мост. Проблемот во овој дел од државава, велат, ќе се реши дури кога ќе се изгради Коридорот 8, но кога точно ќе биде тоа, засега никој не може со сигурност да каже.

Надлежните се согласни дека во Македонија нема алтернативни патишта паралелни на магистралните сообраќајници. Потенцираат дека постојат обиколни и други регионални патни правци, што е многу поразлично од алтернативен пат. Од друга страна, голем е бројот и на регионалните патишта кои не се пробиени, а се зацртани во план да се градат. Но, со оглед на тоа што за нивна изградба се потребни големи суми, засега е сосем неизвесно кога ќе се реализира тоа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1B7838261A18584F8056C2523BEADBE2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1449 Posted: 04-Aug-2009 at 01:53

Нелегален транспорт го уништи патот Драчево-Китка

Градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, вели дека фирмата „Еврокомпани“, која вршела ископ на минерална руда во Копаничани, ќе ги поправи штетите заедно со претпријатието „Улици и патишта“



Повеќе од 500 метри коловоз од патот Драчево-Китка, кој е долг три километри, се тотално уништени поради тоа што на него поминуваат тешки товарни возила со носивост и до 40 тони, иако тој е проектиран и може да поднесе тежина до 25 тони. Околните жители се револтирани што им се уништува патот кој е изграден пред само две години. Велат дека таму имало и сообраќаен знак на кој била означена дозволената тежина до 25 тони, но тој неколку пати е ваден.

Проблемот со овој пат беше изнесен и на седница на Советот на Кисела Вода, каде што како најголем виновник за неговата катастрофална состојба беше посочена фирмата „Еврокомпани“. Според локалната власт, фирмата нелегално врши ископ на минерална руда во селото Копаничани, а потоа ја транспортира со камиони низ посочениот пат. Освен оваа фирма, според локалните жители, патот го уништуваат и камионите на Шумското стопанство „Караџица“.

- Патот е полн со дупки, иако се крпеше. Го уништуваат разни камиони, а особено оние од „Караџица“. Возачите дури и го тргаат знакот за забрана за движење потешки возила од 25 тони и слободно си возат. Поради тоа нашите возила страдаат - вели Славка Јовеска од населбата Драчево.Градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, е револтиран што Министерството за економија без да ја праша Општината за последиците по патот, на фирмата „Еврокомпани“ и' издала концесија за ископ.

- Ние ќе бараме од Министерството да ни ги даде на увид сите издадени концесии на територијата на Кисела Вода. Никој не не' информира, ниту пак не' прашува кога се издаваат концесиите, а сега нам ни останува да најдеме пари за поправка на патот бидејќи е локален - вели Ѓорчев.Тој вели дека сопственикот на „Еврокомпани“, Насер Ризвановиќ, ветил дека ќе ги поправи штетите на патот, но за да биде работата поквалитетна, санацијата ќе се врши во соработка со јавното претпријатие „Улици и патишта“.

- Потпишан е протоколот со Градот и со „Улици и патишта“ за реконструкција на улици во општината, меѓу кои и патот Драчево-Китка - вели градоначалникот Ѓорчев.Од Министерството за економија информираат дека „Еврокомпани“ поднела барање за издавање концесија, но тоа се' уште е во постапка.

- Оној што сака да добие одобрение, односно концесија за ископ, мора прво да достави барање до нас, а потоа да добие согласност од Општината за искористување на патната мрежа - објасни Исмаил Ебипи, државен советник за општи и правни работи во Министерството. Од Општината Студеничани, на чија територија се врши ископот, велат дека досега не добиле барање за согласност за користење на патот.

- Немаме никакво барање од фирмата „Еврокомпани“. Со тој пат имаме проблеми подолго. Не само оваа фирма, проблем е што низ него минуват и камионите на Шумското стопанство „Караџица“ - вели Исмет Тртовац, раководител на одделението за урбанизам во Студеничани.Од Шумското стопанство“Караџица“ негираат дека тие се виновни за уништениот коловоз и тврдат дека веќе четири години не го користат тој пат. Насер Ризвановиќ, сопственик на „Еврокомпани“ призна дека по налог на Министерството за економија биле спречени да вршат ископ.

- Не' најмија сопственици на нива во Копаничани како фирма што врши ископ. Луѓето сакаа да им ја израмниме нивата. Но, бидејќи наидовме на минерална руда, работите ги стопираа од Министерството за економија - вели Ризвановиќ.Тој вели дека се договориле со градоначалникот на Општина Кисела Вода дека ќе ја санира штетата.

- Се' што е договорено ќе го реализираме, иако не сме должни само ние тоа да го правиме, бидејќи по овој пат не минуваме само ние. Во околината постојат уште шест села - нагласи Ризвановиќ. Патот Драчево-Китка е изграден во 2006 година, во времето на градоначалникот Џорџе Арсов и за него се потрошени 22 милиона денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3999A1EEB6404745AEFD2421FED5AE0B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1450 Posted: 22-Jul-2009 at 15:13

Брошура за странците како да возат во Македонија

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата изготви информативна брошура која содржи информации за правилата во сообраќајот кои треба да ги почитуваат возачите кои влегуваат во Македонија. Заради поголема безбедност на патиштата во земјава, Советот ќе ја дели брошурата на патниците на сите гранични премини. Во неа странците ќе читаат за ограничување на брзината на патиштата, за законските правила за управување на моторно возило, за сигурносни појаси и други сообраќајни правила. Брошурата е испечатена на македонски, англиски, германски, албански, турски, српски, бугарски и грчки јазик.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3FA2675BF481D34AB159EB877A6CB3A1
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1451 Posted: 06-Jul-2009 at 06:26
 

ИНТЕРВЈУ: М-Р ГОРАН МИЈОСКИ, ИНЖЕНЕР-ЕКСПЕРТ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЕКОНОМСКИ СТРАТЕГИИ „ОХРИД“

Добрите патишта носат напредок

Подобрената состојба на патиштата и на целиот транспортен систем ќе го поттикне економскиот раст, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја подобри мобилноста на граѓаните, ќе ги намали транспортните трошоци и ќе ја направи државата поконкурентна и попривлечна за странски инвестиции

Македонските патишта ниту се одржуваат квалитетно, ниту е целосно изградена автопатската мрежа. Ваквата лоша состојба е резултат на несоодветниот начин на финансирање на патната мрежа во целиот период на транзиција. Исто така е потребно врвниот стручен инженерски кадар да се ангажира во институциите надлежни за патиштата за да се носат вистински одлуки за развој на патниот сообраќај во земјава. Ова се констатациите на м-р Горан Мијоски, инженер и експерт од Институтот за економски стратегии „Охрид“, изнесени во трудот „Препораки за развој на патната и железниката инфраструктура во Република Македонија“, кој го изработи со уште двајца колеги, д-р Зоран Кракутовски и м-р Љупчо Тодоровски.

- Една од главните причини за актуелните состојби со патиштата отсликани со недоволно одржување на постојната патна мрежа и не докрај изградените автопатишта може да се најде во недоволните финансиски средства за таа намена. Актуелни извори на приходи за патиштата се од буџетот на државата, од патарина, од наплата за регистрација на странски возила, транзитирање на странски возила, кредити, грантови и слично. При тоа сите овие пари се собираат во државниот буџет и оттаму се транферираат во Агенцијата за патишта. Тоа е една од аномалиите во нашиот систем за финансирање. 

Што предлагате за да обезбедиме повеќе пари за патиштата?

- Најголем дел од парите за патиштата се собираат од акцизата на горивата. Финансирањето може да биде најефикасно со зафаќање на дел од акцизата или од малопродажната цена на горивата. Кај нас моментно тоа зафаќање е околу 20 отсто од акцизата. Овој модел треба да биде цел на една посериозна стручна анализа за да се дефинира колкав процент би се зафаќал и дали тоа да биде само од акцизата или од малопродажната цена на горивата. Во Хрватска е 0,6 до 0,8 куни од цената на литар гориво. Тоа, грубо, според малопродажните цени, е 10 отсто од цената на литар гориво. Друг извор е приходи е од наплата на патарина. Може да се прибираат повеќе пари, но тоа е возможно само ако се изврши промена на постојниот систем на наплата на патарината. Приходите од регистрација на возилата во последните години се намалени. Има се' помалку возила кои се регистрираат. Тоа значи дека може да се размисли за некоја корекција на цената, како бројот на регистрирани возила би бил поголем.

Според некои податоци, ако во 2002 година сме имале половина милион регистрирани возила, а во 2007 само 275.000 регистрирани возила, јасно е дека нешто не е во ред. Од транзитирањето на странски возила, според некои размислувања, треба со 3 до 4 отсто да го полни овој буџет за патишта. Но да размислиме дали овој процент би бил толкав или значително поголем ако имаме модерни автопатишта на нашите главни патни коридори и го подобриме квалитетот на целата патна мрежа. Секако дека тоа ќе генерира сообраќај и странските превозници со своите рути нема да не' заобиколуваат. Значи, парите директно да завршуваат таму за каде што се наменети. Факт е дека сегашниот систем на финансирање е нетранспарентен. Ако во буџетот за патишта би се собрале повеќе пари, би можеле да разговараме за изградба и за одржување.

 Како да најдеме пари за изградба на нови и за модернизација на постојните патишта?

- Најповолен начин за изградба на патишта е со сопствени пари. Но, речиси никој не гради со сопствени пари. Се користат кредити, најчесто од странски банки или меѓународни институции. Трета варијанта се концесиите. Сите овие модели имаат предности и недостатоци. Според стручната јавност, најдобро е со сопствени пари, па со кредити, па концесии. Концесиите првпат се применуваат во 80-тите години од минатиот век во САД и во Велика Британија, за време на владите на Реган и Тачер. Главната цел било да се разбијат монополите. Државите не биле задоволни од функционирањето на јавните монополи, а како секундарна цел било да се ослободат буџетски пари за други намени. Но, во земјите во развој, а и кај нас, оваа секундарна цел на концесиите е примарна.

Има неколку модели на концесионерство. Првиот е со фиксиран рок на траење на концесијата, а променлива цена на патарина. Потоа, фиксирана патарина, а променлив рок на траење на концесијата. Третиот модел е концесионерот да и' нуди на државата одреден надоместок, а со определена цена на патарина и должина на концесија.

Кој модел на концесионерство е најпогоден?

- Последниот модел, кој е најусовршен, со најмалку мани, е ЛПВР-аукција, каде што има променлива должина на траење на концесија и променлива цена на патарината. Системот на концесиите на хартија е извонреден, но во практика често се јавуваат проблеми. Има многу такви примери во светот. Последните се и во нашето соседство, во Србија, каде што случајот е на меѓународен арбитражен суд. Српската влада се тужи со странската компанија што се нафати да гради со концесија дел од нивните автопатишта. Лошото е што кога се влегува во ваква работа државата мора да биде многу внимателна зашто избрзаните потези може да донесат големи задолжувања. Тука се влегува во партнерски однос држава- концесионер. Не е во ред концесионерот да биде оставен на цедило, да пропадне, затоа што патот ќе остане неизграден.

Мора да се има партнерски однос и соработка. Кога има фиксиран рок на концесија, а променлива патарина, концесионерот може постојано да ја зголемува патарината, а сето тоа да го плаќаат граѓаните или ако нема доволно сообраќај, да го плати државата, пак на нивна сметка. Оттаму, ЛПВР-аукцијата има предности бидејќи концесионерите кога се натпреваруваат на конкурсот нудат сума на минимален очекуван приход. Тој што има понудена најмала вредност на очекуваниот приход ќе ја добие концесијата. При што, ако има соодветно голем сообраќај, времето на концесија може да се намали кога тој ќе го оствари оној приход што го очекувал. А ако нема доволно сообраќај, може да се зголеми патарината или да се зголеми рокот на траење на концесијата.

Кај јавните повици со фиксиран рок на концесија има многу непознати, како густината на сообраќај, се прогнозира колку ќе има возила за следните 25- 30 години. Па, има многу промашување во обемот на сообраќај. Исто и со цената на градба. Во моментов ја знаеме цената, но не знаеме каква ќе биде кога ќе почне да се гради и потоа. Успешноста на една држава и влада на крајот на мандатот е во изградените работи. Никој не сака да му пропадне зделката, па да има уцени од концесионерот, дека не е тој прогнозиран сообраќај, па поскапена е цената на изградба. Тогаш се бараат нови преговори, се одолговлекува изградбата.

 Има ли опасност да не' заобиколат главните европски коридори?


- Коридорите 8 и 10, значи исток-запад и север-југ се наша врска со светот, со Европа, со НАТО. Во соседството веќе имаме две земји-членки на ЕУ, две кандидатки, а три се членки на НАТО. Наша цел е да станеме член на овие организации. Затоа е потребно да ги следиме сите случувања. Во овие глобализациски движења, патиштата немаат цел ако ги изградиме само за наш интерес. Тие не смее да бидат изградени како слепи колосеци. Мора да се поврземе со соседите со модерни патишта. А што се случува? На Коридорот 10 има паралелен коридор кој поминува низ Романија, Бугарија и оди во Грција. Понатаму се поврзува со веќе изградениот автопат „Егнација“, кој почнува од грчко-турската граница и завршува во градот Игуменица на Јонско Море. Во Албанија веќе е изграден автопат до Косово. Планираат преку Приштина, кај Ниш да се поврзат со Коридорот 10.

Во Србија се планира изградба на автопат од Ниш од бугарската граница и понатаму до Турција. Така што можеби во моментот нема реална опасност, но перспективно транзитниот сообраќај може да ја заобиколи Македонија. Поради тоа мора да се интензивира изградбата на коридорите 8 и 10. Покрај тоа, градежништвото е една од нашите поголеми стопански гранки. Со парите што ќе се инвестираат во едни вакви крупни капитални проекти, градежништвото може да биде еден запчаник што ќе ја повлече македонската економија нанапред. Понатаму, во ваков период на рецесија сите земји инвестираат во вакви крупни проекти за кога ќе помине кризата подготвени да го дочекаат економскиот развој.

Како стоиме во однос на земјите во регионот?

- Ако некој прашува дали доцниме, ќе одговорам вака. Словенија почна во 90-тите години од минатиот век и ја изгради целата своја патна мрежа. И стана членка на НАТО и на ЕУ. Хрватска инвестира од 2000 година, се носат петгодишни планови. Досега имаат инвестирано околу 7 милијарди евра, изградија близу 500 километри автопатишта. Планираат до 2014 година да инвестираат уште 7,5 милијарди евра во патната мрежа. Во Србија градењето добива интензитет, имаат акциски план во кој се опфатени сите правци. Инвестираат 1,6 милијарда евра за доизградба на Коридорот 10. Парола на српската влада е „Коридорот 10 ја гради Србија“. Во Грција го изградија автопатот „Егнација“ кој е реална опасност за нашиот Коридор 8. Албанија во петгодишен период ќе инвестира 2,5 милијарди евра во изградба на патна мрежа. Го пушти во употреба автопатот кон Косово и го изградија најдолгиот тунел во овој дел од Европа долг 5,5 км. Македонија мора на овие движења да се приклучи со поинтензивна изградба и поквалитетно одржување на постојната патна мрежа.

Колку пари се давани за одржување на патиштата пред десетина години, а колку сега?

- Во книгата што ја изработивме во институтот „Охрид“ има податоци за целиот период на транзицијата, од 1996 година, кога биле инвестирани во одржување на патната мрежа околу 750 милиони денари, па до 2008 и 2009, кога се предвидени 970 милиони денари. Најмногу пари за одржување на патната мрежа се одвојувале од 2004 до 2006 година, кога таа сума била над 1 милијарда денари. Евидентно е дека секоја година пуштаме во употреба нови сообраќајници, магистрални или регионални, а сумата за одржување се намалува. Плус, ако се наведе дека сообраќајниците се секоја година се' постари, се' повеќе амортизирани и поексплоатирани, јасно е дека парите треба да се зголемуваат секоја година.

Напротив, кај нас се работи обратно, парите за одржување на патиштата се намалуваат. Единствена отстапка е кредитот од Светска банка за санација на 12 патни правци. Се согласувам дека треба да градиме нови патишта без оглед на рангот, но и кон она што го имаме треба да се однесуваме совесно и да го одржуваме. Според некои стручни анализи и процени, патната инфраструктура влегува со 10 отсто во вкупното национално богатство на една земја.

Дали неквалитетот на патиштата ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот?

- Секако. Со една анализа на МВР утврдени се 169 црни точки на нашата патна мрежа. Тоа е еден застрашувачки број и согласно со националната стратегија за безбедност на сообраќајот во патиштата стои дека во рок од пет години треба да се изврши санација на сите овие црни точки, односно на крајот од петгодишниот период да нема црни точки. Не знам колку е преземено во оваа насока, јас учествував како експерт од аспект на градежниот дел, но за имплементацијата треба да дадат одговор од надлежните министерства. Но факт е дека безбедноста во сообраќајот е на загрижувачко ниво. Бројот на жртви и на повредени лица од 2001 година е во постојан пораст.

Според Светската здравствена организација, штетата од сообраќајките во 2004 година била 507 милијарди евра, ако загубените животи може да се измерат со пари. Страшно големи суми, кои бодат очи, и се преземаат мерки за да се намалат. Така во ЕУ е наложено сите земји-членки да изработат национални стратегии за безбедност во сообраќај. Целта е бројот на жртви да се намали на 7 од сегашните 11 на 100.000 жители. Дури една третина од сообраќајките се причинети од факторот пат, дали поради лоши геометриски услови или лош квалитет на коловозната конструкција. Хрватска презеде пилот-проект со десет црни точки на кои пред санацијата имало 631 сообраќајки. По санирањето на овие црни точки бројот на сообраќајки се намалил само на 12. Пред санацијата имало 137 повредени, а потоа само 12. Имало 18 жртви, а по санацијата ниту една. Може да се констатира дека она што е преземено со санацијата навистина дало резултати.

Да се чуе гласот на инженерската фела

- Потребно е создавање и ангажирање на врвен стручен и професионален кадар што ќе работи во институциите одговорни за патиштата. Значи, најквалитетните кадри мора да бидат во органите на управување на патната мрежа за да се носат вистински одлуки. Мора да се почитува мислењето на стручната, односно на инженерската фела. Факт е дека во изминатиов транзициски приод имаше многу разноразни влијанија што придонесуваа за одредени решенија што подоцна се покажаа како неповолни. Подобрената состојба на патиштата и воопшто на целиот транспортен систем ќе го поттикне економскиот раст, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја подобри мобилноста на граѓаните, ќе ги намали транспортните трошоци и ќе ја направи државата поконкурентна и попривлечна за странски инвестиции - вели Мијоски

 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1452 Posted: 22-Jun-2009 at 10:02

Заобиколена Македонија

Претставници наВладата речисисекој ден фрлаат свечени лопати, но, за жал, малку од нив се за инфраструктурни објекти и за патишта. Нашиот главен коридор од Табановце до Богородица одамна плаче за работна рака. Длабоките дупки, искрадените сообраќајни знаци, сигнализации опасни за живот, напуштените мотели, немањето паркинзи и чешми, животни и луѓе по патот... се само дел од „декорот“ на кој како да се навикнуваме. Но, фрапира фактот дека токму надлежните во Владата, кои имаат задача да реагираат соодветно, или не го забележуваат ова или едноставно великиот проблем го „покрија“ со предлогот автопатот да го именуваат по великиот Александар. Како тргнала работава, министрите и премиерот чекаат славниот војсководец да ја заврши и физичката работа. Впрочем, тие јавно кажаа дека од него очекуваат да го заштити името на државата, па зошто не и да подзакрпи еден автопат.Ако „стратегијата“ е таква, се поставува прашањето кои се работните обврски на Јавното претпријатие „Македонијапат“. Да решава егзистенцијални прашања на партиски војници? Да подработува по нешто и, пред се', да собира патарини?

Токму кај патарините е и најголемиот револт кај граѓаните затоа што не можат да прифатат да плаќаат и да си ги кршат возилата на крпениците, кои државата ги нарекува автопат, и од нивниот денар да не се враќа ништо во обнова и модернизирање на коловозот и сигнализацијата. За граѓаните е неприфатливо објаснувањето дека нема пари, зашто тие по многу основи секојдневно даваат пари за одржување на патиштата.Координација, набљудување на состојбите и, пред се', професионална работа е тоа што недостига во „Македонијапат“. Не се потребни многу пари за да се избришат стрелките што се бојосани пред две години на асфалтот и сега може да бидат крајно опасни оти водат во амбис или челична ограда. Не е скапо да се исчистат неколкуте паркинзи и да се среди околината на патот. Дел од дупките може да се закрпат и со тековните пари. Ама за тоа треба добра организација и ангажирање на секој вработен во претпријатието. Кога ја правевме репортажата за автопатот на наплатните рампи излегуваа и по 4-5 луѓе од удобните канцеларии за да видат што сакаме и зошто им го нарушуваме мирот, а немаше кој да наплаќа на спуштените рампи. Нема ниту кој да ги види големите недостатоци на патот за кој земаат големи пари.
Ај што не гледаат овие нашиве надлежни таму каде што треба, ама барем видоа ли дека Албанија не губи време и прави автопатишта во сите правци и од слепо црево на Балканот станува дестинација преку која патниците од регионот и Европа ќе ја заобиколуваат Македонија. Бугарија тоа го прави веќе неколку години. Сите во регионот работат на главните коридори, отвораат нови и се борат за што подобро геостратегиско позиционирање на Балканот.Во Владата ги игнорираат овие потези на соседите. За нив, уште важи старата парола: Македонија е центарот на Балканот и главната крстосница во овој дел од Европа, која не може да се заобиколи. А и Александар е наш заштитник. Божем, кога странците ќе решаваат кој пат да го фатат, ќе се распрашаат за имињата на автопатите, а не за нивниот квалитет.

Антонио Спасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=ACEC28E38B0C3747851E71E5F5C14FA5
Back to Top
UrbanGuerrilla View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote UrbanGuerrilla Quote  Post ReplyReply #1453 Posted: 15-Jun-2009 at 09:33
Добро ве најдов Cheers
By striving to do the impossible we have always achieved what is possible.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1454 Posted: 15-Jun-2009 at 09:25
Urban Guerilla dobredoshol! Cheers
Back to Top
UrbanGuerrilla View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote UrbanGuerrilla Quote  Post ReplyReply #1455 Posted: 15-Jun-2009 at 09:21

Граѓаните се жалат на квалитетот на патиштата

недела, 14 јуни 2009, 19:10

Половина од целата сума пари од буџетот кои беа пренаменети со неодамнешниот ребаланс, се скратени од проектите за изградба на нови патишта. И во изминатите години, Владата во јануари најавуваше капитални проекти, но парите често беа пренаменувани за други потреби, и покрај важноста на патиштата за развојот на државата во секој поглед . Резултатот од повеќегодишниот недостиг од инвестиции во патната инфраструктура се видливи насекаде низ Македонија. Патиштата се застарени, небезбедни, полни со дупки, особено во источниот дел од земјата. Граѓаните кои ги прашавме, велат дека сакаат да видат нешто да се гради, наместо крпење на постојните патишта, изградени пред децении.

Примерите од регионот покажуваат дека изградбата на квалитетни патишта е предуслов за привлекување странски инвестиции. Во услови на криза, најголем дел од економските експерти препорачуваат државата да најде начин да ги финансира капиталните инвестиции, бидејќи на таков начин, на подолго време се гарантираат работни места и се помага градежниот сектор. Капиталните проекти реализирани само годинава во Албанија, Србија и Грција вкупно вредат околу 7 милијарди евра.
Македонската влада, во исто време, во буџетот предвидува само 70 милиони евра за изградба на патишта.
 
Жарко Настоски

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=9098


Edited by lslcrew - 15-Jun-2009 at 09:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1456 Posted: 11-Jun-2009 at 06:01
За огромните кредити не е никогаш доцна, нормално сега е малку затапено ова поради кризата, но одсекогаш тој метод ми бил непопуларен за да денеска имам сосема различно мислење. Сепак подобри времиња треба да се створат, а не да се дочекаат. Неможеме да чекаме да ни се прелие благодет од соседството, особено не од ова соседство. Најбитно од све е да обезбедиме проект кој е иницијален документ за било какво гребење пари од надвор, без проект секаде ќе ни треснат врата. Никој не дава пари на збор. Втора работа е да се обидеме да ангажираме барем делумно компании од државите кои имаат големо влијание при одлучување за кредит. Тоа е еден политички гест што е неопходен, барем во денешново функционирање на односите, исто како што еве овој патото во албанија кој наводно е граден со две милијарди кредит од амерички компании. Барем денеска така идат работите и мораме да го играме орото како што се игра, ако не ќе седиме на страна. Да збориме само за кредитите, тука се и ЕУ-фондовите за кои сигурно шансите ни се многу многу поголеми одколку за било кои други проекти.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #1457 Posted: 10-Jun-2009 at 22:26
Jas greskata ja gledam za patnata infrastruktura vo docnite 99 godini koga R.Makedonija trebase da podigne ogromni krediti od MMF za izgradba na dobra patna infrastruktura t.e ne samo patna tuku mozeze i arodromi ....... i dr . A togasnite vladi mislea samo na etnickite grupi u makedonija kako da se spravat a sa infrastrukturata vikaj ostaj toa ke isdrzi uste nekoe vreme pa koga ke dojdat podobri vreminja ke se sredi,epa eve sega podobri vreminja i arno na balakanov ni vikaat deka zaostanuvame 20 godin nanazat
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1458 Posted: 10-Jun-2009 at 21:34

Нема доволно пари за градење нови патишта


Македонските патишта не се одржуваат квалитетно, ниту пак има целосно изградена магистрална и регионална патна мрежа.

Ова во своите истражувања и анализи го констатирале експертите и инженерите од Институтот за економски стратегии ОХРИД.

Ваквата лоша позиција произлегува од лошиот начин на финансирање на патната мрежа во земјава.

„Имаме тотално регресивен начин на финансирање на патиштата, што за жал не е воопшто транспарентен“, вели експертот Горан Мијовски.

Според него, парите што се собираат од акцизи на горива и регистрација на возила, не се користат за одржување на патиштата, туку тие завршуваат во вкупниот буџет и оттаму, вели Мијовски, со специјален изум наречен ’трансфер‘, од буџет се префрлаат во надлежните институции.

Но, притоа нема увид дали сите пари собрани по овој основ се враќаат за патиштата или пак, се користат за други цели, како што се социјала, здравство, пензии, земјоделие.

Токму овој начин на финансирање е една од главните аномалии за состојбата на патиштата, затоа е потребна промена. Се предлага приходот од горивата да биде главен финансиер за одржување на патиштата, кој во тој буџет за нивното одржување би учествувал со 50 проценти, при што дополнително треба да се определи процент на што ќе се зема од малопродажната цена на горивата и процент од акцизата на горивата.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109862

Thumbs%20Down бла бла бла се едните и исти површински и некомпетентни статии на А1 и останатите...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1459 Posted: 05-Jun-2009 at 19:08

Македонија црна зона во регионалната патна инфраструктура

Даниела Михајловска Василевска Коментари (0)   
05.06.2009 19:48
 

 

Во услови на криза кога клучните стопански гранки трпат штети, сите држави можноста за ублажување на ударот го лоцираат во мотивирање на градежништвото и во инвестирање на инфраструктурата.

Што Македонија прави на ова поле. Многу можност за работа но засега фокусот е во реконструкција на регионалните патишта. Изградбата на коридорот 8 сеуште се користи само како маркетинг. Албанија и Косово го сработеа своето.

Со посебен пат, Драч - Кукс - Морина се поврзаа со Приштина. Ќе биде ли Македонија заобиколена. Албанија веќе испланира повеќе од половина милијарда евра да инвестира во модернизација на инфраструктурата во земјата во следните 4 години, изјави албанскиот премиер Сали Бериша.

Македонија веќе има сработено многу на коридорот 10, но останува да се доработи уште. Во тек се градежните работи на 7 километри делница од српската граница до Табановце.

Делот кај Демир Капија иако го пикираа Грци, договор не се склучи. Ќе го градиме сами, кога ке има пари. Овој коридор го поврзува северот со југот на Европа.

Коридорот десет минува и на српска територија. Што Србите работат. Градат интензивно. Српскиот претседател Борис Тадиќ, изјави дека неговата изградба е клучна стопанска задача на Србија што го зголемува потенцијалот за влез во ЕУ. Ќе чини 1,6 милијарди евра, а ќе обезбеди работа за 200 илјади лица.

Која е цената за изградба на модерни убави патишта. Околу два милиони евра еден километар, само пат ако се пробива тунел цената е двојна.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109640


Edited by lslcrew - 05-Jun-2009 at 19:09
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1460 Posted: 27-May-2009 at 18:11

централната власт лесно можеш да ја подмитиш доколку знаеш каде го перат прљавиот веш  така да и ова во иднина нема да биде проблем, битно е да немаш проблеми со мештаните, ним и мечка да им симнеш од планина, ако не им е по ќиеф нема ни педа да прошириш!

а за снаоѓање, да, не дека ќе има да некаква гужва да неможат две коли да се разминат, туку логиката ја барам во она дали на пат кој поврзува граничен премин е дозволиво да тераат запрежни коли и трактори, добитокот да го иземам бидејќи околијава претежно се овоштари, затоа и велам реално бар една лента вишок за ваква намена нема да е лошо.
 
така да, иако нема надеж во блиска иднина да се случи некое проширување, останувам на тоа дека има основ на патов да се пушти уште една лента или евентуално земјен пат да тера паралелно со него!
има еден земјен пат веднаш под Р-505 т.е. над плажите кој сетне тера низ претор асфалтиран, но него никој од селаните не го користи, а и доколку сакаат преспани да тераат во иднина туризам, истиов овој пат не е логично да го резервираат за селски!  
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7172737475 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.371 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.