Градот доби 730.000 евра за урбан транспорт во Скопје
На автобуските станици ќе има електронски инфотабли на кои ќе се добиваат информации за автобусите
Градот Скопје доби 730.000 евра преку инвестиционите програми на
Европската комисија за четири сообраќајни проекти. Главниот град
настапи во конзорциум со уште четири града: Перуџа, Бат, Шчечинек и
Горна Ораховица, а вкупниот фонд за инвестициите на петте града
изнесува 14 милиони евра. Градовите ќе ги трошат парите за своите
проекти во следните четири години.
Во Скопје ќе биде отворен
центар за управување и контрола на сообраќајот во централното градско
подрачје, а сообраќајниот отсек на Техничкиот факултет во Битола и ЈСП
ќе изработуваат и стратегија за урбан транспорт. Планирано е и
префрлување на 12 автобуси на ЈСП на природен гас.
На
автобуските станици, според плановите на Градот, во иднина ќе има
електронски инфотабли на кои граѓаните ќе добиваат информации за
времето на пристигнување на автобусите.
„Проектите ќе се
реализираат во текот на следните четири години. Годинава, во најголем
дел ќе бидат реализирани тендерите за изработка на проектите и за
набавка на опремата за сите четири проекти. За приближно две години ќе
бидат видливи и првите резултати на терен, односно, ќе почне да
функционира центарот за управување и контрола, ќе се поставуваат
таблите на автобуските станици и 12 автобуси ќе возат на природен гас“,
вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај.
Тој
објаснува дека во последните две години ќе бидат сумирани резултатите
од реализацијата на проектите, а Градот Скопје редовно ќе испраќа
извештаи до Европската комисија.
Немаше врска со етничката припадност, т.е. не се жалев туку само давав забелешка зошто е напишано само на македонски (дури и грешен македонски), би требало и на албански. Него не се сите за децата со пречки во развојот, туку само тој за Скопје е таков, со посебна пристапна рампа, и колку што разбрав тој не е минибус (читај комбе), туку веројатно малку поголемо автобувче со 30тина седишта. Останатите се за општините во кои има деца на голема оддалеченост од училишните центри.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Како прво незнам дали прочитавте дека овие автобуси се пред се за општини каде што има најмногу деца со пречки во развојот и деца кои се на преголема оддалеченост од најблиското школо! Незнма според кој алгоритам се доделени овие автобуси, но не се сомневам воопшто во рамноправноста на сите општини. Ова е сега првата тура од 10 автобуси, треба да има уште 20! Забелешки од типо дека автобусиве отишле во т.н. "албански" општини воопшто не се на место. Дури и ако веќе некој се осмелува да даде таква забелешка, прво нека ја почека и втората тура па после нека проценува! Сепак би било подобро доколку властите транспаренто го истакнеа алгоритамот по кој се одбрани општините, како не би имало граќани што би се чувствувале обесправени по било кој основ.
10.01.2009, 18:45
ДЕВЕТ ОПШТИНИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОБИЈА АВТОБУСИ!
ВЛАДАТА ДОДЕЛИ 10 МИНИБУСИ ЗА УЧЕНИЧКИ ПРЕВОЗ
Сите оние ученици кои живеат во поодалечните и зафрлени краеви во иднина ќе имаат можност полесно да стигнуваат до своите училишта.
На девет македонски општини, и тоа Карбинци, Конче, Јагуновце, Желино, Могила, Новаци, Зајас, Чашка и Липково, Владата денеска им додели по еден миниавтобус со цел учениците безбедно и бесплатно да се превезуваат. Градот Скопје, пак, доби миниавтобус прилагоден за ученици со посебни потреби.
- Со пуштање на употреба на овие превозни средства правиме силен исчекор во зголемување на достапноста во образованието, отвораме можности и шанаса за многу млади луѓе да го започнат и да продолжат со своето образование - изјави Никола Груевски, премиер на РМ.
- Успешната соработка со 9-те општините и Градот Скопје ќе ја продолжиме и со останатите општини, со цел преостанатите 20 автобуси да овозможат мобилност на сите ученици и нивно вклучување во современите образовни текови - вели Перо Стојановски, министер за образование.
Благодарејќи на реформите во образованието, во 2008-мата дури 95% од основците го продолжија своето образование, додека пак високи 85% од средношколците се одлучија да се запишат и на факултет.
Во наредните месеци ќе бидат обезбедени уште 20 миниавтобуси.
Значи навистина тие комбињата биле УЧИЛИШТНИ АВТОБУСИ Значи кој се обидел да го смени македонскиот правопис алал му вера! Инаку автобусите се наменети за места со мнозинско ако не и целосно албанско население, така што не гледам која е поентата да пишува на македонски. Сепак УЧИЛИШТНИ АВТОБУСИ е многу смешно.
Edited by гитардемон - 10-Jan-2009 at 20:19
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Ја прочитав веста и јас, и ја најдов и во други медиуми со слика. Јас ги замислував онакви жолти, со 30-тина седишта, демек минибуси, ама ако ова се тие автобусите... Овие се најбични комбиња. Сепак, можеби е новинарска глупост, но не мислам така.
Промоција на десет училишни автобуси
Десет мини училишни автобуси, денеска ќе им бидат предадени на претставници на одредени општини во државава. Оваа промоција е дел од проектот “30 автобуси за превоз на ученици“.
На настанот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерот на образование и наука, Перо Стојановски.
Владата и министерство за образование активно работат на подобрување на инфраструктурата во образованието, се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 10.01.2009 11:37:58
Како и да е, според мене паметно би било, штом и онака државата плаќа на приватници за бесплатниот превоз, кога Скопје ќе ги добие новите автобуси, најисправните од тие старите да се пренаменат за бесплатен превоз на ученици! Би било добро и да ги исфарбаат жолти (како во САД) но и црвени нека тераат. Тоа се околу 100тина автобуси, нека добие секое трето основно во државата по еден. Веројатно немаме повеќе од 300 основни во државата, во цела Општина Битола се 13, па не би требало да се вкупно повеќе од 300. Е сега дали тоа ќе им ги замрси сметките на оние што ги наместиле тендерите за нивни фирми да ги возат учениците, тоа не знам, како и да е мојата идеја сметам дека е многу добра.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Десет општини добија минибуси за превоз на ученици
10 January, 2009 07:21:00
Големина на фонт:
Десет школски автобуси денеска беа промовирани во ЗЕЛС и предадени на градоначалниците на десет општини.
Премиерот Груевски истакна дека главна причина за непосетување на училиштата е токму нивната оддалеченост од руралните населени места, а ја искористи оваа прилика и да ги наброи сите досегашни проекти на владата во областа на образованието.
„Сите овие бројки и одлични резултати ни даваат поттик да продолжиме со посветената работа правејќи го образованието достапно за сите граѓани и тежнеејќи кон што е можно поголема вклученост на младите во сите нивоа на образование“ изјави Груевски.
„Со овој чекор Владата на Република Македонија и министерството за образование и наука им дава суштинска поддршка на единиците на локалната самоуправа да активно се залагаат за еднаков пристап на сите деца и млади до изворите на знаење“ рече министерот за образование, Перо Стојановски.
Скопје доби автобус наменет за децата со хендикеп, а останатите девет автобуси се за општини во кои нема јавен превоз, тоа се Карбинци, Јегуновце, Конче, Желино, Могила, Новаци, Зајаз, Чашка и Липково. За три месеци треба да почне употребата на уште 20 автобуси за учениците од руралните средини.
А дали ќе бидат компатибилни со оние на приватниците? Јас кога бев во Скопје искрено цело време се џарев во автобусите, дури и друштвото ми се лутеше не ги слушав кога зборуваа, а мислам дека на само еден автобус видов дека има такви картички... и тоа апаратчето изгледа ко на зафрканција ставено, отворено со кабли од едната страна (од кај возачот)... Е сега дали немаат сите автобуси лепенка онаква дека се со новите апаратчиња, не знам, ама јас видов само еден со таква лепенка и ѕирнав низ вратата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Системот на нова наплата се очекува да профункционира за два месеца
Наредната недела ќе почне монтирањето на новите поништувачи за електронски картички во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Со овие картички во иднина ќе бидат заменети хартиените билети.
-
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ в понеделник ќе го потпише
договорот со фирмата „К’смет карт“, која е избрана на конкурсот како
најповолна за инсталирање на електронскиот систем на наплата и на
системот за автоматско следење на возилата кои се воведуваат паралелно.Опремата ќе биде набавена од турската фирма „Кент карт“. И двете фирми
беа ангажирани и за воведувањето на системот на електронска наплата кај
приватните превозници - објаснуваат од Градот.Според раководителот на
Секторот за сообраќај во Градот Јани Христовски фирмата треба да ја
монтира инсталацијата за новите поништувачи на електронските картички
во рок од 45 дена по потпишувањето на договорот. Христовски објасни
дека системот ќе биде вграден во 250 автобуси, од вкупно 400 со кои
располага ЈСП, а во останатите 150 нема да има поништувачи, туку само
инсталација.
- Во случај да се расипе некој од автобусите во кој
е целосно вграден системот, апаратот за поништување на картичките лесно
може да се префрли во другиот автобус, во кој е инсталирана кабелската
мрежа - објаснува Христовски.
Како што потенцираат од Градот,
придобивките од овие картички наречени „смарт тикети“ се намалување на
времето на стоење на автобусите на станицата, како и елиминација на
можноста да се манипулира со парите.На почеток, интелигентните
картички ќе се набавуваат во билетарниците на ЈСП, а со текот на
времето тие ќе може да се купат и во поголемите маркети и во трафиките
на автобуските постојки. Цената на електронската картичка, велат од
Градот, нема да биде повисока од онаа по која сега се продаваат
картичките во приватните автобуси.
Паралелно со воведување на
електронските поништувачи се работи и на воведувањето на системот на
автоматско следење на возилата, за што ќе биде формиран Центар за
управување и контрола на сообраќај. Со овој систем за автоматска
локација на возилата претпријатието ќе има увид за тоа кој автобус,
каде и во кое време точно се наоѓа и дали возачот го почитува возниот
ред. Од Градот велат дека во моментов се работи на изработка на овој
проект.
јас од кога знам за себе ваква е ситуацијата! бар еднаш во неделата имаше искривен автобус за акробати по улиците на СК, па кога ќе се накрцаа внатре илјада патници дневно, нормално е дека еден амортизер ќе попушти!
нешто братот ми се буни дека чул некаде, дека лиснатите амортизери се криви за оваа последица, па кога манжетните ќе им пикнат го креваат автобусот од таа страна, а не дека тој клапнал од другата! бидејќи фичо има ист таков амортизер како кај автобусите и камионите, кога ќе му отидат амортизерите изгледа како џип!
Хронологија на напорите за модернизација на јавниот превоз на патници/2005-2008/
Градоначалникот на Град
Скопје, Трифун Костовски од почеток на својот мандат поведе повеќе
иницијативи за модернизација и обновување на возниот парк на јавното
сообраќајно претпријатие.
Кон крајот на 2005 и почетокот на 2006 година, Град Скопје беше вклучен
во ОРЕТ програмата на Министерството за надворешни работи на Кралството
Холандија. Со програмата беше предвидено да му се помогне на јавното
претпријатие со поволна кредитна линија да набави 100 нови автобуси од
марката МАН. Програмата беше интересна затоа што покрај обезбедувањето
100 нови автобуси нудеше можност домашна компанија да ги произведе
возилата, а со тоа индиректно да се помогне на македонската економија.
Покрај тоа холандската Влада обезбедуваше 35 % попуст за кредитниот
аранжман, што значи дека кредитното задолжување за ЈСП ќе беше околу
65% од вкупната вредност на новонабавените автобуси. Град Скопје беше
подготвен да биде гарант на кредитот.
Тогашниот министер за финансии, Никола Поповски, го одби барањето Град
Скопје да биде гарант на кредитот кој би го подигнал ЈСП за набавка на
автобуси, со изговор дека претпријатието не е солвентно.
Втората иницијатива, Градоначалникот Костовски ја покрена во втората
половина на 2006 година, овојпат, со Европската банка за обнова и
развој /ЕБРД/. Иницијативата беше крунисана со потпишување Мандатно
писмо за проект за градски сообраќај во Скопје. Писмото беше потпишано
на 27.09.2006 година, од страна на градоначалникот Костовски, заменик
директорот на тимот за општинска и еколошка инфраструктура при ЕБРД,
Хенри Расел и тогашниот генерален директор на ЈСП, Орце Георгиевски.
Овој проект беше пошироко поставен од ОРЕТ програмата и со него покрај
обновувањето на возниот парк, со мандатното писмо, беше предвидено и
финансирање на програма за корпоративен развој на јавното претпријатие,
имплементирање на стратегија за јавен транспорт во град Скопје(
управување со сообраќајот и паркинг системот), како и согледување на
потребите за подобрување на институционалната рамка и регулативата во
рамките на јавниот превоз.
Со овој проект требаше да се одобри заем од 12 милиони евра за набавка на 100 соло нископодни автобуси со класа мотори ЕУРО 4.
За попишување Протокол со ЕБРД за реализација на овој проект, од страна
на кредиторот беа поставени строги критериуми пред Јавното претпријатие
и Град Скопје. Но, како пречка повторно се појави Министерството за
финансии. Овојпат Трајко Славевски, во функција на министер, го
стопираше проектот со ЕБРД, поради ликвидноста на јавното претпријатие
и Градот Скопје. Интересно е што министерот, само три месеци пред тоа
беше советник во Советот на Град Скопје и член на комисијата за
финансирање и Буџет.
Во декември 2007 година, Владата на Р.Македонија донесе Одлука со која
на ЈСП ќе му префрли 4,4 милиони евра за набавка на 45 до 50 нови
автобуси. Во согласност со оваа Одлука на Владата формирана е комисија
која треба да ја спроведе јавната набавка на автобусите, а во неа
членуваа лица од ЈСП, Град Скопје и од Владата на Р.Македонија.
Управниот одбор на ЈСП на 11.06.2008 година донесе Одлука за потреба од
јавна набавка на 50 автобуси за јавен градски превоз на патници. Според
Одлуката на Управниот одбор, 45 од автобусите треба да бидат нископодни
новопроизведени соло автобуси, класа мотори минимум ЕУРО 4, останатите
четири автобуси треба да бидат двокатни употребувани соло автобуси, со
класа на мотор минимум ЕРУРО 3 и еден употребуван соло автобус за
превоз на патници-двокатен панорамски (без покрив на горниот кат) со
класа на мотор минимум ЕУРО3.
Врз основа на оваа одлука ЈСП распишува јавен повик за набавка на 50
автобуси, но по директна наредба од Владата на Р.Македонија,
поранешниот директор на ЈСП, Орце Георгиевски шест дена пред истекот на
рокот за доставување понуди ја поништува јавната набавка и Управниот
одбор на ЈСП носи одлука за потреба од јавна набавка на 52 автобуси, од
кои 50 нископодни новопроизведени двокатни соло автобуси и два
новопроизведени двокатни панорамски соло автобуси.
На меѓународниот тендер, кој го распиша ЈСП, беа пристигнати 29 понуди
од реномирани домашни и светски производители на автобуси, а
спроведувањето на јавната набавка го чинеше ЈСП 108.858 денари.
Поради поништувањето на тендерот без да се информира градската
администрација и градоначалникот, директорот Георгиевски е разрешен од
функцијата, а Град Скопје, поради неуспешните обиди да им објасни на
претставниците на Владата дека на јавниот превоз на патници во градот
му се потребни нископодни, а не двокатни автобуси и дека
инфраструктурата во Скопје не е прилагодена за ваков вид возила, се
откажа од парите кои му ги префрли Владата за набавка на автобуси.
Градоначалникот Костовски, со цел да и покаже на Владата дека првичната
одлука за набавка на нископодни автобуси е вистинското решение за
проблемите во јавниот превоз на патници во главниот град, организираше
и промотивно возење со нов нископоден автобус од фирмата Мерцедес.
Овој автобус сообраќаше на линијата со број 15, а превозот во текот на
промотивната недела беше бесплатен. Реакциите на граѓаните кои имаа
можност да се возат со новиот мерцедесов автобус беа повеќе од
позитивни, со што дадоа јасен сигнал дека на Скопје му треба нов
софистициран јавен градски превоз, кој ќе соодветствува на превозот во
сите европски метрополи. Нископодните автобуси се користат во сите
поголеми европски метрополи и се многу поекономични и пофункционални за
разлика од двокатните.
И покрај најавите на Владата дека ќе распише јавен повик за набавка на
52 двокатни автобуси, Министерството за транспорт и врски на 03.09.2008
година распиша тендер за набавка на 102 новопроизведени двокатни
автобуси, од кои два од отворен тип, а останатите од затворен тип.
Рокот за доставување на понудите беше 01.12.2008 година.
На 20.11.2008 година, Министерството доставува барање до Бирото за
јавни набавки со кое се продолжува рокот за доставување понуди до
20.01.2009 година.
По извесно време Министерството доставува барање до Бирото за измена на
предметот на јавната набавка со што наместо 102 автобуси се бара
набавка на 302 новопроизведени двокатни автобуси од кои 300 од затворен
и два од отворен тип. Рокот за доставување на понуди е 01.12.2008
година.
Последната измена на јавната набавка Владата ја направи неодамна со
продолжување на рокот за доставување понуди до 20.01.2009 година.
Според наши сознанија во Буџетот на Владата на Р.Македонија за 2008
година за набавка на автобуси за јавен превоз се издвоени околу
420.000.000 денари, што доволни за набавка на само 15 до 20 двокатни
автобуси.
ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ ПОВРЗАНИ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
1.Консолидација на ЈСП
наплата на долгот од министерствата кон ЈСП
намалување на ДДВ, во рамки на европските препораки за јавен превоз на 5%, наместо на 18 %/
заштита на имотот на ЈСП
анулирање на нереалните долгови на основа неплатен ДДВ
зголемување на платите на вработените
нававка на систем за автоматска локација на возилата на ЈСП
воведување СМАРТ тикетинг
субвенција од 2,5 милиони евра за ЈСП од Буџетот на Град Скопје
од 2005 година до 2009, Град Скопје издвоил повеќе од 60 милиони денари за субвенционирани билети за лица со посебни потреби
2. Алтернативен превоз
физибилити студија за трамвај
изведбен проект за прва фаза
ангажирање странски консултант за пристап до европските фондови за реализација на проектот
па не е завера доколку некој бара постојано повод како да ги оправда своите двојни аршини, тоа е реална позиција на еу! на културен начин не држат во предворјето! и мешањето е пред се кај мтв незнам колку имаат сила ЕК тоа да му го наметне на СК со оглед дека тој е основач на ЈСП, но ќе го реши ако ништо друго индиректно преку пуштање некој нов прашалник! патем никаде невелам дека владата треба да формира ново ЈСП. туку таа треба да го забрза расформирањето на постојново, а градот сетне треба да направи ново! значи тука треба да биде решението, нормално со поклонот од владата со двокатните...
завера нема во муабетов, туку единствено заврзлама! ЈСП ќе стане атрактивен и профитабилен само доколку добие нови и брзи, и автобуси и линии! исто мора да се воведи зонско движење низ СК и некој вид на полукруг P+R како во Љубљана за сите од надвор(освен за болни лица и инвалиди)... ова со пластичните бариери исто ќе допринесат за брзината но се додека тие не се постават по сите булевари нема ефектот да биде ниту голем ниту наполно безбеден!
Beton: Прво владата да основа ново претпријатие и после постепено да трансферира од страото и опрема и вработени и ресурси, све по ред. Тоа е најдобар филтер што е функционално од тоа што останало (и опрема и вработени), што не е.
Бетон како успеваш у секое ќоше да најдеш место за надворешните политики на
евроатлантските институции. И да ни соли памет некој од надвор како ние
внатре ќе си ги организираме претпријатиата, не мора да го слушаме.
Зашто да мора да се чека некој од надвор да ни даде модел на хартија
како ние да се организираме. Него ај нема везе.
Бетон апсолутно сите сме свесни за цела оваа хипокризија (υποκρισις) што не јаде надорешно, но јас пак ќе кажам. Никој не се обидува барем малку да го премости проблемот, а не па да го реши. Пред нос имаме одлична шанса да го премостиме проблемот.
Бетон немој те молам да бараш елементи на завера наоколу, зашто ја нема. Апсолутно сум свесен за ите историски констелации на односи, за сите историски факти. Но елементи на завера не постојат, акамоли па во приватизација на јсп и мтв. Ги боли таквото еу и нато за јсп и мтв.
(23.03.2007, Паноптикум) Се разбира, со насловот не сакаме да сугерираме пропаѓање односно уништување на "Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје", туку да се престане со барање на негови "спасувачи". Најмалку тоа да биде Владата на Македонија бидејќи, меѓу, другото, таа не е негов основач, туку Градот. Може, евентуално, само во пазарни услови, со "инструменти" кои се однесуваат, се применливи на секого, значи се "стандардни", да му се помогне да се "спаси" само. Ако не успее, нека пропадне. Како и многу други досега.
Апсолутно е неприфатлива најавата дека се здружиле Владата и градските власти да го спасуваат ЈСП од големата финансиска криза. Притоа, збунува информацијата дека тие формирале мешовит тим кој треба да изготви стратегија со која Скопје ќе се тргне од листата на градови со најлош јавен превоз во Европа. Збунува затоа што, ако е тимот формиран за таква цел, тогаш негова основна задача не е, и не може да биде "спасување" на ЈСП. Затоа што одамна "носител" на јавниот превоз не е само ЈСП, па целта мора да ги опфати и сите други учесници во него.
Од искази на членови на Советот на град Скопје може да се заклучи токму претходното: дека е целта комплексно решавање на проблемот кој, според многумина, го создадоа политичарите (како и многу друго, да не речеме се). Она што денес го имаат Белград, Софија, во Скопје е подготвувано уште во 1999-та година, но остана само на подготовка или на "карикатурална" примена (слободното односно нелегално, најмалку регулирано, неконтролирано " возење" во приватни автобуси-"крнтии").
Сепак, проблемот со градскиот превоз како да се сведува на лошите состојби во ЈСП, на неговото работење со загуби. Лани тие изнесувале над 3 милиони евра.
А градоначалникот Трифун Костовски "запнал" да воведува трамвај. Притоа нема одговор на прашањето каде безболно да се инсталира (ќе каже елаборатот на ангажираните експерти-консултанти?). Во меѓувреме, од непознати, а претпоставени причини, игнорира понуда на приватна компанија ("Санос") брзо да го санира (со нови автобуси) јавниот превоз, со не мала инвестиција.
Во меѓувреме, несфатлив "циркус" ("дал' да плачам ил' да пеам-да се смеам?") во режија на ЈСП, а за кој "немаат објаснение" ниту градските, ниту државните власти кои искажаа подготвеност да му помогнат со "здружени сили": деновиве за своите службеници тоа купи 4 нови возила од типот "Шевролет Спарк". За нив се платени околу 30.000 евра, значи од сметката на ЈСП, се разбира "регуларно": со одлука на Управниот одбор донесена уште пред неколку месеци. Тие, според раководството, ќе служат за транспорт на парите и билетите од подружниците до базата на ЈСП. Според некои медиуми, годинава се вработени и 30-мина нови возачи.
Одговорност? Што беше тоа? "Мислена" именка? "Градот" проверил: возилата се купени "според процедурите", па нема потреба да се ангажира на тој "план". Уште и "логичното" објаснение: потрошените пари за колите се толку мали што не можат да го решат хаосот во автобускиот сообраќај во Скопје. (Веројатно се мисли дека ќе го реши "покривањето" на загубата од над 3 милиони евра.)
Изјава на градоначалникот Трифун Костовски: "Вчера, кога мојот поранешен Генерален секретар ја видел информацијата, веднаш побрзал да пушти инспекција и на крајот се засрамил од тоа што го видел, дека тоа се мали обични теренски возила".
Според Костовски, возилата биле неопходни, a проблемот (и решението) на јавниот градски превоз го гледа во друго:" Недоволно се полни буџетот, тој е преполовен во однос на оној што го предвидувавме. Ако вака се продолжи, можам да кажам дека до крајот на годината градот може да банкротира".
И конечно, денешниот (23.03.) "шлаг": инспекторите на Управата за јавни приходи ги запленија новите шевролети на ЈСП!
Имено, УЈП влегла во ЈСП и ги запленила автомобилите поради неплатенданок за ДДВ. Неофицијално, станува збор за вкупна сума на заостанат данок за повеќе од 4 милиони евра. 4-те возила ќе бидат продадени на јавна лицитација, за да може УЈП да си наплати дел од заостанатиот даночен долг.
Смеј се, народе! На "Градот" и ЈСП им е многу полесно да те "вози" насмеан.
изгледа овој пристап на владата со ликвидирање на јавните загубари како мтв и јсп не поминува лесно, прв браник се вработените(блокади, штрајкови) а втор и сигурен браник е европската комисија која едвај чека да најде влакно за скубење, кое би ги оправдало нивни бирократски одлуки за неотпочнување на преговорите, т.е. сакајќи да се извлечат од срамот кој го навлекуваат заради двојните аршини со МКД (заради угодување на БТРГ).
понекогаш е подобро да се оправа работата со лезет, но кога некому му гори под петици и кога најдобро чаре е стечај и формирање ново ЈП, негледам зошто по секоја цена мора да се одбиваме од вториот браник(ЕК), небаре пациентот е настинат! ќе ги прашам како тие лечат транзициона гангрена ако евентуално убаво ги закачи рецесијата.
Од тие стари слики на Скопје што јас ги имам видено, двокатните ми личеа на рутмастери. Е сега дали јас сум грешка, или сеќавањето на Данило избледело, или пак имало и такви и такви стварно не знам
ako porano bilo dozivuvanje da se vozish vo avtobus denes e maka a za ovoj lejland prvat slusam deka ke se upotrebuval za turisticko razgleduvanje na gradot...
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum