build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7576777879 84>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #1521 Posted: 08-Mar-2009 at 21:09
Започнува изградбата на регионалниот пат Р-112

Денеска започнува изградбата на регионалниот пат Р-112 Коњско- Кожув, соопштуваат од владата.

Заменик претседателот на Владата Зоран Ставревски, денеска во 15.00 часот ќе присуствува на поставувањето на камен темелник за изградба на регионалниот пат Р-112 Коњско- Кожув, се вели во нивното соопштение.

Свое обраќање ќе имаат и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и директорката на агенцијата за државни патишта Наташа Велковска.


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1522 Posted: 07-Mar-2009 at 18:36
Отсекогаш сум се прашувал зошто за да се стигне до Македонски Брод мора да се сврти пола Македонија. Но ете ќе се реши, и баш ми е мило. А за ова со 8-те милијарди, па Грција колку милијарди ли само должи меѓународно, па пак инвестира купува и оружје и бескорисни работи од многу многу милиони (милијарди). Зошто не би можеле и ние, сепак се исплаќаат некои долгови и во рок од 50 години. 
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1523 Posted: 07-Mar-2009 at 16:08
Патот Македонски Брод - Скопје пократок за 150 километри



Македонија
По многу години исчекување поречанци го дочекаа почетокот на изградбата на патот што ќе го поврзува овој крај со Скопје. Првата делница од 89 километри од мостот Близанско до Коломот ќе ја гради АД „Бетон“. Оваа делница ќе биде со две сообраќајни ленти и ќе овозможи скратување на патот од Македонски Брод до Скопје, преку Кичево од сегашните 200 на 40 километри. Градежните работи треба да завршат за 18 месеци. Целиот проект ќе чини над половина милијарда денари. Патот ќе овозможи заживување на регионот, како и побрза и полесна комуникација на граѓаните од Македонски Брод и од Прилеп со Скопје.

Почетокот на работите го означи премиерот Никола Груевски со поставување на камен-темелникот на трасата кај мостот Белица на езерото Козјак. Тој воедно го најави и почетокот на владината програма за инвестиции од 8 милијарди евра во изградба на инфраструктурните објекти.

За годинава, рече тој, планирани се уште 16 делници на регионални патишта во земјава. Тој за две недели го најави почетокот на изградбата на делницата Радовиш - Струмица, Куклиш - Банско, на обиколницата кај Охрид и на патот до скицентарот Кожув.

- Ова е почеток на решавањето на најголемиот проблем на поречанци. Ова е реализација на едно наше ветување. Со овој пат почнува инвестицискиот циклус за изградбата на проекти што ќе бидат основна на висок и одржлив раст и подобрување на стандардот на граѓаните - рече премиерот Никола Груевски.

Изградбата на патот од Белица до Скопје се реализира со средства од Агенцијата за патиштата, а соинвеститор со 25 отсто учество е и АД ЕЛЕМ.

- Оваа делница ќе ја олесни комуникацијата и со неа се остварува сонот за изградба на патот Виа игнација. Тој ќе овозможи стопански и демографски развој на регионот - рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Наташа Волкановска, директорка на агенцијата, рече дека за реализација на сообраќајните проекти се обезбедени 120 милиони евра од заеми и 50 милиони евра од буџетот.





Милијардите ќе дојдат од концесии и кредити

Инвестициската програма од 8 милијарди евра е остварлива, пишува вицепремиерот Зоран Ставревски во колумна за „Дневник“. Тој вели дека за реализација на проектите, во текот на осум буџетски години ќе се издвојат околу 1-1,2 милијарда евра буџетски средства (или околу 150 милиони евра годишно). Околу 1,8-2,2 милијарди евра е предвидено да се обезбедат со задолжување кај меѓународните финансиски институции и средства од ЕУ фондовите, а околу 4,5-5 милијарди евра се средства од приватни инвеститори преку концесии и јавно приватно партнерство. Со програмата што ја објави премиерот Груевски се планираат инвестиции во вкупна вредност од 8 милијарди евра. Од тоа во енергетиката се предвидени околу 30 проекти во вредност од 3,8 милијарди евра. Во транспортот е предвидена изградба и модернизација на регионални и локални патишта и железнички пруги во вредност од 3,8 милијарди евра.

За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места предвидени се 100 милиони евра.

Во енергетскиот сектор, предвидено е целосно искористување на рудните богатства; ревитализација на постојните хидроелектрични централи и термоелектрични централи, како и изградба на нова термоцентрала; изградба на две комбинирани гасни централи; влегување во нуклеарна програма; изградба на 12 хидроцентрали со проектот Вардарска Долина (концесија); изградба на далноводот Штип-Ниш; изградба на ветерници во Штип, Свети Николе, Богданци и Кожув, по моделот на јавни приватни партнерства, изградба на околу 400 мали хидроцентрали; изградба на гасоводната мрежа, итн.

Во патната инфраструктура ќе се изградат и реконструираат над 950 километри патишта. Со буџетски средства кои се веќе обезбедени, ќе се изградат и реконструираат девет регионални делници, а со средства од Светска банка и ЕБОР во износ од 140 милиони евра (исто така веќе обезбедени), ќе бидат реконструирани 80 локални и 20 регионални патишта. Инвестициската програма предвидува доизградба на Коридорот 10 и Коридорот 8, како и пет други делници кои ќе бидат понудени на концесија. Во железничката инфраструктура, предвидена е доизградба и модернизација на пругата кон Бугарија и Албанија во должина од околу 300 км.

За Ставревски обезбедувањето на буџетски средства нема да претставува проблем, за што најдобра илустрација е буџетот за 2009 во кој веќе се издвоени околу 180 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Ако е тоа можно во оваа кризна година, зошто не би можело во следните седум години, почнувајќи од 2010 кога се очекува да заврши економската криза, констатира Ставревски.

Истото се однесува за можноста за позајмување од странство. Според владата поволноста е што за разлика од други земји, Македонија има ниско ниво на јавен долг од 25,5 отсто од БДП, постигнато преку предвремена отплата на обврските во претходните години на добар економски раст.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=335&ArticleID=19706
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1524 Posted: 05-Mar-2009 at 02:12
Денеска имав една ноќна вожња и можам да кажам дека сум и делумно и разочаран и задоволен од нашите магистрални патишта. Од автопатите сум задоволен, но искуството со магистралните патишта кажува нешто спротивно. Ми се деси да соберам шише пластично, ама среќа не под тркало, па само малку затропа нешто под кола и беше обична зафрканција. Ова беше некаде пред наплатна рампа во гостивар (према Скопје), тамо кај што почнува автопат. Задоволен сум пошто колку што јас приметив за овој пат, редовно се оддржува со сол и песок, но има голем дефицит од сигнализација по пат. Има голем број остри кривини кои не се обележани предходно со знак, а исто и има доста одрони поради временски прилики. Нормално е да има одрони, ама не е нормално цели блокови со големина на цигла да стојат така на пат, има служби кои потфрлиле.

Инаку еве неколку слики што е направено на патот маврово-дебар кои до скоро се реконструираше. Roll%20eyes На делот од маврово до жировница е само направено едно каналче од страна за вода и толку. Триесет сантима највеќе му давам.

Сликиве се од патот маврово-дебар, делот маврово-жировница. Еве на оваа слика може и некој ситен одрон да се примети...






А на делот од жировница па натака према дебар е работено и доста асфалт е среден. До каде е незнам, пошто возев само до бигорски, ама мислам дека е скроз до дебар.


Edited by lslcrew - 05-Mar-2009 at 02:15
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1525 Posted: 26-Feb-2009 at 22:44

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=29435#29435

мало дополнување ова се локални краци долж Р-503 и Р-505 но не и обновување на регионалниве правци, за ова владата има иницијатива за Р-505, но малку ме буби зошто тогаш има и кај општината најава за реконструкција на регионалниот пат во Долно Дупени во должина од 800 метри. 



Edited by Cloverstack - 26-Feb-2009 at 23:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1526 Posted: 26-Feb-2009 at 00:33
Позитивни сигнали.....
Почна експропријација за автопат кон Бугарија

Во Кривопаланечко деновиве почна експропријацијата на земјиштето што се зафаќа со трасата на автопатот за поврзување на Македонија со Бугарија, како прва фаза од реализацијата на оваа транспортна врска, позната како Коридор 8. Овој проект, како што најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, при посетата на Крива Паланка, е стратегиски приоритет на Владата. Најпрвин ќе се реализира изградбата во источниот дел од земјата кон Бугарија, што ја опфаќа делницата Деве Баир - Крива Паланка -Длабочица - Страцин - Романовце, а потоа ќе се инвестира и во патната инфраструктура за поврзување со Албанија.Првите спогодби со сопствениците на земјиштето се постигнати, според изработените геодетски елаборати за овој транспортен коридор.

- Интензивно се работи за потпишување на спогодбите со странките чие земјиште се зафаќа со трасата на новиот автопат. Од Агенцијата за државни патишта досега се доставени над 600 предлози, кои се предмет на експропријација, а се однесуваат на катастарските општини Псача, Гиновци, Љубинци, Петралица, Отошница, Ветуница и Ранковце. Планираме овие предмети да ги завршиме во рок од еден месец, по што ќе продолжиме со нови етапи на експропријација на подрачјето на Кривопаланечко - истакнува Лаура Стоименова, раководителка на Подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи од Крива Паланка.

На подрачјето на оваа општина има делница од новиот автопат Деве Баир - Чатал, која зафаќа 38 километри, а за целиот имот кој ќе биде експроприран веќе се обезбедени буџетски пари за исплата на соодветниот надоместок. Странките се задоволни од висината на надоместокот, кој се исплаќа според катастарските класи и засега нема никаков проблем околу постигнувањето на спогодбите.

- Трасата е позната, а сопствениците на имотите и самите се заинтересирани за обезбедување на оваа транспортна врска, која е од јавен интерес. Се надеваме дека целата работа со експроприрањето ќе ја завршиме без да се соочиме со имотно-правни спорови - вели Стоименова.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DF05BF18A2157548BC97C0BB24CB97A2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1527 Posted: 05-Feb-2009 at 17:55
Оставајќи ги на страна случувањата со името на автопатот и еве да прифатиме дека финансирањето ќе се одвива како што било претходно зацртано, не може да се премолчи постојаното одложување.

Почеток во 2010, градба најмалку 4 години?!?

Колку години припрема и ефективна градба се потребни за 20-тина кулометри???
Да потсетам дека оваа делница требаше да биде готова до 2004, не до 2014 (мада не оставиле простор да им се верува дека дури и вака лабав рок ќе испочитуваат, па испаѓа дека треба да бидеме среќни доколку навистина се реализира и до 2014).
Од 2004 навака скоро секоја година најавуваат дека кај да е ќе започнат со работите. Роковите по обичај се менуваат и се менуваат, а на терен уште нема ништо...

До кога вака? Wallbash



ИНФРАСТРУКТУРАТА НИКАКО ДА СЕ ДОГРАДИ
Коридорот 10 ќе го чекаме уште шест години

Властите во Скопје тврдат дека Грција ќе ја финансира изградбата на делницата од Демир Капија до Смоквица и покрај одлуката на Владата автопатот Табановце - Гевгелија да го именува Александар Македонски. Од Агенцијата за државни патишта велат дека немаат известување дека е одложен грантот од Грција за изградба на делницата. Градбата на делницата ќе почне во 2010 година и ќе трае најмалку четири години. - Од Секретаријатот за европски прашања, кој е задолжен за координација на странска помош имаме позитивен одговор на апликацијата за финансирање на делницата. Доколку Грција официјално ги известила дека нема да се дадат пари, ние први ќе знаевме - вели Наташа Валкановска, директорка во Агенцијата. Таа информира дека е во тек изработка на главниот проект за изградба на делницата од Демир Капија до Смоквица, елаборат за експропријација, како и сите други документи што се дел од проектната документација. - Од 155 милиони до 160 милиони евра се потребни за градба на делницата. Од овие пари две третини ќе се обезбедат од фондовите ИПА и од грандот од грчкиот план за обнова и за развој, а 15 проценти ќе се обезбедат од државниот буџет - изјави Валкановска. Поголемиот дел од автопатот на Коридорот 10 е веќе изграден, а во моментов се гради делницата од Табановце до Куманово. Коридорот 10 е еден од најважните паневропски сообраќајни коридори. Оди од Австрија до Грција, а поминува низ Словенија, Хрватска, Србија и низ Македонија. Коридорот опфаќа железнички дел, долг 2.528 километри и патен коридор. Од земјите од поранешна Југославија, Македонија најмногу доцни со изградбата, а најголемата причина за тоа е што проектот мируваше цели пет години и тоа од 2001 до 2006 година. Од другите земји само Србија се уште не го заврши коридорот во целост. Министерот за инфраструктура во Србија, Милутин Мркониќ во вторникот изјави дека автопатот на Коридорот 10, од Лесковац до границата со Македонија и од Ниш до границата со Бугарија ќе биде завршен за две и пол години. За таа намена се обезбедени 1,5 милијарди евра, од кои една милијарда ќе се обезбедат од кредит од Светската банка, а 500 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на Србија.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=14&tabid=1&EditionID=1615&ArticleID=107046
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1528 Posted: 02-Feb-2009 at 04:42
Еден милион евра за реконструкција на патиштата во Ресен




ImageПовеќе од 35 милиони денари или 585 илјади евра од Светската банка и 20 милиони или 340 илјади евра од Европската банка за обнова и развој, ќе бидат наменети за рехабилитација и реконструкција на локалните патишта на подрачјето на Општината Ресен.

Со овие средства предвидено е да се реконструираат 19 локални патни правци во повеќе села кои гравитираат кон Општината Ресен.

Како приоритетни локални патни правци што ќе се реконструираат се: локалниот пат  Царев Двор-Езерани во должина од 1.800 метри, потоа локалниот пат во с. Долна Бела Црква во должина од 1.500 метри, локалниот пат во с. Стење во должина од 1.100 метри, локалниот пат Долно Дупени - Љубојно и регионалниот пат во Долно Дупени во должина од 800 метри, локалниот пат во Брајчино - 600 метри, потоа патот Ресен-Болно-Евла - 700 метри, Крани-Арвати во должина од 1.200 метри, Љубојно - 500 метри, Штрбово - 500 метри, Горна Бела Црква - 900 метри, Јанковец - 1.400 метри, Курбиново - 600 метри, Златари - 700 метри, Грнчари - 500 метри, Крушје - 600 метри, Рајца - 200 метри, Горно Дупени - 200 метри, Лавци - 400 метри и локалниот пат во Подмочани во должина од 200 метри.
 
За дел од овие локални патишта проектната документација веќе е завршена. Така за локалните патишта Царев Двор - Езерани, Долна Бела Црква, Стење и патниот правец Ресен - Болно - Евла изготвена е проектната документација, додека за некои патни правци изготвувањето на проектната документација е во завршна фаза како што се: локалните патишта Брајчино, Крани-Арвати, Љубојно, Златари, како и локалните патишта во селата Горно Дупени и Лавци. За останатите локални патишта кои треба да се реконструираат во наредниот период треба да заврши процесот на продготовката на проектите.
 
Инаку, овој проект е дел од Програмата на Владата на Р. Македонија за реконструкција на регионалната и локалната патна мрежа во државата, а се реализира со заем од Светската банка во износ од 70 милиони евра. Реализацијата на проектите ќе се прави во соработка со Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта, која всушност и треба да ги распише тендерите за реконструкција на локалните патишта.

Само 24 општини во Р.Македонија, меѓу кои и Општината Ресен, имаат поднесено проекти за реконструкција на локалните патишта. Реализацијата на овој проект доцни поради тоа што од Светската банка констатирале дека некои од проектите на некои општини кои аплицирале не биле добро изработени, заради што Светската банка побарала суперревизија на тие проекти, но меѓу нив нема проекти на Општината Ресен. По отстранувањето на неправилностите треба да се распишат тендерите за реконструкција на патиштата.  
 
Инаку, овие локални патишта што ќе се реконструираат Општината ги избра по принципот на приоритетност. Во наредниот период се очекува и други патни правци да бидат реконструирани со што се очекува Општината Ресен да добие современа патна мрежа, што е всушност и еден од важните предуслови за побрз економски развој на Општината и развој на туризмот.

М.Димитровска


http://prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4683&Itemid=221
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1529 Posted: 22-Jan-2009 at 17:35
После фијаското на проекти како обиколницата и двата преостанати сегменти од К10, ова ми звучи како празна најава. Во секој случај министерот треба конечно да даде објаснување зошто на Македонија како автопати и се потребни ем Миладиновци-Штип ем Отовица-Штип (особено во оваа фаза на развој).
Се уште ни најмалку не не убедија во логиката за аеродромот, а сега еве планираат уште почудни решенија за негово сообраќајно поврзување. Што се случува побогу  Question


Edited by Cloverstack - 22-Jan-2009 at 17:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1530 Posted: 22-Jan-2009 at 15:42
ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ АВТОПАТ ПОРАДИ ШТИПСКИОТ АЕРОДРОМ
Скопје - Штип за 40 минути
Ако не се јави концесионер за новата автопатска делница долга околу 70 километри, Владата ќе изнајде други извори на пари за да го реализира проектот



Автопатот Миладиновци - Штип, преку Свети Николе, со кој патувањето од час и петнаесетина минути ќе се скрати на четириесетина минути, ќе почне да се гради во 2010 година. Неофицијално дознаваме дека неговата изградба добила приоритет поради планираниот карго аеродром кој Владата планира да прерасне во главен цивилен аеродром. Концесионерот турската компанија ТАВ ќе го гради аеродромот на простор меѓу Свети Николе и Штип.
Од Агенцијата за државни патишта вчера ни рекоа дека физибилити студијата и студијата за животна средина веќе се завршени, а пред крај е идејниот проект за автопатот. Многу наскоро Агенцијата ќе објави и тендер за избор на проектант кој ќе го направи главниот проект, според кој ќе се гради делницата. Со овој план точно ќе се знае по која траса ќе поминува делницата, колку ќе биде долга, а ќе се бара најкраткото решение и колку ќе чини нејзината изградба.
Според идејниот проект, автопатот Миладиновци -Штип треба да биде долг околу 70 километри. Сега од Скопје кон Штип и обратно се возат само четириесет километри по автопат. Останатите шеесетина километри пат се во катастрофална состојба и дневно ги поминуваат околу 4.000 возила.
Приоритетот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип завчеравечер во Штип го најави и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според Јанакиески, иако оваа делница е предмет на концесија, доколку не се најде концесионер, Владата ќе изнајде други извори на пари за да го реализира проектот.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162455&idg=9&idb=2579&rubrika=Makedonija
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1531 Posted: 16-Jan-2009 at 12:47


Кога сме на оваа тема Албанците почнаа да ја градат првата делница од ~20км од т.н. Арберски пат односно Тирана-Дебар. Профил на магистрала.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1532 Posted: 16-Jan-2009 at 12:34
Малку е нејасно што уствари е побарано од стопанствениците! Ваљда не побарале автопат до дебар?! До дебар треба само еден добар магистрален пат со 2 или 3 три ленти и одлично ќе си ја врши работата. Моментално патот е за никаде, ама колкушто знам се работи тамо моментално!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1533 Posted: 16-Jan-2009 at 12:30
Стопанственици бараат крак од Коридорот 8 да минува низ Дебар




Министерот за економија Фатмир Бесими вчера се сретна со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија за да ги информира за програмите на Министерството за 2009 година и да ги слушне планираните активности на бизнис-заедницата. Станало збор и за кракот од Коридорот 8, кој поминува низ Дебар и Бошков мост, а кој оваа комора бара да биде ставен во стратегиските развојни планови на државата, пренесе МИА.

- Група стопанственици имаат направено проект за Коридорот 8, односно за кракот што поминува низ Дебар и Бошков мост, а за кој лобираме да биде во стратегиските развојни планови. Добивме одговор од министерот дека во Комитетот за стратегиски развој е разгледана како опција и оти ќе се изработи студија за оправданост - изјави Џемаил Даути, претседателот на комората на северозападна Македонија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=291&ArticleID=15771
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1534 Posted: 08-Jan-2009 at 10:59
Најавена реконструкција на три патни правци во Гевгелија

Скопје, 8 јануари (МИА) -  Агенцијата за магистрални и регионални патишта во Програмата за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Македонија во првата фаза од реализацијата предвиде и три локални патни проекти за општина Гевгелија.

Станува збор за инфраструктурни зафати од Понов мост до Богородица и патниот правец Конско - Хума, прифатени како приоритетни од Министерството за транспорт и врски, а ќе следи и реконструкција на локалниот пат Негорци - Сременин.

- Вкупната вредност на трите проекти изнесува 50 милиони денари. Парите се обезбедени преку Светската Банка, а стартот на градежните работи може да почне веднаш по распишување на тендер за избор на најповолен изведувач, информираат од Секторот за комунални дејности при општина Гевгелија. 

Од гевгелиската локална самоуправа најавуваат дека годинава ќе се гради и нов патен правец, што треба да ги поврзува стопанските капацитети од улица „Индустриска“ со регионалниот пат Гевгелија - Негорци.

http://www.mia.com.mk/


Edited by lslcrew - 08-Jan-2009 at 19:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1535 Posted: 16-Dec-2008 at 16:01
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЦЕЛОСНА САНАЦИЈА НА ЛОКАЛНOT ПАТ ИЛИНДЕН-ХИПОДРОМ
11.12.2008

Согласно програма на општина Илинден за реконструкција и санација на патната инфраструктура на територија на општината, продолжуваат градежните активности во населба Илинден.


Со завршените градежните активности целосно е опфатено проширување, тампонирање, асфалтирање, обележување како и поставување на сообрќајна сигнализација на локалниот пат Илинден-Хиподром, како и поставување на ивичњаци на краевите на патот во вкупна должина од 1.400 метри.


Овој пат претставува главен влез во општината и комуникација со градот Скопје, како и главен пат во индустриската зона Илинден.


Во изминатиот период тој се наоѓаше во многу лоша состојба, раскопан и уништен со што создаваше огромни проблеми за безбедноста на граѓаните при нивното вршење на секојдневните активности.


Со извршената целосна санација локалниот пат Илинден-Хиподром значително ќе се подобри состојбата на локалните патишта во општина Илинден како и воедно ќе им се овозможи како на граѓаните така и на бројните стопански објекти да имаат подобра и поквалитетна комуникација.


Средставата за целосната санација и реконструкција на локалниот пат Илинден-Хиподром во населеното место Илинден се обезбедени од Буџетот на општина Илинден.



http://www.ilinden.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=192
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1536 Posted: 15-Dec-2008 at 19:16
Текстот е благо речено безвезен и неточен. Инаку целосно ги поддржувам намерите на Владата прво да се реконструираат локалните, регионалните и селските патишта па потоа (или уште поубаво паралелно) да се градат автопатите. Крајно време е македонската провинција да заживее, да се отворат работни места во руралните региони и да се поттикнат луѓето да си живеат во малите средини. Срамно е пола држава да живее во Скопје и време е да се стимулира животот во малите градчиња и селца. Можам еден пример од Словенија да наведам. Кога се давани парите за изградба на автопатот Братство и Единство, на републичко ниво во Југославија, тие ни динар немаат вложено во тој автопат,туку сите средства ги намениле за изградба на регионални патни правци. Затоа денеска во Љубљана живее околу 1/10 од целото население.
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #1537 Posted: 13-Dec-2008 at 02:36

Државата незаинтересирана да гради автопатишта

Во буџетот за идната година не е предвиден ниту денар за изградба на нов автопат

Билјана Ангеловска

Во Македонија има 242,5 километри изграден автопат, во кои се вклучени и оние 26,5 километри обиколница на Скопје, која се' уште не е целосно предадена во употреба. Тоа, генерално гледано, е малку, со оглед на тоа што сме држава со исклучително важна и поволна географска местоположба, каде што се вкрстуваат коридорите 8 и 10, најважните патни правци кои ја поврзуваат Европа со Блискиот Исток.

Двата коридора претставуваат стратегиски патни правци за Македонија. Коридорот 10, со вкупна должина од 172 километри, се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица. Во состав на овој Коридор е и автопатот-крак Велес - Меџитлија, кој ги поврзува Велес, Прилеп и Битола со Грција. Од К-10 се изградени 132 километри. Автопатот Исток - Запад, пак, односно, К- 8 низ Македонија се протега со вкупна должина од 304 километри. Но, од нив се изградени само 84 километри, поточно, едвај 28 проценти, а завршува и изградбата на обиколницата на Скопје, како составен дел од К-8.

Дека се неопходни уште многу километри квалитетни патишта - нема дилема. Сите се согласни дека патната инфраструктура во Македонија е во исклучително лоша состојба. Не само што нема доволно патишта од највисока категорија, автопати, туку и оние кои се веќе изградени, се наоѓаат во катастрофална состојба, со дупки, крпени и недоволно безбедни за брз сообраќај. Оттаму, зачудува односот на државата кон овој многу важен сообраќаен сегмент, со оглед на тоа што воопшто не размислува да вложува во изградба на нови километри автопат.

Во предложениот буџет за наредната година не е предвиден ниту еден денар за изградба на автопатишта. Единствено Агенцијата за државни патишта има распишано тендер за изработка на проект за изградба на делницата од Демир Капија до Смоквица, од Коридорот 10, во должина од 27 километри, а во тек е и изградбата на 7,6 километри патен правец Табановце - Куманово, кој ќе биде автопатско решение и ќе чини близу 9 милиони евра, но се гради со заеднички средства, односно, со помал дел домашно учество и со заем од Светска банка.

И, тоа е се' што планира државата да го гради како автопат со сопствени средства. Затоа, пак, седум патни правци од Коридорот 8, со вкупна должина од 560 километри, ќе бидат изградени со автопатско решение, но преку давање под концесија. Станува збор за делниците: Романовце - Деве Баир (граница со Бугарија), во должина од 70 километри, обиколница на Скопје - Блаце (граница со Косово), 13 километри, од Гостивар до Требеништа, односно, до аеродромот во Охрид, 93 километри, од Ќафасан, поточно од границата со Албанија до Битола во должина од 85 километри, 130 километри од границата со Грција, Меџитлија до Велес, 120 километри од Велес до Обел, границата со Бугарија, и околу 50 километри од патниот правец Штип - Миладиновци. Треба да се напомене дека изградбата на овие патни правци ќе биде комплетна обврска на идниот концесионер, што значи дека државата нема да вложи ништо.

Факт е дека фокусот на вниманието на Владата во делот на патната инфраструктура речиси комплетно е насочен кон изградба на регионални и локални патишта, за што во буџетот за наредната година се предвидени прилично големи средства. Иако станува збор за десетина делници чијашто изградба има голема важност, сепак, тие се, пред се', од регионално и локално значење, кое нема некоја поголема улога во категоризацијата на државава според нивото на патната инфраструктура. Неоспорно е дека сообраќајната мрежа во Македонија би требало да биде подеднакво добра и кога станува збор за регионалните и кога се во прашање магистралните патишта. Сепак, рангот најмногу зависи од процентот на застапеност на највисоката категорија пат, што значи, од километрите изграден автопат.

И, додека во Македонија никој не се потресува околу тоа дека државава ни е многу сиромашна во поглед на патната инфраструктура, во земјите од најблиското опкружување состојбата е сосема поинаква. На пример, Хрватска има една од најразгранетите и најизградени мрежи автопат во Европа. Така, според последните податоци на Европското здружение на концесионери на автопатишта (АСЕЦАП), Хрватска досега има изградено 1.163 километри автопат, што е 260 километри на еден милион жители. Со тој податок, Хрватска се наоѓа на извонредното второ место, веднаш зад Шпанија, која на милион жители има изградено околу 320 километри автопат.

АСЕЦАП има анализирано податоци во 16 држави, меѓу кои се Полска, Србија, Словенија, Мароко, Австрија, Грција, Португалија, Норвешка и други. Висока четврта позиција на табелата зазема Словенија, која со приближна големина и број на население како Македонија, има 220 километри автопат на милион жители. Соседите Грција и Србија се позиционирани на 12., односно 13. место со изградени меѓу 80 и 70 километри автопат на милион жители, а на крајот на табелата е Полска, која има само 40-ина километри автопат на еден милион жители.

Дека цената на чинење на изградба на еден километар автопат не е главниот фактор поради кој кај нас речиси не се градат автопатишта, најдобар пример, повторно е Хрватска. Во оваа држава изградбата на еден километар автопат на добар, лесен терен чини 6 милиони евра, додека ако се работи за тежок терен, каде што има потреба од изградба на мостови, или тунели, цената се качува и до 12 милиони евра. Во Австрија, пак, ист таков километар автопат чини околу 22 милиона евра, а на полесен терен би можел да се изгради за половина цена поевтино.

Споредено со Европа, изградбата на автопат во Македонија е речиси без пари, бидејќи еден километар на лесен терен може да се изгради дури и за помалку од еден милион евра, а на терен со мостови, достигнува до едвај три милиони евра. Оттаму, сосем логично звучи објаснувањето на нашите градежни фирми дека интересот сами да градат патишта од највисока категорија е занемарлив поради неисплатливост на објектот.

Како што велат градежниците, никој не сака да гради автопат онаму каде густината на сообраќај е толку мала што ќе требаат години и години додека се исплати инвестицијата. Значи, единствено државата е таа која треба да вложува во изградба на патишта од највисока категорија, па дури и онаму каде што фреквенцијата од возила не е многу голема.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=928315E6D6CB764D8CA4EAAE6A389CF9

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1538 Posted: 11-Dec-2008 at 21:41
Охрид, 11 декември (МИА)Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при неодамнешната работна посета на Охрид најави дека Владата, односно ресорното Министерство, издвоиле 11,8 милиони денари за реконструкција на постоечките пристаништа и изградба на ново пристаниште на Охридското Езеро, во чиј состав ќе биде изградена и соодветна бензинска пумпа.

Според Јанакиески, на тој начин ќе се надмине проблемот со снабдувањето гориво за бродовите и чамците.

Тој најави и реконструкција на обиколницата на Охрид, односно улицата „Железничка“, што ги спојува магистралните правци кон Скопје односно Битола. Работните зафати на оваа важна сообраќајница во Охрид е предвидено да започнат во февруари идната година.

Предвидена е реализација на проект за осовременување на делницата на потегот Охрид – Свети Наум, чија изградба би почнала во текот на 2010 година. Тој патен правец е изграден во 50-те години на минатиот век и не соодветствува на современите потреби за патен сообраќај. Проблеми во одвивањето на сообраќајот особено се јавуваат во летните месеци кога значајно се зголемува фреквенцијата на возила на тој патен правец.

http://www.mia.com.mk/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1539 Posted: 11-Dec-2008 at 12:42
Ова не се КАПИТАЛНИ проекти, капитален проект е автопат КУманово-Крива Паланка-граница со БГ, автопат Скопје-Блаце, патиштата низ источна Македонија, посебно Штип-Струмица и Штип-Велес.
Патот кон ски-центарот Кожув или оној кон Банско се минорни во споредба со овие капитални инвестиции.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1540 Posted: 11-Dec-2008 at 01:14
За обнова на патиштата ќе се задолжиме120 милиони евра

Опозицијата овој план го окарактеризира како недомаќински и загубарски бидејќи пари за оваа намена има во непродуктивните ставки во буџетот


Со заемот од ЕБОР ќе се обноват повеќе локални и регионални патишта

Македонија в година ќе се задолжи со 120 милиони евра за да ја обнови патна инфраструктура низ државата. Опозицијата вчера овој план го окарактеризира како недомаќински и загубарски. Владата ќе ги позајми парите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).Министерот за финансии Трајко Славески вчера на комисиска расправа ја правдаше потребата државата да се задолжи со 50 милиони евра кај ЕБОР. Опозицијата категорично ги отфрли причините на Владата за новиот кредитен заем.

- Ова е најнеповолно време за задолжување во странство. Сега, кога глобалниот финансиски систем е во криза, парите се се' понедостапни и поскапи. Владата годишно во просек троши онолку пари за реклами колку што сега предлага да ја задолжи државата кај ЕБОР. Ако ги прераспредели средствата во буџетот, Владата ќе има домашни пари за обнова на патишта. На тој начин Владата не само што нема да ја зголеми надворешната задолженост на државата, туку ќе заштеди да не плаќа камати. Го одбиваме владиниот предлог да се задолжиме - изјави либералдемократот Јован Манасиевски.Пратеникот од СДСМ Игор Ивановски праша зошто Владата прво предвреме ги враќаше кредитите од ММФ и од Светската банка кои, според него, се сервисирале по поволни услови, а сега кога позајмувањето е неповолно таа се задолжува кај меѓународни кредитори.

- Условите на кредитот од ЕБОР се поповолни од кредитите што ги враќавме пред околу една година. Враќавме кредити земени уште од бивша Југославија со каматни стапки од 6 до 7 отсто. Сега се задолжуваме по услови од 4 отсто камата - тврди Славески.

Со заемот од ЕБОР ќе се обноват повеќе локални и регионални патишта. По грејс-периодот од четири години, кредитот ќе се враќа 15 години. Тој ќе се повлекува во две транши. Првата транша е во износ од 24,7 милиони евра. Таа ќе се даде за обнова на девет регионални патишта со вкупна должина од 160 километри. Откако ќе ја повлече првата транша, Владата ќе му плати на ЕБОР еднократна провизија од 250 илјади евра. Втората транша ќе изнесува 25 милиони евра. За овие пари општините ќе си конкурираат со своите предлози за регионални патишта.

Со последниве заеми надворешната задолженост на Македонија ќе се искачи на околу половина милијарда евра. Меѓународниот монетарен фонд во својот годишен извештај за Македонија неделава ја предупреди Владата дека треба да внимава да не ја зголемува задолженоста на државата. Освен со кредитите кај меѓународните финансиски институции за патната, железничката и за енергетската инфраструктура, државата може да ја зголеми задолженоста и затоа што ќе го зголеми дефицитот во буџетот на 2,8 отсто од проектираниот бруто-домашен производ во 2009 година. Годинава тој изнесуваше 1,5 отсто од реализираниот БДП. Досега Македонија јазот во државната каса го покриваше со заеми од ММФ. Македонија има најмала надворешна задолженост од сите држави во регионов.

ИНФО-Нови кредити

Владата ќе ги позајми парите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за да ја обнови патна инфраструктура низ државата.Опозицијата категорично ги отфрли причините на Владата за новиот кредитен заем.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=983CACD39A5C5B4FBCD04D8C80DD0112


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7576777879 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.