![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 30> |
Author | |
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
![]() малџиски муабет това за мускулите братко, ама за тоа дека америте ќе гледаат се да направат за да го саботираат руското влијание на балканот тоа е сигурно, но не за долго со оглед дека и тие си имаат други проблеми та во дадени околности сите конци неможат да ги држат во раце, а овој со гасовод им е битен геостратешки. но не е се толку во руска пенетрација на балкан колку во осигурана енергетска стабилност на европа од повеќе страни, со тоа европа не само што би се стабилизира енергетски туку и економски што пак го јакне долгорочно еврото а го слабее доларот
инаку сега со најавата за резервирање поголеми количини гас и за грците освен турците, веројатно и повеќе цевки да пуштат русите паралелно, всушност првата цевка за Турција е со капацитет од 16 м.м3 [1] откако турците не се пишманат, а грците ги поткупуваат тоа америте со контра понуда, единствено ние им остануваме како последен адут за некаква предвремена саботажа, а за ота им треба мекотелна власт во земјава која доколку неможат да ја обезбедат со внатрешен куршлус многу веројатно да пробаат да ја бркаат преку надворешен, но реално сега нема особено поволнји услови за тоа и да бидне случај, иако се надеваат дека комбинација од двете би довеле до пресврт, но освен нови избори на кои очигледно е дека повторно дпмне ќе победи немаат да добијат друг резултат, а ним пак бидејки јасно им е дека штом турците и грците би прифатиле да се фатат на оро логично е дека и ние тоа ќе го направиме, во најмала рака како адут за ценкање околу евро-интеграциите та посекако нема безрезервно да поолтрончат пред америте, иако мошне веројатно во небрано ќе ретерираат но сепак не се истрчуваат ко сдсм во минатото да на секој ишарет приклонуваат глава иако ко надворешна политика легитимен начин на преживување, во принцип и да проааѓа тука некоја цевка та и да имаме добра количина гас на располагање за потрошувачка немаме никаква гаранција дека утре некој тоа нема да го саботира |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
Всъщност американците са тези ,които направиха всичко възможно да стопират ,,Южен поток,,.Нека не забравяме че когато възникна идеята за този проект ЕУ го одобряваше и италианците и австрийците бяха основни акционери ,като поемаха по-голяма част от милиардите разходи.След кризата в Украина ,,Южен от икономически проект се изроди в политически такъв и се превърна в средство за шантаж ,корупция и налагане на руско влияние.
Един ден след като италианците и австрийците се отказаха от проекта Путин обяви че прекратява ,,Южен поток,, и лансира ,,Турски ,,, който по мнението на повечето сериозни анализатори ,вкючителни и руски е само един блъв. Сега за сега има единствено подписан меморандум за намерение за евентуално изграждане на тръбопровод между Русия и Турция.Няма проект ,няма посочен срок ,няма разчети колко ще струва ,няма параметри..само празни приказки. Преди около 3 седмици турския външен министър излезе с изявление че на този етап ,,Турски поток,, не е в преоритетите на Турция. Този проект няма никаква икономическа логика и основа ,и в същността си е игра на нерви и показване на мускули от руска страна. Оставяме настрана дали този проект е финансово изгоден за ,,Газпром,, и Русия ,но като погледнем кои страни сте се събрали и ситуацията става малко комична- Гърция ,Македония ,Сърбия ,Унгария -все еди суперикономики.Много ми е интересно откъде ще извадите милиардите за да платите полагането на тръбите. Едно е сигурно -ако има и 10% шанс ,,Турски поток ,, да се реализира Америка ще направи всичко възможно това да не се случи. Edited by Galileo - 24-Apr-2015 at 20:59 |
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
Рускиот Гаспром ѝ се закани на Европа: Ќе останете без гас доколу се обидете да го попречите Турскиот тек!
Ова е прв пат рускиот гигант отворено да најавува евентуален апсолутен прекин на испораката на гас. Гаспром се закани дека целосно ќе го прекине протокот на гас кон Европа доколку Европската унија се обиде да го спречи Турскиот тек, како што направи со Јужниот тек. "Ќе го направиме тоа доколку не присилат на истото", порачал директорот на Гаспром, Алексеј Милер. Тој предупредува дека ЕУ едноставно се обидува да ги префрли сите ризици на добавувачите на гас, што создава проблеми за Гаспром. "Европа мора да даде јасен и категоричен одговор: дали и' треба оваа база на ресурси или не", порачува Милер. Ова е прв пат рускиот гасен гигант отворено да најавува евентуален тотален прекин на испораката на гас. Според зборовите на експертите, руските власти и раководството на Гаспром порано истакнувале дека никогаш повеќе нема да ги "повредат" договорените обврски за европските клиенти. Во Европа се појави коалиција на држави кои го поддржуваат Турскиот тек. Помеѓу нив ја нема Бугарија, која од порано, под притисок на Европската комисија, се откажа од изградбата на Јужниот тек. Како што наведува рускиот бизнис весник "RBC Daily", Дмитриј Баранов, експерт од областа на енегрената, смета дека една од причините на на острите изјави на Гаспром е создавањето на Европската енергетска алијанса. Европските потрошувачи до сега се договараа со добавувачите поединечно, а условите за бизнис беа строго доверливи. "Ако Европската комисија сака да се воспостави единствена увозна цела на гасот, тоа нема да биде најниската цена по која ние ја снабдуваме Европа", изјавил Баранов. Гаспром планира до 2019-та година да го прекине транзитот на гас преку Украина. За да го направи тоа, планот беше да се изгради прво Јужен тек, кој под притисок на Брисел пропадна, па сега е во план Турскиот тек. |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Da, potpolno sum soglasen, nema nikakva logiga da se izgradi tn Turski tok.
Mozni se samo 2 opcii: -da odi samo do Turcija -Da odi niz Bugarija i da 3 opcija, nikogas i da ne se izgradi, a Bugarija da dobiva gas od EU za sto ke bide potgrebno da se izgradat interknekcii |
|
![]() |
|
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
Момчета не се вълнувайте прекалено - Турски поток няма да има .
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
Грција моментално ја нема таа преговарачка моќ, особено не кога се работи за руски проект, така да може да се опуштиш ![]() |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
Имам чуство дека Грција би го саботирала турскиот тек во делот на делницата која што треба да минува низ Македонија... т.с се би направила гасоводот да минува низ нејзина територија но не и истиот да поминува низ Македноја кон север...
|
|
![]() |
|
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
Те не от денес имат проблеми. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Цинизам е оваа изјава. Случајно или не сите земји низ кои ќе поминува алтернативата на јужниот тек имаат огромни политички проблеми од најразличен карактер. Прилично 'случајни' се овие настани
|
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
![]() Берлин го поздрави договорот меѓу Русија и Грција за „Турскиот поток“ Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле позитивно го оцени можниот договор за изградба на крак од гасоводот „Турски поток“, кој преку Грција, Македонија и Србија би влегол на територија на ЕУ во Унгарија, јави дописникот на МИА од Берлин. Според весникот „Шпигел“, Шојбле во Вашингтон на средбата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка викендов изјавил дека му е „драго за Грција, доколку е тоа така“ и дека се надева на постигнување договор меѓу Атина и Москва. Шојбле смета дека треба да се поддржи се што може да и помогне на Грција, но истовремено изјави дека нема детали за договорот кој мора да биде во согласност со строгите правила на ЕУ за дистрибуција на енергенси. Руските медиуми пред неколку дена објавија дека за поддршка при изградбата на гасоводот „Турски поток“, Грција од Русија може да добие заем во висина од пет милијарди евра. Според германскиот весник, кој цитира неименувани извори, договорот би можел да биде потпишан уште утре. Иако претставници на Европската комисија пред две недели беа присутни во Будимпешта на состанокот на заинтереисраните земји од регионот на потпишувањето на меморандум за соработка при изградба на гасоводот, сепак ЕУ се уште не дала зелено светло за нова руска енергетска експанзија на Балканот и Централна Европа. Германските позитивни коментари навестуваат дека сепак Русија која што за разлика од проектот „Јужен поток“, сега нема да биде сопственик и на гасот и на дистрибутивниот систем, ќе добие дозвола за извоз на своите енергенси во Унгарија, Австрија и други членки на ЕУ. На почетокот на март претставници на германското Министерство за надворшени работи за МИА изјавија дека „блиските врски што земјите од западен Балкан ги имаат со Русија не се спротивни на напорите за понатамошно приближување кон Европската унија“, со што практично може да се заклучи дека доколку се почитуваат правилата на Европската енергетска заедница каде членка е и Македонија, нема проблем и нашата земја да стане дел од еден од најголемите енергетски проекти во Европа во пoследните неколку децении. |
|
![]() |
|
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
Многу брзате. Се уште постои проблем со ЕК, а цефките мора да минат през ЕУ-Грциja. Ако ЕК не попушти, ништо нема да има от Турски поток. Да не зборуваме дека нито една от државиве то турски тек немат капацитет да изградат сами цевките.Русиja исто сега е во проблем со кризата, со ембаргото и така натаму.Турциja се уште не дава дозвола за започнуване на градба. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Мене ме интересираат само бројки, ама не откога ќе го склучат договорот за Турски поток бидејќи очигледно е дека македонската влада одамна дала согласност, макар и не склучена на хартија, за негова изградба, но намерно молчи.
Пак доаѓаме до почеток. Треба да се излезе пред јавноста, да се каже каде ќе влегува тој гасовод низ кои места од земјава ќе се движи и каде ќе излегува, колкава ќе биде вкупната должина, колкави финансиски средства ќе бидат потребни за изградбата и од каде ќе дојдат овие финансиски средства. На политички план, треба да се каже какви политички импликации може да има овој проект врз националната безбедност на нашата земја, но и за надворешнополитичките приоритети на земјата. Не би сакал да помислам дека ние како земја ќе земеме нов кредит од стотици милиони евра, со тоа ќе влеземе во опасна задолженост на земјата и дека ќе чекаме парите од небо да ни паднат. Пак ќе повторам, јас од овој проект гледам само неволји и тие нив ќе ги чувствуваме во наредниот период, сакале ние или нејќеле! |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
За жал се полуписмени,а со такви најтешко се иизлегува на крај.Со писмени и неписмени некако,ама со полуписмени-никако(ова е и поговорка)
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Во право си, кога и онака никој не не` регистрира за живи на Балканов, барем да ги критикуваме нашинциве бидејќи се неписмени. А се` !!! Edited by Dexter26 - 11-Apr-2015 at 14:35 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
токтоктоктокток
Море мамицата ваша неписмена! |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Грција очекува да добие „значителни финансиски дивиденди“ од стотици милиони евра годишно со проектот за гасоводот „Турски ток“, кој е предвидено да испорачува природен гас од Русија по 2019 година, изјави грчкиот министер за енергетика.
„Гасоводот ќе донесе исклучително важни добивки за Грција, на прво место, поевтин гас и други приходи кои можат да се во износ од стотици милиони евра годишно“, истакнал министерот за енергија, Панајотис Лафазанис. Лафазанис истакнал дека Атина очекува да добие значителни финансиски дивиденди од газопроводот по 2019 година, кога Русија ќе престане да испорачува гас за Европа преку Украина. Потсетуваме дека во средата рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „Турски ток“ може да стане еден од клучните енергетски дистрибутивни центри на Грција во Европа. Според Путин, Атина може да заработи стотици милиони евра годишно од транзитот на гасот, ако се приклучи на проектот за гасоводот „Турски ток“. Изградбата на гасоводот ќе биде спроведена од приватни компании од Русија, Грција и Европа и може да вклучува учество на грчката влада, истакнал Лафазанис. Во декември 2014 година Москва најави укинување на изградбата на гасоводот „Јужен ток“, кој требаше да преминува преку Црното Море, за да испорачува руски гас преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија до Италија и Австрија. „Турски ток“ ќе го замени „Јужен ток“, и ќе има годишен капацитет сличен на него – околу 63 милијарди кубни метри квадратни. Новиот гасовод ќе поминува под Црното Море и ќе излегува на турската територија, со што на турско-грчката граница е предвиден центар за понатамошна дистрибуција на гасот кон потрошувачите во Јужна Европа. http://faktor.mk/2015/04/10/grtsija-ochekuva-stotitsi-milioni-evra-godishno-od-turski-tok-po-2019-ta/ За претходната дискусија дали би било исплатливо Македонија да биде дел од Турски Тек. Ако Грција очекува олкав прилив, сигурно и кај останатите транзитни земји, ќе има парче од колачот. Не ги знам точните бројки и не можам да зборам во детали, но ми се чини дека ова е историска шанса за Македонија. |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
„Струмица – гас“ почна со проширување на гасоводната мрежа
Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“ новата градежна пролетна сезона ја почна со проширување на гасоводната мрежа во урбан блок 36, односно, во кругот на касарната. Директорот на претпријатието, Зоран Китанов, информираше за овој зафат, но и за тоа како ќе се шири гасоводната мрежа во општината до крајот на оваа година. „Стартуваме од ова големо градилиште, кое според нашите увидувања би било место на кое ќе никнат доста нови станбени објекти, и ние како одговорно јавно претпријатие благовремено ги преземаме нашите активности за да во иднина нема потреба од дополнително копање. Моментално ја работиме оваа траса со должина од 800 метри, која ќе го опфати целиот потег на урбан блок 36 каде што има нови згради, а некои се во тек на градба и можам да ви кажам една убава вест, веќе една зграда уплати 82 приклучоци кои ќе бидат во функција за околу два до три месеци, а верувам дека и останатите ќе го следат тој пример. Овде приклучокот ќе почне од крстосницата „11 Октомври“ и ќе заврши со пресекот на новата улица што ќе се гради помеѓу зградите, што значи за во иднина ќе треба само една дополнителна цевка која ќе се мести до самите згради. По завршувањето на овој урбан блок имаме уште две фази на кои ќе работиме, тоа е урбаниот блок зад фабриката „Герас Цунев“ бидејќи таму има многу заинтересирани кои сакаат приклучоци на гас, потоа во улицата „Киро Абрашев“ која ја работевме минатата година, а сега ќе се заврши и ќе почнеме со реализација на еден нов проект“, изјави Китанов. „Покрај тоа што Струмица е првиот град комплетно системски гасифициран, ние како Јавно претпријатие ќе се потрудиме заедно со општината во летниот период да ги доставиме и првите приклучоци до првите три села. Имено, нашите цевки завршуваат во непосредна близина на Добрејци, Дабиле и Куклиш, што значи ќе пуштиме цевки до влезовите во селата и потоа, според заинтересираноста на граѓаните од тие населени места, посебно на сопствениците на оранжериите и пластениците, ќе можеме да им дадеме услуга за користење на гас и во нив. Инаку, од пред неколку години во Струмица многу оџаци не ја загадуваат средината бидејќи веќе имаме инсталирано капацитет со околу 10 MW и сметајте дека за толку повеќе ќе била загадена Струмица. Ние досега имаме изградено 21 километар гасоводна мрежа, оваа година планираме да изградиме уште пет километри, што значи за 3-4 години Струмица би имала околу 40 километри гасоводна мрежа“, додаде Китанов. http://www.porta3.mk/strumica-gas-pochna-so-proshiruvanje-na-gasovodnata-mrezha/ |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Така треба да се игра. Не смееме да дозволиме да бидеме зависни од една држава или една политика.
|
|
![]() |
|
kengur ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Jan-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
НЕЗИРИ ВО ТУРЦИЈА
И Македонија сака да се приклучи на гасоводот ТАНАП Министерот Незири во Турција присуствуваше на церемонијата за поставување камен-темелник за изградба на гасоводот ТАНАП Министерот за економија Беким Незири, на покана на министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз, денес присуствуваше на свечената церемонија за поставување на камен темелник за изградба на транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП, во провинцијата Карс во близина на турско-грузиската граница. На церемонијата министерот Незири имаше средба со турскиот министер Јилдиз со кого разговараа за можноста во иднина и Република Македонија да се приклучи во проектот, кој е многу значаен за целиот регион. „Република Македонија и понатаму останува отворена за соработка со земјите од регионот и пошироко во однос на сите понудени решенија од аспект на изградба на гасоводни интерконекции и обезбедување на природен гас, при што имајќи ги во предвид критериумите за обезбедување на доволни количини на природен гас, континуитет во снабдувањето без прекини, како и пониска понудена цена на природен гас“, изјави министерот Незири. Тој додаде дека постојат неколку можности за интерконективно поврзување на гасификациониот систем на Република Македонија со гасоводите кои транзитираат низ територијата на Турција. „Гасоводот ТАНАП кој оди до Грција, а потоа на него се надоврзува гасоводот ТАП- транс јадрански гасовод, кој поминува од Грција во Албанија и под Јадранско море оди во Италија, претставува добра можност за поврзувањето на гасификациониот систем на Република Македонија, и истиот би можело да биде преку Грција кај Гевгелија или кај Битола со должина на кракот за поврзување од околу 60 км“, изјави министерот Незири. Проектот ТАНАП е потпишан помеѓу Турција и Азербејџан и се предвидува да биде пуштен во работа 2019 година, а ќе пренесува гас од Азербејџан од наоѓалиштето Шах-Дениз. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/i-makedonija-saka-da-se-prikluchi-na-gasovodot-tanap |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Јас колку што знам постоечкиот гасовод поминува на северниот дел од селото (преку реката), а реонов ми изгледа како накај Зубовце на југозападниот дел, кон магистралата Куманово - Свети Николе.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |