build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Помали спортски сали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 18-Sep-2010 at 08:52
Со средства од Владата во Куклиш ќе се гради нова спортска сала

Струмица, 17 септември 2010 (МИА) – Во рамките на капиталниот проект на Владата за изградба на спортски сали во Макеоднија, планирана е изградба на спортска сала и во Куклиш, општина Струмица. За таа цел општинските советници го усвоија урбанистичкиот план за делот на Куклиш каде што треба да се гради салата.

- Со донесувањето на урбанистичкото решение е отстранета и последната пречка за изградба на овој објект, кој значително ќе ги подобри условите за спортување на младите и на граѓаните на Куклиш воопшто. Сега останува Владата, односно Агенцијата за млади и спорт да ги почнат потребните активности околу реализацијата на проектот, изјави Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

Оваа ќе биде четврта спортска сала во Струмичкиот регион што ќе се гради со средства од државниот буџет. Од овој пакет, неодамна беа предадени во употреба новите спортски сали во Ново Село и во Василево, а во тек е изградбата на ваков спортски објект и во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.ив/11:37

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76995030&lId=1&pmId=
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 08-Sep-2010 at 13:01

Пуштена во употреба спортска сала во ОУ „Дитуриа“

07.09.2010 - 19:19 |

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти во употреба спортската сала во Основното училиште „Дитуриа“ во општината Сарај.

Салата, за чија изградба од државниот Буџет се издвоени 22 милиони денари, е со капацитет од 500 седишта и е целосно опремена за практикување на повеќе спортови, како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет,...

Премиерот Груевски најави дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти што ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на граѓаните на општина Сарај.

- Преку Агенцијата за државни патишта планирана е реконструкција на два патни правци, едниот од Сарај до село Љубин во должина од 2,3 километри, а вториот од село Рашче до село Копаница во должина од околу три километри, информира Груевски.

Тој посочи дека во тек е градбата на две фудбалски игралишта во селата Љубин и Долно Свиларе, а во првата половина на идната година предвидена е и изградба на две повеќенаменски игралишта во селата Шишево и Радуша.

 
eve edna fotka od sitel, video
 
Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 25-Aug-2010 at 23:19
На Салата у Ѓорче кај гимназијата Кочо Рацин фасадата и била фушерски напраена и се уништила па ја гребеле и направиле нова. Се десило ова на некоја друга сала од владиниот проект?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 21-Aug-2010 at 23:26
Василевo ja доби првата спортска сала

03.08.2010 год.
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, заедно со Премиерот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, пратеничката г-ѓа Силвана Бонева и директорката на ООУ Гоце Делчев, Василево, г-ѓа Гордана Јанева, во присуство на мноштво граѓани, пратеници од струмичкиот регион и претставници од Министерството за образование и наука, со симболично сечење на лента, ја пуштија во употреба спортската сала во Василево.

Во своето обраќање Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, посебно им се заблагодари на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, кои заедно со локалната самоуправа успешно го реализираа овој проект, кој е од големо значење не само за учениците кои овде ќе ја изведуваат наставата по физичко образование, туку и за развојот на спортот воопшто. Општина Василево перманентно ќе вложува во развојот на спортот, бидејќи вложувањето во спортот е вложување во здравјето на нашите сегашни и идни поколенија, вложување во нашата иднина - потенцира градоначалникот.

Премиерот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски истакна дека оваа спортска сала и неодамна пуштеното во употреба фудбалско игралиште се показател на залагањата на Владата за развој и популаризација на спортот во целата држава подеднакво, притоа додавајќи дека во општина Василево на спортски план ќе се инвестира и гради и во иднина.
Салата беше осветена од свештени лица од Македонската православна црква по што екипите на Џеми пром од Василево и ФК Василево од Василево одиграа ревијален натпревар.

Спортската сала е со површина од 1300 м2 и е опремена со реквизити за повеќе спортови и спортски дисциплини, како и трибини со 500 седишта за гледачите. За реализација на овој проект, Владата инвестира околу 40 000 000 денари, додека локалната самоуправа обезбеди средства од сопствениот буџет за партерно уредување.

http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/505/sala%20vnatre.jpg

http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/505/sala.jpg
http://www.opstinavasilevo.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 19-Aug-2010 at 09:00
Ќе се гради спортска сала во “Зеф Љуш Марку“

Нова спортска сала ќе се гради во рамките на средното училиште “Зеф Љуш Марку” во скопската општина Бутел. Камен темелник за изградба на спортскиот објект ќе биде поставен денес. На настанот ќе присуствува премиерот Никола Груевски.

Од владината прес служба информираат дека покрај премиерот ќе бидат присутни  и вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдилаќим Адеми и министерот за образование и наука Никола Тодоров.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75755&kategorija=1

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 26-Jul-2010 at 18:03
Означен стартот на изградба на две спортски сали во Битола

Вчера во Битола со свеченост почна изградбата на спортски сали во средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ и во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“. Салата во медицинското училиште ќе има површина од 1.300 метри квадратни и рокот за нејзино завршување е девет месеци, додека салата во земјоделското училиште треба да биде изградена за шест месеци и ќе располага со 650 метри квадратни. Покрај ова, на локалната самоуправа и беше предадено на раководење фудбалското игралиште „Павел Шатев“ кое се наоѓа во градскиот парк, а го изгради Агенцијата за млади и спорт. Од Агенцијата најавија изградба и на четири тениски терени и четири отворени мултифункционални игралишта во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Ѓорги Сугарев“ и „Даме Груев“, како и во битолското село Кравари.



http://www.build.com.mk/?p=4578

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Jul-2010 at 19:11

Нова сала за спорт во Слупчане

Нова сала за спорт е изградена во рамките на Основното училиште „Фаик Коница“ во селото Слупчане, кое територијално и' припаѓа на Општина Липково. За изградбата на објектот, кој има 500 седишта и модерна опрема, се одвоени 18 милиони денари. Оваа повеќенаменска сала, која може да се користи за кошарка, ракомет, фудбал, одбојка, пинг-понг, тенис, е 20. од предвидените 35, кои се дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт.

„Владата преку своите институции ќе продолжи да вложува во овој регион. На спортски план, идната година планираме изградба на две повеќенаменски игралишта,

во селата Никуштак и Липково“, рече на свеченоста во Слупчане премиерот Никола Груевски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, очекува ова место да биде дом на сите спортисти од
Липково. (Д.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9CD2854EA1A7C74E818C414B91E4C216
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 15-May-2010 at 13:51
Отворена салата во “Христијан Тодоровски Капош“

Во основното училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ скопска општина Карпош денеска беше пуштена во употреба новата спортска сала.

На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за образование Никола Тодоров.

Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните со површина од 650 мерти квадратни рече дека  училиштето за прв пат добива вакква сала опремена со сите неопходни спортски реквизити.
 
Оваа сала е дел од владиниот проект за изградба на спортски објекти во Македонија.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=72042&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 07-May-2010 at 01:25
55 години без сала и сега ултиматум 15 дена!  LOLDump
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 06-May-2010 at 23:22
Originally posted by Cloverstack



Еве ја салата во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош што е спомната во веста:


 
 
 

Кај кого е клучот од новата сала во ОУ „Х. Т.-Карпош“?

 
Обврската за предавање во употреба си ја префрлаат Министерството за образование и Општината

Деспина Трајковска

Со полчасовна блокада на улицата „Орце Николов“ пред училиштето „Христијан Тодоровски-Карпош“, вчера група граѓани и ученици побараа Министерството за образование да им ја пушти во употреба спортската сала, која како дел од проектот за изградба на 145 спортски сали е готова речиси половина година. Се заканија дека доколку во рок од 15 дена на учениците, конечно, не им биде овозможено користење на спортскиот објект, ќе организираат секојдневни блокади на околните крстосници.

„Министерот за образование, очигледно, не е добро информиран, па вели дека Општината е таа што е пречка за отворање на салата. Напротив, таа ги завршила сите свои обврски во проектот, туку, очигледно, премиерот е тој што треба да закаже термин за предавање на објектот во употреба“, рече вчера Лидија Јеремиќ, од Одборот на родители од осмолетката „Х.Т.Карпош“.

Од Министерството за образование, пак, најавуваат дека салата ќе стане функционална во скоро време. Се правдаат дека иако е изградена пред речиси половина година, досега не била пуштена во употреба, бидејќи чекале Општината да го направи приклучокот на топлификационата мрежа и да изврши технички прием.

„Од Општината се правдаа дека немаа финансиски средства за приклучокот на парно, па одлучивме ние да ја преземеме таа одговорност, иако дефинитивно, тоа требаше да го стори локалната власт. Потоа, извесен период чекавме и за употребната дозвола за објектот, па токму од тие причини работите малку се пролонгираа“, рекоа вчера од ресорното Министерство и најавија дека салата ќе биде предадена во скоро време.

Прозваниот градоначалник, Стевчо Јакимовски, вчера негираше дека Општината била причина за доцнење на проектот. Посочи дека Карпош навремено ги завршила своите обврски, односно ги извела водоводните и електричните приклучоци и ја изградила соодветната канализациона инфраструктура.

„Од Министерството ме изненадија со правдањата и префрлањето на вината, очигледно, заборавиле дека приклучокот за топлификација беше нивна обврска“, рече Јакимовски.

Инаку, со отворањето на салата, едно од најстарите училишта во Скопје, конечно, ќе добие соодветен објект за одвивање на наставата по физичка култура. Учениците во изминативе години вежбаа во импровизирани училници, што за наставниците е поразителен факт ако се има предвид дека токму денеска училиштето слави голем јубилеј, 55 години од постоењето.

 
Crazy


Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 23:24
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 06-May-2010 at 00:11

Поставен камен-темелник за училишна спортска сала во Македонска Каменица

05.05.2010 - 21:12 |

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска го означија почетокот за изградба на спортска сала во средното училиште „Миле Јаневски Џингар“.

Салата ќе се простира на површина од 650 метри квадратни и ќе биде погодна за кошаркарско и одбојкарско игралиште. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 24 милиони денари.
 
- Изминатата година Владата почна со еден од најкапиталните проекти од областа на спортот и образованието, а тоа е изградбата на 145 училишни спортски сали ширум Македонија, рече Груевски, додавајќи дека идејата за проектот е резултат на тоа што повеќе училишта немаат спортски сали. 
 
Премиерот истакна дека ова е 20-та сала која почнува да се гради. Досега се пуштени во употреба две сали, шест се веќе завршени, а до крајот на јули се планира да бидат завршени со градба и дополнителни осум спортски сали во Пробиштип, Ресен, Дебар, Валандово, Неготино, Василево, Чаир и Стојаково.
 
Во проектирањето на спортските сали, според министерот Тодоров, се водело сметка за материјалите кои ќе бидат употребени при изградбата и најави дека ресорното министерство ќе води сметка за зголемување на енергетската ефикасност со поставување на соларни  панели за користење на природната сончева енергија за загревање. На овој начин, рече тој, во голема мера ќе се придонесе за намалување на трошоците при понатамошното користење на спортските сали.
 
Спортската сала, чиј инвеститор е Министерството за образование и наука ќе ја гради фирмата „Гранит“ од Делчево, а предвидено е да биде завршена до октомври годинава.
 
За реализација на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија од буџетот издвоени се 46 милиони евра.
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 03-May-2010 at 12:38

Игралиште за Василево, спортска сала за Ново Село


Во општината Василево завчера е предадено во употреба ново фудбалско игралиште како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта. Фудбалското игралиште содржи монтажни трибини, соблекувална, дренажен систем и осветлување, со што на него може да се игра фудбал и во вечерните часови

 

 
%20  
Премиерот Никола Груевски, кој свечено го пушти во употреба фудбалското игралиште, во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, и на градоначалникот на општината Василево, Ванчо Стојанов, посочи дека фудбалскиот терен во Василево е само дел од планираните инвестиции во спортот во општината.

- Веќе се гради и наскоро и ќе биде готова и училишната спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“, која на учениците од ова училиште конечно ќе им овозможи нормални услови за физичко образование и спортување - рече Груевски.

Тој ја предаде во употреба и новата спортска сала во општината Ново село. Таа е комплетно опремена со висококвалитетна спортска опрема и реквизити за кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, тенис и за гимнастика.
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53101024385&id=10&prilog=0&setIzdanie=21973
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 30-Apr-2010 at 00:40


Еве ја салата во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош што е спомната во веста:


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 15-Apr-2010 at 11:56

При нови, опремени и убаво стокмени спортски сали, учениците се принудени да учат во стари дотраени сали или, пак, во пренаменети простории. Таков е случајот со скопското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Иако во дворот на училиштето има изградена и подготвена за употреба спортска сала, учениците на часовите по физичко вежбаат во училишниот подрум

 
 
%20  
Во кампањата пред локалните избори минатата година, премиерот и дел од министрите ги фрлија првите лопати на повеќе локации во државава, каде што почнаа да се градат или реконструираат патиштата. Истовремено поставуваа и темели на спортски игралишта и сали.

Неколку недели потоа „Нова Македонија“ направи обиколка на патните правци и на спортските објекти. Тогаш видовме дека поради изборите се брзаше да се пресечат лентите, а патиштата не беа почнати да се прават.

Една година подоцна, дел патни правци се готови, а на другите интензивно се работи. Тоа не е случај и со игралиштата и салите. Иако изградени, кај нив уште се појавуваат технички проблеми. Има и примери каде што салите не се употребуваат оти се чека некој од Владата да ги пресече лентите. Додека се случи тоа, училиштата не смеат да ги користат готовите простории за спортување.

При нови, опремени и убаво стокмени спортски сали, учениците се принудени да учат во стари дотраени сали или, пак, во пренаменети простории. Таков е случајот со скопското основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“. Иако во дворот на училиштето има изградена и подготвена за употреба спортска сала, овие ученици на часовите по физичко вежбаат во училишниот подрум. Играат кошарка во импровизирана спортска сала, која всушност ја сочинуваат две споени училници.

%20
На Прочка, Груевски го пушти во употреба патот Куклиш - Банско во должина од 8,2 километри


Екипата на „Нова Македонија“ вчера затекна неколку ученици што пред влезната врата на училиштето играа фудбал.

- Едвај чекаме да ја ни отворат салата. Кога е ладно вежбаме во училиштето, а кога е топло, на игралиштата во дворот - велат децата.

Како што ни објаснија надлежните во Министерството за образование (МОН) што работат на проектот „145 спортски сали“, оваа фискултурна сала не се користи (иако е подготвена веќе три месеци!), бидејќи до скоро општинарите во Карпош не сакале да издадат употребна дозвола. Но по неколку преписки меѓу надлежните во МОН со оние во Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски дозволил таа да се користи. Целата работа е завршена, но салата сепак е под клуч, а одговорните во училиштето немаат пристап до неа.

Последната информација од Министерството е дека таа не може да се користи сé додека премиерот Груевски и министерот Никола Тодоров свечено не ја пуштат во употреба. Додека се случи тоа, учениците во ова училиште ќе бидат принудени да вежбаат во подрумот или, пак, во училишните дворови.

Ова не е единствената сала што „ги чека“ Груевски и Тодоров. Досега Министерството има изградено вкупно шест, од кои пет се готови за употреба. Во моментов се користи само фискултурната сала во битолското средно училиште „Јане Сандански“, која премиерот и министерот свечено ја отворија минатиот месец. Готови сали, подготвени за употреба има и во Богданци, Тетово, Делчево и во Кавадарци, но училиштата не ги користат.


Новото игралипте во Штип плива во вода


Клуч стои на вратата на фудбалското игралиште во месноста Суитлак во Штип. Направен е помошниот објект, теренот е подготвен и заграден, но во него ниту еднаш не се стркалала топка. Посадената трева плива во вода поради лошо поставена дренажа. Особено по врнежи, водата се собира на теренот. Затоа игралиштето не се пушта во употреба.

- Неадекватното поставување на одводот за вода не е изолиран проблем. Тоа ќе биде тема на средбата со претставници на Министерството за транспорт и врски. Општината ќе даде дозвола теренот да се користи само откако сите проблеми ќе бидат решени - изјави Зоран Алексов, градоначалник на Штип.

%20
На фудбалското игралиште во Штип ниту еднаш не се стркалала топка


Досега комплетно се завршени соблекувалните и се поставени страничните заштитни огради. Трибината со капацитет од 500 седишта допрва треба да се гради.

Граѓани што живеат околу игралиштето велат дека тревата еднаш веќе скапала од влага. Потоа уште еднаш била садена нова трева.

- Јас имав десет години кога првпат почна да се прави игралиштето. Сега имам 59 години. Помина половина век, игралиште нема - ни изјави жител на населбата уште минатата година, кога „Нова Македонија“ проверуваше до каде се проектите што ги најавуваше Владата.

Спортското игралиште во Суитлак е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за 50 фудбалски игралишта. Целиот проект треба да заврши идната година.


Спортски сали што ги прави Министерството за образование:
%20
  • Предвидено да се изградат: 145 сали
  • Досега изградени: 6 сали
  • Од нив не се користат: 5 сали
  • Неизградени: 139 сали




Една сала чини 39 милиони денари

Изградбата на 145-те спортски сали ќе ја чини државата 58 милиони евра. Дваесет и три милиони денари чини една мала сала од 650 квадратни метри, а 39 милиони денари чинат големите сали што треба да се простираат на простор од 1.300 квадратни метри.

Иако требаше да почнат да се градат пред две години, проектот се одложи зашто тендерот за избор на фирма што гради бил двапати поништен. На прашањето зошто во рок од две години се изградени само шест сали, во МОН одговорија:

- Имаше застој во динамиката поради рецесијата, но и поради неуспешните тендери. Засега има шест готови сали, но до јуни годинава очекуваме да се изградат 14 сали - велат во МОН.

Фискултурните сали се градат со пари од државниот буџет, како и со пари од кредит од банката за развој при Советот на Европа. Рокот што си го поставила Владата во програмата за реализација на овој проект е 2011 година.




Ништо од владините балони

„Училиштата во кои учат помал број ученици ќе немаат сала. Затоа за нив ќе спроведеме нов проект за набавка на т.н. балони, кои ќе ја вршат улогата на спортски сали“, пишува во владината програма.
Досега во ниту едно училиште нема ниту еден владин балон.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4151095402&id=9&prilog=0&setIzdanie=21959
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 11-Apr-2010 at 19:17
Отворена новата спортска сала „Јордан Мијалков“
Понеделник, 29 Март 2010 11:39

sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-1Во рамките на прославата на патронатот на Универзитетот „Гоце Делчев“, во саботата беше пуштена во употреба новата спортска сала „Јордан Мијалков“.
На свеченоста присуствуваше и Премиерот Никола Груевски кој најави комплетирање на проектот за изградба на 35 спортски Сали низ Макеоднија.

Тој воедно најави и нови тениски игралишта во Штип како и изградба на затворен базен.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Саша Митрев истакна дека спортската сала е дел од поширокиот комплекс кој ќе биде познат како студентски град и кој наскоро ќе почне да се гради.

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов изјави дека конечно конструкцијата доби финале но дека вистинската душа ќе ја добие со првите активности на спортистите и студентите кои ќе тежнеат кон спортски успеси и рекорди.

sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-2sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-3sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-4sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-5sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-6sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-7sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-8sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-9sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-10sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-11sportska_sala-senjak-otvoranje-27032010-12


http://www.stip.gov.mk




ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 08-Mar-2010 at 23:09
Машала, многу брзо се заврши.

Почна да се реализира проектот 145 училишни сали на Владата.
НЕДЕЛА, 07 МАРТ 2010 18:58



650m2 простор од спортаска училишна сала,опремена по највисоки стандарди за спортски објект во економското Јане Сандански, Премиерот Груевски денеска официјално ја пушти во употреба како прв готов резултат од проектот на Министрството за образование и наука изградба на 145 училишни спортски сали.



„ Од денеск 241 ученик добиваат можност активно да спортуваат со изградбата на оваа спортска сала."- вели Никоал Тодоров министер за образование.

Директорот на средното економско училиште задоволен од напрвеното се заблагодари.



„ Во мое лично име во името на вработените, родителите и учениците ви се заблагодарувам."- вели Васко Дранговски директор на ДСУ Јане Сандански.



Во 2010тата градоначалникот вети уште две вакви сали во земјоделското и медицинското училиште во Битола.



„ Убеден сум дека вакавата соработка ќе продолжи и во иднина."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.

Премиерот со изградбата на спортските сали во рамки на училиштата имал за цел да го подобрува психофизичкиот развој на малдите во земјава.



„ Мило и е што учениците вќе нема да се дат во училниците на часовите по физичко воспитување."- вели Никола Груевски премиер.

Битолската посета Груевски ја заврши во студентскиот дом .

„ Таму ќе пуштиме беспалтен безжичен интернет за студентите за нивните потреби."- вели Никола Груевски премиер.

Оваа иницијатива за бесплатиниот студнетски интернет ја почнува од Битола а ќе ја пордолжи и низ другите студентски домови низ земјава.

Оливера Михајловска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=18761:-----145----&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Edited by гитардемон - 08-Mar-2010 at 23:10
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 01-Mar-2010 at 22:41
Подетално за салата во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ:

Спортска сала и во Тетовската гимназија

ТЕТОВО - Вчера во дворот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово почнаа градежните работи на новата спортска сала. Камен-темелникот го вгради премиерот Никола Груевски. На свеченоста присуствуваа министри, пратеници, претставници на локалната самоуправа, како и на верските заедници МПЦ и ИВЗ. „Тетово е еден од најспортските градови на Македонија. Овде бил формиран и најстариот фудбалски колектив Љуботен. Почнуваме да градиме уште една спортска сала, а вакви ќе се градат во сите средни училишта во Тетово“, истакна Никола Груевски.

Објектот е во рамките на најстарото средно училиште во Тетово, кое почнало со работа во 1955 година. Денес има 2.917 ученици, во 92 паралелки, во кои наставата се изведува на македонски, албански и на турски јазик. За спортската сала ќе се инвестираат 36 милиони денари, ќе располага со 1.300 квадратни метри и 400 седишта. Според премиеро, салата треба да биде изградена за осум месеци. Во оваа пригода Груевски нагласи дека во Тетово и во Тетовско, покрај веќе готовите спортски сали во Брвеница и во Жеровјане, при крај е онаа на Медицинското училиште, а наскоро почнува да се градат и во селата Порој и во рамки на Државниот универзитет на Тетово. (Г. Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=193CFAEBE3129142B4DA8D38974A17BA
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 28-Feb-2010 at 15:56
Поставен камен-темелник за нова спортска сала во Тетово
Автор: Александар Чочевски     15:32 | 28 февруари 2010


Тетово

Над 2500 ученици од Гимназијата "Кирил ПејчиновиЌ" од Тетово од денеска со надеж  дека наскоро ќе имаат простор за спортување.

Во гимназискиот двор започна градбата на новата спортска сала. Се работи за реализација на уште еден сегмент од проектот на Владата за изградба на спортски објекти.

За оваа намена издвоени се 36 милиони денари, рече претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, кој и го означи стартот на изградбата. На свеченоста присуствуваа и министрите Тодоров, Адеми и Бесими, пратеници и преставници на локалната власт.

До сега во Тетовско нови спортски сали добија  Брвеница и Жеровјане, наскоро треба да биде завршена и изградбата на салата во Медицинското училиште, а како што најави премиерот, секое средно училиште во регионов ќе добие спортски објект. /крај/сс/ач                                                                                                                                            http://www.time.mk/read/NONE/b89f4b04ac/index.html

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 25-Feb-2010 at 20:58
Седум училишни спортски сали во Прилеп

Конечно започна изградбата на спортска сала во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп, за која камен темелник постави во април минатата година тогашниот министер за образование Перо Стојановски. Оваа сала е дел од проектот за 145 училишни спортски сали низ државата и една од седумте кои во рамки на проектот се предвидени во Прилеп. Три од нив ќе бидат во средните училишта „Ѓорче Петров“, „Ристе Ристески Ричко“ и „Кузман Јопсифоски Питу“, а четири во основните училишта „Добре Јованоски“, „Блаже Конески“, „Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“. Со нивна изградба, сите единаесет основни и пет средни училишта во Прилеп, со преку 14.000 ученици, ќе имаат соодветни услови за спортски активности. Изведувач на градежните работи е „Гранит“. Салите се типизирани и ќе се градат во две големини – поголемите од 1.300 метри квадратни, а помалите од 650 метри квадратни.


http://www.build.com.mk/?p=2048
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 22-Feb-2010 at 17:29
Трубарево ќе добие спортска сала

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Никола Тодоров ги удрија темелите на новата фискултурна сала во основното училиште "Крум Тошев"


Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров присуствуваа на поставувањето камен-темелник на фискултурна сала во основното училиште "Крум Тошев" во Трубарево, во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни спортски сали.
- Македонија е земја која е позната по тоа што го негува спортот, таквото внимание пред се, се огледа во изградбата на нови спортски терени и сали што за жал во минатото не беа многу значајни. Таквата ситуација беше основна причина многу училишта во Македонија да немаат своја училишна сала. Меѓу тие училшта е и училиштето "Крум Тошев" во Трубарево. Запоставување на спортот, а со тоа и на учениците, доведе нашите деца да спортуваат и да ги реализираат часовите по физичко на импровизиран начин без сала, без спортски реквизити и несоодветни услови, рече Груевски.

Проектот за изградба на 145-те спортски сали во училиштата низ Македонија, како што нагласи, е еден од поголемите проекти во реализација на Министерството за образование и наука.
- Поставуваме камен-темелник на оваа сала која ќе се гради на површина на 650 метри квадратни, ќе има најмодерна спортска опрема и ќе биде оспособена да се организираат повеќе видови на спорт. Предвидено е салата да се гради пет месеци, а целокупната инвестиција ќе изнесува 350 илјади евра, истакна премиерот.

Тој додаде дека по нејзината изградба салата ќе и биде отстапена на општината, а ќе можат да ја користат сите граѓани на Трубарево, особено најмладите и учениците.
- За нив всушност е и првично најбитна оваа сала која ќе биде место каде на најсоодветен начин ќе можат да одржуваат часовите по физичко образование, рече Груевски, и посочи дека македонската Влада е голем поддржувач на спортот, негувањето на спортската традиција и спортскиот дух.

Досега во рамки на проектот започната е изградба на спортски сали во Скопје, Неготино, Тетово, Делчево, Пробиштип, Дебар, Битола, Куманово, Ресен, Василево, Кавадарци, Валандово и Богданци.
- Најголемиот дел од овие сали се очекува да бидат завршени до крајот на месец јуни, а веќе во следниот период Владата ќе започне со изградба на нови 20 училишни сали ширум Македонија. Таквата динамика на работа продолжува и во сите други области кои се од големо значење на Македонија, додаде премиерот Груевски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FEFE5DD3B7F8414C9DDD8E8D35CBEFC5
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.113 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.