![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 63> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Поентата околу анти-просветителството повеќе ми беше насочена за западниот свет, кои моментално имаат проблеми со исламот, што (не) е исламофобија и сл. Колку побрзо го решите тоа, толку подобро за сите. Среќа па христијанството забрзано исчезнува во Европа.
Конкретните предлози ми беа за Македонија. Нивна реализација набрзо не гледам - народот засега не е доволно развиен да се ослободи, а АД МПЦ-ОА и АД ИВЗ си имаат бизнис интереси со политичарите и ич не им чуе. Минарето како такво и не е толкав проблем - џамијата имала минаре до пред неколку децении. Нелегалната изградба, неговата непотребност и ароганцијата на АД ИВЗ се проблем. А Ердо е во криза ![]() Се надевам дека во извештајот на УНЕСКО ќе стои „Државните претставници, вклучително и премиерот на Република Северна Македонија, активно поттикнуваат и учествуваат во уништувањето на природното и културното наследство на охридскиот регион, како што е овозможувањето на нелегална изградба на минаре на Али-пашината џамија, ургенциите на власта да не се руши дивоградба во селото Лагадин, и палењето на трска во Општина Струга. Затоа, УНЕСКО донесе одлука Охрид да се прогласи за загрозено природно и културно наследство. На Владата на Република Северна Македонија ќе ѝ биде доставен извештај со насоки како да се подобри состојбата“. Македонија да беше човек, ќе ѝ ја одземеа деловната способност. Треба таков институт да се воведе во меѓународното право. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Ниското ниво на едукација во Мк не дозволува луѓето да се оддалечат од религиозните институции. Тоа што го предлагаш е научна фантастика за држава ко нашава. Ако ги земеме за споредба Германија, Бенелукс и Скандинавија таму без никакви ограничувања или закони бројот на верници е во слободен пад, а кај нас е во пораст, па дури и бевме прогласени за најрелигиозна држава во Европа.
Во конкретниов случај не е во прашање само религијата туку и тоа што ја газиме под нозе сопствената држава прекршувајќи закони како сакаме и кога сакаме зависно од интересот. Жално е колку сме незаинтересирани да се еманципираме како држава и да се издигнеме над моменталното ниво - земјоделска задруга. Мислам дека минарево без разлика на тоа колку закони се прекршија и колку историја се уништи нема да биде срушено, туку само ќе се заташка целава работа додека не поминат неколку години и сите заборават (или додека не се иселат). Тоа ќе биде така бидејќи: - никој нема да има храброст да руши дел од религиозен објект во религиозно сензитивна држава како нашава - џамијата се реставрира (и минарето се изгради) со пари од ТИКА (Турција) и ако направиме било што на џамијата ќе го разгневиме чика Ердоган, а тоа не ни оди во корист имајќи во предвид дека допрва следува ратификација во НАТО, пола армија се опремува со пари од Турција, еден куп други проекти како противпожарни возила, училишта, итн. се добиваат со пари од ТИКА - ќе треба да се рушат и цркви дивоградби, ама интересот не е таков Ова би се променило единствено ако УНЕСКО експлицитно напише во некој следен извештај: Срушете го минарето! иако дури и тогаш е прашање дали ќе се случи нешто во земјоделскава задруга кај што препораките на УНЕСКО се спроведуваат преку рушење билборди и корнење палми.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Зарем треба да ги оштетиме резил реџепи и чичко никола заради некое си Унеско таму?!
Кога ќе заврши црниот период на анти-просветителство кој моментално го уништува светот (а тој ќе заврши кога саудиска трибалија и катар ќе им се придружат на монголската империја, третиот рајх и останати злотворби, а регресивната левица и фашистите ќе имплодираат) време ќе биде да се ограничат религиските објекти (зарем сѐ уште се градат во 21 век?!): - максимум 1 верски објект на секои 7,500 припадници на религијата, односно деноминацијата на којашто се поклонува храмот; - забрана за користење на звучници; - лимитирање на висината на верските објекти на 10 метри; - максимална основа на верските објекти од 400м2; плус: - ветинг на сите верски организации и нивно чистење од криминалци, особено педофили, радикалисти и крадци; - оданочување на верските организции. Доколку веќе постојат повеќе и/или поголеми храмови од пропишаното, тогаш тие ќе се заштитат доколку имаат историска, архитетктонска, културна или религиска вредност. Доколку немаат, тогаш ќе се вклопат во законската рамка и ќе се претворат во библиотеки или културни центри, или пак во паркови. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Епа тоа е им е. Тражили сте гледајте и за цела држава важи ова. Во Тетово Баба Јага сѐ уште не дава дозвола за нова црква а џамиите си никнуваат од ден за ден, па дури и по планини почнаа да градат.
![]() Инаку пред да се јават бранителите на мултикултирализмот, мене не ми смета ни црква ни џамија, нека се гради ако луѓето си имаат потреба, но ми смета таа поделба и непочитување на закони. Впрочем ако погледнат граѓаните нагоре ќе видат дека МПЦ пола шума исече за да ги направи тие објекти на Плаошник, па така треба да се запрашаме зошто државата го дозволи ова. А Охрид не само што ќе го изгуби статусот во УНЕСКО, за некоја година ќе се претвори во Струга, и така среќно ќе си живееме сите заедно. |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
„Совест“: Охриѓани се разочарани, измамени, превеслани, Заев со бомбониера да дојде на отворањето и легализирањето на дивоградбата Охрид, 31. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипите кои работат на минарето на Али Пашината џамија во Охрид, денес полека го отстрануваат скелето и се’ повеќе се гледа градбата, по што се зголемуваат и реакциите во јавноста. Од Здружението на граѓани „Совест“ преку објава на нивниот официјален профил на Facebook го повикуваат премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“. – Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од УНЕСКО, јавно го покануваме премиерот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отворање на дивоградбата – Али Пашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле Охрид си стана Исламабад на Балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог се решаваат проблемите на религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид, каде наместо само тој мораториум треба да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за „будали“ луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење, па сега нека пропаднат сосе куќите нека ги снема најдобро зошто верувале во закони и правда. Разочарани, измамени, превеслани, Ве поздравуваат Охриѓани, порачаа од „Совест“.![]() Edited by ironm - 31-May-2019 at 10:20 |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Изградбата на руската црква во Аеродром,црквата во Ново Лисиче,црквата на Нова железничка,црквата во Карпош,новите цркви во Бутел,Ченто,Центар,Даме Груев...се е правено со помош од општините,државата особено во делот на земјиште.
Крстот кај Џевахир... Овие трендови беа насадени од МПЦ,а овие другиве сега за да не останат покуси... Edited by kiriOK - 28-Mar-2019 at 04:06 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Ова е со амин на сите политички партии, а не само власта, бидејќи освен ова здружениево Совест сите други молчат. Иако може слободно да се констатира дека здружениево е составено од група на хипокрити. Но, ова не е никаква новост, целиот хаос во нашава земјоделска задруга се случува со амин на сите, во спротивно некогаш ќе престанеше.
Инаку околу "Што ако утре на пример на МПЦ му текне" - МПЦ веќе го прави тоа 20-30 години наназад, ИВЗ сега само почна да учи од најдобрите. Зарем веќе го заборавивте бетонирањето на неколку илјади години историја на Плаошник? Тие објекти (кои се градени со државни пари со амин на етнички македонските партии) ќе бидат во владение на МПЦ, дел за нивни канцеларии, дел за универзитетот, дел за студентски дом, итн. Тие објекти беа дел од списокот на УНЕСКО поради коишто Охрид можеше (и сеуште може) да биде сместен во загрозени подрачја. Или пример градбата во Св. Наум пред неколку години? Целиот проект беше дивоградба, па Тимотеј се закануваше (на тогашниот градоначалник Бакрачески) во случај да не се легализира и да се сруши целата градба, буквално во ист стил на ИВЗ денеска со минарево. Или пример конаците во Св. Заум? Само затоа што имотот бил нивен, влегоа со бетонот во езеро и ја заградија цела плажа. Ова ти е исто како Мерко што рече за случајов со плаживе (ако ги пратите тие случувања) - додека во Охрид палеа трска и бетонираа плажи сите ќутеа (освен еко здруженијава кои посекако никој не ги есапи). Сега ние ќе палиме трска и ќе бетонираме. |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Настрана религијата, ова е срам за државата, ако воопшто можам така да ја наречам. Со ова Владата покажува дека нема контрола врз својата територија, и дека законот не важи подеднакво за сите. Што ако утре на пример на МПЦ му текне да гради камбанарија од 20 метри врз темелите на Св.Јован Канео? Објект кој е во исто време од религиозно и културно историско значење. Тоа е, див запад, или по ново север?
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Нема грешка стопирано. Ова е се со амин на власта, а се друго е мачкање очи. Очајно им требаат гласовите од страна на ИВЗ и муслиманите. ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B8%D0%B2%D0%B7-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D1%9F%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Стопирана изградбата на минарето од Али Пашината Џамија Изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство, јавува Вечер. Како што посочиле од институцијата, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран. ![]() “Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели за Вечер Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија. “Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри. Со Заводот и Музеј во Охрид, пак, инвеститорот требаше да се консултира за измените кои се направени во внатрешноста на џамијата, а кои не одговараат на издаденото одобрение”, додава Николовски. По ваквата реакција на надлежните, за денес закажаниот мирен протест на здружението на граѓани „Совест“, е откажано на неодредено време. Од здружението најавуваат средба на нивни претставници со со премиерот Зоран Заев, на 20 март во Скопје, на која ќе се разговара за ова прашање. Конзерваторското решение за ревитализација на Али Пашината Џамија,
издадено во 2016-та, кое според ЗГ „Совест“ не е веќе во важност,
предвидуваше изградба на минаре високо 32 метри. Проектот го финансира
турската вакуфска заедница. |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
https://24.mk/details/se-najvuvaat-protesti-vo-okhrid-protiv-nelegalnata-gradba-na-alipashinata-dzamija?fbclid=IwAR2UV6y2UlZ2EY17vGuSDJmQckoCgSQNS_Rquzlb9buc3LyDGNjlGvEJVZI
![]() Статија од 24вести. Наводно не станувало збор за обнова на минарето туку само за реставрација на џамијата. Се најавуваат и протести доколку не се превземат мерки од страна на институциите и ако се изгради минарето кое треба да е 32 метри високо. Не знам, треба да си има закон и да се почитува, сепак тоа е стар дел на градот и треба да се зачува таков каков што е. Но од друга страна не гледам зошто мора да е 34 метри, ако го нарушува изледот нека виде пониско, не дека нешто ќе смени. Освен ако има правила за тоа како треба да изледа еден исламски верски објект тогаш треба да се дозволи, но сум приметил дека повеќе се фри стајл ![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Па и јас не знаев, но тргнав од Википедија, каде како извор за статијата се користи страницата на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи оваа џамија е споменик на културата. Тој линк не работи, но благодарение на Википедија зачуван е преку вебархив (тука). Инаку, за ТИКА не е прв пат да спроведува вакви контроверзни проекти. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Не сум навлегол подлабоко во темата, така што го пренесувам само ставот на тоа здружението (што го води кандидатов за градоначалник). Можеби би било интересно да ги споделиш твоите извори. За нив спорно е тоа дека минаре никогаш не постоело, дека моменталната градба се врши врз археолошки локалитет и се бетонираат пронајдоци од ранохристијански период и исто така дека минарето ќе го измени визуелниот изглед на чаршијата.
Последното е нешто што функционира само во нормални општества, а ние сме далеку од такво. Исто така реставрацијата на џамијава (ако може да се нарече така со оглед на градбата) се врши со средства од Турција преку агенцијата ТИКА. Присутна е и со неколку други проекти во Охрид. |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Ма дај.. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Минарето е проблем бидејќи нема добиена соодветна дозвола да се направи, инаку тоа минаре постоело до 1912 г. кога било срушено, така што од историска гледна точка не е спорно дека имало.
Дури некои извори тврдат дека имало уште едно минаре на оваа џамија. Но, сепак, спорново минаре во историските извори е споменато дека било изградено со тули, што од фотографијава јасно се гледа дека сега не се прави така, што е само доказ дека се подига на диво за да се покаже сила. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Да, истата е. Еден од кандидатите за градоначалник на локалниве во април ја базира кампањата токму на оваа џамија и минарето кое претставува дивоградба.
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
Алипашина џамија - Охрид (реконструкција)
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Видеово е отприлика 1 година старо
Ова е сегашната состојба(од фб) ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Се собираат донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров
Надзорен одбор преку социјалните мрежи повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, поточно во ромското маало во Даме Груев. Од општината Ѓорче Петров за „Нетпрес“ информирале дека нема да се гради џамија. ![]() Според видеото во прилог може да се забележи и конкретната локација за изградбата на џамијата, и посочени лица како благајници за собирање пари за изградба на верскиот објект. Според официјално објавените податоци бројот на Роми кои живеат во оваа скопска општина е 1249, односно помалку од 2 проценти. На социјалните мрежи граѓаните го споделуваат видеото со коментар дека изградбата на ваков верски објект е едно од ветувања на градоначалникот Александар Наумовски кое тој го дал пред локалните избори минатата година. Градоначалникот Александар Наумоски нема дадено такво ветување пред локалните избори минатата година, а во Деталниот урбанистички план за Ѓорче Петров не е предвидена изградба на таков верски објект, велат од Општината. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |