![]() |
![]() |
![]() |
Населба Александрија - Ѓорче Петров |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678 |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Скопје добива нова еконаселба, кумот ќе добие стан„Следејќи го модерниот начин на живот во големите градови, кога сите сакаме да заминеме во помирните делови на градот и да уживаме во семејниот живот, не постои сомнеж дека секој би уживал во предностите и убавините кои ги нуди оваа еконаселба“, вели инвеститорот. Новата населба е лоцирана на само 5 километри од центарот на Скопје кој е поврзан со постоечки и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постоечка здравствена, трговска и социјална инфраструктура кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило. Оваа еконаселба ќе прерасне во уникатна населба која ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така во населбата ќе има и голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка, и многу други содржини. „Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. Исклучително консолидираното земјено тло обезбедуваат максимална стабилност на градбите. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како доплнение на Рашче. Голем дел од градбите ќе имаат и своја зелена површина на кровните површини како и на дел од терасите и останатите заеднички простории”, изјави Александар Стефанов, член на управниот одбор на „Фабрика Карпош”. Она кое е интрерсно е што оваа населба сеуште нема свое име, а инвеститорот „Фабрика Карпош”, на кумот на оваа населба ќе му подари стан – гарсоњера. Сѐ што треба да направите е да дојдете на Саемот за градежништво кој се одржува од 1 до 5 март во Скопје, и со секој купен билет добивате награден купон на кој треба да го напишете вашето предлог име за населбата и да го ставите во кутијата која се наоѓа на штандот на „Фабрика Карпош“. Цената на становите изнесува 790 евра за м2, и таа цена е промотивна за времетраењето на саемот. Секој заинтересиран може да направи бесплатна резервација. Почетокот на изградба на оваа еконаселба е предвиден за месец мај, а првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви кон крајот на 2017 година. Oваа еконаселба е единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет на живеење и современи услови за секое семејство да се чувствува комотно и пријатно во својот нов дом. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |