build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни правила, етика и казни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 19-Nov-2008 at 21:19
Тууу, Бетон да не студираш правоBig%20smile? Браво за напорот да ја објавиш регулативатаCheers!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 19-Nov-2008 at 04:50
4. Брзина (член 37-40)
Член 37

(1) Возачот е должен брзината на движењето на возилото да ја приспособува кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди.
(2) Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.
(3) Возачот чие возило заради техничката состојба, состојбата на товарот или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина на движење на возилата на патот и со тоа го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а заради непостоење на услови за безбедно престигнување се создава колона на возила, е должен да вози по крајната десна страна на коловозот, а ако и тоа не е доволно да го запре возилото
на првото погодно место надвор од коловозот за да ги пропушти возилата што се движат зад него.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.

Член 38

(1) На јавен пат во населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60 километри/час.
(3) На јавен пат надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
- 120 километри/час на автопат,
- 100 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.
(4) На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 километри/час над дозволената брзина.
(8) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.
(9) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член.
(10) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член, односно на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 километри/час над дозволената брзина.

Член 39

(1) Брзината на движењето на моторните возила на јавен пат, во нормални услови на сообраќајот, не може да се ограничи со сообраќаен знак под 40 километри/час.
(2) Во случај кога условите на патот го налагаат тоа, брзината на движењето на моторните возила на патот може да се ограничи со сообраќаен знак и под 40 километри/час.

Член 40

(1) На јавните патишта се ограничува брзината на движење на следниве категории на моторни возила:
- на 80 километри/час - за автобуси и автобуси со лесна приколка, за товарни моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 7.500 килограми, за моторни возила кои влечат камп-приколка и за патнички возила што влечат лесна приколка,
- на 70 километри/час - за автобуси кога се врши организиран превоз на деца, за зглобни автобуси за превоз на лица во градски сообраќај, за автобуси кои покрај вградените седишта имаат и определени места за стоење, за товарни возила кои во товарниот сандак вршат групен превоз на лица и за моторни возила со синџири на тркалата,
- на 30 километри/час - за трактори и
- на 25 километри/час - за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица.
(2) Кога управуваат со моторните возила од ставот (1) на овој член возачите се должни да се придржуваат кон брзините пропишани во ставот
(1) на овој член и на патот на кој со овој закон или со поставениот сообраќаен знак е дозволена поголема брзина.
(3) Моторните и приклучните возила од ставот (1) алинеи 1, 2 и 3 на овој член што се регистрираат во Република Македонија, освен возилата на Армијата на Република Македонија, Полицијата и возилата со синџири на тркалата, задолжително треба да имаат ознака поставена на левата половина од својата задна страна, во форма на круг со жолта боја, обрабен со црвен раб, во кој со црна боја е испишан бројот што ја означува најголемата дозволена брзина на движење на тие возила.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило, спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член, ќе му се изрече глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
(6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.

6. Првенство на минување (член 41)
5. Свртување (член 42)
Член 42 - (со исклучок за трамвај) за непочитување на десно правило за предност при вртење лево или за непочитување право на предност при уклучување од спореден пат како и за (6) Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со мотор, лесните трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. глоба од 300 евра
7. Сообраќај на крстосница (член 43-47)
Член 44- за минување на црвено светло на семафор за возило глоба од 300 евра, а за пешаци 15 евра
Член 47 - доколку возач влезе во очигледно блокирана раскрница а зад него се затвори семафорот, глоба од 25 вера или 15 казнени поени
8. Разминување (член 48-49)
9. Наизменично пропуштање на возила лен 50)
10. Престигнување и обиколување лен 51-60)
11. Звучни и светлосни сигнали за предупредување лен 61-62)
12. Запирање и паркирање (член 63-74)
13. Влечење на возило (член 75-84)
14. Употреба на светла во сообраќајот (член 85-91)
15. Растојание меѓу возилата (член 92-93)
16. Сообраќај на трамвај и други возила на шини (член 94)
17. Сообраќај на велосипеди, велосипеди со мотор, мотоцикли, лесни трицикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли (член 95-102)
18. Сообраќај на работни машини и мотокултиватори (член 103)
19. Сообраќај на запрежни возила (член 104-110)
20. Движење на добиток (член 111-115)
21. Движење на пешаци (член 116-126)
22. Обврска на возачите кон пешаците (член 127-130)
23. Сообраќај на премин на патот преку железничка пруга (член 131-133)
24. Сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила (член 134-140)
25. Сообраќај во тунел (член 141-142)
26. Возила под придружба (член 143)
27. Возила со право на првенство на минување (член 144-145)
28. Возило со жолто ротационо светло (член 146)
29. Товар на возилото (член 147-149)
30. Пробно возење и сообраќај на возила со пробни таблици (член 150-155)
31. Учество во сообраќај на возила што не ги исполнуваат пропишаните услови (вонреден превоз) (член 156-159)
32. Спортски и други приредби на пат (член 160-168)
33. Превоз на лица со возила
33.1. Основни одредби (член 169-174)
33.2. Превоз на лица со автобус (член  175-178)
33.3. Превоз на лица со товарни моторни возила (член 179-184)
33.4. Превоз на лица во приклучно возило што го влече трактор или мотокултиватор (член 185-189)

33.5. Превоз на лица со други возила (член 190-193)

IV. СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ И ОПРЕМА

1. Основни одредби (член 194-199)

2. Знаци за опасност, знаци за изречни наредби и знаци за известување (член  200-203)

3. Светлосни сообраќајни знаци и светлосни ознаки (член 203-208)

4. Ознаки на коловозот (член 209-210)

5. Обележување на премин на пат преку железничка пруга (член 211-216)

6. Обележување работи и пречки на патот (член 217-219)

V. ДОЛЖНОСТИ ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА (член 220-230)

VI. ВОЗАЧИ

1. Услов за управување со возила (член 231-234)

2. Стекнување право на управување со моторно возило  (член 235-240)

3. Оспособување на кандидати за возачи (член 241-244)

3.1. Основање и работа на автошколи (член 245-250)
3.2. Пробен тест (член 251)
3.3. Практично оспособување на кандидат за возач (член 252-260)

4. Возачки испит за кандидат за возач, испит за возач-инструктор и
проверка на стручноста на возач-инструктор (член 261-263)

4.1. Возачки испит на кандидат за возач (член 264-274)
4.2. Испит за возач-инструктор лен (член 275-285)

5. Надзор над работата на испитниот центар (член 286-287)

6. Возачки дозволи (член 288-302)

7. Здравствен преглед на кандидат за возач и на возач (член 303-312)

8. Траење на управување со моторно возило (член 313-318)

VII. ВОЗИЛА

1. Основни одредби (член 319-321)

2. Испитување на возила (член 322-324)

3. Регистрација на возила (член 325-356)

4. Технички преглед на возила (член 357-368)

VIII. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА (член 368-379)

IX. ПОСЕБНИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ (член 380-411)

Х. СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА (член 412-416)

ХI. ОВЛАСТУВАЊА ЗА ПОДЗАКОНСКИ ПРОПИСИЧ (член 417-425)

ХII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ (член 426-433)



Edited by beTon - 19-Nov-2008 at 05:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 19-Nov-2008 at 04:45
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
II. БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ПАТИШТАТА  (член 3-15)

Член 3

(1) Учесниците во сообраќајот не смеат да го оштетуваат патот или објектите на патот и да го попречуваат сообраќајот.
(2) Однесувањето на учесниците во сообраќајот што е спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата, не го ослободува другиот учесник во сообраќајот од обврската сам да презема дејствија за отстранување на настанатата опасност и спречување на сообраќајна незгода.
(3) Глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на учесникoт во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 6

(1) Советот на општината и на градот Скопје го уредуваат сообраќајот на локалните патишта на своето подрачје, согласно со одредбите на овој закон.
(2) За уредување на сообраќајот од ставот (1) на овој член, советот на општината и на градот Скопје, задолжително прибавуваат претходна согласност од Министерството за внатрешни работи.
(3) Уредувањето на сообраќајот од ставот (1) на овој член, опфаќа:
- определување на патишта со предност на минување,
- определување на двонасочен, односно еднонасочен сообраќај,
- утврдување на составот и техничкото уредување на сообраќајот,
- ограничување на брзината на движење на возилата во сообраќајот,
- сообраќај на пешаци, возачи на велосипед, велосипед со мотор, туристички воз, запрежни возила, терање и водење на добиток,
- определување на површините за паркирање и начинот на паркирање, забраната за паркирање и местата за ограничено паркирање,
- определување на зоните на смирен сообраќај,
- блокирање на автобуси, товарни, приклучни возила и работни машини, на места што не се наменети за паркирање на овие видови возила, како и начинот на деблокирање на тие возила,
- поставување и одржување на заштитни огради за пешаци на опасни места,
- определување на пешачки зони, сигурни правци наменети за движење на деца, преземање посебни технички мерки за безбедност на пешаци и возачи на велосипед во близина на образовни, здравствени и други институции, игралишта, киносали и слично,
- отстранување на дотраени, оштетени и запуштени возила,
- определување на површини на кои се вршат тест-возења, крос, спортски возења и слично,
- утврдување на условите за сообраќај на возила во зоните на смирен сообраќај и пешачките зони,
- надзор и преместување на непрописно запрени возила, работи на надзор на сообраќајот во зоните на смирен сообраќај и пешачките зони, откривање на сторени прекршоци од страна на пешаци и возачи на велосипед и велосипед со мотор, како и работи на надзор над трактори, запрежни возила и возила што се вклучуваат во сообраќајот на патиштата од градилишта и
- надзор над паркирање на возила на места на кои паркирањето е временски ограничено.
(4) Глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на службеното лице кое врши стручни работи во областа на сообраќајот на патиштата во општината, односно градот Скопје, а кое постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.
Член 11

(1) Заради осигурување на безбеден и непречен сообраќај на јавните патишта, не е дозволено да се подигаат објекти, уреди или постројки или на кој било друг начин да се зафаќаат сообраќајните површини, да се садат садници или да се поставуваат предмети со кои се намалува прегледноста на патот и на железничката пруга со која се вкрстува патот во исто ниво, како и прегледноста на крстосницата или да се вршат какви било дејствија кои би можеле да го загрозуваат или попречуваат сообраќајот на јавниот пат или да го оштетуваат јавниот пат и објектите на истиот.
(2) На јавниот пат и на неговиот заштитен појас не е дозволено да се подигаат споменици, да се поставуваат рекламни паноа и табли, крајпатни и други спомен-знаци, рекламни табли, да се продаваат производи и слично, спротивно на условите и начинот пропишани со закон.
(3) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(4) За прекршокот од ставот (3) на овој член глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице кое постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член
III. ПРАВИЛА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА  (член 16-35)
1. Основни одредби (член 16-24)
Член 19

(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки премин.
(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член.

Член 23

(1) Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето кое се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси за време додека возилото се движи во сообраќај от на пат.
(2) Обврската од ставот (1) на овој член, не се однесува на:
- доставувач на стока во прометот, во местото на испорачувањето и
- возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.
(3) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот на моторното возило од ставот (1) на овој член кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на лицето кое се превезува со возилото од ставот (1) на овој член, а кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 24

(1) Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.
(2) По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце.
(3) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
2. Дејствија со возило во сообраќајот (член 25-29)
Член 25

(1) Возачот кој има намера да изврши на патот некое дејствие со возилото (поместување на возилото надесно или налево, менување на сообраќајната лента, престигнување, обиколување, запирање, свртување надесно или налево, полукружно свртување, возење наназад и слично), смее да го започне таквото дејствие само ако претходно се уверил дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во
сообраќајот или по имотот, водеј ќи притоа сметка за положбата на возилото и за правецот и брзината на движењето на возилото.
(2) Возачот кој со возило се вклучува во сообраќај на јавен пат или на друга сообраќајна површина (излегување на возилото од гаража, двор, паркиралиште, стојалиште, двор или од површина на која не се одвива сообраќај на возила), е должен да ги пропушти сите возила и пешаци кои се движат на патот, односно по сообраќајната површина на која се вклучува.
(3) Возач кој со возило од земјен пат се вклучува на пат со современ коловоз е должен да застане и да ги отстрани земјата и нејзините остатоци од пневматиците на возилото.
(4) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1),(2) и (3) на овој член.

Член 26

(1) Возач на автобус или товарно моторно возило, кога се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или предмет или ако видливоста му е намалена, е должен на местото каде што се вклучува да постави лице кое ќе помогне возилото безбедно да излезе на пат.
(2) Возачот на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, односно возач на запрежно возило кој се вклучува во сообраќајот во случаите и под условите утврдени во ставот (1) на овој член е должен да го турка возилото, односно да го води впрегнатиот добиток.
(3) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот на автобус или товарно моторно возило кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот од ставот (2) на овој член кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.
Член 27 - за непокажување правец(давање жмигавец) глоба од 25 евра или 15 негативни поени
Член 28

(1) Возачот не смее со возилото да врши полукружно свртување на преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост, надвозник, подвозник, тунел или на други места на патот каде што нема доволна прегледност.
(2) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

3. Движење на возила на патот (член 30-36)
Член 33 - движење во спротивна насока глоба од 300 евра и забрана за управување возило од 3 до 12 месеци
Член 34 - за цик цак возење 45 евра глоба или 25 казнени поени
Член 35

(1) Возачот кој е со намера да се движи со возилото наназад, може да го изврши тоа дејствие само на краток дел од патот и ако со тоа не го загрозува или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.
(2) Кога возачот се движи со возилото наназад, е должен да се движи по онаа страна од коловозот по која се движел дотогаш со возењето нанапред.
(3) Возачот не смее со движењето на возилото наназад да влегува во крстосница, да преминува патен премин преку железничка пруга во ниво, ниту да вози на преслапи, кривини и други места, ако прегледноста е недоволна.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставовот (3) на овој член.
Член 36 - освен во случај на опасност, за нагло запирање или забрзување(дрифт-шлајфка) глоба од 45 евра или 25 казнени поени


Edited by beTon - 19-Nov-2008 at 05:44
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 10-Nov-2008 at 09:40
Автомобилите ги однесоа и патриотизмот и парите



Автор:  Венцо Донев

По македонските патиштата сè повеќе се возат возила со странски регистарски таблички-бугарски, албански, грчки, косовски... Тоа не значи дека од овие земји имаме зголемен прилив на туристи што ја посетуваат Македонија, туку дека тие возила ги возат македонски граѓани. За непречено возење автомобил со странски регистарски таблички во Македонија потребно е да имате пасош или лична карта од некоја друга држава. Во источниот дел на земјава најчесто се возат автомобили со бугарски регистарски таблички, во западниот дел - Струга, Дебар, Гостивар и Тетово -доминантни се албанските регистарски таблички, а во Гевгелиско и Битолско може да се видат и возила со грчки таблички.

Причината е јасна - возилата на старо во соседните земји се многу поевтини отколку кај нас. Во Бугарија на пример, за 2.000 евра се купува автомобил од типот на „форд фиеста“, кој кај нас чини 7-8 илјади евра.

- Од каде ќе купам „голф 4“ за 4.000 евра во Македонија? Цената на ова возило кај нас е до 8 илјади евра - ни вели Ване Гошевски од Делчево.

Еден професор во една скопска гимназија, кој сакаше да остане анонимен, прашува како да купи автомобил со професорската плата во Македонија и вели дека е спремен да земе бугарска лична карта за да си купи добар автомобил за 2-3 илјади евра.

Во Делчево возат автомобили со бугарски таблички царинарници, полицајци, судски работници... Сите со бугарски лични карти. Таа бројка е околу 1.000 возила. Но ова не важи само за Делчево. Не е поинаква ситуацијата ни во Берово, Пехчево, Кочани, Каменица, Крива Паланка, Куманово, Штип, Струмица, град во кој има најмногу автомобили со странски таблички. Се претпоставува дека во Делчево една третина од граѓаните имаат бугарски пасош. Ако на ова се додадат и граѓаните со бугарски лични карти, излегува дека половина делчевчани имаат бугарски личен документ.

Ниту една надлежна институција во државава не може да ја каже точната бројка на возилата со странски регистарски таблички, ниту пак да каже како ќе се справиме со оваа појава. Градоначалникот на Делчево, Мирко Иванов, вели дека неговите сограѓани се ставени во нерамноправна положба, затоа што едни ги плаќаат давачките во Македонија, а други во странство, но и тие максимално ги користат патиштата.

Од Владата кратко велат дека македонските закони се усогласуваат со законите на ЕУ, додека во Министерството за финансии истакнуваат дека дел од трговскиот дефицит на Македонија отпаѓа и на увозот на коли.

Процените се дека во Македонија се возат околу 20 илјади возила со странски таблички. Ако тоа се помножи со 8 илјади денари, нашата земја губи 160 милиони денари годишно врз основа на регистрација и осигурување. Во просек се трошат по 3.000 евра за купување автомобил, а тоа е одлив од 60 милиони евра.

Законски може да се увезуваат автомобили стари до 10 години, но тие треба да ги исполнуваат „еуро 3“ стандардите, кои се мошне рестриктивни во однос на испуштањето јаглерод диоксид.

Кај нас годишно се продаваат од 12-14 илјади возила. Поголемиот дел автомобили се купуваат на кредит и на лизинг.

 

 

Сè полесно до бугарски личен доцумент

Според последните информации од Бугарија, досега околу 32.000 лица имаат бугарски пасош. Се претпоставува дека до крајот на годинава ќе има 70 илјади барања за бугарски пасош. Од бугарската амбасада во Скопје ни рекоа дека немаат податок колку македонски граѓани имаат бугарска лична карта, ниту, пак, колку македонски граѓани купиле автомобили во Бугарија.

Еден од познавачите на процедурата за добивање бугарски пасош и бугарска лична карта ни објаснува дека процедурата е едноставна.

За да се добие бугарска лична карта за привремен престој, над три месеци, се поднесуваат документи во нивното министерство за внатрешни работи, притоа се наведува причината поради која се бара личната карта, како студирање, регистрирање фирма и слично. Потоа односното лице треба да си најде адреса за престој на која ќе се води личната карта. Трошокот е од 50 до 100 евра.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=228&ArticleID=10804
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 10-Nov-2008 at 04:35

Новите возила на технички преглед на две години

На автомобилите што не се постари од осум години ќе им се прави технички преглед еднаш на две години. Ова се предвидува со новиот закон за возилата, кој Собранието го изгласа изминатава недела. Сопствениците на овие возила и понатаму имаат обврска да ги регистрираат секоја година. За возилата постари од осум години како и досега, технички преглед е потребен еднаш годишно. На возилата што превезуваат опасна материја, деца и патници, возилата од авто-школите и приклучната механизација по втората година на регистрација ќе им се врши технички преглед на шест месеци.

- Освен автобусите, на шест месеци ќе се проверува техничката исправност и на рентакар-возилата, пожарните камиони, амбулантните и возилата за придружба - велат во Министерството за економија. Во Министерството велат дека законот е во согласност со европската регулатива и било крајно време да се донесе и кај нас.

- Со овој закон се утврдуваат условите за пуштање на пазар и за почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата. Се регулираат условите за работа на службите за технички преглед и за регистрација на возилата - велат во Министерството. Според нив, целта на законот е да обезбеди висок степен на безбедност на сообраќајот на патиштата, а особено при изведување земјоделски и шумски работи, заштита на животот и здравјето на луѓето, заштита на животната средина и природата и енергетска ефикасност. Со новиот закон се зголемени кзните за непочитување на законските одредби и тие се движат од 100 до 3.000 евра.

Со законот, меѓу другото, се регулира административните одредби и општите технички услови за хомологација на сите нови возила, посебни технички единици наменети за новите возила полесно да се регистрираат и да се пуштат во продажба. Исто така, се утврдуваат одредби за продажба и за пуштање во употреба делови и опрема наменети за возилата.

Дневник - 08.11.2008

...  

Капитал: Граѓаните често се жалат дека плаќаат високи давачки при регистрација на возилата. Колкав дел од тие трошоци всушност отпаѓа на задолжителното осигурување?
Османли: Осигурувањето не е социјална категорија. Во прашање е безбедноста на сообраќајот и заштита на животите на луѓето. Треба да се воведат европските стандарди во процесот на регистрација на возилата. Луѓето сметаат дека тоа се трошоците за осигурување, а всушност само еден дел се однесува за нив. Другиот дел оди за техничкиот преглед на возилото и за безбедност во сообраќајот, помош на пат и сл. Во Европа, новите возила освен првата регистрација, првите три години не се регистираат. Тоа ги намалува трошоците. Не постојат ни монополи во обезбедувањето услуга за технички преглед. Изборот каде ќе го направите техничкиот преглед и регистрација е проширен со многуте лиценцирани автосервиси.

Досега со просечна премија од 100 евра, осигурителните компании покриваа ризик кај лесни возила до 50.000 евра, а кај тешки до 250.000 евра. Со измените во законот, овие износи се зголемени пет пати. Сметам дека со волку мала премија компанииите во Македонија не можат да ги обезбедат гаранциите за такви исплати. Има компании каде 70-80% од портфолиото е автоодговорност. Не би сакала да помислам да се случи тие компании во еден момент да не можат да ги исплатат штетите и да отидат во стечај. Тогаш преостанатите компании ја покриваат штетата.

Се надевам дека граѓаните ќе станат посвесни и ќе прашуваат не само зошто 6000 денари премија, туку каде одат овие пари, дали се исплаќаат штетите, дали е квалитетно регулиран сообраќајот?

...
Капитал - Игор Петровски - број 291

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 09-Nov-2008 at 23:53

досега доста пати се случуваше да се заобиколуваат сообраќајните правила само заради лавиринтот од полиција-казна-Суд-ендек-весели фолиранти, па во многу случаи прекршителите се вадеа на дупките во законот (еве еден пример). но конечно и на тоа му доаѓа крајот и бар во градовите ќе имаме 100% ефект од законите  и оние што ги спроведуваат истите, кои сега конечно ќе добијат и трето око!  

ПЛАН ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Нови патишта и камери за двојно помалку жртви

Вкупната штета од несреќите во 2007 година надминува 200 милиони евра, бидејќи според европските мерила секоја жртва во сообраќајка е проценета на еден милион евра


Петгодишниот план на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот предвидува да нема деца-жртви во сообраќајки

Нови патишта, санирање на старите сообраќајници, елиминирање на „црните точки“ на автопатот, поефикасна медицинска помош и камери што ќе ловат несовесни возачи се дел од мерките предвидени со петгодишниот план на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, со цел двојно да се намалат жртвите на патиштата и да нема деца-жртви во сообраќајки. Потребата од ваков план ја потврдува и фактот дека само во последните три дена на патиштата во Македонија имаше осуммина загинати и уште десетина повредени во сообраќајни несреќи. Алармантните податоци покажуваат дека лани во нашата земја имало 199 жртви, а дури 6.133 учесници во сообраќајот биле тешко повредени. Проценето е дека вкупната штета од овие сообраќајки надминува 200 милиони евра. Во Советот за безбедност во сообраќајот велат дека, според европските мерила, секоја жртва во сообраќајка е проценета на еден милион евра.

- Секој ден има по 51 сообраќајка, од кои во најмалку 11 несреќи има повредени. Бројките се алармантни и на долг рок се неприфатливи за нашето општество. Соочувајќи се со пораст на несреќите во последните пет години, донесовме одлука за изработка на Национална стратегија за периодот од 2009 до 2014 година - велат во Републичкиот совет.

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЗОНИ НА СМИРЕН СООБРАЌАЈ

Главните проблеми што ги лоцирал советот се патната инфраструктура, техничката исправност на возилата, несовесното и брзо возење, недостиг од безбедни технологии и ниската сообраќајна култура на населението. Проценето е дека ако се подобри патната инфраструктура ќе има 30 отсто помалку несреќи.

- Примената на стратегијата ќе придонесе за директни добивки од 200 милиони евра, со намален број на жртви и на повредени, намалување на трошоците за лекување на повредените, намалени штети на патот. Исто така, ќе има и индиректни придобивки од 300 милиони евра во заштита на човековата околина и во социјалната сфера - предвидуваат сообраќајните инженери.

Главен виновник за жртвите во дури 45 отсто од сообраќајките што се случиле во 2007 година била преголемата брзина на движење на возилата. Токму затоа, најголемо внимание во стратегијата му е посветено на тој проблем. Како решение на проблемот се предлагаат зајакнати сообраќајни контроли, построги казни, медиумска кампања, но и воведување мерки како што е зонскиот сообраќај. Тоа подразбира воведување зони во кои ќе има таканаречен смирен сообраќај, со драстично ограничување на брзината. Исто така, на многу места на кои досега имало двонасочен сообраќај, предвидени се еднонасочни улици. Засега не се откриваат детали од овој план, кој предвидува и зголемување на бројот на таканаречените лежечки полицајци.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ СЕДИШТА ЗА ДЕЦА

Една од новините е и поставувањето безбедносни камери, кои ќе ловат возачи што поминуваат на црвено светло. Вакви камери се предвидени на поголемите раскрсници. Исто така, ќе се поставуваат дополнителни електронски мерачи на брзината, кои веќе се поставени на неколку сообраќајници во Скопје.

Околу 70 отсто од возачите не користат сигурносен појас при управување на возило, со што се зголемува опасноста при несреќи. Според Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, со измени на законската регулатива се предвидува задолжителна употреба на детски седишта при превоз на деца. Експертите предвидуваат дека со употребата на вакви специјализирани седишта до 2014 година ќе се спасат во просек по шест животи годишно. За заштита на децата предвидено е „снимање“ на сите сообраќајници околу училиштата, за да се види каде има опасност од несреќи. Се планира и обновување на таканаречените училишни патроли, кои безбедно ќе ги пренесуваат децата преку улица.

На патиштата има 169 „црни точки“

На патиштата во Македонија има дури 169 црни точки на кои секоја година се случуваат по десетици сообраќајки, најчесто со фатални последици. Станува збор за тесни патишта, опасни тунели и кривини и други места што сеат смрт на патиштата. Националната стратегија предвидува „снимање“ на овие места за да се елиминираат црните точки. Предвидено е да се креираат раскрсници со кружен тек, да се отстранат билбордите што можат да бидат причина за несреќа, да се постави соодветно осветлување на патиштата и други безбедносни мерки. Основните вложувања во обезбедувањето побезбедна патна околина се многу високи, но враќањето на вложените средства преку намалување на сообраќајките и на последиците е за многу краток период. Со добро планирање, проектирање и одржување безбедна патна инфраструктура, може да се оствари 30 отсто намалување на сообраќајките - велат од Републичкиот совет.

ИНФО - Фатална е преголемата брзина

Алармантните податоци покажуваат дека лани во земјава имало 199 жртви, а дури 6.133 учесници во сообраќајот биле тешко повредени. Проценето е дека вкупната штета од овие сообраќајки надминува 200 милиони евра, бидејќи според европските мерила секоја жртва во сообраќајка е проценета на еден милион евра. Главен виновник за жртвите во дури 45 отсто од сообраќајките е преголемата брзина на движење на возилата.

Дневник - Александар Манасиев - 04.11.2008

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 07-Nov-2008 at 03:30

хм сообраќајни правила зар постојат кај нас Question мислам дека конечно истите ќе оживеаат поприлично заради Point system новитетот во репресивниот систем кој им е на располагање на намерните или ненамерните прекршители на законот, посебно со новиот есап за баждарење кој од неодамна е во употреба...

Бодови место парична казна

Министерството за внатрешни работи започна со издавање на “возачка книшка“ за впишување на негативни бодови по утврден сообраќаен прекршок.

Цената на една возачка книшка изнесува 100 денари. Издавањето на возачките книшки се врши во сите СВР, во Одделенијата за управни работи – и во ПС од општа надлежност – Надворешни канцеларии за управни работи (поранешни СВР и ОВР) при издавање на новите возачки дозволи. За оние возачи, пак, кои веќе имаат возачки дозволи, возачките книшки ќе се издаваат по сторен прекршок и изразена волја за впишување на негативни бодови, во горенаведените организациони единици.
Возачката книшка ќе се издава врз основа на лично поднесена пријава од возачот според местото на неговото живеалиште. Кон пријавата за издавање на возачка книшка се поднесува: возачка дозвола; две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 цм; и лична карта.
Впишувањето на негативни бодови ќе се врши според местото на живеалиштето на сторителот на прекршокот по претходно пополнетиот Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови.
Исто така МВР максимално ќе го испочитува правото на граѓанинот да избере или да ја плати глобата во законски определениот рок или да побара да му бидат регистрирани негативни бодови. Ако возачот за период од последните три години достигне или надмине 100 негативни бода во јавниот сообраќај, судот ќе изрече санкција – престанок на важење на возачката дозвола во категоријата на моторно возило во којашто се постигнати стоте негативни бодови.

Автоплус - 04.10.2008

ОД ОКТОМВРИ ВОЗАЧКИ КНИШКИ ЗА ПРЕКРШОЦИ - 23.09.2008
Четири погрешни паркирања - пак на полагање 

Од почетокот на идниот месец МВР ќе почне да ги дели возачките книшки за евиденција на негативните поени на возачите учесници во сообраќајот, кои ќе изберат да им се прокнижат казнени поени, место да ја платат глобата на местото на прекршокот.
Со направени 100 негативни бода за три години, возачката дозвола му се одзема на возачот и тој нема право на полагање следните две години. Дури по двегодишна пауза, тој има право да полага, но се од почеток. Од прва помош, па до градска.
Возачите не мора да се брзаат и веднаш да одат да купат возачка книшка на пунктовите за продолжување или за издавање нови сообраќајни дозволи. Тоа може да го сторат и кога ќе го направат првиот прекршок по воведувањето на книшките, односно кога ќе одлучат да не ја платат казната. Или книшката може да се купи и кога ќе се продолжува сообраќајната дозвола.
Книшките ќе имаат симболична цена, нема да бидат поскапи од две евра. Набавени се уште пред три месеци, но нивната примена не почна додека службите не се договорија кој ќе ги дели тие книшки и кој ќе биде надлежен во МВР да ја води двојната евиденција за направените прекршоци и за негативните бодови на возачите, велат во МВР. Ќе има дупла евиденција, во случај прекршителите да се обидат да ги фалсификуваат или да ги уништат сопствените возачки книшки.
Возачите што досега заработиле неколку пати негативни поени, први ќе бидат викнати од МВР да си ги подигнат возачките книшки. Нивните бодови засега се книжат во сообраќајната полиција. Тие нема да бидат простени туку ќе бидат книжени збирно.
Можност плати или книжи бод ќе имаат само возачите што направиле ситни прекршоци, кои ги прикажуваме во табелите. Возачот својата одлука на полицаецот сообраќаец треба му ја соопштува веднаш, а треба да плати или да набави книшка за негативни во рок од осум дена од евидентираниот прекршок.

РАМКА:
Прекршоци за кои нема негативни бодови туку високи казни

Ако поминете на црвено, нема да можете да се извадите со негативни бодови туку ќе мора да платите казна од 300 евра. Плус ќе ви се одземе возачката дозвола од три до 12 месеци. Друг тежок прекршок, чие плаќање не може да се избегне, е престасувањето од десна страна, за што казната е 250 евра. Исто толку се плаќа и за престигнување со загрозување на сообраќајот.
За престасување возило кое застанало на пешачки премин или кое пропушта пешаци, казната е рекордно висока и изнесува 480 евра, плус одземање на возачката дозвола. И тука не ви се дава избор за негативни поени место парична казна.
За престигнување на кривина, казната е 300 евра, колку што е и за возење во населено место со брзина 30 километри на час поголема од дозволената, како и за возење надвор од населено место со над 50 километри на час повеќе од пропишаното.
300 евра ќе плати и возачот што нема поим од т.н. десно правило и за непочитување на правилата на првенство на минување. За сите овие случаи важи и дополнителната забрана за возење од три до 12 месеци.

Вест - С.К.Делевска - Е.Златков - 23.09.2008

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.254 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.