![]() |
![]() |
![]() |
Treska Residence - Центар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНВЕСТИТОРИ НА НАЈГРУБ НАЧИН НИ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ТУЖБИ АКО НЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА ГРАДАТ КАЈ „ТРЕСКА“, СЕ ПОЖАЛИЈА БОГДАНОВИЌ И СОВЕТНИЦИТЕ
Градоначалникот на Општина Центар и советниците во Советот добиле закана од инвеститорите и сопствениците на земјиште кај фабриката „Треска“, дека ќе поднесат кривична пријава ако не им се дозволи да градат. Од Општината денеска соопштија дека стигнал допис од адвокат кој ги претставува инвеститорите и сопствениците во кој, како што велат, на најгруб начин се упатуваат закани кон нив и се бара да се прекине постапката за распишување на конкурсот за овој простор и да не се ни помислува да се донесе суспензија на планот. „На најгруб можен начин беше упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Добиен е допис кој би требало да биде сфатен како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, доколку не се донесе Заклучок за прекин на работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение, како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови“, велат од Општина Центар. Во дописот се вели дека ако не биде испочитувана волјата на подносителите, а со тоа Советот опстои на досегашниот став, подносителите преку полномошникот – адвокат, ќе поднесат кривични пријави за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело Несовесно постапување во службата. „Во целост сме згрозени од ваквото грубо мешање во работата на Советот и уверувањето на советниците при носење на одлуки на пленарна седница. Овој допис Советот, односно советниците, го сметаат за најгруб притисок врз работата на Советот на начин што преку отворена закана за поднесување неосновани кривични пријави, се врши диктат какви одлуки да отповикаат и какви да донесат на нивно место, само за да ја задоволат волјата на приватните инвеститори, а сето тоа на товар и на штета на оние кои што ги избрале“, велат од Општината. Конкурсот за уредување на просторот кај фабријата „Треска“ уште не објавен, а од Општината велат дека тоа е така бидејќи од Агенцијата за планирање на просторот не бил предложен претставник во Комисијата. „Агенцијата деновиве ни достави допис во кој без образложение наведува дека нема да делегира членови и заменик-член во состав на Комисијата за јавни набавки и во состав на жири комисијата за избор на идејно решение за локацијата на некогашната фабрика ‘Треска‘. Општината, откако Агенцијата за планирање на просторот одби да делегира членови, се обрати до Архитектонскиот факултет при Универзитетот Американ Колеџ, од каде доби позитивен одговор и двајца нови членови во комисиите за конкурсот“, велат од Општината. Во меѓувреме, откако веќе на сила не е мораториумот, до Општината се поднесени 4 проекти за изградба на згради во кругот на фабриката односно почната е постапката за издавање градежна дозвола за четири парцели. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/investitori-na-najgrub-nachin-ni-se-zakanuvaat-so-tuzhbi-ako-ne-im-dozvolime-da-gradat-kaj-treska-se-pozhalija-bogdanovik-i-sovetnitsite/ |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Вкупно околу 6,3 хектари ![]() |
|
![]() |
|
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
Најголем беше Сетек, ама тие пред повеке од година дена се префрлија во кругот на Охис. Нивниот простор никој не го презеде.
За другите повеќете се затворено како што имам приметено. Ќе поминам деновиве ќе сликам што е останато во употреба. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Колкав е севкупниот простор тука(отприлика)? Се користат ли просториите од бивша Треска за нешто,мислам има некои фирми кои користеа магацини но одамна немам поминато.
![]() https://www.facebook.com/bunjakovets/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Инвеститорите ставија раце и на локацијата на поранешната фабрика „Треска“
![]() ![]() По укинувањето на мораториумот за градење од Уставниот суд и можноста да се гради според старите Детални урбанистички планови, инвеститорите ставија раце и на локацијата на поранешната фабрика „Треска“, за кој жителите бараа да стане парк. Општина Центар требаше да распише конкурс за начинот на уредување на тој дел, но тоа до сега не се случи. Од Општина Центар информираат дека досега се пристигнати четири барања за одобрување на идеен проект за четири парцели на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“, но ниту едно барање за издавање на дозвола за градба. За тоа што предвидуваат идејните проекти кои чекаат на одобрување, од Општината немаат конкретен одговор. Поради редовно одржување на е-урбанизам системот, кој поради миграција на податоци нема да биде во функција до понеделник (26.4.2021), оневозможени сме да потврдиме точно за кои парцели станува збор и што предвидуваат идејните решенија – образложија општинските власти. Инаку, во врска со конкурсот кој се планира за поранешната фабрика „Треска“, од Општина Центар велат дека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) до Општината доставила допис со кој побарала општината да ги исклучи членовите на семејствата кои поседуваат имот на локацијата од комисиите формирани за конкурсот (Комисија за проектна задача и Комисија за оценување на конкурсни трудови). – Во комисиите членуваат претставници од Град Скопје, Архитектонски факултет, невладиниот сектор, Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ), Академија на асоцијација на архитекти на Македонија, Комора на архитекти и Општина Центар, каде недостасува претставник од државната Агенција за планирање на просторот. Општина Центар се обрати до Агенцијата за планирање на просторот, како изработувач на Генералниот урбанистички план и засегната страна со барање за номинација на член, но од таму добивме негативен одговор, односно дека Агенцијата нема намера да номинира член – образложија општинските власти. Тие додадоа дека за понатамошните случувања со конкурсот за „Треска“, Општина Центар дополнително ќе ја информира јавноста и медиумите во наредниот период. – Една од програмските задачи, освен домувањето кое беше единствена намена во претходниот ДУП, беше да се внесат и други намени, како што е градинка и објект за културни намени, како и дополнителни содржини. Како второ, јавниот простор да биде соодветно димензиониран, односно тротоарите да не бидат по минимални стандарди од 1,5 метар, туку да бидат поголеми и по главните улици да се постават дрвореди, но и да се задржат постојните, што ќе носи дополнителни поени на конкурсот – информираа претходно од локалната самоуправа, додавајќи дека во програмските задачи е нагласено и тоа да се зачува државното земјиште на таа локација и понатаму да не се продава. Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, четири ката плус потпокрив и приземје, како и пет ката плус потпокрив. Самиот градоначалник Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше „наполитанки“. Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, смета дека е потребен мораториум за градење за целиот град Скопје. Според неа, прво треба да не се продава државно земјиште, се додека не се направи новиот Генерален урбанистички план, а потоа сите ДУП-ови да се усогласат со него. https://www.vecer.press/инвеститорите-ставија-раце-и-на-локац/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во сегашниот ДУП има 30 градежни маркички поделени во четири блокови
![]() https://prizma.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДУП за „Треска“: Сопственик на земјиштето, во име на Општината, самиот црта што да се гради
![]() Планерската компанија „Ин-пума“, која е најмена од Општината Центар за да го нацрта деталниот урбанистички план кој до скоро ја опфаќаше и фабриката „Треска“, во својата сопственичка структура има градежни фирми и физички лица кои се сопственици на парцели на истата локација. Тоа е едно од сознанијата до кои дојде „360 степени“ во серијата обиди да дојдеме до одговори – зошто се влечкаат корекциите на замрзнатите детални урбанистички планови во Општината, каде што локалната власт тврди дека притиска за повеќе зеленило и помали згради од претходно, додека бизнисот инсистира на зачувување на т.н. стекнато право. Ем планираат во име на Општината ем се подготвуваат да градат во свое име Планерската компанија „Ин-пума“ е етаблирано име во јавноста и во своето портфолио има голем број детални урбанистички планови (ДУП). Еден од нив е и ДУП „Буњаковец“, кој го уредува и просторот на некогашната фабрика „Треска“. Тоа е можеби најголемото парче земја во центарот на Скопје кое не е развиено. Во моментов, парчето за „Треска“ е издвоено од ДУП „Буњаковец“ поради идејата на општината за просторот да распише конкурс. Но, за локацијата еднаш беше донесен ДУП, изработен од „Ин-пума“, а по нарачка на едно од претходните раководства во оваа локална самоуправа, во 2012 година. Решението беше – на земјиште на поранешната фабрика да „никнат“ 30 нови згради, Тој план беше дел од групата детални урбанистички планови кои Општината Центар ги стопираше на крајот на 2017 година. Според локалната власт, стопираните детални урбанистички планови не беа во согласност со Генералниот план на градот и/или беа во спротивност со други закони кои ја уредуваат материјата на планирањето на просторот. Конкретно за „Треска“, Општината се обидува „ослободениот простор“ да биде планиран за зеленило или за други јавни намени. Во принцип, работа на Општината е да кажува што да се смени, но планерската куќа најмена со јавни пари од општинскиот буџет е таа што ги „впишува“ промените во планот. Апсурдот во случајот со „Треска“ е што меѓу сопствениците на планерската компанија „Ин-пума“ е градежната компанија „Ремис“ од Охрид. Меѓу сопствениците на „Ремис“, пак, е фирмата „Градежник“. А еден од сопствениците на фирмата „Градежник“ е лицето Предраг Виќентијевиќ. https://360stepeni.mk/dup-za-treska-sopstvenik-na-zemjishteto-vo-ime-na-opshtinata-samiot-tsrta-shto-da-se-gradi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И КАЈ СКОПСКАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ, ПОДНЕСЕНИ БАРАЊА ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИTE КОИ БОГДАНОВИЌ ГИ НАРЕЧЕ НАПОЛИТАНКИ
![]() Инвеститори почнаа да поднесуваат барања за градба во Општина Центар и за просторот кај поранешната фабрика „Треска“. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, досега во електронскиот систем за издавање градежни дозволи на Општината се поднесени 5 барања за градба на овој простор. Доставени се идејни проекти за изгледот на зградите кои треба да ги одобри Општината и врз основа на нив да пресмета комунали. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека се поднесени барања за добивање градежна дозвола, но вели дека постапката е на почеток и дека секој инвеститор има такво право откако е укинат мораториумот. Богдановиќ не знаеше точно да ни каже колку барања се поднесени. Најпрво ни рече дека се три, а откако му рековме дека имаме информации дека се поднесени 5 барања, ни рече дека дополнително треба да провери. „Овде постапката е на почетокот. За просторот кај ‘Холидеј ин‘ е одобрен проектот и пресметани се комуналии бидејќи земјиштето беше чисто во целост сопственост на инвеститорите. Во овој случај дел е приватно земјиште, дел е со право на користење. Значи проектите уште не се одобрени, ниту се пресметани комуналии“, ни изјави градоначалникот Саша Богдановиќ. Поднесените идејни проекти за изградба на зградите на овој простор се според параметрите од Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа власт на СДСМ не успеа да го смени. Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје, 5 ката плус поткровје. Самиот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘. На нашето прашање за кои градежни парцели станува збор, дали е еден или повеќе инвеститори што сакаат да градат, што предвидува идејното решение, колку и какви ќе бидат зградите, со колкава катност и колкaв број на жители, градоначалникот Богдановиќ ни рече да испратиме прашања по електронска пошта зошто не може напамет да ги знае овие податоци и мора да провери со службите од урбанизам. Со почнувањето на постапката од страна на инвеститорите, Општина Центар не успеа да го спаси ниту овој простор. Откако почна постапката на измена на плановите во рамките на процесот на мораториум до неговото укинување, Општина не успеа да го смени планот. Граѓански организации и архитекти бараа за делот кај фабриката „Треска“ да се распише конкурс, односно тој да се изземе од планот и просторот одделено да се испланира и уреди. Советот на Општина Центар лани во февруари донесе одлука да се распише конкурсот, но до ден денеска тој не е распишан. Ниту за овој план нема суспензија која ја дозволува новиот Закон за урбанистичко планирање, што значи инвеститорите слободно можат да градат според плановите од ВМРО-ДМПНЕ за кои СДСМ вели дека се лоши и незаконски бидејќи се спротивни на ГУП-от, но не смогна сили да ги смени. https://sdk.mk/index.php/naslovna/i-kaj-skopskata-fabrika-treska-ke-pochne-da-se-gradi-podneseni-barana-za-gradba-na-zgradite-koi-bogdanovik-gi-nareche-napolitanki/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |