Author |
Topic Search Topic Options
|
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#141 Posted: 26-Jun-2009 at 17:03 |
@ гитардемон
Глеј, каква и да има општинска или урбана полиција, пак обичната
полиција не треба да мижи ако примети некој да шкрта по камени.
Нормално дека треба да има специјализирана урбана или некаква друга
полиција за тоа која ќе се фокусира на тие проблеми али ако обичен
полицаец се најде у ситуација он да може да интервенира тогаш зашто да
не. Шо има везе тоа со наредби и со министерот ? Цела поента ми беше
баш да се формира некоја специјална служба ама и обичната полиција да
помага. Баш им е у надлежност и треба да им биде
Иначе не сакам сега да навлегувам толку офтопик за тоа како да се
организира полицијата. Али ако така строго поделиш кој кога да смее да
интервенира ќе мораш да ангажираш 100.000 луѓе за да функционира
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#142 Posted: 26-Jun-2009 at 14:45 |
Гитар кај отиде ти да споредуваш со Грција. Грција е една од земјите кои имаат подобра децентрализација на ингеренциите и хиерархија во неколку нивоа. Кај нас со ваква каша-попара во децентрализацијата и со воопшто не довршена децентрализиција, рано е за било каква безбедносна служба, а не па уште организирана полиција на локално ниво.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#143 Posted: 26-Jun-2009 at 12:02 |
 Општинска полиција му е мајката. Општината плаќа за сите проекти во градот (ете во Битола на пример), па ако скрши некој нешто општината е таа што плаќа и да се поправи, нели? Државната полиција прима наредби од МВР, а (со право до некаде) гајле му е на МВР за проблемот во Битола што ги кршеле ламбите во паркот. Тука во Грција, општинската полиција е задолжена за паркирањето, и за патрола низ населбите (заедно со другата), и други минорни работи кои се од корист за општината. Јас мислам дека е многу паметно, бидејќи така градоначалникот е командант на најважниот сектор што се однесува на градот (паркингот), а не може министерот од Атина (Скопје) да се сеќира за паркингот во Лерин (Валандово), и да добива извештај секој ден. И онака министерот гласови нема да добие дека го решил паркингот во некое село, ама градоначалникот ќе добие. Барем тоа треба да ги мотивира нашиве. Оф-топик избегав, ама кога прочитав дека некој истурил киселина (кој будала шета со киселина?), ми се згади.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#144 Posted: 26-Jun-2009 at 01:23 |
Паралелно со поставувањето на
осветлението ќе се бришат и графитите од мостот. Оваа акција ќе се
реализира по втор пат, бидејќи по првата акција мостот повторно беше
ичкртан. (Сн.К.) |
Дур не се организира служба да пази да нема такви вандализми бар у најстрог центар на градот џабе све. Можете да пескарите 1000000 пати дур не се сруши мостот и пак за 2 дена ќе има нови графити. Дајте више вработете бар неколку луѓе да створат ред бар на тие неколку клучни централни точки. Градов плаче за урбана полиција а и обичната да е поактивна против говеда
Edited by Cifra - 26-Jun-2009 at 01:28
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#145 Posted: 25-Jun-2009 at 23:21 |
Еве еден според мене поинформативен текст
Камениот мост од јули ќе засвети со нови светилки

Проектот за новото осветление на мостот чини околу 300.000 евра
По неколку години темнина наредниов месец Камениот мост ќе блесне со
ново осветление. До 7 јули треба да бидат завршени електричарските
работи околу поставувањето на сите елементи за новата илуминација на
мостот, што е дел од големите проекти на Градскиот конзерваторски
центар. Оттаму велат дека веќе е реализирано пробното осветление и од
јули мостот ќе блесне со нови светилки. Проектот за осветление на
Камениот мост ќе чини меѓу 200.000 и 300.000 евра и ќе го финансира
Министерството за култура. Изведувач на работите е фирмата „Макаус“ од
Скопје.
Од Градскиот конзеравторски центар објаснуваат дека на
првите четири арки од објектот во правец на плоштадот „Карпошово
востание“ поставени се бехатон плочи и дозни. По линијата на оградата
се поставуваат држачи за светилките, а од внатрешната страна е извршена
замена на електричните кабли.
„Дел од светилките за мостот
веќе се пристигнати од Италија. Кога ќе се вклучат тие ќе формираат
светлечка линија на оградата. Светилките се производ на фирмите ’Симес‘
и ’Тарџети‘ и ќе бидат со различна јачина. Одреден број светилки ќе ги
осветлуваат арките на мостот, а други оградата, односно светлина ќе
навлегува до длабочините на реката Вардар. Некои светилки специјално се
доработуваат во Италија“, вели Ема Петрова, директорка на
Конзерваторскиот центар.
Паралелно со поставувањето на
осветлението ќе се бришат и графитите од мостот. Оваа акција ќе се
реализира по втор пат, бидејќи по првата акција мостот повторно беше
ичкртан. (Сн.К.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DBF9186E211B494891D39753BD914195
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#146 Posted: 25-Jun-2009 at 10:12 |
Originally posted by UrbanFreak
Таа се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата.
|
Знам дека местово не му е овде туку во дивјаштво, не сепак морам да констатирам дека треба да си максимално болен да направиш нешто вакво. Каква изопаченост, киселина врз светилки...  |
Потполно се слагаме, но има и една друга страна - да се монираа светлата додека се градеше немаше бар да ги искорнат каблите и .... иако и така ќе им најдеше некој да го искали својот „грагански“ бес.
|
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#147 Posted: 25-Jun-2009 at 09:01 |
Таа се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата.
|
Знам дека местово не му е овде туку во дивјаштво, не сепак морам да констатирам дека треба да си максимално болен да направиш нешто вакво. Каква изопаченост, киселина врз светилки... 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#148 Posted: 25-Jun-2009 at 02:01 |
Камениот мост ќе се гледа и ноќе

По десетина години поминати во целосен мрак, Камениот мост конечно
ќе биде осветлен. Поставувањето на осветлението на најпознатиот
културно-историски споменик на Скопје се врши веќе два месеца, а треба
да заврши до почетокот на јули. Директорката на Конзерваторскиот центар
Скопје, Ема Петрова, вели дека мостот ќе биде осветлен со два реда
светилки, кои се набавени од Италија.
-
Едниот ред светилки ќе биде поставен од внатрешната страна на оградата
и ќе ја осветлува патеката на мостот. Другиот ред светилки ќе биде
поставен од надворешниот дел на оградата и тоа линеарно, при што едни
ќе бидат насочени надолу кон реката, а другите нагоре, кон оградата. Со
по една светилка однатре и однадвор ќе биде осветлена и стражарницата.
Освен осветлувањето, мостот ќе биде исчистен од графити со пескарење,
како најевтина алтернатива - вели Петрова.Таа информираше дека со
првичниот проект бил предвиден да се постави еден ред светилки, но со
најновите измени мостот ќе добие поголемо осветление.
Проектот
го работела скопската фирма „Блаком“, а изведувач е фирмата
„Макаус“.Петрова не сакаше да каже колку ќе чини реализацијата на
проектот, но одговори дека за првичната варијанта биле предвидени 16
милиони денари. Не сакам многу да говорам за парите, бидејќи
произлегуваат дополнителни работи. Дојде до промена на проектот, па ќе
настојувам да се заштеди што е можно повеќе - рече Петрова.
Таа
се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред
неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се
искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била
исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата. И првичните
и сегашните светилки се порачани од Италија. Еден рефлектор чини 500
евра. Мислевме дека некои од старите ќе ги искористиме, но ништо од
тоа. Веќе е доцна за дополнителна испорака од Италија, но ќе се
снаоѓаме - додаде Петрова. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F884377F8071104ABF019CE85258F9FB |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#149 Posted: 21-Jun-2009 at 07:47 |
Со еден збор, не изеде МРАК
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#150 Posted: 21-Jun-2009 at 04:37 |
Се наметна потреба за разгранување на темите за Реставрација / Реконструкција, па еве ги собрав постовите што се однесуваа на камениот мост во нова нишка. Резултатот интересен... Вака на купче одма се приметуваат некои работи. Покрај тоа што необјасниво се прекинати сите информации околу реставрацијата, интересен тек зел дури и проектот за осветлување: - прво требало да почне во септември 2008 и да заврши до крајот на годината - после требало да заврши 40 дена од набавување на светилките то ест да било готово на почетокот на 2009 - после требало да биде готово до март - во март ни кажаа дека ќе било готово „напролет“ - најново, требало да биде готово во јули Навистина злато вреди овој форумски начин на регистрирање на вестите. Кога толку сме експедитивни со осветлувањето, не е ни чудо што реставрацијата ја изведуваме подолго отколку што било потребно да се изгради мостов и тоа со таа заостаната технологија со која располагале на времето. Мостов го реставрираме веќе втора деценија... А таблата за стражарската кула беше тргната после три месеци и тоа со медиумска помпа! Македонштина пар екселанс
Edited by Cloverstack - 24-Jun-2009 at 20:34
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#151 Posted: 20-May-2009 at 12:08 |
Камени мост ќе светне во јули
Расипаните
светилки ќе бидат поправени, а нови ќе се постават по целата должина на
оградата од надворешната страна, по арките на сводовите и под нив
Екипи
од Конзерваторски центар - Скопје дваесетина дена работат на проектот
за осветлување на Камени мост. Симболот на Скопје, по четири години
поминати во мрак, до крајот на следниот месец треба да биде целосно
осветлен. Ема Петрова - Николовска, директор на Конзерваторскиот
центар, вели дека работите на мостот ги почнале кон крајот на
минатиот месец и оти во моментов се работи на поправка на расипаните
светилки, кои на плочникот и на внатрешната страна од оградата беа
поставени при последната фаза од реконструкцијата на Камени пред
околу четири години. Таа објасни дека со проектот за осветлување на
мостот, освен поправка на постојните светилки, ќе се постават нови по
целата должина на оградата од надворешната страна, по арките на
сводовите и под нив. "Во моментов се поправаат светилките на
плочникот на мостот и на оградата, кои хулиганите за многу кусо
време по нивното поставување ги откорнаа и ги уништија. Светилки ќе
ставиме и на Стражарската кула, од надворешната страна. Ќе ставиме три
типа светилки, и целиот мост треба да добие многу убаво осветление",
вели Петрова - Николовска. Изведувач на работите на мостот е скопската фирма "Макаус", а светилките Конзерваторскиот центар ги набави од Италија.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E7CD9CA0963775489D6844B8C63D0B65 |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#152 Posted: 02-Mar-2009 at 08:33 |
kakvi prikazni Камен мост напролет ќе биде осветлен

Камен мост напролет ќе добие целосно ново осветление. По неколку години, најзначајниот историски споменик на Скопје ќе засвети и ноќе. Временските услови се пречка што осветлението на мостот не може да биде готово до 8 март, тврдат од Градскиот конзерваторски центар. Оттаму додаваат дека минатата недела со два типа канделабри било направено пробно осветлување и се покажалао како успешно.
Проектот за осветлување на Камен мост ќе чини помеѓу 200 и 300 илјади евра и ќе го финансира Министерството за култура. На тендерот за изведувач на работите е избрана фирмата „Макаус“ од Скопје.
„По потпишување на договорот, фирмата што ќе го изведува осветлението ги започна подготвителните работи. Но, временските услови не' спречуваат да продолжиме, затоа што овие температури се неповолни за поставувањето на бакарните кабли. Исто така, невозможно е да се исчистат и цевките во кои ќе стојат каблите, па затоа решивме да ги прекинеме работите. Ќе продолжиме штом ќе биде возможно да се работи и ќе мора да внимаваме тоа да се одработи квалитетно. Тоа е предусловот да не се направат пропусти, бидејќи осветлението треба да биде трајно“, вели директорката на Козерваторскиот центар, Ема Петрова. (Сн.К.)
Edited by pbanks - 03-Mar-2009 at 13:55
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#153 Posted: 04-Dec-2008 at 14:26 |
za sto i da e mora da se probie rokot inace ne ja biva rabotata..
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#154 Posted: 04-Dec-2008 at 12:52 |
ИТАЛИЈАНСКИ СВЕТИЛКИ ЗА СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ
Камени мост ќе светне до март
Новите светла ќе бидат од Италија бидејќи од Конзерваторскиот центар велат дека тие биле поквалитетни
Камени мост ќе се осветлува со италијански светилки кои место, до Нова
година, како што беше најавено летово, ќе бидат поставени до март
следната година.
Ема Петрова - Николовска, новоименуваната директорка на националната
установа Конзерваторски центар - Скопје, вели дека пред неколку дена го
потпишале договорот за илуминација на мостот со скопската фирма
"Макаус", која на тендерот беше избрана да ги постави светилките. Таа
објасни дека реализацијата на проектот за осветлување на Камени мост не
почнала во септември, како што беше најавено од претходното
раководство, поради долгата тендерска постапка.
"Реализацијата на проектот се уште не е почната, бидејќи мораше да
заврши законскиот рок за жалби по тендерот. Со избраната фирма деновиве
потпишавме договор, но не би можела да кажам кога ќе почнат со работа
на терен, бидејќи изведувачот допрва треба да ги набави светилките.
Камени мост ќе го осветлуваме со светилки од Италија бидејќи тие се
поквалитетни и затоа ќе се изгуби уште малку време додека да се
увезат", вели Петрова - Николовска.
Надлежните од националната установа Конзерваторски центар - Скопје
велат дека откако фирмата изведувач ќе ги набави светилките, има рок од
40 работни дена да ги постави на мостот и да ги пушти во употреба.
"Реално може да се очекува дека работите на мостот ќе завршат до март
следната година, иако ние тоа би сакале да биде побрзо. Но бидејќи
треба време да се увезат, а изведувачот ќе има и малку покомплицирана
задача при поставување на светилките на бочните лаци, ќе мора тоа да се
прави со скелиња. Освен на лаците, светилки треба да се стават на
подниот дел и по должината на оградата", вели Лилјана Китановска од
националната установа Конзерваторски центар - Скопје.
Поради дефект на електроинсталацијата, Камени мост е во мрак од 2004
година, кога заврши неговата реконструкција и обновата на Плоштадот.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160480&idg=8&idb=2541&rubrika=Skopje |
Па добро бе!!! Бива ли во набавка на сијалици да се пробие рокот!!!
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#155 Posted: 01-Dec-2008 at 07:32 |
Конечно светло на темниот Камени мост
Во рок од 40 дена ќе треба да се постават новите светилки на Камениот мост. Како што дознаваме тие треба да бидат набавени од Италија, а до Новата година се очекува дел од мостот да биде осветлен
Камениот мост кој кратко време по негова реконструкција и осветлување пред неколку години, повторно беше во темница, ќе се илуминира по втор пат. Конзерваторскиот центар -Скопје, минатата недела потпиша договор со фирмата "Макаус" која во рок од 40 дена ќе треба да ги постави новите светилки на мостот. Како што дознаваме, тие треба да бидат набавени од Италија, а до Нова година се очекува дел од мостот да биде осветлен. -Проектот се однесува на поставување на вградени светилки на бочната страна од мостот односно на оградата, на газечката површина, како и на лаците на мостот кон реката Вардар, со што мостот целосно треба да биде осветлен. Средствата се обезбедени од Министерството за култура, но колку ќе бидат искористени ќе зависи од тоа што од постоечката инсталација ќе може да се искористи. Допрва треба да се изврши проверка кои од каблите се употребливи со оглед дека во моментот светилките се откорнати од своите лежишта, а дел од инсталацијата уништена, вели Стојчевска Љиљана, инженер проектант.
Инаку, поставените светилки на мостот само неколку месеци по негова реконструкција, беа уништени од несовесните граѓани. Скопјани, пак, се сомневаат дека и оваа илуминација ќе биде од подолг век на траење. -Срамота е мостот кој е во самиот центар на градот ноќе да биде во целосна темница, а при секое поминување по него во вечерните часови да ве лазат морници и да очекувате дека некој ќе ве нападне и ограби. Ова е сепак историски споменик кој доколку се осветли соодветно, ќе му даде сосема нов и атрактивен изглед на целото централно градско подрачје, сметаат скопјани. Довршувањето на клуновите на мостот и затворање на лежиштата од конзолите, кои стојат во вид на отвори, според надлежните пак, ќе остане за наредниот период кога ќе бидат обезбедени пари за таа намена. Од конзерваторскиот центар потенцираат дека како трета фаза останува да се доврши и поврзувањето на Камениот мост со плоштадот кон Скопската чаршија. Во овој дел неопходно е отворање на една третина од мостот, а предвидено е да се извршат и археолошки истражувања. Овој проект би предвидел и уривање на околу 60 метри постојни кејски ѕидови и изведување на нови со партерно уредување и илуминација на непосредна околина.
Даниела ТРАЈКОВСКА Фото:Ѓ.Личовски http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D53B6BFB5B0A114A804DDF76D3B83B92
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#156 Posted: 26-Nov-2008 at 11:58 |
@ Zabegan, Да за тие дупки се работи!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#157 Posted: 26-Nov-2008 at 11:57 |
алелуја  имам идеја, светилките да бидат поставени на столбовите на мостот и да светат кон нагоре а инаку на оградата од мостот има мали правоаголни дупки, тие да не се предвидени за осветлувањето?
Edited by zabegan - 26-Nov-2008 at 12:01
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#158 Posted: 26-Nov-2008 at 03:46 |
Камениот мост ќе добие осветление

Проектот чини околу 300 илјади евра и ќе го финансира Министерството за култура
Камениот мост во почетокот на идната година ќе биде целосно
осветлен, најавуваат во Градскиот конзерваторски центар. Конечно, по
неколку години од завршувањето на дел од реконструкцијата, највредниот
историски споменик во главниот град ќе свети ноќе. Проектот, што ќе се
изведе под надзор на Конзерваторскиот центар, ќе го финансира
Министерството за култура и ќе чини меѓу 200.000 и 300.000 евра.
На
тендерот за изведувач, спроведен во текот на минатите два месеца, е
избрана фирмата „Макаус“ од Скопје, која ќе го реализира проектот за
осветление на мостот.
Според проектот, на Камениот мост се
предвидени две варијанти на светилки кои ќе се поставуваат на оградата
и на страните кон реката. Во Конзерваторскиот центар велат дека ќе се
комбинираат најдобрите елементи од два различни проекта за осветление,
но дека не е избрано решение со канделабри, какви што некогаш имаше на
мостот, туку сите светилки ќе бидат вградени. Едните ќе бидат на
камената ограда за да се осветли пешачката патека, а другите на лаците
на мостот во правец кон Вардар. добие И стражарницата ќе биде осветлена.
„Реализацијата
на проектот за осветление на Камениот мост е договорена со изведувачот,
кој доби рок од 40 дена, откако ќе бидат набавени светилките. Тие се
увозни од италијанско производство“, вели директорката на
Конзерваторскиот центар, Ема Петрова.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=ECCFB6C7F70B4247A712A4503B60A4FF |
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#159 Posted: 05-Sep-2008 at 14:47 |
И ја се чудам, македонија е единствена земја што ги врака донациите назад ,турците дојдоа во Скопје, дадоа пари за Целосна Реконструкција овие гомнариве извинете на израз не прифатија , ем немаат пари ем се прават фраери , јас не знам стварно се нервирам за вакви работи ,и сега ке го гледам недовршен што ке правиш кога имаш работа со не-скопјани кои се градоначалници немат појма ни што значи СКОПЈЕ , ниту пак која е негова главна карактеристика, ниту пак економска ниту пак културна вредност.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#160 Posted: 05-Sep-2008 at 14:10 |
 Незнам како ке заличи недовршен мост со тоа осветлување??
|
 |