![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7980818283 84> |
Author | |||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Во написот недвосмислено е кажано дека само „автопатската патрола“ то ест крајслерите со сини коцкучки можат да те запрат на автопат... Мада сепак можда е случај дека ова е само уште еден пример на неточно пренесена информација од нашите новинари, кои барем за тоа се вистински експерти... |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
За автопатите постои републичка полиција, барем како таква е позната, што не значи дека на друга полиција можеш и да не и застанеш.
А за новинарите тоа е трагично на што све се спремни. Ова е нешто како што за време војната се случуваше да кажат каде колку војска се упатила. Него ај не вреди во уста да ги ставам, толку години не се научија што значи професионализам. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() Кои идиоти, што све нема да направат за малку поголем тираж... Инаку глупо ми звучи тоа дека на автопат смее да те запре само такво возило. Разбирам да има специјализирана служба за одредени категории на патишта, ама не гледам зошто надлежностите би биле до толку ексклузивни ![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
ВИКЕНД ВОДИЧ - ВЕСТ ВИ ПОМАГА ДА ГИ ЛОЦИРАТЕ РАДАРИТЕ ПО ПАТИШТАТА
Како да заштедите 300 евра Фреквентноста на возилата сега во летниот период е неколкукратно зголемена, особено на патиштата што водат до туристичките места во Македонија ![]() Фреквентноста на возилата сега во летниот период е неколкукратно зголемена, особено на патиштата што водат до туристичките места во Македонија. Поради тоа е зголемено и присуството на полицијата на патиштата и радарските контроли. Во Македонија се познати 30-тина места каде задолжително стои полицијата и лови со радар, но во последниве два месеца такви полициски точки има речиси двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано не стоела сообраќајна контрола. Во пресрет на викендот, кога се очекува голем број туристи да тргнат кон Охрид и кон Дојран, сообраќајците ги подготвуваат радарите. За да ви помогнеме да спасите 300 евра, екипа на Вест помина по најфреквентните делници, и ги забележа местата каде полицијата чека да казни за брзо возење. На патниот правец Скопје - Тетово: - На излезот од Скопје кон Тетово, кај железниот мост пред Сарај. На тоа место е вистинска реткост да нема полиција - Месност Ласкарци каде брзината е ограничена на 100 км/ч. - Пред патот за Групчин каде е дозволено најмногу 100 км/ч. Ако има полиција кај Ласкарци тогаш нема кај Групчин и обратно - Пред или после бензинската пумпа "Петрол компани" - Пред патот за Желино - Беловиште На патниот правец Тетово - Гостивар радарска контрола има кај: - Кај клучките Боговиње, Камењане - Село Неготино - Кај Врапчиште Патен правец Гостивар - Кичево: - На патниот правец Гостивар-Стража, пред свиокот за Маврово, кај каменоломите - Кај Ново Село, полицијата стои скриена кај споменикот на НОБ - Колари - Пред Зајас - На влезот во Кичево Патен правец Кичево - Охрид: - Село Извор - Ботун - Автобуската постојка за село Мешеишта - Подмоље Во овој период од годината радарските контроли се помалку застапени на патните правци во источниот дел на Македонија. Радарски контроли на патиштата во истокот има: - На патниот правец Скопје - Велес кај железничката станица Рајко Жинзифов, кај Башино село, кај Ветерско и кај клучката Катланово - На патот Штип - Радовиш кај т.н. Осми километар, кај калдрмата. - Кај подвозникот пред влезот/излезот од Кочани од правец на Делчево - Кај клучката кај Виница, на патот Кочани - Делчево - Пехчево - Берово, кај село Смојмирово Во патниот правец Скопје - Табановце: - ОКТА, кај приклучокот на автопатот - Кај ОКТА (на враќање кај постојката) - На крајот од автопатот кон Табановце 600 евра за 15 минути Автопатот Скопје - Гостивар е под 24-часовен радарски надзор. Првата радарска контрола после патарината кај селото Глумово е кај месноста Ласкарци. Таму брзината е ограничена на 100 км/ч. За 15 минути колкушто вчера бевме со сообраќајците кај Ласкарци, двајца возачи возеа над дозволеното - едниот 155 км/ч, а другиот 157 км/ч. Ако овие возачи не ги платат казните во наредните дена тогаш сообраќајците на државата и донеле 600 евра за само 15 минути. Казната за брзо возење е 300 евра, а ако се плати во рок од одум дена тогаш се преполовува на 150 евра. Казната се одредува според тоа колку е надмината дозволената брзина. Ако дозволената брзина е надмината за 10 - 30 км/ч тогаш казната е 20 евра. Ако ве фатат како возите со 30 до 50 км/ч побрзо од дозволеното казната е 45 евра, а ако возите 50 км/ч побрзо од дозволеното казната е 300 евра. За помалите казни возачот добива покана, а за казната од 300 евра добива уплатница со која треба во пошта или во банка да уплати 150 евра во рок од 8 дена и уплатницата да ја однесе во најблиската полициска станица. Ако не плати за осум дена, казната се удвојува на 300 евра. На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки Од пред извесно време на автопатите запираат и вршат радарска контрола посебно обележани полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР. Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за контрола и патролирање на автопатите и само тие можат да запрат возачи на автопат. Надвор од автопатите, во овој период кога фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролират во руралните и урбаните средини. Во јуни и јули по 16 сообраќајки дневно - 37 загинати Во текот на јуни годинава имало 442 сообраќајки со потешки последици што е за 8,6% повеќе во однос на истиот период лани. Во јуни загинале 10 лица, а истиот месец лани загинале 18. За разлика од бројот на загинати кој е во опаѓање, бројот на повредени е зголемен. Во јуни 2008 имало 653 повредени, за разлика од јуни ланската година кога имало 503 повредени. Во јуни годинава се направени и девет незгоди во кои е причинета материјална штета во висина од 50 просечни македонски плати. Во јули имало 579 сообраќајки, односно за 100 повеќе од јули ланската година. Минатиот месец загинале 19 лица, исто колку и лани истиот месец. Бројот на повредените во јули 2008 изнесува 791 лице. Минатиот месец се направени и 19 незгоди во кои е причинета материјална штета во висина од 50 просечни македонски плати. http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155664&idg=8&idb=2450&rubrika=Makedonija |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
pbanks ај што велиш куче да излета, а крава или коњ, незнам во таков случај што е подобро да излеташ од пат или да удриш во кравата или во банкината, а за тунелите нормално е да се во мрак па за да сменат рефлектор им треба еден месец а за агрегат да опорават три, па вака малку и не тренираат за вондредни состојби.
додека она со телефоните мислам дека е приоритет, но како што рече подобро би било нешто по апстрактно да се примени како кај сигнализацијата, па на секоја патарина да даваат безбедносен мобилен телефон, нормално за повеќекратна употреба а тоа да го одбиваат од регистрација ![]() ![]() а за камери мислам дека има но камуфлирани се во рекламните паноа попат, додека за републичката полиција има нешто вистина дека постои но далеку се од она што би требало да е хајвеј патрол, па за собраќајка на автопат им треба два три сати за да пристигнат. а зошто нема зелени појаси за премин на див жив свет, па континуирано не спремаат за поделба на Македонија веќе многу години, ова е нешто како предвесник или природна бариера т.е. бариера за природата ! |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Тоа со таканаречените „зелени мостови“ (премини за животни) стално ме багирало. Очигледно дека на некои делници нема потреба поради тоа што не поминуваат низ „дивината“, а тие што поминуваат низ такви диви предели поради релјефот (мостови, тунели...) не ги сегментираат ареалите на животните баш комплетно. Но претпоставувам (чисто лаички) дека воопшто не би било на одмет да се подобри ситуацијата на ова поле и да се изградат 2-3 зелени мостови на веќе постоечките автопатски делници кај нас.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
btw баш размислував дека ОптоЕлектрониката кога ќе стане ефтина и достапна ќе биде одлична за Македонија за емитирање на холограмски сообраќајни знаци, табли итн. Барем нема да може да ги крадат
![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
безбедносните аспекти се битни но не и круцијални за тоа дали некоја делница е автопатска или не... Кај нас не се запазени некои многу поелементарни безбедносни стандарди како што е континуирана заштитна ограда по цела должина која е изрешетана од локалното население. Значи секогаш посто опасност да се удри куче со 150 на саат или да се закачи продавач на лубеници и човек да се истумба итн. Тунелите се неадекватно осветлени и немаат никаква вентилација (барем оној најдолгиот на Велес-Скопје треба да има). Значи камери, телефони се мислена именка за сега. Што се однесува до полицијата мислам дека си постои т.н. републичка полиција која е задолжена за контрола на автопатите/магистралите. За премини за диви животни нема но во поголемиот дел до сега и немало потреба да има. Евентуално на потегот Катланово-Велес. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
јас имам некои помалку суштински дилеми од оваа, дали по автопатот има безбедносни телефони и камери, како што нормално е случај по цела европа или дали имаме собраќајна полиција надлежна исклучиво за регионалните и магистралните патишта... незнам дали и каде има зелени појаси за премин на дивиот свет (дивите животни)...!?
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() Абе пази, долги години додека автопатот ни беше само до Градско целиот коридор 10 низ РМ се водеше како автопат низ многу атласи па никоме ништо. Генерално и јас ја сметам таа делница како автопатска но ако сме реални Катланово-Велес и Гостивар-Тетово е потребно да се надградат уште за нијанса за да бидат стварно автопатски делници како што треба |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 13-Aug-2008 at 14:57 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
јас мислам дека не е сметано ништо туку е од ракав извадено. И не заборавај... 131.5 ![]() @Кловер Катланово-Велес е дискутабилно поради радиусите на кривините во правецот кон Велес. Од други аспекти се си е на место |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Абе ти погрешно си ме разбрал. Јас се слагам дека треба да ги рачунаме како автопати, пошто реално се автопати. Ама тоа треба да му го објасниш на некој во Македонија пат или на новинариве. Инаку Смоквица-ГР и Велес-ДК се вметнати во ГЕ ама не се со помаранџеста него со жолта боја. Кога ќе се заврши целата делница од велес до граница тогаш ваљда ќе се обои. Точно е дека имаме повеќе автопат од 131. Тоа скицата е што уствари е пресметано во тие 131.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Вообичаено несериозен и плиток новинарски напис... Ништо ново.
![]() @ lsl Не се води според GoogleEarth и другите слични мапери... Не само што ја немаат одбележано делницата Смоквица-ГР, туку не фигурира ниту делницата Неготинио-Д.Капија (и ти ги немаш одбележано овие во твојата мапа) Исто така не гледам зошто Катланово-Велес не би требало да се рачуна како Автопат. Ако во Италија и во други земји таквите случаи се категоризираат како автопати, зошто би имало дилема за кај нас. Edited by Cloverstack - 13-Aug-2008 at 14:37 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
и без тие 12км колку што е таа делница имаме повеќе автопат... статистиката е смешна во најмала рака. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Не верувам дека го имаат опфатено Стенковец-Кондово (не Сарај, барем така сум го видел низ статистика) во овие 131,5 пошто нема месец како се користи.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Полн профил автопат се
- Скопје-Тетово - Стенковец-Сарај - Скопје-Куманово - Скопје-Катланово - Миладиновци-Петровец - Велес-Демир Капија - Смоквица-Граница Edited by pbanks - 13-Aug-2008 at 13:39 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() Еве што уствари се рачуна за автопат. Оној делот што е кај Велес се рачуна како обични два едносмерни магистрални патишта. Само незнам зашто не го опфатиле оној краткиот дел после гевгелија кога веќе го опфатиле и делот велес-дк. Edited by lslcrew - 13-Aug-2008 at 13:36 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Неможам а да не евидентирам ваква новинарска бахатост. Па не треба да си ни математичар, ни географ ни сообраќаен инженер да ти биде јасно дека мрежата е подолга од 131.5км (незнам дали оваа децимала треба да не увери во филигранската прецизност на бројката). Па дури и ако ги изземеме Катланово-Велес и Тетово-Гостивар бројката е поголема од ова.
![]()
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=157&ArticleID=5406 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Сега приметив зашто тој дел не е со ограничување 120. Пази што е работава. За делница се смета делот од автопатот помеѓу два града. Овдека тоа е делот измечу велес и гевгелија. Таа делница не е комплетен автопат и затоа не ни се третира како автопат иако на некои места коловозите се одвоедни меѓусебе. Кога ќе се догради дк-смокв тогаш и оваа делница ќе ја третирам како автопат.
|
|||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7980818283 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |