Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1601 Posted: 20-Oct-2008 at 21:39 |
во врска со автобусот што крстари низ скопје, изгледа навистина многу убаво... но знам и дека се многу скапи... на автобусите овде гледам налепници mercedes citaro bus of the year 2007 европска награда... а и внатре се многу убави. а и тука патиштата не се баш најсјајни па автобусите имаат проблеми со амортизерите (постарите) ама на мерцедесите не сум видел никаков проблем, а возачите возат како да возат болид... ама сеуште се нови ќе покаже времето.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1602 Posted: 20-Oct-2008 at 12:08 |
Леле замисли 300 вакви Мерцедеси да крстарат низ Скопје... Наместо тоа ќе имаме 300 грдосии
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1603 Posted: 20-Oct-2008 at 12:05 |
Видете го лепотанов  Значи, залагањето на Костовски да ја разубеди Владата од оваа лудост е огромен плус за него, но не ми е јасно каде беше до сега?! И пак памет во глава не им влегува на лудациве
Originally posted by Нова Македонија
Се одолжи рокот за владините двокатни автобуси |
|
|
|
Автор: Г.Т. |
|
Кон
крајот на идната година, а не во март, како што беа првичните најави,
ќе стигнат првите двокатни автобуси што ги купува Владата, според
последната изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.
Тој го најави новиот рок одговарајќи на поканата од градоначалникот
Трифун Костовски заедно со премиерот Никола Груевски да се повозат во
нископодниот автобус од типот „мерцедес“, кој деновиве промотивно ќе
сообраќа по улиците, пред сè на линијата со бројот 15.
Во
саботата Костовски со својата сопруга, директорот на ЈСП Александар
Бошковиќ и повеќе претставници од градската управа и медиуми го
промовираа Мерцедесовото градско возило, што беше прва од неколкуте
промоции на нископодни автобуси со кои градоначалникот сака да ја
разубеди Владата од идејата да купи „даблдекери“ за Скопје.
-
Убедени сме дека нископодните еднокатни автобуси се најсоодветни за
градскиот превоз. „Мерцедес“ веднаш ни излезе во пресрет и ни позајми
едно возило без надомест, во кое граѓаните ќе можат да се возат
бесплатно. Нивниот збор треба да биде последен за тоа какви автобуси да
купи Владата, бидејќи за таа набавка ќе се трошат народни пари. Мораме
да воспоставиме дијалог со централната власт за ова прашање, затоа што
ние како град немаме ниту пари да купиме автобуси, ниту можности да се
задолжиме. Убеден сум дека Владата ќе се разубеди, бидејќи двокатните
автобуси немаат никаква предност во однос на овие - истакна Костовски.
Мерцедесовото
возило е зглобно, има 37 места за седење и собира вкупно 140 патници, а
има посебни места за хендикепирани лица и за бебешки колички.
Хидрауличниот систем што е вграден во него му овозможува да се спушти
до висината на тротоарите, а на втората врата има посебна рампа за
лицата со посебни потреби. Нема скалила, туку со само еден чекор веднаш
се влегува внатре.
-
Овој автобус има двапати поголем капацитет од двокатните, а чини
300.000 евра, што е за една четвртина помалку од просечните цени на тие
возила. Треба пред сè да се остави стручните лица да решат какви возила
ни требаат - смета Александар Бошковиќ, директорот на ЈСП.
По
промоцијата автобусот заврте еден круг од базата на претпријатието до
центарот и откако Костовски излезе пред зградата на Владата другите се
вратија назад. Речиси сите пешаци, патници на станиците, возачи на
автомобили и на автобуси љубопитно го следеа неговото движење низ
улиците.
Уште
истиот ден Боцевски ја поздрави одлуката на Костовски да се повози со
градски автобус, но му порача да се качи во возило за што имал
одговорност, а не во некое што служи само за сценско дејство.
-
Ќе биде добро градоначалникот за време на својот мандат да влезе во
еден од скопските автобуси, за да види како скопските градоначалници од
сферата и областа на транзицијата зад себе го оставаат јавниот превоз.
Јас секој ден со ќерка ми се возам во нив и добро знам што е скопски
автобус. За една година од сега, кога ќе се врши испораката на
двокатните автобуси, Костовски и неговиот тим ќе бидат дел од
историјата и од Музејот на градот Скопје. Се разбира, историјата ќе го
даде својот суд за тоа колкав бил успехот на неговата администрација -
додаде Боцевски. |
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1604 Posted: 20-Oct-2008 at 12:01 |
Препукувањата помеѓу владата и градот стана веќе шпанска сапуница
Но, едно неможам да разберам зошто Костовски за сиве овие години не купи барем еден аутобус па да како така има некој адут за расправање.
Ова „веќе видено“ ми изгледа ко спортската сала
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1605 Posted: 18-Oct-2008 at 23:38 |
gravel for extra grip in order to stop easier... замислете со асфалтот кај нас мазен како мраз шо би можело да се случи...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#1606 Posted: 18-Oct-2008 at 23:21 |
|
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1607 Posted: 18-Oct-2008 at 23:20 |
абе, имам идеја, Боцевски да го туриме да ги вози и сервисира автобусите, па него да го туриме историјата да го суди колку он добро направил за градот може? а ако сака само да се кара со Костовски тоа нека го прави понастрана од јавниот превоз П.С. Ова што владата се меша во градскиот превоз е исто како градот сега да се умеша во некој владин проект и истиот да го заебе, чисто онака од инат едноставно ја претераа работата П.П.С. Секој ден се возел со ќерка му во автобус  па луѓето од негов ранг имаат доволно средства да се возат со хеликоптер низ град
Edited by zabegan - 18-Oct-2008 at 23:22
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1608 Posted: 18-Oct-2008 at 20:25 |
Кога ќе се врши
испораката Костовски заедно со неговиот тим ќе биде дел од скопската
историја и дел од музејот на град Скопје. |
Ова е еден од аргументите за двокатни автобуси
Се разбира историјата ќе даде
свој суд за тоа кој бил перформансот и успехот на неговата
администрација, рече вицеопремиерот Ивица Боцевски. |
Историјата дава суд за сите... Мада мислам дека во конкретниов случај има простор таков суд (во прикладен момент) да даде и правниот систем на државата, затоа што трошење на таква астрономска сума на пари тотално неодговорно, дефинитивно повлекува многу прашања околу начинот на кој се практикува власта.
Edited by Cloverstack - 18-Oct-2008 at 20:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1609 Posted: 18-Oct-2008 at 20:16 |
Костовски ќе биде дел од скопската историја кога ќе пристигнат двокатните автобуси
На најавата од скопскиот градоначалник Костовски дека нема да го прими
владиниот подарок од 300 двокатни автобуси, Боцевски одговори дека
испораката ќе биде за една година од сега, кога актуелните градски
власти ќе бидат минато

Заменик - претседателот во Владата на Република Македонија задолжен
за евроинтеграциите, Ивица Боцевски денеска поздравувајќи ја одлуката
на скопскиот градоначалник Трифун Костовски и на градските власти после
четири години да влезат во градски автобус, им порача дека би било
многу подобро да влезат во автобус за кој, како што рече, имаат
одговорност наместо во оној што служи само за сценско дејство.
-
Градоначалникот ќе биде добро за време на својот мандат да влезе во
еден од скопските автобуси за да се увери како скопските градоначалници
од сферата и областа на транзицијата зад себе го оставаат градскиот
превоз, изјави Боцевски на денешната прес - конференција.
Според него, за сите обични граѓани што секојдневно го користат градскиот превоз објаснување, потенцира тој, не е потребно.
-
Секој ден заедно со својата ќерка се возам во градски автобус. Многу
добро знам како изгледа скопски автобус, одговори Боцевски на денешната
јавна покана од градоначалникот Костовски за пробното возење во новиот
нископоден градски автобус.
Боцевски потврди дека Владата ќе го реализира проектот за набавка на 300 модерни двокатни автобуси.
Во
врска со најавата од скопскиот градоначалник Костовски дека нема да го
прими владиниот подарок од 300 двокатни автобуси, Боцевски му порача
дека испораката ќе биде за една година од сега, кога актуелните градски
власти ќе бидат минато.
- Кога ќе се врши
испораката Костовски заедно со неговиот тим ќе биде дел од скопската
историја и дел од музејот на град Скопје. Се разбира историјата ќе даде
свој суд за тоа кој бил перформансот и успехот на неговата
администрација, рече вицеопремиерот Ивица Боцевски. http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=17649 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1610 Posted: 18-Oct-2008 at 19:50 |
Originally posted by Cloverstack
Сега кога и официјално е потврдено дека тоа нема да се случи и дека првите испораки се планирани за во 2009, сакав да те потсетам на овој муабет.

|
еј кло несмеам да заборавам таква работа јас со време се оправдав но еве нека стои уште еднаш во записник
барајќи слика од двоспратен мерцедес налетав на вицов , па нека оди во меѓувреме додека најдам слика
Double-Decker Bus
Two bowling teams, one of all blondes and one of all brunettes, charter a double-decker bus for a weekend bowling tournament in Atlantic City. The brunette team rides in the bottom of the bus and the blonde team rides on the top level.
The brunette team down below is having a great time, when one of them realizes she doesn’t hear anything from the blondes upstairs. She decides to go up and investigate.
When the brunette reaches the top, she finds all the blondes frozen in fear, staring straight ahead. She says, “What the heck is going on up here? We’re having a grand time downstairs!”
One of the blondes looks up and says, “Yeah, but you’ve got a driver!” |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1611 Posted: 18-Oct-2008 at 19:03 |
Владата купува двокатни, а Костовски нуди еднокатни автобуси за Скопје
18 October, 2008 08:34:00
Големина на фонт:
За разлика од владата која набавува 300 двокатни автобуси, скопскиот градоначалник Трифун Костовски презентираше еднокатен автобус со хармоника од типот Мерцедес кој според него е најдобрата опција за граѓаните. Споредено со предлогот на Владата, автобусите презентирани од град Скопје, чинат 100.000 евра помалку од двокатни. Костовски рече дека дуплите автобуси со хармоника, ги исполнуваат сите критериуми и потреби за секоја категорија на граѓани, како за хендикепираните така и за бремените жени. „Мојот план е да ја разубедам владата дека нивниот предлог не е издржан во многу работи бидејќи стручна екипа работеше на тендерот што беше првобитно објавен па поништен , работеше 5 месеци во кои што и се утврдија нормите каков автобус му е неопходен на градот“ рече Костовски. Директорот на ЈСП Александар Бошковиќ рече ако владата решила да купи такви автобуси, тогаш нека го земе во предвид и мислењето на возачите. „Само да дадеме уште една можност за дијалог не да седне градоначалникот или директорот на ЈСП туку да седнат стручните лица кои што се од оваа област и нека размислат уште еднаш бидејќи јас кажувам дека последиците ќе бидат на Јавното сообраќајно претпријатие“ вели Бошковиќ. Но, вицепремиерот Ивица Боцевски му одговори на градоначалникот Костовски, велејќи му да не презентира нови автобуси, туку да патува со оние, кои за време на неговиот 4 годишен мандат не се сменија. „Градоначалникот ќе биде добро на крајот на својот мандат да влезе во еден од скопските автобуси за да се увери за тоа како го остава скопскиот градски парк и да се увери како скопските градоначалници зад себе го оставаат градскиот превоз. Оттука владата на Република Македонија одлучи да набави 300 модерни двокатни автобуси и оттука владата ќе го реализира овој проект“ изјави Боцевски. „Задоволен сум, во однос на автобусите со кои досега работиме ова е автобус со високи стандарди и солиден за нашата работа , за градскиот сообраќај“ вели возачот Горан Георгиевски. Владата не се консултирала со градската управа и со ЈСП за 300-те автобуси што одлучи да ги купи. Според директорот на ЈСП, Бошковиќ, освен купувањето на двокатните автобуси ќе треба да се трошат и околу 500.000 евра за дополнителни трошоци, што ќе произлезат од овој процес. http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/6190.html ako bidat vakvi dokas ...skopje is the best!!!! ili?
Edited by Cloverstack - 18-Oct-2008 at 19:09
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1612 Posted: 18-Oct-2008 at 18:50 |
Инаку beTon, ти ја објаснуваше набавката на (тогаш 102) двокатни автобуси од аспект на женското европско ракометно првенство... Мислам дека спортски настан (поготово со релативно мало значение ако сакаме да бидеме искрени кон себе) не смее да биде ниту причина ниту оправдание за ваков груб упад во јавниот превоз во Скопје, од кој последици ќе се трпат многу долго. Но без разлика на тоа, посочив дека нема шанси набавката и прилагодувањето да се завршат до првенството:
Originally posted by Cloverstack
И на крајот на краиштата зарем мислиш дека овие 102
автобуси ќе бидат испорачани и дополнително сите други работи што треба
да се направат како последица од нивното воведување во сообраќај
извршени, сето тоа до почетокот на првенството на 2-ри
декември??? |
Твојот одговор:
Originally posted by beTon
да до втори декември ќе двокатните ќе шетаат низ скопје |
Сега кога и официјално е потврдено дека тоа нема да се случи и дека првите испораки се планирани за во 2009, сакав да те потсетам на овој муабет. 
Edited by Cloverstack - 18-Oct-2008 at 18:51
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1613 Posted: 18-Oct-2008 at 18:31 |
Originally posted by beTon
досега не чув ниеден од сообраќајните “експерти“ да дадат оправдани и образложени докази зошто двокатните автобуси ќе бидат промашување
|
За промашеноста на двокатните автобуси, на форумов во бројни наврати прецизно беа образложени цел тон негативности кои би произлегле од нив. А за срамното држење на експертите веќе го дадов своето мислење:
Originally posted by Cloverstack
Не можам а да не им ставам огромна замерка на
експертите на ова поле, за отсуството на посериозно спротиставување на
овој проект. Со ретки и млаки дипломатски изјави, послужија само како
декор во целава работа. Не слушнав некој од нив цврсто и без влакна на
јазик да се спротистави (ако има некој исклучок што сум го пропуштил,
нека ми прости). Епа токму затоа што сме општество каде брзоплетите
идеи на разноразни политиканти ги имаат заменето сериозните анализи, а
најголем дел од стручната јавност се однесува понизно и млитаво, затоа
можат да проаѓаат вакви блесави работи!
|
Без разлика колку замерки имам за Трифун како градоначалник, во овој конкретен случај мора да му се оддаде признание - жестоко се спротистави на овој крајно лош потег и со сите сили се обидува да укаже на неговата погрешност.
Edited by Cloverstack - 18-Oct-2008 at 18:57
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#1614 Posted: 18-Oct-2008 at 13:21 |
pocnuvam da go menuvam mislenjeto za dvokatnite avtobusi... prvin mi licese kako atraktivna ideja, no mislam deka sega preteraa.. 300 dvokatni avtobusi!! so toa ke kupeja 500 ednokatni avtobusi i ke mozea i na drugi gradovi da im podarat avtobusi- ednas barem da pokazeja politicarite deka makedonija ne e samo skopje. sepak neka donesea 100dvokatni no barem ostanatite 200 neka se ednokatni.. plus ke im ostaneja i na ovoj nacin pari za novi avtobusi da im se dadat na drugite gradovi.
Edited by GreatMakedon - 18-Oct-2008 at 13:22
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1615 Posted: 18-Oct-2008 at 11:38 |
досега не чув ниеден од сообраќајните “експерти“ да дадат оправдани и образложени докази зошто двокатните автобуси ќе бидат промашување, а и ова владините сообраќајни иноватори не дадоа некое подобро образложение од “враќање на духот на скопје“ , кое дефинитивно освен кондуктерите по автобусите (кои вистина беа појава) негледам што друго ќе не врати во старо скопје, освен ако навистина и не ги донесат од некоја мега аукција старите лејки  ова сега попрво ми личи на скриена добра намера која се повеќе ми звучи како - народе скопски уживајте владата ќе ви донесе новогодишно пакетче 300+1  единствено јавно што чув експерт беше проф. д-р.Никола Крстановски од ТФБ досегашен соработник и на градските власти и проф. д-р. Миле Димитровски од МФС, но никаде нечув збор од експертите за сообраќај кои имале некакво поголемо познавање од или искуство со проблематиката на двокатните како што е проф. д-р Кристи Бомбол која и била од '92–'93 стипендист на Британскиот совет, Институт за транспортни студии на Универзитетот во Лидс
Originally posted by Cloverstack
Професор
Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола смета дека не би
требало да се очекуваат посериозни проблеми со двокатните автобуси
бидејќи тие имаат предност од аспект на сообраќајната
експлоатација.Наместо во должина, какви што се зглобните автобуси,
двокатните имаат капацитет за прием на патници во висина. Овие автобуси
исто така овозможуваат квалитетен превоз - вели Крстановски.Според
него, единствени проблеми би биле нивното одржување во гаражите на ЈСП,
во кои може да не ги собира двокатните автобуси и приспособување на
возачите кон ваквиот вид автобуси.Ќе треба извесен период за возачите
да се навикнат на овие автобуси. Тие имаат повисоко тежиште, па
возачите ќе треба да бидат повнимателни кога ќе наидуваат на поостри
кривини - објаснува Крстановски. Професор Миле Димитровски од Машинскиот
факултет во Скопје смета дека доколку автобусите ги задоволуваат
стандардите „еуро 4“ или „еуро 5“ и условите наведени во тендерот,
тогаш нема причина да не бидат поволни.Ако се исполнети стандардите и
условите во тендерот, сето друго е прашање на желба и естетика. Изборот
дали тоа ќе бидат двокатни или единечни е прашање за кое треба да се
изјасни тој што одлучува. Вакви автобусите се возат и во други градови
во светот - вели Димитровски. Тој потенцира дека постојат сервиси за
одржување на тие автобуси така што тоа не би претставувало никаков
проблем. Постојат сервиси за одржување на автобусите, ќе се обучат луѓе,
а ќе се набави и потребната опрема - вели тој. |
гледано експертски од погорниот текст излегува дека нема никаков проблем околу двокатните, останува уште да боде во очи “расфрлањето“ на парите на даночните обрзници , но истите тие обврзници ја гласаа оваа влада па мислам и дека ги оправдуваат повеќето нејзините популистичко-туристички екскурзии, она што недостасува е јавна дебата за која најверојатно нема време гледано од буџетски аспект бидејќи веќе се распределени средства за новогодишниот пакет, во спротивно работите би требале да одат многу споро : прво физибилити студија, после јавна дебата, можеби и референдум и на крај барање средства, што обично е многу тешко се да се истемпира за да се заврши ваква иницијатива за три месеца до пола година! ваков случај е со еден куп проекти кои повеќе делуваат на муабет за тепање празно време, него вистински проекти кои ќе видат бел ден, слично беше со иницијативата за трамвај во СК на времето, ЛЕАПот, итн. Сепак пристапот кон проектите може да биде различен заради различни околности, законот никој не го обврзува да дава гол отчет за работата туку дека сите веќе јавни информации треба да се достапни подеднакво до сите, па така очекувам кога ќе се затвори тендерот за набавката да добиеме се на тањир а дотогаш само ќе нагаѓаме колку, што и зошто е потребата од двокатните...
Edited by beTon - 18-Oct-2008 at 11:40
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1616 Posted: 18-Oct-2008 at 03:33 |
ЈСП не гарантира безбедност и удобност во двокатните автобуси |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Јавното
сообраќајно претпријатие „Скопје“ не гарантира безбеден, удобен,
сигурен и квалитетен јавен превоз со двокатните автобуси, изјави вчера
в.д. директорот Александар Бошковиќ по средбата со градоначалникот
Трифун Костовски. Според него, тие се многу понесигурни од обичните,
нископодни возила и би можеле многу полесно да се превртат.
-
Знаеме каква е културата на нашите патници и ако треба да се направат
некои реформи за да се воведе тој превоз, таа е најважната. Возачот ќе
нема прегледност што се случува на горниот кат, а таму е доволно да
стојат двајца или тројца за да ја нарушат стабилноста на возилото. Тоа
би значело и голема одговорност за нас и плаќање отштети - истакна
Бошковиќ.
Тој
и Костовски се согласија дека ќе треба да се направат големи промени во
изгледот на градот за да може да се возат „даблдекерите“. Улиците,
крстосниците, семафорите, надвозниците, дрворедите, како и гаражите и
сервисите на јавното претпријатие се приспособени за да се употребуваат
нископодни автобуси. Прашањето за сервисот, како и дообучувањето на
вработените исто така може да бидат проблем. Според Бошковиќ, ќе бидат
потребни дури 500.000 евра само за да се приспособат гаражите на ЈСП и
во нив да можат да се сместат и двокатните автобуси.
ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОМОЦИЈА НА НИСКОПОДНИ ВОЗИЛА
Градоначалникот
Костовски смета дека пред Владата да го распише тендерот за нови
двокатни автобуси требало да го праша градот и претпријатието што
сакаат.
-
Во денешно време дури и кога некој прави свадба роднините го прашуваат
што сака да му купат за подарок, за да не му донесат нешто непотребно.
А ние не бевме консултирани за волку голема работа како целосната
замена на возниот парк во јавниот превоз. Двокатните автобуси се повеќе
се напуштаат во светот. Затоа и порачувам на Владата да поразговара со
стручните лица за да утврди што е посоодветно за Скопје. Тие автобуси
сепак ќе се купуваат со парите на граѓаните - рече Костовски.
Тој
најави дека во наредниве неколку месеци низ градот ќе се возат
промотивни нископодни автобуси, за граѓаните да видат какви се тие и
потоа да одлучат дали би им одговарале.
-
Во преговори сме со неколку производители да ни позајмат по еден
автобус на краток период. Тие ќе се користат во превозот за да им
покажеме на граѓаните дека се подобри од двокатните. Многу се
побезбедни и попрактични. Замислете колкави застои ќе се случуваат на
автобуските станици кога повеќе патници од горните катови по истите
скалила ќе треба да слезат и да излезат од автобусите - објаснува
градоначалникот.
За
Бошковиќ несоодветно е и тоа што тие возила нема да можат да користат
природен гас, иако претпријатието е целосно опремено со инсталации за
тоа еколошко гориво, а 30 од сегашните автобуси веќе го користат.
СУБВЕНЦИИ КОЛКУ ЗА ДВЕ ВОДЊАНСКИ УЛИЦИ
ЈСП
годинава доби субвенции за првпат во својата историја, иако тоа е
практика во речиси сите европски градови каде што се користи автобуски
јавен превоз. Градот од својот буџет му додели 140 милиони денари на
претпријатието.
-
Тоа се доволно пари за со нив да се изградат две улици како булеварот
Водњанска. Но со тоа не го решаваме проблемот со ова претпријатие, само
го одржуваме во живот. Пред извесен период формиравме координативно
тело со Владата на чело со вицепремиерот Зоран Ставрески, со цел да се
најде функционално решение за јавниот превоз. Тоа веќе не функционира и
затоа барам повторно да почне да работи. Мора да се најде начин на кој
ќе се финансира претпријатието за да не биде постојано во загуба. Исто
така треба да се решат и долговите на претпријатието и тие што државата
ги има кон него. По Нова Година ќе почнеме да го градиме трамвајот и
ЈСП потоа ќе треба да стопанисува со него. Значи треба да сториме нешто
за претпријатието да прерасне во вистински носител на јавниот превоз -
додаде Костовски.
Бошковиќ
објасни дека состојбата е доста неповолна и дека треба голема умешност
да се управува такво претпријатие во услови на нелојална конкуренција и
сива економија. Посебен проблем е стариот долг на државата за превоз на
раселените лица од 2001 година, кој е фактуриран, но нема кој да го
плати, па за ДДВ од таа фактура ЈСП веќе должи 6,5 милиони денари.
-
Дури 97 отсто од нашите приходи доаѓаат од превозот на патниците. А 69
отсто од билетите се повластени. На тој начин годишно се одлеваат од
250 до 300 милиони денари. Државата отсекогаш преку нас водела
социјална политика, но се си има свои граници - смета Бошковиќ. | http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=209&ArticleID=9354 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1617 Posted: 18-Oct-2008 at 03:32 |
ГРАДОТ И ЈСП „СКОПЈЕ“ ПРОТИВ ВЛАДИНИОТ ТЕНДЕР
Градоначалникот ќе рента автобуси за проба
Градоначалникот
Трифун Костовски најави дека ќе позајми неколку хибридни, нископодни
модерни автобуси од фирмите „Санос“, „Мерцедес“ и од Полска, кои
одреден период ќе сообраќаат по скопските улици за да им покаже на
граѓаните дека постои подобра алтернатива за градскиот превоз од
двокатните автобуси. Со тоа би докажал, како што рече, дека 300-те
автобуси што ќе ги набави Владата се несоодветни за улиците во градот.
Ваквиот став на градоначалникот, соопштен на вчерашната заедничка
прес-конференција со првиот човек на ЈСП „Скопје“, Александар Бошковиќ,
уште еднаш ги обелодени несогласувања на Костовски со потегот на
Владата. Тој тврди дека средствата што ќе бидат потрошени за автобуси
можат да му бидат донирани на ЈСП за да ги покрие долговите и
задолжувањата што ги има од 2001 година па се до денес. - Кога некој
сака некому да му подари нешто, најпрвин треба да го праша дали
подарокот му е потребен. Во врска со одлуката Владата да набави нови
автобуси, не беше консултиран за таквата одлука ниту Градот, како
сопственик на претпријатието, ниту, пак, ЈСП „Скопје“ кое ќе биде
обврзано да ги користи истите - изјави Костовски. И Бошковиќ не се
согласува со набавката на двокатни автобуси. Како што рече, улиците низ
Скопје се приспособени за по нив да сообраќаат нископодни автобуси.
Како докази за тоа ги наведе, ниската сигнализација, неискусноста на
возачите и на механичарите кои работат во претпријатието. - Во моментот
ние должиме околу 6,5 милиони евра. Тоа е наследен долг стекнат
последните години, од кредити и ненавремено плаќање на фактури кои ги
имаме испорачано, пред се, до државните институции - изјави директорот
на ЈСП „Скопје“. Како дополнителна причина за натрупувањето на
долговите, тој го наведе долгот на Министерството за образование и
наука за бесплатниот превоз на учениците. - За изминативе два месеца,
Министерството нам ни должи некаде околу 200.000 евра и тоа само за
превоз на ученици од прва година. Покрај тоа, некои училишта им
издаваат потврди на учениците од повисоките години, кои кај нас се
возат бесплатно. Поради сите овие причини, ние секојдневно трпиме се
поголеми загуби - велат од претпријатието. Од Министерството за
образование и наука велат дека нема простор за паника и дека средствата
што ги должат, наскоро ќе бидат исплатени. Вчера, Градот и ЈСП побараа
од Владата да се обидат заеднички да најдат решение за проблемите на
сообраќајното претпријатие. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1527&ArticleID=100491 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1618 Posted: 17-Oct-2008 at 11:39 |
а дали новинарот знае што зборува: ако не е нископоден тогаш е двокатен или обратно... секако дека новите двокатни се нископодни фала богу, ама не се со низок ПОКРИВ ама не сфаќа што сака да кажи
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1619 Posted: 17-Oct-2008 at 02:39 |
Originally posted by La Linea
Тој рече дека 300-те двокатни автобуси што ќе
ги купи Владата се најмодерни и современи, според сите еколошки
стандарди и одговараат на потребите на Скопје. |
Со самото тоа што се далеку понеефикасни од артикулираните, а во некои погледи дури и од единечните, отпаѓа и еколошкиот аспект, без разлика какви мотори ќе имаат. Ивица Боцевски тресе глупости, не само за ова, него во врска со се што е поврзано со овие проклети двоспратни срања.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1620 Posted: 16-Oct-2008 at 23:09 |
Originally posted by Dnevnik
Градот е за нископодни автобуси, Владата контрира со двокатни
Од наредниот
месец Градот ќе презентира единечни хибрид-автобуси од Полска и
автобуси од марката „мерцедес“ и „санос“ за да докаже дека тие
во секој поглед се подобри од двокатните што Владата реши да ги купи.
Скопскиот градоначалник се изјасни дека ќе го протежира тој на
домашниот производител, на „Санос“, за да му се обезбеди работа.
Образложението на Градот и на в.д. директорот на ЈСП, Александар
Бошковиќ, е дека двокатните автобуси се несоодветни за Скопје. Тие не
одговараат поради сервисирањето, гаражите, улиците, сообраќајната
сигнализација, па ни дрворедите.
Самите автобуси, според нив, се небезбедни бидејќи ако има дивеење
на горните катови, можат лесно да се превртат. Приспособувањето на
двокатни автобуси би чинело 500.000 евра. Исто така, не можат да
користат природен гас. ЈСП почна со промените во автобусите за
користење природен гас, а не нафта. Засега се пренаменети 30 автобуси,
а планирани се уште 70 за 2-3 месеца. Бошковиќ истакна дека двокатните
повеќе се користат како туристичка атракција и полека се исфрлаат од
употреба.
Вицепремиерот Ивица Боцевски возврати дека скопјани
заслужуваат современ, квалитетен и брз превоз, кој ќе им биде обезбеден
со донација од Владата. Тој рече дека 300-те двокатни автобуси што ќе
ги купи Владата се најмодерни и современи, според сите еколошки
стандарди и одговараат на потребите на Скопје. Вакви автобуси се
користат во сите поголеми европски градови во Велика Британија, Ирска,
Шведска, Германија и други, нагласи Боцевски.
(А.П.) |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |