Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1641 Posted: 30-Jun-2008 at 12:01 |
За жал ја немаат обновено од кога е направен сајтот.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1642 Posted: 30-Jun-2008 at 10:22 |
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#1643 Posted: 22-Apr-2008 at 23:09 |
ок да, тој пат го минувам многу пати стигајќи до село. Како и да е.. само што побрзо да се започне и заврши. од куманово до клечовце во бит патот е лесен за правење, не гледам некој големи тешкотии убаво да го залепат асфалтот. Еден куп ниви, доста рамнина, по некое ридче...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1644 Posted: 22-Apr-2008 at 23:07 |
Старата е постоечкиот главен пат кој се движи северно од Куманово.
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#1645 Posted: 22-Apr-2008 at 22:49 |
Не можам да речам точно дали ќе биде скроз нова траса (не ја знам ни старата) само знам дека ќе се откупуваат ниви покрај пругата и блиску до стариот пат куманово-паланка
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1646 Posted: 22-Apr-2008 at 12:53 |
Фала
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1647 Posted: 22-Apr-2008 at 12:46 |
Еве screenshot од просторниот план на Р. Македонија
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1648 Posted: 22-Apr-2008 at 12:39 |
Кловер ај карта ако можеш со старата и новата траса?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1649 Posted: 22-Apr-2008 at 09:07 |
 Заначи се работи за делот кој оди јужно од Куманово по сосема нова, значително пократка траса
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#1650 Posted: 22-Apr-2008 at 04:56 |
Дел од коридорот кај селото (и општината) Клечовце. Информациите се од роднини коишто ќе им се откупуваат нивите.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1651 Posted: 22-Apr-2008 at 00:27 |
Ова е дел од коридорот, исто како и пругата. Дај веќе да ги завршиме веќе еднаш тие коридори!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1652 Posted: 22-Apr-2008 at 00:26 |
Од каде овој муабет и за која делница точно се работи?
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#1653 Posted: 22-Apr-2008 at 00:23 |
Муабети се пуштени дека фондот за патишта ќе откупува ниви на потегот куманово-паланка за градење на автопат меѓу 6-10 евра квадрат! Се надевам ова значи дека ќе почне откупот, па изградбата!
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1654 Posted: 20-Apr-2008 at 14:22 |
Ако сакате да знаете точно колку километри има од крива паланка до кичево и од струмица до струга еве интересна карта од сојуз на возачи на македонија тука
А пак од скопје до дваесетина држави од европа на АМСМ тука
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1655 Posted: 14-Apr-2008 at 11:24 |
 Super se na se 100 milioni za lokalnite i regionalnite patishta....sega uste da "najdat" i edna stotka za skopje.....
ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ВЛАДИНОТО ВЕТУВАЊЕ
Локалните патишта ќе се закрпат со 34 милиони евра
Од први овој месец започна аплицирањето со проекти од првата фаза што ќе трае до 31 мај. Секоја општина може да пријави повеќе проекти, но мора да набележи на кои им дава приоритет, вели Катерина Панова-Илиевска од Фондот за патишта
Владата започна со реализација на проект за санација на најоштетените локални патишта во земјава. За оваа намена ќе бидат издвоени 34 милиони евра кои ќе се распределат по општините што ќе аплицираат со свои проекти за рехабилитација на локални патни правци. Катерина Панова Илиевска, портпарол на Фондот за магистрални и регионални патишта, вели дека проектот ќе се реализира во пет фази во текот на оваа и идната година.
- Од први овој месец започна аплицирањето со проекти од првата фаза што ќе трае до 31 мај. Секоја општина може да пријави повеќе проекти, но мора да набележи на кои им дава приоритет - објаснува Панова Илиевска.
Втората фаза ќе се одвива до 1 септември, а третата до 31 декември оваа година. Апликациите за четвртата фаза ќе се доставуваат до 31 мај, а за петтата до 31 септември 2009 година.
Во земјава има 8.995 километри локални патишта. Вкупниот предвиден износ за локалните патишта ќе им биде распределен на сите 84 општини врз основа на формула и критериуми што се утврдуваат заедно со ЗЕЛС, а треба да бидат одобрени од Светската банка.
Во рок од три години треба да се реконструираат и 11 регионални патишта. Од Фондот објаснуваат дека овие патни правци се избрани како приоритетни бидејќи студијата што ја подготви Европската инвестициона банка (ЕИБ) покажала дека токму тие се најоштетени и мора да претрпат итна санација.
За годинава Владата предвиде 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. За изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуфф е предвиден 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев градд се проектирани 700.000 евра. Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничкаа и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејции се предвидени над 160.000 евра.
За регионалните и локалните патишта во земјава во наредните три години Владата планира да потроши 70 милиони евра што ќе се обезбедат од заем од меѓународни финансиски институции.
|
Нови 70 милиони евра од Светска банка за патна инфрастиктура Македонија ќе добие кредит од 70 милиони евра од Светска банка за инвестирање во патната инфраструктура за изградба и реновирање на локални и регионални патишта. Оваа ново задолжување кај Светска банка било најавено во Вашингтон на средбата со раководството на Светска банка, каде што македонската делегација, предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески, учествува на Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка. Кредитот треба да биде одобрен кон крајот на мај. „Станува збор за кредит од околу 70 милиони евра за започнување на изградба на нови и реконструкција на постојните патишта во сите општини на Македонија и тој кредит, по наше инсистирање, ќе биде одобрен до крајот на мај од Бордот на СБ, а да почне да се користи по изборите“, изјавил по средбата вицепремиерот Ставрески и додал дека Светска банка дала поддршка да продолжат економските реформи ,кои било оценето дека одат во добра насока. На средбите била истакната и заинтересираноста за поддршка на инвестиции во делот на енергетиката, пред се' за финансирање на енергетското поврзување на Македонија со регионот и за реконструкција на хидроелектраните во делот на ЕЛЕМ, како и за финансиска поддршка за набавка на опрема и машини за рудникот „Брод-Гнеотино“. Вицепремиерот Ставрески, кој на средбите е придружуван од министерот за финансии, Трајко Славески, и вицегувернерот на НБМ, Димитар Богов, треба да се сретне и со раководството на ММФ при што се очекува поддршка за вкупните економски движења во Македонија, за продолжување на реформите и за одржување на макроекономската стабилност како основен предуслов за економски раст. (Ј.Ј.)
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1656 Posted: 02-Mar-2008 at 00:35 |
Прв пат официјално се спомнува дека Стенковец-Блаце е во процедура за изградба на автопат.
ИНТЕРВЈУ: МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
Сто милиони долари за локалните патишта
Емилија Јовановска
-Господин
Јанакиевски, патиштата во Македонија се во катастрофална состојба. Може
ли земја со таква патна инфраструктура да бара што побрзо да стане дел
од ЕУ? - Нашата земја е важен трговски крстопат. Шокантно е каква
негрижа била присутна за патната инфраструктура. Дел од локалните
патишта беа сосема запоставени, а други беа предмет на рутински
одржувања. Непријатно е што до делови на Македонија денес нема нормален
пристап. Заложбата да се затвори ова прашање, кое е во делот на
надлежности на локалната самоуправа, освен што со себе повлекува многу
работа, бара и големи финансиски средства. Владата е подготвена да
излезе во пресрет и да почне со решавање и на овој сегмент од
целокупната инфраструктура во земјава. Ние од локалните власти
побаравме да ни достават информации за приоритетните проекти во секоја
општина за подобрување и доизградба на локалната патна мрежа. За таа
намена, од Светската банка се обезбедени 100 милиони американски
долари, што претставува најголема инвестиција досега во Република
Македонија во изградба на патната мрежа. -Планирани ли се годинава да почнат некои активности? -
Веќе се почнати проектите за изградба на третата лента на патниот
правец Прилеп-Градско, автопатот Стенковец- Блаце, делницата
Радовиш-Струмица, патот до ски-центарот Кожуф, во завршна фаза е
изградбата на Скопската обиколница, проект што е дел од програмата за
изградба на европските коридори 8 и 10. Предвидена е доизградба на
паневропскиот коридор 10 на ниво на автопат на делниците Демир Капија -
Смоквица и Табановце - Куманово. Ќе се градат и многу други патишта,
кои се предвидени во програмата на Фондот за патишта. уЌе почне втората фаза од санацијата на мостовите. Во план се 50, а на тие делници ќе се измени режимот на сообраќај? -
Од денеска стартува работата на втората фаза, со која се опфатени 21
мост на потегот Демир Капија - Гевгелија. Заради изведување на
градежните работи, сообраќајот на овој дел ќе се одвива по една
сообраќајна лента, со поставување соодветна сигнализација.
Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годинава. Проектот за
зацврстување и санација на мостовите го спроведуваме со поддршка од
НАТО и е капитален градежен зафат со кој се подобруваат условите за
транспорт. Во 2007 година заврши првата фаза од тој проект, со која беа
опфатени 29 моста од Скопје до Велес. уВо буџетот не се одвоени доволно
пари за доизградба на коридорите 8 и 10. Од каде ќе најдете пари за
пругата до Бугарија? Автопатот кон Софија и до Тирана ќе остане ли само
пуста желба? - Сите планови за подобра инфраструктура ги внесовме во нашата програма за работа и постепено ги реализираме. Во
вашето прашање се содржани повеќе проекти, кои, навистина, изгледаат
како неостварливи. Самиот факт дека проектот за железничко поврзување
на Република Македонија со Република Бугарија беше промовиран од голем
број влади остава впечаток во јавноста дека многу проекти беа само
почнувани. Вистинското прашање е колку се работело на тие проекти? Во
моментов, во тек е изработка на проекти за определени делници долж
Коридорот 8, а дополнително се разгледуваат можностите за финансирање
на нивата изградба. Во тек е и изработка на студија за концесија на
патишта со наплата на патарина, која ја изработува реномираниот
консултант „Лоуис Бергер“, а со која ќе бидат опфатени и делници на
Коридорот 8 во источниот и во западниот дел на Република Македонија. уКога
Македонија ќе добие европски аеродром? До кога „Александар Велики“ ќе
биде како запустена автобуска станица во некоја европска метропола?
Која компанија ќе го земе аеродромот под концесија и има ли
заинтересирани странски компании? - Вчера Министерството за
транспорт и врски во домашните печатени медиуми, но и во странски
весници објави повик за изразување интерес за учество на меѓународен
повик за избор на инвеститор што ќе биде одговорен за спроведување и
финансирање на проектот за подобрување на техничката и на финансиската
позиција на националниот аеродромски систем, во кој спаѓаат аеродромот
„Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и
изградба на нов аеродром во Штип, преку долгорочна концесија. уСе
најавува изградба на нов трговски центар. Зошто Македонија е интересна
за странските инвеститори за вакви проекти, зошто не се градат фабрики? -
Воведовме принцип на отвореност и транспарентност при отуѓувањето на
државното градежно земјиште. Во изминатиот период распишавме голем број
јавни објави за јавно наддавање |
Извор: Време
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1657 Posted: 04-Feb-2008 at 00:17 |
Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат
Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта
Верче Георгиевска
Регионалниот пат од
граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот
од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една
коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе
стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз
и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една
и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на
трансевропскиот Коридор 10.
Фондот за магистрални и регионални
патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе
биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според
проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот
пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се
покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за
обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и
регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во
висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.
Според
програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира
уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на
приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната
страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица.
Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на
годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од
26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на
грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на
Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за
изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската
унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до
Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси
5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а
остатокот се средства од кредит. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F
Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 10:55
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1658 Posted: 21-Jan-2008 at 00:34 |
Имаше на форумов една патна карта, ај ако имате постирајте апдејтирана.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#1659 Posted: 20-Jan-2008 at 23:37 |
Originally posted by pbanks
Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
|
И јас помислив на оваа варијанта. Се надевам дека сме во право. Во секој случај сумите за останатите правци делуваат разумно: 4,6 милиони за Кожуф, 1,8 за третата лента Прилеп-Плетвар и 4,8 за Струмица-Радовиш (ова посебно ме радува бидејќи е во многу перспективен регион  )
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1660 Posted: 20-Jan-2008 at 23:31 |
Originally posted by UrbanFreak
Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе? |
Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
|
 |