Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1681 Posted: 04-Sep-2008 at 21:17 |
Originally posted by beTon
кловер ако го следеше линкот на цитатот ќе разбереше дека се работи за студија изработена на универзитет од Барселона но за Салвадор главниот град на Бахиа федерална држава во Бразил и да рецептот е тој државата да притекне да инвестира во градот и за градот во работи со кои нормално е да се индетификуваме како Цркви, Историски музеи, споменици за истакнати Имиња од Македонската историја... според тебе што е рецептот инвестирање во секс, дрога и рокенрол или можеби стоковни куќи како лумикс и типо ќе не направат метропола а да не почнувам дека истите се доволни само за во кисела вода како прилог авантуристичките обележја кои ќе се инсталираат таму... инаку блескавата иднина ќе ја имаме оној момент кога ќе застанеме како свои на своето и ќе ги вратиме прво обележјата кои или беа продадени ефтино или не видоа светол ден заради одродените политичари, обележја како ѕвездата од кутлеш и средновековниот лав кој и ден денес го немаме истакнато на грбот! но некуму изгледа приказните за европа со обезличени македонци му е помила, сакајќи да избега кукавички од товарот на славата, вистината и наследството кои треба да ги носиме како Македонци, работа што скоро и да е невозможна со оглед дека досега наназад неколку века по ред се се фалсификува во негаторски контекст кон Македонија како од соседите така и од нивните колонијалистички протежеа од европа кои и ја поделија Македонија... незнам дали си наивен или претпазлив па волку скепса што имаш кон се што почнува оваа влада, почекај нека заврши некој проект па сетне суди, ти уште на нероден петко му ја кроиш капата и одма ги етикетираш сите проекти и сите што стојат зад нив како изгубени во космосот, дај малку луфта на нештата и предложи комбинации поиздржани од истите, сепак на крајот на сето ова не работи само еден човек туку цели тимови експерти за кои ти радо ќе кажеш дека се аутсајдери иако луѓето имаат километража и дома и надвор... туку да не ја тегнеме, нека ги пуштат автобусите во оптек и ќе видиме колку и како естетско-туристичката слика за скопје ќе се смени па наредната година ова време повели со полн здив коментирај негативно или позитивно за овој момент!
|
Да, моја грешка е што не го следев линкот, но тоа веројатно му доаѓа како рефлекс на бројните офтопик линкови со кои ти го преплави форумов. Во секој случај, не гледам каква врска има тоа што се збори во линкот ниту со Скопје, ниту со јавен превоз, ниту некоја друга навистина реална поврзаност... Текстот (конкретниот дел што го посочуваш) е толку краток и генрален, што поврзаност може да најде само човек што однапред решил да најде врска и да ја стави во некаков контекст што му одговара. Исто така, во нишкава нема место за ѕвездата од Кутлеш, тези за „кукавичко бегање од товарот на славата“, историски лекции, психоанализа на форумаши и слични акробации. На ваквата пракса ќе и дојде крај на овој или оној начин. Инаку што се однесува до твојата констатација дека треба да чекам да се
реализираат сите овие проблематични иницијативи, па дури после да сум
коментирал - немам намера да молчам додека врз градот се атакува на
најразлични можни начини, а под закрила на смешни објаснувања кои паѓаат во вода и при најмал критички осврт. Доколку се спроведат иницијативите, за многу работи ќе биде доцна. Едноумието и онака е поминато, не знам по кој основ од мене бараш да молчам (макар наводно само привремено)... Барем од тебе како нескриен жесток анти-комунист не треба да доаѓаат такви размислувања. Јас за разлика од тебе барем се држам до темата, освен во вакви случаи кога сум принуден да одговарам на офтопик постови. Офтопикот тука завршува. Назад на тема: Јавен автобуски превоз
Edited by Cloverstack - 04-Sep-2008 at 21:19
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1682 Posted: 04-Sep-2008 at 19:40 |
Originally posted by Cloverstack

Не знам за кои туристи толку напињаш... Зарем навистина очекуваш Скопје да стане светски позната туристичка дестинација како Барселона? И кој е рецептот за да го постигнеме тоа? Двоспратни автобуси, неартикулирани цркви и ред други такви објекти, бисти на секој чекор а вон секаков контекст... и многу други глупости што веќе беа спомнати... Ако тоа е рецептот, можам да претпоставам дека не очекува навистина „блескава“ туристичка иднина (и не само туристичка).
|
кловер ако го следеше линкот на цитатот ќе разбереше дека се работи за студија изработена на универзитет од Барселона но за Салвадор главниот град на Бахиа федерална држава во Бразил и да рецептот е тој државата да притекне да инвестира во градот и за градот во работи со кои нормално е да се индетификуваме како Цркви, Историски музеи, споменици за истакнати Имиња од Македонската историја... според тебе што е рецептот инвестирање во секс, дрога и рокенрол или можеби стоковни куќи како лумикс и типо ќе не направат метропола а да не почнувам дека истите се доволни само за во кисела вода како прилог авантуристичките обележја кои ќе се инсталираат таму... инаку блескавата иднина ќе ја имаме оној момент кога ќе застанеме како свои на своето и ќе ги вратиме прво обележјата кои или беа продадени ефтино или не видоа светол ден заради одродените политичари, обележја како ѕвездата од кутлеш и средновековниот лав кој и ден денес го немаме истакнато на грбот! но некуму изгледа приказните за европа со обезличени македонци му е помила, сакајќи да избега кукавички од товарот на славата, вистината и наследството кои треба да ги носиме како Македонци, работа што скоро и да е невозможна со оглед дека досега наназад неколку века по ред се се фалсификува во негаторски контекст кон Македонија како од соседите така и од нивните колонијалистички протежеа од европа кои и ја поделија Македонија... незнам дали си наивен или претпазлив па волку скепса што имаш кон се што почнува оваа влада, почекај нека заврши некој проект па сетне суди, ти уште на нероден петко му ја кроиш капата и одма ги етикетираш сите проекти и сите што стојат зад нив како изгубени во космосот, дај малку луфта на нештата и предложи комбинации поиздржани од истите, сепак на крајот на сето ова не работи само еден човек туку цели тимови експерти за кои ти радо ќе кажеш дека се аутсајдери иако луѓето имаат километража и дома и надвор... туку да не ја тегнеме, нека ги пуштат автобусите во оптек и ќе видиме колку и како естетско-туристичката слика за скопје ќе се смени па наредната година ова време повели со полн здив коментирај негативно или позитивно за овој момент!
Edited by beTon - 04-Sep-2008 at 19:44
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1683 Posted: 04-Sep-2008 at 17:49 |
 Не знам за кои туристи толку напињаш... Зарем навистина очекуваш Скопје да стане светски позната туристичка дестинација како Барселона? И кој е рецептот за да го постигнеме тоа? Двоспратни автобуси, неартикулирани цркви и ред други такви објекти, бисти на секој чекор а вон секаков контекст... и многу други глупости што веќе беа спомнати... Ако тоа е рецептот, можам да претпоставам дека не очекува навистина „блескава“ туристичка иднина (и не само туристичка).
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1684 Posted: 04-Sep-2008 at 16:40 |
 .  COMPETITIVIDADE CIDADES OF TOURISM: EXPERIENCE DA CIDADE DO SAVIOR FACULTAD DE GEOGRAFÍA E HISTORIA, DE LA UNIVERSIDAD DE BARCELONA
. 
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1685 Posted: 04-Sep-2008 at 14:28 |
Originally posted by Cloverstack

А добро што планира владата? Да отвори свое претпријатие за јавен превоз? Ова стварно не ми е јасно...
|
За ова реално заслужуваме тотален прекин на било каков напредок кон ЕУ. Вакво вулгарно упаѓање во работата на локалните власти  Децентрализација my ass
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1686 Posted: 04-Sep-2008 at 14:25 |
 А добро што планира владата? Да отвори свое претпријатие за јавен превоз? Ова стварно не ми е јасно...
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1687 Posted: 04-Sep-2008 at 11:53 |
Денеска ќе има тендер за двокатни автобуси
Тендерот за набавка на 102 двокатни автобуса ќе биде објавен денеска, дознава „Утрински весник“. Средствата за купување на автобусите ќе бидат обезбедени од буџетите за 2008 и 2009 година, а доколку има потреба, тогаш ќе се предвиди таква ставка и од буџетот на државата за 2010 година. Владиниот портпарол и вицепремиер Ивица Боцевски вчера потврди дека два од автобусите ќе бидат отворени, бидејќи ќе се наменат за панорамско разгледување на Скопје и на Охрид.
„Скопје ќе добие 100 нови климатизирани автобуси, конструирани според најнови стандарди со низок под и со рампи за лицата со посебни потреби. Оној што ќе го добие тендерот за набавка, ќе има обврска и да ги сервисира автобусите во текот на нивниот гарантен рок“, рече вчера Боцевски, не прецизирајќи колку средства ќе бидат одвоени за купување на автобусите.
Според Боцевски, набавката на автобусите ќе ја спроведе Владата заради, како што рече, опструкциите од градските власти врз претходниот тендер. Портпаролот истакна дека градоначалникот Костовски ветил дека ќе ги врати парите што Владата веќе му ги додели на Градот за да набави нови автобуси. Владата смета дека освен две, сите други линии на кои сообраќа ЈСП се безбедни за двокатните автобуси. (Б.А.)
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1688 Posted: 04-Sep-2008 at 11:49 |
ЈСП викаше негде по 200.000 евра за 'обичните' дали знае некој колку чини еден асален двоспратен?
Originally posted by vardar
КОНКУРСОТ ЗА НАБАВКА НА ВОЗИЛА ставен ВО МИРУВАЊЕ
ЈСП бара уште пари за нови автобуси
Ако еден нов современ автобус чини до 200.000 евра, за купување 50 возила на ЈСП, покрај 4,4-те милиони евра од Владата, ќе му недостигаат уште шест милиони евра

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ по изборите ќе бара од Владата уште пари за набавка на 50 нови автобуси. Владата лани во декември на претпријатието му даде 4,4 милиони евра за обнова на возниот парк, но од ЈСП велат дека тие пари не се доволни за да се набават толку висококвалитетни современи возила со сета опрема, кои го исполнуваат еколошкиот стандард Еуро 4. Се' уште не е распишан ниту меѓународниот конкурс за набавка на автобуси со патите што ЈСП веќе ги има на својата сметка, иако според најавите, тоа требаше да биде направено одамна. Сега конкурсот ќе мора да чека да завршат изборите, бидејќи во предизборен период законски не смеат да се вршат вонредни исплати.За неговата подготовка и распишување беше формирана Комисија составена од членови на Владата, од Градот, од Управниот одбор на ЈСП, како и од вработени во претпријатието.
КВАЛИТЕТОТ Е СКАП
- Парите за набавка на автобусите што ни ги даде Владата нема да стасаат ако сакаме да купиме висококвалитетни автобуси со соодветни технички карактеристики и опрема, како што се клима-уреди и екомотори со минимум Еуро 4-стандард. Огласот што го подготвувавме ќе биде ставен во мирување, бидејќи е предизборен период - вели Орце Ѓорѓиевски, директор на ЈСП.Според грубите процени на ЈСП, еден висококвалитетен автобус би чинел од 150.000 до 200.000 евра. Во тој случај, за набавка на 50 автобуси, освен 4,4-те милиони што веќе ги има, на претпријатието му недостигаат уште шест милиони евра. Ѓорѓиевски вели дека кај Владата има расположение комплетно да ја финансира набавката на 50 автобуси. Ако претпријатието не добие уште пари, ќе купи помалку возила, односно, ако едно чини 200.000 евра, ќе може да се купат 22.Инаку, според инвестициската програма на претпријатието за годинава првите 20 автобуси требаше да се вклучат во сообраќај до мај, а другите 30 во јуни и во јули.Поради предизборието, ќе мируваат и преговорите меѓу ЈСП, Градот и Владата за субвенционирање на јавниот превоз од страна на државата.
ИНВЕСТИЦИИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ
Освен помошта од Владата, ЈСП годинава прв пат доби субвенција од Градот од 1,4 милион евра. Според инвестициската програма, дел од тие пари, а дел пари од претпријатието, ќе се потрошат за набавка на 10 нови минибуси и за преадаптација на 20 автобуси за користење природен гас.Претпријатието годинава планира и да ги обнови каросериите на 50 автобуси, за да ја подобри техничката исправност на возниот парк. За обнова на каросеријата на едно возило се потребни од 15.000 до 20.000 евра. Предвидено е и во 250 до 280 автобуси да се постави нова опрема за наплата на возењето со таканаречени интелигентни билети, кои ќе бидат слични на тие за мобилните телефони. Се планира и воведување систем за автоматско следење на возилата, кој ќе овозможи точно да се знае кој автобус во која минута каде се наоѓа и дали возилата го почитуваат возниот ред. За сите предвидени инвестиции годинава ЈСП планира да потроши 543 милиони денари, односно 8,9 милиони евра.
Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6CE3E2FCBB5EE41A18931450EFC7DF5
|
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1689 Posted: 04-Sep-2008 at 11:40 |
Хммм 450 а дневно сообраќаат.....
Originally posted by Cloverstack
Повторно на оваа тема... Има некои нови моменти и корисни нови информации, па си викам да го регистрираме овој текст.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9586E357FE9E854FBF0205930AFEF83C
Возењето во јавниот превоз ќе се плаќа со „паметни картички“

Картичките ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“
Сања Наумовска
Возењето во автобусите на ЈСП и на приватните превозници во иднина ќе се плаќа со картички (смарт-тикетс) кои, како и кредитните картички ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“ поставени во автобусите. Картичките за ЈСП ќе ги набави Градот Скопје, за што деновиве ќе биде распишан тендер, а приватниците ќе ги набават сами.
Во рамките на истиот тендер ќе биде набавена и опрема за автоматско следење на движењето на автобусите (АЛВ-систем), што ќе се реализира од еден центар под Транспортниот центар. Приватните превозници веќе имаат набавено 70 „валидатори“ кои ќе се монтираат во следните десетина дена, но нема да се користат се' додека не се опремат сите 160 автобуси кои дневно циркулираат по скопските улици. Следењето на автобусите ќе дава податоци за почитувањето на возниот ред, но и за безбедноста на возилата и патниците. Во автобусите ќе има и копче за паника, со кое до центарот ќе се алармира доколку во возилото е загрозена безбедноста на патниците.
Имплементирањето на двата система е неопходно пред реализацијата на третиот дел од проектот - плаќање по изминат километар- според кој би требало да се финансираат и ЈСП и приватниците. Практично, секој ќе добива толку пари колку што извозел километри, но за тоа неопходен услов е обезбедување дополнителни субвенции од владата, покрај два милиона денари што ги дава Градот Скопје.
По воведувањето на безготовинското плаќање со смарт-тикетс, исти картички нема да важат и кај ЈСП и кај приватниците се' додека не се изедначат цените и не се воведе плаќањето по километар. Сепак, велат во Градот, системите се компатибилни, па соединувањето во иднина нема да биде проблем. Оттаму се надеваат дека во интерес на граѓаните и за поедноставување на користењето на јавниот превоз во градот, третиот дел од проектот ќе се реализира што е можно побрзо.
„Со тендерот ќе се набават 250 ’валидатори‘ и толку системи за следење на автобусите. Во Скопје дневно циркулираат приближно толкав број автобуси, а ако има потреба, овие уреди лесно можат да се демонтираат и префрлат во друго возило“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот Скопје.
Тој објаснува дека покрај картичките, кои во прво време ќе се продаваат во билетарниците на ЈСП, а подоцна и во сите маркети, картички ќе се купуваат и во автобус за оние кои не се возат редовно, или за странци. Сепак, тој билет ќе биде многу поскап од цената на едно возење со смарт-тикетот, бидејќи една од важните цели на овој проект е и форсирање на безготовинското плаќање на јавниот превоз. Картичките ќе можат да се дополнат со различна сума кредит во секое време, во билетарниците, а подоцна и во пошироката трговска мрежа.
„Картичките за приватниците ќе се купуваат во киосците на автобуските станици, а во иднина и на одредени локации на кои ќе има поставено пунктови специјално за оваа намена“, информира Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Во автобусите ќе се инсталира и опремата за автоматско лоцирање, а податоците, заради контрола на возниот ред, ќе ги добива и Градот. Јовановски потенцира дека воведувањето на плаќање по километар, всушност, е најважниот дел од проектот, бидејќи е во интерес на граѓаните, кои ќе добијат поквалитетен превоз, без конкурентни цени и без преклопување на линии. |
|
и ова
"Нормално, на почетокот градот бил многу помал и имало многу помалку патници, па на многу линии крајната станица им бил Плоштадот Македонија или Градски парк. Со текот на годините, како што се развивал градот се зголемувал и бројот на автобуси и бројот на линии. Па така, во 1989 година ЈСП ја достигна својата кулминација во развојот, кога низ улиците во Скопје се движеа 350 автобуси. Сега имаме линии кои се долги и по 45 километри и автобуси кои минуваат по 500 километри дневно. Со започнувањето на транзицијата почнува и назадувањето на претпријатието, и тоа сега е во лоша финансиска состојба, и во Скопје сообраќаат 235 автобуси. Возниот парк е застарен со просечна старост на возилата од 17 години", објаснува Чакаров.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1690 Posted: 04-Sep-2008 at 11:03 |
На www.jsp.com.mk пишува 450, ама мислев да не е стара бројката.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1691 Posted: 04-Sep-2008 at 11:01 |
Originally posted by lslcrew
Колку за споредба, дали знаете со колку автобуси моментално оперише ЈСП?!
|
пишува некаде во нишкава разгледај... некои 400-500 беа
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1692 Posted: 04-Sep-2008 at 10:59 |
Колку за споредба, дали знаете со колку автобуси моментално оперише ЈСП?!
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1693 Posted: 03-Sep-2008 at 22:03 |
Originally posted by UrbanFreak
Па дај ти се молам Бетон, јас навистина те ценам како интелектуалец и мислам дека за момент овде треба логика малку не само инает и оправдување дека комунистите биле полоши. |
абе урбан да бев интелектуалец сега ќе бев негде во некој филм на печалење или иноваторство, јас сум сиромав по интелект но повеќе импровизирам со аглите на посматрање на работите па делувам интелектуално, инаку околу логиката ќе кажам дека се е остварливо доколку се трасира повисока цел во случајов панорамски поглед низ скопје кој со жичарата до водно ќе има еден момент но со двоспратниве автобуси сосем друг. иако во инфото на владата кое го постира лсл се наведува дека оваа акција е првенствено за обновување на возниот парк на скопје што не е спорно, главниот момент е туристичкиот, па се до сега што владата започна и почнува е со добар дел фокусирано кон културно освежување и промоција на нашата земја, па така и ова инаетот да се донесат вакви автобуси првенствено е од тој аспект... старо скопје нема да се обнови ни капка, бидејќи духот на тој град меѓу другото го правеле навиките и животот на скопјани, додека со враќање на неоготскиот стил по градбите ќе се постигне само имиџ т.е. повеќе спомен сведоштво за едно време, а ова со новите двоспратни автобуси на се ќе личи само не на старо скопје, па затоа и велам дека е смешно да се гледа на нив поинаку освен туристички...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1694 Posted: 03-Sep-2008 at 21:37 |
 |
|
|
Македонија
Владата купува 100 двокатни автобуси за Скопје
Скопје, 3.09.2008 14:34
Владата ќе купи 100 двокатни автобуси за јавниот превоз во Скопје.
На тендер ќе бидат купени и два туристички отворени панорамски автобуси, што ќе се користат во Скопје и Охрид.
„Скопје
ќе добие 100 нови климатизирани автобуси конструирани според најновите
стандарди со низок под и со рампи за лица со посебни потреби”, соопшти
денеска вицепремиерот Ивица Боцевски на прес-конференција во Владата.
Според Владата, набавката на новите автобуси за Јавното
сообраќајно претпријатие (ЈСП) е во функција на обновување на застарениот возен
парк во главниот град.
Владата донесе одлука за набавка на нови автобуси, поради
сериозни опструкции од градските власти што се вршеа со претходниот тендер за набавка на автобуси, наведе Боцевски
Тој
додаде дека скопскиот градоначалник Трифун Костовски ветил оти ќе ги
врати претходните средства што Владата му ги додели на градот за
набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје./крај/в/ег/
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или
емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|
|
|
|
Copyright © MAKFAX 2001-2008 |
|
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#1695 Posted: 03-Sep-2008 at 14:14 |
Бетон, мислам дека субјективно гледаш на работиве околу автобусите. Пробај за момент без предрасуди или симпатии да погледнеш во самата идеја? Имаме експерски став од вработнеите во ЈСП дека не ги собира тие автобуси во гаражите, имаме став дека тие автобуси не се за нашите лоши патишта, некултурата на патниците, дека се нестабилни и дека не би прошле под сите надвозници, мостови знаци и слично. Од друга страна се драстично поскапи. ОВА СЕ ФАКТИ И АРГУМЕНТИ.
Од другата страна имаме: - Духот на старо Скопје ќе се обновнови, ако се сака се се може, „малите“ технички недостатоци градот да ги отклонел и слично? Па дај ти се молам Бетон, јас навистина те ценам како интелектуалец и мислам дека за момент овде треба логика малку не само инает и оправдување дека комунистите биле полоши.
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#1696 Posted: 03-Sep-2008 at 12:08 |
vardar@ еххеехе можеби ,речете му на Груевски дека тој тоа не го може тоа и он за инат ке го направи хехехе
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1697 Posted: 03-Sep-2008 at 12:03 |
Originally posted by mitatos
Јас мислам дека ЕГОТО на Груевски е такво што он е влезен во филм , и мисли дека све што лета се јаде =) , има типот ептен футуристички мисли , но сепак нема таква футуристичка држава, изгледа му се измешале каблите на малиот мозок со каблите на големиот мозок , и друго нешто што не ми се допага кај него е ИНАЕТОТ ,некој вика не чини тоа он ДВОКАТНИ , друг вика немој двокатни , он 2 пати по толку двокатни , сега уште некој ако се побуни , он таа бројка од 102 ке ја претвори во 204 итн. Без консултации џабе што си премиер, те бива за нешто ама не за сешто .
|
Супер, значи само вака ќе го решиме и прлиепскиот проблем со јавниот превоз, па сигурно ќе има 5-6 вишак и за нив
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1698 Posted: 03-Sep-2008 at 12:00 |
Originally posted by ovaj_stariov
Beton те молам!
Патриотското во мене ме тера да сум симпатизер на оваа влада,па може до некаде и сум. Но кога зборуваме на оваа тема стварно треба да се мисли со аргументи(а ни еден нема ЗА двокатни автобуси) Така да не знам од каде ова форсирање од страна на владата за такви автобуси.
На форумов многу е разговарано за сето ова,инфаструктурата на градот,за културата на граѓаните,да не започнувам дека требало нови гаражи,курсеви за шоферите... секој би сватил дека многу е подобро да се купат повеќе еднокатни автобуси.
Да не случајно некој министер има отворено фабрика за двокатно автобуси
|
Одличен пост, самото јсп кажува дека ќе има проблеми со адаптација и дека ќе има дополнителни трошоци а владата тоа свесно и намерно го игнорира, се додека главниот критериум е враќање на некоја си традиција ќе бидам против оваа одлука, да беа двоспратните подобри или барем на исто ниво немаше воопшто да ми смета.
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#1699 Posted: 03-Sep-2008 at 11:48 |
Јас мислам дека ЕГОТО на Груевски е такво што он е влезен во филм , и мисли дека све што лета се јаде =) , има типот ептен футуристички мисли , но сепак нема таква футуристичка држава, изгледа му се измешале каблите на малиот мозок со каблите на големиот мозок , и друго нешто што не ми се допага кај него е ИНАЕТОТ ,некој вика не чини тоа он ДВОКАТНИ , друг вика немој двокатни , он 2 пати по толку двокатни , сега уште некој ако се побуни , он таа бројка од 102 ке ја претвори во 204 итн. Без консултации џабе што си премиер, те бива за нешто ама не за сешто .
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1700 Posted: 03-Sep-2008 at 11:47 |
старио треба да гледаме во суштината пред се, а се останато нормално се прилагодува, тоа тие исто како одлуката за нато чим се решиш се останато ќе подредиш на тоа, но ептен да не е самоубиство, во случајов двокатните автобуси ни од далеку не се самоубуство, можеби делуваат екстравагантно на цела оваа транзициска приказна во Македонија но веќе кога се креваат нови хотели и музеи па и се будат некои идеи околу инфраструктурата ова со автобусите е многу нормална појава... незнам само дали истите автобуси ќе се користат и за тури надвор од градот како матка, козјак-јасен, таор, скопска црна гора, аеродром или исклучиво ќе се движат низ град?!
|
 |