Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1761 Posted: 15-Aug-2008 at 22:20 |
 Терминот „перење пари“ значи преку најразлични манипулации да го камуфлираш потеклото на одредена сума пари, на пример ако потекнува од криминални активности, а ти (нормално) сакаш да ги прикажеш како легални. Не гледам како тоа може да биде случај ниту со тендерот, ниту со неговото одложување, ниту со „идејата“ за двоспратни автобуси. Во случајов имаме само перење мозок за некаква си наводна традиција, а не перење пари...
Edited by Cloverstack - 15-Aug-2008 at 22:21
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#1762 Posted: 15-Aug-2008 at 22:05 |
perenje pari jebiga
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1763 Posted: 15-Aug-2008 at 21:25 |
Фала богу, има надеж дека ќе се размисли поубаво што би значело евентуално масовно воведување на двоспратни автобуси во јавниот превоз во Скопје... Само ме буни како цело време во написиве упорно пропуштаат да евдентираат цела низа на проблеми што би произлегле (ги спомнав во постот #124) А и ова што се спомнува за дополнителната потребна обука на возачите и неадекватноста на гаражите на ЈСП за одржување не е воопшто за потценување. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0DF3AFBD6590344B9D05A52209BB5D73
ПО НЕДОРАЗБИРАЊАТА ПОМЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ костовски Стопиран јавниот оглас за набавка на двокатни автобуси
Не ја
одбиваме владината донација од 4,4 милиони евра, туку сакаме да ја
искористиме ефикасно и квалитетно за да обезбедиме квалитетен превоз за граѓаните, вели Александар Бошковиќ, в.д. директор на ЈСП
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го стави
во мирување јавниот оглас за набавка на 50 нови двокатни автобуси. Оваа
одлука на новото раководство на ЈСП следува откако поранешниот директор
Орце Ѓеоргиевски, по барање на Владата, ја промени содржината на
огласот. Поради овој потег, тој итно беше сменет од скопскиот
градоначалник Трифун Костовски.Во Јавното сообраќајно претпријатие
велат дека нов оглас за набавка на автобуси за градски превоз ќе се
распише во почетокот на септември. Следниве денови треба да се сретнат
раководството на ЈСП и скопскиот градоначалник со претставници од
Владата за да се договорат за набавката.Сепак, се работи за донација од
4,4 милиони евра. Ние не ја одбиваме донацијата, туку сакаме да ја
искористиме ефикасно и квалитетно. Нам ни требаат автобуси бидејќи
десет години не е подновен возниот парк. Сакаме да обезбедиме
квалитетен превоз за граѓаните - вели Александар Бошковиќ, вршител на
должноста директор на ЈСП.Тој вели дека ќе се формира комисија што ќе
биде составена од стручни лица од ЈСП, двајца претставници од Владата и
од Градот.
- Жалбените рокови на 27 светски фирми што се
јавија на огласот истекоа. Сега чекаме уште неколку дена за да не
пристигне по пошта некоја задоцнета жалба. Мора да ја почитуваме
правната процедура за да се заврши легално првиот оглас. Потоа ќе се
покрене комплетно нова правна процедура за распишување нов оглас.
Претходно ќе се договориме дали ќе се набавуваат двокатни или единечни
автобуси, како што беше во оригиналниот оглас - вели Бошковиќ.Со
јавниот оглас првично се бараше да се купат 48 стандардни автобуси за
градски превоз и два двокатни панорамски за разгледување на градот.
Владата, која даде 4,4 милиони евра за да се поднови возниот парк на
ЈСП, реши да се купат двокатни автобуси. Одлуката беше образложена со
потребата од нов концепт на јавниот градски превоз, со кој ќе се вратат
стариот дух и традиција на Скопје. Градоначалникот Костовски силно се
спротивстави на оваа идеја, сметајќи дека со ваквата постапка Владата
се меша во ингеренциите на Градот.Сообраќајните инженери велат дека со
внимателност треба да се воведат двокатните автобуси во јавниот градски
превоз. Тие укажуваат дека за возачите на ЈСП ќе мора да се организира
дополнителна обука за управување со двокатни автобуси. Според нив,
возачите ќе треба со поголема внимателност да влегуваат во поострите
свиоци бидејќи овие автобуси имаат повисоко тежиште.
- Не би
треба да се очекуваат посериозни проблеми со двокатните автобуси
бидејќи тие имаат предност од аспект на сообраќајната експлоатација.
Наместо во должина, какви што се зглобните автобуси, двокатните имаат
капацитет за прием на патници во висина. Овие автобуси исто така
овозможуваат квалитетен превоз - вели професор Никола Крстановски од
Техничкиот факултет во Битола.Според професор Миле Димитровски од
Машинскиот факултет во Скопје, ако автобусите ги задоволуваат
стандардите „еуро 4“ или „еуро 5“ и условите посочени во огласот, нема
причина да не бидат поволни.Експертите укажуваат дека проблем може да
се јави при одржувањето на двокатните автобуси, бидејќи гаражите во
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се направени според висината
на сегашните автобуси.
Анела Петрова |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1764 Posted: 06-Aug-2008 at 00:18 |
човече, нејќам двоспратни, сакам автобуси со клима уред, еколошки, брзи и лесни за одржување  на партизанска и јане сандански нема надвозници, но има семафори, и жити све како на пример ќе ја фати острата кривина на раскрсницата на бул. Кочо рацин, нормални автобуси, па ти личи како секој момент да ќе се превртат таму
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#1765 Posted: 05-Aug-2008 at 13:32 |
 Добро само мене ми се чини или од владеачкава партија имаат проблем да дефинираат што е тоа Европски прокет? Црква со државни пари во централно градско подрачје во 21 век? Музеј за мајка Тереза изработуван според проект кој на конкурсот не успеа ни првата елиминациона фаза да ја помине? Или можеби кич обновата на објекти градени во 20тите и 30тите години од 20 век, кои и тогаш биле кич? Или можеби спомениците со лавови пред мостот Гоце Делчев? Или 2спратни автобуси кои освен во Лондон ги нема во ниту еден европски град. Додека во 21 век европски проекти во сите нормални држави се подземни железници, ЛРТ, урбани автопати, паркови, спортско рекреативни центри со што ние се занимаваме. Трагично....
Edited by UrbanFreak - 05-Aug-2008 at 13:33
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1766 Posted: 05-Aug-2008 at 12:22 |
Според ВМРО, Костовски ги минира европските проекти за Скопје
ВМРО-ДПМНЕ смета дека градоначалникот Трифун Костовски, во координација со најголемата опозициска партија СДСМ, подолго време ги саботира сите владини проекти за главниот град. Според извори од владејачката партија, меѓу нив и Костовски, веќе извесен период постојат сериозни концепциски разлики кои резултираат со минирање на заложбите за реализација на проекти кои од Скопје ќе направат европски град. Особено, сметаат во ВМРО, тука се работи за објектите на стариот театар, музејот на ВМРО, зградите на градската куќа, Уставниот суд, Филхармонијата, црквата на плоштадот, спомениците и други. Несогласувања меѓу првиот човек на Скопје и владејачката партија имало и околу распределбата на раководните места во градските јавни претпријатија и сектори. (С.Н.)
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1767 Posted: 05-Aug-2008 at 12:20 |
Точно е дека ги има во други големи градови, но во нив постојат услови и тие се резервна варијанта на градскиот јавен превоз. Но, има експерти што ќе го кажат своето мислење врз основа на што ќе биде донесена крајната одлука - вели Бошковиќ.
|
Многу едноставно и логично, да се следеше ваква процедура (без некои квази експерти кои знаат да се појават од време на време) не двоспратни ако сакаа.....
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1768 Posted: 05-Aug-2008 at 02:34 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1769 Posted: 05-Aug-2008 at 01:54 |
Останува уште да кажат на кои линии ќе може да се обраќаат овие автобуси, без да има било какви пречки за нивната висина и како ќе се одрази нивното воведување врз планирањето на инфраструктурата во иднина. 
Edited by Cloverstack - 05-Aug-2008 at 01:54
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1770 Posted: 05-Aug-2008 at 01:38 |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C51BA2CA3B6CD14EA87F4FEE0D1413E8
СООБРАЌАЈНИТЕ ИНЖЕНЕРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Двокатните автобуси превисоки за гаражите на ЈСП
За возачите ќе треба да се организира обука за управување на овие автобуси,кои имаат повисоко тежиште, поради што мора внимателно да се влегува во остри кривини, велат експертите

Пред да се воведат двокатните автобуси во градскиот
превоз, потребно е да се организира дополнителна обука за возачите,
велат сообраќајните инженери.Според нив, возачите ќе треба со поголема
внимателност да влегуваат во поострите свиоци бидејќи овие автобуси
имаат повисоко тежиште. Сообраќајните инженери велат дека е најважно
новите автобуси да ги задоволуваат строгите еколошки стандарди и
критериуми за удобен градски превоз. Тие укажуваат дека проблем може да
се јави и при нивното одржување, бидејќи гаражите во јавното
сообраќајно претпријатие „Скопје“ се направени според висината на
сегашните автобуси.
ОБУКА ЗА ВОЗАЧИТЕ
Професор
Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола смета дека не би
требало да се очекуваат посериозни проблеми со двокатните автобуси
бидејќи тие имаат предност од аспект на сообраќајната
експлоатација.Наместо во должина, какви што се зглобните автобуси,
двокатните имаат капацитет за прием на патници во висина. Овие автобуси
исто така овозможуваат квалитетен превоз - вели Крстановски.Според
него, единствени проблеми би биле нивното одржување во гаражите на ЈСП,
во кои може да не ги собира двокатните автобуси и приспособување на
возачите кон ваквиот вид автобуси.Ќе треба извесен период за возачите
да се навикнат на овие автобуси. Тие имаат повисоко тежиште, па
возачите ќе треба да бидат повнимателни кога ќе наидуваат на поостри
кривини - објаснува Крстановски.Професор Миле Димитровски од Машинскиот
факултет во Скопје смета дека доколку автобусите ги задоволуваат
стандардите „еуро 4“ или „еуро 5“ и условите наведени во тендерот,
тогаш нема причина да не бидат поволни.Ако се исполнети стандардите и
условите во тендерот, сето друго е прашање на желба и естетика. Изборот
дали тоа ќе бидат двокатни или единечни е прашање за кое треба да се
изјасни тој што одлучува. Вакви автобусите се возат и во други градови
во светот - вели Димитровски. Тој потенцира дека постојат сервиси за
одржување на тие автобуси така што тоа не би претставувало никаков
проблем.Постојат сервиси за одржување на автобусите, ќе се обучат луѓе,
а ќе се набави и потребната опрема - вели тој.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ СЕ ЛУТИ
Скопскиот
градоначалник Трифун Костовски веднаш го разреши генералниот директор
на ЈСП, Орце Ѓеоргиевски, кој, по барање на Владата, го поништи
тендерот за набавка на 50 нови единечни автобуси, без консултации со
него. Владата даде 4,4 милиони евра за набавка на нови автобуси за
јавниот градски превоз.За вршител на должноста директор е поставен
Александар Бошковиќ, поранешен раководител на градскиот Сектор за
комунална инспекција. Според Бошковиќ, поништувањето на тендерот е
несериозен потег за една држава и за град како Скопје. Станува збор за
меѓународен тендер на кој учествуваа 27 светски фирми. Тие сега се
извисени - вели Бошковиќ.Тој смета дека Скопје се' уште не е подготвено
за двокатни автобуси. За да сообраќаат кај нас двокатни автобуси,
потребно е да имаме соодветни улици. Точно е дека ги има во други
големи градови, но во нив постојат услови и тие се резервна варијанта
на градскиот јавен превоз. Но, има експерти што ќе го кажат своето
мислење врз основа на што ќе биде донесена крајната одлука - вели
Бошковиќ.
Анела Петрова |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1771 Posted: 04-Aug-2008 at 12:12 |
да се надеваме дека новиов ќе направи нешто попаметно абе ова не е Трифка бе луѓе, ова некој маскиран како него
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1772 Posted: 04-Aug-2008 at 10:24 |
Градоначалникот Костовски ќе го смени директорот на ЈСП
Директорот на ЈСП „Скопје“, Орце Георгиевски, ќе биде сменет од функцијата поради тоа што како прв човек на претпријатието ја прифатил одлуката на Владата да се сторнира тендерот за набавка на нови автобуси без да се консултира со Градот. Градоначалникот Трифун Костовски ја соопшти информацијата за смена на Георгиевски во петокот, кога гостуваше во емисија на Телевизија Алфа.
Директорот Георгиевски вчера го трошеше последниот ден од својот годишен одмор и не сакаше воопшто да ја коментира информацијата. На работа се враќа денеска, кога најверојатно и писмено ќе му биде врачена одлуката на Костовски за неговата смена. И неколкумина вработени во ЈСП ништо не чуле за смената на директорот и беа изненадени од информацијата. Други, пак, прв пат за тоа чуле во петокот од гостувањето на Костовски во емисија на ТВ Алфа. Од Градот вчера немаше кој официјално да ни ја потврди и образложи ваквата одлука на Костовски. (Сн.К.)
Utrinski
|
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1773 Posted: 01-Aug-2008 at 13:59 |
а и заборавив да кажам дека пет саати се смеев на зборот „дабал декери“ у превод на англиски double deckers
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1774 Posted: 01-Aug-2008 at 08:16 |
 Па добар си беше првиот тендер, нарачаа 4 двокатни колку за "филмот на старо Скопје". Дури и тоа ми беше на граница на нормала но ова сега е комплетно вон здрав разум. И забеган има поента, за парите што ќе ги фрлат за двокатни можеше да се земе поголема флота на нормални автобуси кои очајно ни требаат.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#1775 Posted: 01-Aug-2008 at 00:24 |
Лелеееее Скопје Лондон стана еј. Место да идеа со еколошки аутобуси и никако да престанеме да се труеме. Овие автобуси сега одеднаш да ги донесеш во Скопје ќе биде комедии. Ај еве да има една линија пример од Влае преку центар до Ново Лисиче колку за традиција од порано и да сообраќаат до 20 автобуси океј, али сега 50 автобуси мислам премногу е и само се комплицира, бидејќи самите автобуси се каде каде поскапи него обичните.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1776 Posted: 31-Jul-2008 at 22:51 |
зашто толку комплицираат бе, се разбира дека порано рутмастерите биле едни од бисерите на скопје, но било што да набавеа ќе беше подобро од денешниве крнтии за еден двоспратен ќе купеа два обични и ќе имаа голема квалитетна флота плус почнаа и мене да ме нервираат со тоа „враќање на духот“, духот на скопје од секогаш постоел бре, а рутмастерите биле којзнае како набавени во пеесетите и служеле само некои десет години, не се нешто типично за скопје и замисли автобус висок околу 6 метра се лупне во еден од висечките семафори на скопските раскрсници (ај под надвозниците ќе ги собере некако)  
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1777 Posted: 31-Jul-2008 at 22:08 |
И повторно Трифун има апсолутно право. Како си дозволуваат вака да се мешаат па ова е скопско а не државно прашање
Скопјани ќе се возат во двокатни автобуси
Владата нема право да се меша во концептот на јавниот превоз, иако даде пари за набавка на автобусите, вели скопскиот градоначалник Трифун Костовски
 По педесет години двокатните автобуси ќе се вратат на скопските улици
Скопјани од идната година ќе се возат во градски
автобуси исти какви што користат и жителите на Лондон. Владата реши со
4,4 милиони евра, што ги даде за подобрување на јавниот превоз во
главниот град, да се купат 50 двокатни автобуси. Одлуката се
образложува со потребата од нов концепт на градскиот превоз, со кој ќе
се врати стариот дух и традиција на Скопје. Градски автобус на два ката
возеше по скопските улици кон средината на 50-тите години на минатиот
век.За да се реализира таа идеја, Јавното сообраќајно претпријатие
„Скопје“, по препорака од Владата, го поништи меѓународниот тендер за
набавка на 50 автобуси, пет дена пред отворањето на понудите. Скопскиот
градоначалник Трифун Костовски вчера остро реагираше на ваквото мешање
на Владата во ингеренциите на Градот и на јавното
претпријатие.Вицепремиерот Ивица Боцевски вели дека Владата ја донела
одлуката по опсежни консултации со културни и со туристички експерти.
-
Се одлучивме на потег со кој се враќа стариот дух и традиција на
Скопје. Се работи за модерни автобуси наречени „дабал декери“, кои ќе
ги имаат истите стандарди што беа пропишани за автобусите со
претходниот тендер. Автобусите ќе бидат со специјализирани рампи за
хендикепирани лица, климатизирани. Јавниот превоз да биде ставен во
една нова современа димензија - вели Боцевски.
Според
заменик-директорот на ЈСП, Стојче Јовановски, тендерот не е поништен,
туку само обновен по барање на Владата.Новиот тендер ќе биде за
двокатни автобуси како оние што сообраќаат во Лондон. Ќе се набават и
два двокатни автобуси со отворен покрив, кои ќе се користат за
панорамско разгледување на градот. Еден од нив ќе остане во Скопје,
додека другиот ќе биде даден во Охрид - вели Јовановски.Образложението
за поништување на тендерот вчера беше објавено и на веб-страницата на
ЈСП. Во неа се вели дека е потребно да се воведе нов концепт во јавниот
превоз, со нов вид превозни средства и со зголемен број на автобуси.
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека за ваквата одлука не
добил никаков писмен документ, туку дека ЈСП го повлекла тендерот
самостојно, без консултации. Градоначалникот најави санкции кон јавното
претпријатие поради ваквиот потег.
-Тој гест не можам да го
сфатам. Концептот за јавниот превоз е ингеренција на Градот и на
јавното претпријатие. Не значи дека тоа што Владата даде пари за
набавка на автобусите и' дава право да се меша во сите работи, па и во
оние што се надвор од доменот на нејзините ингеренции - вели
Костовски.Тендерот за набавка на 50 автобуси беше распишан на 12 јуни
годинава, а требаше да биде отворен на 4 август. На тендерот досега
биле пријавени 27 светски фирми. | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=14F4ABA9FFB49942A5C696A339C843FF
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1778 Posted: 31-Jul-2008 at 15:11 |
@ vardar За жал во право си, аргументи ионака веќе никој не слуша, нашиов народ повеќе сака да слуша приказни
Edited by Cloverstack - 31-Jul-2008 at 15:12
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1779 Posted: 31-Jul-2008 at 15:11 |
Originally posted by vardar
Кловер што постираш вакви глупости, па нели знаеш дека владата ОБЕМНО СЕ КОНСУЛТИРАЛА со културните и туристичките работници пред да ја донесе револуционернава одлука....кој си па сега ти со вакви аргументи да кажуваш што реално може а што не......Ја имам предлог на секој автобус да има и по еден од овие ‘културни‘ работници (се разбира горе на спрат) и на патниците да им раскажува за нашата славна и богата култура и за историјата на двоспратните автобуси во скопје.....замисли каква атракција ќе биде и плус ќе се намали невработеноста.....дали е ова вистинскиот момент човек да се фрли у вардар или можеби треба да се почека да дојдат двоспратните автобуси па после од горни.... |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1780 Posted: 31-Jul-2008 at 15:09 |
Кловер што постираш вакви глупости, па нели знаеш дека владата ОБЕМНО СЕ КОНСУЛТИРАЛА со културните и туристичките работници пред да ја донесе револуционернава одлука....кој си па сега ти со вакви аргументи да кажуваш што реално може а што не......Ја имам предлог на секој автобус да има и по еден од овие ‘културни‘ работници (се разбира горе на спрат) и на патниците да им раскажува за нашата славна и богата култура и за историјата на двоспратните автобуси во скопје.....замисли каква атракција ќе биде и плус ќе се намали невработеноста.....дали е ова вистинскиот момент човек да се фрли у вардар или можеби треба да се почека да дојдат двоспратните автобуси па после од горни....
|
 |